build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Деловни објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7055
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Apr-2011 at 23:38
сите објекти во градов си се приказна за себе и си имаат свој лик по кој се познати, зошто да го менуваме тоа?
зарем не разбирате дека се што им е потребно на објектите во стил на МТВ, Кјуби, НБРМ и други е менување на стаклата, темелно чистење и реновирање на фасада и можни мали промени поради модернизација, се друго ќе биде излишно
но сепак, не се противам многу на промени
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 27-Apr-2011 at 01:05
Лупо, што подразбираш точно под „неофицијална информација“? Кажи попрецизно што допрело до тебе.

Инаку сметам дека зградата на QBE е апсолутно прекрасна и е еден од најмаркантните објекти во Скопје, се разбира во позитивна смисла. Муабетот на релација барок-модернизам во контекст на оваа зграда искрено не го разбирам и не знам како овој објект влезе во тој калап и како и овде стигнавме до обвинувања од типот „ништо не ви чини“, ниту пак кога ќе ја прочитам таа изјава ми е јасно кон кого точно е упатена... замислени непријатели?!?

Се што и треба на зградата е освежување на прозорите, без експерименти и без коренито менување на изгледот. Не велам дека нема да биде прекрасна и целата во стакло (тоа целосно зависи од конкретниот проект, може да биде и ремек дело), но не ја гледам потребата за тоа. И се сложувам со alexgizh, зградата има многу силен идентитет, и лично не сум премногу лагоден околу таква идеја за целосно нов изглед. Се работи за приватен инвеститор кој може да прави што сака, но мое мислење е дека би било сувишно се освен шминка и редовно одржување.



Originally posted by krale

МРТВ плаче за еден барок.
  Suicide
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 27-Apr-2011 at 14:36
Originally posted by Cloverstack

Лупо, што подразбираш точно под „неофицијална информација“? Кажи попрецизно што допрело до тебе.

Инаку сметам дека зградата на QBE е апсолутно прекрасна и е еден од најмаркантните објекти во Скопје, се разбира во позитивна смисла. Муабетот на релација барок-модернизам во контекст на оваа зграда искрено не го разбирам и не знам како овој објект влезе во тој калап и како и овде стигнавме до обвинувања од типот „ништо не ви чини“, ниту пак кога ќе ја прочитам таа изјава ми е јасно кон кого точно е упатена... замислени непријатели?!?


Она што го дознав јас дека самата фирма одлучила да си ја модернизира зградата, прво никаков барок не спомнав и незнам од каде го ископавте тоа, зградата ке биде многу модерна и во стакло и за тоа е скапо платено, а архитектите мислам дека биле тие на Спомен куќата на Тоше во Крушево што ја дизајнирале, аирлија им тргна на архитективе, нека им е вака на сите архитекти и иваа гранка да види бел ден.
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11859
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 27-Apr-2011 at 14:45
Originally posted by lupo

прво никаков барок не спомнав и незнам од каде го ископавте тоа, зградата ке биде многу модерна
Не си ме разбрал, баш и јас се чудев зошто воопшто „барокот“ како поим мораше да биде вмешан и во оваа дискусија, а не дека зградата ќе била во „барок“. Алудирав на ова:
Originally posted by lupo

Ајде ајде сега, кога е барокот пекате по модерно, сега кога се преправа во модерно, ке се изгубел идентитетот
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 151
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 27-Jun-2011 at 00:59

Постар Деловен Објкет во центарот на Битола Пелагонка 2

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 27-Jun-2011 at 01:09
Пелагонка 2 или "Стара Болница"..  


Edited by Danielbtmk - 27-Jun-2011 at 01:10
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 27-Jun-2011 at 06:59
Стара болница е областа, а не објектот. Објектот на библиотеката погоре е старата болница
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Jul-2011 at 19:06
Vo centarot na gradot Kicevo

Ovaj objet e istotaka vo centarot na gradot

Ova strana na objektot mnogu mi se dopagjaCheers


Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Aug-2011 at 22:55
30-50% ОД ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР НЕИСКОРИСТЕН!

Инвеститорите најавуваат нови објекти во Скопје поради зголемената побарувачка на деловни простории, а агенциите ги демантираат со тврдење дека објектите се полупразни, а побарувачката мизерна


За две до три години во Скопје ќе има повеќе од 20 деловни трговски објекти затоа што трендот за нивна изградба кој интензивно почна во последните неколку години, продолжува и понатаму. Бизнисот со изнајмување деловни објекти има иднина, потврдуваат сите инвеститори кои ги консултираше “Капитал“. Тврдат дека се уште има простор за нови деловни квадрати поради недоволната, и по квантитет и по квалитет, понуда на бизнис-простор наспроти растечката побарувачка. Агенциите за недвижности, кои изнајмуваат деловен простор, пак со поинаква слика. Велат побарувачка нема, цените паѓаат, а искористеноста е далеку од таа што ја прикажуваат инвеститорите.

