build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Облакодери во Скопје (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Облакодери во Скопје (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 17-Nov-2018 at 18:17

Вчера поминував оттука,паркингот веќе не се наплаќа,бараките кај дрводекор ги урнаа уште пред 10-тина дена инаку таму беа сместени In Taxi.Само мислам дека ќе се јави голем недостиг на паркинг простор бидејќи овој постоечкиов кој сакаат да го претворат во градежна парцела има капацитет од околу 500 возила.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 17-Nov-2018 at 19:17
Само незнам дали само паркингот ќе се користи за градба или и оние куќи од Ново Маало што се гледаат на извадоков од Google Maps.Не би било лошо некој да почне да гради низ Ново Маало мислам на просторот помеѓу катната гаража(во градба) и Олимписки базен.

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 18-Nov-2018 at 11:20
Штета е што само Саша поради глуматање ќе ја уништи можноста Скопје да добие 50+ висококатници. Ако има бизнис интерес, солиден проект и запазени урбанистички аспекти why not?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 18-Nov-2018 at 15:02
Еј не, што е високо штетно е. Скопјани😂
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 18-Nov-2018 at 16:27
Доколку Скопје има шанса да добие три згради од по 250 метри, тогаш треба да ја искористи. Градот би имал огромен бенефит од изградба на голем, модерен бизнис центар.

Се разбира, нужно би било подобрување на инфраструктурата во овој дел.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 18-Nov-2018 at 21:55

ова мислам го немаме во нишкава Богдановиќ: Нема да се градат 60-катници кај „Холидеј ин“ ~ https://republika.mk/945747

туку ајт тро хистори рипитинг апропо новиот упад, та ако Грујо го пишманија ето дојде време со Зајко нема мајтап, нели најавуваа дебата усул, мислам ок што си прават од Народ абдал, туку прашање до кога!? но ако му беше ускратена и на Зајко волјата узнај ако Грујо лисичарчките ги натури сред Аеродром во слични околности Зајко може ќе ги фрлеше новиве на Зајчев Рид, зошто е убо да се има опозиција а, мислам се ок што не преживеало Скопје та ова да не го преживее, но дефиниитивно неокласиката малку беше та сега и по некој шкарто стакленик ако не откарш ламарина в Центар да добиеме, нели цело е кога има се', иако убо би легнале там тој дел да е цел застаклен пр. Соравија и од спротива ССМ, ем то гаражата модерна, а ќе фали уште Холидеј Ин да добие некој стаклен тераса пач однапред и ето га стаклено стокмен кварт, само што со то остатоците од Ново Маало мислам нив треба да ги Заштитиме со Закон особено оние околу екс-Кула па се до екс-Тиква Зелена ...

ех и првиот пост во нишкава си дочека своја практична историска вредност, особено кога нема другде онлаин архивиран абер од вестовиов напис, а доколку сакате да го додичате ојте на линкот од Кловер ...

Originally posted by Cloverstack


ЗАГЛАВИ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ "МЕНХЕТН ВО СКОПЈЕ

Костовски не му дава стокатници на Груевски

Кога
успеаја Близначките во Њујорк да ги турнат, тероризмот веќе не гледа
каде напаѓа, тој бара само жртви. Јас не сакам моето Скопје да ја има
истата црна судбина на Њујорк", вели Костовски, чиј главен аргумент
против стокатниците е немањето инфраструктура.
                   
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски не дава согласност за изградба
на три стокатници спроти хотелот "Холидеј ин" во центарот на градот.
Тој вели дека Градот дал негативно мислење на нацрт-верзијата на
деталниот урбанистички план "Голем ринг", со кој се предвидува на
просторот спроти хотелот "Холидеј ин" да се изградат три стокатници,
која беше усвоена од Советот на Општина Центар во јуни годинава.
Според
него, има повеќе причини поради кои не може да се согласи со идејата во
овој дел од градот да никнат облакодери, откако Владата на почетокот на
годината најави дека спроти "Холидеј ин" ќе прави скопски Менхетн,
односно дека ќе гради три 50-катници.

...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 18-Nov-2018 at 22:20
Никој очигледно нема финансии, знаење или интерес да гради толку високо, инаку ќе имаше
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 20-Nov-2018 at 19:50
Како бе „можност“ или „шанса“? За доубивње на центарот мислите?
Аман со тој фетиш за грди висококатници на сред град, нема да не направи нити „позападни“, нити понапредни. 100% сум сигурен дека нема да бидат нити „стакленици“, туку грди „бетонерици“. Свесен сум дека секако ќе се изградат, па макар и со калаши се протестира, ама најмногу ме чуди поддршката за оваа лоша идеа, па дури и жалопојките за СК14 се зборавија.

