build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тунел под Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 25-Sep-2018 at 10:01

бреј македоникус да не ме доживуваш во исто време и како Зелениково и како Тавресиум можеби и Говрлево или Тумба Маџари па многу експертишта виде во коментарот погоре, ме чуди од кај пак фејкбук спамери на форум дремат со медиокритет за дебата а сервилност кон они ки ги дебатираме, што и порано беше случај!?
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 426
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 25-Sep-2018 at 12:37


Ова у најмала рака е смешно, ако треба да се даде и политичка конотација, Сугарески вели дека Битола - Кременица ќе биде готова до ноември годинава а Миладиновци - Штип до 15ти октомври шо нема благе везе него е буст пред 30.09.

Али ајде шо викаат живи били па видели.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 27-Sep-2018 at 21:44

ако дпмн беа невозможни sds се навистина се апстракни, пак ќе потсетам та ако не можеа со Пенов да бутнат една куќа кај Транспортен, сега со Шилегов ќе бутнат сто, а ко за беља Устав без проблем би ревидирале но ГУП од '64 ни насон не им паѓа на памет, ова и при билдерските почетоци го верглав но не очекував дека денес при самото проекирање и навистина со Устав би го споредувал [1] од друга страна се наметнува уште едно прашање зошто муабетов е промовиран сега, дали не е само пререферендумски спин како анимација, иако посекако sds го имале чика глиша у кампања локално ко и централно, и ајде да речеме пари за изведба сме имале, но од каде ќе најдеме за компензација на зградите во Дуќанџик!? во секој случај ќе се фрли екстра камен за проектирање и на крај ќе заглават по судои со години ако не децении, со 9 метри столбои ниту тоа куќата попат кај Влада ќе ја премостат [2] а не пак надградбите во Дуќанџик, просто ова е најфантастична најава на некој скопски градоначалник, уште да ни кажат дека и Тунелот под Плоштад ќе го почнат и завршат до крај на мандат и туто комплето сите да почнеме да халуцинираме дека Македонија уште утре во еу ќе ја примат!



друг чуден ако не ифрит момент ќе биде доколку ваков вијадукт кај Соборна Црква треба да понира, ако има логика дека тука Центарскиот Тунел треба да избие кон Партизанска [1][2][3] ролер костер вожња во тој случај не ни гине, бреј овие и од дпмн понадежни, иако дпмн симболично фантазраа далеку покреативно во однос именуваните спојки [4] само што на Мијалков другарите од Латис извисија кога центарски ги блокира чинам Жерновски ви текнува на пикапот на Рамковски чиниш навистина ги пагански ги здрмало суеверие дека ако се спојат бул. Илинден виа КЈПиту со бул Јане Сандански макар и тесно никогаш немало да помине СеМ реалност, којзнае зошто од толку Луѓе баш А1 се најдоа за тоа душегрижнички да се паркираат!?



шилеговци за сега немаат таков кабает да твАлфа им паркира на кеј пр. моноволуменец, но јасно е како ден дека ќе немаат средства ни за Т. под Кале а уште помалу за Т. под Плоштад, колку и Шегалов за муабетов да е нафуран да си губи и своето и времето на скопјани! во секој случај со тие пари за вијадуктот комотно можат да го истераат ем Тунелот под Плоштад, ем да збрчат спојка ЏонКенеди-Рузвелтова доколку трасата минува кај Золошка или пак под Кале накај Влада [5] аирлија на паметот за вијадукт дури и се' успеале да истераат во каква и да е висечка комбинација, но по изгледа уште еднаш скопскиот сообраќај ќе биде изисен! О чичо глишо ќе ги оставиш ли на мира некогаш скотјани!?



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Sep-2018 at 01:25

јасно мие зошто ниту еден билдер не се пали на вијадуктов веќе сме отрнати на чалам, аи кога некој ќе земе да чешла некој абер ако е озбилен наместо шилеговци него ќе го сеират, бил за или против ваква идеја за Виа-Кенеди-Водњански, но кога веќе се излајав ред е и да се доприкажам ...

