build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тунел под Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Тунел под Кале
    Posted: 14-May-2010 at 12:28
Бидејќи и официјално тунелот влезе во ДУП, реално е да отвориме и посебна нишка за него. Иако не знаеме кога (или дали) ќе се гради.

Ја зедов сликата за ДУП Тетовска Трошарина и ја споив со гугл мапс, па еве една кратка анализа што може да очекуваме во врска со овој проект:



Обележаниот дел од патот со црвено (не кругчињата) го сметам за најкритичен дел бидејќи тука е најголемиот дел стокмен за експропријација, материјал за баждарење и/или работа за судови што може да ја завлечка работава со години.

Црвените кругчиња се друга работа. За тие две од левата страна на Вардар се во позитивна конотација, а за десната страна во негативна. Двата објекти мислам дека се во сопственост на Рудине, едниот (тој погоре) е магацин, а другиот е тој разрушениот недограден. Кога ќе ги рушат има да седам отспротива и сладолед да јадам Cheers

За од другава страна, изгледа паркот ќе треба да оди курбан. Еден од најубавите урбани катчиња во цело Скопје, со ќуќарката со клупи... Ама ако тоа е најголемата жртва за да се растерети Скопјево од гужви, би го простил....

Ваше мислење?


Edited by alexgizh - 14-May-2010 at 12:30
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-May-2010 at 15:35
Ne mi se veruva deka ke se realizira ovaj proekt.
A ubavo ke bese da se gradi, vo edna strana soobrakjaot a od druga strana se pomalku kucarki i haos, samo vo cair ke pocno da ima problemi.Nikoj ne se soglasuva da dava kuka samo da se gradi pat. Iako mu dava gradot mesto za ziveenje, sepak stan ne e isto ko kuka. Znaci do opstina centar moze nesto da se prajt a od tuka, do cair ne znam.
Najdobroto resenije e da si gi kupi gradot celata parcela so site kuki, i da pocne so proektot(zvuci nesto budalo ama ovaa e edistvenata moznost, barem spored mene)
Ako cekame nesto od cair, ne bi veruval na nesto seriozno, osven eden mal patce i toa.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-May-2010 at 17:11
Јас сакам да знам дали овој мост е замислен да го минува Вардар како сите останати на ниво на земјата или ќе треба да се подигне уште пред самото премостување за да се избегне раскрсницата со улицата под Калето. Ако тоа е така, тогаш овој мост би бил најдолг и најскап за изведба, кој веднаш би требало да се влива во тунелот.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-May-2010 at 17:23
Според мојата замисла многу добар мост би можело да никне тука, само доколку се реализира ..... малку повеке пари али многу добра слика на скопје со некаков висечки мост пошто положбата е таква.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-May-2010 at 19:19
Имаш неколку грешки во скицата. Прво малку slightly на лево забегува. Проаѓа точно врз разружениот магацин, тоа може би некој офсет додека си го монтирал дуп-от. Нема везе не е до толку и нешто битно. Работава бше да пишпам дека нема тамо раскрсница туку клучка дијамант (како онаа во автокоманда, естекада). Така да многу повеќе има тамо да се чисти терен.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-May-2010 at 20:14
Во ред е проектов ама не разбирам која е целта за негова изградба. На сите ни е јасно дека делот накај Скопје Север и Шутка е еден од најруралните во градов. За жал на Скопје му е прерано за толку крупен чекор.
Друга работа е што пластичарска улица си има свои закони за градби, и тешко дека таму може и полицијата да заврши работа.
Доколку се оди со проширување во овој дел мислам дека првенствено треба да се пробие Северен Булевар накај Александар Палас.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-May-2010 at 21:52
Во контекст на дискусијата http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=923&PID=65560#65560

Колку што гоогле еартх е точен во однон на висините и колку тие може прецизно од сателит да измерат се обидав да добијам некоја висинска разлика од најниската и највисока точка на Кале. Значи сега идам со груба проценка. 15-тина метри е висината на ридот во тој дел. Ако еве груба проценка тунелот влегува на половина од тој тунел нека биде тоа на 8 метри и висина на тунелот од некои 5 метри (4 и нешто ситно висина над коловоз + дополнително уште еден оставам поради плочи и инсталации) се доаѓа до 13. Два метри висина воопшто не се исплати туку дополнително треба да се плати цена за изградба на комплетен тунел, инсталации, константно осветлување што е трошок, намалена безбедност и видливост. А со ископ единствено ќе треба да се направат два потпорни ѕида од страна и завршена работа. А незнам што би добиле со тунел. Стварно мислам дека некаков континуитет на ридот не вреди таа цена.

