build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Меѓуградски автобуски превоз
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 10-Jan-2015 at 10:33
Originally posted by sanos_a

се знае веќе кој ке биде новиот концесионер на САС Dunno


Кој ќе биде?

Edited by Џоле - 10-Jan-2015 at 10:33
За сè има вторпат
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 10-Jan-2015 at 12:26
тој што е негова скоро цела македонија

Edited by sanos_a - 10-Jan-2015 at 12:27
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 11-Jan-2015 at 14:39
Originally posted by sanos_a


тој што е негова скоро цела македонија
Ми се повраќа од вакви "аргументи"
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4433
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 11-Jan-2015 at 14:43
Дека си го сакаш.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1068
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 11-Jan-2015 at 15:06
Originally posted by sanos_a


тој што е негова скоро цела македонија


Дали е истиот тој кој ја пикира(л) и (новата) автобуска-та во Охрид?
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 12-Jan-2015 at 11:35
не знам кој си ја сака новата автобуска во охрид 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2351
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 12-Jan-2015 at 11:48
Moже иницијали?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 22-Jan-2015 at 23:07
Задоволни патници и испочитуван возен ред

Студентите од другите градови што студираат во Скопје се најчести посетители и корисници на автобуските услуги. Некои граѓани реагираат на недоволното греење во одредени делови на автобуската.



Слика од меѓуградската автобуска станица

Полна чекалница луѓе, пријатна музика, услужливи вработени, уморни но и насмеани лица, кои со себе си го носат својот багаж, паркирани автобуси подготвени за пат. Тоа се првите впечатливи нешта што ќе ги уочите штом ќе влезете во меѓуградската автобуска станица. Слободно може да се каже дека за овие десет години, во споредба со тоа како изгледаше порано автобуската станица, концесионерот „Руле турс“ и градот добро си ја завршиле својата работа. Автобуската изгледа одлично, комплетно е реновирана, со модерен изглед и ги исполнува сите современи стандарди.

Задоволни партнери и муштерии

Токму корисниците, кои се во голем број и од најразлична возраст, се оние што најдобро можат да кажат какви се услугите, колку тие се задоволни од нив и како се одвиваат нештата на скопската меѓуградска автобуска станица. Студентите од другите градови што студираат во Скопје може да се каже дека се најчести посетители и корисници на автобуските услуги.
- Патувам многу често бидејќи студирам во Скопје, а сум од Струмица и морам да ги пофалам вработените за односот што го имаат спрема нас корисниците. Секогаш навремено тргнуваат и пристигнуваат автобусите, без проблеми се одвиваат патувањата. Редовните линии до сите места во Македонија, но и оние што ги имаат до многу градови надвор од нашата земја, се одличен начин и можност да се посетат некои места, а притоа да не се потрошат многу пари за превоз - вели студентот Бојан Петковски.
Сепак не е сѐ толку розово. Некои граѓани реагираат на недоволното греење во одредени делови на автобуската.
- Сѐ е во ред, одлично е што Скопје има ваква автобуска станица, со која се олесни патувањето за сите нас, но сепак некои нешта недостигаат. Ладниот ходник, а и чекалницата на горниот кат воопшто не се пријатни - вели Стефанија Митревска од Неготино.
Во рамките на автобуската има и доста фирми, туристички агенции, продавници за храна и пијалаци, казино, продавници со сувенири...
- Сопственик сум на тобаково, кое непрекинато работи седум години, и задоволен сум од секој аспект. Може цените се повисоки од вообичаените, но на луѓето не им пречи. Тоа што работиме 24 часа седум дена во неделата и што плаќаме кирија за просторот, ни дава за право да имаме повисоки цени за денар-два од вообичаените - ни изјавува Томче Митев, сопственик на тобако во автобуската станица.

Пристапни цени и солидна услуга

Кога ќе пристигнете на автобуската станица уочувате дека сте влегле во сосема нова станица, како што велат, од темел променета. Претходната станица беше во ужасна состојба, лоши услови и, секако, незадоволства насекаде.
- Пред една деценија се пријавивме за тендерот со една цел и успеавме: да ја реновираме автобуската станица, да ги отстраниме нелегалните превозници, кои наедно се нелегална конкуренција, и да стекнеме доверба кај граѓаните. Почнавме од нула, но сметам дека достигнавме одличен успех. За овие 10 години корисниците се задоволни, добиваме само пофалби. До петти во месецот сите барања на корисниците ги разгледуваме и наедно сите обврски ги решаваме навремено. Секој ден е нов ден и со себе си носи нови нешта. Цената на билетите, која е прифатлива за патниците, ја одредува Владата. Исто така сакам да нагласам и дека во текот на нашето работење Владата ја намали таа цена за 35 проценти, а ние и понатаму работиме. Посетеноста е голема, дневно просечно патуваат 1.500 патници и тргнуваат 200 автобуси. Размислуваме повторно да ја земеме под наем, но сепак ќе почекаме и убаво ќе ја разгледаме документацијата за тендерот, па ќе одлучиме - ни изјави Масар Омерагиќ, директор на „Руле турс“.

