build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Poll Question: Конкурсен труд
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.77%]
31 [65.96%]
2 [4.26%]
1 [2.13%]
7 [14.89%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
suzana View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Mar-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote suzana Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 08-May-2010 at 04:28
да бидам појасна:
кога ранохристијанските цркви се прават на стари темели тие јасно дека го имаат обликот на претходната градба, но кога црквите воопшто почнале да се градат од темел,темелот добил облик на впишан крст, значи градбата соодвествува на симболот.
ако однадвор го прилепивме македонскиот етно елемент може ли некој да ми објасни зошто градбата започната од сопствен темел има правоаголен облик?
јас со двете раце во жар и како академски сликар тврдам дека во македонската етно ризница на везови не постои правоаголник. од проста причина што тие творби си имаат семиолоско значенје кое не може така произволно да се менува особено не од оние кои не го познаваат. се разбира дека сите не можеме се да знаеме, но ако нешто ви недостасува тоа не значи дека не постои, треба само да сме упорни и доследни за да го побараме.
andronika
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 08-May-2010 at 04:33
Сузана не те разбирам во што е проблемот. Во шарата или во обликот на маркицата?
Back to Top
suzana View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Mar-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote suzana Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 08-May-2010 at 05:00
маркицата не е битна земете го пентагон во вашингтон ако не сакате да споредувате со црквите.
значи ако симболот е квадрат  на таа маркица би оделе три квадрати. ако авторот бил доследен на ЕТНОСИМБОЛОТ , ТРЕБАЛО ВО СТАРТ (темел ) да постави еден два или три квадрата што исто така има дополнително значење .
andronika
Back to Top
suzana View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Mar-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote suzana Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 08-May-2010 at 06:09
маркицата не смее да ја силува формата на објектот. или ако таа е во облик на пиратско знаме треба ли и објектот да ни биде таков, а одозгора со апликации од рајот.
квадратите за кои јас зборувам можат да се постават и во висина  која идеја ми дојде од погоре прочитан соговорник кој вели:
 Да не ги коментирам решенијата...габаритот (зададен според урбанизмот) делува многу несмасно во целото опкружување, што повеќе е урбанистички недостаток, барем да се инсистирало на некаква сериозна висина, вака што е поентата?!
Јас мислам дека со тоа уште би се разбила површината од онаа страна каде на соседната маркица има многу објекти па правоаголниот долг ѕид го гуши и силува просторот особено во средината.

andronika
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-May-2010 at 06:34

УЛТРАМОДЕРНА НАМЕСТО БАРОКНА НОВАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНАТА ЦЕНТАР


Микс-варијанта најдобро архитектонско решение?!


Откако некои медиуми објавија информација дека градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, претпочита новата административна зграда што треба да се гради за потребите на општината да биде во барокен стил, тој завчера изјави дека не настојува стрикно кон желбата, но би било добро градбата да има некои сегменти од барокот


Откако некои медиуми објавија информација дека градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, претпочита новата административна зграда што треба да се гради за потребите на општината да биде во барокен стил, тој завчера изјави дека не настојува стрикно кон желбата, но би било добро градбата да има некои сегменти од барокот.
- На идејниот архитектонски конкурс што го објави Општина Центар за изгледот на новата општинска зграда пристигнаа 9 трудови. Од тие 9 назначената Комисија за избор на идејно архитектонско урбано решение требаше да откупи четири проекти и сите тие да се земат за изработка на крајниот изглед на зградата. Тоа што мене ми се допадна беше едно идејно решение во кое доминираше барокот. Но тоа, потенцирам, не значи дека ќе настојувам да биде барокна зграда, бидејќи за тоа, пред се, одлучува Советот, изјави градоначалникот Тодоровиќ по средбата со евроамбсадорот Ерван Фуере по повод Денот на Еввропа, 9 Мај. Сите решенија предвидуваат модерен изглед на зградата. Допрва ќе се одлучува дали ќе се одбере едно од решенијата или ќе се направи микс од сите 4 за да се задоволат сите вкусови, додаде Тодоровиќ.

Инаку, општинарите се уште не утврдиле на кој начин ќе ја финансираат изградбата на новиот административен објект. Се размислува државното земјиште на кое би се градела зградата, а тоа е местото на постојните општински бараки, да му се отстапи на приватен инвеститор, кој за возврат, би и дал на Општината дел од објектот без надомест.

