build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тунел под Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Jan-2018 at 15:41

Сетете се на Мостот на Пенов и шиканата на него, тоа една куќа не можеа да изместат, та Дуќанчик ќе го напраеле тепсија за да има прав излез некаде ваков Тунел, и ајде до пред некое време пред легализацијата на дивоградбите ова можеше да се стори, во случај тоа таму да беа дивоградби, што не ми се верува, но и да е така, после дополната на законот, сето ова е празен муабет, освен ако на тие такви ~10к диви објекти изградени врз патни коридори им го поништат дополнувањето на законот, нели за да си отворат sds простор за реализирање на оваа предизборна идеја

не дека нема опции http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1938&PID=223336#223336

хм дрскост и небулоза е што воопшто ова околу Тунелот под Кале и го немале во предвид кога некој од експертите им го предложил како ас идеја, бар да беа малку отворени та може и да дојдеа до некакво реално решение и во овие околности, но нели чаламот им е појак од разумот сеуште, ајде може ќе почнат да се менуваат, во спротивно пак ќе ја глават и тупат дека сакале ама не можеле

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Jan-2018 at 17:47
Ни јас немам ништо против, проектот за тунел под Кале е одлична идеја. Не ми се допаѓа да се гради нова улица издигната на столбови кај Соборна црква и поврзувањето на новата улица кај Џон Кенеди наместо Пластичарска. Останатото е во ред.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Jan-2018 at 16:47
Zelenikovo, твојот став не може да биде потежок од цела дузина на докажани експерти од урбанизмот и транспортот. Тунелот под Кале не е фикс идеја на Шилегов, туку исклучително добар предлог за решавање на сообраќајниот метеж кај Бит-пазар и Мавровка. Друга работа е што ние имавме пари за глупости, како „Скопје 2014“.

Овој проект стои од периодот по земјотресот и досега не сум слушнал некаква реална критика за неговата реализација. Те молам изјасни се во детали, да слушнеме кои се алтернативите.

Изградбата на надземна траса од истиот овој проект некако ми се чини нелогична во случај кога имаме рид на самата траса.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 25-Jan-2018 at 19:33
Originally posted by BOJAN

Изградбата на надземна траса од истиот овој проект некако ми се чини нелогична во случај кога имаме рид на самата траса.

Ова е реплика на мојата објава?

Не се бунам за тунелот, напротив, туку за проектот на Лазо Чакаровски кој вели дека треба да има сообраќајница на столбови паралелна на св. Климент Охридски кај Соборна. Ова решение воопшто не ми се допаѓа; мислам дека би било многу подобро за новиот мост+тунел да се припои на веќе постоечките булевари и да има крстосница со Илинденска. Против тунелот под ридот кај Кале немам ништо.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 25-Jan-2018 at 19:46
А бе, ние не сме способни за една улица рамно да ја асфалтираме и шахти да изнивелираме, а вие разговарате тука за тунел под Кале, што е научна фантастика за неандерталското ниво на градење во државава. Дај, бидете малку посериозни.

Edited by Џоле - 25-Jan-2018 at 19:46
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-Jan-2018 at 10:26
Originally posted by Staro Skopje

Originally posted by BOJAN

Изградбата на надземна траса од истиот овој проект некако ми се чини нелогична во случај кога имаме рид на самата траса.

Ова е реплика на мојата објава?

Не се бунам за тунелот, напротив, туку за проектот на Лазо Чакаровски кој вели дека треба да има сообраќајница на столбови паралелна на св. Климент Охридски кај Соборна. Ова решение воопшто не ми се допаѓа; мислам дека би било многу подобро за новиот мост+тунел да се припои на веќе постоечките булевари и да има крстосница со Илинденска. Против тунелот под ридот кај Кале немам ништо.


