build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 10-Feb-2014 at 16:29
Originally posted by Џоле

Автобуски билети ќе може да се купуваат преку Интернет

Со оваа новина на патниците во автобускиот сообраќај им се овозможува на едноставен начин, преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет-уред или мобилен телефон, да извршат пребарување, резервација и плаќање автобуски билети за меѓуградски и за меѓународни линии

Билетите за автобуски превоз од 22 февруари годинава ќе може да се купат и преку Интернет.

Едноставно, билетите ќе може да се резервираат и да се платат онлајн, без да се губи време за одење до автобуска станица. Ваквата обврска за електронска наплата на билетите за сите автобуски станици минатата година ја пропиша Министерството за транспорт и врски во измените на Законот за патен сообраќај, по што пред крајот на годината беше промовирана и новата корисна електронска алатка „е-автобуска“. Со неа на патниците во автобускиот сообраќај им се овозможува на едноставен начин, преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет-уред или мобилен телефон, да извршат пребарување, резервација и плаќање автобуски билети за меѓуградски и за меѓународни линии. Се очекува најголеми корисници на оваа електронска новина во патниот сообраќај да бидат помладите генерации, кои почесто прифаќаат промени со развојот на информатичко-комуникациската технологија, а веќе се најавува и дека по примерот на автобускиот превоз, наскоро ваква алатка ќе се воведе и за железничкиот превоз.

Ќе се избира и место за седење

- Како што можеме, доколку патуваме со авион до одредена дестинација, онлајн да резервираме авионски билет, со воведувањето на „е-автобуска“ исто така му се овозможува на корисникот при купувањето на својот билет да има графички увид на слободните места во самиот автобус и да го избере саканото седиште. Покрај распоредот на линиите, патникот ќе има увид и кој превозник во кој период за бараната линија врши превоз, така што во согласност со своите потреби и претходното искуство при користењето на услугите на компаниите ќе може да избере со кој превозник сака да патува до одредена дестинација - вели Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.

Предноста на овој електронски систем е тоа што патникот може од кое било место и во секој момент да го види распоредот на автобуските линии, временскиот период на поаѓање, а со самото тоа и веднаш, во согласност со своите потреби, да го купи својот билет, без да губи време и да оди до шалтерите на автобуската станица. По успешното електронско плаќање со кредитна или со дебитна картичка за избраното патување, патникот ќе добие електронски билет со еднозначен баркод, кој може да го испечати или да го зачува на својот паметен телефон или таблет-уред.

- Предвидено е да се воведе и трет начин на плаќање, а тоа е преку сметката за мобилен телефон. Истиот билет на самите автобуски станици ќе се валидира со помош на баркод-читачи, со што ќе се олесни и ќе се зголеми протокот на патниците, а со самото тоа автоматски постојните билетарници ќе се растоварат и ќе се заштеди во време - вели Јанакиески.

Тој додава дека автобуските станици мора да го имплементираат новиот систем, бидејќи во спротивно државниот инспектор за патен сообраќај ќе поднесе предлог за одземање на категоризацијата.

повеќе на http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1914738447&id=10&prilog=0&setIzdanie=23070

после денешниот состано можам да заклучам дека целиот овој проект ке доживее огромен неуспех 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1086
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 24-Feb-2014 at 18:45
Вакво нешто е за пофалба.Мамли Травел - Куманово се подновиле со веројатно најдоброто возило во Мк, покрај клубскиот бус на ЖРК Вррдар И такој изненадив Кумановци, нели Phenomenon?



Галерија:NEOPLAN N5217 SHD
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 24-Feb-2014 at 19:48
Го немам видено автобусот. Но какво изненадување е тоа кога Мамли Травел има дури едно ЦЕЛО поаѓање на релација Куманово-Скопје и обратно. На што да се радуваме кажи ни. На контејерите на оние цепаници од Југ-Турист?

И конечно страницата www.sas.com.mk ја направија сега како што треба, бидејќи порано беше жив очај.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1086
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 24-Feb-2014 at 21:08
Maло зезање за Мамли.Веројатно договорен превоз ќе го користат, ама преку зима
А страната на САС, 2 чекори напред - 3 назад.Навистина некои работи се подоврени, ама пред ‘освежувањето‘ имаше и опција за времиња на пристигнување, сега ја снема...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1866
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 24-Feb-2014 at 21:48
Тркало не разбирам која е таа опција, не ми текнува да можело да се избере кога пристига автобусот.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 24-Feb-2014 at 21:50
Претходниот сајт на САС знам кој го правеше,дечките имаа голема визија за сајтот на САС,проблемот беше дека  тие сакаа за малку пари да направат бум сајт,јас дури бев ангажиран да направам една фото галерија на слики,идејата беше феноменална,требаше само повеќе буџет да се комплетира тој сајт, не ги кривам дизајнерите затоа што професионално ја работеа работата,единествениот проблем беше финансирањето.


Како и да е сакав да кажам дека нивната визија беше далеку подобра од ова што го гледаме на новиот сајт.


Edited by mitatos - 24-Feb-2014 at 21:51
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 24-Feb-2014 at 21:57
Originally posted by Тркало

Maло зезање за Мамли.Веројатно договорен превоз ќе го користат, ама преку зима
А страната на САС, 2 чекори напред - 3 назад.Навистина некои работи се подоврени, ама пред ‘освежувањето‘ имаше и опција за времиња на пристигнување, сега ја снема...