Од Центар информираат дека доколку не се најде заинтересиран партнер, тогаш Општината сама ќе ја гради зградата, но потоа дел од просториите ќе ги продава или издава за да се вратат дел од потрошените пари.

Новиот административен објект ќе се гради на местото на старите бараки, па затоа општинарите ќе треба да бараат и соодветен простор каде што би се преселиле додека трае изградбата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8F69DB91308B864A8B458882FA15A052
Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 14-May-2010 at 15:18
Sosema se soglasuvam so Suzana. Da se koristat narodni vezovi i obelezhja kako chista dekoracija e sosema naivno i detski. Ne se obiduvam nekogo da navredam, samo go iskfazhuvam svojot stav. Ova e ARHITEKTURA, i ako neshto se prenesuva kako poraka, postoi ARHITEKTONSKI jazik koj toa mozhe da go prenese. A i ne znam kako odgovara na programot opshtinska zgrada ovaa dekoracija so makedonski narodni vezovi.
Isto taka nejasno mi e kako mozheme da glasame za proekti chisto so dadeni fasadi, ili samo po eden render, bez nikakvi osnovi i barem nekoja dodatna dokumentacija. (osven za eden neli)

(Kje ve zamolam da mi prostite za toa shto pishuvam latinica, na noviot PC nemam seushte MK poddrshka. Blagodaram.)



Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 14-May-2010 at 15:31
Originally posted by metodius


Isto taka nejasno mi e kako mozheme da glasame za proekti chisto so dadeni fasadi, ili samo po eden render, bez nikakvi osnovi i barem nekoja dodatna dokumentacija. (osven za eden neli)


НЕ се работи за никакво официјално гласање, се работи за обид за сумирање на генералниот впечаток. Најчесто воопшто не поставуваме анкети за рендери (само за дадени фасади како што велиш) но бидјќи како за промени Општина Центар во случајов се реши да ги презентира овие материјали и да биде релативно транспарентна, поставивме анкета за да го видиме првиот впечаток на посетителите на форумов.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 15-May-2010 at 13:34
Модерен објект со нишки од македонската традиција
Од четирите откупени труда, општината Центар на тендер ќе избере проектантска куќа што ќе направи единствено решение, односно ќе ги вклопи најубавите делови од сите во една зграда
%20
Општината Центар ќе гради нова зграда во која од идната година би требало да се всели локалната администрација. Објектот ќе се гради од комбинација на четирите проекта што беа избрани и откупени на јавен конкурс, за што авторите на откупените трудови не се информирани. Според информации од општината, на повикот за идејно решение не е доделена прва награда, туку рамноправно се откупени четири проекта и сите тие ќе се земат за изработка на крајниот изглед на зградата. Од вкупно девет пристигнати труда, жирито одлучи да им додели откупни награди на авторите и архитекти: Слободан Велевски и Марија Мано Велевска, за конкурсниот труд со шифра „ФОЛИЕ“; Миодраг Радоњиќ -Бато и Ранчо Христов, за трудот „МОТИВ“; „Мираж“ на Звонко Тасевски и Ирина Бојаџиевска; како и проектот со шифра „61125“ на Драги Зафиров и Владимир Арсовски.


ОБЈЕКТ НА ТРИ КАТА СО СТАКЛЕНА ФАСАДА


Во конкурсната програма за локацијата на општинска зграда, само за објектот беше зададена нето-површина од околу 5.500 квадратни метри корисен простор, 500 квадрати за матичната служба, а останатото, според видувањата на авторите, е наменето за други јавни институции (административен простор). И максималната дозволена висина на објектите е условена од можноста да се обезбеди доволен број паркинг-места за понудените содржини, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот. Па, сите понудени решенија имаат предвиден подземен паркинг на две нивоа. На сите четири проекта заедничко им е тоа што предвидуваат модерен изглед за зградата од три ката со надворешна фасада од стакло.

%20Иако зграда во необарок или неокласицизам стил беше фаворит на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, сепак, жирито реши да не се враќа во минатото, туку да се направи нова модерна и современа градба.