Вреди да се дискутира и за неговата идеја, но сметам дека би било нереално да се прифати. Не за друго. Локацијата кај Соборна е прегусто исполнета со објекти, просторот е пополнет од сите страни и не знам каде воопшто би можело да се вденат едни такви столбови. Искрен да бидам, не гледам ниту потреба за такво нешто на таа локација. Попрво би рекол за такво решение од страна на Пластичарската улица, каде што протокот на возила е отежнат и има густ сообраќаен метеж.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-Jan-2018 at 11:40
Originally posted by BOJAN

Zelenikovo, твојот став не може да биде потежок од цела дузина на докажани експерти од урбанизмот и транспортот. Тунелот под Кале не е фикс идеја на Шилегов

камо да беше на Шилегов може ќе беше поарна, дузината докажани експерти ја утнаа кај обиколницата, кај трафото на к10, та и тунелот на к8, а не пак овдека, лењирчето на чика Глиша изгледа им е амајлија ...

ѕирни го линкот што го посочив таму велам има пологични решенија, него да глават во Дуќанчик како кварт, но ако нека пробаат, пак на крај ќе се правдаат кога ќе ја заглават, нивната флексибилност да решенија од пред децении ги актуелизираат, ем после закон за легализација на дивоградби, е навистина за поздрав! 

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-Jan-2018 at 14:14
Zelenikovo, јас ги читам твоите решенија што ги предлагаш, но ми се полни со нелогичности. Прво, тоа што го нудиш е многу поскапо од тунелот под Скопско кале. Второ, зошто предлагаш клучки на локации низ центар каде што се непотребни. Долж Партизанска и сл., навистина нема никаква логика такви масивни градби да се сместат на вакви локации. Особено што движењето на пешаци и велосипедисти би било многу отежнато.

Најважното, не гледам како твоите решенија би овозможиле УНАПРЕДУВАЊЕ на протокот на возила. Тунелот под Кале ќе генерира нова транспортна рута во правец север-југ во Скопје. Ова што ти го нудиш ми е недоволно објаснето, или пак неодржливо.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-Jan-2018 at 00:46
што да се објаснува подробно, 3 клучки и 1 мост ... посекако побрзо и поефтино решение од Тунелот доколку се има предвид како ќе оди натегањето и компензацијата на оние згради и куќи во Дуќанџик ...

ко што наведувам во линкот битно е да се врзат Џон Кенеди и Партизанска односно со една клучка кај Касарната Илинден и една кај Соборна Црква а булевар под Кале со мост кај Влада би ја направил конекцијата ... на сето ова ако се додаде и порано зацртаната клучка кај Јужен Булевар Скопје има шанси некако да се отпуши и поозбилно, бар до првите семафори на една ваква проточност од Север кон Центар и Водно, сосем нов сообраќаен вајб воопшто, а попат се отвора голем спунт и за парцелите кај касарната, но и растеретување на Цветан Димов до болка, бидејќи вака се добива сосем нова рута и дисперзија на постојните возила а не пак на оние во иднина кои би се таложеле кога ќе се урбанизира со комиблокои се што е парцела се до Радишани ... на ваков предлог се отвора и простор за нов Клинички таму кај к.Илинден кој би бил далеку попристапен за сите, него постојниот или онаа идејата за нов в Бардовци

~

како решение Тунелот на Кале е веќе застарено и димензионирано во однос на бул. Крушевска Република а кој сега е избришан, но и со тие две во комбинација пак проточноста на Цветан димов нема да биде песна дури ја истерале и клучката кај Мавровка та и на неа кај Веро, а камо да имаа волја до крај вака да ја заокружат и направат нов сообраќаен ринг преку кој брзо би можело да се одмине Центарот еве друг линкуван абер во тој правец, но бар и една трасферзала да направат вака со клучки многу што ќе се промени

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=223470#223470


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Feb-2018 at 20:55

може ли некој да претпостави колку би чинел тунелот под Кале, а колку две детелина клучки, и дали поефтин би бил булевар под Кале кој би ги спојувал овие две клучки едната кај Касарна Илинден а другата кај Соборна Црква, односно за да се спои Центар со бул.Џон Кенеди преку ваков нов булевар ќе треба булеварска делница и кај Топана, чинам полесно е таму да се оди со експропријација, него што тоа би било случај со булевар кај Дуќанчик и експропријација на повеќето објекти попат како би се добил спој помеѓу бул.Цветан Димов и предложениот Тунел
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Mar-2018 at 16:20
Како се велеше додека пвеводбениците и нивниот пастир беа на власт - неокласицистичките фасади ги црта некој на Илинденска бб ?
 
