build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 07-Jul-2019 at 09:04
Пуштена е во употреба новата автобуска станица на Руле-Турс во Куманово. Прва категорија!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 07-Jul-2019 at 17:11
Фотки ако може.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 08-Jul-2019 at 21:43
Нема врска, најдов некои на фејсбук:











За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 08-Jul-2019 at 22:27
Originally posted by phenomenon

   Пуштена е во употреба новата автобуска станица на Руле-Турс во Куманово. Прва категорија!

Дефинитивно не .
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 14-Jul-2019 at 13:38
Originally posted by zabegan


добро, овие бои се поевтини од други бои или нешто друго е проблемот?
...јас стварно не знам каков вкус треба да имаш за да шлапнеш нешто вакво на фасада


Боите на фирмата, логото на Транскоп се портокалово со сино и на сива основа.Какви такви, сепак се фирма со 70+ години постоење.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 23-Aug-2019 at 22:27
Автобуската во Охрид пак е во некоја чудна средина.Инвеститорите должат на Галеб (одземен им е автобус),на неофицијалниот градоначалнИК за изградба(вонинституционално решавање ) и веројатно нерешени имотно правни односи.

Edited by Тркало - 23-Aug-2019 at 23:06
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 05-Dec-2019 at 16:25
grcko ministerstvo finansiski ke podrzi avtobuski linii od Atina i Solun za Skopje ?!?

science fiction ili ne naletav na vesta (linkot dole) a google translate veli vaka :

"Tenders for international bus services in Skopje, Belgrade and Novi Sad are announced

The Ministry of Infrastructure and Transport has announced the tenders for international bus services to Skopje, Belgrade and Novi Sad.

Specifically, these are the regular bus services 'Athens - Skopje - Athens', 'Thessaloniki - Skopje - Thessaloniki' and 'Athens - Belgrade - Athens' and 'Athens - Novisand - Athens'.

For the first two lines, the route is: a) "Athens-Lamia-Larissa-Katerini-Thessaloniki-Evzoni (Greek border) / Bogorodica (Northern Macedonia border) - Gengelija-Negotino-Veles-Skopje" and b) "Thessaloniki- Evzoni (Greek border) / Bogorodica (Northern Macedonia border) - GengelijaNegotino-Veles-Skopje »

The permit is issued if the Republic of Northern Macedonia accepts the request.

It is noted that the Republic of Northern Macedonia requires cooperation with its carrier. "

ako znae nekoj grcki:
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 07-Jan-2020 at 00:14
Originally posted by Тркало

Прв пат после долги години редукција на линии за викенд/празник (се возеле сите линии освен за Нова Година првите утрински на 01.01 и последната на 31.12) од Охрид кон Скопје и обратно.
Во недела две тргнување од Скопје за Охрид 8:00/12:00, односно сабота навечер во обратна насока веројатно 19:00 (враќање недела во 8) и во недела на 28-ми првиот во 05:30 (враќање 12:00).Исто и вчера од Битола во 16 минибус.
Очигледен е трендот на намалување патници за жал.


Да се надоврзам.И за Бадник/Божик по две линии до/од Скопје не се возат од Галеб (не знам за Делфина и Класик), првата утринска за/од Битола и за Кочани (на кои често пати одат возила до 30 седишта од јануари до март, па и комбиња веќе).

За разлика од регистрираните, дивите превозници и организирани групи по социјалните мрежи работат турбо.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 10-Jan-2020 at 12:41
eve go grckiot tender(?) za liniite Atina-Skopje i Solun-Skopje: https://www.drivenews.gr/wp-content/uploads/2019/12/%CE%A9%CE%9E5%CE%A8465%CE%A7%CE%98%CE%9E-%CE%A9%CE%A1%CE%93.pdf 

do 15.1 grcki kompanii (vo sorabotka so makedosnki kompanii kolku so razbrav od google translate) mozat da apliciraat za otvaranje na Atina-Skopje i Solun-Skopje

(vo sorabotka) so Rule Turs moze komotno da ja prodolzat linijata od Gevgelija do Solun Dunno


Edited by gorazd - 10-Jan-2020 at 12:46
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 13-Jan-2020 at 16:29
Originally posted by gorazd


](vo sorabotka) so Rule Turs moze komotno da ja prodolzat linijata od Gevgelija do Solun Dunno




За меѓународна линија мораат да аплицираат дополнително/посебно од таа линија во МТСП (фамозниот електронски систем за распределба на линии).
Инаку веќе возат со години Македонија Сообраќај со Симеонидис од Солун...
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 13-Jan-2020 at 23:19
na Rule Turs i Triterol im odobrile po edna dnevna frekvencija Skopje-Solun spored preliminarnata raspredelba na megjunarodni avtobuski linii od dekemvri  http://mtc.gov.mk/media/files/2019/MegunarodniLista.pdf

me interesira kolkav procent od ovie odobrenite stvarno ke se realiziraat
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 27-May-2020 at 17:06
Фамозниот Тритерол Струмица по влезот во Македонија Сообраќај, сега ги презел линиите на Делфина Турс Охрид - Скопје и обратно (или претходно Хисар, Охрид Експрес).
Мислам дека тие се во некоја криза, објектот на новата станица е во забавено движење, да не речам стагнација.Од рекла казала "информациите" слушаме и дека нов(и) играч(и) го презел(е) градењето итн.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 27-May-2020 at 21:06
Ова значи дека Делфина Турс пропадна? Очигледно е дека на трговскиот нема прогрес подолго време и ги разбрав тие работи дека немаат пари уште пред кризава, ама не знаев дека им ги зеле линиите.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 28-May-2020 at 22:03
Originally posted by ironm

Ова значи дека Делфина Турс пропадна? Очигледно е дека на трговскиот нема прогрес подолго време и ги разбрав тие работи дека немаат пари уште пред кризава, ама не знаев дека им ги зеле линиите.


