build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Меѓуградски автобуски превоз
    Posted: 13-Oct-2008 at 18:35
За меѓуградски сообраќај немаме посебна нишка, па овде ќе постирам.

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици

Министерството за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз. За целосно категоризирање на автобуските станици во земјава, во Министерството за транспорт и врски е формирана комисија во која членуваат и претставници од општините во  Македонија.

Како што се вели во соопштението од министерството, врз основа на поднесени барања од страна на стопанствениците на автобуски станици, Комисијата за определување на категоризацијата на автобуските станици врши мониторинг на опременоста на автобуските станици согласно Правилникот за потребната опрема и начинот на определување на категоризацијата на автобуските станици кој произлегува од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Во Македонија веќе се категоризирани автобуските станици во Скопје и Виница, а до Министерството за транспорт и врски барање за определување на категоризацијата поднеле уште 14 стопанственици на автобуски станици за кои постапката за категоризација е во тек.

Министерството за транспорт и врски ги повикува сите стопанственици со автобуски станици во најкус можен рок да достават барање за определување на категоризацијата со цел доследно применување на Законот за превоз во патниот сообраќај и целосна имплементација на категоризацијата на автобуските станици во Македонија со што ќе се овозможат подобри услови за работење на самите стопанственици, но ќе се обезбедат и подобри услови за граѓаните кои се корисници на автобускиот превоз.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41991&kategorija=1


Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-May-2010 at 22:22
СЕ ПОДОБРУВА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО ПРЕВОЗОТ

Софтвер распредели 53 автобуски линии

Создаваме подобри услови за транспортните компании преку воведување европски стандарди во превозната дејност и намалување на нелојалната конкуренција. Дополнителна можност за тоа е продолжувањето на рокот за увоз на половни автобуси, кој истекува утре, за уште три месеци, рече министерот Миле Јанакиески


Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на 27 меѓуопштински и 26 меѓународни линии во автобускиот превоз, како нови или дополнителни покрај претходно одобрените. На огласот за распределба на линиите аплицирале 71 превозник со поднесени 110 барања. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пред превозниците истакна дека електронската распределба, која се одржува втора година по ред, е чекор напред во подобрување на конкуренцијата во превозот.
- Создаваме подобри услови за транспортните компании преку воведување европски стандарди во превозната дејност и намалување на нелојалната конкуренција. Дополнителна можност за подобрување на конкуренцијата е продолжувањето на рокот за увоз на половни автобуси, кој истекува утре, за уште три месеци - рече Јанакиески.
Превозниците имаат можност денеска и утре во секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт да закажат термин да се пријават за увид во листите, кој ќе се изврши на 10 и 11 овој месец. Потоа ќе следи објавување на конечните ранг-листи и ќе бидат доставени решенијата за доделените линии.
Јанакиески најави и поригорозни казни за сузбивање на т.н. диви превозници.
- За една година се одземени 75 автобуски линии во меѓуопштинскиот и во меѓународниот превоз, а се воведуваат и поригорни казни за дивите превозници - напомена Јанакиески.
Претседателот на Здружението на превозници во патниот сообраќај, Горан Трпковски, изјави дека нелојалната конкуренција во автобускиот превоз на легитимните превозници им одзема околу 40 проценти од патниците. Тој посочи дека легалните превозници бараат поригорозни мерки во справувањето со дивите превозници со одземање на возилата.
- Има пунктови или стари автобуски станици на кои се лоцираат дивите превозници од внатрешноста кога ќе ги превезат до Скопје. Транспортните инспектори работат, но треба да се види колку од изречените санкции завршувааат со решенија во судовите - рече Трпковски.
 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-May-2010 at 15:59

Ќе ја ставам тука веста, дека не се работи за такси превоз (градски) туку за алтернативен превоз на меѓуградски автобуси, таканаречени таксисти..

