build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Крпење на улици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Крпење на улици
    Posted: 05-Nov-2008 at 17:50
Време, број 1512, 05.11.2008



ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Се санираат повеќе улици

Општина Кисела Вода деновиве работи на санација и на реконструкција на повеќе улици на целата нејзина територија. Истовремено се поправаат и веќе постојните дупки на потегот на крстосниците на улиците 11 Октомври и Сава Ковачевиќ, се до крстосницата на улиците Првомајска и Народни Херои. Во моментов градежните работи на терен ги изведуваат неколку градежни фирми во координација со општинските служби.

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1543&ArticleID=101650


Edited by evolutionary - 05-Nov-2008 at 17:51
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Oct-2009 at 00:49
В НЕДЕЛА ГОЛЕМА ЕДНОДНЕВНА АКЦИЈА ЗА КРПЕЊЕ УДАРНИ ДУПКИ

Градот Скопје Ве поканува на почетокот на големата еднодневна акција за крпење на ударните дупки на коловозите на градските улици која е закажана за в недела /01.11.2009 година/ во 11 часот, на крстосницата меѓу булеварот Свети Климент Охридски и улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. Акцијата истовремено ќе се одвива во сите скопски општини, за што се ангажирани повеќе градежни фирми. Почетокот на акцијата ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Екипите на фирмата „Изолација“ в недела ќе работат на улиците Лазар Личеновски и Самоилова, како и на булеварот Илинден, од Зоолошката градина до улицата Никола Парапунов, на булеварот Никола Карев, од улицата Скупи до излезот на Скопје кај Хиподром и на булеварот 8 Септември.
 
Работниците на фирмата „Бауер“ ќе пополнуваат ударни дупки на булеварите Џон Кенеди и Македонско-косовска бригада и на улиците Лазо Трповски и Шуто Оризари.
 
Градежната фирма „Пелагонија – Гостивар“ ќе работи на улиците Ѓорче Петров, 4 Јули и на Социјалистичка зора.
 
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе асфалтираат ударни дупки на булеварот Партизански одреди, од Соборната црква до крстосницата со булеварот 8 Септември, на улиците Маџари, Мариовска, Атанас Митрев и на Инџиковски пат, како и на булеварот Свети Климент Охридски.
 
Во големата еднодневна акција на Градот Скопје за крпење ударни дупки на коловозите на градските улици ќе бидат вградени околу 130 тони асфалт и закрпени околу 1.000 квадратни метри коловоз. За крпење на ударните дупки во оваа акција Градот Скопје ќе потроши 6 (шест) милиони денари.
 
Големата акција за асфалтирање на ударните дупки на коловозите се спроведува во недела заради намалениот обем на сообраќај во градот. На улиците на кои што ќе се асфалтира ќе се воведува привремен режим на одвивање на сообраќајот. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

http://www.skopje.gov.mk/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Apr-2010 at 23:18

Нов асфалт за „Демир Трајко“

Изградба на атмосферска и фекална канализација на улицата „Демир Трајко“, нејзино асфалтирање, крпење на дупките на сите општински улици и промена на електромоторните пумпи за вода за т.н. романски згради се трите проекта што почнаа да се реализираат на подрачјето на општината Карпош. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера објасни дека ова се дел од проектите што ќе се изведат во оваа градежна сезона. Годинава на приоритетна листа за реализација Општината ќе ги има инфраструктурните проекти, а наредната и во 2012 година ќе се врши разубавување на јавните површини и ќе гради мини-плоштади.

„Секоја недела ќе започнуваме со изведба на три проекти од планираните стотина. За повеќето веќе се избрани изведувачи и имаме градежни дозволи, што значи дека ништо нема да не' спречи во реализацијата“, рече Јакимовски. Тој информираше дека за инфраструктурните проекти се издвоени најголеми средства од општинскиот буџет. За изградба и реконструкција на канализационите мрежи се предвидени 80 милиони денари, а за асфалтирање на улиците 100 милиони. (Дс.Т.)                                                                                                                                                    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0438330CBBFF874F969E13034B7322F7 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Apr-2010 at 13:54
ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Се поправаат улици

Сообраќајната инфраструктура е приоритет на општинските власти, тврдат од Кисела Вода. За таа цел, во согласност со програмата за комунални дејности, општинарите почнаа пролетна акција за санирање на ударните дупки по улиците во нивна надлежност. Моментално со оваа акција се опфатени населбите Црниче и Пржино, а веќе е извршена реконструкција на улицата Свети Наум Охридски, за чијашто санација се потрошени повеќе од два милиона денари, а поправена е површина од 3.478 квадратни метри.

