build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 31-Oct-2012 at 19:39
од Елбасан до Тирана се стигнува многу брзо,не се проблем километрите.Од Елбасан до Рогожине е брза магистрала(за наши прилики брза) кадеиако има две ленти,асфалтот е ставен широко како за 3 ленти и брзо се вози,а натака е автопат.само низ Драч е малу гужва.

А стариот пат Елбасан-Тирана(преку планината) сум го возел и не му го препорачувам никому со слабо срце.

ако некој има желба имам слики од Елбасан-Рогожине,ќе ги ставам
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 31-Oct-2012 at 23:27
Originally posted by gjoko

ако некој има желба имам слики од Елбасан-Рогожине,ќе ги ставам
Стави ги ама во регионалната нишка во подфорумот за патишта  Cheers
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1084
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 01-Nov-2012 at 18:40
Изгоре автобус на патот Охрид - Кичево

Охрид, 31 октомври 2012 (МИА) – Автобус на превозникот „Расим туризам“ од струшкото село Велешта утрово беше опожарен и целосно изгоре на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Арбиново.

Пожарот избувнал во возење во инсталацијата на возилото, а возачот кој бил сам во автобусот не успеал да се справи со пламенот.

Во инцидентот нема повредени лица, освен предизвиканата материјална штета. Станува збор за модерен восикотуристички автобус, стар осум години.

Oва е изгорениот автобус во Штутгарт, Неокар Н615 еден од најдобрите излезени од фабриката кај Визбегово

Пред една година меѓу Ск и Те им изгоре уште едно возило МБ Туризмо, отприлика тука негде по старост

И претходно уште една Сетра...дали е до лошо одржување, едноставно малери или пак е нешто трето...ама премногу штета за две години, материјално и финансиски, сите 3 возила биле по 7-8 години старост
Извор:на сликите

Edited by Тркало - 01-Nov-2012 at 18:45
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 01-Nov-2012 at 18:57

битно нема повредени  

што е до куршлусот,има само две сценарија доколку ова често се случува

или е проблем до инсталацијата,електричарите,увозните компоненти итн.

или,иако несакам да верувам дека,на овој начин некој си обновува возниот парк,доколку е каско осигуран 

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 01-Nov-2012 at 20:42
23ka.wordpress.com
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 05-Nov-2012 at 00:21
За оние што сакаат некогаш да патуваат од Струга за Тирана, на автобуската станица во Струга застануваат само два автобуси дневно, од Кичево се четири, а од Скопје три. Каде се губат останатите превозници низ Струга не успеав да пронајдам, иако го поминав градот по агенциите. Памет за друг пат!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 27-Dec-2012 at 00:13

ВЛАДАТА ПОДГОТВИ НОВО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ВО ПАТНИОТ ПРЕВОЗ


Отштета за патниците ако расипаниот автобус ги остави среде пат


Со новиот закон се предвидува доколку превозното средство се расипе, тогаш превозникот е должен во рок од 60 минути да обезбеди ново и да ги превезе патниците до бараната дестинација или да ги врати на почетната станица. За загубеното време во чекање на новото превозно средство, патникот ќе има право да побара парична отштета која би била во висина од двојна вредност од средствата што се уплатени за превозот


Се заштитуваат правата и интересите на патниците и на превозниците во патниот сообраќај. Владата подготви ново законско решение со кое се предвидува доколку превозното средство се расипе, тогаш превозникот е должен во рок од 60 минути да обезбеди ново и да ги превезе патниците до бараната дестинација или да ги врати на почетната станица. За загубеното време во чекање на новото превозно средство, патникот ќе има право да побара парична отштета која би била во висина од двојна вредност од средствата што се уплатени за превозот.
- Доколку превозникот не го изврши превозот во точно определеното време, автобуската станица која го организира превозот, е должна да обезбеди превоз на патниците, а потоа од превозникот да бара надомест на штета - го појаснува новиот закон владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој информира дека Предлог- законот е изработен во директна соработка со превозниците и е нивно приоритетно барање.

Во договорот за превоз се предвидува во групните патувања рокот за плаќање на надоместокот за превоз да не може да е подолг од 60 дена, а кај единечниот превоз исплата не може да биде подолга од 30 дена.
- Секој договор кој нема да ја има оваа одредба ќе се смета за ништовен. Во случај кога на превозникот нема да му биде исплатена оваа сума, тој ќе има право на наплата на казнена камата - вели портпаролот.

Со законските одредби се регулира и превозот на багажот на патниците, односно превозникот е должен без надомест да превезе багаж до 25 килограми по патник, а доколку патникот сака да превезе повеќе багаж во меѓуопштинскиот сообраќај ќе треба да плати по 10 денари за секоја торба.
- Во меѓународниот сообраќај дополнителниот багаж ќе биде превезен доколку патникот уплати 10% од цената на патниот билет за секоја торба - појаснува Ѓорѓиев.

