build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А4] Блаце - Ново Село (струмичко)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [А4] Блаце - Ново Село (струмичко)
    Posted: 27-Nov-2007 at 08:00

Патниот правец М-3 се протега од Петровец (клучка со М-1), преку Хиподром, низ Скопје (Северен Булевар), Стенковец, до граничниот премин Блаце. Должината изнесува 40km.Делот од Стенковец до Блаце е воедно и дел од Е65Моментално е автопат од клучката Петровец до источниот дел на Скопје. Најголем дел низ Скопје треба да се надгради во урбан автопат, а исто така во автопат треба да се надгради и делот Стенковец-Блаце кој моментално е обичен пат 2х1.Интересен момент кај овој пат е 2,5km правиот сегмент близу Петровец кој може да се адаптира во писта при вонредни услови.


Edited by Cloverstack - 06-Apr-2020 at 23:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Nov-2007 at 08:00
Патниот правец М-6 се протега од Штип (клучка со М-5), покрај Радовиш , низ Струмица, до граничниот премин Ново Село (со Бугарија).
Должинате на М-6 е 95km.




Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 03:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Nov-2007 at 19:46
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1263&ArticleID=81101

ТЕНДЕРОТ ЗА ПАТОТ ШТИП - СТРУМИЦА ПРЕД ВТОРОСТЕПЕНА КОМИСИЈА
Фондот за патишта одбрал понуда поскапа за милион евра

Градежната фирма „Пелагонија инженеринг“ поднела жалба до второстепената владина комисија за јавни набавки бидејќи Фондот за патишта на тендерот за изградба на магистралниот пат Штип - Струмица не ја прифатил нивната понуда иако била за околу еден милион евра пониска од понудата на „Маврово инженеринг“ и „Конструктор инженеринг“, која го добила тендерот. На тендерот за изградба на делница од околу 10 километри на магистралниот пат М-6 се пријавиле пет компании. Главен критериум за избор на најповолен понудувач била вредноста на изградбата. „Пелагонија инженеринг“ понудила цена од околу шест милиони евра, додека „Маврово инженеринг“ со својот партнер од Хрватска понудил цена од околу седум милиони евра. - Без никакво образложение Фондот за регионални и магистрални патишта во почетокот на ноември не извести дека за најповолен понудувач се избрани „Маврово инженеринг“ и „Конструктор инженеринг“. Поради тоа поднесовме жалба до второстепената владина комисија и еве се уште чекаме членовите на комисијата да се изјаснат по нашата жалба - велат во „Пелагонија инженеринг“. Во Фондот за патишта велат дека не можат да го коментираат случајот бидејќи е во тек жалбена постапка, меѓутоа додаваат дека понудувачите на тендерот се обврзале да исполнат одредени критериуми. Оттаму кратко велат дека на тендерот била избрана понудата со најниска цена. „Време“ дојде до допис од кој се гледа дека во тендерската процедура Фондот за патишта побарал од „Пелагонија инженеринг“ да достави дополнителна документација. „Од документацијата треба да се види тековната состојба на компанијата, решение од Централен регистар, договор за регулирање на односите меѓу капитално поврзаните субјекти и друга документација со која располагате и која ја сметате за потребна“, пишува во дописот до „Пелагонија инженеринг“. Фондот тогаш образложил дека документите се потребни поради утврдување на правната поврзаност меѓу градежната компанија „Пелагонија“ и „Пелагонија инженеринг“. Во одговорот што компанијата го испратила до Фондот биле испратени повеќе документи од УЈП и Трговскиот регистар, од кои се гледа историјата на фирмата „Пелагонија инженеринг“. Таа била основана во 1998 година, а единствен основач била градежната компанија „Пелагонија“. Во октомври 2006 година била извршена промена на основачите и единствен основач станала фирмата „Инвестициско биро“, која станала доминантен сопственик и на градежната компанија „Пелагонија“. Се очекува второстепената владина комисија да каже дали тендерот бил исправен или бил направен пропуст во Фондот за патишта.

В.Н.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Nov-2008 at 13:35
Ќе биде завршена реконструкцијата на патот Струмица - Радовиш

Струмица, 21 ноември (МИА) - Агенцијата за државни патишта на Република Македонија веќе го распиша тендерот за изградба на заостанатиот дел од регионалниот патен правец Струмица - Радовиш во должина од десеттина километри.

За оваа намена од Буџетот се издвоени 7,5 милиони евра, а изградбата на делницата се очекува да започне наредната пролет со што целосно ќе биде заокружена реконструкцијата на овој дел од источната магистрала кој влезе во Програмата на Агенцијата за државни патишта како еден од 11-те најоштетени во земјава.

Наредната сезона ќе започне и изградбата на делницата од Куклиш до Бања Банско во должина од околу осум километри.

Агенцијата за државни патишта во моментов води постапка со Управата за имотно-правни односи која се однесува на проверка на предлозите за експропријација, а до крајот на оваа година се очекува да биде распишан и тендерот за избор на изведувач на градежните работи.

