build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Облакодери во Скопје (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Облакодери во Скопје (општо)
    Posted: 13-Nov-2007 at 16:28
http://vest.com.mk/default.asp?id=143408&idg=7&idb=2220&rubrika=Makedonija


ЗАГЛАВИ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ "МЕНХЕТН ВО СКОПЈЕ"
Костовски не му дава стокатници на Груевски
"Кога успеаја Близначките во Њујорк да ги турнат, тероризмот веќе не гледа каде напаѓа, тој бара само жртви. Јас не сакам моето Скопје да ја има истата црна судбина на Њујорк", вели Костовски, чиј главен аргумент против стокатниците е немањето инфр

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски не дава согласност за изградба на три стокатници спроти хотелот "Холидеј ин" во центарот на градот. Тој вели дека Градот дал негативно мислење на нацрт-верзијата на деталниот урбанистички план "Голем ринг", со кој се предвидува на просторот спроти хотелот "Холидеј ин" да се изградат три стокатници, која беше усвоена од Советот на Општина Центар во јуни годинава. Според него, има повеќе причини поради кои не може да се согласи со идејата во овој дел од градот да никнат облакодери, откако Владата на почетокот на годината најави дека спроти "Холидеј ин" ќе прави скопски Менхетн, односно дека ќе гради три 50-катници.
"Не се согласувам со стокатниците, бидејќи многу нешта недостигаат за да се реализира ваков проект. Немаме никаква инфраструктура, а со планот е предвидено под објекти да има околу милион квадратни метри простор. Таму ќе има дневна миграција од околу 80.000 до 100.000 луѓе, а предвидени се само 7.000 места за паркирање што не ги задоволува ни основните потреби. Со планот е предвидено да има два алтернативни излези, и ако се направи процена и на тие 7.000 возила, кои ќе бидат и трипати повеќе, за да влезе и да излезе секое возило ќе му требаат минимум по три часа", вели Костовски.
Според градоначалникот Костовски, спроти хотелот не може да се градат облакодери бидејќи Скопје нема изграден систем на подземна инсталација, односно нема ниту довод на вода ниту на топлинска и електрична енергија.
"Енергетскиот систем ни е многу слаб. Во Њујорк само половина час немаше струја и имаше над 30 неразјаснети убиства и уште двапати повеќе грабежи. Не дај боже подолго време во тие стокатници да нема струја. Не сакам ни да помислам што може да се случи. Факт е дека денес живееме во свет на една специфична војна - тероризам. Со што располагаме за да има обезбеденост на такви објекти. Кога успеаја Близначките во Њујорк да ги турнат, тероризмот веќе не гледа каде напаѓа, тој бара само жртви. Јас не сакам моето Скопје да ја има истата црна судбина на Њујорк", вели Костовски. Скопскиот градоначалник вели дека градоначалничката на Центар Виолета Аларова барала да се измени Генералниот урбанистички план на Скопје за да се вметнат во него измените предвидени со ДУП "Мал ринг" и дека Градот дал 15 причини поради кои не може да се согласи со вакви измени на планот.
"Најадете ми земја во која има стокатница, земја во која има 300-метарски згради. Па дури и Ајфеловата кула не е толку висока. Проблемите на Скопје се под земја, и ако дојде потенцијален инвеститор, проблемите ќе дојдат кај нас во Градот. Не сакам да ни се повтори прикаската со 'Џонсон контролс'. Рековме дека до први септември ќе се пушти гасот за 'Џонсон контролс'. Денес сме скоро ноември, а гасот никаде го нема. Ние не можеме да живееме со импровизации. Светот е многу прагматичен, и бара исполнување на обврските. Мора да бидеме многу реални и да признаеме што можеме, а што не можеме", вели Костовски.
(Е.А.)


А баш се прашував зошто веќе не почнале со градба Nuts Тоа да ти било ради безбедносни прашања...