Нормално би можело над ископот да се направи некаков пешачки мост преку кој кога ќе се проаѓа би се имало одличен поглед на новиот некој репрезентативен мост за Скопје.

Ах како незнаев малку да рчнам нешто 3д, милијарда идеи низ глава ми се свртеа.


Edited by lslcrew - 18-May-2010 at 14:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-May-2010 at 22:13
Усвари предлогов со паркло-то што го пишав сега колку што гледам и нема некоја голема потреба од тоа. Уствари ни во ГУП нема нешто такво вцртано. За едно маало и не се исплати цела клучка, посебно на специфичен терен. Нема потреба од вкрстување, Гоце Делчев мостот сосема ги задоволува потребите на тоа маало и целата дипломатија за поврзување со центар.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-May-2010 at 22:33




Всушност и немора никаков дополнителен пешачки мост кога ќе се земе во предвид дека горе треба да проаѓа новопроектирана улица за нововцртаните објекти. Така да таа улица ќе има и тротоари и нема потреба од никаков дополнителен мост. Калето ќе ќе се оддржи како еден континуум. Потпорните ѕидови ги вцртав така без врска, незнам ни каков е теренот детално ниту какви нагиби треба да има.

Но по сите изгледи до сега ми се чини дека подобро решение и попрактично би било вертикален ископ.


Edited by lslcrew - 16-May-2010 at 22:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-May-2010 at 02:13
Висините што предходно ги споменав беа земени од гоогле еартх и далеку се од точни. ДУП-от го има на општинската интернет страница на Општина Центар и ги има висинските коти на улиците така да се обидов да склопам некоја аматерска пропорционална скица од страничен пресек како би изгледало ова. Нормално конфигурацијата на теренот на кале е произволно земена.



Со зелено е варијантата под претпоставка дека тунлеот од страна на Вардар влегува на најдолно можно ниво, а излегува од странаа на Дуќанџик на највисоко можно ниво. Ваквиот нагиб ниту на паинт скица не ми изгледа логичен, така да со кафеаво е трасата под претпоставка дека уште дел од висината се постигнува со мостот што е пологична и поверојатна варијанта.


Edited by lslcrew - 18-May-2010 at 02:14
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-May-2010 at 20:53
@ alexgizh & lslcrew

Момци, веќе беше споманто во вестите за ДУП-от дека Климент Охридски треба да влегува во тунел на 7 метри над Лазар Личеноски.

alex, ова меѓудругото би значело и дека пред тунелот би бил мост, а со оглед на вкупната висинска разлика можеби мостовска конструкција би била потребна на целиот потег од кај „Жабар“ до влезот во тунелот... не премногу висок мост, но сепак веројатно е неопходна некаква конструкција по целата таа должина или делумно насип.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-May-2010 at 03:03
Не сум прочитал дека пишувало некаде 7 метри.

Од Св. Климент Охридски до Лазар Личеноски има точно 500 метри. И уште некои дополнителни 20-тина метри до влезот на тунелот. Тоа е повеќе од пола километар маневарски простор освен функционално, Скопје да добие и репрезентативен мост.

Во врска со висините, одприлика страната од кај Св. Климент Охридски е метар два повисока од Лазар Личеноски, уствари и тоа не е битно толку. Ако тунелот треба да влегува 7 метра над Лазар Личеноски тогаш тоа и не е така мала висина за да биде премостувана со насип. Тоа е безмалку три спрата. Прво за 7 метри висок насип треба голема ширина, од друга страна со тек на време може да легне и да биде како дупка на среде пат, а и ќе треба де факто да се градат два моста не еден и само дополнително би била трн во целава работа. Тука може со некои интересни скали или цикцак нагиби увртени околу столбовите да се добие интересна конекција на тротоарите од мостот со кејот и СРЦ Кале.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-May-2010 at 09:00
А има ли воопшто потреба од насипи? Неможе ли да се реши мостов како надвозникот кај Кале?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-May-2010 at 12:47
Де бре луѓе, како се фативте за тој насип

Па јас само реков можеби насип на дел од трасата. Smile
Значи само евентуално доаѓа во предвид насип и тоа на деловите каде што не би бил премногу висок и гломазен, за да се скрати должината на мостовската конструкција и за да се намали цената. Сето ова треба да го израчунаат стручни лица кои ќе ги имаат потребните податоци, а јас само ја спомнав можноста во склоп на тоа што кажав дека веројатно коловозот ќе треба да се издига по целата должина од кај „Жабар“ па до влезот во тунелот.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Jan-2018 at 21:21
Со тунели под Кале сообраќајно ќе го споиме градот

Како го перципирате градот откако станавте градоначалник? Претходно како граѓанин проблемите ги гледавте од една страна, а верувам дека сега е поинаку...

