build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Меѓуградски автобуски превоз
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 03-Jul-2012 at 06:20
А што правиме со оние што имаат лиценца, кои според возен ред имаат линија за таму-и-таму во толку-и-толку сатот и наеднаш кога ќе се појавиш на станица ти кажуваат дека таа линија не вози затоа што „сега е сезона и тој автобус е пуштен за Охрид“. Кај се тука правилата на игра? Факт е дека автобускиот превоз зависи премногу од ќефот на газдите и возачите.

Edited by polval - 03-Jul-2012 at 06:20
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 03-Jul-2012 at 07:43
многу ги мешате работите
за да вози автобус на редовна линија мора да има извод од лиценца за мегуградски превоз на патници и мегуопштински превоз на патници, а оваа лиценца не може министерството да ја одземе доколку самиот превозник не ја врати назад
редовна линија може да укине министерството
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 03-Jul-2012 at 13:03
Како и секаде кај нас, факт е дека и во автобускиот превоз важат различни правила на игра за секој играч, колку и да зборуваме ние за некаков си ред.
Инаку Југ Турист се во/пред стечај (не знам дали смеат да возат ако се во таа ситуација), во секој случај мислам дека се уште во државна сопственост и ако е така јасно е зошто се толерирани нивните возила + моментот чување на социјален мир.Единствено вредно освен 3-4 возила е автобуската во Куманово, со мали вложувања би била многу добра станица.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2352
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 03-Jul-2012 at 14:43
Југ-Турист е во стечај со години. Инаку, за ваша информација, Југ-Турист го држеше и градскиот и локалниот сообраќај во Куманово со апсолутен монопол и кога немаше диви превозници. Откако го изгуби градскиот сообраќај, делови од градот, приградските населби и блиските села до градот добија автобуски превоз двапати почесто. Потоа, откако го изгуби локалниот превоз, и поодалечените села добија превоз почесто. Само за илустрација, последните комбиња за Пелинце, Клечовце и (Сув) Ора(х) одат
во 19:30 часот преку целата година, а додека беше Југ-Турист, Пелинце и Клечовце автобус во 19:30 имаа само лете, а речиси преку целата школска година, последниот автобус за овие места беше во 17:30. И тоа во времето кога во овие делови имаше многу повеќе луѓе. Токму поради ова многу луѓе се иселија од овие краишта, зашто средношколците не можеа да се враќаат дома кога одеа во втора смена и мораа да плаќаат Интернат. Од сето ова, губењето и на преостанатите линии на Југ-Турист може да има неочекувано добри ефекти по граѓаните на Куманово.

Edited by phenomenon - 03-Jul-2012 at 14:44
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 04-Jul-2012 at 17:19
Сабајлето на ГП Ќафасан се вршени контроли од инспекциските служби и Царината, неколку возила се вратени назад поради непочитување на возен ред.
Истата таа инспекција која до вчера ги толерираше превозниците за истите пропусти
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 04-Jul-2012 at 18:37
друга политика е во прашање, ама за тоа друг пат 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 08-Jul-2012 at 15:19





за слоганов.За инает Се надевам со тек на време ќе се исчистат дивите таксисти (и со коли и со комбиња), од кои еден добар дел идат и од страна во лето

И браво за вечерните линии кон Скопје за сите 3 фирми,
ОХ           СК                            
20:30 23:30
Охрид Експрес (редовна)
21:30 00:15+
Галеб            (oд 5-ти Јули)
22:30 01:15+
Класик Компани   (од 15-ти Јуни)

паметно особено во ова пеколно време...а можат и накај Битола/Прилеп таква опција, барем во летниов период.

Edited by Тркало - 08-Jul-2012 at 15:42
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 10-Jul-2012 at 09:16
Охридската власт ќе доделува нови линии за Градиште и Пештани, како реакција на новите превозници што ги фаворизираат локалните власти, Галеб-Охрид се одлучи да ја намали цената на билетите. Искрен да бидам, 60 денари до Градиште беа премногу. Не велам дека со 30 денари ќе можат да ги покријат трошоците, но сума од 40 денари би била разумна.

Друга работа е што реално Галеб не може во целост да ги покрие линиите, едноставно немаат доволен капацитет. Порадо ротација на исти автобуси кон различни места, често доаѓа до доцнења на истите.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 10-Jul-2012 at 22:06
Originally posted by BOJAN

Охридската власт ќе доделува нови линии за Градиште и Пештани, како реакција на новите превозници што ги фаворизираат локалните власти, Галеб-Охрид се одлучи да ја намали цената на билетите. Искрен да бидам, 60 денари до Градиште беа премногу. Не велам дека со 30 денари ќе можат да ги покријат трошоците, но сума од 40 денари би била разумна.Друга работа е што реално Галеб не може во целост да ги покрие линиите, едноставно немаат доволен капацитет. Порадо ротација на исти автобуси кон различни места, често доаѓа до доцнења на истите.