Тоа што му фали на центарот на градот е еден симпатичен, не мегаломански, туку човечки плоштад со парк. Ново Маало да се среди комлетно, да се покријат сите улички со калдарма и ќе дојди едно мини дебар маало во самито центар на градот. Со подземен паркинг на целата површина на просторот. Ама ова - во некој паралелен универзум.

Висококатници ќе придонесат за гентрификација на центарот, уште поголем сообраќаен хаос и ќе го нагрдат дополнително.
Никако во мене да умри надежта дека можеби некогаш, барем квадрат од Скопје ќе заличи на град за луѓе, а не град за коли, гнаса и бетон, ама изгледа треба.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 20-Nov-2018 at 21:12

еден палец од мене за муабетов хцитрС, каква и да е висококатница а не неколку тука ќе ја прекршат визура, којзнае може таквата намера треба Грчев да ја прокоментира за да разбереме дали и архитектите од левица се изботирани или навистина држат до фелата!?

на оваа парцела максимум што може да оди е степенеста катност како не би се затнале зад неа визурите кон Водно, а и да спушти кон Кеј пополека, иако бизнис интересите не знаат за аир, битно им е само како да лапаат, кој каде стигне може, што велиш адора стаил но тро минималистички ќе дочекаме овде, иако логиката е стакленици заради опкружувањето, но може да се случи и алубонд ламарина да истоварат нели ене кај ет Веро ...

ично незнам што тука е најпаметно заради ГТЦ и ХИ но што и да срочат може ако има акцент на Пејсажен Урбанизам ќе излез фино та и ко висококатници биле тие 30 60 или 90 ката, впрочем понапред рендерите имаа таков призвук, но тро по штур ко за наш џеб, а би било профи со зелениот кров на ГТЦ и тука да има слични галерии
Originally posted by beTon


Namba Parks is  place where you’ll spend half your time shopping and the other half admiring the design. It stands where Osaka’s baseball stadium used to be until 2003, and consists of a 30-floor skyscraper, Parks Tower, and 120-tenant shopping mall which includes many restaurants and a cinema. The eight floors of terraced gardens, boutique stores, big brands and trendy dining have been an instant hit in shopping-mad Osaka. In addition to providing a highly visible green component in a city where nature is sparse, the sloping park connects to the street, welcoming passers-by to enjoy its groves of trees, clusters of rocks, cliffs, lawn, streams, waterfalls, ponds and outdoor terraces.


www.jerde.com [1][2][3]

Concept





Aeril View







Canyon Street









www.flickr.com/search/?s=int&w=all&q=Namba+Parks&m=tags
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 20-Nov-2018 at 23:04
Грчев поарно да не се изјаснува за ништо никогаш повеќе, жити мене.

То шо викаш, од „визура“ и вклопување во околина очекуам дека само на Веро центарот се способни да се „прилагодат“, ака ќе добиеме Веро од џамбо размери

А бе се убаво со зелени рендери, ама пак истата приказна - тоа зеленило шо го гледаме на сликите погоре е видливо за дрон само. Значи, зборувам за центар на град направен за луѓе, а не за дронови, коли, чифлиганофци, политичари и сл.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 20-Nov-2018 at 23:33
@hcitrS

И јас сум за Скопје како што го опишуваш ти во поголем процент од неговата површина, но и сум за висококатници, урбани автопати, метроа и се што подразбира модерен град кој во текот на веков претендира да биде дом на 1+ милион луѓе. Не треба да се исклучува едно од друго, потребен е само добар план и многу пари секако.

Затоа и би поддржал добар проект, а тоа вклучува добро архитектонско решение, добро решен сообраќаен пристап (паркинг и повеќе од потребите на објектот, предвидени станици за лрт др. вид на јавен сообраќај) и нулто ниво што ќе биде пешачка зона со зеленило и добра комуникација со околината.

