![]() |
![]() |
![]() |
Облакодери во Скопје (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 24252627> |
Author | |
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 215 |
![]() ![]() |
Soravija siguren sum deka ne e bidejki gradbata e mnogu losa nema ni megu katovi za ventilacija i klima se e posle imrpvizacija dodadeno. Ne veruvam deka 25 katnica nekoj taka bi ja planiral. Od druga Strana Vero ima navistina ogromni stolbovi, no mislam deka toa se dolzi na golemoto rastojanie izmegu istite kako i masivnata teska konstrukcija koja ja nosat bez pritoa betonski da se povrzani eden so drug. Znaci imame dva ogromni stolba i potoa celicno se vrzani eden so drug, nesto slicno kako Aerodromot vo Skopje.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 1062 |
![]() ![]() |
Соравија е првично проектирана да има горе хелиодром. Ама нешто се има покажано дали неисплатливо, дали нешто со регулатива? Незнам што беше приказната, ама висината и е таа што е, нема планови за нагоре. Веро мислам дека целиот објект е привремен
![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 602 |
![]() ![]() |
Не се согласувам дека е обичен маркет. Убедливо најубав маркет за пазарење во цела држава. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5069 |
![]() ![]() |
![]() Не станува збор за асортиманот и понудата. Може да се премести било каде, и пак ќе биде најубав маркет. Убав е дека е голем и простран, и добро снабден. Ама не мора да постои џиновска лименка во срцето на градот. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1206 |
![]() ![]() |
Тоа е трговски во кој архитектите како да имале задача да направат што е помал простор за изнајмување, а што поголем простор за ескалатори, скали и празнини.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 602 |
![]() ![]() |
Да, и асортиманот и понудата се добри, но мене лично и од архитектонски аспект ми е добар маркетот (и целиот трговски). Дека е џиновска лименка во срцето на градот, за тоа би се согласил, но да беше единствен проблем, во ред, но реално во срцето на градот постојат најразлични други проблеми, како неурбанизираност, несоодветна сообраќајна инфраструктура итн., кои не се ни споредуваат со тоа дека Веро е џиновска лименка и сл. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
Обновители“ на чекор до дозвола за градење наспроти Холидеј Ин
Откако ќе ја достават целосната документација и ќе ги платат комуналиите, ако нема ништо спорно, законски не може да не се даде дозволата за градење, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар за Види Вака. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/457819525439069 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“
Без јавна дебата и спротивно на основните урбанистички правила за пристоен живот во Општина Центар тече постапката за изградба на висококатници на парцелата спроти „Холидеј Ин“. Направена е пресметка за износот на комуналии што фирмата-инвеститор „Обновители“ на бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ-ОА треба да им го плати на Општина Центар и на Град Скопје. Станува збор за околу 150 милиони денари (2,4 милиони евра). Од вкупната сума, 60 отсто или околу 1,4 милиони евра ќе легнат на сметката на Град Скопје, а останатите 40 отсто (1 милион евра) ќе завршат во касата на Центар. Градежната дозвола последен чекор Од Општината велат дека договорот сè уште не е потпишан, но извесно е дека тоа ќе се случи откако ќе биде поднесена потребната документација. „По уплатата на комуналиите, неопходно е да се обезбеди цела, потполна документација потребна за аплицирање, па дури потоа да се бара одобрение за градење. Од предвидените 200.000 квадратни метри кои ги предвидува ДУП-от донесен во 2012-та година, а стапи на сила откако Уставен суд одлучи да го укине „мораториумот“, според поднесениот идеен проект, се планира искористеност од 83.000 квадратни метри. За тоа што точно ќе се гради, зависи од планираниот проект на сопственикот“, велат од општина Центар. Оттаму не сакаат да прецизираат за колку и за какви објекти станува збор иако добиле идеен проект за оваа локација. Од Град Скопје потврдуваат дека ја направиле пресметката, бидејќи инвеститорот ги имал документите и морале да го почитуваат Законот, но оттаму укажуваат дека тоа не значи дека Општината е обврзана да издаде дозвола за градба. „Град Скопје направи пресметка, следејќи ги обврските од управната постапка и Законот за градба“, велат од Градот. Станбено деловни објекти високи над 80 метри Според неофицијалните информации, предвидено е проектот да се реализира во три фази. Во првата фаза предвидена е изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза се предвидува изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза се предвидува изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда - кула со 16 ката и височина од 76,5 метри. Планот за оваа локација не предвидува зелен простор од 20 отсто во парцела согласно Законот за урбано зеленило, а несоодветно е решено и движењето на пешаците. Не се знае како ќе се обезбеди заштита на кејот на рекава Вардар односно отвореноста на реката кон