build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска куќа - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градска куќа - Скопје
    Posted: 18-Nov-2007 at 23:42
Со што се занимава па сега Трифун? Паралелен проект ќе тера од оној на централната власт?

Инаку интересно би било да се видат првите награди од 1966 и 1978 за градска куќа кои се споменати во овој текст.

Градскиот татко никако до куќа по своја мерка


И последната можност првиот човек на Скопје да добие соодветно сместување во обновениот Офицерски дом, што требаше да се гради покрај плоштадот Македонија, остана да виси во воздух. Градските власти деновиве повторно се обидоа да ја разбрануваат архитектонската фела во намера да се изнајде нова локација за изградба на градска куќа


По 40-годишен обид да се изгради репрезентативен објект во кој би бил сместен градоначалник и градската администрацијата, неколку распишани јавни конкурси што останаа само на откуп на проекти и размислувања за можни локации, градскиот татко се уште е сместен во дотраените бараки во градскиот парк. И последната можност првиот човек на Скопје да добие соодветно сместување во обновениот Офицерски дом, кој требаше да се гради покрај плоштадот Македонија, остана да виси во воздух. Градските власти, деновиве, повторно се обидоа да ја разбрануваат архитектонската фела во намера да се изнајде нова локација за изградба на градска куќа.

- Ова веќе преминува во еден вид легенда. Поминати се многу конкурси, за некои се изработени и главни проекти, но ниту еден не е реализиран. Во моментот состојбата е таква да во рамките на она што е предвидено со детални планови на територијата на Град Скопје нема простор кој е предвиден за објект за градска куќа, изјави Владо Петровски од Град Скопје.

Оттаму деновиве организираа јавна дебата на која беа повикани архитекти со цел да се понудат нови решенија.
Интересно е што идејата за нова градска куќа потекнува уште од 1966 година, кога бил распишан и првиот меѓународен конкурс. Иако имало првонаграден труд до реализација не дошло, бидејќи градската куќа не влегла во шесте капитални објекти кои во тоа време според политичките власти требало да се градат. Скопје тогаш доби транспортен и културен центар, универзитетскиот кампус, пошта и зграда на ЦК, но не и градската куќа. Вториот конкурс бил во 1978 година и тоа за зграда на собрание на Град Скопје. Првонаградениот труд предвидувал репрезентативно здание на плоштадот "Македонија".

Според еден од авторите на овој проект, Ѓорѓи Константиновски, и неговата историја е "трагична". Бил донесен Закон за забрана за изградба на инвестициони објекти. Ниту идниот конкурс од 2004 година за реконструкција на Старата железнижка станица, во која би била сместена градската куќа, не завршил посреќно. Првонаградени немаше а, градскиот татко повторнио не доби куќа по мерка. Во септември 2005 година Секторот за планирање и уредување на простор, по барање на градоначалникот, одреди четири можни локации. Едната на просторот пред Телеком, втората спроти "Холидеј ин" на просторот на сегашниот паркинг, третата на платото пред МНТ, и последната на просторот на сегашните бараки, каде постепено би се градел новиот објект, со оглед дека локација е во сопственост на Град Скопје.

- Во 2007 година централната власт ја презема улогата за дефинирање на локација за градска куќа, па Министерството за култура распиша конкурс за реконструкција и обнова на Офицерскииот дом во кој требаше да се внесе содржина, дел од градската куќа, односно кабинет на градоначалникот и матичната служба. Според наши сознанија во фаза е постапка за вадење документација, односно земен е извод од ДУП, а се изготвува главниот проект за градската куќа. Дали ќе се реализира ќе покаже времето, со оглед дека во меѓувреме е донесен новиот детален план со кој се менува намената на маркицара, вели Љубица Петреска, од Град Скопје.

ГРАДОТ НЕ ОДЛУЧУВА ЗА ЛОКАЦИЈАТА
Местото на градската куќа е на главниот плоштад

Градот нема ингеренции да одлучи за локација, бидејќи општините донесуваат детални планови, додека Министерството за транспорт и врски дава сопгласност.

