build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>
Poll Question: Конкурсен труд
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.50%]
32 [66.67%]
2 [4.17%]
1 [2.08%]
7 [14.58%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-May-2010 at 15:30
  1.  


Edited by damjanh - 01-May-2010 at 15:30
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-May-2010 at 18:19
glasav za motiv, nesto me ispirira vo ovaa zgrada ama ne znam sto. Mnogu mi se dopaga!! A ubavo e sto ima i most preku ilindenska.
Objektot 61125 moze da ispadne nesto ko tc zebra, se nadevam da ne e pobednikot!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-May-2010 at 18:42
Originally posted by my Macedonia

glasav za motiv, nesto me ispirira vo ovaa zgrada ama ne znam sto. Mnogu mi se dopaga!! A ubavo e sto ima i most preku ilindenska.
Objektot 61125 moze da ispadne nesto ko tc zebra, se nadevam da ne e pobednikot!!


Мостот преку Илинденска навистина носи поени плус Thumbs%20Up
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-May-2010 at 21:52
Уште толку ми се засвиќа двојкава со преминот над Илинденска и поради тоа што веројатно авторите сакале зградава да биде де факто продолжение на градски парк всушност. Барем ова може да заклучам со толку зеленило, што ми се допаѓа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-May-2010 at 22:05
Originally posted by lslcrew

Уште толку ми се засвиќа двојкава со преминот над Илинденска и поради тоа што веројатно авторите сакале зградава да биде де факто продолжение на градски парк всушност. Барем ова може да заклучам со толку зеленило, што ми се допаѓа.


Преминот на Илинденска му требаат модификации спрема мене но сепак на ова ниво веројатно не се одело во толкава разработка.

На пример влезот во парк би одел со едно големо скалиште а не со две помали како што е сега (едно кон паркот, едно кон фонтана). Исто така ме интересира како ќе се реши пристапот за хендикепирани.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-May-2010 at 03:17
Иако немам право на глас, јас мислам дека 2ка е најдобро до сега.

Мое нестручно мислење:
1. Многу пренатрупено и е добра зграда ако нема појма општината во која насока се движи.
2. Ми се допаѓа.
3. Изгледа едноставно и како да сакале да поентираат со стубовите... можно е да го изберат ова решение, бидејки на око изгледа поефтино.
4. Ми изгледа како објекти од типот на ГТЦ. Што кај мене значи НЕ!

п.с.
Полуцилиндричниот кров на 2ката се движи или така ми се причинува?
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 02-May-2010 at 07:34
Немора да е точно, но по плановиве испаѓа дека има работни места (на општинскиот сајт не најдов колку вработени има)

060 луге на приземје
300 луге на 1 кат

вкупно ~ 1.500-1.600 луге во општина центар на 45.000 жители или на секој ~30 граѓанин еден административец и со завземена површина од 6.300 м2 за зградата.

Дали се плановите мегаломански (за мене да) или е потребата таква ???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 02-May-2010 at 12:51
МОТИВ е очигледно фаворит на повеќето, иако до некаде гласањево е субјективно со оглед на тоа дека за МОТИВ имаме доста повеќе материјали (благодарение на дамјанх Cheers) за градење на впечатокот. 
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 04-May-2010 at 16:46
Некаде погоре прочитав прашања за шарата на обвивката? Истата е дизајнирана како резултат на анализирани етно елементи од ова поднебје како можен МОТИВ а истиот е искористен и како шифра за трудот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 04-May-2010 at 17:04
damjanh, дали во условите на конкурсот има конкретно барање за тоа колку проценти од објектот се за општината, а колку за комерцијална намена? Или евентуално тоа да се наѕира по други параметри?

Колкави се квадратурите за секоја од намените во вашиот проект?


Edited by Cloverstack - 04-May-2010 at 17:28
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 05-May-2010 at 09:45
Да не ги коментирам решенијата...габаритот (зададен според урбанизмот) делува многу несмасно во целото опкружување, што повеќе е урбанистички недостаток, барем да се инсистирало на некаква сериозна висина, вака што е поентата?!. Во два од откупените конкурсни трудови се обиделе некако да ја прифатат морфологијата на околината што според мене во случајов мислам е најприфатливо.

Врзувањето со бул. Илинден со уличка за исклучување е една работа што веројатно само во Скопје може да се види...на 60kmh некој да ви даде нагло жмигавец за вртење десно или да ве успорува додека да дојде до шиканата. Истото веќе се случува со задниот влез на Генералштабот, кој не е којзнае колку фреквентен, ама не е никаков пример според кој требале и овде да се водат урбанистите (претпоставувам дека како услов е овозможен овој пристап според ДУП)...

...и како ќе се оформи едно решение од 4 допрва ќе видиме, до кога ќе се практикува ваков начин на избор не ми е јасно...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 05-May-2010 at 10:08
на 60kmh некој да ви даде нагло жмигавец за вртење десно или да ве успорува додека да дојде до шиканата


Илинденска не е јужен булевар. А башка оддржување растојание е една од побитните работи во сообраќај. Булевари не служат да опслужат проток од точка а до точка б, туку да опслужат се долж трасата.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 05-May-2010 at 10:40
Не знам што не е, ама бул. Илинденска е улица од примарна градска мрежа и постои начин (закон) на поврзување на улици по хиерархија, а не да си отвара уличе кој каде стигне...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 05-May-2010 at 10:44
А бензинска на автопат?

