build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Од регионот (општо)
    Posted: 27-Jan-2009 at 23:34
Поради мојата пуста и огромна желба, мојот роден град Скопје да има метро (за кое што сум свесен дека нема ни потреба ни можности), решив да направам кратка репортажа за Метрото на Софија. Зошто Софија а не Москва на пример? Затоа што е најблизок град со свое метро, градот не е повеќе од 3-4 пати поголем од Скопје и да речеме дека нивните финансиски можности не се многу подобри од нашите.

МЕТРО СОФИЈА: Самото метро започнало да се гради во далечната 1979 година, но до 1990 година биле изградени две станици од Линија 1 и две станици од Линија 2. Поради недостиг на средства, градбата е запрена до 1995 година, кога почнува реалната градба на Метрото. Целиот систем опфаќа 3 линии, со 47 станици, долго треба да биде 52км. Притоа средното растојание меќу станиците ќе изнесува 1100м и ќе превезува околу 150 000 патници на час (во време на пик).



ЛИНИЈА 1:
Ги поврзува источниот и западниот дел на градот со преку самиот центар. Тргнува од ЖК Љуљин (населба со преку 200 000 жители) преку центарот до ЖК Младост (I - IV). Ова е најоптоварената линија. Во 1998 беше пуштен првиот сегмент од 10 км и 8 метростаници: ЖК Обелја---бул. Сливница---Љуљин---Западен Парк---бул. Вардар---Константин Величков---бул. Оп`лченска---Сердика (пл. Св. Недела).
Станица Вардар:

Станица Сердика:




Потоа продолжија со градба на истата линија во насока-исток кон ЖК Младост. Овој дел поминува под самиот центар на Софија и ги опфаќа следните 6 станици кои треба да се готови до Септември 2009 година: Сердика---СУ (Софијски Универзитет Св. Климент Охридски)(пресек со Линија 3)---Национален Стадион Басил Левски---Изток (Интерпред)---Студентски Град---Мусагеница---Младост 1. Цената на овој дел е околу 250 милиони евра.

Продолжување на Линија 1 во самиот центар на градот:


Станица Стадион Васил Левски (и подземниот паркинг):




Станица Интерпред (пред завршување):


Станица Студентски Град (пред завршување):


Станица Мусагеница (надземна и во градба):




Понатаму линијата се двои. Линија 1А продолжува кон Младост 4 и Софиа Бизнис Парк. Се состои од 4 метро станици, при што последната го завршува на Јужната Обиколница Софија, каде што има P+R паркинг за 2000+ возила. Планирано отпочнување на работите е кон 2013 година.
Линија 1Б продолжува кон Цариградско Шосе (каде што се гради огромен бизнис центар), ЖК Дружба и Аеродром Софија. Пари за 1Б се веќе обезбедени од ЕУ и ФАРЕ, така што пролетва се очекува почеток на работата. Сумата стои на 100 милиони евра за првите 3 станици.  Овој дел планирано е да се пушти кон 2012 година а ќе се состои од вкупно 6 станици, 3 од кои би се граделе кон 2013.



ЛИНИЈА 2: Линијата се протега север-југ. Започнува од квартот Илијанци ( верувам доста познат и кај нас), преку центарот, до јужните зони Лозенец и Хладилника. Градбата на многу важниот централен дел на линијата започна пред околу месец дена. Опфаќа 7 станици, со вкупна должина од 6.5 км. Поминува низ многу важни за градот објекти. Почнува од станицата Патен Јазол Надежда---Централна Жел. Ст.---пл. Лавов Мост---Сердика (пресек со Линија 1)---НДК (пресек со Линија 3)---Хемус---бул. Черни Врх. Парите во висина од 250 милиона евра се обезбедени и градбата треба да завши кон 2013 година.
План за градба на Линија 2:


Почеток на работите:


Линија 2А е крак кои опфаќа нови две станици и завршува на депото во ЖК Обелја (почетокот на Линија 1). Планирано е да започне со градба во 2010 година и да заврши 2-3 години по тоа.


ЛИНИЈА 3: Оваа линија е последна за градба. Почетокот на работите е планиран за во 2014. Линијата се простира од југо-запад (Кнјажево-Овча Купел-Хиподрума) преку Центарот, продолжувајќи северо-источно (Васил Левски-Подујане-Искар).
Моментално во Софија се градат 13 станици со вкупна должина од околу 14 км. До крајов на 2009 планирано е да се почне градбата и на уште 5 станици со должина од околу 6 км. Вкупната вредност на проектот за овие 18 станици на број е 750 милиони евра. Сите пари се обезбедени. Метрото се гради со брзина од 3.5 км тунели и 2.5 станици годишно. Кон септември 2009 се очекува да се пуштат во употреба станиците по Линија 1 до Младост 1, со што метрото ќе има 14 станици во употреба.

