build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Облакодери во Скопје (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Облакодери во Скопје (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 13-Jan-2008 at 14:36
ja mislam deka na skopje ne mu trebaat zgradi povisoki od 30 sprata duri i toa e visoko ,nesto slicno na bizniscentarot vo bosna t.e bliznackite tie se po 40 sprata mislam, ali ovie od 60 sprata se kacija na 160 koj znae sto ke se desi za nekolku godini 
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 13-Jan-2008 at 14:53
@ shyes & mitatos

Јас сум генерално за одење во висина каде што тоа се може и е прикладно. Мислам дека за до 50-тина спрата не би ни требало многу да се дебатира на таа тема. Дај боже да има заинтересирани инвеститори... Ама тоа е моментално убедливо најтешкиот дел.

На плановите на Кирил & Co. мислам не треба да им даваме никаков значај. Може само да се мајтапине со нив. Дечките се забегани а плановите им се надвор од реалноста. Можеби оној проект на владата за кај Холидеј Ин има каква-таква сериозност, но дури и тоа е подолгорочен план. А таа локација ми е и најпрокладна. Од таму се до транспортен центар душа дава за higrise cluster Thumbs%20Up


Edited by Cloverstack - 13-Jan-2008 at 14:54
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 13-Jan-2008 at 22:41
А јас мислев тие двата криви облакодера што ги иаме на рендери се аздисување.... Ова е нечуено, ни се смее светот.

@Cloverstack: Дефинитивно highrise cluster е многу подобро од шупа-cluster, на таа локација покрај транспортниот центар. Мора да земам фотошоп и да монтирам облакодери да видам како би изгледало се тоа. Го има некаде да се даунлоадира?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 14-Jan-2008 at 00:13
Blahblah

Кулите од 160 ката се научна фантастика за Скопје


Изградбата на кулата „Бурџ“ во Дубаи

Облакодери со сто и повеќе ката можат да градат многу малку градежни оперативи во светот

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА
БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА

Научна фантастика, апсурден урбанистички екстремизам, визија создадена од незнаење или, пак, пуста желба за медиумска реклама. Вака некои стручни лица и поголем дел од јавноста го коментираат проектот на Општина Аеродром да гради три сто и шеесеткатници. И авторот на идејата, градоначалникот Кирил Тодоровски, свесен е дека таа е утопистичка, но, сепак, смета оти е реално изводлива и претставувала предизвик за развој на европска општина.

Токму општинските и градските власти треба да се занимаваат со реални нешта и, пред се', со решавање на секојдневните комунални проблеми во кои Скопје се' уште недозволено се задушува, а не енергијата да ја насочуваат кон нереални проекти, коментираат некои.

„Не ни е потребен екстремизам, треба да постои поголемо достоинство и скромност кај надлежните, во случајов кај Општина Аеродром. Недозволиво е таа сега да не' насочува на дискусии за проект што е создаден од несериозност, а можеби и од желба за саморекламирање“, вели архитектот Минас Бакалчев, според кого Скопје првенствено треба да ги реши елементарните проблеми со кои се соочува, почнувајќи од јавниот превоз, па се' до хигиената.

Ако, пак, за некои е приоритетен урбанистичкиот развој, за пример, посочува Бакалчев, треба да се земат градовите што ни се блиски од секој аспект, како што е Љубљана. „Незамисливо е да се споредуваме со Дубаи, кој е неколку светлосни години помоќен од нас, првенствено гледано од економски аспект, па натаму“, додава Бакалчев. Тој се сомнева во изведбата на планот на општинарите и се надева дека некој помоќен во старт ќе им ја пресече футуристичката визија за јавноста непотребно да не се фокусира во таа насока.

Скептик за вториот Менхетен во Скопје е и директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, д-р Михаил Гаревски, иако вели дека за оваа научна фантастика, гледано од сеизмички аспект, изведбата на облакодерите е изводлива.

„Кога може облакодери да се градат во Токио и во Сан Франциско, каде што сеизмолошката активност е многу посилна отколку во Скопје, тогаш нема зошто да не може да се гради и овде. ИЗИИС може да проектира без проблеми такви објекти, опфаќајќи ги потребните параметри за сеизмика, ветер и слично. Би гарантирале за нивната издржливост, но проблеми ќе се јават отпосле, во однос на организацијата на облакодерите, на пример, заштита и реакција при евентуални пожари, поставување, функционирање и одржување на лифтовите. Тоа се многу посложени зафати отколку на вообичаено високите градби“, вели Гаревски. Тој проценува дека изведбата на еден таков објект сигурно би чинела 3-4 милијарди долари.

