build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 27-Jun-2013 at 09:46
Галеб се има пофалено и на нивната интернет-страница за безжичниот интернет во автобусите. После неколку години, конечно барем некој од автопревозниците да се сети на оваа поволност за патниците.
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 01-Jul-2013 at 02:14
Originally posted by BOJAN

Галеб се има пофалено и на нивната интернет-страница за безжичниот интернет во автобусите. После неколку години, конечно барем некој од автопревозниците да се сети на оваа поволност за патниците.


Тоа само на интернет страницата ќе остане изгледа.
Последниот пат кога се возев со нив до Охрид, 10тина патници стоеа затоа што немаше каде да седнат, а возачот застануваше на 3-4 места кои не се одбележани како автобуски стоп за да се качат нови патници иако немаше веќе ни 1 празно седиште.

Ладење/греење (било какво) е апсурд исто.

Безжичен интернет?
Traveling.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 05-Jul-2013 at 07:37
мала радост за кумановци Big%20smile
нема да имаат веќе подвижни контејнери на линиите за скопје, нов сопственик на југ турист куманово е руле турс скопје
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 05-Jul-2013 at 16:20

Конечно се надзира крајот на нашава агонија како патници и крајот на едно од најнеспособните претпријатија во цела Македонија. На времето кога имаа монопол и беа преполни со патници, одвај успеаја да купат цели 2 (два!) автобуса. Џган неспособен и ретардиран.
Дај Боже Југ-Турист да заврши како скопски Пролетер и никогаш повеќе да не ги видам тие квазипревозници, ниту на фотографија!

Edited by phenomenon - 05-Jul-2013 at 16:28
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 05-Jul-2013 at 18:04
Originally posted by Danndy

Originally posted by BOJAN

Галеб се има пофалено и на нивната интернет-страница за безжичниот интернет во автобусите. После неколку години, конечно барем некој од автопревозниците да се сети на оваа поволност за патниците.


Тоа само на интернет страницата ќе остане изгледа.
Последниот пат кога се возев со нив до Охрид, 10тина патници стоеа затоа што немаше каде да седнат, а возачот застануваше на 3-4 места кои не се одбележани како автобуски стоп за да се качат нови патници иако немаше веќе ни 1 празно седиште.

Ладење/греење (било какво) е апсурд исто.

Безжичен интернет?


Точно е дека некогаш стојат (пример четврток навечер и петок и недела навечер/понеделник сабајле со викенд миграцијата на студентите), штета не размислиле да купат двокатни возила.Cепак се единствени со превоз до/од Охрид до скоро сите поголеми места низ Македонија преку цела година.
За застанувањето ќе отвориш во список на одобрени возни редови на Министерство за транспорт.И мене не ми е мерак така среде некоја пустелија да застанат, па сам возач ако е, па куцај карта, па ако е со багаж патникот слегување долу...
Исто еден иницијатор за гужви се повратните карти;најголем дел патници со повратни на враќање нема да ги заверат, па ќе се качат на некоја постојка низ град* и ај нека ги слезат со повратна.А еве пред дес‘тина дена имаше ситуација да слезат патник поради незаверена повратна, па мораше следниот термин после 2 сати.
Ама за ладење/греење не се сложувам, имам поголем стаж во патување и како студент и за други потреби, евентуално да било моментален проблем.

*Најмногу сум противник на качување патници во град на било кое место освен автобуска станица.Ако на секоја постојка низ некој град за градски, приградски превоз или по паркиралишта се земат патници, џабе постоењето на станиците.Тогаш и авиони ќе можат на постојка, ако некој му е далеку аеродромот

