build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Центар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>
Poll Question: Конкурсен труд
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.50%]
32 [66.67%]
2 [4.17%]
1 [2.08%]
7 [14.58%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 28-Nov-2012 at 00:51


51% од 15-катница... колку администрација планира да „здоми“ општина центар?


   Eeek
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 28-Nov-2012 at 13:56
Која компанија ќе ја гради новата зграда на општината Центар?
28.11.2012 - 13:04:18

uploadКомпанијата „Пера Констракшн“ ќе го гради новиот објект во кој ќе биде сместена локалната самоуправа на Општина Центар, информираше во вторникот Министерството за транспорт и врски.

Знае некој нешто за фирмата , ми се бљува од нашите медиуми кои не само што не се способни да истражат што и како туку не умеат ни името да го напишат со Англиска транскрипција.

ЕВе јас што најдов.

http://peraconstruction.com/pera/index.php

имат седиште во ТЦ Плаза,значи не се од вчера во Македонија. Иначе турска фирма. Иначе имат работени скоро на сите понови индустриски објекри, Џонсон Мети 1 и 2 , Кромберг и Шуберт , како и на Кемер Електроникс.
Со оглед на тоа дека добро се закотвени на нашиот пазар , за очекување е серизоно да се фатат за проектот.

Edited by kultuzin - 28-Nov-2012 at 14:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 14-Dec-2012 at 07:37
Повторно неуспешен обид Центар да добие нова општинска зграда


Измина рокот за склучување договор за уредување на обврските помеѓу „Пера Констракшн“ и Општина Центар, во врска со изградбата на нов објект за локалната самоуправа на местото на сегашните општински бараки. Ова е епилогот на најновиот обид да се најде инвеститор кој според планот треба да изгради зграда со 15 ката и со површина од 31.000 метри квадратни, од која 51% од површината треба да ја отстапи на Општината.

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ денеска ја повлече од дневен ред на седницата на општинскиот Совет, точката за продажба на атрактивното земјиште во Дебар Маало на кое требаше да се реализира проектот. На ваквиот расплет му претходеше протест на група граѓани и серија препукувања помеѓу централната и локалната власт од една, и опозицијата од друга страна. Опозицијата обвини дека се работи за сомнителна и евтина предизборна продажба и дека инвеститорот е обврзан објектот на општината да го изгради само до фаза на карабина, додека градоначалникот Тодоровиќ и Министерството за транспорт и врски, кое ја спроведуваше постапката за отуѓување на земјиштето, реагираа дека ваквите тврдења се шпекулации и груба манипулација на јавноста.

„Пера констракшн“ беше најповолен понудувач на наддавањето организирано на 26 ноември и за земјиштето со површина 7.528 метри квадратни понуди вкупно околу 370 илјади евра или околу 50 евра за метар квадратен. Ова беше трет обид општината да добие нови административни простории со помош на приватен партнер. Првиот обид за реализација на проектот беше спроведен во февруари минатата година, а првичниот план предвидуваше изградба на објект со приземје и четири ката, во барокен стил.



#
Објавено на 13.12.2012 во категорија Вести.

Тагови: Административни, Деловни, Комерцијални, Културни, Општинска зграда Центар, Пера Констракшн, Скопје, Тендери и лицитации, Трговски центри, Угостителски

http://www.build.mk/?p=21080
Back to Top
bob39 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 15-Dec-2012 at 14:23
Sva srecja se najde nekoj da go zapre ova pranje na pari!

Трговски центри= убиство на Скопје
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 28-May-2013 at 21:03
Тодоровиќ предизборно на Јади бурек покажа како ќе изгледа новата општинска зграда на Центар ! Незнам дали ова идејно решение ќе биде прифатено од Жерновски
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15263
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 20-Nov-2013 at 17:24
Налетав на ова:

We are proud of our work for the design of the new administrative building of the municipality Center in the city of Skopje. (Macedoniaproject JSC)



Ова е влезот во зградата...



Не знам дали нешто се случува околу изградбата на општинската зграда, знам дека едно време немаше заинтересирани на конкурсот.

Edited by Џоле - 20-Nov-2013 at 17:26
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 20-Nov-2013 at 19:24
Ова ми се допаѓа некоја комбинација на модерна архитектиура со неокласични елементи. Ми се допаѓа тоа што за разлика од добјектите од Скопје 2014 на кои според мој вкус најголема мана им е тоа што имат мали прозори во овој случај се оди на решение со огромни прозори, кои веројатно не се енергетски ефикасни и потешки се за одржување  но кои овозможуват многу светлина и му дават модерен изглед на објектот, додека класичните елементи му дават убавина и подолгорочна атрактивност. Мислам дека треба одлуката да падне помеѓу второто и третото решение. Штетат што за третото решение нема подетална визуализација на внатрешнота и надворешноста на објектот. Но и ова последното решение кое го простре Џоле не е лошо според мене.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 19-Jan-2024 at 13:14
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ, ИЗГЛЕДОТ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НА КОНКУРС

Општина Центар ја почнува постапката за изградба на нова општинска зграда на местото на старите бараки. Минатиот месец, на седница на Советот на Општина Центар беше донесена одлука за почнување постапка за добивање градежно земјиште за да може да се гради административна зграда.

