build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>
Poll Question: Конкурсен труд
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.50%]
32 [66.67%]
2 [4.17%]
1 [2.08%]
7 [14.58%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 22-Feb-2011 at 23:19
Беше спомната можноста (сосема разбирливо со оглед на досегашните искуства) „барокот“ за овој објект да произлегол од медиумската површност и инертност. Па за да нема забуни околу тоа од каде никна „барокот“, еве извадок од објавата на министерството за транспорт кое го продава земјиштето (прилично „елоквентно“ склопено btw)

Изјава уредно заверена на нотар за фасадното обликување на објектите кои ќе ги изгради (а кои се дел од идејното решение за фасадно обликување во прилог на објавата) во контекст на доминантниот стилски израз треба да биде во согласност со објектите кои ја имаат стилската изразеност на барокот.

Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 18-Mar-2011 at 19:07
Еве што има во непосредна близина на локацијава т.е. одспротива кај што треба да се гради објектот, така да, барок или неокласицистичка фасада нема да штрчи како што викаат некои на форумов.

http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=68208
http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=62433


Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 18-Mar-2011 at 22:14
LELELEL falati za prviov link omilena zgrada vo skopjevo mi e!!!!!neznam sto ke napravam ovde da ziveam hhahaha
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 19-Mar-2011 at 01:15
Originally posted by HugoGoulding

Еве што има во непосредна близина на локацијава т.е. одспротива кај што треба да се гради објектот, така да, барок или неокласицистичка фасада нема да штрчи како што викаат некои на форумов.

http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=68208
http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=62433


муабетот го правевме и во темата за министерството, не знам зошто мислиш дека објектите кои ги посочиваш можат да се поистоветуваат со она што за властите претставува „барок“, дури и да сакаат „барок“ да изградат, тоа нема да биде барок, туку некое чудовиште од објект на кое ќе му стават столбови и куполи и ќе треба сите да мислиме дека е барок, далеку од тоа дека некој од општината знае што е барок и далеку од тоа дека може да се создаде нешто соодветно на посочените градби кои многу поголема вредност имаат од таканаречениот барок, иако не се значајни архитектонски дела
затоа ми е страв кога некој ќе спомне барок на рандом локација во градот, бидејќи од старт знам дека врска ќе си нема изграденото чудо од барок, а и локациски гледано, посочените објекти се далеку од локацијата за општината, или барем не се во иста видлива целина со неа
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 19-Mar-2011 at 13:29
Originally posted by zabegan

Originally posted by HugoGoulding

Еве што има во непосредна близина на локацијава т.е. одспротива кај што треба да се гради објектот, така да, барок или неокласицистичка фасада нема да штрчи како што викаат некои на форумов.

http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=68208
http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=62433


муабетот го правевме и во темата за министерството, не знам зошто мислиш дека објектите кои ги посочиваш можат да се поистоветуваат со она што за властите претставува „барок“, дури и да сакаат „барок“ да изградат, тоа нема да биде барок, туку некое чудовиште од објект на кое ќе му стават столбови и куполи и ќе треба сите да мислиме дека е барок, далеку од тоа дека некој од општината знае што е барок и далеку од тоа дека може да се создаде нешто соодветно на посочените градби кои многу поголема вредност имаат од таканаречениот барок, иако не се значајни архитектонски дела
затоа ми е страв кога некој ќе спомне барок на рандом локација во градот, бидејќи од старт знам дека врска ќе си нема изграденото чудо од барок, а и локациски гледано, посочените објекти се далеку од локацијата за општината, или барем не се во иста видлива целина со неа



Валда архитектите знаат да разликуваат барок и неокласицизам од антички градби, нема вада Тодоровиќ да ги црта фасадите...

За болдиранот само ќе ја ставам линк од ситуација, па види дали објектите не се во видлива целина, по некоја случаиност живеам во Дебар маало и ја знам многу добро околината.

http://img838.imageshack.us/f/dm2sd.jpg/
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 21-Mar-2011 at 02:28
Originally posted by HugoGoulding

Еве што има во непосредна близина на локацијава т.е. одспротива кај што треба да се гради објектот, така да, барок или неокласицистичка фасада нема да штрчи како што викаат некои на форумов.

http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=68208
http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=62433

Сум за, ама само ако на приземјето на општината има кафана. 