Во однос на загубениот багаж доколку на патникот не му бидат вратени торбите во рок од 30 дена ќе му биде исплатена оштета во висина од 9.000 денари. Во случај кога багажот е со поголема вредност, а за тоа патникот претходно го известил превозникот, ќе му биде исплатена отштета во висина на проценетата вредност на изгубениот багаж.
- Со новиот закон кој веќе е испратен во Собранието и се очекува да биде усвоен кон почетокот на следната година ќе се постигнат голем број на ефекти и ќе имаат корист и превозниците и патниците. Ќе се регулира сеопфатно оваа сфера, ќе се заштитат правата и интересите на сите учесници во патниот сообраќај и ќе се овозможи подобра нивна судска заштита - рече Ѓорѓиев.

(С.Бл.)

вечер
Back to Top
Nemorosus View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Nemorosus Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 28-Dec-2012 at 17:11
Имав видено еден ваков Ikarus во Скопје (250.59 мислам)

Да не му текнува на некој на која компанија е? Знам од Куманово или Тетово беше доколку не се лажам!
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 28-Dec-2012 at 19:22
Сега го возат во Штип, превозникот е Ле-Ли
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 10-Apr-2013 at 18:58
По зголемувањето на железничките билети лани, угоре оди и цената на автобускиот превоз:

Поскап меѓуградскиот превоз до 100 денари

Неколкукратно поскапување на автобуски карти за меѓуградските линии. Билетот за релацијата Скопје – Струмица од почетокот на оваа година е зголемена за 100 денари.



Повисоки цени граѓаните плаќаат за да стасаат од главниот град и до Кавадарци, Неготино, Штип.

Граѓаните се задоволни од превозот и климатизираните автобуси но реагираат на цената која неколку пати се зголемила во последниве неколку месеци.

Концесионерот кој раководи со меѓуградската автобуска станица вели дека цената ја одредуваат превозниците, а тие само ја спроведуваат.

Новите повисоки цени на автобуските билети се обид да се амортизираат трошоците поради растот на цената нафтените деривати - велат од менаџерскиот тим на автобуската станицата.

Месечно услугите на меѓуградската автобуска станица во Скопје ја користат околу 50 илјади граѓани од цела Македонија. Нивните најчести реакции се дека сообраќајот во внатрешноста на земјава се одвива по стари и дотраени патишта, но и на многуте патарини кои наплатуваат за користење на магистралите.

Извор: ТВ 24 вести, http://24vesti.mk/poskap-megjugradskiot-prevoz-do-100-denari
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1084
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 27-Apr-2013 at 15:42
Интересни кадри од Транспортен центар (инаку е скриншот од спот на Слаткар )
По двата Галеби и едниот Југотранс Вакчаре меѓу нив и после на излезна рампа, би рекол дека е сликано во 21:15 или 05:30 сабајле при тргнување/враќање од белградските линии
[/URL][/URL]
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 11-May-2013 at 02:28
Originally posted by BOJAN

Originally posted by phenomenon

Originally posted by BOJAN

Можеби навистина се времено одземени, ама можам да кажам дека никнуваат нови автомобили и комбиња како „печурки по дожд“. Ја поздравувам ваквата акција, но истовремено страшно е што има постојано и постојано вакви појави, едноставно нема барем некаков драстичен пад на дивиот превоз. Ова го говорам од согледувањето на работите надвор на терен, а не во вестите на медиумите.


Обично не се обраќам лично, но ова го сметам како провокација и омаловажување, па ќе направам исклучок.

Одвој од твоето драгоцено време 2-3 часа и набљудувај ги автобусите и комбињата што доаѓаат и одат од Скопје за Куманово и обратно.
Според тебе, затоа што автобусите и комбињата на Југ-Турист и Штуз имаат добиено лиценца од некој партиски апаратчик и полтрон, треба да се возам во нив и покрај тоа што:
1. Стари се и по 30 години
2. Клима-уред за нив е high-tech gadget.
3. Внатре по прашината слободно можеш да црташ
4. Пола од тие автобуси смрдат на нафта, особено задниот дел
5. Удобноста во нив е како да се возиш во трактор, т.е да го изблуеш и она што си го јадел вчера.

И немој да мислиш дека претерувам. Провери, влези и вози се и ќе видиш дека ситуацијата е многу полоша, отколку што ти опишувам.

И според тебе, ние кумановци, треба да се возиме во овие крнтии? Што сме ние, добиток? Или мислиш дека сме ние сомови кои ќе поверуваат на пропагандата на возвишената МТВ и нејзините сателити и ќе паднеме во екстатичен транс на рекламата од типот:" Со воз е поевтино, но и позабавно". Ние од Марс да не сме паднати или очекуваш дека ќе се фатиме како сомови на јадица.