Според неговите сознанија, македонската градежна оператива досега немала искуство во изградба на такви објекти, а мал е бројот и на оперативите воопшто во светот кои граделе вакви облакодери. Ова го потврдуваат и градежниците кои потенцираат дека за изведба на такви комплексни градби е потребна специјална механизација и дополнителна обука на оперативата.

Градежниците укажуваат дека секоја поголема катност на објектот создава свои проблеми. Потенцираат дека по земјотресот во Скопје важел норматив според кој не се граделе објекти повисоки од 21 кат, па затоа во Скопје и нема повисоки облакодери. „Иако сега е сосем ново време, има нова технологија, нова опрема и се' може да се изведе. Ништо не е неизводливо само ако некој има доволно пари да плати таква опрема, ние можеме да градиме, за нас нема да претставува проблем“, велат од една од најголемите наши градежни компании.

Иако засега не ја коментираат футуристичката идеја на Аеродром, оти се' уште не им е доставена на хартија, голема е веројатноста облакодерите на Тодоровски да ја доживеат истата судбина како и владините стокатници во Центар, за кои Градот даде негативно мислење, односно достави 15 забелешки. По претпоставка дека урбанистичкото решение за сто и шеесеткатниците ќе биде слично на стокатниците, од Градот неофицијално како нерешено ќе го постават прашањето за инфраструктурата.

За да се реализира таков утопистички проект во Аеродром, и воопшто во Скопје, потребна е комплетно нова инфраструктура, бидејќи постојната не ги задоволува ниту сегашните потреби, а не, пак, за сто и шеесеткатници. Една од забелешките поради кои Градот најверојатно негативно ќе се изјасни за облакодерите е тоа што нема да може да се реши прашањето во однос на безбедноста во случај на пожар. Скопската противпожарна бригада е опремена за интервенции до 14. кат.

Градот Скопје финансиски е немоќен да ја изгради инфраструктурата оти таа, како за споредба, за стокатниците било проценето дека ќе чини 170 милиони евра.

Инаку, идејата за сто и шеесеткатниците е во процедура за ставање во урбанистичка рамка, која се' уште не е стасана на разгледување до надлежните инстанции. Според градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски, трите облакодери во кои би инвестирала странска компанија би имале комерцијално-станбена намена, а би се изградиле на просторот измеѓу бензинската станица „Макоил“ и комплексот на касарната „Гоце Делчев“. За реализација на проектот ќе треба да се менува и Генералниот урбанистички план на Скопје.



Извор: Утрински весник
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 14-Jan-2008 at 00:39
Текстов не кажува нешто што не го знаевме. Освен тоа дека нашата противпожарна бригада е опремена за интервенции до 14 кат, тоа е шокантно да се чуе. Криво ми е што детските фантазии на Кире ја разбрануваа јавноста, навистина не требаше да се обрнува внимание на вакви абсурдни идеи. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-Jan-2008 at 06:59
Абе и некои од критичарите на проектов ми изгледаат изгубени... Каква врска има тоа што противпожарната бригада може да интервенира до 14 кат? Па зарем ако се обистини визијава на Кирил и се изградат згради од по неколку милијарди евра, нема да се внимава на противпожарна заштита? Всушност каде во светот пожари на 100-ти спрат се гасат со противпожарни возила? Crazy

Или па она со инфраструктурата... Па каде на светот има готова комплетна инфраструктура што стои така и чека евентуално некој да изгради 160-катница? Crazy Секогаш тие работи одат паралелно... Кога некој ќе реши да гради облакодер, ја решава и инфраструктурата.

Арно уште не се јави Трифун со неговите стравувања дека Скопје ќе стане мета на Ал Каеда Crazy

Знам дека ова се банални работи, ама зборов ми е дека кај нас фали осет и за жал преовладуваат некои наивни детски сваќања дури и кај надлежните. Токму од таму потекнува и ова глупирање со вакви најави како на Киро...

Овие облакодери нема да се изградат не ради инфраструктурата или противпожарната бригада, туку едноставно затоа што Скопје апсолутно нема капацитет да привлече таква инвестиција. И тука треба да заврши приказната. Луѓето треба да се доволно зрели да не им обрнуваат внимание на „визиите“ на Кирил, освен ако не сакаат да се пошегуваат во врска со тоа.