Каснењето на возилата...

- Е најмногу поради лошиот пат и возењето некаде е дури и околу или под 30км/ч.(особено зборувам за делот после Пештани до Св.Наум),

- Адаптирањето на истиот тој пат кај Лагадин и на др. места во паркинг,

- Неможноста за вртење на автобусите на мал простор поради возачи паркирани на сред пат во Св. Наум (за да не платат паркинг на рекетарите од дивиот паркинг) и фамозниот ЧАДОР НА Лесковачката Скара во Св. Наум.

За ова гарантирам целосно, минатото лето работев натака и 3 месеци буквално секојдневно ова го гледав, дури и ситуации на вербални препукувања меѓу возачите+патниците од една страна и скараџиите/паркинг рекетарите од друга и за среќа малку понекогаш фалело за физички контакт.
3 саати патував до и од Св. Наум (66км.) просек!Најбрзото патување во тие 3 месеци траеше точно 52 минути.Најдолгото точно 1:45, од кои 25 минути БП Билјанини Извори - Охридска Банка.
За споредба, без станици или со адреналински возач просечен автобус би извозил 120 км. од Охрид до Прилеп за толку време.
А кога имаш ситуација дека по возен ред автобусот е за 45 минути до Св.Наум и одма за враќање назад, а во реалноста е минимум за 50% подолго патувањето веќе од старт имаш каснење во обратен правец.

И не е само Галеб, со оваа реакција општината ги зезна и Пупе Компани и Димакс, фирми кои возат на овие крајбрежни линии преку цела година.А не како некои само од 1.7 до 15-20.8 под услов да се наполнат.Исто добро прашање е зошто овие вториве се заинтересирани за линии само до Пештани/Градиште...
Во врска со возилата, Галеб на почетокот на годинава набавија 4 нови климатизирани комбиња за локален сообраќај со 22/26 седишта (Еуро 3),

а два постари климатизирани автобуси се префрлени во локал, дотогаш возеа меѓуградски и уште одат до Битола во викенди кога дел локални линии се скратени или помал број патници.Бројот моментално во локален сообраќај е 38 единици.
Исто и Пупе Компани редовно си носат нови возила, просек едно на 3-4 месеци, вкупно моментално негде околу или над 30-тина возила.

Е сега овие две фирми поради број и состав на возила можат моментално ваква реакција со цените, мислам дека и вториве ќе ја намалат цената која реално не е задоволителна ниту пак пазарна, а лично немам проблем со старите цени на сите РЕДОВНИ превозници.60 денари до Градиште се баш ок за приватни и несубвенционирани превозници.



Originally posted by sanos_a

друга политика е во прашање, ама за тоа друг пат 

На пример?
Инаку, наводно Ниш Експрес возат само 3 од 6 тргнувања од пред некој ден поради причина дека од Министерство им барале да возат според договорените возни редови - пола пола со кооперантот (Берово Транс), а не само едните.
До душа ако тргниме со такви кратења отиде меѓународниот автобуски сообраќај на пауза


Edited by Тркало - 10-Jul-2012 at 23:09
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1571
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 14-Aug-2012 at 19:38
Pred nekoj den bev na skopskata avtobuska i bev shokiran od vozniot park. Sekako imase navistina dobri avtobusi, tuka pred se bi go izdvoil bitolskiot, dodeka ostanatite bea navistina za zalenje. Vo ovoj del ubedlivo najkatastrofalni bea avtobusot na mlaz-bogdanci i sekako kumanovskiot "STUZ"

Vo ovoj avtobus dobrovolno ne bi vlegol

http://imageshack.us/photo/my-images/443/1344688850396.jpg/
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 27-Aug-2012 at 16:04
Ова ќе биде можеби еден од најкорисните портали во земјава:

Воспоставен пребарувач за планирање патувања во РМ
- 27.8.2012

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека е пуштен во употреба интернет-портал за планирање патувања во Република Македонија со автобуски превоз.

