build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Араста Џамија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3643
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Араста Џамија
    Posted: 22-Apr-2010 at 14:35

ИВЗ почна да гради нов верски објект врз петвековната Араста џамија

Со молитва, читање на делови од Куранот претставници на ИВЗ фрлија лопати бетон – го одбележаа стартот на изградбата на Араста џамија.

И покрај скандалот дали овде требало да се урнат вековните ѕидови останати од земјотресот од 63-та, џамијата ќе се гради.

Сулејмани Реџепи потврди дека местото добило градежна дозвола, новата градба била легална. Џамијата била во сопственост на ИВЗ и тие сами ќе ја финансираат градбата.

„Од општината Чаир добивме поздрав за изградбата, сега чекаме да добиеме писмено дозвола“, вели Сулејмани Реџепи, од ИВЗ.

На стартот на изградбата на новата џамија не присуствуваа од националниот конзерваторски центар оваа институција со став дека ИВЗ немале градежна дозвола.

Од центарот подготвен прокет како старите петвековни остатоците од Араста џамија да се заштитат со новата градба.

И Турците од Бурса финансиерите на проектот останале збунети, за уривањето на вековните ѕидови во отсуство на археолози.

„Општината Чаир даде дозвола да направиме истражување за остатоците од ѕидовите и како да ги заштитиме“, изјави Бехаџудин Шехапи, националниот конзерваторски центар.

Изјава не даде само градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити, не кажа дали општината дала градежна дозвола. Неговиот став ќе го дал во наредните денови. А двете страни завршија дека и едните и другите проектите им ги финансирале радикални структури.

22.04.2010, 15:23

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=59744

Hmmmmmmm ????

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Apr-2010 at 19:59


Bash  Bash  Bash


А знае ли некој која е точната локација?
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Apr-2010 at 00:02
pred suli han kaj sto e vratata od muzejot odma od leva ti e Arasta dzamija,od zemjotresot ne e cepnata, postoese samo portata, malku iznabutale informacii bezveze ,imaat dozvola od opstinata za gradba, i nema da se urivaat delovite sto ostanale kako sto navele pogore istoriskite tuli ,kako sto imam slusnato imaat i nekoi majstori od turska koi se specijalizirani za starite osmanliski spomenici  taka imam slusnato ne znam kolku e vistina eve 2 sliki posto ova odamna go imam sliknato ali ete nacekav moment da vi pustam fotki.

Vaka ke izgleda spored renderot sto e prikazan, a i takva vsusnost bila dzamijata od vremeto, ke najdam i edna stara slika za da analizirame.



eve i portata



"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4531
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Apr-2010 at 00:26
Интересно минаре, не сум видел досега кај нас вакви, а ги има во Грција на две три места. Интересно исто така бидејќи нема куполи. Ми смета само што ја туркаат со вакви валкани игри од ИВЗ, и со глупави оправдувања. Инаку повеќе би сакал да ја видам како музеј бидејќи е навистина интересна наизглед.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Apr-2010 at 23:08

Араста-џамијата имала високо минаре

Најстариот податок за овој споменик е пронајден во скопскиот Сиџил од 1699 година

Катерина Богоева

„Називот ’араста‘ во минатото го добивале големите и важни чаршии во градовите низ османлиската држава, формирани покрај исто така големи и значајни џамии. Арасати претставувале трговски институции, формирани во чаршијата, во кои се изработувала и продавала една иста стока. Тоа биле покриени пазари или покриени чаршии подигнати покрај големите џамии. Всушност, араста е стариот назив за чаршиите кај кои биле покриени улиците во кои се наоѓале редици дуќани, или пак, тоа се чаршии со откриени улици на кои пред дуќаните се наоѓале стреи. Имало арасти кои биле составени од еден или два реда дуќани. Понекогаш, араста чаршијата, која била создадена покрај самиот ѕид на некоја голема џамија, претставувала и дел од архитектонскиот комплекс на џамијата“ - пишува во својата книга „Османлиски споменици во Скопје“, историчарката на уметност Лидија Кубараџи -Богоевиќ, во текстот посветен на деновиве, мошне актуелната Араста џамија. Таа претпоставува дека џамијата името го добила по некогашната Араста чаршија што се наоѓала во Старата скопска чаршија, но и дека била изградена во првата половина 15 век, кога биле градени и останатите најстари џамии во Скопје. Била и една од првите позначајни џамии околу кои и се формирала чаршијата.

