build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ЕВН (бивша Градска куќа)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЕВН (бивша Градска куќа)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 12-May-2016 at 16:02
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 10-Jun-2016 at 20:43
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 16-Oct-2016 at 16:44


И на двете згради како да запреле со градежните работи, некако нема напредок.



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 29-Oct-2017 at 15:49
Неколку денешни...





За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 29-Oct-2017 at 19:31

охо јас си мислев ова ет нешто друго, та по дифолт коментирав тука за Градска Куќа, а думата ми беше за Офицерскиот Дом, хм, сум останал на аберот од 2008-та [1]
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 29-Oct-2017 at 20:23
Skelevo edno vreme bese trgnato a sega e pak postaveno ili greska sum?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 30-Oct-2017 at 09:11
Не си грешка, на истава страница горе има фотографија без скелето. Не знам што се работи, но вчера кога поминував оттука имаше неколку работници.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 16-Apr-2018 at 13:29
Шилегов ќе ја доградува Градска куќа за 3 милиони евра

Градоначалникот Петре Шилегов одлучи да ја доградува Градската куќа под Кале. Неодамна со изведувачот „Бетон“ се договорил за дозавршување на објектот да се платат 3 милиони евра, наместо првично утврдените 5 милиони.
„Успеавме да постигнеме договор и да ја намалиме цената. Сега, оваа сума е далеку поприфатлива. На администрацијата реално ѝ се потребни нови простории, децениските бараки речиси немаат основни услови за работа. Очекувам дека до крајот на годинава ќе се преселиме во новата зграда“, брифираше Шилегов. Тој од неговиот претходник ја наследи новата административна зграда изградена речиси до половина. Направена е само фасадата, а внатрешниот дел речиси не е чепнат. „Бетон“ дал гаранции дека целиот објект ќе го заврши до септември.
Градоначалникот не знаеше да каже што е планирано да се гради на местото на градските бараки. Впрочем, како што истакна, ДУП за тој реон е во мораториум, а постои веројатност потоа да претрпи одредени измени и дополнувања.
Градската куќа покрај Вардар се наоѓа веднаш до новата зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Почна да се гради во 2011 година и тогашниот градоначалник Коце Трајановски најави дека зградата ќе биде готова кон средината на 2015 година. Меѓутоа, терминот не беше испочитуван. Трајановски пред речиси една и пол година ја запре изградбата бидејќи немаше пари за таа намена.
Досегашните објавени договори за изградба укажуваат дека Градската куќа чини 18 милиони евра. Првичниот договор што се склучи со „Бетон“ беше вреден 15 милиони евра, а потоа имаше и еден анекс-договор од 3 милиони евра наменети за изградба на енергетски ефикасна фасада.
Новото седиште на градската администрација се гради на парцела со површина од 1.274 квадратни метри. Ќе има 6 ката, три подземни нивоа наменети за паркинг. Објектот се гради по идејно решение на Иван Кокалановски и Борче Стојковски. Во неа ќе биде сместена градската администрација, градоначалникот на Скопје, како и даночните одделенија и архивата на Град Скопје. (Д.Т.Д.)

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/04/44392/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 02-Aug-2019 at 21:51
Оградата од страната на ул. Лазар Личеноски е отстранета, од другата страна стои уште, иако можев да го видам главниот влез (но не можев да сликам)



задната страна на зградата



од ул. Л. Личеноски

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 05-Aug-2019 at 16:15
Помина и јули, абер нема од вселување на станарите во Градска куќа

Градоначалникот Петре Шилегов во изјава за весникот „Вечер“ во мај годинава најави дека од јули ќе почне вселувањето, но од неговата ПР-служба, пак, нè информираа дека сите градежни работи во надворешниот дел се готови и останува да се доуреди уште дел од внатрешниот дел на објектот. – Лани во декември беше поништена јавната набавка за изработка на основен проект за ентериерно уредување. Треба истата да се распише повторно, да биде успешна, да се добие основен проект по што и би започнал процесот на финално внатрешно уредување, набавка на мебел и канцелариска опрема… – информираа од ПР-службата



Помина и месец јули, а сè уште абер нема од вселување во објектот Градска куќа во кој треба да се сместат градската администрација и советот, како и канцеларијата на градоначалникот Петре Шилегов. Тој во изјава за весникот „Вечер“ во мај годинава најави дека од јули ќе почне вселувањето, но од неговата ПР-служба, пак, нè информираа дека сите градежни работи во надворешниот дел се готови и останува да се доуреди уште дел од внатрешниот дел на објектот.

– Лани во декември беше поништена јавната набавка за изработка на основен проект за ентериерно уредување. Треба истата да се распише повторно, да биде успешна, да се добие основен проект по што и би започнал процесот на финално внатрешно уредување, набавка на мебел и канцелариска опрема… – информираа од ПР-службата.

Во ланската јавна набавка се бараше еколошки мебел, лични тоалети со туш за градоначалникот и за претседателот на Советот, ВИП-влез за делегации, „океани“, сали за состаноци и кујни на секој кат…

Досегашните објавени договори за изградба укажуваат дека Градската куќа чини 18 милиони евра (досега се потрошени околу 17 милиони). Првичниот договор што се склучи со „Бетон“ беше вреден 15 милиони евра, а потоа имаше и еден анекс-договор од 3 милиони евра наменет за изградба на енергетски ефикасна фасада.

Новиот објект покрај Вардар има над 1.200 квадратни метри во основата и пет ката. Фасадата е направена во неокласичен стил, како дел од концептот „Скопје 2014“. На приземјето се предвидени три различни влезови, по еден за вработените и за посетителите, како и еден ВИП-влез за градоначалникот, претседателот на Советот и советниците, како и за странски и домашни делегации. Во приземјето на градската куќа треба да се уреди голема сала со шалтери во која граѓаните ќе имаат пристап до сите служби на Град Скопје.

До четвртиот кат ќе бидат сместени сите служби во големи канцеларии од океански принцип, со посебни сали за состаноци за комисиите. За вработените на секој кат ќе треба да бидат уредени и чајни кујни. На најгорниот кат на градската куќа ќе бидат сместени градоначалникот и претседателот на Советот, а освен канцеларии тие мора да имаат и тоалети со туш-кабини. На истиот кат се планирани и салите за состаноци за 30 лица и за седници на Советот со капацитет за 150 лица. Во градската куќа ќе се сместат до 410 вработени во градската администрација.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/помина-и-јули-абер-нема-од-вселување-на/
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 18-Sep-2019 at 09:09
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На повидок нов скандал, дали Шилегов ќе ја отуѓува на приватна компанија новата градска куќа?

Крадоначалникот Петре Шилегов пред нова бонбона бизнис типична за власта. Сомнежите се дека Градот Скопје по насока на Шилегов преземал подготвителни активности за отуѓување на новата градска куќа која е во завршна фаза на атрактивна локација во центарот на градот до плоштадот Македонија. Според нашите информации, зградата платена од парите на скопјани која е во завршна фаза, со набавена современа опрема за административно работење, ќе биде отуѓена и истата треба да припадне на извесна приватна компанија. За возрат Градот Скопје ќе добие постара зграда. Значи неформалните информации говорат дека Шилегов ќе трампа нова зграда за неколку децении постара зграда, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Оттука Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје отворено прашува:

-Дали е вистина дека Шилегов влегува во нов бонбона бизнис при што ќе ја отуѓи новата градба која беше наменета за градска куќа, и тоа за возрат на неколку децении стара градба?

-Дали зад ваквата бизнис зделка стојат и приватни и лични интереси, со други зборови дали Шилегов принципот „евро за евро“ од Струмица го презема и унапредува среде Скопје?

-Ако ова е вистина, тогаш зошто оваа бизнис зделка на Шилегов се држи зад затворени врати и во тајност, далеку од очите на јавноста?

-Дали крадоначалникот Шилегов ги праша скопјани за ваквиот потег?

-Бидејќи се работи за интересот и парите на граѓаните, наместо крокодилски солзи очекуваме конретни одговори. Две години крадоначалник Шилегов, две години лаги, криминали, неработа, обвинуваат тие.


https://kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-na-povidok-nov-skandal-dali-shilegov-kje-ja-otugjuva-na-privatna-kompanija-novata-gradska-kukja/


Можно е ваква кражба да направат Шилегов и владава ?

Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 18-Sep-2019 at 13:35
„Можно е ваква кражба да направат Шилегов и владава ?“

Пред недела дена се доселивте во Македонија?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 18-Sep-2019 at 15:31
    Добар добар

Да не ме сфатиш погрешно,неверојатно ми е да се обидат на ВАКОВ начин да извршат кражба на зградава,сепак нели не беше барокот по нивен вкус ? лол За крадењето генерално не сум изненаден,иако мислам дека ова нема да помине,зошто при следно менување на власт ќе следи реванш и ќе им ги срамнат со земја сите "урбани" бруталистички објекти кои овие од петни жили се трудат да ги префарбуваат и "разубавуваат".
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 18-Sep-2019 at 15:54
Пак пренесувате вести од Курир, медиум со нула веродостојност.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 26-Sep-2019 at 12:25
Веќе и официјално е побарано ова на седница на градот...

-------------------------------------------------------------------------

Петре Шилегов го продава кучата!



Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која почна да ја гради ексградоначалникот Коце Трајановски на кејот на реката Вардар. Објектот, во кој требаше да се сели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра.