Додека од Градот сметаат дека архитектите треба преку асоцијацијата да извршат притисок на централната власт и да ја земат работата во свои раце, од таму пак, велат дека Градот е тој што треба да генерира процес, да утврди како ќе дојде до пари и да распише добар конкурс.
Додека топката се префрла од еден на друг, и архитектите и градските власти се децидни, местото на градската куќа како впрочем и во сите европски метрополи е покрај главниот плоштад.

Даниела ТРАЈКОВСКА


Извор: Вечер
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Nov-2007 at 19:40


Таленти се, нема што Wallbash
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Nov-2007 at 23:32
abe za idioti,idioti se.so ova se baftaat kojznae od koga i uste nemaat niso napraeno(poso uste nemaat reseno koj da zeme najveke keshBig%20smile)
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Nov-2007 at 03:51
Od Dnevnik

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ

Виолета Аларова ја блокира изградбата на Градска куќа

Со новиот урбанистички план, наместо Градска куќа, на плоштадот е предвидено да се гради комерцијален објект, велат од Градот

Со новиот детален урбанистички план за Малиот ринг, маркичката за изградба на Градска куќа на плоштадот е пренаменет за објект за комерцијални цели, па неизвесно е дали проектот ќе биде реализиран - на ова предупреди архитектката Љубица Петревска, претставничка од Градот Скопје на трибината посветена на изградбата на Градска куќа. - Градот Скопје ја изгуби моќта да одлучува за локациите откако, со децентрализацијата, надлежностите од областа на урбанизмот им се пренесени на општините. Моментно, во ниту еден детален план на територијата на Град Скопје не е предвиден простор за изградба на Градска куќа - рече Петревска на трибината што градските власти во петокот ја организираа во Музејот на град Скопје, во рамките на одбележувањето на празникот 13 Ноември.

Најновиот урбанистички план за строгиот центар на Скопје, чиј предлагач е градоначалничката Виолета Аларова, Советот на Општина Центар го донесе пред три недели. Нејасно е како Градската куќа се претворила во комерцијален објект, кога веќе се изработува главен проект за обнова на Офицерскиот дом, според конкурсот што во јануари годинава го распиша Министерството за култура. Во обновениот Офицерски дом треба да се смести кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, Матична служба за венчавање итн.

Архитектите што учествуваа на трибината заклучија дека Градската куќа треба да биде изградена на плоштадот Македонија, според примерот на многу европски метрополи и дека е срамно за Скопје што веќе 40 години не успева да го реши прашањето за објект за градската администрација.

- Јас се прашувам дали ние имаме Град, односно некаква градска функција. Можеби имаме служби и градоначалник, но градската функција едноставно како да е перманентно тргана настрана. Политиката на делење на градот на десет општини, всушност, ја растури идејата за јака градска функција - рече архитектот проф. Ѓорѓи Константиновски.

Претставничката на Градот, Петревска, истакна дека иницирале измени на Законот за Град Скопје, за да вратат некои надлежности, со што очекуваат дека состојбите ќе се сменат.

Архитектката Анета Христова потенцираше дека кај нас не постои основна стратегија на едно ниво за да се осмисли и организира просторот.

Обидите на Градот да го решат прашањето за свој објект датираат од 1966 година, кога е распишан меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско решение на Градската куќа. Првонаграден бил трудот на архитектот проф. Едвард Равникар, но не дошло до реализација бидејќи, по земјотресот, приоритет имале шесте капитални објекти: Транспортниот центар, Универзитетскиот кампус, Културниот центар, Домот на спортистите - кој требало да се гради кај денешниот Олимписки базен, Поштата и зградата на ЦК, односно на Владата. Во 1978 година повторно е распишан анонимен конкурс за Градска куќа, на кој првата награда била доделена на група автори предводени од проф. Ѓорѓи Константиновски, но објектот не се реализирал.

Амбицијата за објектот стагнира до 2004 година, кога е распишан конкурс за реконструкција на Старата железничка станица, во која поранешниот градоначалник Ристо Пенов сакаше да ја смести градската администрација. Тогаш немаше прва награда. Советот на Град Скопје во 2005 година донесе Одлука за изградба на Градска куќа, за која беа понудени четири локации, од кои плоштадот е избран како најповолна. Годинава обврската за изградба на Градската куќа ја презеде државата, односно Министерството за култура.


Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Nov-2007 at 19:15
Кој може да саботира ако не нашата омилена очајна домакинка! BashBashBash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Nov-2007 at 19:25
И од едноставни работи на крај прават каша... Unhappy


Ние тука на форумов изгледаме како крајно негативно настроени спрема се, зашто 95% од нашите коментари се негативни, песимистички и сл. Ама за жал не е до нас туку проблемот е што реалните состојби се навистина такви.

Ohno


Edited by Cloverstack - 20-Nov-2007 at 19:26
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Nov-2007 at 09:36

Мене само не ми е јасна комбинацијава. Фактички искача дека Аларова блокира владин проект???

Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Nov-2007 at 09:53
Те буни тоа што за време на изборите зад неа стоеше ВМРО или?

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Nov-2007 at 09:59
Originally posted by gotsomekicks

Те буни тоа што за време на изборите зад неа стоеше ВМРО или?

 
па не е само за изборите и понатака горе доле она иде во линија со нивните проекти. Ете прикаската со облакодерите ти е типичен пример.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Nov-2007 at 11:46
Izgleda treba da ja 'snema' Alarova, zaedno so Trifun da gi pratat negde vo Mongolija.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Nov-2007 at 12:10
Originally posted by pbanks

Мене само не ми е јасна комбинацијава. Фактички искача дека Аларова блокира владин проект???




И мене ова ме буни... Едино што ми паѓа на памет е дека можеби владата тактизира околу проектов, па Аларова е одличен избор да купува време додека они се заебаваат.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Nov-2007 at 15:55
Мене по се ми изгледа дека ја фатиле нејзе на пик. Ми делува она срчкана со ДПМНЕ нешто, и по аферата со становите, и што и ги одзедоа ингеренциите. Нели се обвинуваа јавно околу кафичите на кеј?

У секој случај ако некој би сакал да лета од политичата сцена тоа е Аларова. Неможам да ја поднесам... ми се превртува стомаков кога ќе ја видам на вести. Puke
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Dec-2007 at 19:24
Еве дел од проектите за градска куќа во Скопје од последниве 5 децении за кои стана збор погоре во нишкава. Не ми работи нешто скенеров па ги сликав од последното издание на Порта 3, кој сака да ги види поубаво може да си купи но во принцип тоа е тоа.






Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Dec-2007 at 20:18
pbanks, сликиве ти се од Порта 3?

Музеј на град Скопје е добро место за градска куќа, ама се плашам што би направиле после со плацот на плоштадот. Највероватно би го усрале како секое друго атрактивно земјиште во Скопје. Македонска опера и балет..ви текнува?

BTW, Виктор Михајлов, не беше тој истиот што ја проектираше Македонската Филхармонија?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Dec-2007 at 21:18
Originally posted by La Linea

pbanks, сликиве ти се од Порта 3?

Музеј на град Скопје е добро место за градска куќа, ама се плашам што би направиле после со плацот на плоштадот. Највероватно би го усрале како секое друго атрактивно земјиште во Скопје. Македонска опера и балет..ви текнува?

BTW, Виктор Михајлов, не беше тој истиот што ја проектираше Македонската Филхармонија?


Да сликите се од Порта 3. И мене не ми е лоша идејата со Музеј на град Скопје но стои опасноста за плоштадот. Е сега не сум одушевен ни со реконструкцијата на офицерски дом (посебно во онаа форма како што победи на конкурсот) но сепак мислам дека тоа е нужно зло со цел конечно да се ослободиме од тие духови од минатото  (Старо Скопје, бла бла) и да се свртиме кон нешто помодерно. И да се реализира градска куќа на плоштадот остануваат уште 2 објекта да го додефинираат тој простор така да сеуште ќе има опасност да се заебе. Но сепак градската куќа (т.е. предвидената локација) има спрема мене најголемо значење пошто ги дефинира и плоштадот но и дел од кејот така да таму не смее да има импровизации.