Инаку сум им ги користел услугите и сум позадоволен во однос на автобусите.. иако и они не се најдобра алтернатива.. Автобуси раскантани, кои немаат ладење/греење, ечи турбофолк, неудобни, па и возат 80 на саат (смешно е на пр. 50ина км да се поминува за саат време, едноставно модерното, современо живеење не дозволува толку залудно потрошено време).. да не заборавиме, минатата година се запалија неколку автобуси по автопати..
 

Дивите таксисти им ги зедоа патниците на превозниците

Ниту контролите на Инспекторатот за транспорт не ги запреа дивите превозници да продолжат со нелегален превоз на патници. Кон Куманово, Гостивар, Тетово и насекаде кон внатрешноста. Место билети се плаќа во кеш, патниците се возат без никакво осигурување. Со комбиња и автомобили, возат без лиценци на диво. Регуларните превозници тврдат околу 40 % од патниците ги презедоа дивите превозници.

Горан Трпевски претседател на здружение на превозници вели дека од инспекторатот им велеле дека прават секојдневни контроли, но предметите завршувале во нечии фиоки.

Борба против незаконскиот превоз најавија и од Министерството за транспорт. Освен контролите на терен, денеска по втор пат електронски доделија нови лиценци за превоз на патници со цел да ја елиминираат дел од нелојалната конкуренција.

Миле Јанакиевски, Министер за транспорт вели дека само минатата година одземале 75 лиценци за нелегален превоз на патници.
 
Колку нелегални превозници има никој не знае, единствено што велат надлежните е дека казните за овие лица ќе стануваат по ригорозни
 
 


Edited by SkyBoy - 04-May-2010 at 16:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-May-2010 at 14:21
ЛЕГАЛНИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ ЈА ОБВИНУВААТ ДРЖАВАТА ЗА ХАОСОТ ВО СООБРАЌАЈОТ
Лиценците не го сопреа дивиот превоз

Рада И. Маневска

Со автомобили, со комбиња и со минибуси, без лиценца се превезуваат патници низ цела Македонија, реагираат превозниците, кои легално ја работат со оваа работа. Според нив, нелегалните собираат 40 проценти од профитот на легалните фирми, не ги осигуруваат патниците и не плаќаат никави давачки кон државата. Легалните превозници од 2013 година ќе имаат дополнителна обврска да ја докажат својата солидна финансиска состојба, со капитал што ќе биде депониран како резерва во висина од најмалку 9.000 евра за првото возило што го поседуваат и по 5.000 евра за секое наредно возило. Тоа за нив ќе биде и дополнителен товар, кој ќе влијае на рентабилноста. - Секој поголем издаток е проблем за фирмите, кои се занимаваат со превоз. Оние кои сакаат да добијат лиценци ќе мора да ги искористат законските можности за да обезбедат финансиска солвентност. Тоа можат да го направат преку банкарски гаранции, недвижен имот или на друг начин, во зависност од тоа што се ќе може да влезе во финансиската стабилност - вели Ѓорѓи Вчков, претседател на здружението за патен сообраќај при Стопанската комора. Според него, оваа обврската, сепак, дава гаранција дека лиценцираните превозници се безбедни превозници. Но, за превозниците во патниот сообраќај главен проблем се уште се дивите превозници. - Лиценците и финансиската стабилност на превозниците требаше да обезбедат ред во патниот сообраќај, но и покрај тоа, на нашите патишта се уште возат повеќе од 2.000 диви превозници, кои собираат 40 проценти од бруто-приходот на легалните превозници - вели Горан Трпковски од Здружението на автопревозници од источниот регион. Со овие превозници, вели Трпковски, е ризично да се патува бидејќи не плаќаат осигурување, не издаваат фискални сметки, немаат постојан возен ред, што се предуслови за превоз на патници. - Во просек, од Велес, Штип и од Кочани до Скопје со патнички возила, комбиња или со мали автобуси, дневно се превезуваат по околу 2.400 патници на кои им се наплатуваат по 100 денари во една насока. Тоа значи дека дневно кај нив се слеваат по околу 500.000 денари, а тоа значи дека државата за еден ден губи околу 100.000 денари - објаснува Трпковски. Во ваква состојба легалните превозници не можат да ги покријат трошоците, кои ангажираат околу 80 проценти од обртните средства. - Меѓу 30 и 35 проценти во трошоците учествува горивото, а на осигурувањето на патниците оди 40 проценти од парите. При експлоатација на 60 проценти од автобусите, приходот што го остваруваме не го покрива трошокот за вработените, а уште помалку да можеме да го обновиме возниот парк - вели Трпковски. Превозниците се изненадени што државата нема желба да го спречи превозот на диво, со што на ризик ги остава граѓаните, кои се превезуваат со нив, но губи и добар износ на пари, кои би ги собрала во буџетот. Не се задоволни ниту од резултатите, кои ги имаат инспекторите, но и од судовите кои бавно или скоро и да не ги решаваат споровите што се водат против нелегалните превозници на патници. - Споровите се водат по три до четири години, а во меѓувреме истите сопственици на возила превезуваат патници и остваруваат нелегален приход - вели Трпковски. 


