build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Облакодери во Скопје (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Облакодери во Скопје (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 27-Nov-2018 at 21:03
Еве што планирал Кензо Танге. Не ми личи на стокатници.

извор






Изворот на сликава ме потсети на злосторството што се изрши врз бараката на ЗУАС. Што точно изгоре и дали имаше некаква истрага?

Иначе, еве го бројот на стокатници по градови и држави.

>=100 ката

Кина: 8
- Шангај: 2
- Хонг Конг: 1
- Шенжен: 2
- Гуангжу: 2
- Пекинг: 1
ОАЕ: 3
- Дубаи: 3
САД: 3
- Чикаго: 1
- Њујорк: 2
Јужна Кореја: 1
- Сеул: 1
Саудиска Арабија: 1
-Мека: 1
Тајван: 1
-Тајпеј: 1

Во изградба:
Саудиска Арабија: 1
- Џеда: 1
Малезија: 1
- Куала Лумпур: 1
Тајланд: 1
- Бангкок: 1
Русија: 1
- Грозни: 1
САД: 1
- Њујорк: 1
Јужна Кореја: 1
- Бусан: 1
Кина: 7
- Кунминг: 1
- Чонгкинг: 1
- Хефеи: 1
- Шенјанг: 1
- Ченгду: 1
- Вухан: 1
- Тијанјин: 1

Кому му текнало во Скопје да гради онолку стокатници колку што има во Њујорк, Дубаи и Шангај заедно?






Edited by Staro Skopje - 27-Nov-2018 at 21:04
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 28-Nov-2018 at 00:55

Зора на Перон, нели и тука кај таа парцела покрај Дрводекор едно време имаше идеја да врви трасата за Трамвај, но во време на едни власти ко да се кочеше окрупнувањето на оваа парцела, а еве сега инстант бидна завршена процедура, иако по логика на нешта како Ктитор на Црквата во Карпош инвеститорот Антиќ ги дарувал изгледа МПЦ и со акции освен директно материјално, а дали е или не ет близок на некоја гарнитура и не е толку битно колку да се испочитува ДУП кој да се надеваме ете ќе биде срочен во сослух и со Граѓаните а не само ''експертската'' елита која се покажа дека навистина немет осет, или осетот е таман само ако ДУП падне на уставен за што ниту Жерновски имаше ксмет во однос Ск'14 а ни дпмн го ресетира дупот на Грчев од '97 кој затоа пак го проширија освен што го надградија

инаку кај Кензо имало таму предвидено кула од 21 кат ако не повеќе, од прилика според првите блокои кои би биле по Железничка во о.Центае денес т.е. висината на цилиндрите од највисоките блокои на Градска Порта кои се со 7 нивоа со по 3 спрата ако добро можам да забележам од следната фотка

Originally posted by Zelenikovo




Edited by Zelenikovo - 28-Nov-2018 at 00:58
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 28-Nov-2018 at 19:13
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1658
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 28-Nov-2018 at 21:33
Ваков парк со подземен паркинг би било најубавото нешто за градот. Сепак нема теорија ни нешто приближно да добиеме водејки се од тоа дека градоначалниците ги интересира само да продадат парцели и наплатат даноци, нема ќар во тоа. За жал.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 28-Nov-2018 at 21:39
Пред сè, сопствениците на парцелата сигурно ги интересира заработка, а не благодетот на граѓаните, така што идејата уште од старт е осудена на неуспех.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 28-Nov-2018 at 23:55
МПЦ-Холдинг не инвестира милиони евра за вакви безбожни проекти. Камо ви крст во паркот, а? а?!?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 29-Nov-2018 at 00:23
ах Убаини то паркот уште фонтана со некој новомаалски херојда имаше в среде

туку Хц поарно Крст него дарвин или череп од мајмун, но Црква има од спротива та симболиката си ја има МОЦ запазено таму овде лично претпоставувам дека по линија на донаторство станала акционер кај Антиќ, да видиш да неверуваш дека имаат инвестициско портфолио Владици на мсе, којзнае може и во Благој Ѓорев да инвестираат ако тоа е случај, но имајќи предвид дека Црквата е Заедница на Верниот Народ во Бога доколку на Сенароден Црковен Собор одлучи таа заедница така да делува тоа е нивно право, иако по таков аршин утре некој може да предложи и штедилница па банка па шечфонд да си затераат Попои, што ќе биде и погрешно и погубно, тоа вака како акционери те тука те претходно во Изгрев-Струга та колку одма етикети се лепат, а не пак нешто отпојќе, како велат и малку соблазна ет соблазна таман доволно гориво за оние кои имаат презир кон МПЦ да можат од спунт да регрутираат новопечени контраши, а з'ш зошто Антиќ ќе градел по ДУП, кој ДУП ако во о.Аеродром не можеше ЗлаткоМ да го ресетира тука бреј СашаБ ќе го сторнирал, но на крај да не излезе дека ќе го надгради!?