кога велам дека на Кенеди поубо ќе му стои Рузвелтова ко приврзок тоа и го мислам, но сигурно за многумина ова ќе биде еко-парковска-ерес, на што би одговорил точно, но секогаш има начин како и од кај Градски Парк да помине булевар а тоа да не ае одрази на местото ниту еколошки ниту бучаво, јасно доколку се размислува дека не е особено скапо да има на тој потег вкопан тунел плитко подповршински а комотно можат и стаклен тјуб да склепаат на тамошен мост, впрочем проблем е каде би одела ваква траса, за што пешачкиот мост кај екс Мјузик Гарден е добра траса а од таму да сврти и под Золошка да избие на Рузвелтова, вака би се растеретил и Влада и Соборна од дополнителни гужви, а во исто време оние од Ѓорче би имале брза конекција со Чаир, Рузвелтова пак на Чаирчани им дава вака можноат за брза конекција до НоМа наместо повторно главење во Центар доколку не се оди ао вијадукт, но и со каменот за вијадукт ете ги клучки кај касарната Илинден и кај Рузвелтова нормално тунелот под Кале би бил во овој случај тунел кај Парк ...

но нашиве градски тутковци бидејќи се изгорени по домакинлук сигурно и за вакво нешто би терале надземно, што можеби е во ред доколку направат пејсажен саркофаг над ваков булевар низ Парк кој ниту со гасови ниту со бучава би реметел мир на таа зелена микро локација, но тоа ќе значи потреба ако не од Нова Золошка тогаш нова музејска влезна зграда, што само со десет столба од вијадуктот и ќе ја имаат, останува кај Топана да се пробијат со лесно, а што комотно можат да го направат со нови стамбени дупови како компензација, за што може слично размислуваат и за Дуќанџик но ко за беља една куќа од тие напат да им амрси конци амги има далеку повеќе од Топана и ето га празен муабет од вијадукт, плус топанчани можат да ги плашат дека ако не попуштаат дека и таму би оделе со тунелче што за стари објекти ќе значи голем склет, додека во Дуќанџик чинам пазарот ќе биде сиктер работа и на прва и на последна за ситна дуп компензација ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 04-Jun-2019 at 13:41
Турско-македонски конзорциум ќе ги проектира тунелите под Кале

Турската фирма „Мега инжинеринг“ и Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии ќе ги проектираат тунелите под Кале. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов за порталот Сакамдакажам.мк велат дека на јавниот оглас за изработка на проект на сообраќајницата која треба да минува под тврдината Кале избрана е фирма и до крајот на годинава проектот ќе биде готов.

Откако првиот тендер пропадна поради недостатоци во тендерската документација, во вториот обид понуди доставиле три фирми, а за најповолна е избрана онаа на турско-македонскиот конзорциум. Според постигната цена на тендерот, проектот ќе биде изработен за 390 илјади евра, а треба да биде готов за шест месеци.

Постапката е завршена, ги чекаме роковите за евентуална жалба и за десетина дена ќе можеме да го потпишеме договорот. Со гордост можам да кажам дека Град Скопје годинава ќе добие проект за тунелите под Кале, нешто што постои во Генералниот урбанистички план уште од 1965 година, но за жал никој во минатото немал изработено ваков документ. Убеден сум дека во текот на идната година, а со оглед на ветувањата од Владата за финансирање на проектот, ќе ја извршиме постапка за избор на изведувач кој ќе ја гради оваа капитална сообраќајница во Скопје“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Градоначалникот Шилегов лани во септември на прес-конференција го најави почетокот на реализацијата на проектот тунели под Кале и нов мост преку реката Вардар, за поврзување на северната страна со центарот на градот.