Туристичките агенции нема да продаваат билети


Со измените на Законот за превоз во патниот сообраќај на туристичките агенции им се скратува правото да продаваат автобуски билети. Законодавецот пропишал дека билети за автобуски превоз на патници можат да се продаваат само на автобуските станици. 
- На овој начин проблем ќе имаат само патниците, кои во туристичките агенции ќе уплаќаат аранжмани, а потоа ќе треба да купат билети за превоз во автобуските станици - вели Ѓорѓи Вчков, претседател на здружението за патен сообраќај.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2019&ArticleID=140573
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Sep-2010 at 12:42

Наскоро нови автобуски линии од Охрид

Автор:
29 септември 2010, 16:58
Извор: OhridNews
Охрид

Министерството за транспорт и врски објави Прелиминарна листа на одобрени возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници.

Прелиминарната распределба беше извршена денес по електронски пат, во присуство на претставници од компаниите кои по електронски пат аплицирале за учество во распределбата.

Според оваа прелиминарна листа, автобусите на охридското АД Галеб, наскоро ќе возат и на линиите Охрид- Панчево, Охрид- Нови Сад, а ќе сообраќаат и на линијата Прилеп- Саранда.

Од Охрид предвидени се и директни линии до Ниш преку фирмата Насир Туризам од Гостивар и до Истанбул со превозникот Домино лине.

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Oct-2010 at 16:32
ОСВРТ: Прескап меѓуградски автобуски превоз во Македонија

Патувањето со меѓуградски автобус во земјава чини цело богатство. Во отсуство на евтин бензин и патарини за автомобилите и неразвиена железничка мрежа низ земјава, автобускиот превоз претставува неретко монопол во превозот на патници меѓу македонските градови.

Податоците покажуваат дека повратното патување помеѓу Скопје и Охрид со автобускиот превозник Галеб чини 750 денари, помеѓу главниот град и Битола чини 620 денари, истата сума треба да се издвои и за превоз до Берово со Берово транс, додека за Струмица треба да се одвојат 450 денари во еден правец без можност за купување на повратна карта.

Колку за споредба со државите со сличен стандард, повратното патување со воз помеѓу Будимпешта и Братислава чини 16 евра а исто толку чини карта во еден правец помеѓу Белград и Будимпешта. За неколкукратно подолгите релации помеѓу Софија и Бургас, Варна и Солун треба да се одвојат околу 15 евра. Автобускиот превоз на компанијата Orangeways од Будимпешта кон сите градови од Средна Европа чини помеѓу 15 и 25 евра за што се добива повратна карта.

Ваквите споредбени резултати ја прикажуваат лошата состојба во поглед на скапотијата на автобуските карти. Високата цена на бензинот, бројните и скапи патарини и недоволниот број на патници се дел од  причините за огромните цени кај меѓуградскиот автобуски сообраќај, но се чини дека монополот на автобускиот превоз кон одредени градови е главната причина за високите цени на картите. На пример, повратната карта кон Кичево, град до кој постои и железничка линија, чини 380 денари за автобус, што е речиси двојно поевтино од патувањето помеѓу Скопје и Охрид, иако Кичево и Охрид се наоѓаат на оддалеченост од само 57 километри.