Како нема? Ајде погледни поубаво.

На почетната страница на долниот дел кајшто ти пишува Линии:


МЕЃУОПШТИНСКИ
Тргнува Место Превозник Цена Пристигнува
Кликнете за повеќе возни редови  
22:00:00СТРУГАМАРТИНОВСКИ530.0001:25:00

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1086
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 25-Feb-2014 at 17:25
Мислев на времиња на пристигнување во Скопје од другите места, на пример за патници со трансфер во Скопје.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 26-Feb-2014 at 18:25
Eве го автобусот на Мамли Травел:






開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 01-May-2014 at 10:26
Гледам сега на е-автобуска страшни дезинформации. Кај нас патникот мора и детектив да изигрува за да не биде насамарен. Има ставено поаѓања кои не постојат како што е на пример од Скопје за Куманово во 21:20 на Делукс Турс. Или пак од Св. Николе за Куманово во 05:50 на Југ-Турист и во 19:00 на Авто-Атом.

Срамота!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 02-May-2014 at 12:22
целиот проект е-автобуска е една голема СРАМОТА за министерството за транспорт и врски како и за македонија 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1086
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 04-May-2014 at 12:06



Geneva – The International Road Transport Union (IRU) General Assembly today awarded the IRU “Top Road Transport Manager” to 54 managers from 15 countries for their best-in-class leadership and managerial achievements in promoting safe, secure, environmentally-friendly and efficient road transport.
The IRU created this prestigious award to honour top managers of road transport companies, including bus, coach, taxi and truck, for their excellence and professionalism in providing innovative solutions to enhance environmental protection, road safety and productivity. But it takes more than a person’s ability to improve a company’s growth to qualify as an award nominee.

Commenting on the skills necessary to win this award, IRU President, Janusz Lacny, said, “Top road transport managers constantly look for ways to improve the high quality and sustainability of transport services their company provides. They are people who embrace core values in social responsibility and professionalism and seek to develop the skills of the entire team to make our industry the best it can be.”

Најголемата европска организација за меѓународен патен транспорт - IRU, годинава на 10 македонски фирми им додели признание за развој во автотранспортната дејност.

Покрај 6 камионски превозници, наградени се и 4 автобуски.

Освен Димитар Василески од охридски Галеб и Билјана Петрова од кавадаречки Сам Вел, наградени се и Предраг Трајковски од Штуз Куманово и замислете, Мишо Николов од ЈСП Скопје

Многу пологично би било на местото на болдираниве да се Струмица Експрес и Авто Атом, па и Руле Турс во смисла обновување на возниот парк и квалитетот на превоз...ама ајде 50/50

Edited by Тркало - 04-May-2014 at 12:10
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 04-May-2014 at 14:45
ова е нешто у стил на наградувањето на Комерцијална банка секоја година...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2361
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 04-May-2014 at 15:11
НЛБ Тутунска банка е најдобра банка во Македонија во 2013 година.
Среќа што Штуз доби признание. Добро е што не им текнало Југ-Турист да го наградат.
А ЈСП наградата си ја доби сосема заслужено. Со над 300 подарени автобуси, почнаа да се ангажираат и за Панорамското Тркало, а тоа, мора да признаете, е многу ретка појава кај едно претпријатие чија основна дејност е превоз на патници.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 11-Jun-2014 at 00:02
ПРИЛЕП СО НОВА АВТОБУСКА СТАНИЦА
За помалку од месец се очекува да се отвори новата автобуска станица во Прилеп на која интензивно се работи. Фирмата „Пелагонија бус“ која ќе стопанисува со овој објект за корисниците на услугите ќе овозможи една нова современа автобуска станица која ќе биде партерно поврзана со железничката станица во еден современ транспортен центар.

avtobuska-vo-prilep 2

Во рамките на новата автобуска станица ќе има чекална, билетара и други придружни објекти.
Исто така, со посредство на Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски добиен е нов проект од Европската унија за реконструкција на железничката станица со кој Прилеп ќе добие и нов транспортен центар.

Porta3
http://10bez10.com/vesti/opshtina/2651-prilep-so-nova-avtobuska-stanica
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 19-Aug-2014 at 01:28
Кичево

Puke

1


2

Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 367
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 19-Aug-2014 at 03:32




Ауууу каква гробница

Edited by mr bombastic - 19-Aug-2014 at 03:34
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1086
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 30-Aug-2014 at 00:04
Станицава (автобуска И железничка) не е реновирана од изградбата, негде крајот на 60-те или почеток на 70-те години од минатиот век.Верувам Ѓоко дека би знаел посигурно.
Добро замислена како проект транспортен центар ама неодржувањето ...(заедно со скопската станица)...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1866
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 30-Aug-2014 at 00:53
Штип има интересна станица, реновирана скоро ,но и треба уште средување. Се изненадив позитивно од изгледот на станицата во Пробиштип иако е мала и не е премногу уредена.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 30-Aug-2014 at 01:07
Самото тоа што во Штип има употребливи тоалети кој за наши услови можат да се наречат чисти згора на тоа користењето е бесплатно го рангира Штип за наши услови висока А категорија. Мене сепак фаворит ми е Кавадарци станицата на која често има паркирано поглем чамец. Мислам дека со тоа сме уникатни во светски рамки. Не верувам дека во друга држава паркират чамци на автобуски станици.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.