-Врз основа на избраните ќе се подготви основен и изведбен проект. Наскоро ќе биде распишан тендер за избор на проектантска фирма и се надеваме дека крајното решение ќе биде уште поубаво - потенцираат од општината Центар. Новата општинска зграда треба да се гради идната година. До тогаш градоначалникот Тодоровиќ ќе бара инвеститор, кој финансиски би ја поддржал градбата, а за возврат би добил дел од просториите. Градоначалникот на Центар пред неколку месеца изјави дека во моментов општината нема доволно пари за да се впушти во ваква инвестиција, и затоа решение гледа преку соработката со приватен партнер. Тој објасни дека доколку не се најде заинтересиран партнер, тогаш општината сама ќе ја гради зградата, но, потоа, за да се врати дел од потрошените пари, дел од просторот ќе се продава или ќе се издава.

Новиот административен објект ќе се гради на местото на старите бараки, па затоа општинарите ќе треба да бараат и соодветен простор каде што би се преселиле додека трае изградбата.


ПОРТАТА ОД УЧИТЕЛСКАТА ШКОЛА КАКО ЗАШТИТЕН ЗНАК


Авторите Слободан и Марија Велевски велат дека сакале идејното решение да го вклопат во контекстот на Дебар маало и да ја потенцираат јавната површина. Тие објаснуваат дека додека работеле на проектот избегнувале волуменозни маси, затоа што мислеле дека нема да се вклопат во целосното решение.

- Намерно посветивме големо внимание и на улицата Ѓуро Ѓаковиќ, која е една од најубавите во Дебар маало и само таа го има својот автентичен дух. Според нашиот проект, таа навлегува во комплексот и формира два двора. Исто така, во проектот е задржана и портата од Учителската школа, намерно сакавме да ја оставиме и да ја потенцираме- објаснија Велевски.

Архитектката Ирина Бојаџиевска, која го изработи проектот заедно со Звонко Тасевски од фирмата „ДСЦ дизајн“, вели дека при изработката на трудот многу внимавале тој да биде според Деталниот урбанистички план.


%20


- Во нашето решение направени се четири посебни дела, кои меѓусебе се поврзани со стакло. А најголема инспирација ни беше нашиот македонски вез, од што произлезе тантелата на фасадата, која ќе биде дупла - објасни Бојаџиевска.

Третиот откупен труд е на архитектите Миодраг Радоњиќ-Бато и Ранчо Христов, кој за нивниот проект вели дека ќе има подземно паркиралиште на две нивоа, каде што треба да има место за околу 450 возила. На приземјето ќе има урбан хол со неколку кафулиња. На горниот кат ќе биде сместена администрацијата, а ќе биде задржана и портата од Учителската школа, од каде што се планира да се влегува во салата за венчавање. На покривот ќе има тераса со зеленило, која ќе има поглед кон паркот и кон Водно.

- Покрај стаклото од кое ќе биде фасадата, предвидовме и уште една заштитна покривка на која ќе бидат исцртани стари македонски шари и везови. Се надеваме дека во реалност проектот ќе изгледа дури и поубаво отколку на слика - додава Христов.

За архитектите Владимир Арсовски и Драги Зафиров, предизвик да се учествува на овој конкурс е атрактивноста и комплексноста на содржините предвидени за овој дел од центарот. Урбаниот концепт генерира внатрешен просторен амбиент, целосно достапен пешачки преку пасажи, за задоволувањето на потребите и користењето на услугите важни за јавни институции.

- Значаен мотив во пешачкиот простор претставува делот од влезната партија, односно портата на некогашната Учителска школа, која автентично се задржува и во целост се вклопува во комплексот. Портата е ставена во функција на свечениот чин на напуштање на салата на матичното - објаснува Арсовски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=514101047442&id=14&prilog=0&setIzdanie=21983
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4754
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 15-May-2010 at 16:27
а кој е тој што уствари ќе ги фузира четирите објекти во еден? кој е тој експерт што смее да го има тоа право? градоначалникот? мозаик небаре ќе составува
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Jun-2010 at 20:40
Originally posted by гитардемон

а кој е тој што уствари ќе ги фузира четирите објекти во еден? кој е тој експерт што смее да го има тоа право? градоначалникот? мозаик небаре ќе составува


PA DELATA SE ODKUPENI......
апр

Идејно архитектонско урбанистичко решение




Известување за работата на комисијата назначена за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение на Конкурсот бр. 08-3684/2 од 15. 12. 2009 година според Одлуката на Градоначалникот на Општина Центар.

 
Комисијата ,согласно законските одредби ги отвори трудовите на  15 03 2010 година. На состанокот  во комплетен состав беше констатирано дека сите 9 пристигнати трудови можат да бидат разгледани со оглед на тоа дека ја почитувале конкурсната задача во целост.

Потоа комисијата низ 4 заеднички седници и 5 индивидуални разгледувања,по опсежна расправа при што на секој пристигнат труд му беше посветено соодветно професионално внимание ја донесе следната одлука:

  1. Да не се додели прва награда
  2. Да се доделат 4 рамноправни откупи според конкурсниот распис.
  • Откупна награда се доделува на авторите М-р Слободан Велевски, д.и.а  и  М-р Марија Мано Велевска, д.и.а од Скопје за конкурсниот труд со шифра ФОЛИе
  • Откупна награда се доделува на авторите Миодраг Радоњиќ -Бато, д.и.а  и  Ранчо Христов, д.и.а од Скопје за конкурсниот труд со шифра МОТИВ
  • Откупна награда се доделува на авторите Звонко Тасевски, д.и.а  и  Ирина Бојаџиевска, д.и.а од Скопје за конкурсниот труд со шифра МИРАЖ
  • Откупна награда се доделува на авторите Драги Зафиров, д.и.а  и  Владимир Арсовски, д.и.а од Скопје за конкурсниот труд со шифра 61125



Edited by Makedonij - 03-Jun-2010 at 20:41
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 03-Jun-2010 at 22:01
Originally posted by Makedonij


PA DELATA SE ODKUPENI......


Вероватно си прв тука што се сложува со мене околу тие ствари со авторските права. Апсурдно е да се инсистира на задржување авторски права за откупен труд, а кога го продаваш производот што си го создал (проектот) го продаваш топтан со се правата за него, затоа и всушност се вика откупување.

Сосема е легално, оправдано и во некои случаи добро како модел да се откупуваат повеќе трудови и да се фузираат. Проблем е што се случува премногу често (макар што по мене како неархитект и не ми ни значи нешто многу) и што во почест случај не се гради по еден проект. Дискусијата треба да се насочи кон легитимноста на ваквиот потег и колку треба да се применува често и како да се избегнува кога нема суштинска потреба од тоа, а не бланко да се инсистира на еден проект.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4754
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 03-Jun-2010 at 22:13
Јас прашав, кој е тој што може од четири проекти да извади еден? Дали вие знаете од нацртот на Рамстор, Глобал и Веро да извадите еден проект? Кој е тој што ќе го прави тоа? Кој архитект ќе биде задолжен? Тоа прашував! Градоначалникот сигурно не е архитект? Општинските урбанисти?

Или уште повеќе да упростам: Три носачи од првиот проект, две греди од вториот, седум балкони од четвртиот? Ќе биде стабилно? Кој ќе се погрижи за тоа тие да бидат споени на фин и нормален начин. Кој е архитектот?


Edited by гитардемон - 03-Jun-2010 at 22:17
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 03-Jun-2010 at 22:16
Па веројатно архитект вработен од општината или група архитекти, или па дополнително ангажиран/и од општината. Или па комисијата што предходно била. Други кои нема.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 03-Jun-2010 at 22:48


ЛСЛ со вакви муабети искрено дискусииве стануваат безпредметни. Не дека такви комбинаторики не постојат во светот во некаква форма но... Како неможеш да разграничиш дека функцијата на општината е АДМИНИСТРАТИВНА, таа треба да раководи најпаметно со парите кои НИЕ ги давамее (и ја плаќаме за тоа), таа не треба да изигрува архитектонско, градежно или незнам какво претпријатие. Нејзина работа е да изготви спецификација со која се поставуваат одредени критериуми и потоа да оцени колку приложените трудови се конформираат со тие критериуми. И толку!