(...)

Горлива и неизбежна тема е загадувањето на воздухот, но не само тоа загадување. Гледаме диви депонии насекаде. Хигиената генерално е на ниско ниво, а таква е и свеста на граѓаните. Што конкретно планирате, како прв човек во градот, да сторите како план или програма за надминување на овие поразителни состојби?

(...)

Најавивте еден вид борба против насилната незаконска градба и урбанизација на градот, а паралелно со тоа и зачувување на оние зелени површини што останаа и правење нови. Што конкретно презедовте досега на овој план и што ќе преземете наредниве години?

(...)

Граѓаните бараат нова инфраструктура, поправка на дотраената... и покрај новите булевари и улици се гледа дека сообраќајот не се растовари и сѐ уште имаме паркирани автомобили на тротоарите и на улиците, многу од селата имаат лоши локални патишта. Што ќе преземете кога се во прашање сообраќајниот метеж, улиците, тротоарите...? Ќе најавите ли некој голем инфраструктурен потег што ќе се реализира во време на вашиот мандат?

- Инфраструктурата не подразбира само патни инфраструктури, тоа подразбира и развој на комуналната инфраструктура. Можете да видете во рамките на она што во буџетот е предвидено проектирање сериозни инфраструктурни објекти, за жал, градот нема таков вид капитал, а моите претходници не вложувале средства предвидени на инфраструктурните објекти. Доктрината што ја застапуваме е да загубиме повеќе време на добро планирање и средување на документацијата за да биде изградбата побрза, да не ни се случи еден булевар да се гради три години. Подобро е да загубите една година на планирање на тој булевар и да ги исчистете правните состојби отколку да почнете со нерасчистени работи и да се влече работата на терен. Затоа што секој таков зафат го нарушува секојдневието на граѓаните и треба што е можно помалку да го попречуваат движењето на луѓето. Јас и најавив можност дека многу скоро градот ќе влезе во изградба на барем еден или два моста преку Вардар. Очекувам дека напролет ќе бидеме подготвени да почнеме со реализација. Инаку инфраструктурата за која зборувам во кампањата е императивот што јас во овој мандат или ќе го реализирам во целост или ќе почнам да го реализирам. Почнуваме и геолошки истражувања на ридот на скопската тврдина, Калето, за да може таму да се изведе зафатот со изградба на тунелите под ридот за сообраќајно да го споиме градот од двете страни на Калето. Таа идеја е неопходна ако сакате Скопје да функционира. Ние сме одлучни како администрација во овој мандат да го реализираме тоа.

Скопје е град што постојано расте и по бројот на населението и по површина, и по изградени станбени единици. Проблемот со пренаселеност одамна се чувствува. Миграцијата од село во град, а конкретно во Скопје, не запира. Што мислите за овој проблем, кој не е само градски туку навлегува и пошироко? Има ли решение за ваквиот тренд и дали ќе се ангажирате во врска со тоа?

(...)

Првиот човек на градот станува своевиден синоним за градот во мандатот додека го води. Каков белег сакате да оставите на Скопје по завршување на мандатот или по добиените мандати во иднина? Едноставно каде се гледате вие а каде градот по поминати години? Какви промени очекувате да се случат?

(...)

Што би им посакале на скопјани во новава година кога е градското живеење во прашање, но и општо како нивен сограѓанин?

(...)

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%A1%D0%BE-%D1%82%D1%83%D0%BD%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82&id=3a3d33cd-80c1-49d1-9896-f5deb82362c5
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Jan-2018 at 21:22
Колку отприлика би чинел тунелот под Кале?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-Jan-2018 at 22:05
Откаде ќе почнуваат и завршуваат тие тунели под Кале? Кај Старата Чаршија или Бит-Пазар?Претпоставувам дека еден тунел ќе следи во продолжение на булеварот Свети Климент Охридски кој допрва треба да се изгради.