Изгледа овие плавиве жолтици наместо да донесат живот, само извршиле трансплантација на истиот живот од пвеводбениците.
 
Со вакви градежни и урбанистички експерти, сигурно тунелот ќе се изгради и ќе биде пуштен во употреба со брзина на светлината.
 
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/vaka-nekako-ne-se-praveshe-i-parapetcheto
 

Вака некако не се правеше и „парапетчето“?

 
13 Март 2018 - 12:14
 
Експерт до експерт
 

 
* Фотографија од веста “Шилегов се подготвува за тунелот под Кале“

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 06-Apr-2018 at 22:10
Originally posted by Zelenikovo


може ли некој да претпостави колку би чинел тунелот под Кале, а колку две детелина клучки, и дали поефтин би бил булевар под Кале кој би ги спојувал овие две клучки едната кај Касарна Илинден а другата кај Соборна Црква, односно за да се спои Центар со бул.Џон Кенеди преку ваков нов булевар ќе треба булеварска делница и кај Топана, чинам полесно е таму да се оди со експропријација, него што тоа би било случај со булевар кај Дуќанчик и експропријација на повеќето објекти попат како би се добил спој помеѓу бул.Цветан Димов и предложениот Тунел

mozda bi bilo poprakticno i so najmalce rusenje/eksproprijacii izmegu francuski grobista i muzejot za sovremena umetnost da se spusta od zadna strana na kaleto kon ul. Lazar Licenoski i pokraj src kale preku vardar na bul. Kliment OhriTski...
Kaj Kluckata na plasticarska Istata ruta co prosiruvanje na segasnta koja i e vrska od plasticarska do kluckata ul. Makedonsko Ksovska Brigada so Dzon Kenedi ...



ps: potoa bi mozelo da se razmisluva od Ul. Dzon Kenedi preku Zelezara pozadi avtokomanda i da se povrze so Cento - Madzari - Kvantaski - Lisice so sto bi se zaobikoluvala guzvata vo Strogiot centar...



Edited by Portal - 06-Apr-2018 at 22:44
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Jul-2018 at 15:46

Почнува изработката на проект за изградба на тунел под скопското Кале



Не сакам да кажам „џабе“, затоа што проектот е многу битна врска во зацртаната градска сообраќајна мрежа, но јасно е дека неговиот ефект би бил само делумен без решавање на проблемот наречен „Пластичарска“ и проширување на Македонско-Косовска бригада на потегот до Џон Кенеди, а за ова не гледам можност да се најде решение во догледно време.


Originally posted by Portal

mozda bi bilo poprakticno i so najmalce rusenje/eksproprijacii izmegu francuski grobista i muzejot za sovremena umetnost da se spusta od zadna strana na kaleto kon ul. Lazar Licenoski i pokraj src kale preku vardar na bul. Kliment OhriTski...


Порталов ти ги искористил скиците. Big%20smile
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 24-Sep-2018 at 15:39


Edited by Staro Skopje - 24-Sep-2018 at 15:40
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 24-Sep-2018 at 16:39
Најдоцна до септември 2019 ќе биде готов проктот за изградба на тунелите под Кале, по што ќе се распише тендер за изведувач. Градоначалникот Петре Шилегов денеска на прес-конференција го најави почетокот на реализацијата на проектот тунели под Кале и нов мост преку реката Вардар, за поврзување на северната страна со центарот на градот. Како што кажа Шилегов, оваа недела ќе се распише тендерот за проектирање.

„Во тендерот се бара проектот да биде изработен во период од 8 до 10 месеци, а за него од буџетот се издвоени пола милион евра. Јас очекувам дека наредната есен ќе имаме квалитетен документ врз основа на кој ќе бараме изведувач за изведба на овој капитален проект за град Скопје. Според анализите, изградбата на тунелите би чинело околу 25 милиони евра. Сè уште е рано да зборуваме дали ќе се вклучи Владата со финансиска помош, но во најлош Град Скопје сам ќе го гради, бидејќи немаме алтернатива освен да изградиме вакви рути кои ќе го намалат метежот и ќе му дадат развој на Скопје“, рече Шилегов.

Како што беше презентирано, сообраќајницата ќе почнува од булеварот Свети Климент Охридски и ќе биде издигната на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата на РМ сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри сè до влезот во тунелот под Калето. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.