Не се проблем дивите превозници. Никој нема да сака да се вози со нив. Но која е моменталната алтернатива? Да се возиме со легалните превозници кои имаат автобуси и комбиња со горенаведените карактеристики, нели?

Или да се возиме со диви превозници, но со нови и чисти комбиња, со клима уред, двд-плеер, тв, не смрдат на нафта, зиме имаат и греење.

Тие твои инспектори кога излегуваат на терен ги гледаат ли овие работи или ми гледаат во лингам?

Имаш ли прашања?


Во една човечка заедница има нешто што се вика правила на игра. Се собрале еден сончев ден нашите претходници и се решиле дека не треба секој да си го тера ќеифот и работата по свое, бидејќи се јавува хаос и дека треба заеднички да определат определени рамки во кои сите ќе бидат еднакви. Подобро би било како граѓани да реагирате со петиција до Министерството и до Општина Куманово, да им укажете на хаосот и лошите автобуси и ако има правила во државава (а треба да има) министерството ќе ги одземе доделените дозволи.

Но, тоа не е изговор секој да си купи комбе и да почне да вози рути низ Македонија без дозвола. Ако јас плаќам данок, тогаш мојата цена е поскапа но и истовремено го полнам буџетот од кој се градат патиштата по кои возам. Ако не плаќам данок, јас сум поевтин и не ми е гајле ама баш за никој друг во државата освен за самиот мене. Тоа е себично!
Eве ти нешто интересно:
 
Тројца стечајни управници проневериле над 30 милиони денари во автотранспортното претпријатие „Југ-Турист„ од Куманово.
 

Стечајците Д.М. од Скопје, М.Т. од Крива Паланка и М.С. од Скопје од 2004 до 2009 година ја злоупотребиле службената положба и овластувања и без одобрение од Стечајниот совет, потрошиле 30.865.221,00 денари. Истовремено додека биле одговорни лица на АД „Југ Турист“ Куманово во стечај, не уплатиле плата и придонеси на вработените, а на незаконит начин ги трошеле сите пристигнати приливи на жиро сметка и парите уплатени од продажба на објектите кои и припаѓале на фирмата.

Управата за финансиска полиција до ОЈО - Куманово, денеска поднесе кривична пријава против тројцата стечајни управници на АД „Југ Турист„ поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

E oва е себично. И немој да ми кажеш дека ова досега не се знаело, небаре Куманово е Мексико Сити.

 

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 15-May-2013 at 17:09
Сметам дека на ова треба да се обрне внимание, како само успеваме од успешен систем да срамниме се` со земја е чудо невидено. После скопски Пролетер и ова не снајде:


Работниците внатре, директорот надвор од „Млаз“ Богданци

По 55 години од своето формирање, некогаш најголемото транспортно претпријатие во рамките на поранешна СФРЈ „Млаз“ од Богданци, денеска се соочува со долг од шест милиони евра, хипотека на целиот останат имот, дневна каматна задолженост од по 20.000 евра, која го зголемува долгот кумулативно, одлив на 1.700 работници и старо-нов управител, кој е заведен во Централниот регистар, но нема влез во фирмата.

Вработените обвинуваат дека згора на тоа им се блокирани и возилата од возниот парк што остана за вршење на основната дејност. Од постојните 12 автобуси и 18 камиони, само шест се на располагање, а другите се блокирани за излез од паркинг-просторот на Млаз.

Ова е резултат на пресметката меѓу поранешниот управител и доминантен сопственик на акции на 23 отсто одкапиталот на Млаз, Васе Петрушев, и новото раководство на фирмата, кое ги купи акциите на Петрушев што УЈП ги даде на берзанска продажба по претходно отворена постапка за потеклото на парите за купувањето на акциите во вредност од 500.000 евра.Откако го откупи неговиот дел, фирмата „Шимов Транспорт“ од Богданци обезбеди управување со пакет-акции од 78 отсто од вредноста на капиталот и формира нови управни и надзорни органи на претпријатието, заведени на 11 февруари во Централен регистер на РМ.

Акционерите понесоа тужба пред Управниот суд за враќање на регистрацијата на новиот сопственик, која по жалбена постапка на стариот сопственик, прифатена од Централниот регистар, е избришана, а состојбата е вратена на старо на 24 април годинава.

Шеесетте вработени што одат на работа немаат земено плата веќе четири години и се незадоволни од состојбата, бидејќи сега се, всушност, фирма без газда, без капитал, затоа што со судска одлука, изречена во март годинава од Основниот суд во Велес, замрзнати се сите акции без право на продажба, ниту право на управување со нив од страна на постојните 1.200 акционери на капиталот на претпријатието.