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 05-Jul-2013 at 18:09
Како надополнување на гореизнесениот став, ќе постирам еден пост од минатата година:
Кумановскиот автобуски патнички оператор „Југ Турист“ драматично ја зголеми продажбата на билети во последниве два месеци откако одлучи да ги намали цените за 30-50 отсто на најчесто користениот патен правец од Куманово до Скопје, јавува локалниот портал „Kumanovonews.“
Наместо 100 денари, билетите купени на градската автобуска станица чинеа 50 денари во март, а 70 денари во април. Само во март се продадени 15.900 билети, пренесува порталот и додава дека во просек бројот на продадени билети изнесувал по 400 дневно, а кога инспекциите излегувале на терен да ги казнуваат дивите превозници, оваа бројка се искачувала на 800 билети дневно.
Вработените во „Југ Турист“ се категорични дека за разлика од порано, кога автобусите сообраќаа со по 5 патници, сега се целосно полни. Објаснуваат дека ваквото работење може да биде профитабилно. Тие за „Kumanovonews“ додаваат и дека нема да се инвестира во нови автобуси, вклучувајќи го и реновирањето на автобуската станица, се додека не се заврши стечајната постапка на компанијата која е во тек.

Ова статија е од 2012 година.

Иако гледале дека можеле да работат ( а и работеле порано, и тоа уште како) профитабилно, НЕМА да инвестирале во нови автобуси!

Море, кога би ги построил овие човеколики креатури пред стрелачки вод има пари и за Skyliner-и да најдат.



開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 21-Jul-2013 at 16:25
Интересни окрупнувања во меѓуградскиот превоз.
Руле Турс со преземањето на Југ Турист доби скоро монопол на линиите од Куманово и Тетово кон Скопје, (вториве дел ги зеде порано од некогашните Пролетер Скопје и Полет Тетово).
Хисар Туризам ги презеде Охрид Експрес, возилата и неговите линии, најверојатно и линиите на Симекс Кичево.
Струмица Експрес го презеде линиите на Балкан Експрес Радовиш, веројатно и станицата во Радовиш.
Галеб со план за втора линија за Штип-(Кочани), претпоставка да откупат од Берово Транс.Интересно порано правецот тука беше студенти од Источна Македонија кон Охрид и Битола, сега е двосмерно со Штипскиот Универзитет
Засега е добро со оглед дека Радовишани и Кумановци ќе добијат поквалитетни возила, па и подобра фрекфенција и нови линиии од стандардните.
Добро е и враќањето на неозбилните превозници на автобуските станици, посебно овие сезонски превозници со постојки по желба.

Edited by Тркало - 21-Jul-2013 at 16:27
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 22-Jul-2013 at 09:47
Originally posted by Тркало

Интересни окрупнувања во меѓуградскиот превоз.
Руле Турс со преземањето на Југ Турист доби скоро монопол на линиите од Куманово и Тетово кон Скопје, (вториве дел ги зеде порано од некогашните Пролетер Скопје и Полет Тетово).
Хисар Туризам ги презеде Охрид Експрес, возилата и неговите линии, најверојатно и линиите на Симекс Кичево.
Струмица Експрес го презеде линиите на Балкан Експрес Радовиш, веројатно и станицата во Радовиш.
Галеб со план за втора линија за Штип-(Кочани), претпоставка да откупат од Берово Транс.Интересно порано правецот тука беше студенти од Источна Македонија кон Охрид и Битола, сега е двосмерно со Штипскиот Универзитет
Засега е добро со оглед дека Радовишани и Кумановци ќе добијат поквалитетни возила, па и подобра фрекфенција и нови линиии од стандардните.
Добро е и враќањето на неозбилните превозници на автобуските станици, посебно овие сезонски превозници со постојки по желба.


