build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тунел под Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Jan-2018 at 15:41

Сетете се на Мостот на Пенов и шиканата на него, тоа една куќа не можеа да изместат, та Дуќанчик ќе го напраеле тепсија за да има прав излез некаде ваков Тунел, и ајде до пред некое време пред легализацијата на дивоградбите ова можеше да се стори, во случај тоа таму да беа дивоградби, што не ми се верува, но и да е така, после дополната на законот, сето ова е празен муабет, освен ако на тие такви ~10к диви објекти изградени врз патни коридори им го поништат дополнувањето на законот, нели за да си отворат sds простор за реализирање на оваа предизборна идеја

не дека нема опции http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1938&PID=223336#223336

хм дрскост и небулоза е што воопшто ова околу Тунелот под Кале и го немале во предвид кога некој од експертите им го предложил како ас идеја, бар да беа малку отворени та може и да дојдеа до некакво реално решение и во овие околности, но нели чаламот им е појак од разумот сеуште, ајде може ќе почнат да се менуваат, во спротивно пак ќе ја глават и тупат дека сакале ама не можеле

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1316
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Jan-2018 at 17:47
Ни јас немам ништо против, проектот за тунел под Кале е одлична идеја. Не ми се допаѓа да се гради нова улица издигната на столбови кај Соборна црква и поврзувањето на новата улица кај Џон Кенеди наместо Пластичарска. Останатото е во ред.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Jan-2018 at 16:47
Zelenikovo, твојот став не може да биде потежок од цела дузина на докажани експерти од урбанизмот и транспортот. Тунелот под Кале не е фикс идеја на Шилегов, туку исклучително добар предлог за решавање на сообраќајниот метеж кај Бит-пазар и Мавровка. Друга работа е што ние имавме пари за глупости, како „Скопје 2014“.

Овој проект стои од периодот по земјотресот и досега не сум слушнал некаква реална критика за неговата реализација. Те молам изјасни се во детали, да слушнеме кои се алтернативите.

Изградбата на надземна траса од истиот овој проект некако ми се чини нелогична во случај кога имаме рид на самата траса.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1316
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 25-Jan-2018 at 19:33
Originally posted by BOJAN

Изградбата на надземна траса од истиот овој проект некако ми се чини нелогична во случај кога имаме рид на самата траса.

Ова е реплика на мојата објава?

Не се бунам за тунелот, напротив, туку за проектот на Лазо Чакаровски кој вели дека треба да има сообраќајница на столбови паралелна на св. Климент Охридски кај Соборна. Ова решение воопшто не ми се допаѓа; мислам дека би било многу подобро за новиот мост+тунел да се припои на веќе постоечките булевари и да има крстосница со Илинденска. Против тунелот под ридот кај Кале немам ништо.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11444
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 25-Jan-2018 at 19:46
А бе, ние не сме способни за една улица рамно да ја асфалтираме и шахти да изнивелираме, а вие разговарате тука за тунел под Кале, што е научна фантастика за неандерталското ниво на градење во државава. Дај, бидете малку посериозни.

Edited by Џоле - 25-Jan-2018 at 19:46
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-Jan-2018 at 10:26
Originally posted by Staro Skopje

Originally posted by BOJAN

Изградбата на надземна траса од истиот овој проект некако ми се чини нелогична во случај кога имаме рид на самата траса.

Ова е реплика на мојата објава?

Не се бунам за тунелот, напротив, туку за проектот на Лазо Чакаровски кој вели дека треба да има сообраќајница на столбови паралелна на св. Климент Охридски кај Соборна. Ова решение воопшто не ми се допаѓа; мислам дека би било многу подобро за новиот мост+тунел да се припои на веќе постоечките булевари и да има крстосница со Илинденска. Против тунелот под ридот кај Кале немам ништо.


Вреди да се дискутира и за неговата идеја, но сметам дека би било нереално да се прифати. Не за друго. Локацијата кај Соборна е прегусто исполнета со објекти, просторот е пополнет од сите страни и не знам каде воопшто би можело да се вденат едни такви столбови. Искрен да бидам, не гледам ниту потреба за такво нешто на таа локација. Попрво би рекол за такво решение од страна на Пластичарската улица, каде што протокот на возила е отежнат и има густ сообраќаен метеж.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-Jan-2018 at 11:40
Originally posted by BOJAN

Zelenikovo, твојот став не може да биде потежок од цела дузина на докажани експерти од урбанизмот и транспортот. Тунелот под Кале не е фикс идеја на Шилегов

камо да беше на Шилегов може ќе беше поарна, дузината докажани експерти ја утнаа кај обиколницата, кај трафото на к10, та и тунелот на к8, а не пак овдека, лењирчето на чика Глиша изгледа им е амајлија ...

ѕирни го линкот што го посочив таму велам има пологични решенија, него да глават во Дуќанчик како кварт, но ако нека пробаат, пак на крај ќе се правдаат кога ќе ја заглават, нивната флексибилност да решенија од пред децении ги актуелизираат, ем после закон за легализација на дивоградби, е навистина за поздрав! 

