build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на желбите - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 25-Jul-2014 at 15:16
Originally posted by kultuzin

Тоа е за жал , секоја дискусија се уништува на истиот начин. Веднаш етикети, веднаш партии. Ти ако сакаш утепај се од аргументирање, на крај ќе ти залепат етикета и тука на секој кој има желба му се убива и последната желба за дискусија.
Но јас ги разбирам сите оние зад чии ставови стои политика дека не се навикнати или неможат да разберат дека некој луѓе едноставно се обидуваат објективно и без партиски терет да гледат на работите.
Штета навистина таман ќе се развие дискусија и веднаш ќе се појават господата на кои не им успева ниту два поста да сврзат без да спомнат влада, Скопје 2014 и слични муабети кои неминовно го спуштат и преасочуваат нивото на дискусија.


Мој потпис друже, на твојот пост!


Originally posted by nenad

Imam sreka da ne moram da bidam clen na partija i mozam slobodno da razmisluvam i rabotam.
Cesto sum vo stranstvo i toa mi dava perspektiva da mozam da gi sogladam raobtite posmireno i od dalecina.
NO isto taka jas sum Ohriganec vo srceto gi razbiram Ohridjanite i mozam da razberam sto se slucuva tamu.

Taka da smetam deka mojata kultura ne e vo prasanje i mozam da diskutiram. Mislam deka konkretno za ovaa tema moite argumeti stojat i se realni a tie da povtoram se:

- mostot im e potreben na zitelite i turistite,
- iako ne e kvalitetno napraven, se dodeka ne se izgradi nov, treba da ostane.
- toa deka e "opasen" e spin,
- toa sto nekomu ne mu e ubav i licen, ne treba da bide argument za toj da se srusi. Estetikata treba da ja ostavime po strana.


Мојот аргумент се однесуваше на членот на една партија кој постира тука (мислам дека нумерацијата која му е составен дел од nick-от одлично ги илустрира неговите постови, as he has the argumentation of a ten-year-old). Не мислев на тебе кога спомнав партии, туку на партискиов војник кој работите ги гледа низ партиска призма, па не сфаќа колку допринесува за (и е дел од) сѐ ова што ни се случува бидејќи за работите во партииве размислуваат исклучиво под мотото: "сѐ што прави наша банда е супер и функционално, а сѐ што прави нивна банда е ружно и неосмислено". Трговскиот центар "Глобал" на пример се рекламираше како Најевропска ствар што е изградена во Македонија од дедо Ное навака...

Патем речено, тоа што си често во странство мене лично ништо не ми значи. Тоа можеби ги импресионира луѓето што не поминале добар дел од животот во странство, а јас не сум еден од тие. Сум видел глуп народ у Англија, има глуп народ и тука... Разликата е што во Англија луѓето не си дозволуваат да коментираат (посебно не ултиматвно) за работи за коишто не се стручни, а кај нас секој е стручен да даде мислење за сѐ. Затоа (како што спомнав претходно) економист нѝ го дизајнира и планира Скопјево...
Нејсе.

За твојата аргументација за мостов:

- Слично се зборуваше и за жичарата на Водно. Единствени што беа против беа планинарите кои секој ден се качуваа до Крстот. Кажуваа дека се упропастува Водно со жичарата, ама беа малцинство, па никој не ги слушаше. А еве и "народот" и туристите ја користат - и тоа е главниот аргумент на владата за нејзината оправданост. Според мене лично, жичарата не беше приоритет и парите можеа да се искористат за МИЛИОН други побитни работи. Населба Влае нема топлификација, па се грее на дрва и загадува, на пример.

- Тоа што не е квалитетно направен не е некоја ситница. Треба повторно некоја несреќа да се случи, па да се запрашаме зошто ги правиме работите неплански по којзнае кој пат?! Инаку, не е само неквалитетен од статички аспект, туку е целосно НЕОБМИСЛЕН. Тука станува збор за култура, функционалност и естетика. Ниеден од овие фактори не би требало да се запостави...ама кај нас тоа редовно се прави.