Општината ги достави потребните документи до Министерството за транспорт и врски и до Владата, која треба да донесе одлука за давање на трајно користење на градежното земјиште на кое се наоѓаат бараките на Општина Центар.

„Очекуваме оваа точка да се стави на дневен ред на наредната седница на Владата. Со донесувањето на одлуката за давање на трајно користење на градежното земјиште на Општина Центар се заокружува процесот на потребна документација и ќе се овозможи распишување јавен конкурс за идејно решение“, велат од Општина Центар.

Дали зградата ќе биде само административна или ќе има и деловни простории, со оглед на тоа дека се наоѓа на атрактивна локација во Дебар Маало, од Општината велат дека тоа уште не се знае, односно ќе се одлучува кога ќе дојде време.

За овој проект во буџетот на Општина Центар за 2024 планирани се средства во износ од два милиона денари, наменети за организирање конкурс за архитектонско-урбанистички проект, со вклучено идејно архитектонско решение за административна зграда.

Бараките во кои сега се сместени градоначалникот и вработените во Општина Центар се стари 56 години, односно изградени се во рамките на обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-ke-pravi-nova-administrativna-zgrada-na-mestoto-na-barakite-izgledot-ke-se-izbira-na-konkurs/
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 19-Jan-2024 at 18:55

Овде сакам да ја видам возобновена зградата на учителската школа (Идадија), со Општина Центар сместена во неа.


По некоја груба проценка би требало да зафаќа површина 1000-1500 m2. Со своите три ката и можност да се користи и поткровјето, би дала простор од најмалку 3-4000 m2 што би требало да е доволно за потребите на општината.


Во случај да не е, кон овој проект може да се додаде и реконструкција на зградата на занаетчиската школа (Ислахана). Овој објект бил нешто помал, со површина од 1/4-1/3 од Идадија. Но и да не се користи од Општина Центар и да има некој друга намена, макар деловна, сѐ додека е верна реконструкцијата, би било убаво да реализира како проект.




Помал проблем претставува локацијата. Од Идадија денес е останат само влезот, кој беше и реставриран, па логично е да се искористи и вклопи во новата градба, која тогаш би била изградена на старите темели.

Овој простор отприлика се совпаѓа со паркингот на Министерството за одбрана, што значи дека за негова реализација ќе биде потребно прекројување на меѓите и преместување на паркингот.

Дополнително, на местото на срушената Ислахана е пробиен бул. „Илинден“, така да овој објект не може да се изгради на старите темели и ќе треба да се помести појужно. Но ова би било уште поприкладно затоа што и двата објекта ќе прават една покомпактна целина, особено ако и двата ѝ се доделат на истата институција. Воедно, Ислаханата ќе ја следи линијата на дел од објектот на М.О. со што ќе се запази и венецот на зградите долж „Илинденска“.



Просторот околу сегашните бараки, обраснат со повеќедецениски дрва, ќе се зачува како зеленило и, по преместувањето и на Град Скопје и рушење на бараките од другата страна на „Илинденска“, ќе се отвори како продолжение на градскиот парк.



Edited by Théoden - 19-Jan-2024 at 19:03
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 20-Jan-2024 at 08:55

Добра идеја, за жал оваа гарнитура ќе бега од било какво „ретро“ решение.
Back to Top
GOGICA View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Mar-2023
Location: GOSTIVAR
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote GOGICA Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 20-Jan-2024 at 19:17
Супер би легнала една убава неокласика, тама малце да се избегне брут бетоското лудило кое естетски ни го задуши Градот убав
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 21-Jan-2024 at 03:32
многу е комплицирано да се изгради „стар“ објект со современи функционални елементи... нешто што СК2014 масивно утна затоа што се градеше за фасади, а не за објекти со функција
во тој објект треба д има еден куп електрични и водоводни инсталации, вентилација и климатизација, лифтови, гаражи, сервисни пристапи и т.н.

дури и да не речам полесно е да се приспособи стар објект отколку да се изгради од старт
убаво звучи идејата ама не се способни кај нас за такво нешто
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 21-Jan-2024 at 15:03
Во Скопје 2014 имаше само една зграда што беше обид за реконструкција на срушен историски објект - тоа беше театарот. Новиот Офицерски дом е објект со двојно поголем габарит од оригиналот и не може да се нарече реконструкција.