„Досега никој не направил проект за овој капитален проект со кој ќе ставаме крај на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Го растоваруваме сообраќајот на Бит пазар, Цветан Димов и на мостот Гоце Делчев. До саканата дестинација ќе се стига за најмалку 5 до 20 минути побрзо за разлика од сега. Тоа придонесува за заштеда на време и на гориво, а намалениот обем на сообраќај значи и почист воздух во Скопје“, рече градоначалникот Шилегов.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/narednata-esen-ke-imame-proekt-za-izgradba-na-tunelite-pod-kale-kazha-shilegov-koj-denes-najavi-start-na-proektot/
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 24-Sep-2018 at 17:44

бреј на видеото пост погоре каков кураж, велат немало друг мост меѓу Го.Дел. и Ал.Пал. а овој небаре вака до ГД збутан и сообраќај и визура ќе опраи бетер се и од коцевци шилеговци ...

ок зацртале урбанистите во 64-та дека ова е чаре, нормално денешниве уште во тој филм заглавени, но бар да видевме дебата меѓу сообраќајни експерти во земјава но и менаџери кои би споредувале фунансиска конструкција во однос поцелисходни решенија! вака пак се по старо, само што анимациите се за локална инфраструктура пер се, ќе речев пред се' но им личи глумењет европски вијадукти, таман да се затне цела визура што повеќе се може!

лично сметам дека со парите со кои ќе одат за ваквото решение, попаметно ќе беше Илинденска да ја направеа подземна како би имало север-југ супер проточност паралелно на партизанска, додека Џон кенеди со обичен кружен ток кај ам.амбасасада да си тераше со проширен булевар под Кале, а сетне сакале да врви мостот кај Влада или потака кај Стадион и не е битно доколку бул. Илинден е вкопан бар до пола, додека идејата на шилеговци да се премости истиот ко што предлагаат ќе биде смешна грдосија по визура не само за на вардар туку и за самата Влада, мислам ова волку естетска оштроумност ни во Вевчани на Карневал не поминува, од овој аспект доколку тераат до крај вака подобро е да го вкопаат бул.Кли.Ох. а да се издугнува дури зад Влада, иако доколку се одеше со мост кај Стадион во однос ЦеКа ќе беше и безбедносно поадекватно решение, ем од таквиот булевар под Кале кој сака да оди во Центар ќе продолжува преку мостот Гоце Делчев, а оние кои сакаат да врват накај Партизанска тоа би можеле преку боемската улица ако не рузвелтова да имаат излез, иако и ова не е идеално решение, та тука би можеле да пуштат ново пробивање кон партизанска од боемската улица покрај Градежен односно го тргнат тоа Г крило на крајот од боемската улица а избијат на Партизанска, иако тоа би значело дислокација на Градежен ако не реконатрукцијата на старата зграда која и така е за менување а вака би искористиле и тие попат од буџетски кајмак ...



Edited by Zelenikovo - 24-Sep-2018 at 17:45
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 253
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 25-Sep-2018 at 08:40
Визуелизацијава е пресмешна. Како да ја правел некој у пеинт. Ни перспектива ни размер. За мене е жива смешка. Идејата секако е стара и се уште свежа и практична. Ама дај веќе градскиов татко нека почне со конкретни мерки, ова визуелизацииве преку глава више.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Sep-2018 at 09:28

ако така заштедиле не е проблем напротив, туку да не е обратно, дали имале за истата тендер мислам да лапнеше и некое дете некој денар за афтерефктс визуелизации ...

а убо си кажа идејата е стара но далеку од освежа, а прапање е колку ќе биде практична, не се плашат да стават мсупр фрекфентен вијадукт до Влада а се плашат клучка кај Ам.Ам. која клучка и без овој прект треба да ја има!
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Sep-2018 at 09:42
Како бе вас не ве консултирале, форумски експертишта.. најбоље нишо да не се чепка за да не мрчите, уствари и тогаш ќе мрчите.
ಠ_ಠ
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Sep-2018 at 09:49
Супер си е проектов, проблемот е само што абер нема од почеток. Барем нека обезбедат финансии до завршувањето на проектот, па да почнат крај на 2019-та.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.