build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Marriott Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 20-May-2010 at 15:16

Токму тоа сакаат да кажат Пбанкс, дека не е само франшиза, туку менаџиран од Мериот, а не од еди кој си ко Холидеј Ин или Бест Вестерн кој патем ги држи ист човек (група на луѓе, како и уште 5-6 други хотели), кои само користат лого..

Радисон Блу засега единствено води во замајување на јавноста Big%20smile

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 20-May-2010 at 15:30
Originally posted by SkyBoy

Токму тоа сакаат да кажат Пбанкс, дека не е само франшиза, туку менаџиран од Мериот, а не од еди кој си ко Холидеј Ин или Бест Вестерн кој патем ги држи ист човек (група на луѓе, како и уште 5-6 други хотели), кои само користат лого..


Јасно, знаеме кој е за Холидеј ин итн... Но не ја гледам предноста во тоа директно Мериот да го држи хотелот, и кога добиваш франшиза мораш да исполниш стандарди и услови... Или исправи ме можеби грешам околу немањето разлика?


Originally posted by SkyBoy

Радисон Блу засега единствено води во замајување на јавноста Big%20smile




Па добро, Мериот мора да изгради барем подрум за да го едначиме со Радисон Блу
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 20-May-2010 at 15:53

Rollin

Па со оглед на темпото на радисон.. навивам за Мериот!

Да, со договор за франшиза превземаш обврски (за сметка на бенефити од користење на логото) да квалитетот на услугите го изедначиш со оној на оригиналните Холидеј Ин хотели, што би рекло да воспоставиш стандарди својствени за Холидеј Ин.

Имаш контрола од централата на Холидеј Ин еднаш до двапати годишно (точно на колку време незнам како е организирано) и толку. Е сега со тек на време дали тоа излитува, дали имаат некакви специјални обуки, итн итн незнам (јас лично сум скептик), менаџерите се сите тукашни, како ќе работиш - таков и профит ќе имаш, во менаџерскиот дел никој не ти се меша, освен што треба да и плаќаш на централата средства (обврска) за користење на логото/франшизата. 
 
Е сега не сум сигурен во случајов со Мериот дали ќе има странци менаџери, како што беше случајот со Телеком (Атила Сендреи се викаше?!), што би значело целосно менаџирање од страна на брендот (инвеститорот/сопственикот), а не малтене никакво мешање преку периодични контроли.
 
Значи иако навидум нема разлика, сепак суштински се разликуваат во делот на оперирање/менаџирање, контрола итн, што сигурно влијае на крајниот резултат (особено кога се македонци во прашање и нивниот хроничен несериозен однос). Да не ме држите за збор, јас површно објаснив како функционира договор за франшиза низ примерот на Холидеј Ин, а суштински/детално незнам како си се договорени.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 20-May-2010 at 15:57
Па... доколку го земам McDonalds (кој е франшизно присутен во МК) каде понекогаш за обичен сендвич се чека колку за оброк во вистински ресторан. Очигледно со франшиза може да се фаќаат кривини во однос на поставените стандарди од централата. 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 20-May-2010 at 16:11
.


Edited by SkyBoy - 27-May-2010 at 00:05
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 20-May-2010 at 20:14
Originally posted by pbanks

Јасно, знаеме кој е за Холидеј ин итн...


Јас се извинувам за офтопик, може да ми кажете кој стои зад Холидеј Ин? Ептен не сум упатен а навистина ме интересира...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 20-May-2010 at 20:49
Македонија турист ги држи неколку познати хотели меѓу кои и Холидеј ин и Турист Бест Вестерн.

Од скоро и Белви е Бест Вестерн, знае некој дали и тој хотел го држат од МТ?


Edited by pbanks - 20-May-2010 at 20:50
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-May-2010 at 21:02

Според последните истражувања што ги правев пред година-две МТ ги држат Јадран, Бристол, Турист (БВ), Холидеј Ин, Белви (БВ), Карпош и Водно



Edited by SkyBoy - 20-May-2010 at 21:10
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 20-May-2010 at 21:02
Сајтот вика да

http://makedonijaturist.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=24&Itemid=42

Фала Пбанкс!
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 20-May-2010 at 21:05
Originally posted by pbanks


Од скоро и Белви е Бест Вестерн, знае некој дали и тој хотел го држат од МТ?
 
баш скоро не би рекол, едно 2 години минимум..
 
Едит: ако некого го занима веб
 


Edited by SkyBoy - 20-May-2010 at 21:08
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 22-May-2010 at 14:25
ај вака да се обидам да ви објаснам на кратко што точно значи франшиза, што менаџирање од самиот бренд.

Франшиза значи откупување на права, обврски, know-how и брендот(име, лого, амбалажа итн итн) од страна на некој поединец или компанија. Како пример ќе ви кажам за кафулето Хард Рок (не мешајте со нашето Хард Рок). Има две варијанти да дојде во Македонија, сум испитувал и вака е на кратко. Прва варијанта, ако некој има 2 милиони долари во кеш, пишува маил до нив, доаѓа нивни човек и почнувате со уредување по негов налог. Значи од салфетки, до плочки, бои, дезени и сл. Втора варијанта е доаѓа менаџментот од Хард Рок и гледа добар пазар тука и отвара кафуле, во кое става нивни главен менаџер, а вработува наши луѓе. За уредувањето исто така

Значи на кратко сумирано, кога е франшиза, наша фирма би менаџирала со Мериот, под раководство од нивната интернационална канцеларија. Со оглед на тоа каков менталитет имаме, ова не е баш добро решение, зошто по некој период ќе има потплаќања за да се намали квалитет на услуга и слични прерипувања на процедури. Во случајов, Мериот би требало да назначи некој нивни човек да биде менаџер во Мериот Скопје, таа фирмата од СК ќе им помага со преводи, обезбедување документи, дозволи и слично, а внатре немаат удел ни 1%.

