build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска куќа - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градска куќа - Скопје
    Posted: 16-Apr-2018 at 13:29
Шилегов ќе ја доградува Градска куќа за 3 милиони евра

Градоначалникот Петре Шилегов одлучи да ја доградува Градската куќа под Кале. Неодамна со изведувачот „Бетон“ се договорил за дозавршување на објектот да се платат 3 милиони евра, наместо првично утврдените 5 милиони.
„Успеавме да постигнеме договор и да ја намалиме цената. Сега, оваа сума е далеку поприфатлива. На администрацијата реално ѝ се потребни нови простории, децениските бараки речиси немаат основни услови за работа. Очекувам дека до крајот на годинава ќе се преселиме во новата зграда“, брифираше Шилегов. Тој од неговиот претходник ја наследи новата административна зграда изградена речиси до половина. Направена е само фасадата, а внатрешниот дел речиси не е чепнат. „Бетон“ дал гаранции дека целиот објект ќе го заврши до септември.
Градоначалникот не знаеше да каже што е планирано да се гради на местото на градските бараки. Впрочем, како што истакна, ДУП за тој реон е во мораториум, а постои веројатност потоа да претрпи одредени измени и дополнувања.
Градската куќа покрај Вардар се наоѓа веднаш до новата зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Почна да се гради во 2011 година и тогашниот градоначалник Коце Трајановски најави дека зградата ќе биде готова кон средината на 2015 година. Меѓутоа, терминот не беше испочитуван. Трајановски пред речиси една и пол година ја запре изградбата бидејќи немаше пари за таа намена.
Досегашните објавени договори за изградба укажуваат дека Градската куќа чини 18 милиони евра. Првичниот договор што се склучи со „Бетон“ беше вреден 15 милиони евра, а потоа имаше и еден анекс-договор од 3 милиони евра наменети за изградба на енергетски ефикасна фасада.
Новото седиште на градската администрација се гради на парцела со површина од 1.274 квадратни метри. Ќе има 6 ката, три подземни нивоа наменети за паркинг. Објектот се гради по идејно решение на Иван Кокалановски и Борче Стојковски. Во неа ќе биде сместена градската администрација, градоначалникот на Скопје, како и даночните одделенија и архивата на Град Скопје. (Д.Т.Д.)

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/04/44392/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Oct-2017 at 09:11
Не си грешка, на истава страница горе има фотографија без скелето. Не знам што се работи, но вчера кога поминував оттука имаше неколку работници.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Oct-2017 at 20:23
Skelevo edno vreme bese trgnato a sega e pak postaveno ili greska sum?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Oct-2017 at 19:31

охо јас си мислев ова ет нешто друго, та по дифолт коментирав тука за Градска Куќа, а думата ми беше за Офицерскиот Дом, хм, сум останал на аберот од 2008-та [1]
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Oct-2017 at 15:49
Неколку денешни...





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Oct-2016 at 16:44


И на двете згради како да запреле со градежните работи, некако нема напредок.



За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 689
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jun-2016 at 20:43
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-May-2016 at 16:02
За сè има вторпат
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-May-2016 at 23:23
Што се секирате, мал е Вардар, ќе направиме МОСТ!
После Жерновски ќе среди пјацетичка или скверче и готово.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-May-2016 at 01:57
Originally posted by mirakuliks

Ајде стилот е стил, и не сакам да зборам премногу за вкусови, ама она што навистина ми смета со градската куќа е локацијата и концептот. Имено ако погледнете секаде во европа градската куќа е во контекст на некој плоштад, место каде населенението може да се собере. На дадената локација Градската куќа е изолирана од една страна со Калето од друга страна со Вардар, што дава сигнал на изолираност од народот. Затоа и повеќето градски куќи во европа па и светот имаат некој вид плоштад или отворен простор пред нив кој ќе може да прими поголем број на луѓе и да покажува достапност и отворена комуникација со жителите.
реално, секој новоизграден административен или културен објект треба да има свој, ај ќе го наречам двор околу себе, освен ако не е дел од некој блок објекти каде што мора да е лепенка
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-May-2016 at 01:44
Ајде стилот е стил, и не сакам да зборам премногу за вкусови, ама она што навистина ми смета со градската куќа е локацијата и концептот. Имено ако погледнете секаде во европа градската куќа е во контекст на некој плоштад, место каде населенението може да се собере. На дадената локација Градската куќа е изолирана од една страна со Калето од друга страна со Вардар, што дава сигнал на изолираност од народот. Затоа и повеќето градски куќи во европа па и светот имаат некој вид плоштад или отворен простор пред нив кој ќе може да прими поголем број на луѓе и да покажува достапност и отворена комуникација со жителите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-May-2016 at 01:24
Originally posted by BOJAN

Најдобрата работа што може да му се случи на објектов е да скокне во Вардар и да исплови во непознат правец кон Егејско море.

Имам јас еден предлог. Да се извади целата фасада и да се врати објектот во фаза на карабина. Како таков, да се пушти во употреба. Порепрезентативен ќе ни биде, а башка и објектот на „Рудине“ е на 200 метри од овде, ќе имаат „ист архитектонски стил“.
мораш да ја поткршиш карабината малце за да го имаат истиот стил   

Edited by zabegan - 04-May-2016 at 01:24
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3323
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-May-2016 at 17:39
Најдобрата работа што може да му се случи на објектов е да скокне во Вардар и да исплови во непознат правец кон Егејско море.

Имам јас еден предлог. Да се извади целата фасада и да се врати објектот во фаза на карабина. Како таков, да се пушти во употреба. Порепрезентативен ќе ни биде, а башка и објектот на „Рудине“ е на 200 метри од овде, ќе имаат „ист архитектонски стил“.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-May-2016 at 17:22
Гарант поради соросоидите и поради домашните предавници не може да се доизгради
За сè има вторпат
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 73
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-May-2016 at 16:37
Не ми се верува да има снемено пари...
Ако видиме Македонија има најголем раст во Европа, една од најдобрите економии, не е можно да нема пари, нешто друго е...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-May-2016 at 10:47
Имет снемено пари...

ДОВРШУВАЊЕТО НА ГРАДСКАТА КУЌА ЧЕКА ПОДОБРИ ВРЕМИЊА

Градската куќа на Кале ќе чека подобри времиња, бидејќи сега нема пари за нејзино завршување. Извесно е дека нема да биде готова ниту годинава, иако градската администрација требаше да се всели таму уште лани. На објектот се работи, но не со посакуваното темпо. На терен има работници кои ја завршуваат фасадата и таа е речиси при крај. Градските власти велат дека сега планираат да завршат со тие активности.

„Сега сакаме да ја завршиме фасадата, па да го затвориме објектот, поточно да се монтираат прозорците. Тоа ни е приоритет, за да не се доведеме во ситуација внатрешноста да е подложна на надворешни влијанија кои можат штетно да влијаат. А кога ќе продолжат внатрешното уредување и опремување на објектот, зависи од финансиите. Со оглед на тоа дека Градската куќа не ни е приоритетен проект, планираме да го завршиме кога ќе имаме пари. Кога ќе биде тоа, не сакаме и не можеме да прецизираме“, објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Инаку, доизградбата на објектот продолжи по повеќемесечен застој. Трајановски не криеше дека финансиите се главната причина за тоа. Но, ниту тогаш, ниту сега, од Градот не планираат да се задолжат за да ја доизградат Градската куќа.

Изградбата почна во јуни 2011 година и тогаш беше најавено дека зградата ќе биде готова до средината на 2015 година. Објектот се гради по идејно решение на Иван Кокалановски и Борче Стојковски од „Кад биро“, се простира на парцела со површина од 1.274 квадратни метри под Кале и е во близина на новиот објект на „Водовод и канализација“. Проектот предвидува новиот репрезентативен објект во барокен стил да има работен простор за 650 лица и да биде на шест надземни и три подземни нивоа.

Администрацијата ќе биде сместена во океански простории распоредени од првиот до четвртиот кат. На петтиот кат се планирани канцеларии за кабинетот на градоначалникот на Скопје и за секретарот на Градот, како и сала за Советот и неговиот претседател. На приземјето, пак, ќе се наоѓа архивата, како и други простории наменети за директните корисници на услугите на Град Скопје. Во подземните нивоа е планиран паркинг со капацитет за 170 возила. Главниот пристап до зградата ќе биде од новопроектираната улица која ќе води по кејот на реката Вардар, а влез во објектот ќе биде обезбеден и од страната на улицата „Лазар Личеноски“.

Изградбата на Градската куќа ќе чини речиси 15 милиони евра.

http://utrinski.mk/?ItemID=8B91C5FCA4D0DF43AAEB5978702FC837
За сè има вторпат
Back to Top
kliment View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote kliment Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-May-2016 at 16:28
Да имаше провидно стакло ќе беше солиден објект, вака изгледа како да е граден 1988.
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-May-2016 at 15:25
Торти во слаткарница.
Traveling.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Apr-2016 at 10:47
sva sreka sto stakloto ne e plavo ili zeleno reflektiracko
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Apr-2016 at 03:52
Originally posted by kultuzin

Ovoj stil najmnogu mi se dopaga. Kombinacija na golemi stakeni povrsini i neoklasicni elementi.
...само ако е направено вкусно... ова што го гледаме тука е далеку од вкусно... ниту класичните елементи се дискретни како што треба да бидат, нити стаклото е провидно и безбојно, како што треба да биде
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.