Д.Т.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Apr-2010 at 11:42

Времето сопирачка за градежните работи во Кисела Вода


Одговорните од општината Кисела Вода, иако уште пред неколку дена ја најавија акцијата за санирање на ударните дупки и изградба на нови пешачки патеки и паркиралишта во општината, работата сé уште тапка во место

 

 
%20  
Од општината објаснуваат дека причина за тоа се лошите временски услови. Иако велат дека веќе поголемиот дел од работата е завршена, сé уште има некои градежни зафати, кои треба да продолжат откако ќе се подобри времето. Од општината објаснуваат дека акцијата почна со санирање на улиците во населбите Пржино и Црниче, а понатаму ќе продолжи и кон другите населби во општината. Ударните дупки се санирани на улиците Христо Татарчев, Стрмашево, Кочанска и на една сервисна улица. За да се санираат ударните дупки на овие улици се потрошени над 330 тони асфалт. Од општината најавуваат дека ова е само почеток на работите и дека штом се подобрат временските услови повторно ќе почне да се работи на терен.

- Со оглед на времето, градежните работи се одвиваат со помал интензитет, односно работниците не можат да постигнат да ги санираат сите дупки и да ги доработат веќе отпочнатите активности за изградба на паркинзи и пешачки патеки. Штом се подобри времето, екипите повторно ќе излезат на терен и ќе почнат со работа - објаснуваат од општината.

Паркиралиштата и пешачките патеки на некои локации се веќе во завршна фаза. Деновиве се доработува паркиралиштето на улицата Георги Димитров, а треба да се постават и бекатон-плочки, а паркинзите на улиците Огњан Прица и Локов се веќе завршени. Маријан Спасески, портпарол на општината објасни дека се направени и неколку пешачки патеки на улицата Никола Добровиќ. Градежните работи ги изведува фирмата „Урбан инвест“, а парите се обезбедени од буџетот на општината.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=420101016568&id=14&prilog=0&setIzdanie=21963
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Apr-2010 at 01:20
Денеска поминав на Партизанска, кај Буњаковец дупки се крпеа и во 13:00, веројатно се завлечкале од шпиц до шпиц. Нормално сега ситуацијата е и дополнително закомплицирана со затворениот сегмент на Илинденска, ама кој да стави прст на чело...

Пред некое време за крпење неколку дена го гребеа асфалтот на делови од Првомајска према Драчево. Среде шпиц, лежерно и пополека си гребеа двајца без тројца работиници и оставаа раскопано се зад нив, а ставање асфалт веројатно беше оставено за некоја „втора фаза“ понатака, исто така среде шпиц.

Кога ќе научиме дека дупки не се крпат со денови и недели, туку експресно и во периоди кога нема многу сообраќај, а на главни сообраќајници и по полноќ. И нормално, до сабајле се да е готово. Кога веќе целосна реконструкција на сообраќајници ни е научна фантастика, бар да научиме како треба да крпиме дупки  Wallbash




Edited by Cloverstack - 21-Apr-2010 at 01:25
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Apr-2010 at 10:52
ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ
Асфалт на улицата Герман

Улицата Герман, конечно, доби нов асфалт, на потегот од улицата Железничка до 50 Дивизија. Општина Центар го реконструираше коловозот на површина од 440 квадратни метри и при градежните работи изгребан е стариот асфалт, поставен е нов слој и подигнати се котите на шахтите. Поправени се и тротоарите од двете страни на улицата и обложени со бехатон-плочи на површина од 160 квадратни метри. Според општинските власти, истовремено се санирани и ударните дупки на коловоз на улиците 13 Јули, Христо Смирненски, дел од Иван Милутиновиќ и дел од Петар Поп Арсов. Акцијата општинарите ќе ја продолжат и во наредниот период.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2006&ArticleID=139497
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Apr-2010 at 10:53
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ
Се санира ископот на Новопроектирана Почна асфалтирањето на улицата Новопроектирана 2, покрај пазарот во општина Ѓорче Петров. Оваа улица, и дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од паркингот кон Порта Влае, долго време беа раскопани, заради поставување атмосферска канализација и подземни инсталации на телефонски и на електрични водови. - Таа претставуваше тесно грло, каде што сообраќајот се одвиваше отежнато. На сето ова граѓаните реагираа до надлежните. Службите во Општината и од Градот Скопје, неколкупати писмено бараа и ги опоменуваа изведувачите за враќање на Новопроектирана 2 и на делот од булеварот Партизански одреди во првобитната состојба, во најкраток можен рок, но заради лошите временски услови инвеститорот не беше во можност да ги почне работите за санирање на оваа улица - велат надлежните од Општината.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2006&ArticleID=139496
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-May-2010 at 11:32
Се крпат дупките во Центар