Почетната цена на јавното наддавање е сумата за која беше изградена Градската куќа, се вели во одлуката на градоначалникот Петре Шилегов за која денес ќе одлучуваат членовите на Советот на Град Скопје.

„Причините за продажба на недвижен имот – Градска куќа е поради недоволниот капацитет на внатрешните простории во кои е потребно да се смести администрацијата на Град Скопје“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

А. АНТЕВСКА

https://www.vecer.press/петре-шилегов-го-продава-кучата/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 705
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 26-Sep-2019 at 15:56
Ај па ваљда стокатница ќе направат доволна да им е...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 26-Sep-2019 at 16:09
Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација.

Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена од 12,7 милиони евра, колку што е проценета нејзината вредност. Советниците на ВМРО – ДПМНЕ во градскиот совет се спротивставија на ваквата одлука и ја напуштија денешната седница, обвинувајќи дека зад одлуката стојат силни бизнис – интереси.

Градоначалникот Петре Шилегов нагласи се направени напори за да се заврши изградбата на Градската куќа, но со направените анализи се утврдило дека само три – петтини од вработените можеле да се сместат во овој објект, односно само 352 вработени. Шилегов посочи дека актуелното раководство досега инвестирало 3,2 милиони евра во довршување на зградата, со што се покажува дека немале намера да не ја завршат неговата изградба.

– Би сакал да имаме надзор од Советот во целиов процес, бидејќи сакаме тој да биде јавен и транспарентен затоа што немаме што да криеме. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС и ќе биде видлива за сите – рече Шилегов.

За спроведување на продажбата ќе биде формирана комисија, која што ќе биде одговорна и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје.

Шилегов го посочи и фактот дека „барокната“ зграда има крајно нефункционална внатрешност заради неговата форма.

– Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт – истакна Шилегов.

https://meta.mk/baroknata-gradska-kuќa-odi-na-prodazhba-vmro-dpmne-protiv-odlukata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 26-Sep-2019 at 16:12
Можеби најдобра варијанта ќе беше на местото на старите бараки да изградат нова зграда за потребите на градската администрација.Патем дали со ова продавање на новоизградената зграда значи дека градот и понатаму останува во бараките или ќе се сместат во некоја постара зграда(таква вест проструи на некој од порталите).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12419
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 26-Sep-2019 at 16:39
Дали некој има информација што е планирано со просториите што ќе ги ослободи НБРМ во постоечката зграда?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 01-Oct-2019 at 16:27
СОПСТВЕНИКОТ НА МАКОИЛ МИТЕ ЈОВАНОВСКИ САКА ДА ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА

Градската куќа на продажба бизнисмените први кои пројавија интерес. Сопственикот на зградата „ Макотекс “ и на компанијата „Макоил“, Мите Јовановски меѓу првите кои пројавија интерес за барокната зграда. Јовановски за ТВ 24 вели дека до сега не постоела понуда на маса за зградата „ Макотекс “ од страна на градоначалникот Петре Шилегов за евентуална компензација со Градската куќа, но вели не е исклучена секоја варијанта. Иако во јавноста се шпекулира дека зградата „ Макотекс“ ќе треба да се компензира со Градската куќа , сопственикот такво нешто негира но е подготвен да ја отспаи зградата за добра понуда.



Дека зградата „ Макотекс“ била предмет на серија безуспешни договори зборува и сопственикот Јовановски. Тој вели и со претходниот градоначалник се разговарало за евентуална компензација но истата идеја пропаднала. Па така сегашниот градоначалник Петре Шилегов пред извесен период се пофали дека ќе ја откупи зградата „ Макотекс “ и дека ќе ја урне за да ја прошири улицата „ Даме Груев“ во булевар, па од тука се отвора дилемата во јавноста дали ваквите најавија на Шилегов навестуваат евентуална компензација со бизнисменот Јовановски. Го прашавме и него, тој потврди дека до сега имале само еден разговор со Шилегов но дека се уште начелно ништо не е договорено.



На продажбата на Градската куќа жестоко реагираше опозицијата со обвинување дека Шилегов веќе намирисал бизнис интереси, тој пак негираше било какви бизниси врзани за Градската куќа. Инаку, според информациите на ТВ24 проценетата сума на зградата „ Макотекс“ изнесува нешто над 7 милиони евра додека на Градската куќа почетната цена изнесува 12,7 милиони евра. Барокната зграда останува во интересот на бизнисмените. Дали Јовановски ќе успее да се спогоди со градоначалникот Шилегов останува јавноста да дознае.

https://www.24.mk/details/sopstvenikot-na-makoil-mite-jovanovski-saka-da-ja-kupi-gradskata-kukja
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.