Инаку текстов е толку ретардиран што изгледаше премногу блесаво дури и за тачка како што е Трифун, па си викав да не го местат новинариве нешто... Ама не - само што го слушнав на А1 како ги искажува неговите грижи околу тероризмот и ваљда у неговиот мозок си мисли дека суптилно го саботира проектот

Suicide
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Nov-2007 at 17:52
Можеби треба да отвориме еден thread за Трифун... овие работи мора да се архивираат... Да не се заборават...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Nov-2007 at 18:09
Па воопшто не е лоша идејата, иако ќе треба да се помачиме да ги ископаме некои од неговите постари бисери.

Кој ќе присобере колекција прв нека го отвори, а за дополнување ќе има материјали, тоа за жал  е повеќе од сигурно...
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Nov-2007 at 20:02
Lele kako se iznervirav.. abe Trifun dan e retardiran.. abe da mu se mo..... na covekot e*ati seljakot me izvadi od kontakt.
Sepak ni Trifun ni pipun ne moze da go spreci gruevski vo ostvaruvanje na ovaa ideja.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Nov-2007 at 23:04
Во најава... утрешен Вест донесува продолжение во врска со оваа тема. А истовремено отвара и други теми меѓу кои статусот на дивоградба на Клучка Континентал и нејзиното влијание врз клучката од бул. Крушевска република.... BashBashWallbash

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Nov-2007 at 00:07
Да?

Одлично! Конечно да се проговори на таа тема. Нешто толку очигледно, а толку ноншалантно се игнорираше...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Nov-2007 at 00:22
Originally posted by Cloverstack

Да?

Одлично! Конечно да се проговори на таа тема. Нешто толку очигледно, а толку ноншалантно се игнорираше...


не се надевај на нешто конструктувно Bash

во кратки црти. Аларова му барала на Трифун дозвола за облакодери за да му даде дозвола за клучката континентал. Трифун не и дал облакодери оваа не му дала дозвола за клучка и Трифка си ја гради без дозвола и тоа јавно го кажува (значи по втор пат градоначалникот на Скопје јавно кажува и тоа од два различни аспекта дека клучката континентал е дивоградба и око не му трепнува).

Е тука Аларова која инаку ќе ја бришеше Крушевска република од ГУП за да го спаси Маџир маало станува заштитник на КР и образложува дека не дала дозвола за клучка континентал бидејќи се преклопувала со клучката од Крушевска република.

Значи уште еднаш сума сумарум

BashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBash

Edited by pbanks - 14-Nov-2007 at 00:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Nov-2007 at 13:33
еве ја објавата
 
АЛАРОВА ГО УЦЕНУВА КОСТОВСКИ ЗА СООБРАЌАЈНИЦАТА КАЈ "КОНТИНЕНТАЛ"
Ако сакаш клучка, дај стокатници
Градоначалникот Трифун Костовски вели дека за да добие согласност од Центар за изградба на клучката кај "Континентал", Аларова му барала да го смени ГУП и да ги предвиди стокатниците со кои тој не се согласува

Клучката кај хотелот "Континентал" градските власти ја градат на диво, бидејќи не добиле одобрение за градба од Општина Центар. Изградбата на оваа сообраќајница почна во септември, а од Градот велат дека биле принудени да почнат со работа без согласност од Центар. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вели дека за да добие согласност од Центар, градоначалничката Виолета Аларова му барала противуслуга, односно барала градоначалникот да дозволи спроти хотелот "Холидеј ин"да се градат стокатници и заради нив да направи измена на Генералниот урбанистички план.
"Работата на клучката ја почнавме без согласност од Општина Центар. Тоа е така затоа што е поврзано, да не речам, со една дебела бирократија, која наместо да помага во решавањето на овие работи, максимално ги отежнува. Тоа е системот. Знаеш, јас ќе ти дадам, ама и ти мора да ми вратиш. Што бара Аларова за возврат? Па ги бара стокатниците да и ги дадам. Но, јас со тоа не можам да се согласам. Дадовме негативен одговор на измените на ДУП 'Голем ринг' и во него дадовме 15 причини поради кои не се согласуваме со предлогот во центарот да се градат стокатници", вели Костовски.
Општина Центар ги негираше обвинувањата од градоначалникот Костовски. Од таму велат дека не издале одобрение за изградба на клучката кај "Континентал", бидејќи таа не е предвидена во ГУП-от.
"Не се работи за реваншизам, туку затоа што во ГУП, кој е донесен во 2002 година, не е предвидена сообраќајна инсталација во вид на клучка во населбата Крњево во близина на улица Беласица за вклучување во сообраќај на булевар Александар Македонски. Со ГУП-от е предвидено вклучувањето на булевар Александар Македонски да оди преку неизградениот булевар Крушевска Република и од тие причини не е дадено одобрение за градба. Општина Центар ја очекува долгонајавуваната измена на ГУП-от, каде ќе биде ревидирано и решението за булевар Крушевска Република, што е приоритет во нашите барања за измени на планот", велат од Општина Центар. (Е.А.)