Жителите на Богданци, каде што некогаш половина од работоспособното население на општината било вработено во оваа најголема транспортна фирма во југословенски рамки, велат дека ситуацијата во „Млаз“ е жалосна, пропаѓа имотот на претпријатието, а наместо решение за вработените, пред граѓаните се сервираат игри на суети меѓу стариот и новиот доминантен сопственик, кој е, всушност, син на основачот на „Млаз“ од 1958 година, Томче Шимов.

Со неговото заминување од челната позиција на претрпијатието во 1991 година започна и на фирмата, потпомогнато од воените дејства на подрачјето на некогашните југословенски републики, каде што Млаз важеше за доминантен превозник-транспортер, со склучени ексклузивни договори за нафтената индустрија „ИНА“ и за фармацевтскиот гигант „Плива“ од Загреб, а со војната и распадот на СФРЈ се изгубија контактите со тие пазари.

Додека се чека судскиот епилог, автобусите на Млаз остануваат да ги опслужуваат само шесте преостанати линии на релација Богданци-Гевгелија-Скопје, а некогаш се изведуваа дневно и по 40 линии за регионални правци во државата. Ова е фрапантната слика на денешниот Млаз, кој во најдобрите времиња располагаше со возен парк од 400 возила, туристичко одморалиште, хотел и камп „Мрдаја“ во Стар Дојран, туристичка агенција во Скопје, свои претставништва во сите ЈУ-републики, фабрика за приколки со површина од 15.000 метри квадратни, фабрика за пружини со квадратура од 18.000 метри, сите веќе продадени, и сервис со автосалон во Гевгелија, којсега пропаѓа оставен на забот на времето.

А.Д.

http://a1on.mk/wordpress/archives/150119
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 03-Jun-2013 at 18:34


ФОТО: Потона автобус на „Еуро бус“ во Женевското езеро
Објавено: 19:03, 03/06/2013 Прегледано: 688 пати.
Автобус на автопревозникот Еуро бус од Струга потонал во водите на Женевското езеро во Швајцарија. Како што пренесуваат порталите на албански јазик автобусот според првичните информации бил во сопственост на албанец од Струга и бил регистриран во Швајцарија.

Се уште не се знаат точните причини за потонувањето на автобусот.За среќа во автобусот немало патници, а во него не бил ниту и возачот.

„Одев на пат кон работа, кога видов автобус во езерото“, изјавил еден очевидец.

Од полицијата во кантонот Вауд изјавиле дека автобусот најверојатно се лизнал и паднал во водата додека се наоѓал на паркинг во близина на езерото. Автобусот бил целосно потпоен и за многу брзо ќе биде извлечен од вода.
http://a1on.mk/wordpress/archives/159466
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 03-Jun-2013 at 20:25
сликата ми делува како да е монтажа Dunno
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 03-Jun-2013 at 23:28
Не е, еве и BBC има репортажа за случајов:

http://www.bbc.co.uk/news/world-middle-east-22761589
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 04-Jun-2013 at 07:12
да ја гледав репортажата сепак не е монтажа Unhappy
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 04-Jun-2013 at 20:54
Извлечен автобусот на „Еуро Бус“ од Женевското Езеро

Швајцарските пожарникари го извлекоа автобусот на струшки „Еуробус“ што падна вчера во Женевското Езеро.

Според швајцарската полиција, автобусот пред да заврши во езерото бил паркиран пред маркет во местото Вевеи на нерамен терен, а патниците биле излезени. Причините за паѓањето на автобусот во езерото се уште не се утврдени, но се претпоставува дека најверојатно имало проблем со сопирачките.

Автобусот паднал во езерото само неколку моменти откако патниците излегле од него.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=582D7C3219F14648B4A9FE283A52CB52

Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 06-Jun-2013 at 18:56
овие сетри освен паркирната кочница која е механичка имаат и електронска блокажа која знае понекогаш да откаже што најверојатно е случај и со автобусот на еуро бус, исто како и пред неколку години Setra S417HDH (оваа на еуро бус е Setra S417 GT-HD) потона во Париз во реката Сена
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1084
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 25-Jun-2013 at 20:58
Originally posted by BOJAN

Пријатно се изненадив денеска кога на автобус на превозникот „Охрид експрес“ забележав знак и натпис бесплатен безжичен интернет, ако е вистина, ова е пријатен позитивен напредок во македонски рамки .


Originally posted by sanos_a

истото го планираме и ние во нашите автобуси да го спроведеме ама сега засега нека чекаме цени од т-хоме


После Охрид Експрес, од пред 5-6 дена и Галеб со wireless во возилата.Па да не велат Охриѓани вака така
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.