Една врата ве дели од пеколот и рајот

Токму една врата ги дели железничката и автобуската станица, една врата што е буквално граница помеѓу нешто убаво и ужасно. Веднаш штом ќе влезете во делот што е на железничката станица ќе ја почувствувате миризбата на влага и прашина. Само еден телевизор на кој може да се види кога пристигнуваат и тргнуваат возовите, еден шалтер и обложувачница, тоа се нештата што ги има во еден огромен простор, сѐ друго потсетува на некое друго време и речиси личи на сцена од хорор-филм. Сѐ е разурнато и делумно прикриено со најлони. Кога се во прашање тоалетите и хигиената, едноставно е необјасниво колку сето тоа е напуштено, со ужасна миризба и состојба. А, пак, кога ќе се качите горе кај пероните ќе видите многу мал број луѓе, одвај петнаесетина, кои поради поевтините карти се решиле да патуваат со воз и притоа чекаат да пристигне нивниот превоз.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121151632372&id=14&prilog=0&setIzdanie=23375
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4433
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 22-Jan-2015 at 23:48
1. Во ниедно тобако не се издава фискална сметка, па уште и ми се бунат кога им барам.
2. Во тоалетот ти наплаќаат 10 денари.
3. Понудата на храна е ужасна, барем да се паметни да донесат некој Burger King, а ако не можат, тогаш некое Spizzicotto, или Coffeshop Company (a не од на Руле роднинските слаткарници).
4. Има казино кое работи 24 часа (и пропратните сомнителни ликови).
5. НАСМЕАНИ ЛИЦА НА ШАЛТЕРИТЕ? Некој тука е луд.

Edited by гитардемон - 22-Jan-2015 at 23:52
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 22-Jan-2015 at 23:59
не морале да направат толку голема анти-пропаганда на железничката станица... во моментов се уредува и не е соодветно да се критикува... особено не ако збориме за тоалети, а знаеме дека тоалетите на автобуската станица, се веќе на исто ниво на распаѓање, а за нив некој наплаќа влез...

инаку, кога сме веќе кај таа врата, мене ми е необјаниво зошто во најголем дел од времето е затворена Question
ова значи дека ако се симнеш од градски автобус на булеварот, треба да завртиш еден огромен круг за да влезеш во станицата

и сосема логично е да се очекува луѓе да се префрлаат од воз во автобус и обратно...или па во иднина да се оствари проклетата идеја за ЛРТ... зошто инаку постои концептот на транспортен центар?

и нека не ја фалат и креваат во небо толку автобускава станица, колку и да беше голем чекор напред, се работи за неверојатна и непромислена крпеница која функционално ќе не служи уште кратко време
а автобускиот превоз е сеуште доминантен затоа што фигуративно кажано, само 30% од земјава е покриена со железница, и превозот со автобус е побрз иако и таму нема директни линии на долги релации
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 23-Jan-2015 at 00:04
Originally posted by гитардемон

1. Во ниедно тобако не се издава фискална сметка, па уште и ми се бунат кога им барам.
2. Во тоалетот ти наплаќаат 10 денари.
3. Понудата на храна е ужасна, барем да се паметни да донесат некој Burger King, а ако не можат, тогаш некое Spizzicotto, или Coffeshop Company (a не од на Руле роднинските слаткарници).
4. Има казино кое работи 24 часа (и пропратните сомнителни ликови).
5. НАСМЕАНИ ЛИЦА НА ШАЛТЕРИТЕ? Некој тука е луд.
на ова ќе додадам дека е мал просторот за чекање и дека по пат до перон, се сопнуваш од торби
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 23-Jan-2015 at 09:13
а што е со чекалните кои беа на горниот кат од автобуската и кои некои 2-3 години по отворањето на автобуската беа затоплени а последните години од топлина нема ништо ?
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 23-Jan-2015 at 09:57
Тоа е тој сељачки менталитет, не да кажеш кои се реалните предности што ти ги нудиш, туку кој друг е полош од тебе. Она што најмногу треба да се работи на автобуската станица е да се зголеми обезбедувањето во неа, но и околината околу. Под ова спаѓа исклучувањето на било која шанса на станицата да се шетаат џепчии, такси возачи кои сакаат да те превезат за мал милион пари, а во последно време и типови од нашата далечна Сирија кои патуваат на север.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 23-Jan-2015 at 12:49
Не е толку проблемот капацитетот на чекалната колку што е проблемот што немаме уште 1-2 помали автобуски во Скопје како секој поголем град во Европа.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 23-Jan-2015 at 13:45
или барем да пуштат да застануваат меѓуградските автобуси на повеќе постојки во скопје. на линиите кон источна македонија со триста молби и жалби град скопје одобри само симнување и качување на патници на постојката кај фабриката алкалоид, на друго место ако застане шоферот отидоа 300 евра 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1068
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 25-Jan-2015 at 00:28
Originally posted by гитардемон