А Дубаи... Во Дубаи моментално владејат бројни екстремно специфични услови кои го дозволуваат тоа што се случува таму на градежен план. Тоа не можат да си го дозволат ниту Токио, ниту Њу Јорк ниту било кој друг во моментов...
А ние во Скопје да се спуштиме малце од облаци и да гледаме прво да изградиме нешто над 10 спрата, зашто и такво нешто одамна немаме изградено Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 14-Jan-2008 at 08:04
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 28-Jan-2008 at 22:48
Хехехе абре луѓе овие стокатници нема да светнат ни за 50 години од сега. Мислам јас не знам не ни е завршена предвидената патна инфраструктура имаме други проблеми, па најмалку кој мисли за овие стокатници. А тешко и дека ќе ја достигнеме Russia Tower(612м) во Москва  
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 28-Jan-2008 at 22:52
Originally posted by Cloverstack

http://vest.com.mk/default.asp?id=143408&idg=7&idb=2220&rubrika=Makedonija


ЗАГЛАВИ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ "МЕНХЕТН ВО СКОПЈЕ"
Костовски не му дава стокатници на Груевски
"Кога успеаја Близначките во Њујорк да ги турнат, тероризмот веќе не гледа каде напаѓа, тој бара само жртви. Јас не сакам моето Скопје да ја има истата црна судбина на Њујорк", вели Костовски, (Е.А.)


 
хухуху абре Костовски прво близначките си ги урнаа самите Американци, второ ние немаме кеш ни за семафори а не за стокатници Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 28-Jan-2008 at 22:54


ете гледаш дека е корисно да се дискутира за облакодериве, како друкчие ќе ги документираме овие бисери на Трифка LOL
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 28-Jan-2008 at 22:56
Originally posted by La Linea

Да се изгради ваков објект, со вакви димензии, со денешните градежни материјали, и со буџет на една Општина Аеродром(алоо еј!) + донации (кој, цел буџет на Дубаи?!) не само што е невозможно, туку е и мегаломански и нескладно со околината...    
Па кога општината ти ја води некој морж како Кирил Тодоровски, тоа ти е...
 
хахахахаха Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile
NutsNutsNutsNuts
САМОУБИСТВО!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 16-Mar-2008 at 21:08
Ова можеби е за во урбано дивјаштво ама ај...

Читам сеа нели дека ДУПот е изменет за центар за стокатниците кај холидеј ин.. и сеа тука пишува дека и во аеродром ДУПот е изменет за кај касарната да има исто 3 стокатници??

Извинете ако е дискутирано веќе на темава но мислам дека не е

Општините Центар и Аеродром ги менуваат Деталните урбанистички планови за да можат да ја реализираат идејата за изградба на шест стокатници во градот. Три од облакодерите ќе се градат на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“, а другите во близина на касарната „Гоце Делчев“ во Аеродром

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1344&ArticleID=86866


Edited by ProMKD - 16-Mar-2008 at 21:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 16-Mar-2008 at 23:03
Па не е баш за у дивјаштво, поише за у урбанистички планови Smile

Инаку и плановите и стокатниците се дискутирани, не си разлистал доволно LOL
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 17-Mar-2008 at 00:02
Тоа за дивјаштво беше шала LOLCheers
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-Mar-2008 at 00:05
Што сте бе па вие толку против 100-катници. Јас Скопје во иднина го гледам токму вакво!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 17-Mar-2008 at 00:12
Мислам повеќето од нас не се против облакодери, туку против дилетантскиот однос на оние што као ги „планираат“. Да се „планира“ може сешто, ама реализација е друга работа. Види го само насловот во Време, од текстот што го посочи ProMKD:


УСВОЕН НОВИОТ ДУП НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Изградбата на стокатниците од иднината може да почне


Nuts

Демек ние го решивме главниот проблем (усвојување на некој ДУП со сомнителен квалитет), и еве уште утре може да почне да се гради... Финтата е што вака не размислува само некоја си новинарка, туку и надлежните.

Еве уште еден интересен детал од текстот:
Инаку, и општината Аеродром предложи слична иницијатива за изградба на облакодери. Два од сто ката и еден од шеесет.


Малце чуден концепт, ама у резонот на Киро боље да не се мешам Crazy
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 17-Mar-2008 at 00:16
Упс, преместени се постовите :P Јас пак на вести лупнав, ај ќе избришете..

Него ја не сум против стокатниците да беше можно да ги пополниме... МРТВ седи полу празно, а со што ќе ги наполниме канцелариите од +/- 600 спрата??
Back to Top
SkaNdErBeG View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SkaNdErBeG Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 19-Apr-2008 at 20:15
any news regarding skyscrapers in Skopje?


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 19-Apr-2008 at 20:20
nothing specific skanderbeg. just chit chat, hypothetical scenarios etc. 
Back to Top
SkaNdErBeG View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SkaNdErBeG Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Apr-2008 at 20:26
it all starts with chit chat

but most importantly, does the regulation plan for a specific zone in Skopje allow such developments to happen?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 19-Apr-2008 at 20:29
Originally posted by SkaNdErBeG

it all starts with chit chat

but most importantly, does the regulation plan for a specific zone in Skopje allow such developments to happen?


that's the only breakthrough. The regulation plan is changed but as we discussed in this thread we are dissatisfied with the location (the holiday inn parking lot). The infrastructure there just can't cope with projects of that magnitude.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.123 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.