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Jan-2018 at 14:14
Zelenikovo, јас ги читам твоите решенија што ги предлагаш, но ми се полни со нелогичности. Прво, тоа што го нудиш е многу поскапо од тунелот под Скопско кале. Второ, зошто предлагаш клучки на локации низ центар каде што се непотребни. Долж Партизанска и сл., навистина нема никаква логика такви масивни градби да се сместат на вакви локации. Особено што движењето на пешаци и велосипедисти би било многу отежнато.

Најважното, не гледам како твоите решенија би овозможиле УНАПРЕДУВАЊЕ на протокот на возила. Тунелот под Кале ќе генерира нова транспортна рута во правец север-југ во Скопје. Ова што ти го нудиш ми е недоволно објаснето, или пак неодржливо.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-Jan-2018 at 00:46
што да се објаснува подробно, 3 клучки и 1 мост ... посекако побрзо и поефтино решение од Тунелот доколку се има предвид како ќе оди натегањето и компензацијата на оние згради и куќи во Дуќанџик ...

ко што наведувам во линкот битно е да се врзат Џон Кенеди и Партизанска односно со една клучка кај Касарната Илинден и една кај Соборна Црква а булевар под Кале со мост кај Влада би ја направил конекцијата ... на сето ова ако се додаде и порано зацртаната клучка кај Јужен Булевар Скопје има шанси некако да се отпуши и поозбилно, бар до првите семафори на една ваква проточност од Север кон Центар и Водно, сосем нов сообраќаен вајб воопшто, а попат се отвора голем спунт и за парцелите кај касарната, но и растеретување на Цветан Димов до болка, бидејќи вака се добива сосем нова рута и дисперзија на постојните возила а не пак на оние во иднина кои би се таложеле кога ќе се урбанизира со комиблокои се што е парцела се до Радишани ... на ваков предлог се отвора и простор за нов Клинички таму кај к.Илинден кој би бил далеку попристапен за сите, него постојниот или онаа идејата за нов в Бардовци

~

како решение Тунелот на Кале е веќе застарено и димензионирано во однос на бул. Крушевска Република а кој сега е избришан, но и со тие две во комбинација пак проточноста на Цветан димов нема да биде песна дури ја истерале и клучката кај Мавровка та и на неа кај Веро, а камо да имаа волја до крај вака да ја заокружат и направат нов сообраќаен ринг преку кој брзо би можело да се одмине Центарот еве друг линкуван абер во тој правец, но бар и една трасферзала да направат вака со клучки многу што ќе се промени

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=223470#223470


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Feb-2018 at 20:55

може ли некој да претпостави колку би чинел тунелот под Кале, а колку две детелина клучки, и дали поефтин би бил булевар под Кале кој би ги спојувал овие две клучки едната кај Касарна Илинден а другата кај Соборна Црква, односно за да се спои Центар со бул.Џон Кенеди преку ваков нов булевар ќе треба булеварска делница и кај Топана, чинам полесно е таму да се оди со експропријација, него што тоа би било случај со булевар кај Дуќанчик и експропријација на повеќето објекти попат како би се добил спој помеѓу бул.Цветан Димов и предложениот Тунел
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2009
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Mar-2018 at 16:20
Како се велеше додека пвеводбениците и нивниот пастир беа на власт - неокласицистичките фасади ги црта некој на Илинденска бб ?
 
Изгледа овие плавиве жолтици наместо да донесат живот, само извршиле трансплантација на истиот живот од пвеводбениците.
 
Со вакви градежни и урбанистички експерти, сигурно тунелот ќе се изгради и ќе биде пуштен во употреба со брзина на светлината.
 
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/vaka-nekako-ne-se-praveshe-i-parapetcheto
 

Вака некако не се правеше и „парапетчето“?

 
13 Март 2018 - 12:14
 
Експерт до експерт
 

 
* Фотографија од веста “Шилегов се подготвува за тунелот под Кале“

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 396
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 06-Apr-2018 at 22:10
Originally posted by Zelenikovo


може ли некој да претпостави колку би чинел тунелот под Кале, а колку две детелина клучки, и дали поефтин би бил булевар под Кале кој би ги спојувал овие две клучки едната кај Касарна Илинден а другата кај Соборна Црква, односно за да се спои Центар со бул.Џон Кенеди преку ваков нов булевар ќе треба булеварска делница и кај Топана, чинам полесно е таму да се оди со експропријација, него што тоа би било случај со булевар кај Дуќанчик и експропријација на повеќето објекти попат како би се добил спој помеѓу бул.Цветан Димов и предложениот Тунел

mozda bi bilo poprakticno i so najmalce rusenje/eksproprijacii izmegu francuski grobista i muzejot za sovremena umetnost da se spusta od zadna strana na kaleto kon ul. Lazar Licenoski i pokraj src kale preku vardar na bul. Kliment OhriTski...
Kaj Kluckata na plasticarska Istata ruta co prosiruvanje na segasnta koja i e vrska od plasticarska do kluckata ul. Makedonsko Ksovska Brigada so Dzon Kenedi ...



ps: potoa bi mozelo da se razmisluva od Ul. Dzon Kenedi preku Zelezara pozadi avtokomanda i da se povrze so Cento - Madzari - Kvantaski - Lisice so sto bi se zaobikoluvala guzvata vo Strogiot centar...



Edited by Portal - 06-Apr-2018 at 22:44
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.