build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1084
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 10-Sep-2013 at 20:52
Originally posted by BOJAN


Да се надеваме дека сега линиите ќе бидат поредовни, мене два пати досега ми се имаше случено автобус на кичевски Симекс да не е пристигнат во Охрид и да не можам да се качам на автобус за Кичево.

Мене ми се случило порано исто со Транскоп, на последната врска од Охрид за Битола (која е во 18:00, според мене прерано, ако споредиме со последните за Скопје 20:30, 22:30)...и пред некој месец на блиски луѓе, цркнал автобусот на одење кон Ох во 15:00 и не пуштиле друг замена

Кај Симекс пак, за почит беше една работа, дури и чудно ми беше во нивни автобус - дури и до Охрид и до Битола линии по 1 - 1:45 патување, одеа кондуктер и возач, за разлика од доста превозници на некои и двојно подолги линии.

Станицата во Куманово мислам дека ќе е ок со мали корекции на пероните и покривање барем на предниот дел од возилата, за станичната зграда можат и нова да кренат.

Edited by Тркало - 10-Sep-2013 at 20:56
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 11-Sep-2013 at 10:31
Мислам дека постоечката автобуска станица во Куманово е сместена на локација која нималку не е пријатна од неколку аспекти. Прво, автобусите не можат да пристапат до неа по нормална сообраќајница, се минува покрај густо населена населба. Второ, тој дел од Куманово не ми изгледа премногу безбеден, особено во вечерните часови. Трето, парите што би се вложиле во реконструкција мислам дека би излегле повеќе од изградба на нов објект, можеме да го земеме примерот со последната завршена станица во Гевгелија.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 10-Oct-2013 at 11:48
Eве ја станицата во Куманово, категоризирана во втора категорија. Спореди со станицата во Славонски Брод на претходната страница која исто така е втора категорија.
Можам да се обложам дека Реј Чарлс би направил пореална класификација на автобуските станици кај нас.

Превозниците плаќаат за запуштени и валкани перони

Mесечно одвојуваме околу 250 илјади денари за користење на пероните, а не добиваме соодветна услуга, тврдат сопственици на автотранспортните претпријатија.

Thumbnail

Превозниците на градските и приградските линии ќе плаќаат по 2,5 и 5 денари за секој автобус и комби што ќе влезе на пероните на Автобуската станица во Куманово. Оваа одлука беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Куманово со цел да се стави во законски рамки перонизација на градските и приградските линии во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Превозниците велат дека и досега плаќале на Југ-турист за услугата но тоа било регулирано само со интерен договор.

Сите заедно месечно одвојуваме околу 250 илјади денари, но не добиваме адекватна услуга. И самите можете да видите дека пероните се во очајна состојба. Целиот простор е запуштен и валкан, не е осветлен и покриен да можат патниците да се заштитат ноќе и од временските неприлики. Дивите превозници влегуваат на пероните и земаат патниците, а никој не ги спречува во тоа.- велат од Оли-травел, Штуз и Јоцо-Турс.

Превозниците објаснуваат дека на една линија автобусите и по 30 пати дневно влегува и излегува од перонот и секој пат му се наплатува по 2,5 односно 5 денари, а тие имаат по десетина различни линиии и релации кои ги покриваат во градскиот и приградскиот сообраќај. 

И граѓаните не се задоволни од услугите што ги нуди Автобуската станица и сметаат дека конечно треба да се реши проблемот со Југ-Турист.

 Автобуската станица во Куманово и автобусите на Југ-турист се како на хорор филм. Државата треба да го затвори претпријатието или да му даде пари да работи како што треба. Со години е во стечај и не се решава неговиот статус на штета на градот и граѓаните.- велат граѓаните.

 На последната седница на Совето не беше решено дали за слободен превоз, туристички тури, екскурзии превозниците ќе можат да ги користат пероните на Автобуска станица на АД“Југ - Турист“ или локалната самкоуправа ќе се бара друг простор.

