build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Меѓуградски автобуски превоз
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 08-Nov-2013 at 11:06
Патувал ли некој досега со Руле турс на некоја подолга релација? Сум им го видел возниот парк, им изгледа дека е нов, ама ме интересира професионализам и услуга од нивна страна.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 08-Nov-2013 at 14:26
Многу одамна пред едно 10 години патував со Руле Турс до Загреб (ако тоа се смета за подолга релација). Тогаш беше се ок. Имаше една ситуација кога ме вратија од Хрватска граница (поради его трип на граничарот и мој инает) Ја поминав границата Хрватска , Србија пешки , а шоферот на Руле се јави на автобусот кој вози према Скопје да ме чека на Српската граница и така успеав да се вратам.  
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 11-Nov-2013 at 22:58
Дечки, планирам да патувам за Белград во сабота (16 ноември) со Руле Турс, па ме интересира дали некој ја користел таа компанија и да сподели впечатоци, посебно за автобусите и хигиената во нив? Однапред ви благодарам.
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 13-Nov-2013 at 22:25
Еден мотив од возилата на Југ Турист
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 13-Nov-2013 at 23:10


На линкот ја добивам следнава порака
Морате да бидете најавени за да го сторите тоа


Dunno
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 14-Nov-2013 at 17:59
Originally posted by Cloverstack

На линкот ја добивам следнава порака
Морате да бидете најавени за да го сторите тоа
Dunno




Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 14-Nov-2013 at 18:14
Да ти кажам право, друго и не очекував.
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2352
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 26-Dec-2013 at 12:45
Originally posted by phenomenon


[QUOTE=Џоле]Нови автобуски линии од Тетово, Куманово и Велес кон Скопје

Велес - Тетово, Велес и Куманово добија девет нови автобуски линии на последната јавна распределба која се одржа во Министерството за транспорт и врски. Со нив треба да се решат метежите кои ги имаат автобуските станици во овие три града поради големата фреквенција на патници кон главниот град. Новите линии се во функција од 1 ноември.

Од Тетово две утрински поаѓања доби превозникот „Хак комерц“, а едно „Руле турс“. Од Куманово се одобрени две утрински апликации на „Глобал турист“ и една попладневна на „Стефани бенз“. Трите нови линии од Велес се распределени во ударниот термин од 6 до 8 часот и тоа две се на „Бабуна превоз“ и една е на „Струмица експрес“. Сите превозници добиваат и термини со кои нивните автобуси ќе поаѓаат и од автобуската станица од Скопје во попладневните часови, поточно за враќање кон Тетово, Куманово и Велес.


http://www.utrinski.mk/?ItemID=D5F02F584099E14EAF81384749F43172


Дали 1. Ноември се пролонгираше до 32. Ундекември? Од помпезно најавуваните линии нема ни трага.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 27-Dec-2013 at 09:55
бабуна веќе вози на релација велес - скопје - велес 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 09-Jan-2014 at 15:45
Автобуски билети ќе може да се купуваат преку Интернет

Со оваа новина на патниците во автобускиот сообраќај им се овозможува на едноставен начин, преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет-уред или мобилен телефон, да извршат пребарување, резервација и плаќање автобуски билети за меѓуградски и за меѓународни линии

Билетите за автобуски превоз од 22 февруари годинава ќе може да се купат и преку Интернет.

Едноставно, билетите ќе може да се резервираат и да се платат онлајн, без да се губи време за одење до автобуска станица. Ваквата обврска за електронска наплата на билетите за сите автобуски станици минатата година ја пропиша Министерството за транспорт и врски во измените на Законот за патен сообраќај, по што пред крајот на годината беше промовирана и новата корисна електронска алатка „е-автобуска“. Со неа на патниците во автобускиот сообраќај им се овозможува на едноставен начин, преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет-уред или мобилен телефон, да извршат пребарување, резервација и плаќање автобуски билети за меѓуградски и за меѓународни линии. Се очекува најголеми корисници на оваа електронска новина во патниот сообраќај да бидат помладите генерации, кои почесто прифаќаат промени со развојот на информатичко-комуникациската технологија, а веќе се најавува и дека по примерот на автобускиот превоз, наскоро ваква алатка ќе се воведе и за железничкиот превоз.

