build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вагони

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 02-Nov-2013 at 18:20
Originally posted by BOJAN

Originally posted by Andrej_LJ

За колкава макс. брзина се конструирани овие вагони? Има ли МЖ вагони стандардизирани за меѓународен сообраќај?



Морам да признаам дека Колска-Велес прави потемелна и поквалитетна реконструкција, ако од никој друг, барем од српските ремонтери и нивните „обновени“ вагони. Сепак, МЖ-Транспорт треба да смогне сили овие вагони барем неколку месеци да останат во ваква состојба, односно да се ОДРЖУВААТ.

Андреј, максималната брзина на македонските вагони е 120 или 160 километри на час. Конкретно, максималната брзина на овие два вагони е 160 км/ч и тие се стандардизирани за меѓународен сообраќај и би можеле да сообраќаат на цел Балкан се` до Австрија и централноевропските земји, понатаму и брзините на возовите се поголеми. Инаку, овие вагони се произведени на крајот на 80-тите години, а има и дел од нив што се набавени во 1991 година.


Хм, значи вагониве се релативно нови. Не сум знаел дека тогаш се доставени.
Една молба на која веројатно не и е тука местото: може ли да се направи список на целиот подвижен состав на МЖ. Број на ел./дизел локомотиви, патнички вагони и ел./дизел моторни возови кои моментално се во возна состојба или се планира набрзо да станат такви?


Edited by Andrej_LJ - 02-Nov-2013 at 18:21
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 02-Nov-2013 at 18:26
Колку што знам јас,имаме само 13 патнички вагони
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 03-Nov-2013 at 02:42
Originally posted by gjoko

Колку што знам јас,имаме само 13 патнички вагони


Нема теорија да се толку малку вагони, можно е да има 15-тина вагони кои во моментов се исправни и возат, ама имаме барем уште толку што не сообраќаат или се во Колска на поправка. Дополнително му доаѓаат кушет и спалните вагони.

Целосна листа на возниот парк е многу тешко да се направи. Сепак, ако сакате да знаете барем дел, тогаш ја препорачувам www.vagonweb.cz, во делот за МЖ ги има горе-долу сите вагони и нивниот број.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 03-Nov-2013 at 04:25
13 беше официјалната бројка во моментот кога го прочитав негде,но не се сеќавм точно каде.А и поминаа неколку години од тоа,но мислам дека немаме прикупено вагони,единствено ако е нешто реконструирано од тие што дотогаш не биле во погон
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 03-Nov-2013 at 12:22
Има 23-24 вагони кои што се моментално во сообраќај...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 03-Nov-2013 at 13:53
не е лошо.Јас го паметам периодот во почетокто на 90-тите кога за Кичево се праќаа како сега два вагони и два вагони-дилижанси.Уште шешири и ласо требаше,и каубојски филм слободно можеше да се снима
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 19-Dec-2013 at 00:13
МЖ-Транспорт ќе добие 150 нови словачки товарни вагони

За товарните вагони ќе бидат искеширани 13,2 милиони евра, а министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески најави дека подновување ќе има и во патничкиот превоз, бидејќи во тек е набавка и на шест нови патнички гарнитури

"Македонски железници - Транспорт" го подновува возниот парк со нови 150 товарни вагони. Инвестицијата тежи 13.208.750 евра која всушност претставува набавка на 75 отворени вагони за превоз на растресита стока (руда и јаглен), како и исто толку плато вагони за превоз на контејнери, производи од метална индустрија...

Вагоните ќе бидат набавени од словачката компанија ЖОС-Трнава со која вчера беше потпишан договор кој предвидува првата пратка од 10 вагони да пристигне за 40 недели од почнувањето на важноста на договорот, по што следи динамика на испорака на секои четири недели за преостанатите вагони. Испораката на сите 150 товарни вагони се очекува да заврши за 52 недели.

- Со набавката на вагоните, како едно од главните барања на компаниите МЖ-Транспорт ќе ги зајакне капацитетите и ќе може да одговори на сите идни предизвици за поефикасно превезување стока - рече на потпишувањето на договорот, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој најави дека подновување ќе има и во патничкиот превоз бидејќи во тек е набавка и на шест нови патнички гарнитури за што се очекува во јануари да заврши евалуацијата и на финансиските понуди.

Директорот на МЖ-Транспорт, Оливер Дерковски истакна дека набавките се прв чекор за промени во железницата по повеќедеценискиот застој во инвестирањето.

- Од пролет 2015 година Македонски железници ќе имаат комплетно обновен возен парк - рече Дерковски кој напомена дека со оглед што за набавка на товарните вагони биле предвидени 15 милиони евра, но е избрана понуда со понизок износ, со преостанатите пари ќе се изврши набавка на уште 20 вагони.

МЖ-Транспорт располага со вкупно 950 товарни вагони во возна состојба, а двата типа вагони што сега се набавуваат, според Деркоски, се едни од најискористуваните, особено отворениот со кој се носат растресити стоки.