просторот. Нејасно е како ќе се обезбеди движење на огромниот број возила по постојните сообраќајници. Се отвораат и прашањата како ќе се зачува јавниот простор и зеленилото? Дали за жителите во истата градска четврт ќе може се обезбедат пристојни услови за живот? Дали комуналните и други јавни сервиси ќе можат да ги издржат новите градби?.... Паркингот ќе стане еден од најгусто населените делови од светот По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар и очекуваната уплата на комуналиите, практично останува уште добивањето градежна дозвола, по што ќе започне изградбата на висококатници спроти хотелот „Холидеј Ин“. На потегот кај огромниот паркинг спроти хотелот, во ДУП „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ првично беа нацртани три 60-катници, поврзани со 20-катници. Иако е неспорен јавен интерес, надлежните сега јавно не соопштуваат што точно ќе се гради и како треба да изгледа овој дел на градот. За оваа локација се поврзува и скандалозниот предлог од планерската куќа „Билд урбан“, кој како што пишуваше „Сакам да кажам“ предвидувал изградба на градинка под земја, што децата осум часа би ги оставил без свеж воздух, а инвеститорот би добил повеќе простор за згради и деловни објекти. Според оваа верзија, на локацијата би се граделе шест кули со висина од 25 до 30 катови. Антикорупционерите се интересираа за продажбата Антикорупциската комисија минатата година отвори предмет за продажбата на земјиштето спроти „Холидеј ин“. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска соопшти дека ДКСК утврдила оти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред продажбата на земјиштето издал извод од ДУП во кој не назначил дека планот е под мораториум. Како што информираа од Антикорупциската комисија, планот бил издаден поради наводно решавање на имотно-правни односи, но на истиот тој извод се повикало Министерството за транспорт и врски при продажбата на земјиштето. „Продажбата ја извршило Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува, согласно одлука донесена од Општина Центар за запирање на спроведувањето“, информираа лани од Антикорупциската комисија. Сепак, Државниот правобранител дал позитивно мислење, а од Министерството за транспорт и врски тврдеа дека нема ништо спорно во продажбата. „Отуѓувањето е извршено според законската регулатива. Согласно членот 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела“, рекоа од Министерството за транспорти и врски. Земјиштето спроти „Холидеј ин“ беше продадено во октомври 2018 година, по цена од 19.200 денари (312 евра) за квадратен метар. Тогаш Министерството продаде 9.048 квадрати, кои заедно со земјиште во приватна сопственост, добиено по пат на денационализација овозможија оформување на парцела од над 13.000 квадратни метри. Префрлањето на топката меѓу институциите, одлуката на Уставниот суд и сè поизвесниот почеток на изградба на висококатниците ќе го претворат центарот на Скопје во бетонски монструм во кој условите за живот ќе станат целосно нехумани. https://samoprasaj.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
НЕМА СПАС ЗА ПРОСТОРОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ, ИНВЕСТИТОРИТЕ УПЛАТИЈА 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА КОМУНАЛИИ, ЌЕ ГРАДАТ ТРИ 20-КАТНИЦИ
Сопствениците на земјиштето на просторот кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје наскоро ќе почнат со градење на три згради со катност од 15, 20 и 25 ката. Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Со тоа, сега останува уште инвеститорите да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје, што е на околу 200 метри од Собранието. Инвесторите ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот, и тие барањето ќе го достават врз основа на стариот Детален урбанистички план (ДУП), кој дозволува на овој простор да се градат 60-катници. „Според идејниот проект на инвеститорите, се предвидува искористеност од 83.000 квадратни метри, што е помалку од она што го предвиува ДУП-от, а тоа е 200.000 метри квадратни. Решението е за три згради со деловни објекти, првата на 15 ката, втората на 20 и третата на 25. Сите овие параметри се помали од она што го дозволува стариот план и затоа немаме правна можност да не им издадеме дозвола за градење. Веќе на сила не е мораториумот, Законот за урбанистичко планирање вели дека планот се применува сè додека не се донесе нов. Со тоа, инвеститорот кој е споственик на земјиштето има основи да бара градежна дозвола, а ние мораме да ја дадеме“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Инвеститортите „МГ Фешн“ и Македонската православна црква ќе градат на просторот кај паркингот и делот кон кејот на реката Вардар. Со тоа нема да се реализира идејата на Општина Центар просторот да биде отворен, во средина да има плоштад околу кој ќе бидат зградите без да се затвора делот кон реката Вардар, односно таму да нема згради. На нашето прашање дали се чувствува поразен што Општината е на чекор да даде градежна дозвола и што не успеа во намерата овој план да се поправи, Богдановиќ вели дека генерално биле задржани одредбите за кои тие се залагале и сакале да ги