И да, ваков добро изведен проект нема да не направи позападни, ама ќе не направи понапредни, ќе внесе добра сума во градскиот буџет, градежниот сектор и понатаму во економијата, а и Скопје ќе добие ново обележје.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 21-Nov-2018 at 02:31

хц, види cамо Пасив Хајраиз Кулинг да им е на ум та не само од птичја перспектива туку и од уличен агол ќе дрма муабетот пејсажно, но тоа чини пари посекако, што пак може даае нормирадоколку сакаат општинарите во самиот ДУП, а во однос остатоците од Ново Маало и калдрмата комотно можат ете ко што реков со еден нејзин пач да продолжат фрактално и по скали до некое прво ниво и слично

а дека ќе се пишманат за ова тнко, конзумеристичко моловскиот табиет е белег на zdz ти текнуе Рамстор Веро кај ги опнаа парцеи кои комотно можеа да с искористат како атрактивни дали за ново Собрание или пак за тоа институционалниот кинески ѕид пред МОБ, но ок ете тоа е нивното ниво а сакаат нели да остават свој печат демек иако корпоративен што дефакто знаеме дека ќе заврши како то возобновата на стара нбм некој недоносен кубиза кому ниту пејсажни закрпи нема да му помогнат, го сотреа со неа плоштад!

можеби Чаре е да треба/мораат инвеститорите да понудат на Народ рефендум за неколку нивни идејни решенија, а за што даде Амин Народ тоа и да биде, бидејќи сама по себ евентуално норма во ДУП за задолжителна пејсажен урбанизам не ет гарант дека ќе добиеме комплекс кој ќе се вклопи среќно по вијуги на скопјани! но дека Властите ќе му погодуваат на народ а не на инвеститор, хм, да видиш Чудо та сите да ги гласаат пак на следни збори, но очигледно хит&ран е нивна најдобра пракса во однос убаниам етика и естетика, незнам само до кога!?


Edited by Zelenikovo - 21-Nov-2018 at 02:41
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 23-Nov-2018 at 18:36
ФИРМАТА „МГ ФЕШН“ И МПЦ ЈА КУПИЈА АТРАКТИВНАТА ЛОКАЦИЈА СПРОТИ ГТЦ

Државниот дел од земјиштето на паркингот спроти ГТЦ – го купиле две домашни компании за сума од 2,9 милиони евра. Државата продала парцела од 9 илјади метри квадратни по цена од 312 евра. Купувачи се фирмите М.Г Фешн и ТДГ Обновители. М.Г Фешн е во сопственост на Тања и Зоран Антиќ, а додека фирмата Обновители е во сопственост на МПЦ и Зоран Антиќ. Продажбата е направена пред еден месец а сумата е веќе уплатена на сметака Буџетот на државата. Станува збор за атрактивна локација во центарот на градот, која дел била во државна, а дел со денационализација била вратена на приватни сопственици. Тие – откако им било вратено земјиштето истото го продале на приватен инвеститор. Откупувајќи ги приватните парцели – инветситорот, се стекнал со повеќе од 30 отсто од урбанистичката парцела, односно со 4.605 метри квардатни па според законите со доофорумување на парцелата го докупил и државното земјите од 9000 метри квадратни за што е склучен договор во непосредна спогодба.

„Согласно Законот за градежно земјиште – градежено земјиште сопственост на Република Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидна со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела“ - велат од Министерство за транспорт и врски.

Дополнително од транспорт и врски појаснуваат дека откако законските услови биле исполнети, испочитувани сите процедури а било обезбедено и позитивно мислење од Државното правобранителство – по уплатата на парите бил склучен и договорот и направена негова солемнизација. Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за телевизија 24 вели дека на сопственикот на парцелата, кој практично покажал дека има повеќе од 30 отсто од урбанистичката парцела му ги дале податоците од деталниот урбанистички план, според кој таму е предвидено да се градат 60 - катници, но Богдановиќ посочува дека, во општината има мораториум, и дека тој план ќе се ревидира, во следните два месеци очекува дека ќе има поконкретна информација. Ќе има и јавна анкета да се слушне мислењето на граѓаните, но Богдановиќ не очекува дека таму ќе се градат 60 катници како што сега е предвидено.

https://24.mk/details/firmata-mg-feshn-i-mpc-ja-kupija-atraktivnata-lokacija-sproti-gtc

Еве го и линкот за видеото

https://www.youtube.com/watch?v=DdoIUwsmVpg
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 24-Nov-2018 at 19:47
ВИСОКОКАТНИЦА ПРЕД ГТЦ?