Еве некои ориентациони цени:

https://www.greaterauckland.org.nz/2016/10/05/the-costs-of-tunnelling/

Инаку, треба и тунел под Водно, но ми се чини дека ем ова е преголем залак за Скопје, ем не им никаков приоритет на локалните власти, кога веќе не се нафаќаат да решат далеку понекомплексни проблеми како што се јавниот сообраќај, градска железница и изградба на паркинзи или катни гаражи кај Хиподром и Сарај за нескопјаните да си ги оставаат своите возила и да продолжат со градски превоз кој Коце поради своите каприци им го ускрати.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Jan-2018 at 23:27
Еве од наменската тема за тунелов:
Originally posted by lslcrew


Всушност и немора никаков дополнителен пешачки мост кога ќе се земе во предвид дека горе треба да проаѓа новопроектирана улица за нововцртаните објекти. Така да таа улица ќе има и тротоари и нема потреба од никаков дополнителен мост. Калето ќе ќе се оддржи како еден континуум. Потпорните ѕидови ги вцртав така без врска, незнам ни каков е теренот детално ниту какви нагиби треба да има.Но по сите изгледи до сега ми се чини дека подобро решение и попрактично би било вертикален ископ.




Со изградба на овој булевар, логично би било и проширување на Втора Македонска Бригада и Никола Карев (Пластичарска). Прилично корисен проект за Скопје.

Доколку добро се сеќавам, Шилегов во една ТВ дебата спомна цифра од 220 милиони евра, но не ми текнува дали тоа се однесува на прстенот околу Скопје или на сите инфраструктурни проекти коишто ги планира. Препоставувам дека е второто.

Околу тунелот под Водно, мислам дека тоа е апсолутно непотребна инвестиција. Би бил прескап, а од другата страна на Водно нема речиси ништо, така што не знам која е логиката позади ова. Освен доколку Скопје не стане двамилионски град кој би се ширел и од другата страна на Водно.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Jan-2018 at 23:34
Не верувам дека ќе градат паралелна надземна сообраќајница од Соборна до Џон Кенеди. Многу поверојатно, поефтино, а според мене и попрактично и поефикасно е да се изгради мост на крајот на Свети Климент Охридски (позади Влада), да се изгради тунел лево од МСУ, а со Никола Карев и Македонско Косовска бригада да се спои со клучка.

Да се реализираа во минатото, сега ќе немавме проблеми со возењето низ Скопје и аерозагадувањето – “Партизанска” под плоштад и тунел под Кале – решенија за сообраќајниот јазол во центарот

Урбанистите сметаат дека Скопје ќе го избегнеше аерозагадувањето ако во минатото се водеше сметка за поставување на зградите што се градеа и се спроведуваше т.н. аеродинамичен модел на градот, според кој, за секоја новопроектирана зграда да се направеше макета, како и да се решеше сообраќајниот јазол во центарот на градот со пробивање на булеварот “Партизански одреди” под плоштадот “Македонија” и да се направеше тунел под Калето.

– “Партизанска” требаше да почне со постепено пропаѓање под нивото на теренот од Соборниот храм и под зградите што се направија на крајот на булеварот да помине под плоштадот. Требаше да има отворен амфитеатрален простор кај споменикот на “Воинот на коњ” со автобуска и трамвајска станица и потоа повторно булеварот да излезе кај Градската болница “Св.Наум Охридски”. Но, со градењето на зградите на крајот на “Партизанска” таа можност сега се блокира, така што се изнаоѓаат нови можности да сообраќајот од “Партизанска” сврти према мостот “Гоце Делчев” и покрај Вардар и покрај кејот излезе кај зградата на НБРМ. Ова решение од сеизмички и од еколошки аспект е многу понеповолна состојба. И тунелот што се заговара што го спомена таткото на градот, Петре Шилегов треба да помине покрај Владата и под Калето да излезе кај Битпазар. Такво решение е зацртано и во плановите на Кензо Танге и со тоа сите гужви кај Мавровка можат да бидат избегнати – вели професорот на Архитектонскиот факултет во пензија и основачот на движењето на екологисти на Македонија, Михаил Токарев кој смета дека во Просторниот план на РМ треба да се размислува за деурбанизација на Скопје.

Токарев вели дека многу брзо треба да се воведат зелените налепници за возилата и оние што не ги исполнуваат еколошките стандарди да не можат да се движат во периодите кога има загаденост на воздухот.