 

Со пристапување на интернет-страницата: liniskiprevoz.gov.mk/search.aspx може да се провери планот на возење на сите меѓуопштински автобуски линии во Република Македонија со пребарување по дестинации. Имено, секој заинтересиран патник може да одбере појдовна точка и место на патување и со едноставно пребарување се добива преглед на возниот ред, како и податоци за тоа кој превозник ја одржува автобуската линија, како и тоа во кој период и кои денови сообраќа автобусот на дадената линија. До пребарувачот може да се пристапи и преку интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk

 

Пребарувачот на постојни автобуски линии претставува целосна база на податоци за автобускиот превоз во Република Македонија и истиот е во рамките на посебниот интернет портал за линиски превоз кој е воспоставен од страна на Министерството за транспорт и врски со цел модернизирање и олеснување на постапките за одобрување на автобуските линии.

 

Електронскиот систем за аплицирање и распределба на меѓуопштински и меѓународни автобуски линии за првпат беше воведен во 2009 година и практичната примена на овој систем овозможи зајакнување на транспарентноста во давањето на јавните услуги за граѓаните. 

 

Имплементацијата на овој современ електронски систем кој е надограден и усовршен,  овозможува превозниците да се ослободат од административните процедури за прибирање на потребната документација, а со додавање на можноста за пребарување на постојните автобуски линии во меѓуопштинскиот сообраќај на корисниците на овие услуги им се овозможува брзо и прегледно добивање податоци за возните редови.

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 27-Aug-2012 at 16:45
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Да беше ова нормална држава, сега патниците можеа комотно да го тужат министерството за погрешно информирање и превозниците за неодржување добиени линии.На пребарувачот постојат доста линии кои не се во експлоатација, т.е. сите линии од неисчистениот список...
Пример за АС Охрид:

04:30,05:15, 06:15, 06:45,08:40,09:30,16:00,17:00 Охрид - Скопје / Галеб
10:30 Охрид -Ре-Бт-Пп-Кав-Нег-Вал- Струмица / Галеб Охрид
14:15 Охрид -Ки-Гв-Те-Ск- Куманово / Галеб Охрид
14:30 Охрид -Ре- Битола / Галеб Охрид
17:30 Охрид - Скопје / Скорпион Травел Крушево
20:30 Охрид -Ре-Бт- Прилеп / Галеб Охрид

Линии во експлоатација, а фалат во листите:
11:00 Охрид -Стр- Дебар / Газменд Турист Дебар (екс Хисари)
15:00 Охрид -Стр- Дебар / Газменд Турист
15:30 Охрид - Белград виа БТ,Пп,Кав,Ве,СК,Ку / Галеб Охрид
16:00 Охрид - Кичево / Симекс Кичево
16:45 Охрид -Ки-Гв- Тетово / Жас Бус Гостивар (Еуро Турист)
****
15:20 Охрид - Берово сезонска / Берово Транс, не знам дали ја возат
19:20 Охрид - Прилеп / Уни Турс Прилеп, не возат од АС Охрид

Сезонската Охрид - Скопје во 18:00 е линија на Руле Турс, а не на Берово Транс
Кавадарци е станица и на линијата во 06:00 Охрид - Кочани, пропуштено е и ова
Линијата 06:15 Охрид - Битола е поточно во 06:30.

И линиите кон селата во Општина Дебарца не одат низ нас.Далјан.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 27-Aug-2012 at 17:29
Originally posted by Тркало

^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Да беше ова нормална држава, сега патниците можеа комотно да го тужат министерството за погрешно информирање и превозниците за неодржување добиени линии.На пребарувачот постојат доста линии кои не се во експлоатација, т.е. сите линии од неисчистениот список...
Пример за АС Охрид:

04:30,05:15, 06:15, 06:45,08:40,09:30,16:00,17:00 Охрид - Скопје / Галеб
10:30 Охрид -Ре-Бт-Пп-Кав-Нег-Вал- Струмица / Галеб Охрид
14:15 Охрид -Ки-Гв-Те-Ск- Куманово / Галеб Охрид
14:30 Охрид -Ре- Битола / Галеб Охрид
17:30 Охрид - Скопје / Скорпион Травел Крушево
20:30 Охрид -Ре-Бт- Прилеп / Галеб Охрид

Линии во експлоатација, а фалат во листите:
11:00 Охрид -Стр- Дебар / Газменд Турист Дебар (екс Хисари)
15:00 Охрид -Стр- Дебар / Газменд Турист
15:30 Охрид - Белград виа БТ,Пп,Кав,Ве,СК,Ку / Галеб Охрид
16:00 Охрид - Кичево / Симекс Кичево
16:45 Охрид -Ки-Гв- Тетово / Жас Бус Гостивар (Еуро Турист)
****
15:20 Охрид - Берово сезонска / Берово Транс, не знам дали ја возат
19:20 Охрид - Прилеп / Уни Турс Прилеп, не возат од АС Охрид

Сезонската Охрид - Скопје во 18:00 е линија на Руле Турс, а не на Берово Транс
Кавадарци е станица и на линијата во 06:00 Охрид - Кочани, пропуштено е и ова
Линијата 06:15 Охрид - Битола е поточно во 06:30.