Парк тука би легнал и те како и тоа можеби најпаметно би било да е на три нивоа, онака со културни центри одоздола а големо плато горе, но каде беа и пред 50 години вака да ја ДУПираа локација, иако никогаш не е касно, но сега откако шитнаа надлежните државно земјиште за дооформуање на градежна маркица, бреј прашање е дали воопшто можат и катност да им скинат а тоа да помине на Суд, впрочем ќе мора со инвеститорот да преговараат како понатака, а кој инвестотор би зијанел, ниту фиљан'троп ко ТрифунК не би го пуштил Кермес поклон на Град а не пак ова некој друг, којзнае можеби ЗоранА ќе не изненади сите, иако се ми се чини ќе бара дозвола и за 60-катници а ќе крене до 20-ти 30-ти спрат за да не губи време ниту на нов ДУП и ризик некој некако така да му блокира шанса да сред Центар единствената атрактивна градежна парцела да му скубне од раце, тоа за кај Мајчин Дом не најдоа есап да трампаат парцели а не пак тука, иако таму комотно можеше да му се даде на инвеститорот до самиот нов мост кај МЗТ значи карши Хотел Русија аркица која 100 пати ќе беше поатрактивна од онаа кај мајчин Дом, но чукш таа кај новиот мост ја чуваат за некој свој!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1658
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 29-Nov-2018 at 07:35
Сингапур ми е еден од омилените градови во кои сум бил повеќе пати, одвоете малку време и погледнете го видеово кое е објавено пред само неколку дена за тоа како еден град треба да размуслува и планира, а не само од денес за утре на секоја зелена површина лупни зграда...Заостануваме децении...

https://www.youtube.com/watch?v=xi6r3hZe5Tg&t=433s

Треба да се договориме линкот да го пратиме до градоначалниците за да се освестат малку, кога би им стигнале едно 100 пораки со ист линк може ќе го погледнат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 29-Nov-2018 at 09:14
Originally posted by Џоле

Предлог наместо висококатници да се изгради парк спроти Холидеј Ин:



https://www.slobodenpecat.mk/metropola/initsijativa-na-sloboden-pechat-vaka-treba-da-izgleda-prostorot-pred-holidej/?fbclid=IwAR2JAiHausjgtKzRHD1_3Wlm8_bEEhKqvKUn1w3GSAlR2H3cxNlqwIQJnXUhttps://www.slobodenpecat.mk/metropola/initsijativa-na-sloboden-pechat-vaka-treba-da-izgleda-prostorot-pred-holidej/?fbclid=IwAR2JAiHausjgtKzRHD1_3Wlm8_bEEhKqvKUn1w3GSAlR2H3cxNlqwIQJnXU


Ова е прекрасна идеја, со подземен паркинг на 6-7 нивоа, па да ги прибере сите возила од центарот на градот. Само што на оваа тема би можел да се изјасни Жил Верн а ние во раководставата немаме такви ликови.

Edited by Влатко - 29-Nov-2018 at 09:14
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 29-Nov-2018 at 09:56
Originally posted by Влатко

Originally posted by Џоле

Предлог наместо висококатници да се изгради парк спроти Холидеј Ин:



https://www.slobodenpecat.mk/metropola/initsijativa-na-sloboden-pechat-vaka-treba-da-izgleda-prostorot-pred-holidej/?fbclid=IwAR2JAiHausjgtKzRHD1_3Wlm8_bEEhKqvKUn1w3GSAlR2H3cxNlqwIQJnXUhttps://www.slobodenpecat.mk/metropola/initsijativa-na-sloboden-pechat-vaka-treba-da-izgleda-prostorot-pred-holidej/?fbclid=IwAR2JAiHausjgtKzRHD1_3Wlm8_bEEhKqvKUn1w3GSAlR2H3cxNlqwIQJnXU


Ова е прекрасна идеја, со подземен паркинг на 6-7 нивоа, па да ги прибере сите возила од центарот на градот. Само што на оваа тема би можел да се изјасни Жил Верн а ние во раководставата немаме такви ликови.