Јас не знам како вака пазарски ги замислуваш работиве, и воопшто не е битно дали општината имала или немала право да ги менува тие проекти (пак тие твои чудни правни вратоломии), битно е дали таков пристап содржи трунка здрав разум.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 03-Jun-2010 at 23:30
Општината објавила уште пред конкурсот колку трудови ќе откупи и по која цена ќе ги откупи. Откупување значи топтан со се права комплет пакет. Не е општината архитект па да врши архитеконски дејност, затоа вработува или ангажира архитект, исто како сообраќаен инженер. Моделот што го кажуваш да се пропишат критериуми и да оцени колку трудови се конформираат не решава ништо. А и не би решавал дури и ако така бил распишан. Наведени се условите во конкурсот, кој не му одговара нека не учествува најблаго речено, вака пост фестум да се бараат критериуми по кои не е распишан конкурсот воопшто не допридонесува. Значи правото да се изменува се наследува со сопственоста над проектот. Дали е легитимно и етички да се менува проект што иницијално е создаден од некој сосема трет автор е прашање од морален аспект (за кое отворено сум согласен дека може), но најмалку е правно прашање. Ова што викаш дали содржи здрав разум, содржи многу. Објектите се изведуваат по еден проект, што правиме со нужна доградба, нужна реконструкција, или евентуално автори кои веќе не се меѓу живите. Крај краева еве да им ги препишеме авторските права на архитектите. Пак тие ќе си останат да бидат сопственици на авторските права врз проектот, но ќе немаат трошка авторски права врз објекти. Мора да се напомене дека проект и објект изведен по проект се повторно две различни нешта. А инаку токму пазарски ги размислувам работиве, добро го дефинира. Архитектот ствара производ, го продава и купец го купува. Кога ќе го купи производот е негов и ако сака ќе го фрли во ѓубре со се авторски права.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 03-Jun-2010 at 23:43
Ја прошири дискусијата премногу. Немам време да влегувам во целата расправа (која е и офтопик тука) но радо би ја продолжил деновиве на соодветно место.

Повторувам. Општината е тука паметно и одговорно да троши наши пари а не да изигрува убер професионалец во сите дисциплини. Ако општината запослила архитект (или група архитекти) за да работат на нешто за што веќе распишала конкурс, тоа е губење на МОИ (ТВОИ) пари и подобро нека ми објасни зошто е направен дупол трошок. Ти можеби лесно ги даваш парите, јас за моите сакам отчет и логичко трошење.

Ако се распишува конкурс на кој ќе се доделуваат награди или откупуваат трудови (во двете има финансиски момент) треба да има ОСНОВА за трошење на тие пари. НЕ се бре лсл конкурсите некој фолклор кој мора да помине ради реда, тие треба да се институција преку која професионалците (во случајов архитектите но применливо е за било што) ќе го понудат најдоброто решение коа ќе биде ВО РАМКИТЕ на критериумите кои се однапред зададени (а претходно добро обмислени). Зошто воопшто имаме конкурс за општинска зграда ако врховното (мистериозно и на никого познато) стручно тело во општина центар (или било каде) на крајот и онака ќе протурка свој проект?

Зошто имаме тогаш и тендери? Дали кога некој ќе победи на тендер се тапша по рамо па после нарачката се дели на повеќе добавувачи на основа на слободен избор на некој ете убер економист во администрацијата кој решил да направи "микс од око".

Каде е здравиот разум во ова несериозно објаснување образложи ми?

И те молам не ми ја повторувај прикаската како општината ги купила трудовите и имала право да прави што сака со нив. Аман со тие каубојски толкувања кои дури и да се правно-формално вистинити на крајот на краиштата се комплетно небитни бидејќи целата поента е сосема различна (и во голем дел образложена погоре).
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 04-Jun-2010 at 05:04
Како прво од било каде од цел свет нема архетип, модел, урнек, стандард, дефиниција, што значи паметно трошење. Затоа неможе кога се бира едно решение и тоа се реализира да се окфалификув акко паметно, а ако се одкупат повеќе и се фузираат тоа е непаметно. Си има буџет за овој конкурс и дали тие ќе се дадат како награда (откуп) на еден автор, дали на повеќе автори ќе се прераспределат, дали на повеќе плус на тие што ќе го фузираат тоа решение е најмалку сега тука итно.

Ниту барам, ниту се залагам дека треба конкурсите да проаѓаат формално-правно. Затоа и постоел конкурсот да се одкупат, де факто, идеи. Напротив во многу ситуации сум се докажал дека не се залагам за таков пристап, како на пример што тука од овој форум се изначитавме дека треба тендер за автобуси да се исфингира, за што остро се спротивставував и слични примери. А за овие тендери со разни добавувачи не сум запознаен, но вероватно се нуди законска можноста за такво нешто доколку добавувачот неможе да постигне со пратка или слични случаеви. Не сум запознаен за тоа нема што да коментирам но да не беше тоа законска можност ќе ни се вртеа по медиуми многу такви случаеви.

