Општинска зграда Центар |
Post Reply | Page <1 34567> |
Author | ||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #81 Posted: 22-Feb-2011 at 23:19 | |
Беше спомната можноста (сосема разбирливо со оглед на досегашните искуства) „барокот“ за овој објект да произлегол од медиумската површност и инертност. Па за да нема забуни околу тоа од каде никна „барокот“, еве извадок од објавата на министерството за транспорт кое го продава земјиштето (прилично „елоквентно“ склопено btw)
|
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #82 Posted: 18-Mar-2011 at 19:07 | |
Еве што има во непосредна близина на локацијава т.е. одспротива кај што треба да се гради објектот, така да, барок или неокласицистичка фасада нема да штрчи како што викаат некои на форумов.
http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=68208 http://foto.idividi.com.mk/viewphotos.asp?ID=62433 |
||
nouseforname
Senior Member Joined: 16-Dec-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 156 |
Quote Reply #83 Posted: 18-Mar-2011 at 22:14 | |
LELELEL falati za prviov link omilena zgrada vo skopjevo mi e!!!!!neznam sto ke napravam ovde da ziveam hhahaha
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #84 Posted: 19-Mar-2011 at 01:15 | |
затоа ми е страв кога некој ќе спомне барок на рандом локација во градот, бидејќи од старт знам дека врска ќе си нема изграденото чудо од барок, а и локациски гледано, посочените објекти се далеку од локацијата за општината, или барем не се во иста видлива целина со неа |
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #85 Posted: 19-Mar-2011 at 13:29 | |
Валда архитектите знаат да разликуваат барок и неокласицизам од антички градби, нема вада Тодоровиќ да ги црта фасадите... За болдиранот само ќе ја ставам линк од ситуација, па види дали објектите не се во видлива целина, по некоја случаиност живеам во Дебар маало и ја знам многу добро околината. http://img838.imageshack.us/f/dm2sd.jpg/ |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #86 Posted: 21-Mar-2011 at 02:28 | |
Сум за, ама само ако на приземјето на општината има кафана. |
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #87 Posted: 21-Mar-2011 at 19:28 | |
@HugoGoulding баш тоа што го спомна е најголем проблем од сите, што градоначалникот сака да црта и не им дозволува такво нешто на архитектите, кои верувам дека многу повеќе се разбираат од него, без разлика дали креирале нешто современо или класично
инаку, немав точна претстава дека имотот на општината продира се до Идадија признавам... но сепак, ова не значи дека таму помалку одговара нешто современо, одколку класично, во светот има разни примери каде со добро планирање убаво се споени модерното стакло и метал и стариот камен друга опција е, доколку се запне епотен со бароци и слично, барем да не прават чудовишта од објекти, туку да реконструираат некој од поголемите објекти од Дебар маало и да се искористи за потребите на општината (објектот не мора да биде на оригиналната локација), гледајќи го СК2014, вакво нешто ми е многу поприфатливо одколку да ни се повторува СК2014 и во Дебар маало да не ме разбере некој погрешно, современо, оригинално и креативно решение е според мене сепак најдобро и на прво место |
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #88 Posted: 28-Mar-2011 at 16:01 | |
28.03.2011 | Македонија | Извор: Макфакс
Нема да се одржи јавното наддавање кое беше планирано за утрешниот ден бидејќи нема заинтересирани инвеститори кои би ја граделе административната зграда на општина Центар, информираат од министерството за транспорт и врски. Од таму велат дека во наредниот период ќе биде распишан нов оглас со истите услови како и досега односно 60 отсто од зградата ќе и припаѓа на општината, а останатите 40 отсто на инвеститорот, а се предвидени за деловно комерцијални потреби. Зградата на општина Центар се планира да се протега на просторот на старите општински бараки покрај булеварот Илинден, а градежната парцела е со површина од околу 7.500 метри квадратни. http://daily.mk/cluster3/53283962a36f36a77361d9c7a37a9951/660360 |
||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #89 Posted: 28-Mar-2011 at 16:12 | |
И пак што е најтрагично ќе се распише оглас со истите услови. Овие изгледа мајтап си играат. Па кој е будала да гради зграда у која ќе има само 40% простор за деловни потреби. А и општина е ова, како може да си ја делат зградата за општински и деловни потреби. Ова се вика оглас на македонски начин.
