build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 08-Feb-2018 at 19:05
Originally posted by Тркало

Случајно налетав на вест со најава за нова автобуска (и трговски центар) во Охрид, од 26.01.2016...ни камче не е помрднато оттогаш, ама ете некој каков-таков рендер...
Овде бројам 8 перони, ако е само за тргнување е ок, ако не, тогаш нова утка (сегашната е 8 со 10 на двете страни)
1


2


3


4


5


6


Оригиналната вест на ohrid1.com е тргната, исто како и проектот кој е заглавен
http://www.ohrid1.com/delfina-turs-kje-gradi-avtobuska-i-trgovski-centar-vo-ohrid/

Не гледам ни една од двете улици, 7-ми Ноември или Кленоец (или такси улицата) да е проширена, а паркинг местата според рендерот се многу лошо поставени, супер за застои.Очигледно (логично) многу поголемо внимание се посветило на комерцијалниот дел т.е. на трговскиот



Да не викате не знаевме

Сега темава во трговски објекти ќе ја селиме?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 17-Feb-2018 at 21:39
Денеска видов комбе на Авто Атом Кочани на станица во Охрид.Се надевам дека е само дополнително возило на линијата Кочани - Охрид, а не редовно.Ама не видов и автобус.Времето беше 12:10 , според возен ред би требало да е редовната линија.Инаку е околу пет и пол саати долга.

Edited by Тркало - 17-Feb-2018 at 21:41
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3323
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 17-Feb-2018 at 23:46
Тркало, да знаеш дека денеска Авто Атом имаше плав автобус на релација Кочани-Охрид. Не за друго, го видов на автобуската станица во Прилеп.

Кога говориш за почитување/непочитување на правила во македонски транспорт, еве да ти го дадам моето искуство. Само што се вратив од посета на Крушево. Наместо директен автобус, фатив воз до Прилеп и комбе од таму до Крушево. И ова беше за среќа.

Автобусот на прилепска „Пелагонија“ од Скопје ги истоварил патниците на надвор од станица, им рекол одам по комбе и си останале во Прилеп. Тројца патници од Скопје имаше што се караа на автобуската станица. Каде е комбето . Комбето за   Крушево го нема, ќе мора да чекате наредно комбе од крушевска компанија. И не само тоа, тие што патуваа од Скопје за Крушево мораа да си купат дополнителен билет Прилеп-Крушево. Не сакаа да ги пуштат на станица, бидејќи им кажаа дека они се виновни што му поверувале на шоферот, они го напуштиле возилото... ЛУДИЛО!

И ај тоа, дојде крушевското комбе, ја среќен што наместо 900 денари, си платив 550 на релација СК-КР-СК. Кога гледаш, прилепската станица продала 40-тина билети, а места повеќе од двојно помалку. Па ај чекај друго комбе за Кривогаштани, па од таму дојде друго комбе од Крушево за да не земе. На враќање од Крушево во едно комбе беа пак околу 20 души.

Л-У-Д-И-Л-0
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 18-Feb-2018 at 02:49
Originally posted by BOJAN

Тркало, да знаеш дека денеска Авто Атом имаше плав автобус на релација Кочани-Охрид. Не за друго, го видов на автобуската станица во Прилеп.

Кога говориш за почитување/непочитување на правила во македонски транспорт, еве да ти го дадам моето искуство. Само што се вратив од посета на Крушево. Наместо директен автобус, фатив воз до Прилеп и комбе од таму до Крушево. И ова беше за среќа.

Автобусот на прилепска „Пелагонија“ од Скопје ги истоварил патниците на надвор од станица, им рекол одам по комбе и си останале во Прилеп. Тројца патници од Скопје имаше што се караа на автобуската станица. Каде е комбето . Комбето за   Крушево го нема, ќе мора да чекате наредно комбе од крушевска компанија. И не само тоа, тие што патуваа од Скопје за Крушево мораа да си купат дополнителен билет Прилеп-Крушево. Не сакаа да ги пуштат на станица, бидејќи им кажаа дека они се виновни што му поверувале на шоферот, они го напуштиле возилото... ЛУДИЛО!

И ај тоа, дојде крушевското комбе, ја среќен што наместо 900 денари, си платив 550 на релација СК-КР-СК. Кога гледаш, прилепската станица продала 40-тина билети, а места повеќе од двојно помалку. Па ај чекај друго комбе за Кривогаштани, па од таму дојде друго комбе од Крушево за да не земе. На враќање од Крушево во едно комбе беа пак околу 20 души.

Л-У-Д-И-Л-0


Не знам веќе,се е можно денес.Барем тие останаа од ретките со некој каков таков ред.И таа линија е доста јака, едно од ретките поврзувања исток запад, тука и диви таксисти не верувам толкава сила да покажат па да намалат број како на поблиски линии од типот Охрид - Битола/Кичево/Струга, Прилеп - Битола/Кавадарци/Кичево и слични.
Макар Струмица Експрес пуштаа комбе до Битола, во време кога Транскоп ја откажа истата линија,а и Радовиш-Битола е укината после купување од Струмица Експрес.
Од Гевгелија слична приказна, многу почесто автобуски превоз со комбе.

Ете Транскоп често возат минибуси или комбиња за Охрид/Струга, последен период почнаа и Галеб со мидибус 35/39 седишта, во недела понекогаш и комбе со 23.За споредба на лето одеа и троосовинци со 60 седишта.Тука се најмногу криви инспекциите.Во секој момент имаш минимум пет 'диви'возила кон Струга и Битола посебно.

А за Прилеп...Имаше една таканаречена автобуска компанија (со комбиња нормално) Метро Транс од с.Дебреште, Прилепско.Возат линии Кичево - Прилеп и обратно.Ме насамаруја квалитетно дека Пелагонија не возат веќе во 14:15 за Кичево, па морам со нив во 13:15 или да чекам до 16:00.И ете ги 50 мин после нив Пелагонија во Кичево.збеснување.

Edited by Тркало - 18-Feb-2018 at 03:05
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2341
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 18-Feb-2018 at 15:53
Луѓе, зошто не кажувате дека Flixbus дошол во Македонија (засега само за Скопје и Куманово)?

https://www.flixbus.mk/avtobuski-linii
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 18-Feb-2018 at 17:30
Хмм да, но оди само до Белград, потоа од таму кон другите метрополи. Сега проверив од кај мене Руан, поточно од Париз до Белград 32ч со преседување од 4ч во Будимпешта. Иаку добра вест, се надевам дека ќе се развие линијата понатака и до други дестинации. Го имам користено неколку пати превозникот од Руан до Ротердам и супер се, професионални и сигурни. Додека не излеговме од територијата на Франција имаше ви-фи но потоа во Белгија, не беше достапно. Не знам како е сега со исклучувањево на Роаминг за ЕУ од лани, дали ќе се смени нешто или не, но конкуренција со Европски стандарди секогаш е добра работа, посебно за македонските фирми.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 18-Feb-2018 at 20:49
Имав прилика да се возам од Прага до Братислава со Flixbus март месец минатата година. Нови автобуси, чисти, комотни и секако wi-fi . Позитивна вест во секој случај.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.