1. Во ниедно тобако не се издава фискална сметка, па уште и ми се бунат кога им барам.
2. Во тоалетот ти наплаќаат 10 денари.
3. Понудата на храна е ужасна, барем да се паметни да донесат некој Burger King, а ако не можат, тогаш некое Spizzicotto, или Coffeshop Company (a не од на Руле роднинските слаткарници).
4. Има казино кое работи 24 часа (и пропратните сомнителни ликови).
5. НАСМЕАНИ ЛИЦА НА ШАЛТЕРИТЕ? Некој тука е луд.


Ова.Ја прашувам дали останале уште карти за тој и тој термин и таа фирма, госпожата со турпијата додаваше финоќа на ноктите    , без ни поткревање на погледот нагоре.
И кога реагираш малку погласно добиваш реакција : Па имаш и други шалтери ако не ти се чека.После неколку минути обиди за нормална комуникација добив фаворизирање на одредена компанија која мене лично ми е ‘на црна листа‘ и која не би постоела ако законите стриктно се почитувани.

На други станици го имам истото забележано дека ако постојат 2 различни компании на иста линија, а едната од нив е истовремено сопственик на станицата (или е во подобри односи со одреден превозник) често пати воопшто не ги спомнувале како избор тргнувањата на други(от) превозник - на шалтер, дури и при истакнат возен ред на огласна табла/екран.

Edited by Тркало - 25-Jan-2015 at 00:29
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 01-Apr-2015 at 08:45
ОД ГЕВГЕЛИЈА ДВЕ АВТОБУСКИ ДИРЕКТНИ ЛИНИИ ЗА СОЛУН

Од денеска наместо една редовна,воведени се две меѓународни автобуски линии од Гевгелија за Солун, информираа од автобуската станица во Гевгелија.

Новата автобуска линија за Солун, покрај постојната, посочуваат, се воведува во вистински момент пред матурските прослави и летната туристичка сезона кога се очекува зголемен интерес за патување во Грција.

Автобуските линии за Солун ќе ги одржуваат автобусите на „Македонија сообраќај“ од Скопје кои од Гевгелија за Солун ќе тргнуваат во 8 часот и 45 минути претпладне и во 19 часот попладне.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B416C5AF6F985C4EA9374BF87C867C2C
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1068
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 17-Apr-2015 at 21:04
Originally posted by Тркало


Новости се дека во советот на Општина Охрид влегла во расправа Автобуската станица, урбанизирање и слично.Само да не е по стандардното сценарио.Инаку со неколку линии кон Охрид е активна една фирма која во експресен рок ги презеде линиите на Хисар, кој пак ги зеде од Симекс Кичево, возат со комбиња од 19 седишта Ск-Ох (а 23 се минимум седишта за линија) и експресно им беа дел сезонски линии преиначени во целогодишни.Се надевам ќе имаме фер услови (како никогаш досега )...


As i was saying...Делфина Турс ја доби концесијата во Охрид како ‘единствен‘ понудувач
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12017
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 18-Apr-2015 at 13:10


За автобуската станица ја добила концесијата?!?

Може ли повеќе детали за фирмата ако знаеш?


Edited by Cloverstack - 18-Apr-2015 at 13:18
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1068
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 18-Apr-2015 at 14:28
Originally posted by Cloverstack



За автобуската станица ја добила концесијата?!?Може ли повеќе детали за фирмата ако знаеш?


Да. Наводно како единствен понудувач, според многумина доста нелогично.А би добило смисла поради чаршиските информации за сопственоста на ДТ, т.е. наводна поврзаност со главниот бизнисмен во Мк (проследи ги и првите неколку коментари на врвот на странава).Инаку, приказната со нив почна пред 2-3 години кога кичевски Симекс (бивши ЖАС Кичево) заглави во долг и Хисар ги откупи нивните линии паралелно со тие на Охрид Експрес (ОЕ заедно со возилата).После магично се појави оваа фирма и ги презеде линиите кои Хисар ги зеде од Симекс и Охрид Експрес, па дел сезонски линии кон Охрид им станаа целогодишни и покрај новите строги електронски аплицирања.Почнаа со 2-3 MB Sprinter комбиња (кои уште ги користат на дел линии) и последниот период набавија 6 добри возила (MB Travego,Setra, Sanos Ѕ-403, Neoplan Transliner).


Edited by Тркало - 18-Apr-2015 at 14:31
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.