Силно ја поддржувам иницијативата за окрупнување на автотранспортните претпријатија во земјава. Компании со два до седум автобуси, кои егзистираат по минимум три во секој град и се меѓусебно раскарани не носат ништо друго освен хаотичен возен ред, неквалитетни услуги, несигурен сервис и бројни други проблеми за кои на крајот трпат патниците.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 22-Jul-2013 at 14:32
не е добро укропнувањето, ке имаш монопол на линиите и цени какви си сака превозникот - такви ке си става. подобро е (зборувам за патниците) да има силна конкуренција, каде превозниците ке мораат се повеке и повеке да вложуваат во возниот парк, цената на картите ке биде прифатлива за патниците. хаос во никој случај ке нема бидејки инспекторите си ја вршат нивната работа кога се работи за оние кои работат легално, има редовни контроли.
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 22-Jul-2013 at 15:57
Previous
Дека инспекторите си ја вршат својата работа најдобро може да се види во Куманово. Bash Полураспаднати автобуси и комбиња на секој чекор.
Инаку овој автобус од Авто Атом во последно време го гледам низ Куманово:

http://www.avtoatom.com.mk/sliki/setras317gthd/golemi/IMG_2818.JPG

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 22-Jul-2013 at 18:47
Се согласувам до негде со Санос дека окрупнувањето не е сигурно подобро.Освен во вакви посебни случаи како Југ Турист и Балкан експрес Радовиш, со оглед на нивниот возен парк.

Па најлоши возила и услови имаше пред 10+ години со старите државни фирми, последен жив пример е Југ Турист.Еве и пример од мојот град, во време на државна сопственост Галеб често пати пушташе (при)градски возила до Битола, а понекогаш дури и до Кочани како ‘втора класа линии‘!Кичевски Симекс е уште во тој стадиум.Струшки Југотранс порано со приградски возила како на Југ Турист често возеа Струга - Битола - Скопје...
Тек со влегувањето во игра на помалите превозници квалитетот доби каков таков плус и конкуренција стана нешто реално.Е тука проблемот е со тие нови превозници, во таа група влезе ‘и ќоро и сакато‘ па пак се разводни развојот.

Какви се тие автобуски превозници со возен парк од комбиња, добар дел фургони преправани во патнички, а и некои со 8-12 седишта вршат меѓуградски превоз, за кои законски не смејат да добијат дозвола?

Не е константа ако превозник е со 3-4 возила да е лош и неквалитетен и обратно ако е со 30 возила да е добар.Проблемот е наоѓање соодветен баланс меѓу новокомпонираните превозници и старите бивши државни фирми.

Edited by Тркало - 22-Jul-2013 at 18:50
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 22-Jul-2013 at 19:39
@ phenomenon
тој автобус на авто атом што го гледаш во куманово се вкупно 3 исти со регистрарски броеви KO-1916-AB, KO-1921-AB и KO-1923-AB  и се купени од иста фирма за превоз на патници така да сигурно гледаш различни автобуси во куманово Big%20smile
за инспекторите јас можам да ти докажам дека работат, ама само кај тие превозници што си ја работат работата како што треба, на пример кај авто атом во кочани.
што имаш пишано за полураспаднати автобуси и комбиња, тоа е донекаде точно ама ако на технички преглед се прави проверка на автобусот како што треба да се прави проверка тогаш 90% од автобусите и минибусите во македонија нема да поминат технички преглед односно ке бидат технички неисправни (за жал тоа е реалноста и можноста на превозниците)
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 24-Jul-2013 at 09:11
Не би се сложил со вас, не мора да одиме надвор од светот, доволно е да го видиме регионот, за да забележиме дека најдобро организирани се големите автобуски компании, кои во моментов се во приватни раце. Не велам дека не треба да има помали компании, но мислам дека апсолутен приоритет во одржувањето на линиите треба да им се даде на поголемите превозници. Се работи за систем, организиран сервис, платени и искусни работници, работење според законски прописи, почитување на возен ред, набавка на автобуси. Според мене, ова би требало да биде синоним за една една компанија, која не би можела да го оствари ако има 2-3 комбиња и еден автобус.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 24-Jul-2013 at 15:37
Секоја начин на организирање и тип на фирма си е со предности и мани.Добар дел од тие поголеми фирми можат таква редовност да постигнат со 2 пати дневно тура од 300+км на еден возач, најчесто без кондуктер...ако си задолжен со поново и подобро возило, меѓународните линии се скоро секојдневни и за постарите возачи е секако напор.Платите се друга приказна, а предност е искуството на персоналот и организиран сервис во сопствена гаража и свои механичари.
Со влегувањето на новиот бран помлади возачи напредната е и културата на персоналот, делумносе сменати сфаќањата и однесувањето спрема патниците и возилото.
Кај помалите фирми *)80% е импровизација (не дека кај поголемите не е дел, ама неспоредливо)...