Распишување на референдум за изјаснување на граѓаните за изградба на висококатници на атрактивната локација наспроти ГТЦ, преипситување на деталниот урбанистички план како и условување на инвеститорот за распишување на интернационален конкурс каде би се вклучиле странски архитекти со цел да се избегне напластување на проекти кои не ги следат интернационалните трендови, ова според архитектот Даница Павловска е единственото решение околу иднината на парцелата во центарот на градот. Таа додава дека треба да се избегне концептот на градење во стилот на проектот „ Скопје 2014“.

„“ вели Даница Павловска-Циги - архитект.

Покрај толку бетонско сивило недозволиво е изградба на висококатници во центарот на градот – инвеститорите но и градоначалниците во иднина треба да размислуваат првенствено на здравјето на граѓаните а потоа на зголемување на нивниот капитал велат граѓаните. Доколку утре се започне со било каква изградба на оваа локација велат дека ќе излезат на протести. Управителот на фирмата М.Г. Фешн, Илија Божиновски со кој денеска стапивме во контакт во телефонски разговорор прашан за парцелата каде фирмата се јавува како сопственик рече дека во понеделник ќе се произнесат со повеќе детали околу сопственоста на парцелата, односно дел паркингот кој што беше државна сопственост а со кои до пред извесен период стопанисуваше АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Државниот дел од ова атрактивно земјиштето го купиле две домашни компании за сума од 2,9 милиони евра. Државата продала парцела од 9 илјади метри квадратни по цена од 312 евра. Купувачи се фирмите М.Г Фешн и ТДГ Обновители.

М.Г Фешн е во сопственост на Тања и Зоран Антиќ, а додека фирмата Обновители е во сопственост на МПЦ и Зоран Антиќ. Продажбата е направена пред еден месец а сумата е веќе уплатена на сметака Буџетот на државата. Од ресорното министерство посочуваат дека на локацијата предвидено е да се градат А2 станбени згради, но и комерцијални објекти. Градоначалникот Богдановиќ најави дека планот ќе се ревидира и дека ќе има јавна анкета за да се слушне мислењето на граѓаните. Додека, Богдановиќ потенцира дека не очекува на оваа скопска атрактивна локација да се изградат 60 – катници, во моментов рампите на паркингот се кренати а влезот за за сите граѓани е слободен.

https://24.mk/details/visokokatnica-pred-gtc

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 24-Nov-2018 at 22:22
9000 квадрати е пола паркинг... не знам како ќе сместат таму 3 висококатници, најдобро цел „остров“ да го земеле.


Каков било позначаен зафат би изискувал и надоградба на инфраструктурата, па Партизанска и Кузман Јосифовски Питу би требало директно да се поврзат, со булевар од 4 ленти од Питу до Филип Втори и подземен булевар со четири ленти од Филип Втори до Партизанска.




Ново Маало би го уредил со:
- 8 парка;
- 5 платоа;
- 1 улица;
- 4 деловни згради од 5 ката;
- 3 кули од 62 ката;
- 1 хотел од 5 ката;
- 1 трговски центар од 3 ката;
- 1 административна зграда од 5 ката;
- 1 катна гаража од 9 ката;
- 1 куќа која ќе служи како мини музеј.

Зградите кои имаат зелена граница имаат зелен кров, а платото кај хотелот подземен паркинг. Во Пролет би се изградиле 2 станбени згради од 5 ката.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 25-Nov-2018 at 10:50
ne se maci so crtanje i visokokatnici, to se si imaat podeleno i izcrtano klanovi veke odnapred...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 27-Nov-2018 at 02:01


напротив паметно е да се чуе нечија идеја, која и како пеинт концепт ќе мине иако аматерска бидејќи треба да се запазуваат урбанистички норми, а што добро се надоврзува на идејата да за атрактивни маркици да ет норма инвеститорот да понуди три идејни решенија Народ да ги гласа биометриски, ете прилика да видиме и како би изгледало 100% чист а брз референдум истеран со гласање и од улица, но што треба да го стераат легислативно и фактички политичките партии, при што би можело да дозволат и простор за е-јавна дебата за секој ДУП што сега ет срочено како Претставување во Месна Заедница и оппто сослушување на забелешки на граѓаните при што нема никаков одговор апропо нив поединечно, ниту пак има простор некоја забелешка да има механизам како да се наметне како задолжителна, пр. ако еден Советник застане зад одредена идеја истата да мора да оди на гласање на Општински Совет ...