Да бидеме реални, ако ГТЦ го добие зелениот кров што го ветија од Град Скопје, заедно со паркот Жена-борец, тоа ќе биде сосема доволно зеленило во овој дел од центарот. Паркингот спроти „Холидеј Ин“ по земјотресот било планирано да прерасне во „Плоштад на Републиката“, кој за жал никогаш не е изграден. Мислам дека на Скопје му треба плоштад со поголема површина од сегашниот, простран јавен простор.
Back to Top
Dukac View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote Dukac Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 29-Nov-2018 at 10:54
Не познавам термин како „доволно зеленило“, поготово за град како Скопје. Од друга страна ако треба да збориме за плоштад тоа е последното нешто што фали во овој дел од градот, каде веќе има три со голема површина, Карпошово востание, плоштад Македонија и плоштад Скендербег.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 30-Nov-2018 at 09:41
Originally posted by BOJAN

Originally posted by Влатко

Originally posted by Џоле

Предлог наместо висококатници да се изгради парк спроти Холидеј Ин:



https://www.slobodenpecat.mk/metropola/initsijativa-na-sloboden-pechat-vaka-treba-da-izgleda-prostorot-pred-holidej/?fbclid=IwAR2JAiHausjgtKzRHD1_3Wlm8_bEEhKqvKUn1w3GSAlR2H3cxNlqwIQJnXUhttps://www.slobodenpecat.mk/metropola/initsijativa-na-sloboden-pechat-vaka-treba-da-izgleda-prostorot-pred-holidej/?fbclid=IwAR2JAiHausjgtKzRHD1_3Wlm8_bEEhKqvKUn1w3GSAlR2H3cxNlqwIQJnXU


Ова е прекрасна идеја, со подземен паркинг на 6-7 нивоа, па да ги прибере сите возила од центарот на градот. Само што на оваа тема би можел да се изјасни Жил Верн а ние во раководставата немаме такви ликови.


Да бидеме реални, ако ГТЦ го добие зелениот кров што го ветија од Град Скопје, заедно со паркот Жена-борец, тоа ќе биде сосема доволно зеленило во овој дел од центарот. Паркингот спроти „Холидеј Ин“ по земјотресот било планирано да прерасне во „Плоштад на Републиката“, кој за жал никогаш не е изграден. Мислам дека на Скопје му треба плоштад со поголема површина од сегашниот, простран јавен простор.


Доволно зеленило? Па што знам, јас лично мислам дека треба најмалку 4-5 вакви паркови на разни локации низ градот и пак би било малку.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 30-Nov-2018 at 12:34
Секој има потреба од различни нешта во центарот на Скопје. Јас лично мислам дека Скопје нема парк со поголема површина, исто како што нема ниту плоштад со поголема површина. Јас само знам дека по земјотресот на оваа локација беше предвидено да се гради Плоштад на републиката. Инаку, во Фотошоп секој може да направи визуелизација за парк на одредена локација, но тоа не значи дека неговото место е токму таму.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 30-Nov-2018 at 16:16
Компромис:

На местото на паркингот:
-Голем плоштад со 3 нивоа подземен паркинг:
--Скопје би добило голем чист простор каде што би можеле да се прошетаат граѓаните, а истиот би бил одлично место за одржување концерти, митинзи и други масовни собири. Истовремено би се добил значителен број паркинг места во центарот на градот;
-Амфитеатар:
--Би овозможил во градов да има место каде што би можеле да се одржуваат помали концерти, предавања и други собири на отворено;
-Боемска улица Ново Маало:
--За да се задржи духот на минатото и историјата на ова маало, на Боемската улица би се реставрирале постоечките и изградиле нови куќи во традиционален стил, а во нив ќе има ресторани, кафе барови, музеи и хостели;
-Паркови:
--На Скопје му е нужно повеќе зеленило, па овие паркови би претставувале вистинско во центарот;
-Станбена зграда:
--Во неа би се преселиле сите чиишто куќи се наоѓаат околу сегашниот паркинг;
-Булевар:
--Овој булевар со 4 ленти, по 2 во секоја насока, би го подобрил поврзувањето исток-запад. Негово дополнување треба да биде подземниот булевар од Холидеј Ин до Тифани.

Во Маџир Маало:
-Деловен центар:
--Изградбата на 7 кули (1 од 75, 4 од 50 и 2 од 25 ката) и 4 деловни згради од 5 ката би претставувало огромно подобрување на понудата на деловен простор во градот Скопје, а во нив би се привлекле моќни фирми кои ќе отворат голем број работни места и би преставувале силен импулс во економијата;
-Административна зграда:
--Во неа би се сместиле институциите кои моментално се бараки во Маџир Маало, како и други институции;
-Плоштад:
--Поврзување на зградите;
-Катна гаража, подземен паркинг на 3 нивоа со подземна улица:
--Би ги задоволиле потребите на центарот, без притоа да се зафаќа огромен простор на површината;
-Парк:
--Дополнително зголемување на зеленилото во Центар, со што би се подобрила животната средина и пејзажот;
-Станбени згради:
--Во нив би се преселиле оние кои моментално живеат во Маџир Маало, како и други жители.