Како што беше презентирано, сообраќајницата ќе почнува од булеварот Свети Климент Охридски и ќе биде издигната на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри сè до влезот во тунелот под Калето. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица. Според проценките на Градот, изградбата на сообраќајницата и тунелите под Кале ќе чини околу 25 милиони евра.

https://www.porta3.mk/tursko-makedonski-konzorcium-kje-gi-proektira-tunelite-pod-kale/?fbclid=IwAR2kLUk3mCiXztNu-BuceURN4TFch5Rnk4rgG6pwuAdULNaMEiQMGzwGZMM
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 12-Jun-2019 at 14:38
Градот конечно потпиша договор за изградба на нов мост на Вардар и тунели под Кале

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“, Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД, Борис Танески, денеска го потпишаа договорот за изработка на проект за изградба на мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале и кружен тек што ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада.

– Согласно со договорот, изработката на основниот и инфраструктурниот проект очекуваме да заврши до крајот на оваа година, со што се создаваат услови во текот на следната година, по завршувањето на постапка за избор на понудувач, да се почне и реализацијата на овој клучен сообраќаен проект. Со ова сообраќајно решение на граѓаните на Скопје ќе им биде овозможено од Водњанска до Чаир со автомобил да стигнат за помалку од 5 минути. Со постојната сообраќајна инфраструктура за оваа релација мораа да потрошат во најдобар случај помеѓу 15 и 20 минути движејќи се преку раскрсницата кај Мавровка и Бит-пазар, каде што според нашите податоци дневно поминуваат меѓу 70.000 и 80.000 возила – изјави Шилегов.

Тој истакна дека очекува за реализацијата на овој проект Градот Скопје да добие и финансиска поддршка од централната власт, со цел изградбата на мостот, тунелите и кружниот тек да завршат во најкраток можен рок.

– Со ваквите сообраќајни решенија ја зголемуваме мобилноста и го намалуваме сообраќајниот метеж, а со тоа и го скратуваме времето на движење на возилата и го намалуваме времето на стоење во место, што директно влијае на намалувањето на аерозагадувањето и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот. Скопје заслужува вакви модерни сообраќајни решенија, а оваа градска администрација може и мора да им го обезбеди тоа на граѓаните – додаде Шилегов.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/градот-конечно-потпиша-договор-за-изг/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-Sep-2019 at 12:54
Во одбрана на Дебар Маало: Тунелот кај Кале и вијадуктот кај Владата се темел за ново „Скопје 2014“

Здружението Во одбрана на Дебар Маало побара стопирање на постапката за изградба на тунел под Кале и вијадукт кај Владата, затоа што сметаат дека со овој проект ќе се постават темелите за ново „Скопје 2014“.

На средбата со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, тие му укажале дека со капиталниот проект за изградба на вијадукт и тунел под Кале ќе се пробие градски автопат низ срцето на Центар спротивно на современите тенденции за организирање на градскиот простор.

„Тоа ќе го задави Скопје, енормно ќе се зголеми урбаниот хаос и загадувањето во градот што е на врвот од листата на најзагадени градови во Европа и светот, ќе се уништи јавното добро и квалитетот на живот на жителите“, сметаат од Иницијативата.

Претставници на иницијативата му укажале на градоначалникот Шилегов дека актуелизира решение старо половина век. Побарале стопирање на распишаните тендери за изготвување на проектната документација и отворање јавна и транспарентна расправа со работилници во што ќе бидат вклучени и граѓаните и стручната јавност, а не само одбрани поборници на застарен пристап кон градот. Побарале и ажурирање на податоците врз кои се базира решението за спојување на северот и југот на Скопје со автопат низ самиот центар.

„Сметаме дека градот треба да им припаѓа на луѓето, а не на автомобилите. Автоцентричниот пристап не само што е застарен, туку е и погубен за здравјето на луѓето“, истакнаа од Здружението на средбата со Шилегов, што се одржа на 4 септември во просториите на Град Скопје.

Во одбрана на Дебар Маало реагира и против сообраќајното решение за дел од Голем Ринг на град Скопје предвидено со ГУП од 2012 и ново проширување на булевари во центарот на градот. Од иницијативата бараат итно запирање на постапката за реализација, отпочнување на нова процедура за партиципативно изнаоѓање решенија и идеите за ново проширување на булевари во Мал и Голем Ринг, да се вратат дрворедите и создадат нови пешачки зони. Од иницијативата велат дека поддржуваат решенија за градскиот простор со кое животот на сите жители ќе биде подостоен, поздрав и побезбеден, но тврдат дека проектот во изработка за мост и тунели под Калето не се одговорот.