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 21-Mar-2011 at 19:28
@HugoGoulding баш тоа што го спомна е најголем проблем од сите, што градоначалникот сака да црта и не им дозволува такво нешто на архитектите, кои верувам дека многу повеќе се разбираат од него, без разлика дали креирале нешто современо или класично
инаку, немав точна претстава дека имотот на општината продира се до Идадија признавам...
но сепак, ова не значи дека таму помалку одговара нешто современо, одколку класично, во светот има разни примери каде со добро планирање убаво се споени модерното стакло и метал и стариот камен

друга опција е, доколку се запне епотен со бароци и слично, барем да не прават чудовишта од објекти, туку да реконструираат некој од поголемите објекти од Дебар маало и да се искористи за потребите на општината (објектот не мора да биде на оригиналната локација), гледајќи го СК2014, вакво нешто ми е многу поприфатливо одколку да ни се повторува СК2014 и во Дебар маало
да не ме разбере некој погрешно, современо, оригинално и креативно решение е според мене сепак најдобро и на прво место
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 28-Mar-2011 at 16:01
28.03.2011 | Македонија | Извор: Макфакс

Нема да се одржи јавното наддавање кое беше планирано за утрешниот ден бидејќи нема заинтересирани инвеститори кои би ја граделе административната зграда на општина Центар, информираат од министерството за транспорт и врски.

Од таму велат дека во наредниот период ќе биде распишан нов оглас со истите услови како и досега односно 60 отсто од зградата ќе и припаѓа на општината, а останатите 40 отсто на инвеститорот, а се предвидени за деловно комерцијални потреби.

Зградата на општина Центар се планира да се протега на просторот на старите општински бараки покрај булеварот Илинден, а градежната парцела е со површина од околу 7.500 метри квадратни.

http://daily.mk/cluster3/53283962a36f36a77361d9c7a37a9951/660360
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 28-Mar-2011 at 16:12
И пак што е најтрагично ќе се распише оглас со истите услови. Овие изгледа мајтап си играат. Па кој е будала да гради зграда у која ќе има само 40% простор за деловни потреби. А и општина е ова, како може да си ја делат зградата за општински и деловни потреби. Ова се вика оглас на македонски начин.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 29-Mar-2011 at 01:27

Ајде ајде, не биди толку наивен... не можеле да најдат средина за „зделките под маса“ па сега ќе почекаме да размислат малце. Не би ме изненадило ако добиеме едно „Дисконтче“ во приземјето.  

Како што Кондоминас се согласил да изгради цела зграда како надомест, не гледам зошто некој друг не би го прифатил овој „дил“. Ако квадрат за стан во тој дел од градот се движи ~1400еура можам да замислам колку би бил квадратот за деловна просторија или кирија. 

А и ОП ЃП во новата зграда е замислена како дел општина-дел комерцијала така да ништо ново во случајов. 


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 08-Apr-2011 at 10:48

Никој не сака да и' гради зграда на Општина Центар

Никој не е заинтересиран да ја изгради новата општинска зграда на Центар, а за возврат да добие дел од просториите што ќе може да ги користи како деловен простор. Но, општинарите не се откажуваат од идејата и наскоро повторно ќе бараат потенцијален инвеститор. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ќе го репризира јавниот повик за отуѓување на предметното земјиште на кое заинтересирана фирма откако ќе го изгради објектот, ќе треба 60 отсто од просториите да и' ги предаде на Општината, а останатите ќе може да ги користи за сопствени комерцијално-деловни цели.

Од ресорното Министерство се' уште не знаат дали вториот повик ќе ги има истите услови како за првата лицитација. Поточно, неизвесно е дали можеби ќе се коригира цената која првично беше утврдена дека ќе изнесува 6.480 денари за квадрат како почетна за наддавањето. Сигурно, пак, остануваат истите услови со кои потенцијалниот инвеститор ќе биде обврзан објектот да го изгради по идејно решение кое неодамна го одбра Општината. Имено, се инсистира објектот што е предвидено да се гради на парцела од 7.500 квадрати да има генерално стилска фасада врз основа на идејно решение изработено во комбинација од четири труда што ги откупи Општината. Објектот ќе има подземен паркинг-простор, а неговата максимална вистина ќе може да достигне до четири ката. Тој треба да се гради на сегашната локација на општинските бараки согласно со деталниот урбанистички план „Дебар Маало 1“.

Изградбата на нова општинска зграда со помош на приватен инвеститор е најсоодветната опција за надлежните, со оглед на тоа дека Општината нема пари во својот буџет за нов административен објект што и' е неопходен поради состојбата во постојните бараки во кои неколку децении се сместени работните простории.