 
Извор: Вест
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Nov-2007 at 13:57
Страшно!

Нивото на деструктивно однесување од „двете страни“ е феноменално...  А Аларова е ионака одавна зрела за ќорка.

Edited by Cloverstack - 14-Nov-2007 at 13:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Nov-2007 at 14:23
Иначе текстов има антологиска вредност. Толку се увртени лошите работи во круг, што човек не знае од каде да почне да критикува и во кој правец да тргне.

Во секој случај текстов може комотно да се стави и во други теми:
- Урбани Автопати - Скопје
- Клучка Континентал
- Урбана мафија
- Урбано дивјаштво (на големо)


Ќе го ставам во првите два, со кратка анализа на кој начин ги засега нив конкретно.


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 19:39
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Nov-2007 at 00:22
Ohno


Градот е немоќен при урбанизацијата на централното подрачје

Центар не ја прифаќа забелешката оти на Скопје не му се потребни стокатници


Случајот со „Голем ринг“ и стокатниците е доказ дека при процедурата на носење на плановите не се усогласени и испочитувани желбите и идеите, но, пред се', и стручните мислења

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Наместо да се едни од главните фактори во урбанизацијата на централното градско подрачје, градските власти се најдоа во ситуација на неми набљудувачи во кроење на новиот ликот на центарот на Скопје. И тоа токму во период кога Општина Центар во нови урбанистички рамки го стави „Мал ринг“, а наскоро ќе одлучува и по конечната урбанизација на „Голем ринг“. Негативните забелешки што Градот ги даде во однос на ДУП за „Мал ринг“, речиси воопшто не се земени предвид од страна на општинарите. Општина Центар не ја прифаќа забелешката оти на Скопје не му се потребни стокатници. Оваа е само една од 15-те забелешки на градските власти кои се немоќни да го спречат самоволието на општинарите, зашто законската регулатива не ја задолжува Општината да го земе предвид мислењето од Градот.

Архитектот Мирослав Грчев посочува дека токму ваквите законски рамки предизвикуваат општинарите да ги ѕидаат самоволно своите општини. Сепак, смета Грчев, со заедничка желба, пред се' за доброто на граѓаните и на Градот, општините имаат морална обврска за почитување и усогласување на желбите на Градот Скопје, но и на повисоките инстанции.

„Случајот со ’Голем ринг‘ е доказ дека при процедурата на носење на плановите не се усогласени и испочитувани желбите и идеите, но, пред се', и стручните мислења. Не може Општината да донесе план за кој од Градот има куп забелешки и притоа ниту една да не се земе предвид“, смета Грчев, според кого релацијата Град Скопје - Центар, кога станува збор за урбанизацијата, е отидена во погрешна насока. „Водени од дневнополитички цели, Општина Центар си го крои ликот на плоштадот и околината по своја мера и по терк на своите политички истомисленици, во случајов Владата. Кристално е јасно дека урбанистичките планови се скроени за да претставуваат основа за реализација на владините проекти, како што се стокатниците, обновата на театарот, профитирање на семејството Здравеви и слично“, посочува Грчев и вели оти има сознанија дека Општина Центар е единствената од сите десет општини која не го есапи Градот, а наедно и не се раководи по ГУП.