Откако пред пет години почна изградбата на, денеска веќе познатите бизнис-центри, Соравија и Хипериум, во центарот на Скопје никнаа и Кубус, Граве, Ера Сити, Сан Марко, Бизнис-центарот Меги, Сити Галери...
Освен деловно-администртивни објекти, во Скопје се очекува зголемена понуда на деловно-трговски простор и од страна на инвеститорите на катни гаражи, кои исто така во последниот период никнуваат како печурки, а нудат деловен простор за изнајмување. Очекуваната зголемена понуда на деловен простор го наметнува и прашањето, дали е можна стагнација на цените за изнајмување. Според агенциите за недвижности, цените се движат меѓу 10 и 20 евра по метар квадратен во зависност од квадратурата на деловниот простор и локацијата.

Васко Давитковски, менаџер во Соравија, сепак тврди дека овој пазар има иднина во Македонија, бидејќи побарувачката уште не го достигнала својот полн капацитет.
“Деловниот простор во Соравија е исполнет со 70% од неговиот капацитет, а дел од закупците се Вип оператор, Капитал банка, Евроинс, КПМГ, ИФЦ, Сони, Страбаг и други. Важно е да се напомене дека понудата се повеќе го зголемува капацитетот, но и квалитетот на деловните простории. Во периодот кога се градеше центарот Соравија, во Скопје само околу 10% од деловниот простор можеше да се класифицира како А класа, а три години подоцна тој процент е значително зголемен со изградба на нови софистицирани објекти. Тоа значи дека и други компании направиле проценка дека побарувачката за таков простор ќе се зголеми и се одлучиле да влезат во инвестиција“, вели Давитковски, и додава дека и банките кои ги поддржуваат ваквите скапи проекти исто така вршат проценки за нивната економска исплатливост.

Мира Георгиевска, претседател на Здружението на сопственици на деловниот објект Луна корпорација, лоциран на аголот спроти соборниот храм, вели дека и во овој објект речиси нема слободен простор за изнајмување.
“Станува збор за простор од 2.600 метри квадратни од кои речиси 70% се издадени. Останатиот дел го имаат купено странци во чија сопственост е објектот, но немаат интерес да го издаваат“, додава Георгиевска.
Речиси максимална искористеност на деловниот простор има и во бизнис-центарот Хипериум, чиј инвеститор е австриската Хипо алпе адриа лизинг, кој нуди канцелариски простор, конгресен центар, како и ресторан со кетеринг услуги.

“Од нето-корисна површина од 6.000 метри квадратни, искористеноста е дури 95%. Станува збор за закупци кои се реномирани интернационални компании. Тие имаат долгорочни договори за закуп со траење од 5 и повеќе години. Со сигурност можеме да кажеме дека квалитетот на бизнис-центарот Хипериум и во иднина ќе придонесе да биде исполнет целосниот капацитет на зградата“, велат во Хипериум.
Слична е состојбата и во новоизградениот објект на градежната компанија Кубус, на булеварот Партизанска, која веќе има склучено договори за изнајмување на деловен простор.

“Исто како и за купување простор, така и за изнајмување навистина е важно објектот да биде изграден во завршна фаза да биде со имотен лист. Тие што изнајмуваат за подолг период, на пример, за 5,6 години, подоцна сакаат и истиот да го купат. Договорите со долгорочните закупци и купците се во завршна фаза за првата зграда на Кубус, додека за другиот објект кој се уште ни е во фаза на изградба имаме само заинтересирани, но немаме дефинитивни договори. Во првиот објект повеќе од 50% од просторот веќе е изнајмен, но има простор и за купување“, вели Златко Тодоров, директор на Кубус.