Според најавите до крајот на идната година треба да биде завршена изградбата и на овој патен правец со што растојанието од Струмица до Бања Банско ќе се скрати за двапати. ив/дма/12:28




Edited by Cloverstack - 26-Nov-2008 at 15:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Nov-2008 at 02:30
Ќе се гради делницата Струмица - Радовиш

Агенцијата за државни патишта на Македонија го распиша огласот за изградба на заостанатиот дел од регионалниот патен правец Струмица - Радовиш долг десетина километри.За оваа намена од Буџетот се издвоени 7,5 милиони евра, а се очекува изградбата да почне напролет, со што целосно ќе биде заокружена реконструкцијата на овој дел од источната магистрала како еден од единаесетте најоштетени во земјава.Според најавите, до крајот на наредната година треба да биде завршена изградбата и на овој патен правец со што растојанието од Струмица до Бања Банско ќе се скрати двапати.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E55F2D44CEFD0143B85B571CB16CEDD4

Еве коска од владата и за источниот регион.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-May-2009 at 08:00
Фотки од Петровец --> Хиподром (август 2007)

1
На надвозникот поминува М-1


2


3
Наплатна станица Петровец


4


5


6
Спомнатиот дел кој може да се адаптира во писта за вонредни услови


7


8


9


10



Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 03:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-May-2009 at 08:01
11


12


13


14


15


16



Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 03:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-May-2009 at 20:19
На наплатната рампа Петровец (41°56'30.41"N 21°37'12.91"E) се одвива некој градежен зафат ама воопшто не ми е јасен. Се работи на два нови краци од патот кои вероватно ќе ги заменат постојните два од другата страна на наплатната. Е сега незнам од кои мотиви се иде на ваков зафат?! Дали е тоа за да се избегне онаа појава на масовно избегнување патарина (што не ми е многу веројатна опција) или се работи за одвојување на аеродормот и неколкуте села околу од Скопје (со тоа што се плаќа патарина за излез всушност сте веќе надвор од градот и неговите придружни села и предградија). Значи мистерија ми останува мотивот за зафатов. А уствари и никогаш до сега немаме слушанато за интервенцијава.



северниот крак...


јужниот крак...



Edited by lslcrew - 25-May-2009 at 20:20
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-May-2009 at 21:09
Originally posted by lslcrew

Е сега незнам од кои мотиви се иде на ваков зафат?! Дали е тоа за да се избегне онаа појава на масовно избегнување патарина (што не ми е многу веројатна опција) или се работи за одвојување на аеродормот и неколкуте села околу од Скопје (со тоа што се плаќа патарина за излез всушност сте веќе надвор од градот и неговите придружни села и предградија). Значи мистерија ми останува мотивот за зафатов.


Аеродромот е секако одвоен. Под претпоставка дека ова е поврзано со патарината, мотивите се разбирливи. Со ова ќе се дестимулира заобиколувањето на оваа патарина (што масовно се случуваше иако оваа конкретна патарина е релативно ефтина) со тоа што дел од транзитниот сообраќај возеше по Р-103 помеѓу Петровец и Катланово. Ова е проблем меѓдругото и затоа што сите возила што ја избегнуваа патарината правеа гужва во населени места - низ Петровец и кај Катланово. Од друга страна месното население има алтернатива преку Р-103 (Директно према Маџари или преку претходната клучка кај Идризово/Кадино. Исто така и клучкава останува во игра за тие што би ја платиле патарината).

Ми се чини има доволно простор за модификацијата да се изведе без преголеми заебанции и импровизации.

Само се надевам дека ова ќе повлече и поголема грижа за Р-103 во „субурбаниот“ дел на Скопје, за да може да биде вистинска алернатива, а не повеќе на хартија. Исто така се надевам смислиле начин како да го спречат прелевањето на злоупотребата кај клучката кај Кадино/Идизово. Навистина таа е помалку атрактивна опција отколку што досега претставуваше клучкава кај патарината Петровец, но не се сомневам дека луѓе повторно би ја користеле, несвесни дека можеби во желбата да заштедат нешто ситно всушност направиле поголем трошок.