Земјотресот во Скопје во 1963 година ја претворил во руина, а деновиве се најде во центарот на вниманието на јавноста со спорот што настана на стартот од нејзината обнова. Исламската верска заедница го постави камен темелникот, а тој чин надлежната институција, Национален конзерваторски центар го нарече вандалски, бидејќи е започнат без потребните одобренија.

Араста џамија која се наоѓала на просторот меѓу Безистенот и Куршумли-ан, со тоа се вброи и меѓу спомениците во земјава за кои граѓаните дознаваат не по вредноста на сочуваните остатоци, туку ги гледаат само како примери на непочитување на законските процедури во заштитата на спомениците на културата.

Најстариот податок за нејзината историја е пронајден во скопскиот Сиџил од 1699 година каде стоело дека „од вакафот на Паша Јигит- бег се исплатувал хатибот на Араста-џамија од 8 акчиња на ден“. Се знае дека била обновена во 18 век, а се претпоставува дека била една од куполните џамии и дека имала високо минаре, градено од цврст материјал.



Edited by SkyBoy - 23-Apr-2010 at 23:24
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Apr-2010 at 23:09
ПОЧНА РЕКОНТСРУКЦИЈАТА НА АРАСТА-ЏАМИЈА ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
ДУИ против џамијата на ИВЗ

Тони Ангеловски


Исламската верска заедница уништи вредни археолошки наоди за да ја гради новата Араста-џамија во Старата скопска чаршија по свој ќеф, која, всушност, ќе биде дивоградба, обвинуваат од Националниот центар за конзервација на културното наследство и од Општина Чаир. Од ИВЗ, пак, најостро демантираат дека немаат соодветни документи и дека новата Араста-џамија ќе биде дивоградба. Остатоците од Араста-џамија изминатиот викенд беа срамнети со земја, а вчера беше поставен камен-темелникот за нејзина реконструкција. Араста-џамија е изградена во 15 век, а била уништена од земјотресот во 1963 година. Неоштетени останале само ѕидовите и подот кои деновиве беа урнати. На свеченоста присуствуваше комплетниот врв на ИВЗ, но забележливо беше отсуството на владејачката ДУИ, а од политичарите дојде само лидерот на Нова демократија, Имер Селмани. Отсуството на ДУИ од оваа свеченост е поради ставот на функционерите од оваа партија дека ИВЗ нелегално ќе ја гради џамијата. - Ова е злосторство и незаконско дело. Проектот на ИВЗ не исполнува ниту еден законски критериум. Националниот центар за конзервација на културното наследство подготви идеен проект за обнова на џамијата. Средствата се обезбедени од турската општина Бурса, во соработка со Општина ?аир. Пред пет месеци побаравме соработка со ИВЗ за реализација на проектот, но никогаш не добивме одговор - вели Бехиџудин Шехапи од ДУИ, директор на Националниот центар за конзервација на културното наследство. Според Шехапи, проектот на ИВЗ не исполнува ниту еден законски критериум и не треба да им биде дозволено да работат на овој начин во Старата чаршија. Неговиот проект, пак, предвидувал враќање на автентичниот изглед на џамијата, а внесен е и во деталниот урбанистички план на општина ?аир. - Нема да го дозволиме овој волунтаризам, особено што станува збор за објект што во себе содржи карактеристики од исламската архитектура од времето на Отоманската империја, која била доминантна на овие простори. Нашите понатамошни чекори ќе бидат во функција на враќање на автентичниот изглед на оваа џамија, во согласност со нашите истражувања и во согласност со законот - вели Шехапи. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, ги отфрла сите обвинувања на Шехапи и на Општината Чаир објаснувајќи дека џамијата ќе изгледа како што била пред уривањето во скопскиот земјотрес. - Има многу манипулации со џамијата. Се јавуваат различни личности со други интереси. Имавме поздрав и од Советот на општина Чаир и рекоа дека ќе ни ја дадат таа дозвола. Инаку, според Законот за градежништво не е потребна градежна дозвола туку само проект доколку се работи за реконструкција на објект што е урнат од елементарна непогода, како што е случај тука. Ние легитимно ставаме камен-темелник и ги почитуваме сите закони. Не сакаме диво градење. Јас гарантирам со животот дека ниту една џамија на ИВЗ не е дивоградба - објаснува Реџепи. Според него, несфатлива е и кампањата на некои луѓе што се обидуваат да покажат дека имало многу џамии иако состојбата е сосема поинаква. Тоа, според Реџепи, го покажува и фактот што многумина верници мора да се клањаат на улица затоа што едноставно нема доволно објекти.