Од Градското одделение за информирање вчера не беа во можност да информираат за соработката на градските власти и останатите општини кога станува збор за урбанизацијата, особено за нивната релација со Општина Центар.



Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Nov-2007 at 00:43


Имаме катастрофално лошо владеење на сите три нивоа:

- централна власт
- град скопје
- општини




Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Nov-2007 at 07:23
Opstina Centar bila edinstvena opstina sto ne go esapi gradot? a sto so opstina Cair? Tie sekogas pravat sto ke im tekne nitu go prasvat Trifun nitu go sluset.
I jas ne se soglasuvam so samovolieto na opstinite, ama gradot na celo so Trifun nema koncept za razvoj, taka da ne gi okrivuvam centar sto ne go esapat.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Nov-2007 at 11:08
После вакви коментари од сите 3 горе споменати страни станува повеќе од јасно зошто сме таку кај што сме со урбанизмот, развојот, културата, етиката и се останато. Уште да се умешаат и месните заедници и куќните совети.....А колку ни е бедно осветлен градот, какави дупки има по булеварите и улиците, колку ѓубре има насекаде, Роми со коњски коли во централно градско подрачје и тоа никому не му смета. Они сопки ќе си поставуваат околу кој кого повеќе ќе зае*е. Патетика
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Dec-2007 at 19:33
ете ти македонштина сега. Кај ги изградија овие облакодерива кај Холидеј Ин, сега ќе се прават и во Аеродром Crazy. Овој пат иницијаторот е Општина Аердром дури скоро на саемот на ЗЕЛС и го промовирале проектов Nuts. Уствари ова личи на соло исфуравање на некој тип (му го заборавив името) кој работи во Општина Аеродром (нешто со урбанизам) кој ете сфатил како што вели од кога прошетал во свет дека облакодерите биле туристичка атракција. Локација непозната но во принцип изгледа најмногу му фатиле око локациите кај салата МЗТ и кај мостот близнак бидејкѓи највеќе се спомнуваат во текстот. А да зградиве (кои се инаку искривени но не се допираат) се високи 150м.

И дури и цела оваа бурлеска да ја сфатев сериозно до тука на крајот на текстот доаѓа шлагот. Општината (значи општината ќе градела облакодери NutsCrazyCrazyNuts) немала пари па проектов па најверојатно би се градел со донации

LOLCrazySuicide



А да текстот е во последниот број на Порта 3



Edited by pbanks - 05-Dec-2007 at 19:34
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Dec-2007 at 20:10
Да се изгради ваков објект, со вакви димензии, со денешните градежни материјали, и со буџет на една Општина Аеродром(алоо еј!) + донации (кој, цел буџет на Дубаи?!) не само што е невозможно, туку е и мегаломански и нескладно со околината...    
Па кога општината ти ја води некој морж како Кирил Тодоровски, тоа ти е...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Dec-2007 at 20:17
Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile
Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile
Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile Stern%20Smile
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Dec-2007 at 16:02
hahahahahhahaha ke se otrujam be!!!cccccccc kaj ziveam eeeeeeejjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjj.....ne be tipov ne e normalen.cel aerodrom e krs on oblakoderi ke prai.ahahahhahahahah.....ko prvo na jane sandanski ocajno mu treba nov asfalt poso ako ste vozele u posledno vreme ima dupka do dupka i ispukan e asfaltot.posle pola i vise od klupite so se falea deka gi praat gi nema.i na kraj najbitnoto uste iame konji i kozi po parkovi od ciganine so ziveat kaj bliznacite i policiskata u novo lisice.bitno tipot oblakoderi ke si prai..........
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Dec-2007 at 19:56
Што ви е на вас бе, одлична е оваа иницијатива. Бравос. Ни требаат уште многу вакви. А за дизајнот, немам зборови... прекрасно!








CrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazyCrazy    Suicide
CrazyCrazyCrazy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Dec-2007 at 03:05
Идејата на општина аеродром ми беше некако позната... Сега ми текна на што ме потсеќала LOL LOL LOL

Багдад:




Edited by Cloverstack - 08-Dec-2007 at 03:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.