- Ако треба "естетиката да ја ставиме на страна" тогаш однапред сме губитници. Ова посебно се однесува на единствениот град кој нѝ е зачуван со (колку-толку) автентичен изглед, сѐ друго е скоро целосно упропастено, "за да подоцна се изгради УШТЕ ПОСТАРО". Тука ќе прекинам...реков дека ќе апстинирам, па се порекнав...
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 25-Jul-2014 at 16:49
Originally posted by nenad



Taka da smetam deka mojata kultura ne e vo prasanje i mozam da diskutiram. Mislam deka konkretno za ovaa tema moite argumeti stojat i se realni a tie da povtoram se:

- mostot im e potreben na zitelite i turistite,
- iako ne e kvalitetno napraven, se dodeka ne se izgradi nov, treba da ostane.
- toa deka e "opasen" e spin,
- toa sto nekomu ne mu e ubav i licen, ne treba da bide argument za toj da se srusi. Estetikata treba da ja ostavime po strana.



Ненад вака може да се дискутира и нормално е во дискусија да има спротиставени мислења. Но ако јас ти залепам сега партиска етикета затоа што го подржуваш мостот, не верувам дека ако си со искрени намери за дискусија би имал желба понатаму да дискутираш. Но нејсе бидејќи си изнел аргументи вреди да се каже мислење.
Пишав и погоре дека мостот е практичен согласно со тоа неговата искористенот е доста голема. Исто така кај овој мост ми се допаѓа што не е масивен и не е цврста градба која еколкошки го оптиварува езерото. Но Сум го поминувал мостот многу пати и секогаш кога сум во Охрид го користам. Сепак мора да се каже дека на некој точки над мостот има стени кои се потенцијална опасност поради одроните а и на некој точки се гледа дека и самата контрукција статички не е баш најбезбедна. Согласно на тоа треба сериозно да се разгледа можност да се санираат критичните точки и места на можни одрони или ако се процени дека тоа би било преголем зафат тогаш да се изгради нов мост.
Она што јас не се согласувам ако инспекторите констатирале дека мостот не е безбеден требаше веднаш да ги санираат критичните точки. А не како што се направи сега „мостот е небезбеден ама ќе го оставиме таков НЕБЕЗБЕДЕН поради туристичката сезона„. Вакви работи не се дозволени, се прашувам само кој ќе одговара ако се случи некоја несреќа во меѓувреме.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 588
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 25-Jul-2014 at 20:39
Добро и јас со овој пост завршувам. Тоа за странство го кажав во контекст дека не морам да бидам во партиите, а не дека сум попаметен заради тоа.

А за мостот во Охрид ќе останам на своето мислење. Го прифаќам вашиот аргумент дека може да се подобри безбедноста, но знам како ќе заврши целата работа.

Ќе помине сезоната, мостот ќе биде срушен, нов нема да се изгради бидејќи ќе снема пари за таа намена, градоначалникот ќе вети дека тоа наскоро ќе се случи, и никому ништо.

А што се однесува до инспекторот, можам само да кажам дека тој е обичен послушник кој го констатира тоа што ќе му биде кажано да го констатира. Се знае кој дал наредба да се сруши и безбедноста нема врска со тоа.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1048
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 25-Jul-2014 at 22:04
Ако веќе се отвори делот за безбедноста, досега не се сеќавам на ниту еден случај дека некој настрадал на мостот од одрони, а сигурно е 4-5 години тука.
Сега некако наеднаш, моментално стана безбедноста аргумент.
И како жител на Охрид зборувам, да не е тој мост многу поретко ќе сум одел до Потпеш или Канео (а верувам и многу други).
Ако веќе запнале да го урнат нека изградат прво нов со сите функционалности и архитектонска тежина, па после нека рушат.