Албанизација на исламот


Верниците муслимани од македонска и од турска националност протестираат поради дискриминаторскиот однос на Исламската верска заедница кон нив затоа што целата церемонија на ставањето камен-темелник на Араста-џамија беше само на албански јазик.
- Според Куранот, исламот мора да се проповеда на јазикот на верниците. Во Македонија перманентно се албанизира исламот. Јас како верник сакам да можам да разберам што се случува, а не само да гледам и да се чудам што се случува. Ние поднесовме барање до ИВЗ и за држење обука во џамиите на македонски јазик, но не добивме одговор. Никој воопшто не не извести ниту, пак, не повика на поставувањето на камен-темелникот на џамијата - вели Исмил Бојда, претставник на Македонците муслимани.
И пратеникот на Демократската партија на Турците, Кенан Хасипи, вели дека не бил поканет на поставувањето на камен-темелникот на Араста-џамија и изразува зачуденост зашто врвот на ИВЗ и се обраќа само на една етничка заедница иако има муслимани од различни етникуми.

 
Мислам дека е време за нова нишка Араста џамија.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Apr-2010 at 23:34

ИВЗ не се откажува од нелегалната џамија

На Бехаџудин Шехапи, директор на Националниот конзерваторски центар, му порачаа „да не го пика носот во скопските џамии“

Билјана Јовановска

Исламската верска заедница нема намера да се откаже од возобновувањето на Араста-џамијата во Старата скопска чаршија. По жестоките напади на Владата, сега најавува и други конкретни чекори кои можат да ги зголемат меѓуетничките тензии. На прес-конференција ја информираа јавноста и своите верници „дека се премногу горди што го поставија камен-темелникот на џамијата“ наспроти оспорувањата што доаѓаат од Националниот конзерваторски центар, кој тврди дека станува збор за дивоградба. Покрај тоа, порачаа дека Скопското муфтиство „ќе го стори максимумот не само за возобновување на Араста-џамијата, туку и за другите објекти и имоти што гравитираат на негова територија за побрзо да се вратат во сопственост на ИВЗ“. Ова, всушност, е своевиден одговор на владиниот закон со кој Старата чаршија доби третман на заштитена зона, со кој Заедницата се почувствува оштетена за своите имоти – Капан-ан, Сули-ан, Безистен, Детскиот театар и десетина дуќани што ќе останат во сопственост на државата.

На вчерашната прес-конференција, ИВЗ посебно со критики се нафрли врз директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехаџудин Шехапи, кој предупреди дека немаат дозвола да градат на земјиштето на кое се возобновува џамијата, бидејќи станува збор за археолошки локалитет. Таму, како што рече Шехапи, булдожерите направиле непроценлива штета оти го урнале подот на џамијата, кој има голема историска и културна вредност, зашто датира од 15 и 17 век.

Но, наместо да запре со нелегалните активности, Исламската верска заедница соопшти дека „Шехапи нема право, од правен и од морален аспект, да говори за возобновување на Араста-џамијата, затоа што таа била урната во земјотресот, а според Законот за градба (член 65) не е неопходно обезбедување дозвола за градба“. Му забележуваат и зошто не се огласил за незаконските активности што беа изведени во Јахја-паша џамијата, Михработ на Камениот мост и за Законот за ревитализација на Старата чаршија.

Во писменото соопштение од ИВЗ, Шехапи грубо се обвинува дека „во 2003 година неправедно ја ограби хуманитарната организација ’Ел Хилал‘, која ја основа ИВЗ во 1987 година и оттогаш нема морал да говори за нешто што се однесува на заштитата и заживувањето на верските објекти“. Наедно, соопштија дека Шехапи „не е компетентен да обезбеди донации“, а Скопското муфтиство директно му порача „да не го пика носот во скопските џамии, да остане на местото на кое е и да придонесува во дискриминацијата над ИВЗ и муслиманите во Македонија, иако е припадник на исламот“.

Директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехаџудин Шехапи, одби да ги коментира обвинувањата, со објаснување дека „се ниски и смешни“. Но, што се однесува до Араста-џамијата, останува доследен на ставот дека „ИВЗ направи незаконски чин со уривањето на подот и дека нивниот проект за возобновување не помина ниту една стручна инстанција“. Прозваниот Шехапи укажува дека вакви импровизации се особено недозволиви кога се работи за Старата чаршија, но смета дека „во ИВЗ има мудри глави кои ќе покажат подготвеност да соработуваат со институциите на власта, односно со Центарот, кој го има проектот за Араста-џамијата што ја поминал законската процедура“.

Националниот конзерваторски центар, тврди директорот, ќе стори се' да се изгради Араста-џамијата, урната во земјотресот, но согласно со проектот изготвен од компетентна институција и во согласност со Законот за културно наследство и со Програмата за ревитализација на Старата чаршија. Шехапи нагласува дека проектот е „од исклучително значење, бидејќи не се гради во некое село, туку во старото градско јадро, а она што го нуди ИВЗ е новоградба, архитектура која содржи имитации на многу објекти и нема допирни точки со автентичноста на Араста-џамијата“.

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Apr-2010 at 01:47
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Apr-2010 at 23:07

Чаир нема да ја стопира Араста-џамијата

Општина Чаир нема да ги стопира градежните активности за обнова на Араста-џамијата. Единствено ќе инсистира Исламската верска заедница да ја институционализира постапката за обнова на културниот споменик, реагираше вчера градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Иако пред една недела кога ИВЗ почна со обнова на верскиот објект токму од Општината и од Националниот конзерваторски центар обвинија дека активностите се одвиваат без соодветна согласност и одобрение за градба, Меџити вчера преку јавноста само и' порача на ИВЗ обновата на џамијата да ја спроведе легално.

Всушност, демонстрираше добра волја за заедничко надминување на проблемот, а не одговори дали ќе ги стопира градежните активности на терен, бидејќи се одвиваат без одобрение.

„Џамијата ќе биде дивоградба ако во меѓувреме не се извади одобрение за градба. Сакаме на ИВЗ да и' укажеме дека не гради во некое планинско село, туку во чаршија, за која има посебен закон. Подготвени сме да и' излеземе во пресрет на ИВЗ во целата постапка“, порача Меџити.

Toj оцени дека настанатата ситуација е дел од нечие сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста од други дневнополитички случувања.

„Општината нема да одговори на тие провокации, на сценариото за создавање тензија во Општината. Сакаме да се реши ова на заедничко задоволство“, порача Меџити. (Дс.Т.)

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-May-2010 at 00:47

БЕХИЏУДИН ШЕХАПИ, ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИОТ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР

Самоволието урива споменици

Араста џамијата во Скопската стара чаршија треба да се обнови според оригиналниот изглед, гласи непопустливиот став на Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот конзерваторски центар. Тој е на удар на Исламската верска заедница поради изјавите дека со неодамнешниот почеток на градбата ИВЗ грубо го прекршила законот.

Шехапи, кој повеќе години се грижел за заштита на исламските културно-историски споменици токму во рамките на ИВЗ, вели дека нема да го обесхрабрат предупредувањата да се тргне од скопските џамии и тој и натаму ќе биде посветен на оваа важна дејност.

Дали само поради тоа што рековте дека изградбата на џамијата не е законска ИВЗ толку остро Ве нападна?

- Груби и тенденциозни се нападите на ИВЗ кон мене, а очигледно се мотивирани и од други аспекти - политички, лични, материјални и други. Но, не би сакал да навлегувам во нив и, генерално, би рекол дека се неосновани. Отворен сум за секоја добронамерна критика, но очигледно станува збор за тенденција да бидам дискредитиран како личност, што не се случува првпат. Длабоко верувам дека во ИВЗ има мудри и конструктивни луѓе од кои лично многу научив за тоа како да се зачува автентичноста на културното наследство. Што се однесува до Араста џамија, Националниот конзерваторски центар во своите надлежности уште во 2006 година, како вонпрограмска активност, има изработено идеен и основен проект за неа и за нејзино обновување. Беа извршени сите подготовки на теренот, а парите за конзерваторските и реставраторските работи беа ветени од градот Бурса, Турција.