Во случај и по неколку обиди да не најдат приватен инвеститор, општинарите се решени новата зграда да ја изградат со сопствени средства. Притоа, планираат дел од просториите да ги продадат или да ги изнајмат за да се вратат инвестираните средства. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=502481286EB69B45919B68A80D500850
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 08-Apr-2011 at 11:57
И за ова има решение, само на кој да му текне. Парцелата да се подели на две еднакви половини. Едната половина да се продаде на аукција - сигурно ќе се извадат за 3000м2 најмалку 1 милион евра. Ова е централна локација во Д. Маало, кајшто квадрат од плац ќе отиде за 300е/м2.

Тоа ќе биде доволно на остатокот од парцелата да се изведе објект од околу 3000м2. Сосема доволно за општината и матичната служба, а и паркинг.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 12-Apr-2011 at 14:08
Originally posted by fichot

Ајде ајде, не биди толку наивен... не можеле да најдат средина за „зделките под маса“ па сега ќе почекаме да размислат малце. Не би ме изненадило ако добиеме едно „Дисконтче“ во приземјето.  

Како што Кондоминас се согласил да изгради цела зграда како надомест, не гледам зошто некој друг не би го прифатил овој „дил“. Ако квадрат за стан во тој дел од градот се движи ~1400еура можам да замислам колку би бил квадратот за деловна просторија или кирија. 

А и ОП ЃП во новата зграда е замислена како дел општина-дел комерцијала така да ништо ново во случајов. 



Не сум наивен, само погледај колку такозвани деловни простори има празни, во станбени згради, во деловни згради и сл. Скопје едноставно нема толкава потреба од деловни простори, особено не такви. А со Кондоминас работата е друга, човекот ќе вади пари после од хотелот, а веројатно позади тоа се крие и некоја друга зделка за во некое скоро време. Во секој случај ваквиот стил на општина-деловен центар е благо речено глупав. Ако е општина, нека биде на 2 спрата, ама да се знае дека е општина, а не да биде и општина и некоја невладина организација и некоја мала фирма и сл. Доволно е една банка и нотар ко во Чаир.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4091
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 16-Aug-2011 at 18:38
Spored urbanistckiot plan opstina centar kje ima zgrada od 15 kati...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 17-Aug-2011 at 23:05


Нешто си протолкувал погрешно во планот:

http://www.opstinacentar.gov.mk/page8160562.aspx

Според урбанистичкиов план, општинската зграда смее да има најмногу приземје + 4 ката и максимална висина од 18m. Се работи за маркичката 1.24

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 03-May-2012 at 14:46
Нов обид

Соопштение до јавноста-2.5.2012

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека денес Министерството за транспорт и врскираспиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградбана В4 – органи на локална самоуправа (51%) со компатибилни класи на намени Б1 – мали комерцијални и деловни дејности, Б2 – големи трговски единици, Б3 – големи угостителски единици, Б4 – деловни дејности и В3 – култура (49%), во општина Центар.

Станува збор за една градежна парцела со површина од7.528 метри квадратни чија почетна цена на јавното наддавање изнесува2.800,00 денари по метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до06.06.2012 година а електронското јавно наддвање ќе се спроведе на 13.06.2012 година.

Најповолниот понудувач е долженна свој трошок, во целост да го изгради објект со намена В4 – локална самоуправа и по изградбата истиот, без надомест, да го предаде во владение на општина Центар.

Право на учество во јавното наддавање имаат физички и правни лица кои гиисполнуваатсите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски- www.mtc.gov.mk

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3744

Edited by Cloverstack - 03-May-2012 at 14:48
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 03-May-2012 at 15:05
Министерството за транспорт и врски ја продава парцелата на која во моментов се наоѓаат бараките на општина Центар. Почетната цена за земјиштето со површина од околу 75оо м2 е 340 000 евра, односно 2800 денари за метар квадратен. Според деталниот урбанистички план, на парцелата е предвидена зграда со висина до 55 метри. Евентуалниот инвеститор, по изградбата на зградата, е обврзан 51% од објектот да и го врати на општината за потребите на локалната самоуправа. Останатите 49% од објектот остануваат во сопственост на инвеститорот.Фасадата на објектот би требало да биде во барок стил. Слични обиди за продажба на парцелата имаше и досега, но ова е прв откако висината на објектот се зголеми на 55 од првично.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=49414&egId=6

И дојде и тоа.. 55 метра барок!