|
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #90 Posted: 29-Mar-2011 at 01:27 | |
Ајде ајде, не биди толку наивен... не можеле да најдат средина за „зделките под маса“ па сега ќе почекаме да размислат малце. Не би ме изненадило ако добиеме едно „Дисконтче“ во приземјето. Како што Кондоминас се согласил да изгради цела зграда како надомест, не гледам зошто некој друг не би го прифатил овој „дил“. Ако квадрат за стан во тој дел од градот се движи ~1400еура можам да замислам колку би бил квадратот за деловна просторија или кирија. А и ОП ЃП во новата зграда е замислена како дел општина-дел комерцијала така да ништо ново во случајов. |
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #91 Posted: 08-Apr-2011 at 10:48 | |
Никој не сака да и' гради зграда на Општина Центар Никој не е заинтересиран да ја изгради новата општинска зграда на
Центар, а за возврат да добие дел од просториите што ќе може да ги
користи како деловен простор. Но, општинарите не се откажуваат од
идејата и наскоро повторно ќе бараат потенцијален инвеститор. Тоа значи
дека Министерството за транспорт и врски ќе го репризира јавниот повик
за отуѓување на предметното земјиште на кое заинтересирана фирма откако
ќе го изгради објектот, ќе треба 60 отсто од просториите да и' ги
предаде на Општината, а останатите ќе може да ги користи за сопствени
комерцијално-деловни цели. |
||
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #92 Posted: 08-Apr-2011 at 11:57 | |
И за ова има решение, само на кој да му текне. Парцелата да се подели на две еднакви половини. Едната половина да се продаде на аукција - сигурно ќе се извадат за 3000м2 најмалку 1 милион евра. Ова е централна локација во Д. Маало, кајшто квадрат од плац ќе отиде за 300е/м2.
Тоа ќе биде доволно на остатокот од парцелата да се изведе објект од околу 3000м2. Сосема доволно за општината и матичната служба, а и паркинг. |
||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #93 Posted: 12-Apr-2011 at 14:08 | |
Не сум наивен, само погледај колку такозвани деловни простори има празни, во станбени згради, во деловни згради и сл. Скопје едноставно нема толкава потреба од деловни простори, особено не такви. А со Кондоминас работата е друга, човекот ќе вади пари после од хотелот, а веројатно позади тоа се крие и некоја друга зделка за во некое скоро време. Во секој случај ваквиот стил на општина-деловен центар е благо речено глупав. Ако е општина, нека биде на 2 спрата, ама да се знае дека е општина, а не да биде и општина и некоја невладина организација и некоја мала фирма и сл. Доволно е една банка и нотар ко во Чаир. |
||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4091 |
Quote Reply #94 Posted: 16-Aug-2011 at 18:38 | |
Spored urbanistckiot plan opstina centar kje ima zgrada od 15 kati...
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #95 Posted: 17-Aug-2011 at 23:05 | |
Нешто си протолкувал погрешно во планот: http://www.opstinacentar.gov.mk/page8160562.aspx Според урбанистичкиов план, општинската зграда смее да има најмногу приземје + 4 ката и максимална висина од 18m. Се работи за маркичката 1.24 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #96 Posted: 03-May-2012 at 14:46 | |
Нов обид
Edited by Cloverstack - 03-May-2012 at 14:48 |
||
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #97 Posted: 03-May-2012 at 15:05 | |
Министерството за транспорт и врски ја продава парцелата на која во моментов се наоѓаат бараките на општина Центар. Почетната цена за земјиштето со површина од околу 75оо м2 е 340 000 евра, односно 2800 денари за метар квадратен. Според деталниот урбанистички план, на парцелата е предвидена зграда со висина до 55 метри. Евентуалниот инвеститор, по изградбата на зградата, е обврзан 51% од објектот да и го врати на општината за потребите на локалната самоуправа. Останатите 49% од објектот остануваат во сопственост на инвеститорот.Фасадата на објектот би требало да биде во барок стил. Слични обиди за продажба на парцелата имаше и досега, но ова е прв откако висината на објектот се зголеми на 55 од првично.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=49414&egId=6 И дојде и тоа.. 55 метра барок! Добро, можеби и нема да го изведат така, но висинава е неверојатна. |
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #98 Posted: 03-May-2012 at 16:38 | |
кој знае кога ова ќе биди изградено,дотогаш ќе се сменат триста стилови и триста умови
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #99 Posted: 15-Jun-2012 at 15:31 | |
http://www.build.mk/?p=15901 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #100 Posted: 28-Nov-2012 at 00:48 | |
http://www.build.mk/?p=20649 |
||
Post Reply | Page <1 34567> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |