build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 08-Dec-2016 at 16:51
Originally posted by BOJAN

Каква е ситуацијата со „Галеб“-Охрид во целата оваа приказна околу охридската автобуска станица? Ќе продолжи ли да работи најголемата автотранспортна компанија во земјава? Во какви услови? Има ли некакви инсајдерски информации.

Предност е позицијата во Охрид (иако земаме во предвид големата разлика во зимски и летен режим на работа и се помасовно иселување од градот), да беше во некој друг град не знам дали и како би одговориле на нелојална конкуренција и слични форми на притисоци.Друга предност е не само како туристички центар, туку и како крајна дестинација - од типот на Битола, Кочани, Струмица, Берово, Богданци со неколку попатни станици помеѓу нив и главниот град или други регионални центри.Сите овие имаа(т) јак локален превозник со доста возила, освен последниве за жал.
Во споредба на пример со Тетово, Куманово или Велес и Прилеп на пример.Овие иако со поголем број жители, позицијата им е таква да или се блиску со главниот град (па имаа многу други превозници и диви таксисти како конкуренција), во вториве два случаи додаваме и железничка опција, која е доста посилна.
Имаше информации, муабети дека било пренесено да не конкурираат за концесионери во тендерот, за да не ги изгубат линиите, дека не се на листата подобни фирми за локалната итн.Исто така имаа интерна сопственичко раководна промена, ама не е влијателно на долгорочен план.

Од една страна можда не останаа концесионери на автобуската станица, ама пак сега имаат подобар објект за разлика од старата барака која ја наследи Делфина (и после година и пол не ја обнови).Сега патниците можат да седнат на топло или во лето на климатизирано, не е само една благајна, поголем простор, еден превозник = помала гужва.

Почесто почнаа да работат договорени превози и почеста соработка со агенции,исто така го вршат и превозот за ТАВ на аеродромот, а тука финансиски е доста подобра опција спрема линискиот превоз каде денес имаш 45 патници, па 7, задутре 30 - зима и лето голема разлика, доста сезонски линии, студентска и школска година.Како би рекле некои локални 'експерти' - алокација на ресурси Или поедноставно кажано, прилагодување.
Возниот парк е редовно освежуван, десетина последни Саноси кои последниве година две работеа меѓуградски останаа на локален сообраќај до околните села, Свети Наум, Струга и поретко до Битола.Неколку стојат спремни 'во резерва', па ги гледаме од избори на избори .Најголем дел од нив технички се ок, секогаш можат да скокнат во замена, но забранет е меѓународен (не знам дали имеѓуградски) сообраќај со помалку од Е2, а поисплатливо е набавка на ново возило отколку преправање мотор.Bо меѓувреме се увезени 20+ понови возила, 2/3 од оваа бројка последната година, значи Еуро 3 и 4.



Во врска со темава, т.е. новата станица во Охрид, најголем проблем е малиот број перони, како и малиот број паркинг места според рендерите.Очигледно е дека поголемо внимание посветиле на комерцијалниот дел и становите.

Edited by Тркало - 08-Dec-2016 at 16:55
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 13-Dec-2016 at 09:23
Тркало, ти благодарам за исцрпниот одговор

„Делфина“ ми се помалку неориентирани во моментов, се насочија кон Охрид и Кичево, но во општинскиот превоз во Охрид воопшто не учествуваат. Сметаш дека постои некој „џентлменски“ договор со „Галеб“ за немешање во меѓусебните сфери на интерес, или пак, би можеле да очекуваме и пробив на „Делфина“ во меѓународен сообраќај до/од Охрид, па во општинскиот превоз итн.?

Edited by BOJAN - 13-Dec-2016 at 09:23
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 28-Jan-2017 at 00:43
Originally posted by BOJAN

Тркало, ти благодарам за исцрпниот одговор

„Делфина“ ми се помалку неориентирани во моментов, се насочија кон Охрид и Кичево, но во општинскиот превоз во Охрид воопшто не учествуваат. Сметаш дека постои некој „џентлменски“ договор со „Галеб“ за немешање во меѓусебните сфери на интерес, или пак, би можеле да очекуваме и пробив на „Делфина“ во меѓународен сообраќај до/од Охрид, па во општинскиот превоз итн.?

Локален сообраќај само ако добијат самоубиствени идеи Далеку од финансиски исплатливо, освен минимални сегменти со помали возила.
Не верувам дека се меѓусебно се врзани со некој преќутен договор, уште помалку џентлменски.
Можат нешто за меѓународен или зајакнување позиција на меѓуградски (првенствено Скопје) со оглед дека за нив електронскиот софтвер е некако поприлагодлив.Иако мислам дека се задоволни со оваа позиција, главната цел со автобуската е постигната (односно пропратните станбено - деловни објекти).
Патем, Галеб го добил тендерот за КСС фабриката во слободната економска зона Кичево.Распоредени десетина возила и вработени локални возачи, превоз на ~300 вработени по смена, значи околу 600 моментално се вработени во таа фирма.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 15-Feb-2017 at 18:44
Конечно мрдна од мртва точка работата на АС Охрид



Извор:ohrigani.com


Инаку, господата од Делфина се сетиле за наплаќање перонска карта.Без разлика дали си патник или не.И ако испраќаш некого до автобус, а не патуваш - 30 ден.Не е некоја сума ама страшно иритирачки.Барем овде никогаш немаше такви егзибиции, ко во Србија на пример.

Edited by Тркало - 15-Feb-2017 at 18:47
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 27-Mar-2017 at 16:33
АС Кичево





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 19-Apr-2017 at 09:09
ПРОДАДЕНА АВТОБУСКАТА НА „МЛАЗ“ ВО БОГДАНЦИ

Собранието на доверители на АД „Млаз“ од Богданци во стечај, ја прифати понудата од „БиоМент“ ДООЕЛ Антонио Богданци и ја продаде автобуската станица.

Цената е 5,5 милиони денари што е речиси двојно повеќе од проценетата вредност од 2,4 милиони денари и истата е постигната на електронската аукција одржана на 15 март годинава.

За продажбата биле заинтересирани три фирми, а најдобра понуда имала „БиоМент“ ДООЕЛ Антонио Богданци, по што доверителите на собранието одржано во Основен суд Велес, едногласно ја прифатија понудената цена.

http://utrinski.mk/?ItemID=A05EFF9680444D43BA60342A34ECECE2
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 11-Jul-2017 at 15:49


За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 15-Oct-2017 at 18:39
Од новата автобуска во Охрид изгледа ќе добиеме трговски центар или Веро/Џамбо објелкт во најмала рака.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 16-Oct-2017 at 17:03
Previous
 
Па, судејќи според тоа што го видов денес кога поминував - бев на погреб - навистина повеќе делува на трговски центар отколку на автобуска станица.
 
За волја на вистината, немав можност да го фотографирам објектот, но или не видов убаво, или навистина не делува како да има посебен простор за перони за автобусите.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 16-Oct-2017 at 17:25
Originally posted by Dexter26

Previous  Па, судејќи според тоа што го видов денес кога поминував - бев на погреб - навистина повеќе делува на трговски центар отколку на автобуска станица.  За волја на вистината, немав можност да го фотографирам објектот, но или не видов убаво, или навистина не делува како да има посебен простор за перони за автобусите.


Ништо страшно, кај нас се е прифатливо, се би поминало.И мене болницата во Охрид ми е ко Ренова фабриката на надворешен изглед ама ете болница да ти било
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 17-Oct-2017 at 08:16
Кога последен пат го видов објектот на автобуската станица во Охрид, мене ми личеше како премногу мал за да има било каква дополнителна функција освен автобуска станица. Не знам како ќе ги комбинираат овие две намени споменати, особено што приземјето би морало да биде наменето за чекални, билетара за автобуската станица. Има строг закон за ова. Ако не го направат така, би можеле да ја изгубат лиценцата од Делфина.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 06-Jan-2018 at 22:02
Еве пак нешто ситно за Охридската станица, не знам дали е претходно постирано.Инаку каснат скоро две години, според првичниот план.





Инаку, во последно време почнаа да се возат и вакви возила, нешто како IFE во авионите...


И ова ќе беше за пофалба, само колкав процент од превозниците го користат е прашалник.Ајде за договорени подолги патувања е полесно, двајца возачи.Ама за пократки и меѓуградски линии со еден возач...од друга страна и културата каква ни е, тешко тие седишта.

Edited by Тркало - 06-Jan-2018 at 22:03
Back to Top
MACK View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Nov-2017
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MACK Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 07-Jan-2018 at 06:46
cekaat da vidat koga ke bide prugata do ohrid pa da iskoorciniraat na eden trosok do 2040 godina da bide
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 07-Jan-2018 at 11:15
Originally posted by MACK

cekaat da vidat koga ke bide prugata do ohrid pa da iskoorciniraat na eden trosok do 2040 godina da bide


Преоптимистички е да мислиш дека ќе ја направат таа пруга до 2040. Многу поверојатно е дека дотогаш ќе ја извадат и пругата до Кичево, како што ја извадија до Бељаковце, отколку да направат било каква железница до Охрид.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 25-Jan-2018 at 23:02
Ова во Охрид да не е?



Оттука е земена фотографијата

(предолг е линкот, пишете Delfina Turs на фејсбук)

Edited by Џоле - 25-Jan-2018 at 23:02
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1463
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 26-Jan-2018 at 07:28

Да во Охрид е. Проверив преку онаа такси компанија Сузуки што се гледа на фотката.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 26-Jan-2018 at 10:29
Значителен напредок е ова за период од неколку месеци. Изградбата на автобуската станица до средината на септември беше сведена на недовршена карабина.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 26-Jan-2018 at 10:45
Индустриска хала, класика.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 26-Jan-2018 at 13:02
Ептен личи на рендерот! Браво! Само зградата на Општина Карпош повеќе личи на рендерот!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 08-Feb-2018 at 13:20
ХАХАХАХА, и така автобуската станица во Охрид прерасна во...

Охрид го добива својот прв шопинг мол

На површина од 19.000 м2 започнува со изградба првиот шопинг центар во Охрид - Охрид Мол.
Најпознатото туристичко место во Македонија кое привлекува голем број на туристи од државата
и од странство, сега дефинитивно ќе биде уште попривлечно, особено за љубителите на шопингот.
Охрид Мол се наоѓа до новата автобуска станица, на само 2 километри од центарот на градот. Ќе
биде на 2 нивоа, ќе има подземен и надворешен паркинг простор, повеќе од 50 локали за
реномирани домашни и светски брендови, а ќе нуди и најразлични забавни и актуелни содржини
за сите генерации.
Првиот трговски центар во Охрид е македонска инвестиција на компанијата Делфина Турс.
„Охрид Мол е проект за кој јас и моите партнери размислувавме подолг период. Охрид е меѓу
најпознатите туристички места во регионот со многу работи што може да ги понуди, но му
недостасува центар од ваков тип каде што жителите и туристите ќе можат да купуваат. Со оваа
инвестиција Охрид ќе биде уште повеќе посакувана дестинација на туристичката мапа." - изјави
Аднан Исмаил, инвеститор на Охрид Мол.
Ексклузивен агент за изнајмување на деловниот простор е консултантската компанија за
недвижности Фортон Македонија: „Помеѓу првите закупци кои обезбедија простор во Охрид
Мол се грчкиот ланец на супермаркети Веро заедно со Џамбо продавниците. Морам да
напоменам дека веќе има огромен интерес на домашните и светски брендови за закуп на локал
во објектот и очекуваме брзо исполнување на капацитетитот на трговскиот центар.” – изјави
Влатко Богоевски, генерален менаџер на Фортон Македонија.
Изградбата на Охрид Мол е во тек, а отворањето е предвидено за април 2019 година. Вредноста
на оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и ќе биде од значаен придонес за домашната
економија, како и за градот Охрид и овој дел од Македонија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.