На високите цени реагираат и граѓаните што често патуваат помеѓу градовите, а државата е речиси немоќна да се справи со монополот на приватните превозници. Од друга страна, автотранспортните претпријатија се соочуваат со високите цени на бензинот, даночните обврски кон државата како и со нелегалните превозници што се множат низ целата држава.

Предлогот за надминување на ваквата состојба многумина ја гледаат во субвенционирањето на превозниците од страна на државата. Други пак посочуваат дека треба засекогаш да се реши прашањето со нелегалните превозници, а како најразумно решение на долг рок се предлага проширување на железничката мрежа низ земјава како гаранција за пониски цени и алтернативен транспорт на граѓаните од многу градови на Македонија.

Бојан Блажевски


http://www.build.com.mk/?p=5436


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Oct-2010 at 16:42
Неколку пати го имаме ова расправано, еве пак ќе се осврнам на кратко. Во Македонија државата (власта, без разлика која и да е) не само што нема да го среди транспортниот сектор, туку напротив ќе го стимулира да остане во оваа ситуација во која егзистенција наоѓаат што повеќе луѓе, а теренот е тој, мала каков таков и следува борбата. Затоа гледаме автобуси надвор од станиците да заштедат педесетина денара перонски билет, гледаме каменувања возови, диви комбиња и се некакви импровизациии. Дивите таксисти се резултат на ова, немање редовна линија кон аеродромот исто така е намерно да се остави некоја коска повеќе за глодање меѓу превозници што четирицифрено наплаќаат. Нека не те чуди ништо не е случајно. Со еден збор на Македонскиот транспортен сектор му фали професионализација на приватниот дел од траспортот. Најчесто секогаш ова се третира како втора дејност, како измеѓу подработување, а не сериозно работно место. Допрва гледаме на повидок обиди за професионализација на такси превозот и колку тоа тешко и мачно оди со сите сили на статус кво-то што како сидро го држат закотвен на дното. Мора на сила да се протуркаат некои реформи па макар биле и тешки и со краткотрајни последици. Последниве години гледаме и обиди за електронска распределба на линии од меѓуградскиот патнички превоз но сеуште како меч виси дивиот транспорт. Не дека очекувам за година две да се промени нешто драстично, но со доволно политичка воља може многу да се постигне.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Dec-2010 at 01:43

Наместо на автобуска, патници се собираат по улици

Меѓуградските превозници секојдневно го кршат Законот за превоз на патници, но ретко добиваат казна

Сања Наумовска


Застанување на булевари, качување и симнување патници на улица, вадење куфери среде сообраќај, непочитување на возниот ред... Доволно е некој да крене рака за возачот да закочи и да собере патници, без разлика дали на тоа место смее да застане или не. Автобусите од меѓуградскиот превоз на секој чекор го кршат законот за превоз на патници, а многу ретко добиваат казна за тоа. Наместо на станица или на обележано стојалиште, автобусите застануваат каде што сакаат, без притоа воопшто да им пречи што со тоа ја загрозуваат безбедноста на патниците.

Сликата, признаваат во Министерството за транспорт и врски, се забележува во повеќе градови низ државата, но најмногу во Скопје.

Автобусчиите имаат повеќе пунктови низ градот што се добро познати кај оние што често патуваат во внатрешноста. За Тетово, Гостивар или Струга, сеедно, наместо на автобуска станица, групи патници, најмногу студенти, најчесто чекаат автобус на „Партизанска“. За градовите во источниот дел од државата, пак, неофицијалната автобуска станица е кај хотелот „Континентал“. Инспекторите ретко се појавуваат на терен, па навиката полека преминува во секојдневје.

Во Министерството велат дека законот е јасен, качување и симнување патници е дозволено само на автобуска станица. Во помалите градови, пак, наместо станици, постојат организирани и обележани автобуски стојалишта. Надвор од нив, небезбедно е да се земаат патници. Ризикот го сносат превозниците, но и самите граѓани.