Општина Центар ја реконструираше улицата Герман. При обновувањето на коловозот, беше изгребан постојниот асфалт, поставен нов слој и беа подигнати котите на шахтите. На тротоарите од двете страни на улицата поставени се бехатон плочи. Од Општината информираат дека истовремено се закрпени и дупките на улиците 13 Јули, Христо Смирненски, дел од Иван Милутиновиќ и Петар Поп Арсов.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=D7FD52EB8F02CF4A8FB2CC655A369274
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-May-2010 at 13:09
Санација на дупки на улицата Вера Јоциќ во Кисела Вода...


На тротоарот некои бекатонски препреки за да не се качуваат возила. Коли ќе спречи, ама може и некој да се сопне.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-May-2010 at 13:12
Слушај ми го зборов, бехатонскиве препреки нема да траат ниту 2 недели...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Apr-2011 at 14:32

Градот Скопје ќе ги санира улиците во централното градско подрачје

Активностите се веќе во тек со обновата на Мито Хаџивасилев Јасмин. Како дел проектот планиран уште минатата година, градот ќе започне со санација и на поголемите градски улици и тротоари. 

Активностите за санирање на улиците Васил Аџиларски, Димитрие Чуповски, како и за најоштетниот дел од булеварот Партизански Одреди, сеуште не се започнати бидејќи во тек е тендерска постапка за истите.

Целосно реализирање на проектот се очекува до крајот на април, со што скопјани по 10-тина години ќе добијат услови за нормално функционирање на градскиот сообраќај. 

http://www.time.mk/read/c19a5881ae/733c8a5736/index.html
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Apr-2011 at 04:12
Originally posted by alexgizh

Слушај ми го зборов, бехатонскиве препреки нема да траат ниту 2 недели...


Verojatno si vo pravo.A ulicava lici kako da sme vo Kabul,a ne vo Evropa(kaj sto sme).
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Jun-2012 at 10:56
Закрпени ударни дупки на повеќе градски улици

Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминативе денови употребија 180 тони асфалтна маса за санација на ударните дупки на градските улици.
Санирани се ударните дупки на улиците Благоја Стефковски, Јужноморавски бригади, Радишанска, Трета македонска бригада, Народни херои, Перо Наков, Маџари, 519, Првомајска, Христо Татарчев, Цветан Димов, Никола Карев и на улицата Бихаќска. Оштетувањата на асфалтот беа санирани и на неколку улици во населбата Ќерамидница, на потегот од средно Водно кон „Панорама“ и на делницата од Качанички пат до булеварот Словенија.
- Акцијата за санација на ударните дупки ќе продолжи и во наредните денови, на улиците каде што ќе се јави потреба - информираат од градската власт.

http://www.plusinfo.mk/vest/44433/Zakrpeni-udarni-dupki-na-povekje-gradski-ulici
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Mar-2013 at 13:59
Пред половина час поминав низ центар и како што можев да видам од автобус дупките на улицата Даме Груев која поминува пред ТЦЦ Сити Плаза се изгребани и ќе се пополнуваат со асфалт, но не ми е јасно зашто не се изгребе целиот и одново да се направи само еден слој и онака не ми изгледа баш во добра состојба тој асфалт.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Aug-2014 at 16:09
Се крпат ударните дупки во населените места



По завршувањето на акцијата за санирање на ударните дупки по улиците во градот, истата продолжи и во населените места. На две места веќе се закрпени дупките и тоа на главната улица од влезот до центарот на населеното место Добрејци и на патот Струмица – Просениково од крстосницата кај кванташки пазар до патот за населеното место Сарај. Денеска се вршат подготовки, а утре со асфалт ќе бидат пополнети дупките во центарот и околните улици на населеното место Банско. Акцијата ќе продолжи и во другите населени места каде има потреба од интервенција на улиците.



http://strumicadenes.mk/se-krpat-udarnite-dupki-vo-naselenite-mesta/

Edited by jyvation - 09-Dec-2014 at 00:24
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.498 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.