build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Облакодери во Скопје (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 22-Mar-2019 at 08:50
Макета од 60-катниците кои треба да се градат на паркингот спроти Холидеј Ин(од фб)

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12370
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 22-Mar-2019 at 09:50
Стефчо, дај извор на фотографијата.

Ова изгледа премасивно, едноставно, не му е местото за таму. За тука максимум 20-25 ката би биле доволни.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 22-Mar-2019 at 10:06
Без паника И јас малку се залетав пред да видам за што станува збор.

Се работи за макета направена од граѓанската платфрома Здравје пред профит во Центар со која сакале да покажат колку би изгледале масивни зградиве во споредба со околината.Само сега го укинаа мораториумот па незнам што ќе одлучат за просторов.Инаку ако веќе решиле да ставаат згради не треба повеќе од 15-20 ката според мене.

Еве ја целата вест подолу

„Здравје пред профит“: Изложена макета од шеесеткатниците кај „Холидеј Ин“

Граѓанската платформа „Здравје пред профит во Центар“ на својата страна на „Фејсбук“ објави макета, за која вели, дека ги претставува шеесеткатниците што треба да бидат изградени на паркингот кај хотелот „Холидеј Ин“.

Од организацијата посочуваат дека макетата покажува како висококатниците би делувале во однос на опкружувањето.

„Оваа макета е дел од малата изложба на макети во рамки на настанот „Во каков град сакаме да живееме“, која се одвива во моментов во ‘Холидеј Ин’“, велат од „Здравје пред профит во Центар“.

https://vecer.mk/node/8681
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 22-Mar-2019 at 11:47
Па олку масивни згради мислам дека нема никаде во светот.
Само се шират дезинофмации со вакви макети.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1519
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 22-Mar-2019 at 12:26
Ова е визуелизација на актуелниот ДУП. Ама инвеститорот кажа дека нема да гради 3 60-катници, туку една 35-катница, неколку помали згради, галерија и чаршија, така да ова горе со сигурност нема да се гради. А и во моментов се прави нов ДУП (дали има или нема мораториум во овој случај е небитно, зашто и инвеститорот нема да гради по сегашниот, туку чека нов), за кој се надевам дека ќе произведе вистински модерен центар во срцето на Скопје.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 22-Mar-2019 at 12:54
https://www.youtube.com/watch?v=MxPfJdCHDRU

Линк од репортажа на „360 степени“, при крај на видеото зборуваат и за овој дел на центар, чиј план патем е нарававен од фирма која наплатила само 1 денар
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 22-Mar-2019 at 13:14
Еве уште еден приказ за тоа како би изгледало ако се изградат 60-катниците

Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 22-Mar-2019 at 13:43
И зградата на Веро има основа со огромни столбови што најверојатно е планирано еден ден да прерасне во висококатница. Како и да е, објектите претставени на сликата се премногу масивни и не ја претставуваат реалната слика.

Јас лично поддржувам изградба на висококатници, меѓутоа согласно сообраќајното решение. Според сегашното решение таа локација дефинитивно неможе да опслужи 3 60-катниците + веро.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1519
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 22-Mar-2019 at 14:16
Инвеститорот има, според мене, лоша идеја да ја затвори улицата покрај кејот и да ја претвори во голем зелен кеј. Повеќе зеленило секако дека е добредојдено, но мислам дека тука е нужна двонасочна улица, која потоа подземно ќе продолжи до Партизанска, особено по изградбата на овој комплекс.

Инаку мислам дека многу подобро ќе беше да направат cluster во Маџир Маало или касарна Илинден отколку да расфрлат неколку висококатници низ градов... Треба да се притисне за такво нешто.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 386
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 22-Mar-2019 at 19:52
Top kje dojdat zgradickive
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 24-Mar-2019 at 09:20
Вон умот тотално. По слободна проценка 1.1 и 1.2 имаат футпринт од околу 10к квадрати, 1.3 е нешто послабичка. На Менхетн (или Дубаи, Шангај сеедно) нема волку гломазни објекти... не знам кој би се нафатил и со што би ги пополнил просторот.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 24-Mar-2019 at 14:28
Ова се чисти дезинформации. Макетава е направена според градежното земјиште согласно ДУП-от, а не според маркичка за зградите што би се граделе на земјиштето.
Кој би поверувал дека вакво нешто може да се изгради било каде во светот... Во случај да се изгради би бил најмасивниот објект во историјата на човештвото. Но не може повеќе да се очекува од неписмена јавност и неписмени новинари.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 02-Sep-2019 at 16:35
СЕ УШТЕ Е НЕИЗВЕСНО КОЛКУ ЗГРАДИ И СО КОЛКАВА КАТНОСТ ЌЕ СЕ ГРАДАТ СПРОТИ ГТЦ



Додека антикорупциска го стави под лупа и истражува продавањето на државното земјиште наспроти ГТЦ, каде се предвидени 3 шеесеткатници, Уредбата на Министерството за транспорт и врски со кој се одлучува по која цена ќе се продаде државно земјиште е непроменета.