Превозниците%20плаќаат%20за%20запуштени%20и%20валкани%20перони


Edited by phenomenon - 10-Oct-2013 at 11:51
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 17-Oct-2013 at 13:41
Јанакиевски: Од февруари 2014 автобуските билети ќе се издаваат и по електронски пат
Македонија
17. октомври 2013 - 14:27





Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска најави дека билетите за автобускиот превоз од февруари следната година ќе се издаваат по електронски пат.

Јанакиески, на денешната прелиминарна електронска распределба на возни линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници, објасни дека електронското издавање билети е обврска на сите автобуски станици, а во спротивно ќе ги изгубат лиценците.

- Граѓаните ќе може од дома да букираат електронски билети исто како и авионските, рече Јанакиески.

До крајот на годината ќе биде изработена и мобилна апликација со која ќе се следат линиите, односно кој дестинациите и времето на сообраќање на превозниците.

Тој е задоволен од зголемениот интерес на автобуските превозници за возните линии, што смета дека е резултат на измените во Законот за патен сообраќај. Годинава превозниците доставиле 458 апликации, односно 102 повеќе во однос на лани. За меѓуопштинските возни редови се доставени 231 апликација за нови линии и 13 за промена на постоечки, а кај меѓународните 212 апликации и две за промена. Превозниците што се најдоа на прелиминарната листа во наредните 10 дена ќе добијат решенија, по што ќе следи и официјалната распределба на линиите.

Со новините во возните редови, за градовите во близина на Скопје, односно Куманово, Тетово и Велес во периодот од 6 до 8 часот разликата помеѓу две појдовни линии од 20 минути е намалена на 10 минути. Исто намалување има и во обратен правец, информира Јанакиески.

Дел од распределбата на линиите беа и одземените 36 во последните три месеци. Државниот инспекторат за транспорт одзел 15 решенија за меѓународни автобуски линии и 9 решенија за автобуски линии за внатрешен превоз. Донесени се и 12 решенија за одземање лиценца заради неисполнување на потребните услови.

Јанакиески информираше дека има драстично намалување на сивата економија во автобускиот превоз. Како дел од активностите за сузбивање на нелегалните превозници, во последната година времено се одземени 250 возила, а трајно 55.

Тој истакна дека постојано се одвива и процесот на лиценцирање на компаниите. Досега Министерството издало 4.553 лиценци за вршење превоз во патниот сообараќај, од кои 615 за јавен превоз на патници, 203 за вршење превоз за сопствени потреби на патници, 2.600 за јавен превоз на стока и 1.135 за вршење превоз на стока за сопствени потреби.

http://maxim.mk/janakievski-od-fevruari-2014-avtobuskite-bileti-kje-se-izdavaat-i-po-elektronski-pat

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 17-Oct-2013 at 15:32
Originally posted by kultuzin

Јанакиевски: Од февруари 2014 автобуските билети ќе се издаваат и по електронски пат
Македонија
17. октомври 2013 - 14:27





Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска најави дека билетите за автобускиот превоз од февруари следната година ќе се издаваат по електронски пат.

Јанакиески, на денешната прелиминарна електронска распределба на возни линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници, објасни дека електронското издавање билети е обврска на сите автобуски станици, а во спротивно ќе ги изгубат лиценците.

- Граѓаните ќе може од дома да букираат електронски билети исто како и авионските, рече Јанакиески.

До крајот на годината ќе биде изработена и мобилна апликација со која ќе се следат линиите, односно кој дестинациите и времето на сообраќање на превозниците.

Тој е задоволен од зголемениот интерес на автобуските превозници за возните линии, што смета дека е резултат на измените во Законот за патен сообраќај. Годинава превозниците доставиле 458 апликации, односно 102 повеќе во однос на лани. За меѓуопштинските возни редови се доставени 231 апликација за нови линии и 13 за промена на постоечки, а кај меѓународните 212 апликации и две за промена. Превозниците што се најдоа на прелиминарната листа во наредните 10 дена ќе добијат решенија, по што ќе следи и официјалната распределба на линиите.