вметнат во новиот план. „Не се чувствувам поразен туку напротив, продолжуваме со работа. И покрај тоа што имавме решенија за суспензија на нашата одлука за мораториум ние донесовме два нови ДУП-ви, така што ќе продолжиме и со останатите планови. За жал, поради одлуката на Уставен суд ќе мораме негде да постапуваме по старите планови, но ќе се трудиме максимално да ги втемелиме заложбите за кои се боревме. И за овој простор генерално се задржани одредбите за кои се залагаме. Многу работи се намалени и скратени од она што го предвидува стариот план. За жал, не успеавме да ја промениме поставеноста на зградите, тоа можевме само со нов план ама имавме проблем бидејќи планерот не постапуваше, го раскинавме договорот и сега ќе бараме нов планер“, вели Богдановиќ. Планот кај „Холидеј ин“ е поделен на три градежни парцели и сега ќе се гради само на едната парцела. Стариот план предвидува искористеност за градба по 200.000 квадратни метри и на другите две парцели. На овие парцели сè уште има повеќе приватни сопственици, парчиња државно земјиште и нема поднесено барање за градење. Богдановиќ се надева дека наскоро ќе изберат друга фирма планер и ќе продолжат со измени на планот за останатиот простор. Сопствениците на просторот кај „Холидеј ин“, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, најпрво располагаа со површина од 4.605 метри квадртани кои ги купија од физички лица и со тоа се стекнаа со 30 проценти од градежната парцела. Потоа во 2018, кога на сила беше мораториумот за градба, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугерески од СДСМ, го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега е приватно и на него ќе се градат три згради. https://sdk.mk/index.php/naslovna/nema-spas-za-prostorot-kaj-holidej-in-vo-srtseto-na-skopje-investitorite-uplatija-2-4-milioni-evra-komunalii-ke-gradat-tri-20-katnitsi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
Порано МПЦ градеше цркви, денес облакодери, озаконети уставно!
![]() ![]() Како што објасни градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, комуналиите на инвеститорот „Обновители“ и МПЦ во износ од околу 150 милиони денари му се пресметани врз основа на идеен проект, и истите се веќе легнати на сметките на Град Скопје и општина Центар, по што ќе следи постапка за издавање на одобрение за градење. Поранешната претседателка на Советот на општина Центар, Јана Белчева вели дека порано МПЦ градеше цркви, денес облакодери, озаконети уставно, додека архитектите бараат организирање на граќански референдум за изгласување на модерен парк на местото каде се планирани облакодерите На повидок е постапка за започнување со градба на висококатниците на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“. На инвеститорот „Обновители“ и МПЦ, Општина Центар веќе му ги пресметала комуналиите врз основа на идеен проект во износ од околу 150 милиони денари кои што се веќе уплатени. Шеесет проценти од комуналиите се за Градот, додека 40 проценти на Општина Центар. – Инвеститорот достави идеен проект кој му беше одобрен од Општина Центар, врз основа на што му се пресметани комуналиите. Поголема сума пари се веќе легнати на сметка на општина Центар и најверојатно тоа се парите од инвеститорот за комуналиите, но сепак, за сигурност во текот на неделава ќе знеме дали се тоа тие пари откако ќе го добиеме извештајот од банката – изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар за весникот ВЕЧЕР. Од Општина Центар велат дека сеуште не е издадено одобрението за градба. – Откако ќе се уплатат комуналиите инвеститорот е должен да ја обезбеди потполната документација потребна за издавање на одобрение за градба, па дури потоа тој ќе треба да аплицира за одобрение за градба – објаснуваат од Општина Центар. Поранешната претседателка на Советот на општина Центар, Јана Белчева вели дека порано МПЦ градеше цркви, денес облакодери, озаконети уставно! После повеќе од три години посветени до максимум околу небулозите со парцелата наспроти „Холидеј Ин“, еве до каде стигнаа „ Обновители“. Честитки за МПЦ и Зоран Антиќ, за советниците кои во 2012 година го гласаа ДУП-от, за Уставен суд, Горан Сугарески и Државното правобранителство, за општина Центар, секако и за сегашниот министер за транспорт и врски Бочварски, за планерска куќа „ Билд Урбан “, секако честитки и за сите инволвирани кои „ се бореа “ за спас на „Урбанистичкото убиство“ на Скопје, честитки и за Град Скопје. Јавно го повикувам архитектот Мартин Пановски кој го има сработено идејното решение кое му е одобрено од општина Центар да го елаборира – граѓаните заслужуваат да знаат што точно понудил како решение – вели Белчева. Уставен даде амин за градење на 60-катниците ДУП „Мал Ринг“ донесен во 2012 година сега е на сила откако Уставниот суд го укина мораториумот за градење кој беше воспоставен од Општина Центар, опфаќа простор од околу 8,7 хектари кој е поделен во четири парцели. При тоа, на трите парцели се предвидени висококатниците, односно згради со приземје и 60 ката, додека на средината ќе биде плоштад. – Според планот предвидени се две намени: А1 домување и комерцијално деловни објекти, односно