Edited by Cloverstack - 25-May-2009 at 21:11
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-May-2009 at 21:17
Ова само дополнително може да го загрози локалниот пат и голем број камиони да ги пренасочи преку Р103 и ништо повеќе. Мене ми е доста нелогична интервенција ова, се додека не видам образложение од надлежните што всушност планирале да постигнат со ова?! Dunno Неместо потегот Петровец-Катланово, сега ќе се злоупоитребува Скопје-Петровец и сите камиони ќе искачаат на автопат преку новата модификација и дополнително голем дел од сообраќајот ќе се пренасочи преку Р103 од Скопје се до Петровец каде што ќе се искача на отворен пат. Единствено забрани за тешки возила и контроли можат да ги спречат злоупотребите. А вака сега и најголемата негативна страна ќе се наметне плаќањето патарина за до аеродорм кој е дел од Скопје.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-May-2009 at 21:31
Не знам дали е добро обмислено и пресметано сето ова. Се надевам дека навистина ќе делува дестимулативно и дека досегашната злоупотреба произлегуваше во најголем дел од кратката релација што се возеше вон автопат. Но не тврдам дека навистина таков ќе биде резултатот - и јас како тебе имам дилеми и нејаснотии. Можна е и опција дека ова не е баш премногу осмислено или оправдано, туку дека е само невешт одговор на незадоволството на месното население кое долго време се буни за транзитниот сообраќај што им поминува низ населеното место поради избегнување на патаринатаа. Ми останува само да се надевам дека сепак знаат што прават и дека тоа е вистински корисно.
А сите овие теории ни паѓаат во вода доколку модификацијата се прави од некои сосема трети причини  Laugh


Edited by Cloverstack - 25-May-2009 at 21:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Jul-2009 at 03:16
Нема ништо ново на терен. Ситуацијата месец ипол е точно истата како што е регистрирана во предходниот пост од пред месец ипол. Нема никакво помрднување.



Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 05:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Aug-2009 at 20:03
Стенковец - Блаце   (Snupix, лето 2008)

1


2



Edited by Cloverstack - 01-Aug-2009 at 20:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Dec-2009 at 03:10
lslcrew, еве потврда за твоите сомнежи што се случува со клучката кај наплатна станица Петровец:

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jan-2010 at 20:13

Се проширува главната сообраќајна артерија Штип-Струмица

До старт за градба на идниот карго аеродром, во Источна Македонија се проширува главната сообраќајна артерија Штип-Струмица. Машините ја оформија новата лента Радовиш-Струмица. Првата делница од новиот автопат Штип-Радовиш, в година ќе го гради Балкан консалтинг од Скопје. Автопатот ќе биде со две коловозни лента по една страна, вкупно четири појасни штипскиот градоначалник Зоран Алексов.

Строгите европски стандарди за безбедност ќе ги тргнат не саканите подсетници од острите свиоци во теснецот Пилав Тепе, а коцката ќе остане во сеќавање. Епитетот пат убиец, се надеваат градежниците и локалното население ќе се избрише. Доста ни се венци по патот, да ги нема повеќе и млади да не ги губат животите, децидно е локалното население од Лакавичко.

Според планот, клучката на излезот од Штип кон Радовиш, ќе е почетната точка на идниот автопат. Истиот, ќе поминува над селата Лакавица и Дамјан, значително скратувајќи го растојанието помеѓу Штип-Радовиш-Струмица.

Сегашниот пат ќе остане за потребите на жителите во Лакавичкиот регион.




http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=56928
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Jan-2010 at 20:16
Малку ме збуни целава вест. Не ми е јасно за кој всушност пат се работи, нели ова требаше да иде под концесија?! Кој е оваа нова траса што не проаѓа по предходната?! Кој пат е ова, дали е дел од Р или од М мрежата?! И околу профилот на патот не ми е јасно. 4 ленти?! Автопат?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Jan-2010 at 20:22


И мене ме буни тоа „автопат“ и тие најавени четири ленти, но патот Штип-Радовиш-Струмица никогаш не го спремале за концесија, дури ни во првичните мегаломански најави. Токму имавме дискутирано и на форумов, зошто цела македонија виртуелно ја прошараа со автопати, а Струмица дури и ни на хартија не беше поврзана.

Инаку реконструкција на патов се најавува неколку години наназад, ваљда конечно ќе се обиситини...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Jan-2010 at 20:26
Ама еве сега видов се работи за магистрален М6, па вероватно го спремаат на онаков со четири ленти без средишно зеленило, само со дупла линија помеѓу, нешто како према Солун после граница, тој тип, Што е вака сосема одлично решение за патишта од ранг измеќу автопат и обичен регионален. Нешто што можеби го спремаат и за накај Штип само што се си викаат автопат па можеби и ние реагираме околу дуплирање делници бадијала. Којзнае?!


Edited by lslcrew - 18-Jan-2010 at 20:28
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Jan-2010 at 09:12
Нели е логично да го поврзат прво Штип со автопатот до Велес? Струмица+Радовиш е 50000 жители, а само Штип е 40000. Но кај нас се се прави без ред.

Овде мислам не се работи за автопат, добро спомнавте, туку за регионален пат со 4 ленти - што за овој крај е супер.
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-May-2010 at 21:44
М-6 Почнува од Штип каде се двои од М-5 и пдолжува за Радовиш,Струмица и кај  Валандово се спојува со М-1(Е-75).Дел од овој правец е добар но дел е и оштетен

еве го М-6 (со црвено) а ова што е со плавто незнам дали е дел од М-6 ако може некој нека ми каже


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.155 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.