Со сондажни истражувања беа откриени зачуваните ѕидни партии, со нов стручен тим направивме решение за редефинирање на проектот. Во 2009 година во проектот беа вклучени и влезната партија како и ѕидовите што ги откривме. Проектната документација беше процесуирана до Управата за заштита на културното наследство, од каде беше соодветно постапено. Во октомври 2009 година од ИВЗ побаравме согласност за извршување на истражните работи на таа локација. Но, до овој момент, повеќе од пет месеци, не сме добиле одговор на оваа барање и тоа најмногу ме зачудува. Знаеме дека џамијата е во нивна сопственост и затоа упативме барање за соработка и согласност за спроведување на активностите. Впрочем, тоа е и нивна законска обврска. Во меѓувреме, ИВЗ подготвила нов проект, кој не ја поминал законската процедура и неодамна влезе на локацијата со тешка механизација. Без да не информираат ги уништуваат ѕидовите, остатоците на подот со хексагонални и четириаголни плочки од првобитниот објект, кој датира од 15 век. Затоа сметавме дека тој акт е незаконски, бидејќи на тој проект работевме сите, системски и во рамките на законот.

Во меѓувреме, ние добивме согласност од Управата за заштита на културното наследство за тој урбанистички опфат во рамките на Програмата за ревитализација на Старата скопска Чаршија, а општината Чаир даде согласност дека финансиски ќе ги поддржи археолошките истражувања, што исто така е законски услов. Како историчар на уметноста отсекогаш, и кога сум работел во ИВЗ, сум се залагал за зачувување на вредностите на нашето заедничко културно наследство, атрибутите преку кои се отсликани неговите универзални вредности, независно дали се работи за џамија, црква или нешто друго. За жал, ИВЗ до последен момент го игнорираше нашето барање за соработка и веднаш се впушти во реализација на објектот на своја рака, заобиколувајќи ги притоа сите процедури. Штетата е непоправлива, неповратно се изгубени делови од џамијата, ѕидови, подни елементи, делови од декорацијата на михработ. Сега, практично личи на една, ако може така да се каже, „кабриолет-џамија“, со делумно зачувани остатоци од челниот ѕид. Сепак, и со овој остаток и со нашиот проект, кој е фундиран на научни аргументи, може преку реконструкција да се врати вредноста на еден споменик, кој е дел од целината на другиот споменик - Старата скопска чаршија. Сметам дека е направена голема загуба за Скопје, чиешто заедничко културно наследство станува жртва на самопрогласени душегрижници.

 

Плагијат Џамија

Ве обвинуваат и за тоа дека повеќе се грижите за православни, отколку за исламски објекти?

- ИВЗ не била сигурна, има такви индиции, дека нема да има контрола врз џамијата и таа, како споменик на културата, нема да има активен верски живот, ако ние го изградиме објектот на автентичните темели. Тоа воопшто не е точно, бидејќи нема никакви елементи за таков исход, односно објектот на крајот да не биде во функција на верниците, односно да не биде менаџиран од страна на ИВЗ. Едно е што актуелното раководство на ИВЗ имало сомнеж за атак, а второ револтот од другите настани што се случуваат. Тоа не ја оправдува постапката и односот кон спомениците на културата и кон институцијата што сепак нуди соработка. Ме изненадува тоа што моите поранешни колеги манипулираат со чувствата на верниците, во смисла дека јас сум против џамијата, дека повеќе работам за други и слично. Тоа е ниско. Но, имајќи ги предвид настаните во ИВЗ подолго време, тоа и го очекував од одредени луѓе. Не знам зошто ми порачуваат да не се занимавам со џамии и кој е мотивот за тоа. Можеби е политички или се работи за лична аверзија кон Центарот и кон мене лично. Но, тоа не треба да се меша со обновата на овој објект на чијашто идеја за обновување сум бил многу ангажиран уште од 1990 година. Не знам зошто таков гнев кон мене.

Дали пораката на ИВЗ ќе Ве обесхрабри да се занимавате со скопските џамии, а тие да и' се препуштат само нејзе?

- Јас, како директор на Центарот, кој работи на секуларистички принцип, дејствувам врз основа на одобрена програма од Министерството за култура, врз основа на законот и надлежностите што ги имаме. Имам своја програма и ги имам сите претпоставки да се занимавам со заштита на спомениците, со нивните архитектонски и естетски вредности. А, што се однесува до изградба на објекти за верски живот, тоа е право на ИВЗ и не го оспорувам. 

Вашиот проект за Араста џамијата не е прифатен од ИВЗ и е сменет со нов. Дали е тоа со намера да се смени карактерот на спомениците од османлискиот период.