Тука всушност проблем е што булеварот не е во полн профил изграден, па фали третата лента што треба да служи за таа намена. А се додека не е три ленти не е ни булевар, па може да трпи вакви приклучоци.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 05-May-2010 at 11:01
Originally posted by lslcrew

А бензинска на автопат?


А лента за исклучување мин. 250м?

...многу отидовме оф-топик, јасно е дека е проблем со неоформениот профил на целиот коридор и тоа што го гледаме секојдневно во пракса си го земаме здраво за готово, па навикнато ни е окото...секогаш постојат исклучоци, ама кога во поголем процент би биле работите по книга, животов би ни бил многу полесен...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 06-May-2010 at 01:46

Општина Центар ќе гради модерен административен објект

На Тодоровиќ не му се исполни желбата да се изгради општинска зграда во барокен стил

Општина Центар ќе гради модерен административен објект, иако градоначалникот Владимир Тодоровиќ посакуваше за потребите на администрацијата да се изгради зграда во барокен стил. Надлежната комисија што го избираше изгледот на новата општинска зграда, одлучи од девет понудени решенија да не избере едно - првонаградено, туку направи рамноправен избор на четири труда. Според објаснувањето на општинарите, сите четири предлози ќе служат како основа за изработка на основниот проект за зградата.

„Иако се разгледуваше опција за повторна објава на повик за да изберат првонагардено решение, сепак, комисијата се одлучи за оваа варијанта. Од четирите труда ќе се направи една компилација што ќе служи како основа за изработка на основниот проект. Всушност, тоа е и следната фаза од проектот“ вели Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар.

Инаку, општинарите се' уште не утврдиле на кој начин ќе ја финансираат изградбата на новиот административен објект. Се размислува државното земјиште на кое би се градела зградата, а тоа е местото на постојните општински бараки, да се отстапи на приватен инвеститор, кој за возврат, дел од објектот без надомест би и' го дал на користење на Општината. Не е исклучена можноста и финансиите целосно да ги покрие Општината, која со продавање или издавање на дел од просториите во новиот објект би ги повратиле вложените средства. Тоа значи дека и во двете опции општинската зграда нема да биде исклучиво административна, туку во неа ќе има и деловен простор.

Според градоначалникот Тодоровиќ, конечната одлука за начинот на финансирање на проектот ќе биде донесена најдоцна до крајот на годинава, а изградбата на објектот би започнала кон средината на наредната година.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A497101880E2394294703658CC2964F1
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-May-2010 at 08:37
Компилација... го мрзам овој збор кога излегува од устата на бирократијата.

Го сакатат секој труд на учесниците на конкурсот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-May-2010 at 12:56
Центар ќе гради застаклена општинска зграда Општинарите избраните проекти ќе ги дадат на дополнителна доработка за да го добијат крајниот изглед на зградата, а на сите четири кои им се допаднале, заедничко им е што објектот е застаклен и на три ката

Општина Центар ќе гради нова зграда, во која од в година ќе функционира локалната администрација. Објектот ќе се прави според комбинација од четири проекти кои беа избрани на јавен конкурс. Според информации од Општината, на повикот за идејно решение не е доделена прва награда туку се откупени четири проекти, и сите тие ќе се земат за изработка на крајниот изглед на зградата. Сите решенија предвидуваат модерен изглед на зградата.
Иако зграда во барок стил беше фаворит на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, сепак, жири-комисијата решила да не се враќа во мнатото туку да се направи нова модерна и современа градба. На сите четири проекти заедничко им е тоа што предвидуваат заградата да биде на три ката и надворешната фасада да биде од стакло.
"Врз основа на избраните, ќе се подготви основен и изведбен проект. Наскоро ќе биде распишан тендер за избор на проектантска фирма, и се надеваме дека крајното решение ќе биде уште поубаво", потенцираат од Општина Центар.
Новата општинска зграда ќе почне да се гради идната година. Дотогаш Тодоровиќ ќе бара инвеститор за да ја поддржи финансиски градбата, а за возврат, ќе добие дел од просториите. Градоначалникот на Центар пред неколку месеци изјави дека во моментов Општината нема доволно пари за да се впушти во ваква инвестиција, и затоа решение гледа преку соработка со приватен партнер. Тој објасни дека доколку не се најде заинтересиран партнер, тогаш Општината ќе ја гради зградата, но потоа дел од просториите ќе продава или издава, за да се вратат дел од потрошените пари.
Новиот административен објект ќе се гради на местото на старите бараки, па затоа општинарите ќе треба да бараат и соодветен простор каде што би се преселиле додека трае изградбата.

http://vest.com.mk/?ItemID=2DA9E7A2A242E04CBC3D3C1EFB9EF229
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 06-May-2010 at 17:05
Е сега дали таквата доработка подразбира сепак некакво вметнување на барок елемент за да се исполни желбата на Тодоровиќ, пошто очигледно ниту еден од четирите ја нема...
 
Операција Франкештајн кен бигин Big%20smile Шала на страна, можда сепак крајниот резултат ќе не изненади..


Edited by SkyBoy - 06-May-2010 at 17:10
Back to Top
suzana View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Mar-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote suzana Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-May-2010 at 03:59
етно елементи како главен украс на една правоаголна кутија, дали некој сака со мене да дискутира на таа тема со оглед на тоа дека во семиолошкото значење на тие елементи не би требало така лекоумно да се прават резови и крпеници да не речам лепеници за жал поубави зборови не наоѓам
andronika
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.240 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.