Edited by Тркало - 24-Jul-2013 at 15:47
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 19-Aug-2013 at 11:12


Конечно се градат нови меѓуградски автобуски станици

Автобуските превозници бараат стриктно применување на критериумите за категоризацијата на станиците, кои во најголем број се ставени во прва категорија, иако се неспоредливи, на пример, со скопската автобуска станица




Се напушта моделот на автобуска станица „стреа плус два-три шалтери“

Општините се сетија

Меѓуградските автобуски станици во државава и во екот на оваа летна туристичка сезона се крајните точки на патувањето за многу граѓани. Но летово кога станува збор за овие станични објекти има и една друга карактеристика - конечно кај нас почнуваат да се градат и нови станици. Неодамна беше пуштена во употреба новата автобуска станица во Гевгелија, пред извесно време почна изградбата на станиците во Прилеп и во Делчево, а според некои најави наскоро треба да се очекува да се градат или да се модернизираат станиците во повеќе градови. Заедничко за сите овие активности е што полека но сигурно се напушта моделот на автобуска станица „стреа плус два-три шалтери“, а наместо тоа се оди на економска целина за прием и испраќање на автобусите и патниците, со угостителски и други придружни функции, слично на автобуската станица во Скопје.

Категории

На јавноста ѝ е недоволно познато дека постојните, но и новите автобуски станици, се градат или се реновираат и модернизираат за да добијат една од четирите категории (нешто како ѕвездичките кај хотелите) што ги дава специјална комисија за категоризација при Министерството за транспорт и врски, во која членуваат и претставници од локалната власт. Имено, со категоризацијата на автобуските станици, која е процес што трае веќе петта година, се опфатени сите 25 меѓуградски автобуски станици во Македонија. Тие веќе имаат добиено решение од Министерството за транспорт и врски во кое им е впишана категорија од еден до четири, во зависност од критериумите што ги исполнуваат и врз чија основа наплатуваат за услугите што им ги даваат на автобуските превозници, односно на патниците. За да добијат одредена категорија претходно комисијата за категоризација врши мониторинг на нивната опременост, во согласност со Законот за превоз во патниот сообраќај, при што, од вкупниот број, досега седум станици влегоа во првата категорија, осум во втората и по пет автобуски во третата и во четвртата категорија. Законот, пак, вели дека за да се добие најдобрата - прва категорија, услов е автобуската станица да е климатизирана, да има покриен перон, чисти тоалети, јавна телефонска говорница, разглас, возниот ред да е испишан на дигитални дисплеи, да поседува трафики и објекти за брза храна, како и претставништва на туристички агенции. За четвртата и најлоша категорија државата бара исполнување само на три услови, станицата да има само перон, чекалница и тоалети.

Разлики

Во првата категорија, покрај скопската, се и станиците во Штип, Битола, Кавадарци, Велес, Струмица и во Тетово. Во втора категорија се автобуските станици во Гостивар и Берово, во третата Охрид, Куманово и Кочани, а во четвртата е Свети Николе. Токму категоризацијата на автобуските станици се смета дека е значаен чекор напред во нивното функционирање, но, сепак, има мислења и дека добивањето на првата категорија за некои од нив и не е толку според заслугите, а за што можеби влијае и големата разлика во квалитет меѓу најголемата и најопремена автобуска станица во државава, скопската, и другите.

Здравко Цоневски, кој го предводи автобускиот превозник „Автоатом“ од Кочани, има забелешки во однос на издадените категории за некои станици.

- Впечаток е дека првата категорија им е дадена на премногу станици, а меѓу нив и на некои што не ја заслужуваат - вели Цоневски.