Виктор Михајлов е тој што велиш. Во последниве неколку години има успех со повеќе проекти колку што јас ги следам тие работи. Неговото решение е избрано и за новата зграда на Турскиот театар во Скопје (многу убав објект незнам дали си го видел кој за жал новото раководство го блокира) а мислам дека доби прва награда скоро и во Белград за нова зграда на операта или нешто слично. Ете тука се и Македонската филхармонија и проектов за Градска куќа


Edited by pbanks - 05-Dec-2007 at 21:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11993
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Dec-2007 at 21:34
Јас лично сум против обнова на старата железничка. Да не забегуваме со обновите, тееатарот и офицерскиот се мислам доволно. Од друга страна рушевината на старата железничка прерасна во симбол на земјотресот па и градот и мислам дека е најдобро да ја зачуваме во ваква форма. Би било добро за туристите и за имиџот на градот таму да се постават големи паноа со историјата на објектот и фотографии од пред 1963. Има секакви луѓе, некои можат да помислат дека тоа е така оставено зашто сме сиромашна држава Roll%20eyes

Што се однесува до плоштадот, мене повеќе ме плаши што ќе насадат кај старата банка отколку тие два објекти што недостасуваат од страната на офицерски. Просторот кај банката е мал и специфичен, а поосетлив. За жал таму веќе се почнати матни игри.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Dec-2007 at 22:08


нема да биде страшно ни да се обнови стара железничка, повторно може да остане симбол (застанатиот саат е најголемиот симбол во цела таа работа). Во принцип не ми смета ни ваква но треба да се среди доста посебно содржински. Сум бил неколку пати внатре. Незнам може имаат одлични материјали по магацините и подрумите но поставките се прилично јадни за град ко Скопје. Е сега за да се направи поставка ко што треба не сум сигурен дали тој простор е доволен. Реконструкцијата би решила уште една работа (евентуално во пакет). "Трговскиот" стара железничка. Ми текнува кога го градеа бев дете и тогаш ми изгледаше многу добро посебно нафрлените вагони. Но реално тој простор IMO не е прикладен за центар на Скопје и треба да го снема посебно со оглед на плановите кои евентуално ќе се реализираат од другата страна на булеварот (Хотелот и проектот на Equest дали ќе биде трговски или деловен незнам).

Но џабе збориме тој проект не верувам дека ќе се реализира, посебно не за градска куќа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Dec-2008 at 05:02
Јас просто неможам да поверувам дека некој е способен на ваков потег! Поддржка за тоа што се обновува сакалата, меѓутоа нека го остаат тој мебел на страна којшто стои 40 години негибнат у Битола! Тој мебел ако е од значење за администрацијата на Скопје и нека го очуваат ќе биде и градската куќа за некоја година па ќе го постават. Што мора сега да се спика у баракиве кога толку време не го спикале?! Вака сега толку години седел на страна и сега ќе проскиснува тамо во тие бараките, зашто?! Зашто на некој му треба публицитет! Срамота!
Салата на Советот на Скопје ќе се поднови со стар мебел

Ќе се врати мебелот што бил дел од салата пред земјотресот, а досега се чувал во магацин во Битола

Салата на Советот на Градот Скопје ќе биде подновена со стар мебел. Во моментов во тек е реконструкција на просторијата во која се одржуваат седниците на Советот, каде што се поставуваат инсталации за користење на службените лаптопи кои неодамна ги добија советниците. Истовремено, во салата ќе бидат направени и некои промени на подот, кој ќе биде закосен како во амфитеатар, а ќе се врати и стариот мебел од пред земјотресот. Стариот мебел повеќе од 40 години бил чуван во магацини во Битола, се' додека пред извесно време не било одлучено да се врати во Скопје.

Во Градот Скопје велат дека размислувале дали да се купува нов модернистички мебел за реконструираната сала. Сепак, на крајот било одлучено да се врати стариот мебел. За реставрацијата на столчињата и говорницата, како и за градежните работи во бараката на Советот, градските власти ќе платат 2,6 милиони денари.

За ретро изгледот на салата за седници, која прв пат ќе биде отворена на првата седница идната година, ќе придонесат некогашните фотелји на расклопување со своја клупа. Како говорница ќе се користи оригиналниот пулт од дрворез на кој стои грбот на град Скопје.

„Градот Скопје пред неколку дена започна со реконструкција на големата сала на Советот на Град Скопје, којашто се прави во вид на мини- амфитеатар. Мебелот што бил дел од салата на Градското собрание пред земјотресот е даден на репарација и тој ќе биде поставен во обновената сала“, информираат во Одделението за односи со јавноста.