„Јавноста не е запознаена со финансиската и општествената полезност на проектот и Градот не овозможил учество на сите засегнати страни во одлуката за тоа како ќе се користи градскиот простор во контакт зоната на оваа голема сообраќајна траса, односно какво влијание ќе има проектот врз квалитетот на социјалниот јавен градски простор долж целиот предвиден коридор. Слични пракси се причина за хаосот во Дебар Маало и реализацијата на Скопје 2014. Се поставува и прашањето дали токму сега се актуелизира градењето на тунел и вијадукт поради можноста на овој начин да се опслужи контроверзниот проект Лимак кај Старата железничка станица и предвидените градежни активности на територијата на поранешниот Скопски саем“, истакнаа од Иницијативата.

https://www.radiomof.mk/vo-odbrana-na-debar-maalo-tunelot-kaj-kale-i-vijaduktot-kaj-vladata-se-temel-za-novo-skopje-2014/?fbclid=IwAR1ExRSk6eP9K10wBSkQnGYiSujeIXIKVj4zJ-NMLj4SkmMU4uQmJqXWiZ8
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 06-Sep-2019 at 13:24
Кога сељаните од Дебар Маало ќе се симнат од коњот на кој се качени едно 20-30 години и ќе сфатат дека Скопје е на сите што живеат во Скопје,не е нивен личен имот што ќе го обликуваат по нивен терк ? Ни сум за Шилегов,ни сум за вијадукт нит пак за тунели под Кале,ама од вакви радиомоф пеметњаковичи преку таквото ми е.
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 07-Sep-2019 at 15:42
Koja e logikata da se povrze Kliment Ohridski so Cair. Ova e star idea koja mora da se napusti poradi izmestuvanjeto na klinicki centar.Koj soobrakaj ke go generira tunelot i mostot po izmestuvanjeto na klinicki,koj ke ide od Vodno do Cair i obratno. Navistina se nema vizija za Skopskiot soobrakaj.So ovie pari sto ke se istresat moze navistina da se resi soobrakajot odnosno tesnite grla.
P.S. NE za najgolemata nebuloza TRAMVAJ vo Skopje
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2499
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Sep-2019 at 13:18
~~ Постовите од #566 до #569 може да се префрлат во Тунел под Кале ~~

Originally posted by stef4o

Во одбрана на Дебар Маало: Тунелот кај Кале и вијадуктот кај Владата се темел за ново „Скопје 2014“

Има многу издржани критики за автоцентричноста на модерниот град и фокусирањето на повеќе, пошироки и подолги булевари, ама аргументите (доколку може да се наречат така) на здружениево никако не држат вода.

Бројот на дрвја кои ќе се исечат за реализација на проектов е занемарлив, истиот не бара рушење на огромен број станбени објекти и нема да повреди ниту едно јавно добро. Но затоа, изградбата на булевар кој ќе ги спои Чаир и Центар значително ќе придонесе кон растеретување на метежот и пократко време на патување, а со тоа и помала употреба на возилата. Притисокот на еко-урбанистичките иницијативи треба да биде за подобрување наместо поништување на корисните проекти, односно барање пешачка и велосипедска патека долж булеварот и пуштање нови автобуски линии, по можност со еколошки автобуси, по него. И се разбира, сериозен притисок врз Владата и десетте општини за итно подобрување на законите од сферата на урбанизмот и ДУП-овите и барање долгорочно решение за веќе излезениот од контрола урбан хаос.