– Треба да се знае во деновите на аерозагадување возилата од другите градови кои ќе немаат зелена налепница да не се пуштаат во Скопје уште на пристапот кон градот – на првата патарина. Го собравме целото европско ѓубре од возниот парк, го донесовме во Скопје, испушта енормно загадување и сакаме градот да ни биде чист. Не може. Исто така, под итно да се спроведе гасификацијата и да се елиминира употребата на фосилните горива – вели Токарев.

Инаку, во Министерството за економија се подготвува нов Закон за возила кој во иднина ќе ги опфати сите автомобили да имаат еколошки налепници што ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кое возило колку загадува. Законот треба да биде готов до крајот на февруари. Потоа законските измени ќе бидат доставени до Владата, па до Собранието, при што реално се очекува до крајот на првото полугодие да бидат донесен и да стапат во сила.

Градот Скопје, како што дознаваме, има побарано да се подготви модел за нов јавен автобуски превоз во Скопје, бидејќи постојниот не ги исполни очекувањата. Тој предвидува брзи автобуски линии низ поширокото централно градско подрачје кои физички ќе бидат одвоени на коловозите на булеварите. Ќе има и нов начин на наплата на билетите. Реализацијата на новиот модел на автобуски превоз во Скопје би коштал меѓу 12 и 13 милиони евра.

Од Центар до Чаир преку тунел под Кале



Тунел под Кале беше дел е од нацрт-верзијата на ДУП за локалитетот Тетовска трошарина, како продолжение на булеварот “Свети Климент Охридски”. Според плановите, тунелот треба да биде долг 180 метри и да минува во близина на Калето под Музејот на современата уметност.

Тој постои во генералните урбанистички планови уште од 1965 година, потоа е потврден и во плановите од 1985 и 2002 година. Неговата реализација ќе има олеснителна функција во однос на сообраќајниот метеж.

Според проектот на градежниот инженер Лазо Чакаровски, сообраќајницата би требало да тргнува кај Мала станица, односно во близина на зградата на “Нова Македонија”, се движи по булеварот “Климент Охридски”. По вкрстувањето со “Партизанска” и откако ќе се измине Соборниот храм, булеварот “Свети Климент Охридски” се издигнува на мостовска конструкција. Под мостовската конструкција си останува булеварот “Климент Охридски” по кој како и сега, може да се одвива сообраќај. Улицата ќе лежи на единечни столбови кои предвидено е да се издигнат во средишното зеленило на “Климент Охридски”, така што новата сообраќајница ќе биде токму паралелна на сегашниот булевар. По издигнувањето после Соборниот храм, сообраќајницата продолжува кон Влада и излегува на Вардар минувајќи низ надземниот паркинг на Владата, покрај “Жабарот” го минува Вардар и во близина на лизгалиштето, каде депресијата на ридот е најниска, со тунел влегува под Кале.

Од другата страна на Кале тунелот излегува на крстосницата кај касарната “Илинден” каде е предвидена кружна клучка, и од тука, избегнувајќи ја Топаана излегува на улицата “Македонско-косовска ударна бригада”, во близина на крстосницата со Џон Кенеди.
Оваа нова сообраќајница предвидено е да биде брза. По неа ќе се вози со 80 километри на час, без застој. Таа нема семафори, ниту пак вкрстувања со други улици, а со неа се скокаат “Илинденска”, “Димитрие Туцовиќ”, “Загрепска”, “Лазар Личеновски” и улицата “Топаанска” после тунелот. Со овие поголеми улици новата сообраќаница би се вкрстувала доколку се гради по земја. По неа би се пренасочил целиот сообраќај запад – исток во Скопје, вклучувајќи ги тука и оние кои од Куманово одат кон Тетово или обратно. Експертите велат дека ова ќе биде улица која ќе биде основа на примарната сообраќајна мрежа во Скопје.

Главната придобивка од реализацијата на проектот е растоварување на целиот сообраќај кој минува преку Бит-пазар, а особено метежот на крстосницата кај Судска палата и “Мавровка”, каде што е проценето дека дневно поминуваат и повеќе од 86.000 возила.

(С.Блажевска)

http://vecer.press/%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%BD%D0%B5/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Jan-2018 at 11:58
Апсолутно никаква негативна забелешка немам за проектот, единствено што очекувам е да се реализира. Ако тунелот под Кале се изгради, заедно со Јужниот булевар под земја кај Рамстор, Скопје ќе може да го растерети сообраќајниот метеж на клучните места во градот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.