Оттаму велат дека се очекува градежниот зафат да заврши кон средината на идниот месец.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9A6291AA1DF18746AA95FB063BA1E8E1

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Nov-2009 at 01:47

Ќе има ли Градот две градски куќи

Освен на плоштадот, предвидено е да се гради и втора градска куќа, на се' уште непозната локација, која би служела за прием на странски гости и делегации

Градските власти, кои со години останаа во трулите бараки на „Илинденска“, размислуваат за изградба на уште еден објект со намена за градска куќа, покрај оној што е предвиден на плоштадот Македонија, на местото на некогашниот Офицерски дом. Иако пред неколку месеци од изјавите на Градот се доби впечаток дека ќе бараат сосема нова локација за преселба на целокупната градска администрација, од последните информации е јасно дека за потребите на Градот ќе се градат две различни згради. Едната на местото на стариот Офицерски дом, а за другата допрва ќе се бара локација и ќе се распише конкурс за идејно решение.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, повторно не беше прецизен во објаснувањата кој се' ќе биде сместен во градската куќа на плоштадот, а кој во вториот објект. Според неговите претходни објаснувања, замислата е вториот објект да служи како резиденцијален дел, каде што би се примале странски гости и делегации. Не е јасно дали во тие простории ќе заврши и дел од градската администрација. Трајановски објасни дека по изготвувањето на проектот ќе се знае каде ќе биде изградена новата зграда.

- Размислуваме за локација - изјави тој.

Во Министерството за транспорт и врски немаат информации дека Градот има потреба од дополнителна локација.

- До Министерството не е пристигнато барање од Градот Скопје за доделување локација за изградба на градска куќа - изјавија од Службата за односи со јавност.

За изработка на проектот за резиденцијалниот дел во Предлог-буџетот на Градот за 2010 година се предвидени четири милиони денари, односно околу 60.000 евра.

Проектот за градска куќа на плоштадот е од 2007 година, кога Министерството за култура распиша конкурс за идејно решение. Првата награда ја доби архитектот Коста Мангаровски. Проектот беше и на доработка кај авторот, со објаснување дека „предлогот не соодветствувал доволно со намената што треба да ја има објектот, како седиште на градските власти“. Според финалниот проект, задржана е целата архитектура на Офицерскиот дом, со таа разлика што горе има стаклена купола.

Од Министерството за култура потврдуваат дека на плоштадот ќе има градска куќа, но веќе две години не кажуваат кој ќе ја финансира изградбата. Кажуваат дека проектот се' уште е на доработка, овој пат во Министерството за транспорт и врски.

Од Транспорт објаснуваат дека доработката подразбира во комплексот на плоштадот наречен „Градска куќа“, да се вклопи и хотел со пет ѕвезди.

- По распишаниот конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за изградба на хотел на плоштадот, комисијата одлучи на три анонимни понуди да им биде доставено барање за откуп. Од нив е избрана една анонимна понуда за изготвување на идејното решение - изјавија од Министерството.

Оттаму објаснуваат дека работата околу изградбата на комплексот е пролонгирана бидејќи дел од земјиштето на плоштадот е приватно, односно денационализирано. Министерството планира да го продаде земјиштето на јавно наддавање, во соработка со приватните сопственици, во согласност со Законот за облигационите односи и со Законот за градењето.

- Според детаљниот урбанистички план за Малиот ринг, на плоштадот во рамките на шест парцели е предвидена изградба на комплекс во чии рамки има хотел и градска куќа - изјавија од Министерството за транспорт и врски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5DD74D444F639F44A15D1BC3E6C80B28

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Nov-2009 at 01:50
Ваљда не мислат дека сме до толку наивни и ќе поверуваме дека ќе се направат две градски куќи. Неможат една да направат, а не па две! Јасно е дека се кокетира со земјиштето, пробни балони. Сепак, не викам, дека не би сакал градот да обие два такви објекта. Како на пример стара железничка и офицерскиот, иако со оглед на тоа што се работи за плоштад повеќе прилега градската управа да биде централно поставена.

Јас дури би направил и еден експеримент што сега ми дојде на памет, незнам колку е изводлив, но мислам дека треба во тие/таа идна/идни градска/и куќа/и да има канцеларии сите општини од градот Скопје како би можела да се врши поголема координација на проекти, сепак е ова еден град и е компактна средина.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.764 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.