трговски центар – потенцираат од Секторот за урбанизам во Општина Центар. Од Секторот за урбанизам во Општина Центар велат дека веќе го раскинале договорот со планерот кој во неколку наврати одбиваше да ги спроведе забелешките во планот за кој имаше обид да се ревидира и не стигна на одобрување пред советниците. – Планерот континуирано го нудеше истото решение, не направи никаков обид да се смени концептот – потенцираат од Секторот за урбанизам во Општина Центар, додавајќи дека Комисијата барала поголемите групации на земјиште во сопственост на државата да се изземат од градежните парцели и да се предвидат со намена Д1 – парковско зеленило, но и да се предвидат пропратни содржини соодветни на предвидените намени, како што е на пример градинка која им била понудена под земја. Инаку, според ревидираниот план за „Мал Ринг 1“ кој не стигна да биде донесен на седница на Советот на Општина Центар, а во меѓувреме беше укинат мораториумот за градење, наместо 60 катници, беа предвидени вистински кули кои требаше да бидат со помал габарит од претходно предвидените, односно требаше да бидат тесни и високи, а две од нив да имаат 20 ката, една 25, една со 30 ката и една највисока со 35 ката. Референдум за нов централен државен плоштад кај „Холиден Ин“ Поранешната претседателка на Асоцијата на архитекти, Даница Павловска – Циги вели дека од направените споредбени податоци на ДУП-от со оние параметри на ГУП-от на Град Скопје, се гледа дека е далеку пробиено, што е упад во системот. -Таквото нешто е атак на градот, а ние имаме право на град како граѓани. Токму затоа јас ги поттикнувам оние не само што се одговорни како професионалци, тие секако и пред сопствената совест и пред јавноста се одговорни, меѓутоа граѓаните да застанат да си го бранат интересот. Градот ни го узурпираат оние кои се полни со незнаење и користољубие. Не смее да се дозволи такво нешто. Граѓанинот може да го дигне гласот, ако има капацитет како граѓанин, ако има осет за своето опкружување и одговорност кон генерациите што доаѓаат – вели Павловска. Таа предлага референдум со електронско гласање за паркиралиштето пред „Холидеј Ин“ да стане јавен простор – нов централен државен плоштад. Да ја тестираме и локалната и државната власт – колку е со граѓаните. Мора да делуваме, разумно, веднаш, итно – вели таа. Павловска предлага да се донесе нов урбанистички план за тој простор или пак, да се почека новиот Генерален урбанистички план кој е во изработка, бидејќи ако се гради според параметрите на актуелниот ГУП, се прави страшно зло. Антикорупциска: Сметаме дека постои многу висок ризик од корупција Првиот антикорупционер Билјана Ивановска смета дека постои многу висок ризик од корупција затоа што иницијативата за укинување на мораториумот, Уставниот суд експресно ја реши, со тоа го врати стариот план во употреба тој од 2012 година каде се дефинирани огромни згради. Пред две години кога Уставниот суд ја прифати иницијативата за укинување на мораториумот, тогаш ние отворивме предмет и доставивме барање до Уставниот суд да ни каже зошто добила таа иницијатива приоритет. Уставниот суд тогаш кажа дека тоа било негово право да прави така и преку ред да ги зема и одлучува по предметите. Сметаме дека тука постои многу висок ризик од корупција затоа што оваа иницијатива за укинување на мораториумот Уставниот суд експресно ја реши, со тоа го врати стариот план во употреба тој од 2012 година каде се дефинирани огромни згради. Од друга страна експресно се продаде земјиштето. Работејќи го тој предмет ги утврдивме начините како се продал. Земјиште кое се уште е во процес на денационализација е продадено од страна на државата. Законот вели ако имате 30% ваше земјиште, 70% може да го окрупните, тоа е законска корупција – ВРВ и на тоа капак – Уставниот суд – коментира Ивановска во емисијата Што не е јасно. Според неа, потребен е граѓански притисок затоа што, како што вели законот дава можност да се суспендира ДУП-от кој што не е во согласност соп ГУП-от, зошто тоа не е направено. – Овој ДУП – Ц08 што екај „Холидеј ИН“, 8,8 пати го надминува ГУП-от. Во Скопје, котлина, трусно подрачје, не треба да сме архитекти за да знаеме дека не треба да се прави. Ја поддржувам идеата на поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти која вели дека граѓаните треба на референдум да се изјаснат и мислам дека тоа е решение во случајов, затоа што не функционира системот – потенција Ивановска. https://www.vecer.press/порано-мпц-градеше-цркви-денес-облако/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
Ново Скопје 2024, бетонски „чудовишта“ среде Скопје? Општина Центар не може да ги спречи
https://mk.tv21.tv/novo-skopje-2024-betonski-chudovishta-srede-skopje-opshtina-tsentar-ne-mozhe-da-gi-sprechi/ |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 215 |
![]() ![]() |
Dali e mozno sprema uplatenata suma na komunalii da se aproksimira goleminata na objektite? Iskreno se ispod 30 spratovi e dosta prifatlivo i bi se vklopilo vo okolinata. Poveke od toa bi strcele premnogu. 40% zelenilo bi znacelo zgolemuvanje na zeleniloto so ogled na toa sto sega se e asvaltiran parking.
