build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Marriott Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе

Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 31-Jul-2012 at 17:25
Девелоп груп работат на големи проекти за наши стандарди. Новата инвестиција е во близина на граничниот премин Богородица - http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1128:2012-07-31-14-07-55&catid=8:actual&Itemid=1
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 23-Aug-2012 at 14:52
ФОТО:Луксузниот „Мериот“ се гради во полн ек
Четврток, 23 Август 2012 14:57

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Изградбата на луксузниот хотелот „Мериот“ е во полн ек.

На плоштадот Македонија веќе извесен период интензивно се гради хотелот со пет ѕвездички.

Просторот во зеленилото пред кафулето „Тренд“ е ограден и се работи на елегантниот хотел во артдеко стил.

Скопскиот објект на светскиот хотелски синџир ќе има 180 соби, 16 луксузни апартмани и еден претседателски апартман, сали за ручек, градина со базен на највисокиот кат и спа-центар.

Хотелот го гради македонската компанија „Дивелоп груп“, а неговата изградба ќе чини околу 38 милиони евра.

Се очекува луксузниот Мериот да ги прими првите гости во 2013 година.

Со изградбата на овој хотел не само што ќе се разубави изгледот на плоштадот Македонија, туку и ќе се отворат околу 700 нови работни места. Мериот исто така ќе привлече и многу повеќе туристи.

Локацијата е одлична. Погледот ќе биде уште поубав... а домашните гости како и туристите ќе добијат исклучителна услуга каква што би имале кога би се сместиле во луксузните хотели „Мериот“ во Њујорк, Лондон или некоја друга светска метропола.

Хотелот со 5 ѕвездички во централното градско подрачје, ќе биде уште едно место каде ќе може да престојуваат и одмараат се` поголемиот број на туристи кои ја посетуваат нашата метропола.
http://kurir.mk/republika/skopje/82226-FOTOLuksuzniot-Meriot-se-gradi-vo-poln-ek

Edited by gjoko - 23-Aug-2012 at 14:53
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 23-Aug-2012 at 15:33
во полн ек? вака како на сликиве стои веќе подолго време
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Clint Eastwood View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Aug-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Clint Eastwood Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 23-Aug-2012 at 16:20
Хм , за да го завршат за една година ќе им треба јака акција , засега иде доста споро .
no signature
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 23-Aug-2012 at 21:55
Предпоследната зелена површина во центарот отиде во неповрат.
Останува уште теренот до него.

Парковите на крајот на улица Македонија и кај дом на АРМ исто ќе ги снема.
Ич око не им трепнува,што решиле си тераат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 23-Aug-2012 at 23:49

Оваа површина, со сите постземјотресни планови била предвидена за градба. И многу логично е овде да има објект кој ќе учествува во дефинирањето на контурите на плоштадот. Нема ама баш ништо спорно со оваа градежна маркичка.

Како може тоа да го ставиш во иста корпа со други случаи каде има уништувањето на паркови за објекти кои се измислија преку ноќ? Само си го поткопуваш аргументот во целина.
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 24-Aug-2012 at 00:14
Единствено каде треба да се има објекти и каде тоа е изводливо е левата страна на Вардар.Секако не на начинот на кој се подредени сега но сепак.

Што има врска дали е зацртано?
Веќе и Тирана доби повеќе зеленило во центарот од Скопје.-А Тирана официјално минатиот период беше официјално прогласувана за најзагаден главен град во Европа!

Сочекај есен/зима,се гушевме минатиот пат,сега ќе биде бетер.

Edited by Block - 24-Aug-2012 at 00:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 24-Aug-2012 at 00:40
Originally posted by Block

Единствено каде треба да се има објекти и каде тоа е изводливо е левата страна на Вардар.Секако не на начинот на кој се подредени сега но сепак.

Значи ти комплетно арбитрерно и без никакви аргументи, едноставно реши да ги дисквалификуваш сите планови од земјотресот па навака (планови кои логично и рационално ги следат уште постарите планови уште од времето на Јосиф Михајловиќ - Јурукоски и пред него), кои патем, во минатото се изработувале неспоредливо постудиозно од сега. И едноставно заклучи дека тревници помеѓу плоштадот и телеком се подобро решение од објекти кои логично би го дефинирале плоштадот.

Плоштадот мораше да се дооформи и од оваа северозападна страна. Не навлегувам во начинот на кој што тоа се прави, ама тоа не го менува фактот дека мораше да се дооформи. Комплетната урбана логика го диктира тоа. Во спротивно ќе останеше чудна недефинирана површина која од едната страна на својата главна оска има објекти, а од другата тревници. Мислам дека Скопје ионака има доволно незаокружени концепти и доволно чудни експерименти, сигурно не му требаше и таков „ни риба ни девојка“  плоштад.
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 24-Aug-2012 at 05:49
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Block

Единствено каде треба да се има објекти и каде тоа е изводливо е левата страна на Вардар.Секако не на начинот на кој се подредени сега но сепак.

Значи ти комплетно арбитрерно и без никакви аргументи, едноставно реши да ги дисквалификуваш сите планови од земјотресот па навака (планови кои логично и рационално ги следат уште постарите планови уште од времето на Јосиф Михајловиќ - Јурукоски и пред него), кои патем, во минатото се изработувале неспоредливо постудиозно од сега. И едноставно заклучи дека тревници помеѓу плоштадот и телеком се подобро решение од објекти кои логично би го дефинирале плоштадот.

Плоштадот мораше да се дооформи и од оваа северозападна страна. Не навлегувам во начинот на кој што тоа се прави, ама тоа не го менува фактот дека мораше да се дооформи. Комплетната урбана логика го диктира тоа. Во спротивно ќе останеше чудна недефинирана површина која од едната страна на својата главна оска има објекти, а од другата тревници. Мислам дека Скопје ионака има доволно незаокружени концепти и доволно чудни експерименти, сигурно не му требаше и таков „ни риба ни девојка“  плоштад.

Само што од тогаш до сега милион работи се сменија во Скопје,милион работи се згрешија,се преместија...и единствна компезација за тие непоправливи грешки беше тој дел да останеше зелен појас.

Ти некаде си видел летниковец помеѓу две огромни згради да биде?
Јас зборам за естетика,квалитет на живот за еден град а маркички,кој гарантира дека и тогаш не се давале како и сега?

Кажуваш како демек тогаш така било одлучено како да тој период е некој авторитетен,каде се работело на врвот и со врвот.

Преголем значај им даваш на тие времиња посебно кога Скопје од турска касаба станало српска касаба.-Сепак е чекор кон подобро,но си останало касаба.
Добило за прв пат урбанистички план што во турско било незамисливо но...
И по време на Југославија Скопје беше третирано како провинција,не треба да се докажува многу,доволно е да се погледне колку од важните институции сеуште се сместени во бараки од поземјотресот.
Но ајде да не забегувам од темата.

Edited by Block - 24-Aug-2012 at 05:58
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 418
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 24-Aug-2012 at 13:41

Objektov za dozivot ke ni ostane vo nasledstvo so koe sme go unistile prostorot okolu plostadot!! Slednite generacii ke znaat kolku sme bile golemi "seljaci" zasto sme dozvolile da se izgradi tuka. Da imate plostad onolkav kolkav sto bese porano i so sirina onolkava e superluksuzno nesto koe nie ocigledno ne go zasluzuvame...

Inaku grdenjeto na objektov mozete da go potkepite so kolku sakate markici i urbanistciki resenia. Dosega ne be se izgraden bidejki sme gi imale privileigite na togasnoto "komunjarsko" opstestvo i ne sme smeele da gradime bidejki nemalo demokratija. E sega ziveeme vo demokratija i ja imame taa privilegija da samite so nasiot um kakov takov go izgradime Skopje vo mesto za ziveenje bez nitu malku mesto za zeleni povrsini.
Inaku moite gosti/prijateli od nadvor se vcaseni koga go gledaat skopjevo vakvo kakvo sto e sega... 
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 25-Aug-2012 at 16:27

никој не ти збори за тоа колку достојни биле планирањата во времето на кралска или социјалистичка Југославија, туку за создавање на континуитет на урбанистички развој
ако во минатото е започнато едно нешто, тоа денес треба да се следи, сакале или нејќеле ние да се согласиме со тоа... затоа и Кловер ти спомнува дека и постземјотресните планови се базирани на претходни планови, кои пак се базирани на претходни планови
дури и јас како еден од најголемите противници на Ск2014 на форумов, морам да признаам дека доколку објектите од Ск2014 останат да постојат, во иднина просторот ќе треба да се планира и импровизира и според нив... а не да се додаваат нови произволни решенија кои само повеќе ќе ја влошат ситуацијата (како што е Ск2014 патем)

а што се однесува до маркициве на плоштадот... плоштадот постои, постојат и објектите на него изградени уште многу одамна, и проста логика кажува дека просторите кои не се дел од некаков коридор, да се затворат со објекти... особено нема смисла да се буниме за толку мало парче зеленило што не е нити уреден парк, туку најобичен тревник, на кој сите досега му спремале разни пополнувања
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 25-Aug-2012 at 16:57
Originally posted by Portal

Objektov za dozivot ke ni ostane vo nasledstvo so koe sme go unistile prostorot okolu plostadot!! Slednite generacii ke znaat kolku sme bile golemi "seljaci" zasto sme dozvolile da se izgradi tuka. Da imate plostad onolkav kolkav sto bese porano i so sirina onolkava e superluksuzno nesto koe nie ocigledno ne go zasluzuvame...

Inaku grdenjeto na objektov mozete da go potkepite so kolku sakate markici i urbanistciki resenia. Dosega ne be se izgraden bidejki sme gi imale privileigite na togasnoto "komunjarsko" opstestvo i ne sme smeele da gradime bidejki nemalo demokratija. E sega ziveeme vo demokratija i ja imame taa privilegija da samite so nasiot um kakov takov go izgradime Skopje vo mesto za ziveenje bez nitu malku mesto za zeleni povrsini.
Inaku moite gosti/prijateli od nadvor se vcaseni koga go gledaat skopjevo vakvo kakvo sto e sega... 

Се согласувам за твојов коментар за многу ситуации, но не за конкретнава. Мислам дека објектите околу плоштадот се неопходни за да се оформи таа целина. Може да спориме за нивната катност итн, но мислам дека маркиците се на место.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 418
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 26-Aug-2012 at 22:41
Sepak go zadrzuvam mislenjeto, urbaniot prostor treba da sodrzi se poveke humani objekti... Kako izminuva vremeto toa ke bide se pojasno, objektite ke bidat "zeleni gradini"...
Deneska nesto koga sozdavate, sozdavajte ja idninata, a ne veke izliteni nesta na koj odamna im izminalo vremeto...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 13-Oct-2012 at 15:33
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 13-Oct-2012 at 17:10
Во овој објект мислим дека се направи грешка во конструирање на столбовите и плочата во задниот дел, па ја корегира ја Big%20smile
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 14-Oct-2012 at 10:57
Originally posted by Portal

Objektov za dozivot ke ni ostane vo nasledstvo so koe sme go unistile prostorot okolu plostadot!! Slednite generacii ke znaat kolku sme bile golemi "seljaci" zasto sme dozvolile da se izgradi tuka. Da imate plostad onolkav kolkav sto bese porano i so sirina onolkava e superluksuzno nesto koe nie ocigledno ne go zasluzuvame...

Inaku grdenjeto na objektov mozete da go potkepite so kolku sakate markici i urbanistciki resenia. Dosega ne be se izgraden bidejki sme gi imale privileigite na togasnoto "komunjarsko" opstestvo i ne sme smeele da gradime bidejki nemalo demokratija. E sega ziveeme vo demokratija i ja imame taa privilegija da samite so nasiot um kakov takov go izgradime Skopje vo mesto za ziveenje bez nitu malku mesto za zeleni povrsini.
Inaku moite gosti/prijateli od nadvor se vcaseni koga go gledaat skopjevo vakvo kakvo sto e sega... 
Претераа едиинствено со спомениците и ништо друго.Тоа за комуњарското време никогаш се не би вратило.Кога ќе ми текне дека некое време плоштадот бил паркинг...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 14-Oct-2012 at 13:32
секој си има свое мислење,моето мислење е дека во цела Европа околу самата ивица на плоштадите има густо изградени објеки(како трибините во стадионот околу теренот),што му дава некоја драж на самиот плоштад.

Ионака Пенов направи многу голем плоштад,и ако останеше околу неизградено ќе изгледаше на кинескиот (мислам се вика Тјен а мен)
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1867
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 14-Oct-2012 at 15:42
Токму тоа и не му се допаѓа во поголем број од метрополите ширум Европа, плоштад треба да се големо и отворено место, токму по тоа различно од остатокот од градот. Видете го само јадниот плоштад во Белград, речиси и да го нема, или оној во Минхен, Прага...тоа се стари градови кои кога се граделе последно нешто на што мислеле е плоштад, но ние кога градиме нов град условно речено сепак гледиме такви примери.

Јас поимот плоштад го разбирам токму така, широко пространство, отвореност, зеленило...а не место за финансиско профитирање.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
lion View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote lion Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 14-Oct-2012 at 20:33
Секој си го замислува плоштадот како сака..за мене вистинско решение бесе да се дооформи,да му се даде симетрија..незнам што стана со другите два објекта,вториот и официрски,али овој простор ем беше планиран за градба,ем нити беше парк нити имаше некаков си голем проток на луѓе низ него..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 14-Oct-2012 at 23:13
имам читано неколку дефиниции за плоштад, ама најобично тоа е раскрсница на регионот, збир од повеќе сообраќајници, кој со самата цетрална положба добива и големо општествено значење... еден плоштад за да биде плоштад, не мора да е опкружен со објекти, битно е да го има сообраќајното и општественото значење
проблемот е што кај нас плоштад веќе е започнат да се формира со објекти, и ваков каков што е, би бил само половичен простор кој треба да се дооформи онака како што е почнат... особено овој објект не е никаков проблем затоа што не нарушува никакви градежни урбани линии и всушност уредно си ги следи... проблем би било единствено офицерскиот дом ако го залепат за кејот премногу

инаку што се однесува до тревникот, никогаш не бил сметан за парк што вреди, всушност, единствената причина за постоењето на тој тревник е што досега никој не го пополнил просторот, и покрај тоа што со сите досегашни планови, требало таму да има барем некаков објект... дискутирано е и претходно

дури и сметам дека ова е еден од ретките објекти кои се испланирани да изгледаат и да функционираат како што треба, од сиот овој циркуз што се случува во моментов

Edited by zabegan - 14-Oct-2012 at 23:15
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.