build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Шар Планина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 01-Jul-2021 at 07:24
И што значи тоа?
Гледајќи што се случува во Маврово очигледно ништо не значи.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 01-Jul-2021 at 16:07
Планинарскиот дом на Љуботен неодамна е обновен, а додадени се и неколку бунгалови за преспивање (малите куќички десно):



За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 01-Jul-2021 at 17:13
Исцртан е националниот парк на ОСМ и може да се разгледа таму границата.

Како и за се во државата треба реформа на управувањето со национални паркови, а тоа значи осмислување приходи за нив, а не да зависат од продажба на сеча на дрва.

Во Маврово е комбинирањето на паркот, заедно со непланското однесување на општината.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1771
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 01-Jul-2021 at 17:26
ОСМ ??
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 01-Jul-2021 at 17:28

Open Street Map

Не ми се вклучила латиницата за да пишам OSM (може ќе беше појасно).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15050
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 16-Aug-2021 at 10:41
Шар планина национален парк со отпад – Нуредини: Владата, општините и претпријатието треба да го исчистат



Локалните избори кои веќе се објавени за на 17 октомври ќе го оневозможат функционирањето на претпријатието кое ќе управува со националниот парк Шар планина. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, посочува дека веќе се издвоени 100 илјади евра со цел претпријатието да функционира нормално и да има внатрешна организација.

„Ние како министерство имаме 100 илјади евра фондови за првата година за функционирање на претпријатието, Ибрахим Дехари е избран за директор и потоа ќе создадеме внатрешна систематизација за администрацијата, финансиите и исто времено имаме договор со Министерството за земјоделство ние да земеме 30% од вработените кои се во Тетово и Гостивар и тие да се преквалификуваат, но ова е само почеток. Идејата е во Шар планина да се отворат многу можности за економски развој на регионот“, вели Насер Нуредини.

Според Нуредини, сега е обврска на Претпријатието, општините и Владата да ја поправат инфраструктурата на селата, со цел да наликува на вистински национален парк.

„Многу добро го разбирам прашањето дека сте загрижени бидејќи за жал има многу отпад во Шара, но тоа нè обврзува како држава, општините и новото претпријатие да ги исчистиме и да ја средиме инфраструктурата во сите населени места кои се во Шар Планина и да создадеме национален парк како што се Маврово, Пелистер и Галичник“, посочи Нуредини.

Многу жители на селата во подножјето на Шара реагираа дека прогласувањето за национален парк, според нив, ќе им го ограничи движењето и нема да можат да ги работат ниту своите земјишта што се над селата каде живеат. Но, од Министерството велат дека тие ќе имаат само корист и нема да им бидат ограничено движењето.

https://mk.tv21.tv/shar-planina-natsionalen-park-so-otpad-nuredini-vladata-opshtinite-i-pretprijatieto-treba-da-go-ischistat/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.