Сепак авторските права се во раце на општината и би сакал да повеќе дискутираме колку тоа правно и морално етички према авторите (макар што веќе дадов мислење), и дали постои можност да проекти се фузираат од архитектноски аспект, што немора да значи дека по дифолт било кои два проекти не се компатибилни да подлежат на фузирање.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 04-Jun-2010 at 09:08
Општински службеник во здрава држава не смее да помисли да проектира, а не да го праи тоа...а тоа што го практикуваат ова дела голем дел (не сите) личности партиски поставени на ваква функција треба да се казнува со бесење...
lsl мислам дека работите од секојдневието многу ги прифаќаш догматски и не се замараш со тоа дека не се коректни и треба да се заборават засекогаш. На сите ни е јасно дека сериозни пари се во игра (за наши услови) и дека веќе е договорено кој ќе прави проект (тоа сигурно не е еден човек, затоа што проектната документација ја работат повеќе професии), тоа јасно и гласно треба да се тендерира или најпрво да се понуди на прво или највисоко наградениот труд, па после да се стаи на тендер и да се приберат понуди (а и кога се прави така се праат местенки)...оваа каубојска пракса избор на проектанти и изведувачи без никакви правила го јаде градов, го изеде поточно...на некого му се битни парите, а тоа што прашува гитардемон сакам и на мене некој да ми објасни, јас никако не би можел (не би ни сакал) да спојам 2 (нечии) идеи, а не 4...може само да се чудиме после што ќе излезе од оваа глупост...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 04-Jun-2010 at 10:00
Originally posted by lslcrew

Како прво од било каде од цел свет нема архетип, модел, урнек, стандард, дефиниција, што значи паметно трошење.
Нема, ама единствено во нетокму држави како нашата. Во секоја асална држава не само што има и се почитуваат такви стандарди и мерила за тоа што значи паметно трошење, туку без нив нема просперитет (исклучок се единствено држави кои се ужасно богати со природни ресурси).

А за тоа дали требало и во крајна линија дали е добро да се склопуваат објекти по ваков Франкенштајн принцип, бидејќи ние тука во Македонија очигледно сме изгубиле осет и критериуми дури и за вакви работи, баш би сакал некој да ми посочи една единствена нормална земја каде се практикува нешто слично. Па дури се прашувам дали има макар ненормална земја со слична пракса... Не би се зачудил премногу доколку ова е наш домашен „изум“. Што е уште полошо кај нас овие миксови станаа правило, а не исклучок.

Конкретно и за овие четири откупени труда, навистина не гледам како може да се склопуваат и мешаат и од тоа да излезе нешто добро. Па тоа се заокружени концепти побогу, може само да ги осакатат замислите на авторите, а речиси ништо позитивно да не се добие. Разбирам некое решение да помине низ филтри и да претрпи (дебело аргументирани) корекции, ама ова нашево... Но очигледно ми фали креативноста што ја имаат оние од Општина Центар и оние кои ќе ги изберат да ја играат улогата на Виктор Франкенштајн


Edited by Cloverstack - 04-Jun-2010 at 10:13
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 04-Jun-2010 at 10:24
Првпат се вклучувам во дискусија, ама мислам дека третманот на конкурсите всушност има пошироки последици, а најголема е секако неучеството на странски автори а притоа не мора најдобрите, не мора ни да се подобри од домашните, но едноставно внесуваат нови мислења и ја пренесуваат овдешната дебата на друго ниво.

Досегашните примери зборуваат за една категорија на коректно наградени конкурси, но потоа мистериозно изгубени. Друга категорија е онаа на еден до два пристигнати труда (претежно поврзани со триминутната визуелизација) и банален победник. Третата е најлошата: компилација. Еден пример е секако плоштадот Македонија, кој заврши како нешто што не ни превзеде било што од трудовите. Притоа, авторските права не се баш најрасчистени, па наградените се откажаа од авторството (чисто морален чин, но потребан поради подолунаведени причини). Во вакви случаи, слободно може да се каже дека конкурсот пропаднал, бидејќи од него не произлезе изграденото. Повторно, ова не е случај само кај нас (побарајте нешто за Општинската зграда во Амстердам, слична тема, еден од најголемите конкурси воопшто), но барем јасно се кажува дека не се гради ништо според конкурсот, за разлика од еуфемизмот „избрано е најдоброто од наградените трудови“.

Гледајќи ја оваа ситуација, многумина избираат да не учествуваат. Сепак, целта на архитектот е да го изгради своето дело, а не да ги продаде авторските права.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.