Не знам дали се целосно повлечњни, верокатно само автобуската засега ја работат.Е сега како им се таму работите...даваа возила во компензација за продадени билети.
Не дека ги обожавав, и новиве не се за машала, дојдоа на ист начин како нив...ама сепак имаа добри возила за наш стандард и беа сериозна рамнотежа на Галеб.

Edited by Тркало - 28-May-2020 at 22:14
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 25-Jun-2020 at 12:08
Повторно меѓународен автобуски превоз, постепено враќање на патниците и на меѓуградските линии

Автобуските превозници повторно ги враќаат во функција меѓународните линии за превоз на патници што беа стопирани со рестриктивните мерки за спречување на вирусот КОВИД-19, а се очекува постепено враќање и на патниците на меѓуградските линии во внатрешниот сообраќај од кои дел беа исто така со забрана за движење, а и останатите се користеа многу малку. Засега фнкционираат 30 проценти од меѓуградските линии.

Од Автобуската станица во Скопје преку која транзитираат автобусите на меѓународниот линиски превоз веќе имаат најава од превозниците од Србија за враќање на линиите со нормална фрекфенција и оти очекуваат тоа да го направат превозниците и на линиите во други држави.

-Автобуската станица работи постојано од почетокот на пандемијата и кога имаше минимални поаѓања на ден. И за оваа промена со повторно враќање на меѓународните линии сме апсолутно подготвени. Останува оној другиот дел за динамиката да ни ја најават самите превозници кои ги одржуваат меѓународните линии согласно нивните дозволи бидејќи претпоставувам дека и самите превзоници ќе ја организират динамиката согласно состојбите на границите и одредбите за влез во домицилните држави во кои завршува тој превоз, вели за МИА Масер Омерагиќ, сопственик на компанијата Руле Турс, концесонер на скопската автобуска станица.

Превозниците од Србија најавија дека од утре се враќаат со нормална фреквенција на опслужување на меѓународните линии со нашата држава. Се очекува тоа да го направат и превозниците кои одат за Бугарија и за Албанија, како и за Австрија и Швајцарија, а за другите држави превозниците чекаат официјална информација кои се условите за влез во тие држави.

При превозот на патниците во автобускиот превоз се задолжителни пропишаните мерки за заштита во услови на пандемијата со КОВИД. Мора да има средства за дезинфекција пред влез во автобус, а секој патник да биде со маска при патувањето. Во тек на вонредната состојба со Уредба беше дефинирано да се превезува само со 50 проценти од капацитетите, односно двојно помалку, а како што вели Омерагиќ, во текот на денов очекуваат прецизирање на уредбата по тој основ.

Како што вели Омерагиќ, КОВИД кризата го погоди овој сектор и во одредени период и со 100 проценти намален обем на работа на линиите во внатрешниот превоз со ограничувањата при воведувањето на карантините, но и останатите препораки.

Вкупно на сите линии сега се работи со 25 до 30 проценти од капацитет во однос на бројот на патници и линии од истиот период од минатата година.

-Народот полека ќе се ослободува за патување. Во одреден периоди од кризата имаше само четири поаѓања од Меѓуградската автобуска Скопје кон четири градови, додека останатите не функционираа подолго време како што е на пример линијата со Тетово која не беше во функција три месеци, вели Омерагиќ.

Од Асоцијацијата на превозници „Исток“ велат дека поради состојбата со пандемијата и рестрикциите засега се активни 30 проценти од постоечките линии.

-Со оглед на Мерките на Владата за најмногу 50 проценти исполнетост на возилата, како и поради целокупната ситуација, превозниците само делумно ги имаат активирано меѓуопштинските линии.

Моментно сообраќаат најмногу 30 проценти од постоечките линии и тоа со многу мал број на патници, изјавија за МИА од Асоцијацијата „Исток“.

Во изминатиов период, како што наведуваат, превозниците се соочиле со огромни загуби, трпат загуби по основ на регистрација на возила, возилата кои се користеа за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз во моментов не се експлоатираат, а за нив течат полиси за осигурување, истовремено се амортизираат и уништуваат возилата. Веќе постоечките долгови за резервни делови и останати режиски , тековни трошоци превозниците исто така неможат да ги покријат. Договорниот превоз исто така трпи загуби поради Уредбата за најмногу 50проценти исполнетост на возилата. Во повеќе наврати се побарани субвенции од Владата со предлог мерки, меѓутоа до денес нема никаков одговор за овој проблем, велат од Асоцијацијата на превозници „Исток“.

Контролите на Државниот инспекторат за транспорт за периодот од 10 до 16 месецов покажаа дека меѓуопштинскиот сообраќај се уште е намален за околу 90 процети, а тој транспорт што се реализира, генерално е со почитување на владините уредби, одлуки и протоколи.

Од направените контроли на автобуските станици во неколку градови низ државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50 проценти намален капацитет, односно за преполовен број на патници.

Транспортниот инспекторат забележал 13 прекршувања на уредбите и протоколите, од кои три кај посебниот меѓуопштински линиски превоз за вработени во правни лица во Општина Штип и уште по едно прекршување кај на превоз со таква намена за правни лица во Кавадарци и во Скопје. Осум прекршувања се однесувале на превоз без дозвола за меѓународен линиски превоз.

https://press24.mk/povtorno-megjunaroden-avtobuski-prevoz-postepeno-vrakjanje-na-patnicite-i-na-megjugradskite-linii
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 192021

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.