Е сега кај нас како ќе функционира ќе видиме, прво нека го изградат, нека проработи па ќе видиме што ќе биде
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 21-Jul-2010 at 14:56
Некој асфалт има искршено тука. Може би се отвара градилиште...


Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 21-Jul-2010 at 17:09

Ajdeeee airlija rabota samo drvava da ne gi secat Ohno

Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-Aug-2010 at 17:24
pocnata e ovde rabotata? samo da ne dopisat uste nekoj sprat , drugo so sakat neka prat 
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 27-Aug-2010 at 17:28
Originally posted by G.I. Joe

pocnata e ovde rabotata? samo da ne dopisat uste nekoj sprat , drugo so sakat neka prat 
Сé уште не! Прекопот (во меѓувреме е истампониран и нареден бекатон) на погорните фотки е крпеница од Градот, за да може да „се истеглат” уште две-три места во централната, „90денаридвачаса” паркинг зона.


Edited by OKA - 27-Aug-2010 at 17:30
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 27-Aug-2010 at 17:37
fala OKA
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 25-Nov-2010 at 12:21
Сепак има надеж за хотелов

На плоштадот ни М од луксузниот хотел „Мериот“

Изградбата на хотелот требаше да почне во август, но поради некои проблеми со обезбедувањето на потребната документација, инвеститорите доцнат неколку месеци


     
     
Петте ѕвездички на хотелот „Мериот“, чија изградба требаше да почне пред неколку месеци на плоштадот „Македонија“, никако да засветат. Фирмата „Дивелоп груп“, заедно со една од најелитните компании во областа на хотелиерството „Мериот интернационал“, почетокот на градбата го најави за август, но еве поминаа речиси четири месеци, а на земјиштето наменето за изградба на хотелот нема удрено ниту една лопата. Во круговите на градежниот бизнис сé погласно се говори дека работата е запрена поради две причини. Првата причина е дека инвеститорите бараат од општината Центар да им дозволи да изградат неколку ката плус, поради што мора да се менува деталниот урбанистички план за Малиот ринг, во кој е планирана и маркичката за хотелот. А втората е намерата на инвеститорите да го препродадат земјиштето.

Од „Дивелоп груп“, кои ќе се и инвеститори на изградбата на овој светски бренд хотели, ни изјавија дека од надлежните на општината Центар не побарале измена на катноста. Хотелот ќе се гради според важечката маркичка П + 8 ката.

- Точно е дека малку доцниме, подготовките и администрацијата ја оддолжија изградбата. Во моментов на терен се прават последните подготовки. Деновиве треба да ги поднесеме документите за добивање локациски услови до општината Центар, по што ќе почне градењето - вели Александар Ивановски, генералниот директор на „Дивелоп груп“.

На прашањето дали планираат да го препродаваат земјиштето на друг инвеститор, Ивановски ни рече дека по сите маки што ги поминал за да дојде до ова приватна парцела во центарот на градот, а особено за да го донесе овој светски бренд кај нас, вакво нешто не му паѓало на ум.

Надлежните од општината Центар, пак, молчат околу тоа дали се крчка нова измена на ДУП за Малиот ринг.

Луксузниот хотел со квалификација „5 с“ треба да се изгради на површина од 20.000 квадратни метри, на плоштадот „Македонија“, спроти кафулето „Тренд“ и пабот „Лондон“. Објектот ќе располага со 180 соби, 16 луксузни и еден претседателски апартман, две сали, спа-центар, како и градина со базен на највисокиот кат. Хотелот ќе се гради во артдеко-стил, а идејното решение е дело на австриски архитекти, но во изградбата на хотелот ќе помагаат и домашни фирми.

Во мај, годинава, кога беше најавена изградбата на „Мериот“, по чаршијата се слушнаа муабети дека за плацот се води имотно-правен спор, поради што и не може да се изгради хотел на таа локација. Генералниот директор на „Дивелоу груп“ тогаш појасни дека плацот е купен од приватен сопственик, кој не сака да му се открие идентитетот во јавноста и дека за земјиштето нема никакви проблеми со денационализација.

Вкупната инвестиција за хотелот е 37 милиони евра. Дел од парите е обезбеден од капиталот на фирмата, а преостанатиот преку кредити од наши и светски банки. Според Ивановски, со изградбата на овој хотел ќе се отворат 700 работни места.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11251010252&id=14&setIzdanie=22142
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 25-Nov-2010 at 13:01
mnogu e p + 8 .. si igrat igracki so visinite 
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 25-Nov-2010 at 13:21
Mislev deka ke bide P + 5-6 kata. Stvarno e mnogu. Toa bi doslo kolku visinata na Narodna banka ( na plostad).
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-Nov-2010 at 13:32
3 milioncinja imat od kat , pa sega drugoto ne e bitno 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.