build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Шар Планина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dUKANnn View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Feb-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dUKANnn Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 09-Oct-2018 at 12:15
Back to Top
dUKANnn View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Feb-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dUKANnn Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 10-Oct-2018 at 08:44


Back to Top
dUKANnn View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Feb-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dUKANnn Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 10-Oct-2018 at 08:46
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 10-Oct-2018 at 08:56
Рајска убавина Cheers
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 05-May-2020 at 16:42
Владата прифати Шар Планина да се прогласи за Национален парк

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации.

(...)

https://meta.mk/vladata-prifati-shar-planina-da-se-proglasi-za-naczionalen-park/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 05-May-2020 at 20:47
Originally posted by Staro Skopje

Владата прифати Шар Планина да се прогласи за Национален парк

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации.

(...)

https://meta.mk/vladata-prifati-shar-planina-da-se-proglasi-za-naczionalen-park/

Конечно се нафати некоја влада да направи нешто во насока на прогласување на Шар Планина во Национален парк. Прашање е уште колку ќе трае целата процедура и дали е веќе касно со оглед на тоа колку го уништуваа регионот сите години наназад.

Крајно време е да се послушаат и барањата на жителите и еколозите за прогласување на Јабланица за Национален парк. Албанскиот дел од Јабланица е прогласен за парк веќе 12 години.

Оваа вест од Старо Скопје можеби е подобро да се префрли во темата за Шар Планина за да не се изгуби овде во Разно.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 06-May-2020 at 16:47
Поднаучил македонски и албански министерот.
До крајот на септември Шара формално ќе се прогласи за национален парк.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 07-May-2020 at 21:27
Извадок од кратко интервју со Насер Нуредини на мета.мк

Откако во јавноста беше поздравена како добро завршена работа, испадна дека процесот на прогласување на Шар Планина за национален парк сѐ уште не е завршен. Кога се очекува да биде и официјалното прогласување? Вашата најава дека повторно ќе се консултира локалното население наликува на завлечкување на целиот процес.

– Точно, процесот не е завршен, постои законска процедура која му претходи на конечното прогласување од страна на Владата, но она што е за нас од големо значење е дека Владата прифати дека Шар Планина поседува значајни природни вредности и дека има потреба од нејзина заштита и сега нема веќе назад. Сега следи спроведување дијалог со локалните жители, општините, економските ентитети и други инволвирани страни за да се најдат заеднички основи за тоа како за сите најдобро да ќе функционира статусот на Шар Планина како национален парк, но јас сум оптимист дека, и покрај ситуацијата со Ковид-19, овој процес ќе се заврши успешно до крајот на септември.

Но, локалното население и општините веќе беа консултирани околу темата во текот на подготовките за прогласувањето на Шара за национален парк, зошто повторно? Има одредено разочарување во јавноста која отпрвин се израдува дека работата е готова.

– Тоа го бара законот, а се уште има и отворени прашања, но јас сум уверен дека тие ќе се разрешат бидејќи треба сите да разберат дека прогласувањето на Шар планина за национален парк не значи за нив рестрикции во нивното секојдневие туку ќе значи контролирани и планирани активности и користење на природните ресурси на одржлив начин.

Жителите на село Бродец на Шара неодамна не контактираа бидејќи им било најавено дека ќе почне изградба на мала хидроцентрала до нивното село, за која тие тврдат дека ќе им ја земе целата вода за наводнување. Во тој реон има вкупно 8 мали ХЕЦ. Како ваквите проекти, кои веќе направија доста штета на природните предели на Шара ќе се вклопат во идниот национален парк?

– Околу ваквите проекти кои добиле одобрение од претходните власти или кои не се наоѓаат во зоните каде е предвидена строга заштита нема многу што да се стори во овој момент. Но, треба да се напомене дека пред почетокот на градбата на овие мали хидроцентрали локалната самоуправа, во случајов тоа е Општина Тетово имала обврска да го консултира локалното население кое е засегнато со изградбата и претпоставувам дека тие тоа го направиле. Сакам да напоменам дека онаму каде се појавила колизија помеѓу интересите на локалните жители и на конкретните инвеститори ние сме седнале со нив тоа да го продискутираме. Еден таков случај веќе имавме и откако продискутиравме со инвеститорот, тој разбра дека е поголем бенефитот за сите ако се откаже од изградбата отколку да продолжи, но, генерално, во такви случаи треба да се седне и да се види, доколку веќе има отпочната градба, како да се намалат направените трошоци или како да се компензира.

Која би била, тогаш, Вашата порака до жителите на Бродец?

– Мојата порака до нив би била- Ве молам да ја контактирате вашата општина доколку постои проблем или не е запазена процедурата бидејќи таа треба да ги застапува вашите интереси, а ако општината процени дека има проблем, би требало да не контактира нас.

https://meta.mk/nuredini-nema-nazad-shar-planina-kje-stane-naczionalen-park/

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 07-May-2020 at 21:50
Време е хидроцентралите да ги оставиме зад нас; чекор понапред би бил Владата целосно да забрани изградба на нови ХЦ, мали или големи.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ThatKind View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ThatKind Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 12-May-2020 at 16:38
Здраво. Би сакала да ве прашам дали може до Лешница да се оди со кола? Или каде може да ја оставиме колата и колку имаме за качување плус ?

Фала ви однапред
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 13-May-2020 at 00:54
Што Живо Било Таму Во Еоцен ... за абери во оваа епоха наиубо ѕирнете за абер кај планинарските водичи на Цар Планина ... интересно знае ли некој колку Шара може да се скитка без Водич апансаз дали има потенцијални склет места каде дивосечачи рулз ко во Октиси скоро, или пак останати рецидиви од мински ливаѓе дали од ww2 или 2001-ва, Далмација пример и ден денес не е препорачливо на своја рака да залутуе по планиње Чоек, иако чинам ни од блиску тука нема ризик ко што има таму, но никако да чујам официјално инфо никаде дека рашетуење на своја рака е нормал, навистина штета е само на водопадиве или по врвоите да се оит, камо кампинг со Пеперутки камо оросуење со Рисои или ручавање со Мечки ...
Originally posted by Max

Најпознат и најголем водопад е тој на Беловишка река кој има пад од 43м. Втор е Кривошискиот водопад кај Лешница со пад од 25м.
 
http://sharamountainguide.com.mk/ponudi/lesni/krivosiski%20vodopad/krivosiski%20vodopad.html



http://mk.wikipedia.org/wiki/Беловишка_Река

http://sharamountainguide.com.mk/ponudi/lesni/belojski%20vodopad/belosjki%20vodopad.html

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 30-Jun-2020 at 18:43
Sharr Mountains by ironm, on Flickr

Sharr Mountains by ironm, on Flickr

Sharr Mountains by ironm, on Flickr

Sharr Mountains by ironm, on Flickr

Sharr Mountains by ironm, on Flickr

Sharr Mountains by ironm, on Flickr
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Jul-2020 at 11:49
Ќе се води битка за зоните на националниот парк „Шар Планина“

Неизвесност и информативен мрак го мачи населението што живее во пазувите на Шар Планина, за којашто е во тек постапката за прогласување за национален парк. Тоа го покажа теренското истражување на екипата на Институтот за комуникациски студии, спроведено со цел да ги детектира проблемите на жителите од селата коишто лежат на падините од македонската и од косовската страна на Шара. За да го „осветлиме“ овој процес, разговаравме и со научници, со претставници на невладини организации, на Владата, со туристички работници и со инвеститори. Нашите наоди покажуваат дека постои опасност границите на идниот национален парк предложени од научната фела да се менуваат за да се задоволат нечии бизнис-интереси.


Во рамките на Студијата за валоризација на НП „Шар Планина“ предложени и дефинирани се четири зони. Најголема површина (230 km2) зафаќа зоната за активно управување, а најмала заштитниот појас (1 km2). Зоната за одржливо искористување зафаќа површина од 136 km2, или 25,1 %.

Поради промената на традиционалниот начин на живеење во регионот и, воопшто, растечката сиромаштија и политичката нестабилност, природните вредности на Шар Планина се под силно влијание на човечкиот фактор. Тоа предизвикува појава на многубројни закани што можат да доведат до деградација и уништување на сите природни вредности. Меѓу нив превладуваат нерегулираната урбанизација и инфраструктура (отворање патишта, викенд-куќи, угостителски објекти итн.), илегалната сеча, непромисленото искористување на водните ресурси (особено за добивање електрична енергија), прекумерното искористување на одделни медицински и ароматични растенија и неконтролираниот лов.



(...)

doma.edu.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6853
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 26-Jul-2020 at 14:48
Националниот парк не го заштити косовскиот дел од Шара



https://doma.edu.mk/ekosistem/465-nacionalniot-park-ne-go-zashtiti-kosovskiot-del-od-shara
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6853
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 26-Jul-2020 at 14:49
Национален парк Шара - нов туристички бренд на Македонија



https://doma.edu.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6853
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 26-Jul-2020 at 14:51
Со прав рецепт Шара може да стане Швајцарија за младите генерации



https://doma.edu.mk/ekosistem/463-so-prav-recept-shara-mozhe-da-stane-shvajcarija-za-mladite-generacii

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6853
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 10-Aug-2020 at 10:06
Се „соголува“ Шар Планина – шумската полиција не може да се справи со нелегалната сеча, нема доволно кадар



https://tv21.tv/mk/se-sogoluva-shar-planina-shumskata-politsija-ne-mozhe-da-se-spravi-so-nelegalnata-secha-nema-dovolno-kadar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6853
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 22-Sep-2020 at 07:02
ШАР ПЛАНИНА- ДЕПОНИЈА НАМЕСТО НАЦИОНАЛЕН ПАРКСАМИ ГО УНИШТУВАМЕ ДАРОТ ОД ПРИРОДАТА



https://tv21.tv/mk/shar-planina-deponija-namesto-natsionalen-park-sami-si-go-unishtuvame-darot-od-prirodata/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.