Edited by Staro Skopje - 08-Sep-2019 at 13:20
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Sep-2019 at 09:07
Јас мислам дека веќе треба да се тргнеме од автоцентричноста и да ги спроведеме барањата на овие здруженијава, сите булевари да ги раскопаме , ни уличка со асфалт да не остане, само козји патеки низ скопје, се друго дрва и зеленило да се посади.  Асфалт и бетон строго забрането, тоа придонесува за загадување на Скопје. Ама и луѓево да ги иселиме бидејќи премногу кислород користат кога дишат.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-Mar-2020 at 08:00
Originally posted by Zelenikovo

ако дпмн беа невозможни sds се навистина се апстракни

да потсетам апстракцијата на трусно подрачје може непотребно да чини многу пари макар сите имале најдобри намери, ѕирнете ги зицерите во следниот центриран документарец When Engineering Fails на 18:18 односно 19:13 и натака, веројатно сличен гајрет ко оној во Кобе [1] конечно дали влетаа низ сино знаменце еурокод-оите кај нас, или сеуште по асеизмичност од ’64-та проектираме и градиме?



на 22:33 велат помасивен систем за фундирање преку длабоки шипови и екстра челична конструкција е решението за вијадукти во трусни зони и специфично нестабилни микролокации каде треба да се фундира, ова пак во нашиот случај, иако незнам каква е микрологацијата геолошки по трасата на самиот вијадукт, бара и без тоа екстра предострожност и широка-експертска дебата, просто бидејќи вијадуктот во Дуќанџик ќе минува над и до стамбени објекти, дали воопшто вреди ваквиот ризик незнам чунки некој смета дека без пробивање тунел и комплетирањето на скопската сообраќајна мрежа ко што е зацртана во ’64-та градот нема да профункционира, но некако ко да не се земаат во предвид новонастанатите околности туку еве ќе се прерипувале, што не дека не е можно но на алувијално тло како скопкото тоа е скап и непотребен ризик, а дали потребата за сообраќајна артерија токму таму вреди загрозуање нечиј Живот незнам калкулирајте сами, но и запушен сообраќај е ризична работа, та изгледа ко и во случајот со далеководите кога нема друго Народ не ни се прашува што му чини, сепак во однос ова вијадуктов и тунелот ете јас сметам постои соодветна алтернатива како Клучка кај касарната Илинден односно кај ам.амбасада, а на која ќе се врзат проширен бул.Лазар Личеновски и од спротива бул.Џон Кенеди како би се отпушил урбано автопатски бул.Никола Карев, каде пак сега најавуваат кружен ток што нема логика бидејќи ова е еден од ретките скопски урбани автопати за брз влез/излез од Скопје, а наместо да се бара чаре за плекси тунел кај пластиичарите и протокот да е тука исто брз ем клучки кај Шумарски и кас.Илинден ова изгледа некому му е мило да нема ниту една сообраќајна аорта градот , та бар на овој урбан автопат да нема семафори натака, капак пластичарската делница со нов кружен ток дополнително ќе стане магнет за се’ повеќе возила кои обично заради проточност си одеа досега низ бул.Цветан Димов од Чаир кон Битпазар, логично вака и повеќе автобуси ќе свртат одтаму, а сето тоа од урбан автопат ќе стори булевар без ограничувања ... вијадуктот вака би растеретил многу од оние возила кои врват низ Скопје Север, но зошто со тие екстра пари да не сторат две клучки кај ШумарскиФ. и К.Илинден ем ќе им остане за една дали кај кај Соборен Храм или кај зоолошката, зависно каде би одел мостот кој ќе ги врзува бул Свети Климент Охридски и утре бул Лазар Личеновски, во првиот случај паметно е Илинденска бар таму на пресекот да се денивелира или евентуално да се оди со Кружен Ток иако заради околните згради за ова и нема баш место проблем кај краткото денивелирање е што тоа ќе изгледа дилетантнски па би требала некоја скратена верзија на она површинскиот тунел кој го предвидуваа таму груевци, иако и таа варијанта за целосно тунелско денивелирано спојување на бул КЈПиту и бул Илинден со клучки кај НБРМ и Воена Болница ветуваше исто брза градска патна аорта ...


Edited by Zelenikovo - 15-Mar-2020 at 11:14
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Sep-2020 at 12:33
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА БРИГАДА КОЈА ЌЕ БИДЕ ВЛЕЗ ЗА ТУНЕЛИТЕ ПОД КАЛЕ

Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Македонско-Косовска бригада во Општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев до крстосницата со Втора македонска бригада. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постави и нова атмосферска и фекална канализација.

„Оваа фаза е изведбата на едниот крак од идниот булеварот Македонско-Косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак, со што ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале“, рече градоначалникот Петре Шилегов на стартот на градежните работи.

За реконструкцијата на Македонско-Косовска бригада ќе се одвојат околу 56 милиони денари, а градежните работи ќе траат 4 месеци.

Градоначалникот Шилегов кажа дека оваа е осма улица која Град Скопје почна да ја реконструираа летово и ги замоли граѓаните да имаат трпение, разбирање и да ги користат алтернативните траси за влез на скопје од источната страна на градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-pochna-so-rekonstruktsija-na-ulitsata-makedonsko-kosovska-brigada-koja-ke-bide-vlez-za-tunelite-pod-kale/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Sep-2020 at 11:20
РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛИТЕ ПОД КАЛЕ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ПОДОБРО ДОЛГО ПЛАНИРАЊЕ ОТКОЛКУ ЛОШ ПРОЕКТ

Град Скопје го раскина договорот за проектирање на тунелите под Кале со турската фирма „Мега инженеринг консалтинг АД“ бидејќи не ги испочитувале роковите за изработка на проектот. Град Скопје на 12 јуни лани склучи договор со турската фирма која заедно со Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии од Скопје, за 6 месеци требаше да ја проектира сообраќајницата, мостот преку Вардар и тунелите под Кале. Поради сложеноста на проектот и пандемијата на ковид-19, рокот беше продолжен за плус 6 месеци, но ниту тој рок не е испочитуван, па договорот е раскинат.

„Активирана е банкарската гаранција, наплатено е за неиполнување на одредбите од договорот. Подобро да изгубиме една година отколку да добиеме лош проект, што потоа не можеме да го реализираме. Нема да дозволам да добиеме неквалитетен документ за толку важен проект кој ќе го смени изгледот на градот“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов вели дека не се откажува од овој капитален проект за Скопје, најавува нов тендер за проектант и верува дека до крајот на својот мандат ќе ја почне реализацијата на долго најавуваната идеја за тунели под Кале, сообраќајница која е зацртана во Генералниот урбанистички план уште во 1964 година.

Според најавите, сообраќајницата ќе почнува од булеварот Свети Климент Охридски и ќе биде издигната на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри сè до влезот во тунелот под Калето. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри над Пластичарска улица и треба да се спои со булеварот Македонско-косовска бригада.

Според проценките реализацијата на овој проект ќе чини околу 30 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/raskinat-dogovorot-za-tunelite-pod-kale-shilegov-veli-podobro-dolgo-planirane-otkolku-losh-proekt/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Sep-2020 at 14:40
Раскинат договорот за тунелите под Кале



https://kanal5.com.mk/raskinat-dogovorot-za-tunelite-pod-kale/a438114
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 22-Sep-2020 at 06:58
Шилегов повторно ветува тунел под скопското Кале, ама ќе доцнел 5 години



https://alsat-m.tv/mk/шилегов-повторно-ветува-тунел-под-ско/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 21-Oct-2020 at 06:59
Тунелот под Кале до Чаир ќе почека – Град Скопје сѐ уште нема објавено нов тендер



https://tv21.tv/mk/tunelot-pod-kale-do-chair-ke-pocheka-grad-skopje-s-ushte-nema-objaveno-nov-tender/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 06-Nov-2020 at 07:52
Дали ќе се реализира тунелот под Кале до Чари? Одговара Шилегов за ТВ21



https://mk.tv21.tv/dali-ke-se-realizira-tunelot-pod-kale-do-chair-odgovara-shilegov-za-tv21/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8950
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 25-Dec-2020 at 18:43
Во тунелите под Кале нема предвидено велосипедски патеки






Уште еден во низата штетни регулациски планови кои ги усвои владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје е и ЦС 14. Односно, опфатот околу скопското Кале.

Големи надолжни парцели (5513/10, 5513/6, 13730/6, 13730/9, 13730/7 итн.) покрај горното корито од Вардар кои се во државна сопственост и во моментов се неуредени, а може да станат убав линеарен парк, со овој регулациски план се ставени во зона со комерцијална намена.

Во моментов е оставена зона за зеленило од 10 метри, но таа може да се прошири за уште 20-30 метри, доколку и овие парцели се вклучат во зоната со намена зеленило. Доколку тоа не се направи, можеме да очекуваме појава на комерцијални објекти на 10 метри од мајор коритото.

Град Скопје има обврска да ја заштити зоната околу Вардар и државното земјиште, но регулациските планови се таа шанса која ја користи како алатка за да го направи токму спротивното.

Со овој регулациски план вијадуктот и тунелите на бул. Климент Охридски имаат автомобилски ленти од 3,5 метри (за 100 км/х) и смешни тротоари од 2 метри и немаат велосипедски патеки. Практично велосипедистите на ваков масовен вијадукт се упатени на коловоз, според Законот за безбедност.

На седницата на Совет каде што се гласаше одлуката го прочитав коментарот за автоцентричното решение за продолжувањето на бул. Климент Охридски од НаТочак:

„Мостови и тунели се прават еднаш во 50 или 100 години, така што Градот би дозволил грешка од епохален размер! Ги прашал ли Градот Скопје граѓаните на Влае и Ѓорче колкав пропуст е направен што мостот Обединети нации од јужната страна има само пешачка, а не и велосипедска патека? Колку е тесно, небезбедно и опасно.

Овој новонајавен мост и тунел низ Кале е и подолг и ќе создава уште понепријатни ситуации ако не се реши добро. Од друга страна, колку олеснило при креирањето на проектот Скопје Велоград тоа што мостот Гоце Делчев од старт си е испроектиран со удобни пешачки и велосипедски патеки.

Градот практично ќе дозволи на милионска инвестиција со мостовите и тунелите низ Кале, да се штеди на пешачки и велосипедски патеки кои се далеку поевтини од делот за автомобилите!

Оваа нова врска ќе ги спои граѓаните на Центар, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, но очигледно ќе ги спои на безбеден начин само при користење автомобил?!

Зарем на ваква важна врска изградена во 21-ви век, во ера на свест за климатска криза, безбедност во сообраќај, #ПросторАнтиКорона интервенции, Градот ги упатува велосипедистите на коловоз меѓу тркалата на брзите автомобили, а пешаците по тесни патечиња?

Можеби јавноста нема доволно сознанија дали овој мост е приоритет за Градот и неговиот еднаков развој во однос на други комунални прашања, но луѓето памтат какви беа предизборните ветувања и знаат дека ако веќе се гради, пешачко и велосипедско решение се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ за ЕДНАКОВ ТРЕТМАН во сообраќајот, еднаков третман на граѓаните од северниот дел на Градот, а и за пружање транспортни опции на сите граѓани.

Ако на бул. Александар Македонски кој има карактер речиси на автопат имаме велосипедска патека (која патем е една од поубавите и одлично е што се продолжува), зошто да немаме во продолжение на Климент Охридски кој е централен градски булевар и веќе има велосипедски ленти?

Ако 10 години го жалиме сечењето на дрворедот на Климент, епохалната грешка со автоцентрично решение на мостовите и тунелите ќе ја жалиме уште 50 години!

Вака проектирани вијадуктот и тунелите ќе донесат брз сообраќај во Центар во Дебар Маало и Буњаковец и небезбедност, наместо шанса за одржлива мобилност.“

Драгана Велковска, советник во Град Скопје

https://www.vecer.press/во-тунелите-под-кале-нема-предвидено-в/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7472
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 26-Dec-2020 at 19:39

ајде сега сите се фатија на орото и бидејќи е модрно, ќе го тупиме за велосипедските патеки кај што треба и не треба, занемарувајќи други реални проблеми и фалинки на сите овие планови
не знам, дали било кој што бил вмешан во пишувањето на ова, се подзамисли зошто нема видено велосипедски патеки низ тунели до сега
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.887 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.