Моменталната состојба на системот:


Метрото има типично советски дизајн (3 метро линии кои се сечат во форма на триаголни во центарот и тоа на Сердика, НДК и СУ Цб. Климент Охридски). На 2 од станиците (Вардар и Искар) се изградени и станици на обичната железница, каде што застануваат локалните возови од предградијата и регионалните возови. На најмалку 10 станици (2 од нив се при крај со градба) се планираат подземни паркинзи со околу 8000 паркинг места. Целта на ова е да се намали дотокот на возила во централните делови на градот.

Метрото го оперираат 12 композиции возови со по 4 вагона (станиците се изградени за по 6 вагона но постепено ќе се додаваат со отворањто на новите сегменти). Исто така се купени 9 нови композиции марка Русич.

Метрото работи од 5 наутро до 1 навечер. Интервалот на движење е од 4 мин во време на гужви, до 9 минути пред крајот на операциите.

Се надевам дека некому ќе му биде интересна мојава репортажа.Cheers
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Jan-2009 at 23:46
јас мислам дека метрото е далеку подобро од трамвај, но мислам дека сме многу мал град за вакво метро, и сам кажа дека софија 3-4 пати поголема
не дека сум против, само мислам дека не би требало и на вакви проекти да се расфрлаат пари, плус скопје и софија се различни градови
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Jan-2009 at 23:49
Meне ми беше! Thumbs%20Up

Сакам метро!
А чудно, Нирнберг е помал град од Скопје а сепак има метро...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Jan-2009 at 23:56
epa cestitoThumbs%20Up ubavo si ja obrabotil ova ko seminarska da si naprailBig%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Jan-2009 at 00:34
@ Andrej
Одлично сумирано Applause


@ Linea
Ако нашиот ЛРТ го градиме без заебанции (со сепарирани средишни траси, зацртаните тунели и мостови и евентуално денивелација на уште некои критични места), ќе добиеме нешто што за Скопје е од многу аспекти поприкладно а ќе не чини неколкукратно поевтино.
Метро (како впрочем и ЛРТ) ионака е лабав термин и може да има најразлични форми. Кај нас се размислува многу површно и таа дискусија се сведува на „престижноста“ на метрото, или подобро кажано упростената перцепција што нашиов народ ја има за тој термин. А термините ЛРТ или лесна железница од друга страна никој не ги ни употребува и сме врзани за зборот трамвај кој пак го доживуваме како нешто од 19-ти век (мада со неодговорното планирање на мрежата навистина нема да добиеме нешто многу помодерно и поефикасно  Unhappy).



Edited by Cloverstack - 28-Jan-2009 at 00:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Jan-2009 at 05:55
Ј акко прво мислам дека Скопје и има можности и потреба и треба да има метро. Макар колку тоа и да изгледало неостварливо! Еве некој го спомна нинберг, а сигурно има и повеќе градови такви! Еве втор пример и друг аспект на проблемот е софија. Земте колку жители имала Софија во 1979 кога почнала со изградбата! А чим во 79 почнало којзнае уште колку време пред тоа се планирано. Сигурно уште од рани 70-ти е почната идејата! Скопје како што се прошири веќе и време му е барем да мисли! Градските траси (без разлика дали кола, автобус или трамвај) се веќе самите презаситени без разлика кој вид на транспорт сообраќа по нив. Едноставно толку им е капацитетот. Време е за втората мрежа под земја! Време е активно да си се посветиме на реализација на главните артерии од ГУП-от и да почне веќе да се мисли на метро!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Jan-2009 at 06:58
lsl, нема секој град исти просторни можности и не бива рачуницата до толку да ја поедноставуваме. Скопје има карактеристики кои даваат можност за одлична ЛРТ мрежа со голем број атрибути на класично метро, а за мал дел од цената.

На пример кажи ми која е потребата да се прават тунели испод булевар Јане Санднски, кога трасата може многу елегантно и ефикасно да се смести во средишниот појас?

И не заборавај дека метрото не е баш толку „user friendly“ како ЛРТ. Ете на пример Андреј наведе податок дека просечно растојание помеѓу станиците во Софије е 1100m (што е разбирливо за метро), а растојанието помеѓу станиците на еден ЛРТ систем би било многу помало и поприлагодено на патниците.
Исто така и покривањето на територии со линии во најголем број случаи е многу полесно да се искомбинира со ЛРТ него со метро. Еве пробај нацртај сам кои би биле линиите и како би ги распоредил станиците па ќе видиш дека тешко би се стокмил добро избалансиран систем без понатамошно залетување со некаква заситена мрежа, што нормално би чинело дополнителни баснословни суми кои се разбира ги немаме.