- Евидентно е дека се тоа споменици од османлискиот период и не би сакал тие вредности да се уништат. Безрезервно ќе ја поддржувам ИВЗ ако е искрена во настојувањата да се зачуваат автентичните исламски вредности. Османлискиот период на овие простори, заедно со византискиот, со средновековниот, претхристијанскиот и со античкиот период, е дел на една универзална култура. Османлискиот период мора да се третира врз основа на сите стандарди, како цивилизациски вредносни дострели. Тука се сите наши настојувања и ИВЗ не треба да има страв од Турција, која секаде во светот поддржува вакви проекти.

Изјавивте дека новиот објект е кич. Гледате ли во него отстапување од изворните елементи на османлиската култура и дали има архитектонски елементи од земјите од Блискиот Исток?

- Направивме проект врз основа на зачуваните документи за изгледот на Араста џамијата до 1963 година. Тој несомнено кореспондира со автентичниот амбиент на Старата чаршија и секој друг проект навистина е кич. Тоа е плагијат од многу проекти, воопшто не се вклопува со Скопската чаршија и затоа инсистираме на нашиот проект.

Како историчар на уметноста мислам дека на овие простори градителството има своја култура, односно дека има специфични карактеристики во сакралната и во профаната архитектура. Тие елементи може да добијат модерен или постмодерен изглед, но во секој случај не треба да се отстапува од изворното. Изворното е многу присутно во нашите простори. Исламската архитектура од османлискиот период е многу отворена. Знаете дека и кога Османлиите дошле на овие простори биле мошне толерантни кон постојната архитектонска традиција и земале многу елементи и карактеристики од градителството што го затекнале. И денеска не не гледам причина да се отстапува од архитектурата која на овие простори има свој стил. Лично не сум против модерната архитектура но таа треба да биде како продолжување на една традиција која постои со векови. Ова време на информации и интернет придонесе лаиците да пренесуваат некои елементи во архитектурата тоа го девалвира нашиот архитектонски простор.

Политичко влијание

Пред извесно време ИВЗ беше во фокусот на јавноста со информацијата дека во неа има наплив на радикални елементи. Дали тоа има врска со архитектурата и со градбата на џамии?

- ИВЗ мора да биде заедница на сите муслимани во земјава и тоа не е спорно. Значи, не треба да екскомуницира некои верници. Неприкосновена е нејзината улога во задржувањето на мирот во земјата и благосостојбата кај верниците. За наплив на некакви групи навистина не би сакал да зборувам, зашто не ја познавам таа проблематика. Во секој случај, ИВЗ треба да покаже малку поголема волја да се надминат проблемите со одредени џамии, ако ги има. Лично, не верувам дека е така. Таму има капацитет и конструктивни теолози, кои во културолошка смисла може да се справат со такви девијации и кои може со аргументи да придонесат за надминување на проблемите. Тоа е единствена можност за одбрана од сите девијации кои, како што велите, се присутни во Македонија.

Имате ли впечаток дека врвот на ИВЗ е изложен на политички влијанија?

- Додека сум работел во ИВЗ сум имал преголема желба таа да не биде подложна на влијанијата на ниту една политичка партија. За состојбите денес, не можам со сигурност да тврдам, но некои постапки го индицираат токму тоа.

Тоа воопшто не е корисно за ИВЗ, каде би требало да надвладее духовното.

Може ли самоволното поставување темелник за Араста џамијата да биде порака до премиерот Никола Груевски дека ќе ја градат ако не се дозволи градбата на Бурмали џамија?

- Не би сакал да коментирам работи што не се во моја надлежност. Можам да зборувам како верник пред се'. Секогаш со разговор може да се остварат значајни резултати. Впрочем, на дијалог обврзува и верата и не би сакал да влегувам во такви коментари што би можеле погрешно да бидат протолкувани. Ниедна причина не може да биде оправдување за ваков потег со Араста џамијата. Револтот не треба на ваков начин да се искаже, особено не во Старата скопска чаршија. Се надевам и убеден сум дека државата ќе најде решение и за Бурмали џамија, за Чарши џамија во Прилеп, Хусамедин-пашината џамија во Штип и Јен џамијата во Битола. Мислам дека има капацитети, опции и решенија во оваа држава.

Имаме проблеми со верските заедници за одржувањето на значајните верски објекти, но во исто време имаме и извонредна соработка за одржувањето на спомениците кои се верски активни. Верските заедници и свештениците си земаат за право да прават интервенции за да се зачува нешто, без оглед на тоа што ние инсистираме на увид, на превенција, на подготвување проекти... Очигледно ова е рефлексија на финансиската состојба. Тоа што не можеме да стасаме секаде, не значи дека нема интервенции.