Новиот театар, иако има многу отстапки од изгледот на стариот (најочигледната е неговото свртување за 180°), по својата локација, габарит и општ изглед воглавно се поклопува со оригиналот. И, ако се тргнат настрана техничките пропусти, целосно е функционален и се користи за својата изворна намена и во современиот контекст.

Сличен ваков проект претходно беше и возобновувањето на црквата Св. Богородица, која исто држи до оригиналот. И овде општиот впечаток беше главно позитивен.

Искуствата од овие проекти, и позитивни и негативни, треба да се користат во иднина. За почеток, битна е иницијативата, која за обновата на театарот траеше скоро 20 години и на крај даде некаков резултат. Ако доволно се рашири идејата за реконструкција и на овие згради, можеби ќе наиде на интерес од некои идни власти.

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 20-Apr-2024 at 07:51
Просечни и обични старински кутии со кров. Апсолутно нема потреба од нивно реконструирање.
Било кое од конкурсните решенија е милион пати поарна опција.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 28-Jun-2024 at 18:14
ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проект за новата општинска зграда, која ќе се гради на местото на старите бараки. Според насоките на конкурсот идејното решение, покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, треба да содржи решение за подземен паркинг со околу 300 паркинг места, како и простор за паркирање на 100 велосипеди.

Дополнително, на градежната парцела треба да се предвиди мал плоштад, парк со фокус на влезниот портал од учителската школа, како и безбедно сообраќајно решение за пристапи и движење на возила, велосипеди и пешаци.

„Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор“, велат од Општина Центар.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за новата општинска зграда, и тоа за прво место 750.000 за второ 400.000 и за трето место 300.000 денари.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица стручни во областа на архитектурата и урбанизмот, а крајниот рок за предавање на трудовите е 27 септември.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-objavi-konkurs-za-idejno-reshenie-za-nova-opshtinska-zgrada/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 05-Jul-2024 at 13:21
Општина „Центар“ распиша конкурс за нова Општинска Зграда

Распишувач: Општина Центар ( Скопје)

Рок: 27.09.2024 година до 15 часот

Награден фонд: 1 место – 750.000 денари; 2 место – 400.000 денари; 3 место – 300.000 денари;

Членови на жири комисија: Дамјан Момировски, Бојан Каранаков, Наташа Тодоровска Пренк, Огнен Марина, Игор Котларовски, Натали Ташевска Гулевска, Марија Милошевска Јанакиеска, Сашо Блажевски, Мишко Ралев, Кире Секуловски, Сашко Иванов, Танкица Христова Спасовска, Валентино Констатиновски, Александра Марсениќ Крајчески







https://marh.mk/opshtina-centar-konkurs-za-opshtinska-zgrada
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Jul-2024 at 15:40
Originally posted by fichot

Просечни и обични старински кутии со кров. Апсолутно нема потреба од нивно реконструирање.
Било кое од конкурсните решенија е милион пати поарна опција.


Универзалната сала е буквално една обична лименка, а сепак упорно се турка нејзината реконструкција, дури и откако оригиналниот објект целосно изгоре.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15263
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 07-Nov-2024 at 19:33
Обзнаени резултатите од конкурсот за нова општинска зграда на Центар

На конкурсот за идејно архитектонско решение за нова општинска зграда на Општина Центар, пристигнале вкупно 13 трудови.

Денес на страната за Е-набавки беа обзнаени резултатите од победничките конкурсни решенија. Честитки до наградените!



https://marh.mk/obznaeni-rezultatite-od-konkursot-za-nova-opshtinska-zgrada-na-centar/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15263
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 08-Nov-2024 at 17:28
Општина Центар објави визуелизации од победничкото решение за општинска зграда



На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови:

Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски.











https://marh.mk/opshtina-centar-vizuelizacii-pobednichko-reshenie/?fbclid=IwY2xjawGbGrtleHRuA2FlbQIxMAABHVvyafR3G-SPZ8Sozhtxy_6uVPhU85u3ymsypLiuR_6AZNX23_GJDigJpw_aem_mRMTdT0mDzclKQ5bfbA2EA
За сè има вторпат
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Online
Posts: 395
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 09-Nov-2024 at 09:08
Интересно како овие што победиле на конкурсов претходно имат еднаш два пати победено на конкурси исто кај сдсм-овски градоначалници,наши деца
Толку околу валидноста и објективноста на конкурсов,зградава ништо посебно,плус што најверојатно нема да се изградит никогаш.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.