|
|
![]() |
|
Шарла ![]() Newbiе ![]() Joined: 06-Apr-2021 Online Status: Offline Posts: 13 |
![]() ![]() |
60 КАТНИЦИТЕ БИЛЕ БЕТОНСКИ И ЛОШИ а овие сега 20 катниците ќе бидат од трева и цвеќиња и ќе бидат пренајпреубави.
![]() Вака да се хисеризираше за 6 катници и кинески ѕидови што никнуваат на секој чекор до сега Скопје на град ќе личеше. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 760 |
![]() ![]() |
А што стана со подземниот коридор што требаше и подземна станица за ЛРТ трасата да содржи. Или тоа е исфрлено уште при промената од НБРМ - Партизанска во НБРМ - Влада?
Во ДУП-от сеуште стои. Има некој новинар или „експерт“ оваа тема да ја отвори? Барем некое решение како со Лимак требаше да предвидат. Edited by <Fresno> - 12-Apr-2021 at 15:22 |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 266 |
![]() ![]() |
Нема да се гради над коридорот предвиден за тунел, се гледа дека е резервиран тој простор покрај кејот за инфраструктура.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
ЈАВНОСТА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПАРКИНГОТ НАСПРОТИВ „ХОЛИДЕЈ ИН“
https://www.24.mk/details/javnosta-vo-ischekuvanje-shto-kje-se-gradi-na-parkingot-nasprotiv-kholidej-in |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9706 |
![]() ![]() |
Намалениот габарит не е оправдување за висококатници кај „Холидеј Ин“
Визуелизација на планираните објекти спроти „Холидеј Ин“ според параметрите коишто ги потврдија од Општина Центар. На локацијата е предвидено да се градат три згради од 15, 20 и 25 ката. Височината на некои од објектите изнесува 80 метри. ![]() https://samoprasaj.mk |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 760 |
![]() ![]() |
Подземна траса пишува на сред парцела. |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2529 |
![]() ![]() |
На местово треба да има или парк, или кластер среднокатници ко Соравија и Х Ин, или 4-5 облакодери. Парк тешко да има, па остануваат двете други пожелни алтернативи - а ако сега се забранат висококатници најверојатно во скора иднина би никнале 7-катни брбушки со лимено поткровје. Сеопшта бука за ова, а за Маџир Маало кое се уништи наместо или да се конзервира како етно-историско маало во центар или да се претвори во деловен центар со 5-6 згради ко НБРМ ретко кој се буни. Ама висококатници на место на асфалт сред центар ќе имало, многу страшно. Камо и во Маџир Маало и Ново Маало отаде булеварот да беше „катастрофа“ како овде.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Online Posts: 12292 |
![]() ![]() |
Тоа е стар шински коридор за трамвај што бил зацртан во во ГУП-от од 1985 и продолжил да биде прецртуван во иднина (го имаше во ГУП-от од 2002, а за 2012 не сум сигурен). Така некако нашол пат и до ДУП-ов, ама чисто формално. Во реалност тој коридор е напуштен од поодамна, а подземната траса во овој реон е релоцирана покрај кејот. Според мене сосема оправдано, бидејќи Аеродром во меѓувреме се оформи така што нема никаква логика ЛРТ или БРТ да се движи по улица Симеон Кавракиров, како што беше предвидено со овој стар коридор. Edited by Cloverstack - 12-Apr-2021 at 19:18 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 24252627> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |