build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Apr-2012 at 16:51
Сутјеска доцни, плоштадот исто така


Четврток, 19 Април 2012 18:53

 






Реализацијата на неколку крупни инфраструктурни објекти доцни. Доцни речиси еден месец финализацијата на проектот Градски плоштад.

Договорот за неговата реализација беше потпишан на 17 ноември минатата година , а според договорот реконструкцијата на плоштадот треба да биде завршена за 4 месеци. Минува и петиот а плоштадот сеуште не е завршен.200-те метри од улицата “Сутјеска“ станаа синоним за тоа како не треба да се реконструира улица. Најпривин тендерот за реконструкција на улицата “Сутјеска“ го доби штипска градеѓна фирма.Откако виде колку е часот истата се откажа од реконструкцијата, и истата задача  и  припадна на второрангирата фирма “Стојменов“ од Кочани. Фирмата работеше некаде до почетокот на ноември , а потоа се` замре. Деновивне неофицијално дознаваме од кочански извори дека “Стојменов“ има сериозна намера да се откаже од натамошните активности за финализацијата на “Сутјеска“. Мотивацијата за ваквата одлука Ванчо Стојменов, сопственик на кочанската градежна фирма, ја имал во тоа што скокна цената на нафтата,а со тоа и на асфалтот, па  ако влезе во реализација , место добивка Стојменов ќе има зијан од работата на оваа штипска улица.Затоа сеуште по “Сутјеска“ граѓаните место по асфлат ќе газат по кал.Во Штип доцни и доведувањето во целосна сообраќајна кондиција на кружниот тек кај Базалт. Штип проект се вади со неработењето на асфалтната база на “Македонија пат во Штип.Состојбата во Македонија пат е лоша, без надежи дека асфалтната база ќе проработи.Во овој миг тоа значи неможност кружниот тек кај базалт да биде доведен во кооплетна сообраќајна и инфраструктурна кондиција. Тоа значи дека и натаму кружнио тек кај “Базалт“ ќе биде тест центар за амортизерите и другите елементи на автомобилите.Но покрај кружниот тек без асфалт ќе бидат и штипските улици кои се препоони со дупки од кои се кршѓат автомобилите. Нема асфалт нема крпење. Но, ако “Македонија пат“ не произведува асфалт во Македонија најверојатно има фирми кои прават асфалт.


http://www.radiostip.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3686:2012-04-19-17-55-18&catid=42:stip&Itemid=48


Edited by Makedonij - 20-Apr-2012 at 16:51
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 26-Apr-2012 at 16:34

Во мај ќе почнат да се градат платформите на коритото на Отиња во Штип

Изградбата на петте платформи и уредувањето на речното корито на штипската река Отиња стартуваат во мај. Бугарската фирма „Кибилд“, која го доби тендерот од Светска банка за проектот  „Уредување на речното корито и изградба на петте платформи над реката Отиња“ денеска одржа состанок со претставници од Општина Штип на кој ги договараа деталите за стартот на проектот. 
Александар Арсовски, координатор на проектот,  информира дека градежната фирма „Кибилд“ најпрвин ќе стартува со уредување на коритото на реката, која поминува низ централното градско подрачје.
“Согласно планот прво ќе следат ископите на земјените наноси во коритото на река Отиња, а крајна висина треба да се добие четири метри. Потоа ќе следи и санација на старите мостови по должината на реката. Ние како општина инсистираме прво да се изгради платформата на плоштадот „Слобода“, рече Арсовски.
Проектот чини околу 1.500.000 евра, обезбедени од кредит од Светска банка, со цел да се реши проблемот со сообраќајниот хаос и паркирање на возилата во централното градско подрачје.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/83357/vo_maj_kje_pochnat_da_se_gradat_platformite_na_koritoto_na_otinja_vo_shtip.aspx

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Jun-2012 at 18:11
Бугарски „Кибилд“ почна да го уредува коритото на Отиња
Среда, 30 Мај 2012 14:06

Бугарската фирма „Кибилд“ која го доби тендерот за уредување на коритото на река Отиња, по едномесечни подготвителни активности, од денес започна со градежните активности.

Првите градежни зафати требаше да започнат на делот кај коритото Отиња, спроти градскиот плоштад каде што од минатата недела веќе се преземени активности за обезбедување на подрачјето каде ќе се работи.

Но заради обезбедување на услови за работа, ископот започна на локација во Отиња спроти црквата Свети Никола. Целта е да се обезбеди непречен тек на водата, со што подоцна активностите ќе се орефрлат на горниот дел каде ќе сегради првата платформа. Таа ќе биде готова за околу 5 месеци и истата ќе биде веднаш спроти градскиот плоштад кој е во завршна фаза на реконструкција. Освен паркинг-платформите, ќе биде спуштенот нивото на реката, ќе бидат креирани пешачки патеки а ќе бидат поставени и канделабри и клупи.

На лице место беше и градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој изрази задоволство од стартот на градежните зафати со кои центарот на градот конечно по децении уништување конечно ќе добие вистински и модерен лик.

Бугарски „Кибилд“ во рок од 18 месеци треба да конструира пет паркинг платформи, да ги обнови основите на мостовите и да го спушти коритото на Отиња, вклучително и урбано уредување на целата површина во должина од околу 1 километар.

Kibild-korito-Otinja-30052012-3Kibild-korito-Otinja-30052012-4Kibild-korito-Otinja-30052012-5

http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1792-kibild-pocna-da-go-ureduva-koritoto-na-otinja

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 02-Sep-2012 at 22:11
ТЕМЕЛ НА ПРВАТА ПАЛТФОРМА ЗА ПАРКИНГ ВО ШТИП
Четврток, 30 Август 2012 13:40

temel_na_prvata_platforma-30082012-1


Градежната фирма „Кибилд“ од Бугарија која ги изведува градежните актѕивности за уредување на централното градско подрачје во Штип и конструкција на пет паркинг платформи на реката Отиња, денес го постави темелот за првата паркинг платформа лоцирана спроти градскиот плоштад.

По неколкумесечен ископ, „Кибилд“ почнува со конструкција на платформите. Заради изместување на дел од колекторскиот систем, работите паузираа, но изведувачот и градоначалникот на Штип напоменаа дека рокот за завршување на активностите од 18 месеци ќе биде испочитуван.

Во изминатите три месеци извршен е ископ на коритото на потегот од мостот кај гимназијата до камениот мост во должина од околу 200 метри, откако претходно долж целото корито од околу 1 километар беше спуштено нивото на водотекот за слободен пад и непречено течење на водата.

 

По денешното поставување на темелот ќе следи и конкретни зафати на првата платформа.

Ова е еден од најголемите проекти во Општина Штип во послендите 20 години. Како дел од проектот е и реконструкцијата на градскиот плоштад која заврши и кој најверојатно за десетина дена ќе биде ставен во функција. Реконструкцијата чинеше 300.000 евра, додека севкупно проектот се финансира со кредит од Светската банка во вредност од 2 милиони евра, рок на отплата од 10 години и 3 години грејс период.

temel_na_prvata_platforma-30082012-2 temel_na_prvata_platforma-30082012-3 temel_na_prvata_platforma-30082012-4




http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1921-2012-08-30-12-45-26
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 03-Sep-2012 at 01:32
Еве нешто од пред 15-тина дена


23ka.wordpress.com
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 03-Sep-2012 at 12:01
Од плоштадот

1.


2.

23ka.wordpress.com
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 04-Sep-2012 at 09:52
Мислам дека поприлично долго се влечкаат за завршување на градскиот плоштад во Штип. Гледајќи ја неговата големина, сметам дека требаше да биде завршен во покус временски рок.
Back to Top
Rosebud View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Rosebud Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 08-Sep-2012 at 20:49
Со која цел се спушта коритото на Отиња?

Во едно објаснување погоре стои „за слободен пад и непречено течење на водата“, ама пак и до сега водата си течеше, та и не дека се работи за некое рекиште.


Edited by Rosebud - 08-Sep-2012 at 20:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-Sep-2012 at 22:52


Богами тешко да се протолкува. Можеби поетот сакал да каже дека го воедначувале падот, а можеби едноставно се работи за случај „сакам кажам, не знам речам“  Big%20smile
Back to Top
Clint Eastwood View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Aug-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Clint Eastwood Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 08-Sep-2012 at 23:21
Најверојатно ќе прават каскади , е сега точно дека не е некое рекиште ама вода си е вода а каскадите се долготрајно решение против длабење на коритото .
no signature
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Oct-2012 at 13:40

Плоштадот не го помина техничкиот прием. ГП Бетон ќе треба да постапи по забелешките


Комисијата за технички прием на градскиот плоштад Слобода не е задоволна од квалитетот на реконструкцијата. Новиот сиво поплочен плоштад неофицијално денеска не го помина техничкиот прием.

Од Општината велат дека ќе го чекаат официјалниот записник, по кој ќе постапат, односно доколку и официјално не е извршен приемот изведувачот штипски Бетон ќе треба да ги поправи забелешките. И градоначалник пред две недели јасно потенцираше дека не е задоволен од она што го сработи оваа градежна компанија 

Тоа значи дека две официјални манифестации се одржуваат на плоштад за кој нема технички прием.


Izvor, TV Iris - Štip, http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/4955-2012-09-28-15-27-03



Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 03-Oct-2012 at 11:40
Ne daj boze patot da te navede vamu (taka izgleda od slikive).
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 03-Oct-2012 at 14:06
... Што доаѓа до мојата поента, и поентата на Скопје 2014. Извинете што ќе го споменам и споредам и тука СК2014 но, џабе правење плоштади и фонтани и клупи и триста чуда кога, погледнете ја само околината! Погледнете ги фасадите на објектите околу плоштадот. Мизерија.
Плоштадот го прави околината и фасадите околу неа, а не бетонските плочки по кои газиш. Колку и да го направат плоштадот убав и квалитетен, тој ќе остане грд поради грдата околина. Доколку истите пари се употребат на реконструкција на фасадите и целосна промена на нивниот лик, или рушење на истите и изградба на нови и пристојни, тогаш ќе може да збориме за убав плоштад. Значи да сумирам, доколку сакаат штипјани и било кој град убав плоштад и убава околина во својот град, треба да се потрудат да ги разубават своите фасади, а не да менуваат клупи и да ставаат нови бекатон плочки, тоа е само плус. Тоа е и целата поентата на СК2014 со менувањето и реконструкцијата на фасадите, затоа и ја поддржувам целосно.

Значи на плоштадов може да ги донесат и сместат сите фонтани и бетонски коцки, канделабри и незнам ти што, дирекно од Париз, тој пак ќе остане грд поради својата унаказена околина, односно подпросечниот изглед на фасадите на околните објекти.

Edited by HugoGoulding - 03-Oct-2012 at 14:11
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-Oct-2012 at 18:07
Да, тоа е поентата,од напред „лепота“ а од назад бетер Индија.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 03-Oct-2012 at 18:36
Да де, тебе сега ти текна дека се "бетер Индија"(што и да ти значи споредбава), претходно ти беа во ред.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Oct-2012 at 16:50

Втор технички прием на плоштадот. Овојпат присутни и претставници од ГП „Бетон“


Втор технички прием на градскиот плоштад Слобода. Координаторот на проектот Александар Арсовски вели дека овој пат биле сите присутни и претставници на градежната фирма Бетон, за која што минатиот пат комисијата имаше сериозни забелешки околу реконструкцијата на плоштадот.

Засега не се знае дали на плоштадот ќе треба да продолжат поправките, бидејќи надзорот треба до утре да го достави извештајот. 

Но, градоначалникот Зоран Алексов за Ирис телевизија вели дека и овој пат има забелешки за реконструкцијата на плоштадот, кој и лично ги пренел на комисијата и на претставниците на градежната фирма Бетон.


Izvor: Televizija Iris-Stip, http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/5130-2012-10-16-16-38-29



Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Mar-2013 at 18:42
Продолжија градежните работи на платформите во штипска Отиња

вторник, 05 март 2013 17:48

Бугарската фирма „Кибилд" од денеска продолжи со градежните работи за изградба на петте платформи и уредување на коритото на река Отиња. Координаторот на проектот, Алекасандар Арсовски, вели дека веќе се ставаат темелите на последните столбови на платформата кај Градскиот плоштад „Слобода“.

- Мислам дека за помалку од месец дена оваа платформа ќе биде готова, значи градежните активности продолжуваат, вели Арсовски.

Тој додава дека заради интензивните градежни работи на платформите, улиците од двете страни на Отиња ќе бидат повремено затварани за сообраќај. Општина Штип проектот го реализира со заем од Светска банка во висина од два милиони евра. Реализацијата на проектот треба да го среди сообраќајниот хаос во централното градско подрачје и да обезбеди паркирање за околу 130 возила.

VIDEO:
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/6499-2013-03-05-19-53-15
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-Mar-2013 at 19:03
Со поплавите нешто да се случило во меѓувреме?
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 07-Mar-2013 at 15:21






Od facebook

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11673
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 16-May-2013 at 15:56
Платформите на Отиња сторнирани пред да се градат

Општина Штип денес го раскина договорот со бугарската компанија „Кибилд“ која требаше да го уреди коритото на реката Отиња во центарот на Штип и да изгради пет платформи за паркирање



Причина за раскинувањето на договорот е незадоволството на локалната самоуправа од динамиката на извршување на градежните работи. Конкретно неколку месеци, во коритото на Отиња нема ниту механизација ниту работници.

По интензивни контакти на релација Локална самоуправа – Штип, Светска банка, „Кибилд“ и неколку ресорни министерства од Македонија, кои не вродија со плод и механизацијата не ја вратија во Отиња, градоначалникот Захариев денес го раскина договорот.



Анализите пред раскинувањето на договорот покажале дека изведувачот немал доволно финансиски средства за да ја заврши работата на која се нафатил.

- Имаа земено 116.000 евра аванс, но знаете дека Светска банка не дава пари однапред, туку по извршени позиции. Платени им се околу 135.000 евра и со овие 25.000 евра станува збор за вкупна сума од околу 295.000 евра. Дознавме дека изведувачот на два пати позајмувал пари, прво 20.000 евра а потоа уште 10.000 евра од други субјекти, па дури и ангажирал подизведувачи од Македонија, истакна штипскиот градоначалник Илчо Захариев.

За изградбата на овие платформи општината го заложи образот кај Светска банка и оттаму доби кредит од 2 милиони евра. Досега оттаму се повлечени околу 140.000 евра и тие пари Штип ќе мора да ги врати:
- Ние ќе го покриеме долгот од 140.000 евра кон Светската банка а потоа ќе градиме сами, потенцира Захариев.



Планот е да се изградат двете започнати платформи со средства на општината, а останатите три не, повлекувањето на пари од кредитот од Светска банка да се стопира .

Граѓаните бараат итна санација на коритото на Отиња.

- Центарот на градот наликува на се’ освен на урбана средина. Ова не личи на ништо , мора под итно да се среди, реагираат анкетираните штипјани.



Проектот Платформи на Отиња беше еден од капиталните проекти на општината со кој требаше да се уреди центарот на градот и да се реши проблемот со паркинг просторот.

За таа цел општината кај Светска банка се задолжи со кредит од 2 мил. евра, со рок на отплата на 10 години и грејс период од три години.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=18478

Edited by Џоле - 16-May-2013 at 15:56
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.