Според него, недостига да се исполнат некои други услови и подобро да се уредат и опремат станиците.
- Ние тоа им го плаќаме, како превозници, при што услугата што ја добиваме на таквите автобуски станици не одговара на платеното - вели Цоневски.

Борис Трајковски од кумановскиот автобуски превозник „Штуз“ се залага за стриктна примена на критериумите за добивање соодветна категорија на станиците. Тој посочува дека е забележливо и дека на некои автобуски станици се направени само нови стреи и нема никакво друго подобрување.

-Па, и во таквите објекти, 30 отсто од приходите од т.н. перонизација остануваат на станицата, а и 10 отсто од приходите од секој продаден билет. Од друга страна, легалните автобуски превозници, односно оние што работат според сите правила и прописи, на кои инсистираат надлежните органи, токму и поради давачките што ги имаат за станиците не можат да се носат соодветно со дивите превозници, кои ни ги преземаат патниците - вели Трајковски.

Билети преку Интернет

Според Златко Кочовски, управител на СИЗ „Македонија сообраќај - АМЕРИТ“, транспортна асоцијација, која има повеќе членки-автобуски превозници, а кои се наедно и сопственици на автобуски станици, категоризацијата на овие станични објекти е појдовна одредба и регулација, која требало одамна да се направи за да се подобри квалитетот на нив.

- Автобуските станици во минатото беа со многу лош квалитет, немаше ред во влегувањето и излегувањето на автобусите, а исто така често се правеа малверзации со тоа што можеше да се продаваат и купуваат билети на кое било место, пред автобус, во автобус, пред автобуските станици и во нив... Сега се направи ред и во начинот и во постапката за купување на билетите, а повеќето од автобуските станици сега станаа пристојно место каде што патниците можат и соодветно да го почекаат автобусот за дестинациите каде што патуваат. Освен ставањето на станиците во одредена категорија, според која понатаму се одвиваат нивното работење и наплатата на надоместоците, мислам дека тенденцијата што државата ја пројавува со новите станици, како на пример онаа во Прилеп, чија изградба почна неодамна, или во Гевгелија, е уште повеќе да се подобри состојбата со автобуските станици, затоа што превозот на патници во Македонија во најголем процент е со автобуси - вели Кочовски.

Според Масар Омерагиќ, директор на скопската меѓуградска автобуска станица и на автобускиот превозник „Руле турс“, а кој истовремено е и претседател на групацијата на автобуски станици при Стопанската комора на Македонија, во целиот овој процес на категоризација на автобуските станици позитивно е што со него се стави ред во контролата на возните редови и во нивното одржување.

- Сега на превозниците секогаш им се исплаќаат средствата од наплатените билети од први до петти во тековниот месец, за превози во минатиот месец, а ако на некои превозници им треба помош, дури и им исплаќаме аванси, бидејќи интерес на патниците, но и наш, е тие непречено да ги извршуваат превозите и да ги одржуваат линиите. Категоријата, пак, е менлива работа, зашто секој превозник бара повисока категорија, а доколку не ги задоволува критериумите, ресорното министерство може и да му ја намали категоријата. Практично, категоризацијата и ги подигна критериумите со кои автобуските станици секојдневно треба да работат на подобрување на квалитетот на своите услуги во приемот и во испраќањето на автобусите и на патниците - вели Омерагиќ.

Тој додава дека автобуските станици не се ништо друго туку сервис на превозниците и на патниците.
- Со новите измени на Законот за патен сообраќај автобуските станици се должни до крајот на 2014 година да воведат интернет-продажба на билети, што исто така е голем чекор напред во зголемување на квалитетот на автобускиот превоз на патници - вели Омерагиќ.

Автор: Благоја Јанев Фотографија: Дарко Андоновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81913953233&id=10&prilog=0&setIzdanie=22956#.UhHu_UBK1EY

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 19-Aug-2013 at 15:28
Каков ред, нека си се лажат меѓусебно.
Пола од нив возат со преработени фургони, каснат на линии (‘пауза‘ по 20-35 мин. на Стража/Плетвар //дури и за линии од саат и пол// и плус по станици, точноста на превозот е во раце на совеста на возачот на одредена линија), откажувале ако немало доволно патници по нивни мерак, не се работат редовни линии, а нема ни да ги откажат па да пуштат шанса на конкуренција, спојувале редовна линија со слободен превоз итн.
Ама не се тие криви, мислам дека постојат и сообраќајни инспектори

Edited by Тркало - 19-Aug-2013 at 15:32
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 19-Aug-2013 at 19:38
тоа за автобуските станици е точно дека на некои им е дадена 1-ва категоријаа не го заслужуваат тоа како на пример автобуска станица велес каде не може на перон да влезе двоспратен автобус
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 19-Aug-2013 at 19:59
Според мене прва категорија на автобуски станици се само Скопје и Штип. Битола имаше прекрасна станица, но сега е упропастена. Имаат само дигитален дисплеј. Станицата во Охрид е една категорија повисоко во однос на Куманово. И која четврта категорија за Свети Николе? Па таму автобусите не ни влегуваат на станица, туку застануваат на улица.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 20-Aug-2013 at 07:16
еве ги категориите на автобуските во македонија

КАТЕГОРИЗИРАНИ АВТОБУСКИ СТАНИЦИ

 ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 1.-Скопје-Руле Турс-прва категорија 

 2.-Тетово-Сат Бус-прва категорија

 3.-Битола-Транскоп –прва категорија 

 4.-Струмица-Струмица Експрес- прва категорија

 5. -Штип-Анго- прва категорија 

 6.-Кавадарци-Сам Вел- прва категорија

 7.-Велес-Го-Ма-Бус- прва категорија 

 8. -Гостивар-Еуро Турист-прва категорија

 9.-Кочани-Авто Атом  - втора категорија 

10.-Радовиш-Балкан Промет-втора категорија

11.-Струга-Вакчаре- втора категорија

12.-Куманово-Југ Турист во стечај- втора категорија 

13.-Неготино-Памела-втора категорија

14.-Прилеп-AД Пелагонија Транс- втора категорија 

15.-Демир Хисар-Транскоп- втора категорија

16.-Охрид- АД Галеб- трета категорија 

17.- Берово-Берово Транс- трета категорија

18.-Кичево-Симекс Превоз Автотранспорт-трета категорија 

19.-Гевгелија-Трансбалкан-трета категорија

20.-Пробиштип-Црешово Топче- трета категорија

21.-Гостивар- Дурмо турс-трета категорија 

22.-Крушево-Скорпион-четврта категорија

23.-Крива Паланка-четврта категорија

24.- Свети Николе-РеиСк- четврта категорија 

25.-Виница-Стела- четврта категорија

26.-Кичево-Баљи Комерц- четврта категорија

27.-Валандово – четврта категорија

најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 20-Aug-2013 at 12:39
Категоризација на автобуски станици во Хрватска (категории А,B,C и D):

Чекална
-греење                 A, B, C, D
-ер-кондишн             А, B
-места за удобно седење A, B, C, D

Систем за продажба на билети:
-компјутеризиран        А, B
-механички                    C
-рачен                           D

Систем за информации:
-видео дисплеј          А
-информативни табли     A, B, C, D
-телефон               A, B, C, D

Паркинг
-паркинг за автобуси   A, B, C, D
-паркинг за коли        A, B

Работно време
-0-24h                  A
-0-22h                     B
-6-20h                        C, D

Ова се основните критериуми. Од дополнителните критериуми сите категории мора да имаат:
- менувачница
- туристичка агенција
- трафика за весници
- продавница за прехрамбени производи

Категориите A и B мора да имаат и пошта.

А овие наши ветропири на која држава се угледаа при категоризацијата? На Сомалија?

Edited by phenomenon - 20-Aug-2013 at 22:55
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.