Со новините во возните редови, за градовите во близина на Скопје, односно Куманово, Тетово и Велес во периодот од 6 до 8 часот разликата помеѓу две појдовни линии од 20 минути е намалена на 10 минути. Исто намалување има и во обратен правец, информира Јанакиески.

Дел од распределбата на линиите беа и одземените 36 во последните три месеци. Државниот инспекторат за транспорт одзел 15 решенија за меѓународни автобуски линии и 9 решенија за автобуски линии за внатрешен превоз. Донесени се и 12 решенија за одземање лиценца заради неисполнување на потребните услови.

Јанакиески информираше дека има драстично намалување на сивата економија во автобускиот превоз. Како дел од активностите за сузбивање на нелегалните превозници, во последната година времено се одземени 250 возила, а трајно 55.






Oвој возен ред функционира веќе неколку години:
http://sas.com.mk/Schedule.aspx?cid=1055&l=34&ft=from&state=%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0$&city=%D0%9A%D0%A3%D0%9C%D0%90%D0%9D%D0%9E%D0%92%D0%9E&date=17.10.2013

Кај ја видоа разликата од 20 минути, кога меѓу поаѓањата на Штуз и Југ-Турист разликата е 15 минути и тоа помеѓу локални линии, не транзитни кои поминуваат низ Куманово? Значи, се работи за години и години наназад, а овие цело време мислат дека ете било 20 минути. Крајно смешно и несериозно однесување.

Веројатно не му е одземена лиценцата на Југ-Турист, бидејќи го исполнува најпотребниот услов - поседување подвижен авто-отпад.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 17-Oct-2013 at 17:23
Мислам дека со новата распределба на линии за Велес и Куманово, Министерството за транспорт и врски му пука во нога на Македонски железници-Транспорт, кои остваруваат какви-такви приходи од блиските релации, особено од онаа за Велес. Не знам кој ќе се вози во возовите од новиот возен ред на автобускиот сообраќај. А загубите од работењето на железницата ги плаќаме сите ние преку државниот буџет.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 22-Oct-2013 at 08:28
со одлука на министерството времето помеѓу линиите од Велес, Тетово и Куманово за Скопје е намалена од 20 минути на 10 минути. позади ова стои сопственик на фирма за превоз на патници, затоа што на него така му одговара
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 22-Oct-2013 at 13:00
Originally posted by sanos_a

со одлука на министерството времето помеѓу линиите од Велес, Тетово и Куманово за Скопје е намалена од 20 минути на 10 минути. позади ова стои сопственик на фирма за превоз на патници, затоа што на него така му одговара


Слушај, вака. Те сметам за разумен човек и затоа уште еднаш ќе ти повторам: " кои црни 20 минути?!".

Ќе гo повторам мојот претходeн пост:

Kај ја видоа разликата од 20 минути, кога меѓу поаѓањата на Штуз и Југ-Турист разликата е 15 минути и тоа помеѓу локални линии, не транзитни кои поминуваат низ Куманово? Значи, се работи за години и години наназад, а овие цело време мислат дека ете било 20 минути. Крајно смешно и несериозно однесување.

Или пак обратно. Додека идев на факултет, околу 2000-та година.

Куманово-Скопје:

06:20 Југ-Турист
06:40 Jуг-Турист
06:50 Jуг-Турист
07:00 Пролетер Скопје
07:00 Jуг-Турист (по стар пат)

После отакако Пролетер пропадна, а Штуз ги доби линиите, истиот ги доби поаѓањата од 06:45 до 17:45. (oд Скопје: 07:45 до 18:45).

E па ајде кажи ми сега ти како можела разликата да била 20 минути и како дозволуваш толку безобразно да бидеш излажан, кога јас со овие автобуси се возам преку 20 години и одговорно ти тврдам дека тоа од министерството што го тврдат е лага.

