build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЕВН (бивша Градска куќа)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 06-Jul-2010 at 22:10
Originally posted by lslcrew

Originally posted by Cloverstack

.....гласачкото тело да созрее и да престане да гласа по разноразни глупави основи.....


Мислам дека сум кажал многу пати и нашироко. Попогрешна констатација од ова нема.
 
со извињење, ако не ти е проблем да постираш линк, или да наведеш нишка, кај да ги барам тие твои постови, баш сум љубопитен да прочитам..
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 140
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 06-Jul-2010 at 22:12
Коментариве ви се добри но се постирани на погрешна нишка.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 06-Jul-2010 at 22:16
Народот знае толку колку што неговите политички елити му овозможиле. Неможе туку така да се расфрлате со вакви опасни тези. Ниеден параметар не го покажува ова, ама сепак толку се користи јавно од елитите што немаа основно чувство за одговорност па вината за нивното владеење не ја гледаа во самите себе, туку народот е тој што не бил паметен да ги осетите благодетите на нивното владеење. И потрагично од се, после толку време форсирање на оваа теза, станува општо прифатена. Погрешна е.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Jul-2010 at 22:27
Originally posted by lslcrew

Народот знае толку колку што неговите политички елити му овозможиле. Неможе туку така да се расфрлате со вакви опасни тези. Ниеден параметар не го покажува ова, ама сепак толку се користи јавно од елитите што немаа основно чувство за одговорност па вината за нивното владеење не ја гледаа во самите себе, туку народот е тој што не бил паметен да ги осетите благодетите на нивното владеење. И потрагично од се, после толку време форсирање на оваа теза, станува општо прифатена. Погрешна е.
 
Со ова делумно се сложувам, но народот не е сервис на елитите, него обратно и не се никакви елити него избраници кои треба да служат.. е сега тоа што народот не ја користи својата моќ  да санкционира, и дозволува да биде пренесен жеден преку вода, тоа е она што ми пречи..
 
не се сложувам дека народот знае колку што ќе му биде овозможено.. (мада во пракса кај нас така ќе да е), тоа звучи многу лошо.. што сепак е проблем на народот и неговиот слаб капацитет да суди, проценува и избира..
 
сума сумарум, Кло е во право по мене
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 06-Jul-2010 at 22:29
@ lslcrew
Политичките елити не се паднати од марс туку произлегуваат од и функционираат со подршка од народот.

Но навистина доста беше офтопик
Да се вратиме на темата.

@ mladen_s
Во право си, навистина се работи за различни проекти  Eeek2
Бев наведен на заклучок дека се работи за офицерски поради занемарливата разлика во површина на парцелите (што не е прв пат да варира во ДУП-ови и во конкурси), но другите параметри очигледно кажуваат нешто друго...

Уште едно браво за транспарентноста на властите - како гром од ведро небо ќе прават втора градска куќа на локација која не ја соопштија... Ај чим некој дознае каде е нека пише (се молам да не е некоја малоумна новоизмислена маркичка во Мал Ринг)


Edited by Cloverstack - 06-Jul-2010 at 22:32
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Jul-2010 at 22:34
Previous
 
а не се молиш да не е барок? Big%20smile 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-Jul-2010 at 22:35
first things first
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 06-Jul-2010 at 22:54
Еве разгледувам на google earth можни локации и откако со ДУП Стара Железничка отпадна можноста да се гради таму, единствена друга веројатна локација ми се чини кај постоечките бараки на градската администрација. На сите други локации што ми текнуваат се предвидени други работи...
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 140
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 06-Jul-2010 at 23:22
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 06-Jul-2010 at 23:25
Previous
Дали ова значи дека сепак Офицерски ќе се гради?
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-Jul-2010 at 23:56
Не, не е ова за офицерски ,се вели дека некаде во парк кај бараките предвидена е некоја нова локација..... ке видиме од кога ке изберат проект..
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 07-Jul-2010 at 08:01
Градската куќа ќе се проектира на слепо


Градот бара идејно решение за свој објект, но се' уште не ја утврдил локацијата

Деспина Трајковска



Градските власти бараат идејно решение за објект Градска куќа на се' уште неутврдена локација. Но, и покрај тоа, посочуваат дека предлогот се однесува за објект кој би се градел на парцела од 2.367 квадратни метри со површина за градба од 1.274 квадрати, максимална катност од 21 метар и капацитет за паркирање од 153 возила.

Непоимлива ситуација, а истовремено сомнителна, коментираат урбанистите. Велат дека е невозможно да се предвиди идејно решение на објект со барани критериуми од повеќе аспекти, кога поради недефинирана локација тие не можат да се конкретизираат. Од друга страна, упатените се сомневаат дека локацијата, всушност, е позната, но се држи во тајност, со цел идејното решение по нарачка да го сработат архитекти блиски на владејачката гарнитура.

„Повеќе веројатна ми е втората варијанта. Од друга страна, пак, доволно е да се спомене сообраќајно решение и пристапи до објектот, за и лаик да се запраша како е можно да се бара идејно решение за објект за кој допрва ќе се утврди локацијата“, коментира еден архитект, кој не сакаше да му се споменува името.

Од Градот, пак, тврдат дека нема да биде прв пат да се бара идејно решение за објект за кој допрва ќе се утврдува локацијата. Сепак, не посочуваат идентичен пример. Велат дека утврдените градежни параметри ги направиле врз основа на пресметките и потребите за сместување на градската администрација, за која, всушност, и ќе се гради објектот. Тврдат дека засега немаат во план некоја конкретна локација, но надлежните интензивно биле во потрага по соодветна. Од комбинација биле исфрлени некогашните идеи градска куќа да се изгради на местото на дел од Старата железничка станица, како и маркичка да се вцрта во близина на Кале. Од Градот ниту демантираат ниту потврдуваат дека се разгледува можноста за петстотините градски вработени нов објект да се изгради во близина на црквата „Пресвета Богородица“ каде што важечкиот урбанистички план предвидува административен објект.

Инаку, градските власти објаснуваат дека нивното барање за идејно решение за Градска куќа не е идентично со што го реализираше Министерството за култура пред три години кога делото на Коста Мангароски го избра како најсоодветно. Тоа здание, за разлика од ова на Градот, кое ќе биде наменето за администрацијата, ќе било репрезентативен објект со сала за приеми, кабинет за градоначалникот и сала за венчавки.

Токму за тој објект, чија изградба Министерството за култура амбициозно ја најави пред три години, освен идејно решение не се преземени други конкретни мерки. Од Министерството вчера не одговорија каде „запнал“ проект. Единствено Коста Мангаровски ни изјави дека за објектот само е избрано идејно решение, а наводно, немал сознанија дека продолжиле постапките за изработка на идеен и изведбен проект.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6D1CD8BB8FBED54A9A62FF9ED471D7C4
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 07-Jul-2010 at 08:13
епа, ова ми ги надмина сите претпоставки за градската управа.
барале парцела со зададени параметри?

тоа е секако, чесната варијанта каде глупоста царува.

другата, таа со држењето во тајност е премногу гнасна за да се коментира. сепак, доколку некој ја забележи парцелата во некој ДУП, би било фино да ја објави чисто заради принцип.

а јавниот конкурс останува работа за потсмев.
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 07-Jul-2010 at 09:59
Ocigledno ne e ova za Oficerski.
Eve sto vikaat denes:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=431B69E9B7B56D4DB857B387724ACE9C

Инаку, градските власти објаснуваат дека нивното барање за идејно решение за Градска куќа не е идентично со што го реализираше Министерството за култура пред три години кога делото на Коста Мангароски го избра како најсоодветно. Тоа здание, за разлика од ова на Градот, кое ќе биде наменето за администрацијата, ќе било репрезентативен објект со сала за приеми, кабинет за градоначалникот и сала за венчавки.

Токму за тој објект, чија изградба Министерството за култура амбициозно ја најави пред три години, освен идејно решение не се преземени други конкретни мерки. Од Министерството вчера не одговорија каде „запнал“ проект. Единствено Коста Мангаровски ни изјави дека за објектот само е избрано идејно решение, а наводно, немал сознанија дека продолжиле постапките за изработка на идеен и изведбен проект.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 07-Jul-2010 at 12:02
Не е точно дека нема конкретна локација! Има. Ние сега знаеме само дека има
2.367 квадратни метри со површина за градба од 1.274 квадрати, максимална катност од 21 метар и капацитет за паркирање од 153 возила.
и немаме појма каде се наоѓа. Која е и каде е знаат само тие што го распишале ова. Мене ми е само мистерија дали малоумниот што го составувал расписот е многу безобразен, па намерно ги стаил цифрите од веќе готовиот проект за да не си губиме време или бил стварно малоумен па не му текнало барем да ги заокружи цифрите.
Што треба уште да видиме од власта и партизираната администрација. Се вадам од такт, ама стварно не може на неполитички теми да се дискутира овде....ова е невидено!
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 07-Jul-2010 at 12:44


Во право си Dave, не може да сервираат онакви параметри како
површина на парцела -2367м², површина за градба -1274м², вкупно изграден површина (бруто)-7644м², максимална висина-21м, катност П+5
...и слично, доколку не се работи за конкретна парцела во некој урбанистички план... Се знае точно која е парцелата, а тоа што ние не знаеме тоа е друга работа.

Момент кој внесува дополнителна забуна е контрадикторноста на она што го напишаа Време и Утрински Весник. Првите излегоа со штура вест, но беше наведена локација кај сегашните бараки на градот. Вториве пишуваат опсежно и детално и се повикуваат на изјави, но локацијата ја посочуваат како мистерија. Е сега дали до Време процурило нешто, или пак ја треснале локацијата крајно неодговорно од ракав, или пак Утрински се обидува да спинува, не знам... Но без разлика на дилемите со медиумите, тоа ни најмалку не го менува фактот дека ова е буквално криминално однесување на градската власт и дека достигнавме ново ниво на бизарност во оваа област.

За еден саат градските власти имаат прес конференција за правдање на скандалите со градската плажа, па се надевам дека новинарите нема да пропуштат да изнудат од Коце разјаснување на ситуацијата и со конкурсов за Градска Куќа.


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2010 at 12:48
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 07-Jul-2010 at 18:38
Јас лично баш би сакал да ја пронајдам парцелата и да ја раширам информацијата на секој можен начин. Не би променило многу за конкурсот, бидејќи веќе им покажаа на сите какви им се намерите, но сепак... Барав во некои ДУП-ови, нема таква.. Се обидов да изведам таква парцела врз сегашниве бараки, не ми оди. Верувам дека е во општина Центар. Секако, под претпоставка дека не е дел од некој ДУП кој е во постапка.. Можеби новиот ДУП Мал Ринг ја крие?

Дали некој го има ДУП Пресвета Богородица? Таму има нешто администрација...
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Jul-2010 at 16:48
Malku me zbunivte. Pa neli gradska kukja ke bide Oficerski Dom, ne?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 02-Sep-2010 at 01:31

Барокна зграда за Трајановски под Кале?

Како алтернативна локација за новиот објект се споменува просторот кај црквата „Пресвета Богородица“

Деспина Трајковска

Градската администрација ќе се сели под Кале во петкатен објект со барокна фасада. Иако ваква можност од урбанистички аспект неодамна му е дадена на градоначалникот Коце Трајановски, а преселбата деновиве ја најави и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во една ТВ-емисија, првиот човек на Градот ги демантира овие информации. Трајановски потврдува дека градската управа сериозно размислува за преселба поради несоодветните услови за работа, н, сепак, тврди дека се' уште не е одбрана локацијата на која Градот Скопје ќе изгради нов административен објект. Во опција биле неколку државни парцели, а во меѓувреме се чека и на исходот од конкурсот за идејно решение, според кое би се градела новата зграда за петстотините административци.

„Точно е дека ќе се селиме во нов објект, но кога и каде, се' уште е рано да зборуваме. Не е тајна дека размислуваме на таа тема, во тек е конкурс за избор на идејно решение по кое ќе се гради објектот, а во меѓувреме треба да одлучиме и за локацијата. Во игра е парцелата под Кале, како и реонот кај црквата ‘Пресвета Богородица‘, иако се' почесто во последно време размислуваме зградата да се изгради на местото на постојните бараки на Градот, иако на оваа локација урбанистичкиот план засега предвидува паркинг-простор“, вели Трајановски, кој посочува дека изградбата на новата зграда првенствено би зависела од финансиите, кои Градот моментално ги нема, а евентуално би ги обезбедил преку кредитирање или би се размислувало за друга опција.

Инаку, градоначалникот не ја отфрла можноста новиот административен објект да има барокна или друга стилска фасада, но тоа, како што тврди, би се случило единствено доколку се гради на локација во чија околина објектите се изградени во таков стил. Доколку зградата се гради под Кале, извесно е оти ќе биде со стилска фасада како што налага неодамна донесениот ДУП за реонот, кој предвидува изградба на петкатен административен објект на местото на постојните бараки на ЈП „Водовод и канализација“.

Дури да го одбере местото за новиот објект, Градот е во исчекување на идејните решенија за неговиот изглед. Се' уште трае јавниот повик во кој не е посочена локација каде што ќе се гради новата зграда. Во него единствено е наведено дека се однесува за објект што би требало да се наоѓа на утврдена парцела од 2.367 квадратни метри со површина за градба од 1.274 квадрати, максимална катност од 21 метар и капацитет за паркирање од 153 возила.

Во новиот објект би требало да се смести целата градска администрација и градоначалникот, за кого освен во оваа зграда, кабинет е предвиден и во Градската куќа на плоштадот, проект што треба да го реализира Министерството за култура.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EBEEB32390A32147B06FFB462C9FB047
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 02-Sep-2010 at 07:04
Добро, иако најсомнителен дел е до метар квадратен утврдената маркица, која наведува дека веќе е избрано местото, за прв пат имаме јасно одвојување на зградите за градската администрација и градската куќа (читај: офицерскиот дом).

Лично, би сакал таа зграда на администрацијата да се наоѓа карши Владата, ми прави логика. Од едната страна Влада на Република Македонија, од друга страна "Влада" на Град Скопје.

За стилот (барок) и за градската куќа (локацијата, дебатата за џамијата) немам коментар. Сакав да кажам дека ми е мило што се раздвоени објекти за администрацијата и за репрезентативната градска куќа.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.