Министерот Сугарески кој тврдеше дека ќе биде променета Уредбата денеска не одговори во која фаза е промената. Претходно тврдеше дека му треба мислење од ЗЕЛС, а од таму молк.

Претседателот на ЗЕЛС, Шилегов исто така не одговори дали и до каде е одлуката за промена на Уредбата. Државното земјиште беше продадено за 312 евра за квадратен метар. На локацијата ќе никнат згради, но за таквата одлука се чека на ДУП-от кој подлежи на ревизија, тврди градоначалникот Богдановиќ. Тој вели дека планот на бизнисменот Антиќ и МПЦ го има видено но дека ќе подлежи на измени согласно ГУП-от.

Државниот дел од земјиштето на паркингот спроти ГТЦ – го купиле две домашни компании за сума од 2,9 милиони евра.

Државата продала парцела од 9 илјади метри квадратни по цена од 312 евра. Купувачи се фирмите М.Г Фешн и ТДГ Обновители. М.Г Фешн е во сопственост на Зоран Антиќ, а додека фирмата Обновители е во сопственост на МПЦ и Зоран Антиќ. Продажбата на земјиштето е направено со амин од транспорт и врски по претходно прибавено позитивно мислење од страна на Државниот правобранител.

Пред да го купат земјиштето од државата, фирмата „МГ Фешн“ ги откупи парцелите кои со денационализација им беа вратени на приватни сопственици. Сумата која ја плати за метар квадратен е 312 евра согласно Уредбата на Министерството за транспорт и врски – уредба за која министерот Сугарески тврдеше дека се прават анализи за тоа дали ќе се менува или не. Но одлуката за висината на зградите ќе ја донесе Општина Центар.

Дека на локацијата спроти ГТЦ нема да има шеесеткатници туку неколку згради не повисоки од 20 ката – претходно за Телевизија 24 изјави бизнисменот Зоран Антиќ. Атрактивната локација наспроти ГТЦ во моментот е повторно паркинг во сопственост на Антиќ, за истата дозвола доби од Град Скопје.

Управителот на фирмата „Обновители“, Илија Божиновски претходно изјави дека паркингот е преодно решение, но не и конечно за локацијата, на истата потврди дека ќе се гради во оној момент кога ќе ја добијат дозволата и кога ќе се тргне мораториумот под кој се наоѓа и конкретната атрактивна локација.

https://24.mk/details/se-ushte-e-neizvesno-kolku-zgradi-i-so-kolkava-katnost-kje-se-gradat-sproti-gtc
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 03-Oct-2019 at 17:16
Земјиштето кај „Холидеј ин“ воопшто не морало да се продаде

Откако со продажбата на паркингот спроти „Холидеј ин“ Скопје загуби уште едно парче јавен простор во приватни раце, а дел граѓаните го искажаа својот револт, Министерството за транспорт и врски побрза да објасни дека во овој случај немало избор, односно дека законски морало да му го продаде земјиштето на приватниот инвеститор зашто тој веќе поседувал 30 отсто од парцелата.

Но, во Законот за градежно земјиште, на кој се повикуваат надлежните од Министерството, не го пишува тоа. Стои само зборот „може“ и никаде нема „мора“ или некој сличен термин што би значел дека тоа е апсолутна обврска. Во членот 15 се вели дека државата може да отуѓува земјиште во нејзина сопственост со јавно наддавање или со непосредни спогодби ако на местото не е предвиден објект од јавен интерес, а подолу е опишано кога е тоа дозволено на едниот, а кога на другиот начин.

Во Министерството поинаку го толкуваат законот и велат дека зборот „може“ е содржан само во првиот став од членот 15, а не и подолу во текстот. Оттаму додаваат дека во истиот член е наведено дека со непосредна спогодба, градежното земјиште во сопственост на Република Македонија се отуѓува за оформување градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела. Тие се повикуваат и на членот 65, каде што се вели дека продажбите на овој начин се вршат по барање на физички или на правни лица.