АГЕНЦИИТЕ ГИ ДЕМАНТИРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ

И додека инвеститорите се фалат за рекордна изнајменост на нивните деловни простории, агенциите за недвижности тврдат дека пола од бизнис-центрите зјаат празни, цените се преценети, а условите на пазарот сменети.
“Секогаш цените во ново изграден објект се повисоки од цените на останатите деловни простории. Се тргнува со почетна цена од 20 евра за метар квадратен, за на крај да се спушти до 10 евра, па дури и 8 евра, само за да се издаде објектот. Факт е дека нема нови побарувања за деловен простор, а буџетите на компаниите се намалени. Ние пред некое време успеавме деловен простор од 1.200 метри квадратни да го земеме под наем за цена од 8 евра по метар квадратен“, вели Донка Филиповска од агенцијата Бастион.
Според неа, проблем е што инвеститорите не сакат да прифатат дека по економската криза условите на пазарот се променети и треба да ги намалат цените.
“Можеби пред две години овие цени за изнајмување биле реални, меѓутоа сега веќе не се. Пример е објектот Граве, кој повеќе од половина е празен, а се обидуваме да го издадеме повеќе од половина година“, додава Филиповска.

ВО ИГРА СЕ И КАТНИТЕ ГАРАЖИ

Освен деловно-административните објекти кои се специјално изградени за изнајмување или продавање на деловни простории, ваков тип услуга нудат и катните гаражи во кои, според законските прописи, е дозволено 35% од вкупната површина на објектот да биде од деловно-трговски карактер. Таква катна гаража, која е веќе во завршна фаза на изградба е гаражата на инвеститорот Импексел-2, лоцирана зад Универзална сала, во која се инвестирани три милиони евра. Неим Хусеини, сопственик на градежната компанија Импексел-2, вели дека од деловниот објект веќе се изнајмени 500 метри квадратни. Слична е состојбата и во Зебра, катната гаража во сопственост на градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, каде што приземјето е целосно издадено на закупци, додека дел од канцелариите се продадени.

http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/71966/30-50_od_delovniot_prostor_neiskoristen!.aspx?iId=2302
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 05-Dec-2011 at 18:29
Eve edna slika od pred 1 mesec od plasticarska..
Izgleda niknaa 3 novi objekti

A objektot (kraj desno) zaversi celosno so fasadata





Edited by my Macedonia - 05-Dec-2011 at 18:37
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3626
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Dec-2011 at 16:10

Ќе има ли кираџии за сите канцеларии и шопинг-центри?

Соња Јованова
Ќе%20има%20ли%20кираџии%20за%20сите%20канцеларии%20и%20шопинг-центри?

Деловни објекти никнуваат како печурки

Инвеститорите велат дека на Скопје се уште му фали квалитетен деловен простор, додека агенциите за недвижности, пак, предвидуваат пад на кириите поради заситеноста на пазарот

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
92.000 метри квадратни е површината на трговскиот деловен простор за изнајмување во Скопје
40.000метри квадратни нов канцелариски простор се изгради последниве 2-3 години во Скопје
20-40 eвра за метар квадратен чини изнајмување деловен простор во центарот на Скопје
9%е намалена цената на изнајмување деловен простор последнава година, според агенцијата Фортон МКА
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Белград има 100 метри квадратни модерен трговски простор на 1.000 жители, Софија има 140 метри квадратни на 1.000 жители, Загреб 500 метри квадратни, Будимпешта 1.150 метри квадратни, додека Скопје има само 50 метри квадратни продажен простор кој треба да ги задоволи побарувањата на домашните и интернационалните трговски синџири, велат во Балфин МК, инвеститори во Skopje City Mall, големиот трговски центар што се гради во скопската населба Карпош 4, вреден 80 милиони евра. Токму ова големо заостанување на Скопје во понудата на трговски простор од А класа според менаџментот на Балфин ја оправдува идејата за инвестирање во ваков сериозен проект, и покрај тоа што во метрополата последниве неколку години се изградија Рамстор, Соравија, Веро центарот, Сити галери, Зебра и уште неколку помали трговски центри. Уште еден голем трговски центар треба да се гради на местото на поранешната фабрика Алумина, инвестиција на израелската групација Газит Глоуб, но таму градежните работи бавно се движат, за што од компанијата не добивме официјално објаснување што е причината.

Во Скопје, според последната анализа на агенцијата Фортон МКА, вкупната површина на деловниот трговски простор изнесува повеќе од 92 илјади метри квадратни, а понудата допрва ќе расте, поради градбата на новите шопинг-центри.

„Реновирањето на центарот на градот е при крај, а тоа ќе ги ревитализира главните улици на кои се одвива најголем дел од продажбата во втората половина од 2011 година. Во 2012 година, на пазарот може да се очекува влез на значајни меѓународни брендови, како што се оние во рамки на групацијата Inditex, односно најавениот влез на трговската марка Zara, велат аналитичарите на Фортон МКА.

Нови 40 илјади метри квадратни канцелариски простор

Покрај новите трговски центри, во Скопје се изгради и доста нов канцелариски простор во објектите на Хипериум, Соравија, Граве, Сан Марко (којшто не профункционира поради активирината хипотека врз него), Гема, Меги, потоа неколкуте помали објекти близу Соборниот храм како Луна, Кубус и уште неколку во останатите населби. На новите канцелариски простори во Скопје проценетата површина е околу 40 илјади метри квадратни.

Освен деловно-административни објекти, во Скопје се очекува зголемена понуда на деловно-трговски простор и од страна на инвеститорите на катни гаражи, кои исто така во последниот период никнуваат како печурки, а нудат деловен простор за изнајмување. Според агенциите за недвижности, цените се движат меѓу 10 и 20 евра по метар квадратен во зависност од квадратурата на деловниот простор и локацијата. Повеќето инвеститори на завршените деловни објекти во Скопје велат дека просториите им се максимално искористени.

Во Хипериум, бизнис-центарот што го изгради Хипо алпе адриа лизинг велат дека во моментов клиенти им се 9 компании, мнозинството се меѓународни, кои вкупно искористуваат 93% од зградата.

За солидна искористеност на деловниот простор зборуваат и во австрискиот инвеститор Соравија, каде што искористеноста на капацитетот е повеќе од 70%.Таму закупци се интернационални компании како Вип, Капитал банка, Евроинс, КПМГ, ЕБРД, ИФЦ, Сони, Страбаг. Во Соравија сметаат дека пазарот на недвижности има иднина во Македонија, а понудата допрва ќе се зголемувала. “Во периодот кога се градеше центарот Соравија, во Скопје само околу 10% од деловниот простор можеше да се класифицира како А класа, а три години подоцна тој процент е значително зголемен со изградба на нови софистицирани објекти. Тоа значи дека и други компании напарвиле проценка дека побарувачката за таков простор ќе се зголеми и се одлучиле да влезат во таква инвестиција“, вели Питер Рот, генерален директор на Соравија-Македонија.

Агенциите велат: кириите за деловен простор ќе паѓаат!

Meѓутоа, не сите деловни центри во Скопје може да се пофалат со добра пополнетост на просторот за изнајмување. Агенциите за недвижности тврдат дека половина од бизнис-центрите зјаат празни, висината на кириите е преценета, а условите на пазарот сменети.“Секогаш цените во ново изграден објект се повисоки од цените на останатите деловни простории. Се тргнува со почетна цена од 20 евра за метар квадратен, за на крај да се спушти до 10 евра, па дури и 8 евра, само за да се издаде објектот. Факт е дека нема нови побарувања за деловен простор, а буџетите на компаниите се намалени. Ние пред некое време успеавме деловен простор од 1.200 метри квадратни да го земеме под наем за цена од 8 евра по метар квадратен“, вели Донка Филиповска од агенцијата Бастион. Според неа, проблем е што инвеститорите не сакат да прифатат дека по економската криза условите на пазарот се променети и треба да ги намалат цените.“Можеби пред две години овие цени за изнајмување биле реални, меѓутоа сега веќе не се. Пример е објектот Граве, кој повеќе од половина е празен, а се обидуваме да го издадеме повеќе од шест месеци“, додава Филиповска.

И Аналитичарите на Фортон МКА сметаат дека најатрактивните локации за деловен простор во Скопје сe уште држат високи цени за изнајмување, кои во просек се движат од 20 до 40 евра за метар квадратен. “Цените на атрактивните локации ќе останат стабилни цела година, сe додека не се испорача новиот продажен простор во 2012 година“, велат од Фортон МКА.

Аналитичарите од Фортон МКА како фактор кој ќе придонесе за намалување на цените на продажниот простор го посочуваат и проектот за изградба на облакодер во општината Аеродром, финансиран од турски инвеститори, кој на пазарот ќе понуди 40.000 метри квадратни продажен простор. Со влезот на францускиот синџир Mr. Bricolage, пак, кој е пандан на шведската Икеа, понудата на деловен малопродажен простор ќе се зголеми за 4.500 метри квадратни, се потенцира во анализата на Фортон МКА.

Цените на бизнис-канцелариите, според анализата на Фортон МКА, веќе се намалени за 9%. Или ако пред една година новите бизнис-канцеларии кои се изградија се издаваа за 20-25 евра за метар квадратен, сега тие се паднати на 15,5 евра. За просторот од класа А веќе се преговара за цени од 10 до 15 евра за метар квадратен, додека за просториите од класа Б цените на кириите одат од 7 до 12 евра.

 

Според Global Property Guide

Во Скопје е најисплатливо да се купува недвижен имот!

Интернет-порталот Business Insider, повикувајќи се на податоци од специјализираната интернет-страница за недвижности Global Property Guide, направи листа на градови во Европа каде што е најисплатливо да се купува недвижен имот. Скопје, е втор на листата, со годишен бруто-принос на инвестиција во недвижности од 7,38%, веднаш зад Будимпешта со стапка од 7,18%. Меѓутоа, приходите од изнајмување не се единствениот фактор за рангирањето, туку предвид се зема и колку регулативата е наклонета кон инвеститорите во недвижности, колкави се даноците на приход од изнајмување, каква е бизнис и политичката клима и сл. Скопје е оценет како пазар со високи приноси од изнајмувања, наклонет кон сопствениците на недвижности, со ниски трансакциски трошоци и умерени даноци на приход. Како лоши страни се наведени сериозните ограничувања во поглед на правото на купување недвижности и политичко-безбедносните ризици.

 

Нови шопинг-центри, канцеларии, но и хотели од светски брендови

Првиот Мериот во Скопје ќе се отвори во октомври 2013!

Првиот светски хотелски бренд во Македонија на групацијата Мериот ќе биде целосно изграден на локацијата на плоштад веднаш до објектот Сан Марко, за година ипол. Инвеститорот Александар Ивановски од фирмата Дивелоп груп која го гради хотелот, вели дека за една недела ќе почнат со градежни активности. Проценките се дека хотелот ќе биде целосно готов до октомври 2013 година, а во првата година од работењето, ќе оствари 48% искористеност на капацитетот, со можност за зголемување во третата година до 60%, што се смета за рентабилно работење.

“Она што е карактеристично во изградбата е дека многу се внимава на сигурносниот момент, на противпожарни скали и сл. Сите хотели на Мериот во светот се осигурани на 10 милиони долари штета за не дај боже ако се случи немил настан на гостин од хотелот. Во Мериот во Скопје ќе има 166 обични соби и апартмани и претседателски апартман, ќе има спа-центар и базен на 4 кат, ќе има неколку видови ресторани, пет митинг-соби со бизнис-центар. Најгоре ќе има ресторан со тераса во кој ќе доминира азиската кујна“, вели Ивановски.

Во моментот, Скопје располага со само три хотели со 5 ѕвезди, Арка, Стоун Бриџ и Александар Палас, во кои просечна цена за ноќевање е 120 евра. Мериот на светско ниво има 70% пополнетост на капацитетот и повеќе од 3,5 милиони гости кои имаат членска карта на хотелот.

http://www.time.mk/read/NONE/5d95e080eb/index.html

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 14-Dec-2011 at 17:45
конечно да видиме лопата со панделка и за Мериот

Edited by gjoko - 14-Dec-2011 at 17:46
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3742
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 27-Feb-2012 at 10:24
Спроти американската амбасада Во близина на университетот кај бит пазар
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3296
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 28-May-2012 at 18:04
Како се вика овој деловен објект што е сместен веднаш до комплексот „Македонија“ во Карпош:



Back to Top
Pallatino View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pallatino Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 12-Jul-2012 at 19:57

Случајно го видов ама незнаев каде да го постирам. Па ако е на погрешно место префрлете го.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 23-Jul-2012 at 19:27
од Срѓан Адамовиќ-македонска берза


Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 23-Jul-2012 at 20:13
koordinati ima za ovaj objekt ?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 23-Jul-2012 at 20:15


Ова е стар рендер кој се мотка на форумов барем 5 години, веројатно се работи за некое идејно решение, ништо повеќе. Локацијата никогаш не ја дознавме
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4684
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 23-Jul-2012 at 20:27
Мислам дека се работи за местото на палата Читкушееви... ако добро го напишав...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 23-Jul-2012 at 20:36
Originally posted by pbanks

Ова е стар рендер кој се мотка на форумов барем 5 години, веројатно се работи за некое идејно решение, ништо повеќе. Локацијата никогаш не ја дознавме



Јас ја дознав Се работи за предлог објект за Македонската Берза. Локацијата е на ќошот карши бензинската на Макпетрол кај Соборниот Храм.

http://wikimapia.org/#lat=41.999999&lon=21.4263504&z=19&l=0&m=b

Подоцна на оваа локација се изгради постојниот објект.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.