И линиите кон селата во Општина Дебарца не одат низ нас.Далјан.



Ова само за Охрид, нели? На се` замерки да се наоѓало, ако е утнато ќе си седнеш на станица и ќе си почекаш неколку саатиBig%20smile.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 28-Aug-2012 at 14:56
This webpage is not available
The connection to liniskiprevoz.gov.mk was interrupted.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 28-Aug-2012 at 16:49
Тркало, не ја разбираш поентата. Страницата не работи во сабота, недела и за време на државни празнициNaughty!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 25-Oct-2012 at 17:08
Последнава година во неколку наврати требаше да патувам за Куманово,три пати со Југ и еднаш со Штуц, не можам со зборови да опишам колку гадно искуство,толку стари автобуси сигурно нема но во најзаостанатите африкански републики,сите седишта се искинати,толку беше нечисто што не е човечки.
А за чудо секогаш беше полно со патници,што е и најтрагично кога недајбоже ќе стане некаков инцидент.Не знам каде ќе се кријат сопствениците и одговорните во министерството кога некој од автобусите буквално ќе се распадни по патот.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 25-Oct-2012 at 22:05
Да напоменам дека скопската автобуска станица има нова интернет-страница, која е поприлично добро средена со информации за автобуски линии и цена на карти. Најдоброто е што на едно место можат да се најдат телефони од сите станици низ земјава: http://www.sas.com.mk/default.aspx?cid=1053&l=34
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 30-Oct-2012 at 19:03


Некоја слика од АС Гостивар, една од понормалните станици кај нас.Газда е бившиот Жас Бус Гостивар или сега Еуро Турист.
Влез во станицата, горе во позадина ЖС односно поранешната заедничка зграда на ЖС и АС.Сега ја користат Дурмо Турс

Перони 1,2 и 3

4-7

Перони за пристигнување и одмор



Вратена во функција и веб страната на охридски Галеб, со мали недостатоци ама сепак функционална.
Исто и на страната на АС Скопје постојат недостатоци (фалат податоци за Хамбург и Нирнберг, постојат линии), ама спрема стариот дизајн ова е премија
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 31-Oct-2012 at 00:37
Тркало, дали имаш некаква информација колкава е оддалеченоста на Тирана од Струга? Има ли повеќе автобуси кои поаѓаат од Струга за Тирана од оние кои поаѓаат од Скопје за Тирана? Конечно, колку долго се патува од Струга до Тирана со автобус, некаде прочитав дека за да стигнеш до неа мора да го поминеш Драч, што ми е поприлично нелогично.

Имал ли некој искуство со автобуските компании што возат за Тирана?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 31-Oct-2012 at 03:45
Originally posted by BOJAN

Тркало, дали имаш некаква информација колкава е оддалеченоста на Тирана од Струга? Има ли повеќе автобуси кои поаѓаат од Струга за Тирана од оние кои поаѓаат од Скопје за Тирана? Конечно, колку долго се патува од Струга до Тирана со автобус, некаде прочитав дека за да стигнеш до неа мора да го поминеш Драч, што ми е поприлично нелогично. Имал ли некој искуство со автобуските компании што возат за Тирана?

Тирана - Струга е ~140км. најкраткиот пат преку Елбасан, ама патот од Елбасан до Тирана е некое ниво помеѓу Трпејца - Отешево и Ресен - Охрид, планински тежок терен со многу кривини и лош асфалт.
Баш поради таа причина најголем дел сообраќајот е преку Драч и е нешто под 200 км. по таа делница.Автобусите од Струга одат 3:15-3:45 по возен ред, овие 30 минути се зависно од превозникот и ситуацијата на граница.
На сите линии од Скопје и Куманово кон Тирана Струга е попатна станица.И уште 2-3 линии дневно од Тетово и Гостивар кон Тирана и некој струшки превозник барем еднаш дневно е активен на таа линија и тука ми е малку чудно, Галеб со последните апликации регистрира 3 пати дневно линија Охрид - Струга - Драч - Тирана, не знам зошто струшките превозници се неактивни, а патници постојат

Edited by Тркало - 31-Oct-2012 at 03:46
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.