Ќе се избира и место за седење

- Како што можеме, доколку патуваме со авион до одредена дестинација, онлајн да резервираме авионски билет, со воведувањето на „е-автобуска“ исто така му се овозможува на корисникот при купувањето на својот билет да има графички увид на слободните места во самиот автобус и да го избере саканото седиште. Покрај распоредот на линиите, патникот ќе има увид и кој превозник во кој период за бараната линија врши превоз, така што во согласност со своите потреби и претходното искуство при користењето на услугите на компаниите ќе може да избере со кој превозник сака да патува до одредена дестинација - вели Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.

Предноста на овој електронски систем е тоа што патникот може од кое било место и во секој момент да го види распоредот на автобуските линии, временскиот период на поаѓање, а со самото тоа и веднаш, во согласност со своите потреби, да го купи својот билет, без да губи време и да оди до шалтерите на автобуската станица. По успешното електронско плаќање со кредитна или со дебитна картичка за избраното патување, патникот ќе добие електронски билет со еднозначен баркод, кој може да го испечати или да го зачува на својот паметен телефон или таблет-уред.

- Предвидено е да се воведе и трет начин на плаќање, а тоа е преку сметката за мобилен телефон. Истиот билет на самите автобуски станици ќе се валидира со помош на баркод-читачи, со што ќе се олесни и ќе се зголеми протокот на патниците, а со самото тоа автоматски постојните билетарници ќе се растоварат и ќе се заштеди во време - вели Јанакиески.

Тој додава дека автобуските станици мора да го имплементираат новиот систем, бидејќи во спротивно државниот инспектор за патен сообраќај ќе поднесе предлог за одземање на категоризацијата.

повеќе на http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1914738447&id=10&prilog=0&setIzdanie=23070
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2352
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 09-Jan-2014 at 20:16

Невидени глупости! Ќе купиш билет по електронски пат со реден број на седиште 30 и ќе чекаш автобус. Кога ќе отидеш на автобуската, ќе видиш дека дошло комбе со 13 седишта, а ти со твојот билет ќе можеш да се сликаш.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 09-Jan-2014 at 21:08
^
Добар

Прво нека го средат возниот ред овде http://liniskiprevoz.gov.mk/search.aspx , оти не се 3 автобуси дневно од Охрид за Струмица туку еден во летен период.А и неговото време на тргнување е погрешно внесено.Само еден мал пример.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 10-Jan-2014 at 13:05
Originally posted by phenomenon


Невидени глупости! Ќе купиш билет по електронски пат со реден број на седиште 30 и ќе чекаш автобус. Кога ќе отидеш на автобуската, ќе видиш дека дошло комбе со 13 седишта, а ти со твојот билет ќе можеш да се сликаш.

значи прво разгледај го изворниот код и како функционира апликацијата па после пишувај за е-автобуска. значи јас бев на презентацијата на е-автобуска која беше на 18,12,2013 во спортски центар борис трајковски во скопје. значи ако ти земеш е-карта со седиште 30 ке си седеш на тоа седиште, мегутоа за да го направиш тоа односно да си резервираш билет со седиште 30 мора прво  диспечерот на превозникот на внесе кое возило ќе биде на таа линија и со колку седишта е тоа возило.
не мора се да мразиш во македонија поврзано со превозот на патници оти Wallbash ѕид со глава не се бута


Edited by sanos_a - 10-Jan-2014 at 13:44
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2352
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 10-Jan-2014 at 14:00