И да се превиди такво нешто, да бидат цело време во заблуда дека разликата помеѓу поаѓањата за Куманово била 20 минута, како можеш да очекуваш од истата таа гарнитура да ги санкционира легалните линиски превозници на оваа линија што застануваат испод секој надвозник, во Илинден, во Миладиновци, во Дељадровци, правејќи од меѓуградска линија готово градска.

Порано ова линија се возеше за 35 до 40 минути, а сега се вози од 50 до 55, бидејќи сега има "станици" кај Континентал, Автокоманда, АСУЦ, надвозниците во Маџари и Илинден, уште неколку диви стојалишта на самиот автопат и така натаму.

Но како можеш да очекуваш ова горенаведените дилетанти да го знаат, кога не знаат дека разликата помеѓу поаѓањата за Куманово била 15 минути, години и години наназад, а не 20, колку што мислеле тие со својот сурогат-мозок.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 24-Oct-2013 at 08:09
правилникот за време помеѓу две поаѓања на една релација е донесен мислам пред 3 години, затоа има линии кои не се во согласност на моменталниот правилник за превоз на патници. точно дека има линии на една иста релација каде времето помеѓу тие две поаѓања е 5 или 10 минути ама тие се регистрирани пред 5, 10 или повеќе години,а некои се уште од времето ја Југославија.
доколку нешто не ти е јасно во врска со превозот во македонија, пиши ми порака со твој маил па ке ти ги пратам сите регистрирани линии во македонија како правилните и законот.
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1084
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 30-Oct-2013 at 17:34
Некоја слика од АС Струга.Не знам која категорија е, ама би требало да е прва, најмалку втора
Паркот пред паркингот



Паркинг


Влез














Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11997
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 02-Nov-2013 at 10:58
Нови автобуски линии од Тетово, Куманово и Велес кон Скопје

Велес - Тетово, Велес и Куманово добија девет нови автобуски линии на последната јавна распределба која се одржа во Министерството за транспорт и врски. Со нив треба да се решат метежите кои ги имаат автобуските станици во овие три града поради големата фреквенција на патници кон главниот град. Новите линии се во функција од 1 ноември.

Од Тетово две утрински поаѓања доби превозникот „Хак комерц“, а едно „Руле турс“. Од Куманово се одобрени две утрински апликации на „Глобал турист“ и една попладневна на „Стефани бенз“. Трите нови линии од Велес се распределени во ударниот термин од 6 до 8 часот и тоа две се на „Бабуна превоз“ и една е на „Струмица експрес“. Сите превозници добиваат и термини со кои нивните автобуси ќе поаѓаат и од автобуската станица од Скопје во попладневните часови, поточно за враќање кон Тетово, Куманово и Велес.

Оваа распределба доаѓа по многубројните реакции на граѓаните, најчесто вработени од овие градови кои поради големиот број патници не можеа да се качат во автобусите и да стигнат навреме на работните места во Скопје. При неодамнешна акција на Државниот инспекторат за транспорт на патарината кај Велес во понеделник во шест часот наутро превозници беа казнети со по 500 евра поради тоа што имаа поголем број патници од дозволениот. Во некои автобуси ги имало и по 14 лица повеќе.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=D5F02F584099E14EAF81384749F43172
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 02-Nov-2013 at 11:13
Дали линиите на Глобал Турист одат по трасата Куманово-Ваксинце-Матејче-Никуштак-Арачиново-Скопје?

А и Стефани бенз го знаеме ние од Куманово како најнередовен превозник, па кога ќе пушти за Скопје испокршени комбиња, што да ти кажувам.

Има нелегалните превозници да цветаат.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1084
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 02-Nov-2013 at 18:50
Малку каснат на страната на Министерството за транспорт со објавата.

Лесно е да казниш за по 14 патници плус во возило, а имаш едвај по 2 термини дневно на некои линии ... електронскиот систем не е дизајниран со предвидување вакви појави Или на пример како на Берово Транс им се одобрени четири тргнувања ДНЕВНО од Битола за Салцбург во среда, двапати дневно во сабота и три пати дневно во недела ...