Законот предвидува парични казни, но и одземање на сообраќајните дозволи. Сепак, очигледно е дека овие мерки не ги плашат доволно превозниците, кои упорно си тераат по свое. Инспекторите за патен сообраќај годинава направиле 5.790 записници со кои констатираат отстапувања од законската регулатива, но не соопштуваат колку казни се наплатени и дали, всушност, има ефекти од санкционите мерки.

„Согласно со законот за превоз во патниот сообраќај, превозникот е должен да застане на автобуската станица, односно автобуското стојалиште. За непочитување на законот предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност, која му се изрекува на возачот на самото место“, велат во Државниот инспекторат за транспорт, од каде што информираат дека годинава се донесени 1.878 решенија во управна постапка и поднесени се 2.369 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови. Исто така, поради кршење на законот за превоз на патници, од сообраќај се исклучени 244 возила со одземање на сообраќајни дозволи во рок од 30 дена.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6BA56AB4BA59E64D8FCAFEA0EC477971
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Dec-2010 at 10:34
Дали некој има искуство со парно греењето во автобусите во текот на зимскиот период, т.е. дали има воопшто некаков вид на греење во меѓуградските автобуси?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Dec-2010 at 15:51


Со транскоп е кога-како, најчесто има, ама кога има станува сауна, па поарно да нема. Принц на пример, абер нема од парно. За останатите, не знам
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Dec-2010 at 15:57
Originally posted by BOJAN

Дали некој има искуство со парно греењето во автобусите во текот на зимскиот период, т.е. дали има воопшто некаков вид на греење во меѓуградските автобуси?


Струмица Експрес - закон! Smile

Никогаш немало проблеми со затоплувањето.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Dec-2010 at 17:33
авто атом кочани има секогаш парно преку зима.
галеб охрид исто така.

најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Dec-2010 at 18:33
Јас имам лошо искуство со Југ турист-Куманово, изѕемнав, ама не зборувам за оваа година. Навистина би можеле да ги рангираме автобуските превозници низ земјава, онака да се знае кој превозник како се однесува со патниците и каков квалитет дава за цената на картата.


Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Dec-2010 at 21:46
за цената на картите што ги плакаме ниеден превозник моментално не може да го даде тој квалитет во превоз во македонија. цените на картите се високи а автобусите што сообракаат низ македонија се турни ме да кинисам.
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Dec-2010 at 21:48
Имавме регистрирано нешто за рангирање на автобуските станици низ државава, уште пред цела година, ако не и повеќе. Што бидна од тоа, знае некој?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Dec-2010 at 23:49
Јас сметам дека на Билд треба да направиме рангирани на автотранспортните претпријатија со гласање од страна на членовите, и тоа за она што пружа најквалитетни услуги и за она што пружа најкатастрофални услуги.


Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Dec-2010 at 00:57
Има топло,па дури и се забораваат некои возачи.Често патувам со бус,сум поминал убаво со Галеб-Охрид(и во лето најчесто е климата до скроз пуштена),Струмица Експрес,Симекс-Кичево,Југотранс-Струга,Скорпион-Крушево,Атом-Кочани.

Со Жас Бус-Гостивар и Транскоп-Битола е лотарија,ама најчесто лошо по патниците.Ако имате други опции избегнувајте ги на зима и особено лето.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 31-Dec-2010 at 02:08
Денес одам јас накај школо и гледам редица бусеви кај Црква Богородица. Незнам, дали дека денес имаше протест, ама не го оправдувам во секој случај. Има места за паркинг низ градов.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Dec-2010 at 16:10
Инаку „Берово транс“ вози до Струмица за 640 денари во еден правец БЕЗ ПАРНО. Девојка ми го раскажа ова „феноменално“ искуство.
Back to Top
Alien View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Dec-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Alien Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Dec-2010 at 17:26
Незнам кој воопшто може сеуште да се вози со Берово Транс, после палењето на автобус на автопат пред 2-3 години.. Тоа е веќе до патниците, а не до фирмата..


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.