„Земајќи ги предвид начелата на управната постапка и одредбите на Законот за градежно земјиште во целост, не станува збор за суверено право на надлежниот орган да одлучи дали ќе се уважи барањето или не. Во ситуација кога барателот ги исполнува условите, надлежниот орган е обврзан да го уважи барањето во случај кога се исполнети законските услови во целост“, се вели во писмениот одговор доставен до БИРН.

Но, зборот „обврзан“ или „обврска“ го нема ниту во членот 15, ниту во 65. Го има во други делови од законот каде што се регулираат други аспекти од користењето на градежното земјиште, но не во делот со кој се утврдува кога и како државата може да го продава.

Закон за исправање и за создавање неправилности

Одредбата според која некој може да го докупи државното земјиште околу неговиот имот со директна спогодба, со цена утврдена од владата, е предвидено затоа што често постојат несовпаѓања меѓу градежните и катастарските парцели, што им предизвикува проблеми на многу граѓани.

Како настануваат овие несовпаѓања? Градежните парцели немаат врска со тоа во чија сопственост е некој имот. Со нив се определува за што може да се користи некој простор, за зграда, куќа, јавен објект, зеленило, паркинг, игралиште, улица итн. Нивната форма, големина и намена зависи од тоа како општината и нејзините планери го замислиле изгледот и развојот на еден простор кога ги изработувале деталните урбанистички планови. Секоја градежна парцела има точни димензии и граници. Од друга страна, катастарските парцели, чии граници се исто така прецизно утврдени, служат за означување кој е сопственик на некој имот. Општината, кога го планира просторот (кога го дели и му дава намена на секој дел), не мора да се води според катастарските граници, па затоа се случува на една градежна парцела дел од имотот да биде приватен, а дел државен.

За еден сопственик да добие градежна дозвола мора да ја поседува целата градежна парцела, па затоа е овозможено ако поседува над 30 проценти, да може да го откупи остатокот од државата по непазарни услови. Оваа одредба, освен што служи за да им реши практични проблеми на граѓаните, се користи и за присвојување државно земјиште, кога некој ќе купи некои имоти, општината околу нив ќе нацрта градежна парцела поголема за 70 отсто (на сметка на јавниот простор) и така тој ќе стекне право да си го откупи и државниот дел, обично по многу пониска цена од пазарната. На сличен начин беа оформени градежните парцели за хотелот „Мериот“ и за палатата „Христо Татарчев“.

Дали трамвајот е јавен интерес?



Згора на сѐ, проблематично во овој случај е дека било оценето дека парцелата може да се продаде затоа што на неа не е предвидено да се гради објект од јавен интерес.

„Намената на градежното земјиште се утврдува врз основа на извод од урбанистички план издаден од надлежен орган, во конкретниот случај од Општина Центар. Во издадениот извод од урбанистичкиот план е утврдена намена на градежното земјиште, која не претставува јавен интерес“, додаваат од Министерството во одговорот на нашите прашања.

Ако се чита само намената на продадената површина, определена со ДУП од Општина Центар во 2012 година, таму се предвидени станбени и деловни објекти, односно нема јавен интерес. Но, кога ќе се продаде едно земјиште, се стекнува сопственост, не само на површината, туку и на земјата под неа. А под површината, приказната е сосема поинаква. Урбанистичките планови покажуваат дека под тоа земјиште поминува дел од подземна траса за трамвај. Таа е утврдена со генералниот урбанистички план за Скопје и не може да се смени со деталниот план за тој дел од центарот.

Јавниот градски превоз е прашање на јавен интерес, а во законот се вели дека кога има објект од јавен интерес, за продажбата е потребна одлука на Владата, а не на Министерството. Законодавецот напишал дека објектот дури не мора да постои, доволно е да биде предвиден со постојните планови.

Прашани за ваквата одредба, од Министерството велат дека добиле светло и од Државното правобранителство, кое како институција е задолжено да се грижи државата да не биде оштетена кога склучува договори со приватни лица во врска со продажба или користење на државниот имот.

Во одлуката на Државното правобранителство се вели дека „нема правни пречки да се изврши продажбата“.

Ниту Министерството, ниту министерот Горан Сугарески, во досегашните објаснувања околу оваа продажба не ја споменале подземната трамвајска траса. Нема одговор ниту од градот Скопје, во чија надлежност е таа траса, за тоа дали биле консултирани за оваа продажба.