Бранко Ѓорѓевски

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jul-2010 at 14:59

Араста џамија целосно уништена

Иако од самоволното уривање на остатоците на старата џамија поминаа повеќе недели, Управата за заштита на културно наследство и Општина Чаир не презедоа никакви мерки за да се спречи бесправната градба

Исламската верска заедница самоволно го урна и челниот ѕид, кој беше единствениот остаток од некогашната Араста џамија во Скопје, откако самоволно почна да го обновува вредниот исламски храм од средина на 15 век. Ѕидот беше урнат неодамна во рамките на градежните работи што повеќе од еден месец се изведуваат на објектот без согласност на Националниот конзерваторски центар. Претходно, кога ИВЗ организира поставување камен-темелник за нов објект, целосно беа уништени и остатоците на трите ѕида, деловите на пронајдениот мимбар и мозаичен под на некогашната џамија. Со ова, практично, во новиот објект што ќе биде изграден нема да има ниту еден зачуван остаток од некогашната џамија, за која Националниот конзерваторски центар веќе имаше обезбедено проект и донација од градот Бурса, Турција, за ревитализација и изградба.

Бехиџудин Шехаби, директор на НКЦ, изјави дека со уништувањето на ѕидот е направена голема штета бидејќи со нивниот проект беше планирано овој остаток да биде ставен во функција во рамките на обновениот храм.

- Од старата џамија веќе нема никаков остаток. По ова, мислам дека воопшто нема смисла објектот што ќе биде направен да го носи името Араста џамија, бидејќи во него ќе нема ништо од оние остатоци на старата џамија, а кои можеа да бидат вградени. Со тоа ќе се успееше барем нешто да биде зачувано. Вака, се уништи и последната трага - нагласува Шехаби.

Иако од самоволното уривање на остатоците на старата џамија поминаа повеќе недели, Управата за заштита на културно наследство и Општина Чаир не презедоа никакви мерки за да се спречи бесправната градба. ИВЗ се повика на Законот според кој за објектите што се уништени од природни непогоди или војни, верските заедници не се должни дури ни формално да обезбедат градежна дозвола. Оваа верска заедница го обвини Шехаби дека „повеќе се грижел за цркви, отколку џамии“. (Б.Ѓ.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=64A7A3CABA68004E98BB6A7DDDD094B1
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Dec-2010 at 21:48
Вратата на џамијата пред да се сруши ја имам постирано али ај еве уште една фотка.



Еве и тука да видиме до кај е работата:








Мене лично ме радува фактот дека темелите и конструкцијата се од бетон,али другото ке биде со тули, и камен може да се види низ фотките.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Dec-2010 at 21:57
Добро нели воопшто можеа било каков да ги конзервираат старите делови. Не е прв пат да се случува вакво нешто, ама па и немораше па баш комплет да срамна.т И незнам како ќе изгледа ова, ама ако биде во оној Ирнаски стил воопшто нема да личи. Барем за вакви објекти има традиција овој простор, нека ивлечат некоја идеја од локалното творештво. Или кој дава пари тој кажува како ќе биде.