Не прашувај гаталец, туку паталец. Еве ти пример со Јоцо-Турс што поаѓа за Куманово во 16 часот. Ако има мал број на патници, возачот цело време зборува на мобилен со неговиот колега што држи дива автобуска линија и кој поаѓа од Рамстор во 15:50. И овој што поаѓа од Автобуската ќе ги одвезе патниците до хотел Континентал кадешто ќе ги претовари во другото комбе што вози на дивата линија, иако во најголем случаи тоа комбе е со претовар. И наиде инспекција на автопатот и те исфрли од комбето иако ти најрегуларно си купил карта на Автобуската станица во Скопје? Дали тоа ти го кажаа на состанокот? И јас не мразам никого, само ти кажувам она што сум го почувствувал на своја кожа патувајќи често.

И јас не бутам ѕид со глава, туку не дозволувам никој да ме влече за нос. Не сме сите партиски полтрони и малоумници. Нѐ има и што мислиме со своја глава.

Edited by phenomenon - 10-Jan-2014 at 14:12
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 10-Jan-2014 at 17:32
тоа што го пишуваш сите дали го знаат тоа не знам ама јас најдобро го знам дека така функционира. инаку овој систем наречен е-автобуска ке го имаат само автобуските станици во македонија а не квази превозниците како јоцо турс и ред други да не ги набројувам сега. инаку законски мора автобуските станици да го имаат тој систем интегрирано, доста добро (треба) да функционира и е направен пред се да се избегне претоварот на патници во автобусите кои сообракаат во мегуградскиот превоз.
мое мислење за овој систем е дека е одлчно направен, намената му е ептен добра ама во нашата македонија тешко дека овој систем би функционирал 100%.
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 29-Jan-2014 at 08:42
„Руле турс“ ја купи автобуската во Куманово за 2,2 милиони евра

Друштвото за превоз, промет и услуги „Руле Турс“ од Скопје, го добил правото на располагање со имотот на кумановската автобуска станица на „Југ турист“, во стечај. По завршувањето на стечајната постапка скопската фирма понудила план за реорганизација, кој бил прифатен од доверителите.

Со него „Руле Турс“ се обврза дека ќе ги намири доверителите во висина до 15 отсто од побарувањата, како и целосно сите придонеси кон вработените. За ова ќе плати вкупно 2,2 милиони евра. Истовремено, ветил дека ќе ги задржи на работа сите 52 лица. Оваа стечајна постапка заврши во Основниот суд во Велес, кој поради презафатеност на Кумановскиот суд, со одлука на Врховен, добил дел од стечаите што се воделе таму. Стечајните предмети се доделени и на Скопскиот и на Штипскиот суд.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=F0AB250327E90F4CA9726F99C786C115
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2352
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 30-Jan-2014 at 13:27


Не знам само за што дале 2,2 милиони евра? Што е тоа во Југ-Турист што вреди толку? За африкански автобуси, за автобуска што личи на шупа, за перони на кои како да паѓале гранати и за драстично намален број на патници поради овие нечовечки услови?

Според мене, многу лош деловен потег и пари фрлени во ветар.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1860
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 30-Jan-2014 at 13:36
Најверојатно им се исплати. Тие 2,2 милиони евра се за автобуската (земјиштето) сите договори за користење на автобуската (концесии за стојалишта), пари за доверителите и пари за вработените ,така да оваа сума не е така голема, а воедно верувам дека и други дополнителни простории се вклучена во оваа сума.
Баш мислам дека договоров и не им е така лош.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 30-Jan-2014 at 17:46
Југ Турист можеби не вреди толку, ама во текстот јасно стои дека долговите на оваа компанија се едно цело брдо и тие се влезени во финалната сума.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 30-Jan-2014 at 20:03
југ турист има долгови од околу 6,5 милиони евра, а тие пари што ги дал руле турс се доста само за редовните линии на југ турист, бидејки со добри автобуси може да привлече голем број на патници и за релативно брзо време парите ке бидат повратени 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.