Што може да се изгради



Деталниот план за овој простор, донесен во 2012 година, е ставен под мораториум заедно со уште 30 други планови. Сепак, мораториумот значи дека се запира само издавањето градежни дозволи за објектите предвидени со нив. Оформувањето градежни парцели со докупување државно земјиште не беше забрането.

Општината ги стави под мораториум сите планови за кои успеа да најде причина, меѓу другото и тие што не се совпаѓале со генералниот урбанистички план. И овој случај е таков, бидејќи објекти од приватен интерес (згради и деловен простор) се вцртани врз објект од јавен интерес (трамвајската траса).
Планот ќе се менува, тоа го најавуваат и од Општина Центар, но не соопштуваат детали какви промени ќе има. Ова значи дека е можно да се променат и границите и димензиите на градежните парцели, што влијае врз правото на приватниот сопственик да го откупи државното земјиште. Но, од Министерството образложуваат дека барателот им доставил комплетна документација, вклучително и извод од урбанистичкиот план, а тие имале рок од 30 дена да му одговорат на барањето и не можеле да чекаат нов ДУП.

„Доколку урбанистичкиот план бил под мораториум и не можел да се спроведува, Општината не требало да издава извод од истиот“, додаваат од Транспорт и врски.

Сепак, инвеститорот ќе мора да чека да се објави новиот план за да може да почне да гради.

Идејата со планот од пред шест години беше целиот простор од улицата спроти хотелот „Холидеј ин“ до булеварот пред Олимпискиот базен (паркингот и околните куќите) да се претвори во бизнис-центар со три облакодери до 60 ката поврзани со згради до 20 ката, а во средината да има плоштад и фонтана. Планот е поделен на четири градежни парцели, три за зградите и една за фонтаната.

Фирмата инвеститор „МГ Фешн“ заедно со Македонската православна црква сега го поседува целото земјиште на една од четирите градежни парцели, каде што може да се направи една висококатница и две помали згради (освен ако со новиот ДУП се определи поинаку). Токму такви беа и најавите што стигнаа од инвеститорот деновиве, дека наместо три, ќе гради една висококатница.

Другите три градежни парцели се протегаат врз повеќе од 80 приватни имоти во сопственост на над 250 сопственици. Кај некои има по 8 или 11 заеднички сопственици. Меѓу другите, МПЦ има уште една парцела таму, од 112 квадратни метри, веднаш до булеварот Кочо Рацин спроти Веро центарот.

Со оглед на големиот број различни имоти, малку е веројатно дека некој инвеститор ќе може да го откупи целиот простор за да го изгради комплексот од три згради. До новиот модерен комплекс што го најавува инвеститорот ќе останат куќите изградени пред 100 или повеќе години, од кои дел се распаѓаат.

Сопственик на еден од имотите вели дека уште од 2012 година инвеститори, меѓу кои и луѓе од фирмата „МГ Фешн“ се обидувале да купуваат земјишта, но не успеале.

https://prizma.mk/zemjishteto-kaj-holidej-in-voopshto-ne-moralo-da-se-prodade/?fbclid=IwAR38s-1ZHj-sVzQ1pjWz4LWV_1wFpKLKQsQOS0WUar_O_nVmNU6sB6KBKOI
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 03-Oct-2019 at 18:49
А па градот Скопје колку се грижи за неговото земјиште гледаме 30 години....

И не знам што толку отпор од луѓево кон облакодери кои би се граделе во центарот на градот во слчајот карши Холидеј Ин,од нивен џеб ќе се градат не сфаќам ? Ќе си помисли човек на миса одат на паркингот,ко да нема скроз нова катна буквално на 5 метри. Не е поентата да одиме напред,да привлекуваме туристи ? Не гледаат дека посебно кај младите,велелетната пошта и градски ѕид не палат,кај туристите па ич ?

Не можам да го сфатам македонскиот синдром да се плаче за се и сешто,да живееш во град од комунистички згради и лимени бараки и да се буниш кога ќе треба нешто ново да се изгради.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 03-Oct-2019 at 21:02
Za mene uste po ne sfatlivo e kako na lugjeto im se zivee vo onie polu raspadnati kuki niz Novo Maalo. Postojano se vo potraga po investitori da pravat zgradi ama najcesto se nezadovolni od kvadraturite koi im se nudat,itn taka da mislam deka dolgo ke cmae maalovo nezavisno od toa dali ima ili nema moratorium. Problem e isto taka toa deka objektite imaat golem broj na sopstvenici i nereseni imotno-pravni odnosi pa golem del od investitorite se otkazuvaat uste pri prvata sredba.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.561 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.