а дека Перо е од кланот на груевци, хм незнам тој да нарачал ДУП за 100 или 60 катници, тоа веројатно беше штимано за џеваирци, а прашање е дали и каков ДУП ќе добие, може и самиот да бара промена на ДУП и да истера сосем друга работа, можеби МОЛ којзнае о која линија ги договорил зајковци!? а на крај може ќе видите и висококатница но само на хартија а да остане молот та пак да се препродаде на друг инвеститор, зар веро не требаше во склоп самиот мол да има и зграда, па пак ненја изградија!?

она што во моментов пак е актуелно е авто-дифтарлукот и тоа спроти катна гаража на екс-паркингот на Општина Центар [1] слично ко кај СитиМол [2] каде смешно не ги креваат од тревниците но ги собираат од улица, наместо да истераат еден брз паркинг та да стават таму зонско паркирање ... но тоа нема да го реши метежот кај екс-паркингот на гтц, всушност ако општинарите т.е. екс-паркинџијата сега Градоначалник на о.Центар имал намера да нема таму метеж ќе го принудел сопственикот додека тој не отвори фирма за рентање паркинг или пак се' додека не ја огради парцела општината да мора да држи ред таму, паркинг карамбол немаше да има, чиниш требало да се крене џева кој ја има парцела та и по цена да биде и сред Центар како пред каубојска биртија, ако навистина се агилни како општинари тие ќе ги решаваат проблеми во од и без пауза, а ова си тераат партиски агитпроп фаќајќи од спунт медиумски поени, инаку ова за Перо дека е сопственик мислам и порано беше јасно само што ја немаше дооформено маркица, а на сето тоа сега ко што вели Саша со мораториум за дупот во о.Центар ќе се пегла нов дуп, а дефакто промена на ДУП може да бара самиот сопственик, та ако виси чоек поубо ниту на овие им се брза да сменат дуп ниту пак на Перо да добие нов, веројатно ќе го рекетираат да го шитне плац на нивни партиски пулени а потоа да си срочат колегијално за нив подобен дуп, мислам не дека немало вакви шеми, се прашувам само доколку тоа е случај а бидејќу и МПЦ има некаков удел кај Перо Антиќ дали не се плашат од каузален гајрет, којзнае ако не сум во право многу брзо ќе се заврши муабетов со дупот и што треба да има кај екс-паркингот на гтц, но може токму и сам Перо да го покренал муабетов за да не губи време пред распродажба, илити да ги принуди брзо да извадат промена на ДУП по аршин кој и нему му чини, бидејќи Перо да крева 50 катници хм тнко, та и 3х25 не е малку, просто сега вака кога е статус кво ситуација плацот ет и најисплатлив за кој и да е инвеститор бидејќи може да преговара со општината одредена дуп примена ... ајт да видиме уште колку ќе се влечка муабњтов, ќе да малку беше една деценија та уште една нели не е на одмет, во меѓувреме ќе никне некој привремен објект како паркинг на спрат та и тоа ќе мине, ајт пиарно и тоа него тараби сред Центар и грдо затнати визури во недоглед, дури и авто-дифтарлуков сега на паркингот не би бил толку склет него тараби да стојат долго во лер, таман да има каде да се лепнуваат плакати и во Центар лилен феномен кој таму речуси и да исчезна, едно време паноа почнаа да им носат, а кај Пелагонка евентуално да има прилика некој нешто да лепне, патем имаат ли план да ги тргнат тарби од таму, што не ја покријат фасада со некој принт, зар до толку треба да бидеме во недоглед како незавршено градилиште!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 27-Nov-2018 at 19:23
КОЈ Е БИЗНИСМЕНОТ ЗОРАН АНТИЌ КОЈ ЌЕ ГРАДИ СПРОТИ ГТЦ И КАКВО Е НЕГОВОТО БИЗНИС ПОРТФОЛИО?

Кои се новите бизнис партнери што ќе стопанисуваат со најатрактивната локација во Македонија. Згради спроти ГТЦ во проект на Зоран Антиќ и МПЦ. За црковните аналитичари е прилично јасна улогата на црквата секаде каде таа се јавува како сопственик или делумен газда на земјиштето, иако бизнисот и црквата не би трбало да одат рака под рака, интересот, сепак е на прво место.

„За жал и овој пример на свој начин покажува дека на нашата црква на она што се нарекува материјално и е повеќе значајно отколку она што е духовното. Со тоа и нашата црква влегува во ред и го зема начинот на однесување и на другите православни цркви коишто со своите бизнис зделки што ги прават, а за кои слушаме во јавноста и те како покажуваат дека многу се важни бизнис релациите. Секогаш е непријатно кога верските заедници стапуваат во бизнис релации. “ - вели Бранко Ѓорговски - новинар.