Во Ќерамидница:
-Станбени згради:
--Дополнителна понуда на станбен простор.









Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1458
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 30-Nov-2018 at 19:15

За Маџир Маало веќе е доцна,таму единствена светла точка може да биде новиот објект на ЗСФ бидејќи во внатрешноста и понатаму никнуваат зградички од по 5-6 ката кои се ужасни.Треба да се внимава што ќе се гради спроти Холидеј Ин а исто така и во Ќерамидница.

Еве што предвидува моменталниот ДУП за паркингот спроти Холидеј Ин





Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 01-Dec-2018 at 21:47


Јас не гледам никаков проблем со одење во висина на оваа локација, туку проблемот лежи во површината за градба.

Нека вцртаат во ДУП-от маркичка која ќе има максимум 25% од површината на постојниот паркинг, па нека повели инвеститорот нека оди во висина колку сака и колку што ќе му се исплати. Ако преостанатите 75% од површината бидат јавен простор, со многу дрвја и зеленило, зошто мене како жител на Скопје би ми пречело тука да има објект висок 30, 50, 60 или повеќе ката?

Нормално се подразбира и да има доволно паркинг простор, а тоа и нема да е проблем ако добро се регулира со ДУП-от, бидејќи површината е доволно голема па претпоставувам 3 подземни нивоа ќе бидат сосема доволни за да ги задоволат потребите на објектот плус да го надокнадат сегашниот паркинг и плус да остане кусур.

И секако да се остави лагоден простор за предвидениот тунел под плоштад да може да биде доволно широк во секоја можна варијанта во која би се градел. Можеби звучи сувишно да се потенцира тоа, бидејќи нели, сигурно не се до таа мера глупи, неодговорни или корумпирани за да направат срање од таков тип... Ама всушност поверојатно е дека се баш до таа мера. Па да не испадне после дека заради некаква глупост тунелот да треба да има помалку сообраќајни ленти, или дека ќе треба да има не знам какви кривини и нагиби, или дека ќе нема простор за двоколосечна пруга за шински јавен превоз.


Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1879
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 03-Dec-2018 at 11:11

znaci totalno od a do sh se slagam. ete, me spasi od pisuvanje
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1658
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 03-Dec-2018 at 18:30
Тоа е тоа, потпис
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 05-Dec-2018 at 18:06
Во врска со проектот на паркингот спроти Холидеј ИН:

На негова иницијатива, почитувани читатели и сите вие кои ја поддржавте иницијативата на „Слободен печат“ просторот спроти „Холидеј Ин“ да стане една нова зелена оаза, во еден од најзагадените градови во светот, се сретнав со инвеститорот кој треба да гради на оваа парцела, бизнисменот Зоран Антиќ. Човекот ме покани да ми ги презентира своите идеи и да ме увери дека неговата намера е на овој простор да никне нов центар на Скопје, најубав и најзелен на Балканот.

Деталите за неговите планови ќе ги прочитате во весникот. Во суштина, овој човек, познат по тоа што го изгради и „Сити мол“, планира да подигне галерија пониска од сегашниот ГТЦ, чиј цел покрив ќе биде градина, огромен подземен паркинг на два ката, модерен и урбанизиран кеј, мала „турска“ чаршија, фонтана по примерот на Порта Нова во Милано, една кула од 30 ката која ќе го носи името на Кензо Танге и неколку помали згради на рабовите на парцелата, сите опкружени со зеленило.

Инвеститорот знае за плановите на градоначалникот Петре Шилегов покривот на ГТЦ да стане една голема зелена површина. Неговата идеја е и галеријата што планира да ја изгради да биде убава и уредена градина, со површина од околу 10.000 метри квадратни. Ако двата објекта се спојат со мост, како што е предвидено, ќе добиеме своевидна „екстензија“ на ГТЦ (објектот што го браневме со гушкање и го одбранивме), парк на покрив на повеќе од 20.000 квадрати и кеј од уште 20.000 квадрати, со кој граѓаните буквално ќе „излезат“ на Вардар.