Баш ми е занимливо дали Струмица Експрес ќе воведат посебна линија Велес - Скопј - Велес или ќе одат паралелно во едно возило со друга линија



Edited by Тркало - 02-Nov-2013 at 19:08
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 04-Nov-2013 at 09:34
епа лесно е кога газдата на берово транс е појак од министерот за транспорт и не 4 туку и 40 поагања ке добие од еден град.
што мислите чива фирма керка е бабуна превоз? 2 автобуси од берово транс се префрлени на фирма бабуна превоз и веднаш се добиваат 2 поагања од велес кон скопје и тоа се термини кои се доста атрактивни
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 04-Nov-2013 at 11:56
Што се овие латиници на сите страни, кај практично сите македонски натписи. Крајно одбивно...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1587
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 04-Nov-2013 at 14:03
Originally posted by Граѓанин

Што се овие латиници на сите страни, кај практично сите македонски натписи. Крајно одбивно...

Na pogresno mesto go postavuvas prasanjeto.
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 05-Nov-2013 at 05:57
Originally posted by Denko

Originally posted by Граѓанин

Што се овие латиници на сите страни, кај практично сите македонски натписи. Крајно одбивно...

Na pogresno mesto go postavuvas prasanjeto.


Па и не знам што е толку погрешно... закон за двојазичност нели воведоа во некои општини во северниот дел на Македонија... и мене ми е баш одбивно.
Traveling.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1587
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 05-Nov-2013 at 18:30
Originally posted by Danndy

Originally posted by Denko

Originally posted by Граѓанин

Што се овие латиници на сите страни, кај практично сите македонски натписи. Крајно одбивно...

Na pogresno mesto go postavuvas prasanjeto.


Па и не знам што е толку погрешно... закон за двојазичност нели воведоа во некои општини во северниот дел на Македонија... и мене ми е баш одбивно.
Treba Jankulovska da se prasa. Taa postojano veli deka zakonite vazat za site isto, a od avion se gleda deka vo zapadna Makedonija vazat poinakvi zakoni od onie na Jankulovska!?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 06-Nov-2013 at 13:04
Originally posted by Џоле

Нови автобуски линии од Тетово, Куманово и Велес кон Скопје

Велес - Тетово, Велес и Куманово добија девет нови автобуски линии на последната јавна распределба која се одржа во Министерството за транспорт и врски. Со нив треба да се решат метежите кои ги имаат автобуските станици во овие три града поради големата фреквенција на патници кон главниот град. Новите линии се во функција од 1 ноември.

Од Тетово две утрински поаѓања доби превозникот „Хак комерц“, а едно „Руле турс“. Од Куманово се одобрени две утрински апликации на „Глобал турист“ и една попладневна на „Стефани бенз“. Трите нови линии од Велес се распределени во ударниот термин од 6 до 8 часот и тоа две се на „Бабуна превоз“ и една е на „Струмица експрес“. Сите превозници добиваат и термини со кои нивните автобуси ќе поаѓаат и од автобуската станица од Скопје во попладневните часови, поточно за враќање кон Тетово, Куманово и Велес.



http://www.utrinski.mk/?ItemID=D5F02F584099E14EAF81384749F43172


На функција се од 1. Ноември, но веројатно од догодина. Ниту автобусите физички ги има на станицата на Руле-Турс, ниту пак на нивната веб страница фигурираат горенаведените превозници.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 07-Nov-2013 at 11:22
Originally posted by phenomenon



На функција се од 1. Ноември, но веројатно од догодина. Ниту автобусите физички ги има на станицата на Руле-Турс, ниту пак на нивната веб страница фигурираат горенаведените превозници.

дали ги имаат добиено дозволите за тие линии кои треба да ги издаде министерството за транспорт е прашањето, а не дека физички ги нема тие автобуси на автобуските станици.
еве ние имаме добиено нова линија, пуштивме барање да ни издадат дозвола за таа линија и уште ја немаме добиено
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.202 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.