Но, големо внимание привлекува името на бизнисменот Зоран Антиќ – кој го купи приватното и државното земјиште спроти ГТЦ и кој има фирма заедно со МПЦ, вклучена во зделката за атрактивната локација? Кој е Антиќ и какво е неговото бизнис портфолио.

Антиќ има 47 години – а неговото име низ годините се врзуваше со поранешната претседателка на Републичкиот судски совет, Ленче Софрониевска, со чиј сопруг пред десетина години заедно ја поседуваа фирмата Фешн Груп, и ги имаа познатите брендови на бутици во земјава.

„Сега атрактивното земјиште го купува преку две фирми. Едната „Обновители“ во која како бизнис партнер се јавува МПЦ а другата М.Г Фешн, што ја поседува со својата сопруга. Оваа компанија која е купувач на локацијата, се јавува како сопственик и во неколку други компании.“ - вели Ѓорговски.

М.Г Фешн се јавува како сопственик во компанијата „Волис Проперти ФЛ“, која има уште двајца сопственици, и тоа компанијата „Билдинг Капитал“, што е во сопственост на Чешка компанија и кумановска фирма „Квалитет Пром“, чиј газда е познат по тоа што преку неговите фирми ја добија изградбата на гасоводни делници во земјава.

Антиќ се јавува и како сопственик на фирмата „Капитал Проперти Инвестмент“, која нема директна поврзаност со купувањето на локацијата спроти ГТЦ, но интересна е затоа што оваа фирма Антиќ ја поседува заедно со „Дивелоп Груп“, која пак е во сопственост на Александар Ивановски и на „Бест Веј Инвестмент“, а сопственик на „Бест Веј Инвестмент“е Јордан Мијалков. Продажбата на локацијата спроти ГТЦ – и најавите дека тука ќе се градат висококатници ја разбранува јавноста. Јавноста и експертската фела негодуваат дали тука треба да се градат висококатници, но се отвора и етичката дилема за учеството на МПЦ во зделката, како и прашањето дали продажбата на државното земјиште од 312 евра по квадратен метар во строгиот Центар на Скопје одговара на вистинската вредност иако од Министерството за транспорт и врски посочуваат дека продажбата е направена согласно важечката уредба за продажба на државно градежно земјиште.

https://24.mk/details/koj-e-biznismenot-zoran-antikj-koj-kje-gradi-sproti-gtc-i-kakvo-e-negovoto-biznis-portfolio
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 27-Nov-2018 at 19:26
И архитектот Кензо Танге замислил 100-катници спроти Холидеј Ин, тврди Богдановиќ

Ќе има висококатници на паркингот наспроти ГТЦ во Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар тврди дека идејата за згради на таа локација е стара 50 години, но нема да дозволи градба по вкус на инвеститорот. Откако М.Г. „Фешн“ и „Обвновители“ на МПЦ купија од државата дополнителни 9.000 метри квадратни се погласни се најавите дека наскоро ќе се појави инвеститор, кој ќе достави план за градба до општината.

На сите три парцели во „Ново Маало 2“ според постојниот детален урбанистички план од 2012-та, може да се градат 60- катници без ниту еден квадрат зеленило. Во каква замка паднале локалната и градската власт говорат пропишаните карактеристики за оваа локација.

Генерален урбанистички план предвидува: 1250 жители или 347 семејства, и 25 м 2 зеленило за жител.
Детален урбанистички план од 2012-та дозволува : 3 парцели, по 3 објекти од 4,20 и 60 ката или 252 ката
За сега парцелите ги купуваат и укрупнуваат две фирми. Од пред еден месец бизнис дуото М.Г „Фешн“ на Зоран Антиќ и „Обновители“ на МПЦ се стекнаа со дополнителни 9.000 метри квадратни државно земјиште за 2,8 милиони евра од Транспорт и врски. Сумата ја уплатила фирмата на Антиќ изедначувајќи се со вложениот имот на Лешочкиот манастир, кој што го отстапил на „Обновители“, фирма во сопственост на МПЦ, очекувајќи станови и деловен простор доколку се изградат згради.

Павле Беловски

https://telma.com.mk/i-arhitektot-kenzo-tange-zamislil-100-katnitsi-sproti-holidej-in-tvrdi-bogdanovik/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 27-Nov-2018 at 20:36
И во Библијата е пишано дека тука треба да се изградат 1000-катници.



Која мизерија, еј, која мизерија.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.