https://plusinfo.mk/%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8/
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1879
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 06-Dec-2018 at 12:41
https://www.slobodenpecat.mk/metropola/po-initsijativata-na-sloboden-pechat-prostorot-sproti-holidej-da-stane-zelena-oaza-se-oglasi-investitorot/

По иницијативата на „Слободен печат“ просторот спроти „Холидеј ин“ да стане зелена оаза, се огласи инвеститорот
Бизнисменот Зоран Антиќ, кој се очекува да гради на просторот на сегашниот паркинг спроти „Холидеј ин“, ветува дека Скопје ќе добие нов центар на градот, со модерни содржини - галерија пониска од сегашниот ГТЦ, чиј цел покрив ќе биде градина, огромен подземен паркинг на два ката, модерен и урбанизиран кеј, мала „турска“ чаршија, фонтана како Порта Нова во Милано, една кула од 30 ката што ќе го носи името на Кензо Танге и неколку помали згради на рабовите на парцелата, сите опкружени со зеленило.

од Бранко Героски - 06/12/2018762

Никогаш не сум помислувал да градам бетонски чудовишта на просторот спроти „Холидеј ин“. Мојата замисла е, доколку бидам во можност, да изградам нов центар на градот, за кој ветувам дека ќе биде најубав и најзелен на Балканот.

Ова го вели Зоран Антиќ, во чија сопственост е просторот спроти „Холидеј ин“, на кој сега има паркиралиште и многу супстандардни објекти. Ексклузивно за „Слободен печат“, весникот што поведе иницијатива на овој простор да никне парк, Антиќ организираше мала презентација на своите градителски намери за овој простор. Засега, станува збор само за негови идеи, кои за три до четири месеци странски архитекти ќе ги преточат во конкретен идеен проект.

Сите ќе се гордееме со нашиот нов центар

– Јас го изградив „Сити мол“. Сум градел многу згради и верувајте, оваа парцела, на чие окрупнување работам практично од 2010 година, не ја замислувам како група од бетонски облакодери, туку како нов центар на градот. Со сите овие градби што никнаа во последните години, Скопје го изгуби својот центар. Мојата идеја е сега да изградам еден нов, модерен и зелен центар на градот, со кој ќе се гордееме сите – категоричен е Антиќ.

Во средиштето на оваа парцела, според замислите на инвеститорот, треба да никне галерија со приземје и кат, пониска од Градскиот трговски центар, но споена со него со мост над улицата пред „Холидеј ин“. Под галеријата ќе има подземен паркинг на два ката, со капацитет од најмалку 1.000 возила, со што битно ќе се придонесе за решавање на проблемот на паркирање во строгиот центар.

– Од плановите на градоначалникот Петре Шилегов знам дека покривот на ГТЦ треба да стане, всушност, една голема зелена површина. И покривот на галеријата што планирам да ја изградам ќе биде една убава и уредена градина, со површина од околу 10.000 метри квадратни. Така, во целина, Скопје всушност ќе добие нов парк и многу, навистина многу ново зеленило. Не брцни три дрвја и речи еве ви парк. Не, зборуваме за модерно уредени зелени површини, по највисоки стандарди – вели Антиќ.

Ќе добиеме модерен кеј на површина од 20.000 квадрати

Кон ова треба да се додаде и идејата на градителот да се затвори еднонасочната улица меѓу паркингот и кејот на Вардар и тој огромен простор од околу 20.000 квадрати да стане прекрасен кеј, нова модерна урбана површина.

– Станува збор во голем дел за јавен простор, но без оглед на тоа, јас ќе придонесам заеднички со Град Скопје да го уредиме и да го направиме кеј каков што има во модерните европски градови. Не како овој сега. Освен тоа, имам идеја тука некаде да подигнеме и една нова, мала но вкусно уредена „турска“ чаршија, која на некој начин ќе „комуницира“ со Стара скопска чаршија, уште едно битно обележје на градот. Средиште на социјалниот живот треба да биде фонтана по примерот на Порта Нова во Милано – вели Антиќ.

Во врска со најболното прашање, големите шеесеткатници што беа најавувани, тој уверува дека не постои опасност од такво нешто.

– Мојата желба и молба до скопјани е да изградам една триесеткатница, што ќе го носи името на светски познатиот архитект Кензо Танге, како и неколку помали згради на рабовите на парцелата. Сите јужни фасади ќе бидат обложени со фотоволтаични панели, што е сега тренд во светот. Модел за градење ќе ми биде Ротердам, од каде што и вие објавивте фотографија на насловната страница на весникот. Со тој град сум, и емотивно поврзан и мислам дека тоа е еден од градовите со најубава архитектура во светот – објаснува Антиќ.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.