Повеќе на http://vecer.mk/?ItemID=15A029DC02F3FC4C98E9C24B62ABE57E
За сè има вторпат
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 14-May-2014 at 16:08
Железничка станица Скопје Југ...14-05-2014...Трансформатор за МЕПСО...













Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 31-May-2014 at 09:19
Класика... Никој ништо не знае што се случило со два вагона. Да се играчки, па да поверуваш. Но вака...

ИСЧЕЗНА „ОРИЕНТ ЕКСПРЕС"

Двата вагона кај Музејот на Град Скопје ги снема. Тие со години претходно беа претворени во ресторани, кои го носеа името на историскиот воз „Ориент експрес", кој сообраќал од Париз до Истанбул од 1883 до 2009.

На нивното место сега има градилиште.

Од "Македонски железници - Транспорт" велат дека немаат никакви информации за тоа каде се наоѓаат вагоните сега.

"Кај Старата железничка станица имаше два вагона, кои ги снема. Тие се викаа 'Ори­ент експрес', но не се од тој воз. Тие се наши стари вагони кои му ги дадовме во сопс­тве­ност на Музејот на Град Скопје. Но откако таму почна да се гради, не сме ги ви­де­ле ниту, пак, сме добиле некаква информација каде се наоѓаат", вели Јовица Тра­ја­нов­ски, портпарол на "Македонски железници - Транспорт".

Љу­би­ца Кондијанова, директорка на Музејот на Град Скопје, вели дека нема по­да­то­ци каде се однесени двата вагона, оти тие веќе не биле во сопственост на Музејот.

"Со одлука на Влада во 2004 година, дуќаните и сите околни објекти кај Музејот беа пре­зе­ме­ни од Министерството за транспорт и врски. Оттогаш вагоните не се во на­ша сопственост. Што се случува со нив сега, ние немаме информации", рече Кон­ди­ја­но­ва.

Од Министерството за транспорт и врски вчера не добивме изјава каде се наоѓаат ва­го­ни­те, кои со години беа симбол на легендарниот патнички воз кој ја поврзувал Ев­ро­па со престолнината на Османлиското Царство.
Вла­ди­мир Петков, љубител на возови, кој сега подготвува книга за историјата на во­зо­ви­те кои поминувале во Македонија, вели дека овие два вагона завршиле на от­пад.

"Си­гу­рен сум дека тие се фрлени, оти кога на нивното место почна да се гради, има­ше големо расчистување. Неколкупати сум побарал од надлежните во Музејот да ми кажат каде отидоа вагоните, но тие не знаеја да ми кажат. Кусо ми одговараат де­ка немаат информации за нив", вели Петков.
Зав­че­ра се одбележаа 131 година откако возот "Ориент експрес" почнал да со­об­ра­ќа на линијата Париз - Истанбул, но во Скопје немаше ниту вагони ниту ма­ни­фес­та­ци­ја.

Во­зот "Симплон - Ориент експрес", кој поминувал низ Македонија, сообраќал на ре­ла­ци­ја­та Кале - Париз - Милано - Венеција - Загреб - Белград - Ниш, еден дел се дво­ел за Истанбул, а други за Скопје и за Атина.

http://www.vest.mk/?ItemID=833C293AFBE0E842B59998213692E8C1
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 31-May-2014 at 11:35
Ова е нашиот Владимир во погорниот пост.Штета што се откажа од форумов
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 31-May-2014 at 18:10
Македонија, каде никој нема информации за ништо, никогаш.... чудесна земја
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 22-Jul-2014 at 16:36
Со ваков вагон се возат не само домашните патници на релација Скопје-Битола и обратно, конктретно на речиси секоја линија до Битола и назад има десетина странски туристи. Среќа што има што да видат во Битола, па разочарувањето не е максимално.


А еве го грчкиот вагон на релација Београд-Солун и обратно. Кога стигна у Велес, сите патници се качија у овој нормално. Се доплаќа 22 денари зашто е "експрес", али барем има клима и не смрди на железо.






Е има разлика, има разлика, али кој да препознае

23ka.wordpress.com
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 23-Jul-2014 at 22:53
Овде разликата е што во Грција патниците знаат да го сочуваат тоа што е наменето за нивно добро а кај нас одредени идиоти од патниците ги пустошат купеата...Дали мора со кондури да се гази на седиштата? Дали мора со нож да се сечат тапацирите од седиштата? Дали мора да се чкрта со пенкала и маркери по седиштата и ѕидовите и ентериерот на вагоните? Дали мора да се крадат завесите? Не може железницата толку да обновува колку што можат идиоти да уништуваат...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 24-Jul-2014 at 09:22
Ќе се сложам и со двајцата. Најпрво, по четири децении во сообраќај, нашите вагони и не можат да изгледаат во поинаква состојба, освен ако не се направи целосна реконструкција на начин како што ја направија Хрватите, ама тогаш цената би изглегла како да сте купиле нов вагон.