Проблемот не е во тоа што не се размислува за метро... Проблемот е во тоа што не се проектира квалитетна ЛРТ мрежа, туку се готват штетни импровизации.
А класично метро за Скопје, особено во постоечкиве услови би било чиста мегаломанија и утопија, дури и само да се размислува за тоа. Знам дека метро звучи кул, ама реалноста диктира поинаку.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jan-2009 at 09:41
Originally posted by Cloverstack

... би било чиста мегаломанија и утопија, дури и само да се размислува за тоа. Знам дека метро звучи кул, ама реалноста диктира поинаку.

Во потполност исто размислување,  Thumbs%20Up
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Jan-2009 at 12:44
И ја сум против тоа кул размишљање, еве баш сега за катните гаржаи истото го пишував. Еве и нека не биде метро класично, но барем онаа лрт мрежа во централното градско јадро да биде спуштена под земја, освен за тунелот под плоштад. Кај нас трајно се цртаат трамвајските траси на некои улички со по две ленти, каде што и со коли е гужва, а не па уште кога ќе се стави лрт. Сигруно низ карпош не се исплати метро, ама затоа до пазарчето буњаковец ја би ја спуштил мрежата и после да иде над земја, зашто тука се со кола не се мрднува на тој потег, а не па уште лрт кога ќе дојде.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Jan-2009 at 13:11
@Clover: Да не ме сфатиш погрешно - сакам метро чисто онака ради меракот. Но во потполност се сложувам со тебе и мислам дека некаде го имам сличното кажано...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jan-2009 at 17:29
Супер репортажа Андреј Thumbs%20Up

Имам разгледувано разни сегменти од Софиското метро на ССЦ но никогаш не сум добил ваква убава претстава за големата слика.

Навистина импресивно урбано планирање од страна на Софија се гледа дека не станува збор за некој ад хок проект туку дека се опфатени бројни параметри и дека се работи и на дополнителни содржини кои би ја максимизирале употребата на метрото и би донеле корист за Софија (на пример планираните P+R).

Приближно метрово покрива круг со радиус 12-15км од центарот на Софија вака со слободна проценка кој што е најконецриран со население и веројатно нема премногу алтернативи на метрото.

Во Скопје ако се обидеме да го избегнеме густиот дел од градот зборуваме за покривање на круг со од прилик 2-3км максимум. И тука е дискутабилна потребата да се оди под земја, Кловер тоа многу поубаво од мене го има објаснето бројни пати на форумот. Но надвор од тој поширок центар на Скопје нема апсолутно никаква реална потреба да фрламе огромни пари во ветер.

Веќе поминати дискусии кој ги пропуштил или сака да се наврати на нив еве ја нишката за Метро во Скопје ....
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Apr-2009 at 17:52
Еден мал дел од флотата на автибуси на (ЛПП-Лјублјански Потнишки Промет или Љубљански патнички сообраќај):

Најпрво ги погледнеме останатите САНОС на ФАС 11 Октомври - Скопје. За дивно чудо, тука се останати уште две возила (единечни) и тотално идентични на оние САНОСи во Скопје. Дури внатре на фабричката табела  си пишува се на македонска кирилица.



Потоа дел од постарите Мерцедеси и МАН-ови  (дел е купен на старо од Германија претпоставувам затоа што во некои од нив има надписи на германски).
Автобус на линија 14 Врхоуци-Сауље.


Автобус на линија 8 Гамељне-Брнчичева


Автобус на линија 7 Нове Јарше-Пржан


Интериер:


Новите автомати за електронска наплата:


Мали екрани со лед диоди, на 1 врата на автобусот, на која што е испишана само цифрата на линијата:





Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Apr-2009 at 18:02
Средно новите МАН купени пред 2 години (30 броја дупли и 10 броја единични):

Автобус со број 6 на последна станица (Долги Мост Парк & Рајд  Љубљана Југ) кон Чрнуче (Парк & Рајд  Љубљана Север):


Автобус на една од 3те централни трансферни станици (оваа е Пошта-Конзорциј): Обрнете внимание колку тесна е автобуската станица, односно нема седишта, поради тесноста на тротоарот:


Автобус МАН, заден дел. На сивиот дел е испишано го смалуваме загадувањето на околината а на зелениот дел е испишано го користиме јавниот превоз.


Интериер во краток МАН. На дисплејот ги јавува следните станици, како и на пример Ги молиме патниците да се придвижат кон задниот дел од автобусот, или Го молиме патникот кој поради забуна LOL влезе на втора врата, да се јави кај возачот поради плаќање на картата.



Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Apr-2009 at 18:08
Не знам, ова ми се чини се системи само за говеда како нас, со тој уредот на предната врата што те пушта да пројдеш откако ќе ти ја провери картата. Со тоа се ствара непотребна гужва и влез само на една врата. Морам да ја спомнам Грција, бидејќи мислам дека и во другите европски држави е така, влезот е од било која врата, а исто и излезот. Си има 4-5 апаратчиња за валидација на билетите, исто и 1 или 2 за издавање на билети во автобусот, и од која сакате врата влегувата, од која сакате излегувате, и секако ако сакате се возите и без билет, но ако ве фатат или наплата на лице место, или одложено плаќање но мора да имате лична карта со вас, или пак во полиција. Но за чудо сите си ги удираат билетите, и затоа реков овој словенскиот систем е за говеда како нас, бидејќи ако е кај нас и најмала можноста да не плати човек билет, мислам дека никој нема да плати. Но дека е поубаво, поубаво е, од која врата сакаш влегуваш, од која врата сакаш излегуваш. Нешто како во воз, можеш и без билет, но која е веројатноста да поминеш без билет...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Apr-2009 at 18:09
И дел од најновата флота (меѓу пола и 2 години стара) на Мерцедес Цитаро, Конекто и МАН околу 80 вкупно вакви автобуси од кои 70 зглобни и околу 10 единечни:

МАН.
Автобус на линја 5 Штепањско Насеље-Подутик:





Автобуси 6 и 20:




На МАНовите автобуси стана хит да се лепат реклами по целата должина на страните на автобусот:





Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Apr-2009 at 18:22
Многу интересна презентација ApplauseИспуштивме шанса барем во јавниот превоз да бидеме на ниво со сите ЕУ членки во регионот, но по навика си останавме последни.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Apr-2009 at 18:22
ЛПП флота која вози кон предградијата и градовите во Љубљанска регија (Гросупље, Камник, Домжале, Врхника, Шентруперт...). Оваа година ги подновија со најнови МАН и мерцедес возила:





Школски автобусли Љубљана (пишува Министерство за школување и младина):


Контолен ГПРС центар на ЛПП каде што се следи редовноста, оптоварените точки во градот и соазувањето на интервалите меѓу автобустите:


Налепници во автобусите: унифициран, двојазичен систем на налепници внатре и надвор на автобусите. Сите ознаки се напишани и на англиски со целосно точен превод. Еве дел од нив:

Ве молиме движете се наназад/ Одстапете го местото на постарите. Благодарам!


Налепници над шоферот: Забележете во секое возило на првата налепница пишува: број на возилото, број на места за стоење и број на места за седење./Молиме за време на возењет да не разговарате со возачот.



Во случај на нужда, разбијте го стаклото/Препорачан смер на движење/Молиме за време на возењето секогаш да се држите за шипките/Молиме одстапете го местото на лицата на кои навистина им треба/Возилото е климатизирано.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Apr-2009 at 18:27
Возен ред кој мора да го спази шоферот (час на тргнување и пристигнување, време на пристигнување на најважните станици и времетраење на задржување на истите):


Мерцедес Цитаро (дупли):


И за крај мојот омилен автобус (Кокта бус Naughty) иначе марка Мерцедес но заборавив кој модел, на станица Зелена Јама. Забележете ги крајно едноставните но и функционали места за точаци кои ги има на сите поважни станици. Комбинираното придвижување точак-бус е многу популарно во Љубљана:




Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-May-2009 at 23:48
ЕКСКЛУЗИВНО!
ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПЕТОК, 8-5-2009 РЕПОРТАЖА ОД ПРЕД САМО НЕКОЛКУ ЧАСА ПУШТЕНИОТ ВО УПОТРЕБА ДЕЛ НА ЛИНИЈА 1 ОД СОФИЈСКОТО МЕТРО! СЛИКИ ОД НОВИТЕ (5 НА БРОЈ) СТАНИЦИ, П+Р ПАРКИНЗИ, НОВИТЕ ВОЗОВИ, ПОДПАТНИЦИ...
ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ ОКОЛУ ЕФЕКТОТ НА НА НОВИОТ ОТСЕК ВРЗ  ЖИВОТОТ ВО ГРАДОТ КАКО ЦЕЛИНА.
ТЕМПОТО НА ГРАДБА НА НОВАТА МЕТРОЛИНИЈА 2!
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НОВО-ПРОЕКТИРАНАТА ЛИНИЈА 4!

ЕДНА СЛИКА КОЛКУ ДА ВИ ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО:

Метростаница Жолио Кјури (Joliot Curie):

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 07-May-2009 at 00:21
боите се како во ефтина дискотека. можеле да поработат малку на тоа... и на пармакот...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.