Само работата е поголема - намерата за кеј од пристаниште до Канео.Тука е проблем концесијата на Потпеш и другата до неа плажа, а баш лани ги обновија договорите (мислам дека се на 10 години).Па ајде ќе ваѓаме дамки...
Како и да ја вртиме невозможно е да е 100% чисто од политички аспект, ама еве ако немавме среќа со бившата локална власт која доста го осакати градот, со оваа е (засега) бетер.

Edited by Тркало - 25-Jul-2014 at 22:05
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 26-Jul-2014 at 00:37
дека мостот е небезбеден и е направен со тежок фушерај, е дискутирано уште пред да се изгради, само што не зема медиумско внимание тоа, колку што зема муабетот дека бил нелегален
и вистина е дека мостот има лоша статика, не мора да си научник за да се увиди тоа, но во врска со тоа, на темава најмногу можам да се согласам со kultuzin
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 02-Aug-2014 at 10:06
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 29-Sep-2014 at 14:35
Додека не се изгради пешачка патека ќе се санира Мостот на желбите
Вести | Охрид | 29.09.2014 15:11Посети : 79
Министерството за транспорт и врски, во текот на наредните неколку месеци има обврска да објави оглас за изработка на идејно решение и да се прецизира изгледот на најавената пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео.

- Веднаш потоа ќе се изработи главен проект и ќе се обезбеди финансиска конструкција за овој проект кој им го ветивме на граѓаните на Охрид, а за кој најголем дел од нив се изјасниле дека ваквата пешачка патека е нужна потреба за Охрид, вели градоначалникот Бакрачески.

Во меѓувреме Мостот на желбите ќе се санира со цел да се зголеми безбедноста на минувачите до реализирањето на новиот проект за изградба на пешачка патека. Понатамошната судбина на мостот ќе зависи од идејното решение, што ќе го изработи компанија која што по распишаниот оглас од страна на Министерството за транспорт и врски ќе го добие тендерот за изработка на идејно решение и на основниот проект.



- Во зависност од проектот ќе ја знаеме дефинитивната судбина на мостот на желбите. Јас уште еднаш ќе истакнам и ќе бидам искрен до јавноста за да нема заблуди, мостот на желбите е изграден без основен проект и за него,   пред да се почне со градба не се изјасниле експерти во делот на архитектурата и градежништвото, ниту дале свое мислење или изработиле основен проект врз кој што може да биде изграден. Според она какви беа размислувањата на луѓето кои што се занимаваат со оваа тематика, овој мост е потполно небезбеден за пешаците кои што минуваат по него. Ние во овој период се надеваме дека ќе успееме во соработка со стручни лица да извршиме некои корекции во насока на подобрување на безбедноста на овој мост се до конечна реализација на проектот за изградба на пешачка патека. Навистина во овој момент не можам да претпоставам дали мостот на желбите ќе биде претходно отстранет , дали ќе се искористи дел од градбата. Навистина ние не можеме да си дозволиме да ја доведеме во прашање безбедноста на нашите граѓани , потенцира Бакрачески .

Според најавите на локалната самоуправа изградбата на пешачката патека се очекува да започне по една година и да заврши до крајот на 2016 година.
http://www.ohridnews.com/vesti/75321
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 17-Mar-2018 at 21:55


Бурата целосно го урна Мостот на желбите во Охрид



Силно невреме и јужен ветар кој на моменти достигна брзина од околу 100 километри на час го зафати Охрид. Високите бранови го преплавија кејот и предизвикаа поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, односно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото. Од силината на ветерот скршен е дрвениот мост на желбите кај Потпеш ,искорнати se дрвја,паднати лимови и делови од покриви на некои постари куќи а во Пештани пак скршено дрво предизвика застој на патниот правец Охрид –Свети Наум и прекин во електроснабдувањето.

http://sitel.com.mk/burata-celosno-go-urna-mostot-na-zhelbite-vo-ohrid
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 17-Mar-2018 at 21:58
Невремето

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.