Второ, не е спорно дека постојат кретени кои се одговорни за оваа состојба. На пример, кога се враќав од Прилеп минатата недела некој кретен успеа да ја повлече рачката за кочење во еден од вагоните.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 24-Jul-2014 at 15:41
Веројатно цел живот ќе го повторувам муабетот кој го добив у Словенија. Негде 4 сабајле Љубљана беше као торнадо да поминало, толку ѓубре верувајте ни ние не сме способни да фрлиме на плоштад. Имало некоја забава и сите фрлале доле. У 12 саат, немаше камче на улиците и плоштадот а не пак ѓубре. Уз муабет со локалците, као демек зашто сте толку чисти, ми дадоа еден сосема очекувам одговор: Ние прљаме и градови и села и коа идеме на пикник, али ние не можеме да испрљаме онолку колку што државата може да ичисти.
Лекцијата е јасна. Секаде, буквално секаде, дали Чешка, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија, Белгија, Луксмебург и дрУги држави каде сум патувал со воз, луѓето фрлаат ѓубре, ги оштетуваат возовите, ама штом се забележи оштетување, истото веднаш се средува, а вагонот на последната станица одма се чисти. Така да никој не може да ме убеди дека ако МЖ редовно ги реновира вагоните, ги чисти на секоја последна станица, дека истите ќе изгледаат вака оштетено и одвратно.
Едноставно ако двајца денес го оштетат вагонот и истиот одма биде среден, за месец дена само еден ќе се осмели да го оштети зашто на другиот срам ќе му биде. Плус, ако редовно се чистат возовите, ако се климатизирани и ако МЖ ви дава удобност, а не пуштаат карти на кило па после луѓето се гушат по вагони, е тогаш гарантирам дека ниту ќе бидат толку многу уништувани возовите, ниту истите ќе бидат така прљави.
Секаде има вандали и примитивци, ама има и земји чии претпријатија добро знаат која им е работната задача. Е кај нас тоа не се знае. Штом машиновозачите и кондуктерите пушат внатре, а никад не сум забележал хигиеничарска екипа да влезе ниту во Скопје, ниту на последните станици во Битола и Гевгелија, или некад Велес, ондак за очекување е да има девијантни појави.
Или еве прост пример, зошто вандалите наши не го уништат грчкиот вагон? И ако ништо други, Грците се далеку од одговорни личности, особено за имот кој е во државна сопственост. Доволно е да ѕирнете неколку видеа со навијачи и као се  понашаат у сали или надвор на улици и ќе ви стане јасно
23ka.wordpress.com
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 985
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 24-Jul-2014 at 19:16
Добро кажано Добра метафора со ѓубрето. Германците па се уште позабегани, тие ги затвораат сите железнички на два-три часа за потполно чистење секоја вечер. За нивните возови не треба ни да кажам нешто.

Не може сите наши претпријатија да се вадат на изговори дека не можеле да постигнат. Факт е дека вагоните се пред распаѓање и плачат за нови, а тоа не се криви само граѓаните, совесни или несовесни. Не може нешто што потекнува од пред 30-40 години, а во изминативе 15 години не е пипнат со рака да изгледа добро и да вика претпријатието дека граѓаните требало да ги чуваат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 06-Aug-2014 at 22:27
МЖ - ИНФРАСТРУКТУРА


Активиран хемискиот воз


По цели 15 години јавното претпријатие МЖ - Инфраструктура" го активира и го стави во употреба хемискиот воз. Тој се состои од неколку вагони опремени со прскалки под притисок, кој се движи по пруга и распрскува хемиско средство кое ја уништува вегетацијата на колосекот и покрај пругата.
- Оваа инвестиција е во вредност од 30.000 евра сопствени средства и ќе придонесе за чистина на колосекот, подобрување на видливоста и намалување на опасностите од пожар на пругата и покрај неа - велат од МЖ - Инфраструктура". (С.Бл.)

http://www.vecer.mk/?ItemID=91DD447F3FC5084BB84BCEFBAC433FB1
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 07-Aug-2014 at 13:36
Јас често се возам на релација Скопје Штип и мора да кажам на возовите се вози секаков народ. Тоа е човек да се крсти со лева рака. Мислам дека железници треба да си вработат луѓе што освен кондуктер ќе биде и нешто +.Неможе да се качуваат пијаници и дрогираши па јас да се мислам дали ќе останам жив до дома.Треба да постои некаков ред. Точно дека се е оставено на вољата на патниците. И една работа не разбрав зошто шпанецот кој се обраќа на релација Скопје Штип не е реновиран? На вести се утепаа давајќи го едниот од тие што има и телевизор и слично. Јас никогаш не сум го видел тој
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 08-Aug-2014 at 21:53
Originally posted by avijacijamk

И една работа не разбрав зошто шпанецот кој се обраќа на релација Скопје Штип не е реновиран?


Шпанецот сообраќа, а не е човек да се обраќа
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 10-Aug-2014 at 15:11
Еве само поткрепа на тоа што го збори N23 во горниот пост.


миа.мк

Edited by jyvation - 10-Aug-2014 at 15:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.