Добро, можеби и нема да го изведат така, но висинава е неверојатна.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 03-May-2012 at 16:38
кој знае кога ова ќе биди изградено,дотогаш ќе се сменат триста стилови и триста умови
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 15-Jun-2012 at 15:31
Нема заинтересирани за изградба на новиот административен објект на општина Центар

Повторно пропадна обидот за продажба на градежното земјиште на кое треба да се изгради новата административна зграда на општина Центар. Драстичните промени во критериумите за купување на атрактивната парцела во Дебар Маало и за изградбата на општинскиот објект во „барокен“ стил не им се допаднаа на инвеститорите. Денешното електронско јавно наддавање на градежната парцела со површина од 7.528 метри квадратни заврши неуспешно, иако почетната цена за отуѓување на земјиштето изнесуваше 2.800 денари за метар квадратен и беше намалена за повеќе од 50% во споредба со претходно распишаниот оглас на Министерството за транспорт и врски, кога за истата парцела се бараа 6.480 денари за метар квадратен.

На последниот неуспешен оглас, на заинтересирани инвеститори им се понуди да задржат за себе 49% од планираниот објект со приземје и 15 ката, сегмент од зградата со намена за големи трговски единици, големи угостителски единици, деловни дејности, мали комерцијални и деловни дејности и за култура. Најдобриот понудувач за возврат требаше да ја изгради општинската зграда со свои средства. Од надлежното министерство и од општината Центар не дадоа објаснување зошто се одлучија претходната понуда на објект со приземје и 4 ката и со висина од 18 метри да ја заменат со огромно здание со висина од дури 55 метри.

За разлика од оваа, минатата понуда од министерството подразбираше купувачите на земјиштето да задржат до 40% од објектот во кој треба да се смести локалната самоуправа на Центар. Општина Центар уште во 2009 година се одлучи да гради нова општинска зграда како адекватна замена на досегашните руинирани бараки. Засега не е познато кога и под кои услови ќе се распише нова објава за отуѓување на оваа градежна парцела. Локалните власти од Центар и Министерството за транспорт и врски денеска не излегоа со соопштение дали имало заинтересирани инвеститори на наддавањето и кои се причините за вториот по ред неуспешен обид за продажба на земјиштето.



#
Објавено на 13.06.2012 во категорија Вести.

Тагови: Административни, Деловни, Комерцијални, Културни, Општинска зграда Центар, Скопје, Тендери и лицитации, Угостителски


http://www.build.mk/?p=15901
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 28-Nov-2012 at 00:48
Пронајден е инвеститор за новата зграда на Општина Центар (Дополнето)

Министерството за транспорт и врски денеска ја продаде градежната парцела, на која во моментов се сместени дотраените бараки на Општина Центар. Локацијата со површина од 7.528 метри квадратни е продадена по цена од 3.080 денари за метар квадратен, поточно за атрактивниот простор во центарот на Скопје идниот инвеститор ќе треба да плати 23.186.240 денари односно над 370 илјади евра. На ова место е предвидено да се изгради 15 – катна зграда со максимална висина од 55 метри, која во иднина ќе биде новиот административен објект на општината. Официјални информации за купувачот на градежното земјиште засега не се соопштуваат. Од локалната самоуправа накратко информираат дека за електронската лицитација е надлежно Министерството за транспорт и врски, а од таму не добивме одговор на нашите поставени прашања.

Според досегашните информации, најповолниот понудувач е обврзан да го реализира проектот со сопствени финансиски средства, при што 51% од целокупниот простор со површина од 31.000 метри квадратни ќе треба да го намени за локалната администрација на Центар, додека преостанатите 49% ќе може да ги користи за сопствени цели, со предвидена намена за мали комерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, големи угостителски единици и за култура. Идниот градител на објектот е ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште од страна на Градот Скопје и на Општина Центар. Компанијата ќе треба најпрвин да ги уплати финансиските средства на сметката на министерството, но и да склучи договор со локалната власт со кој ќе се обврзе дека повеќе од половина од зданието ќе го префрли во нивна сопственост. По комплетирањето на целата постапка, предвиден е рок од 12 месеци за обезбедување одобрение за градење и временски период од 72 месеци од денот на добивањето на градежната дозвола за завршување на објектот.

 

Дополнување:

(27.11.2012)

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека најповолен понудувач на електронското јавно наддавање била компанијата „Пера Констракшн“. Според соопштението од министерсвтото, објектот ќе треба да биде изграден во завршна фаза без ентериерно уредување, врз база на идејно решение и основен проект изработен од страна на Општина Центар.

 
#
Објавено на 26.11.2012 во категорија Вести.

Тагови: Административни, Деловни, Комерцијални, Културни, Општинска зграда Центар, Пера Констракшн, Скопје, Тендери и лицитации, Трговски центри, Угостителски


http://www.build.mk/?p=20649
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.330 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.