Edited by lslcrew - 29-Dec-2010 at 21:59
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Dec-2010 at 22:02
Нема да биде на ирански стил, сигурно ке биде турски, иначе проектот е истиот како што успеав да дознам, тој што е на рендерот кој сум го постирал кој алудира на поранешната Араста џамија, но мислам дека овде има и стручнаци од турска,нешто ме влече во стилот на реконструкцијата на Џамијата во Дуќанџик ,која извонредно беше реконструирана и доизградена пошто беше срушена од земјотресот а останато беше само минарето.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Jan-2011 at 11:04
mene ne mi e jasno zosto morase da se gradi pak dzamija koga na radius od 100m ima poveke dzamii vo toj del na skopje
podobro ke bese ova da stanese kulturen centar ili nekoj vid muzej
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4531
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Jan-2011 at 16:12
Колку џамии и цркви плачат да бидат претворени во музеи... ах, религија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-Jan-2011 at 18:29
А демек сега нешто толку тебе нешто многу те загриже културното наследтво и од живо наследство треба да го конзервираме. Зашто активни цркви би ги затварале. И престани со овие теории ах религија таа теорија и пројде модата пред пола век кога и беше промовирана. денеска едвај уште восерен коеја да се оддржува. Престани да им се мешаш на други луќе во нивни интереси. Ако не те занимаат цркви не се мешај и крај. А ова што се случува во чаршија врска нема ни со религија ни со култура. Политика е и нема што да го коментираме со муабети од верски или културен аспект. Секоју муабет за тој објект води кон политичка расправија зашто и тоа е.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3856
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Jan-2011 at 18:55
@Isl, procitaj gore dobro, pisuva deka IVZ ja restaurira a ne nekoj politicar!
Ako sakas da kazes nesto ubavo za crkvite dobro, no te molam ne gi ucenuvaj dzamiite kako politicki nereligiosni i nekulturni!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Jan-2011 at 21:16
ММ ај малку олади до гитар се обратив. Додов одговор дека не активни цркви живи верски објекти нема што да се пренаменуваат во културни институции. Башка многу подобор се зачувува активна жива црква него некоја затворена што целиот книжен фонд ќе се запусти по некои подруми демек дс се заштити а само се дорасиува. Ако не живее неој во некој манастир и да го чисти и средува никоја институција неможе такви внимание да посвети. И најбитно беше што луќе што неколку пати се изјасниле тука дека верки ѓивот не ги интересира нека не оштедат однивните искривени идеи како цркви ќе ги пренаменеле во галерии во културни институции или незнам што. Се е тоа маска за да се дозапусти верскиот живот на тие што сакаат. Ако некој не го занима религија нека не с меша воопшто, само така може да се покаже како толерантен и либерален. Се друго се граничи со фашизам и стаљинизам.

И мм не се убацувај зашто и сам знаеш како стојат некои работи. Немам јас проблем со верници што се собрале и изградиле џамја зашто им требало, немале во близина, немале во селото или незнам каде. Проблем е кога низ македонија хараат саудиски пари за финансисрање радикални идеи, проблем е кога се спорад археолошки истражувања за објекти што предходно биле цркви, да не збориме за пренаменување назад, проблем е кога се користат како демаркациони виртуелни камења, проблем е кога се градат со основна цел да бидат трња а не верски објекти.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3856
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Jan-2011 at 21:44
Originally posted by lslcrew

ММ ај малку олади до гитар се обратив. Додов одговор дека не активни цркви живи верски објекти нема што да се пренаменуваат во културни институции. Башка многу подобор се зачувува активна жива црква него некоја затворена што целиот книжен фонд ќе се запусти по некои подруми демек дс се заштити а само се дорасиува. Ако не живее неој во некој манастир и да го чисти и средува никоја институција неможе такви внимание да посвети. И најбитно беше што луќе што неколку пати се изјасниле тука дека верки ѓивот не ги интересира нека не оштедат однивните искривени идеи како цркви ќе ги пренаменеле во галерии во културни институции или незнам што. Се е тоа маска за да се дозапусти верскиот живот на тие што сакаат. Ако некој не го занима религија нека не с меша воопшто, само така може да се покаже како толерантен и либерален. Се друго се граничи со фашизам и стаљинизам.

И мм не се убацувај зашто и сам знаеш како стојат некои работи. Немам јас проблем со верници што се собрале и изградиле џамја зашто им требало, немале во близина, немале во селото или незнам каде. Проблем е кога низ македонија хараат саудиски пари за финансисрање радикални идеи, проблем е кога се спорад археолошки истражувања за објекти што предходно биле цркви, да не збориме за пренаменување назад, проблем е кога се користат како демаркациони виртуелни камења, проблем е кога се градат со основна цел да бидат трња а не верски објекти.


Za finansiranjeto na dzamii so saudiskite pari, ima spekulacii pa neka se zanimava policijata so tie rabotiOhno
Zar tolku siguren si deka recisi site dzamii bea izgradeni vo temelite na crkvite?Interesno sto turcite vo ovie 500 godini ne gradele novi dzamii tuku gradile samo tamu kade imalo crkva?CrazyIma clucai sto imalo crkva a potoa dzamija no toa e edno od 1000000 slucai!
_______
Kolku za proektot: Steta sto bese celosno urnato!Trebase da se restaurira pa duri da se ostavase eden star del i da bese kako muzej!
Kako pocnale so celosno urivanje i pocnato so materiali sto voopsto nemaat vrski so minatoto vreme.. ne znamOhno, a ima golema razlika pomegju starata i novata vrata na dzamijata!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.