build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А6] Штип - Ново Село (струмичко)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 03-Dec-2010 at 02:54

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ


Се гради делницата Штип - Струмица


Во врска со протестите на граѓани од населеното место Јаргулица Министерството за транспорт информира дека во моментот се изведуваат активности за изградба на патниот правец М-6, односно делницата Штип - Струмица, во должина од 10 километри.
- Изградбата на оваа делница започна 2009 година, а во согласност со утврдениот динамичен план предвидено е градежните работи да завршат во текот на 2011 година. Во рамките на проектот за изградба на оваа патна насока, предвидена е изградба на две клучки во близина на населените места Калуѓерица и Радичево, 13 премини, натпатник, два потпатника и шест мостови - информираат од Транспорт.

Од ресорното министерство истакнуваат дека со граѓани од Јаргулица биле разгледани нивните барања и начините на кои може да им се излезе во пресрет.
- На истиот состанок беше констатирано дека идејниот проект е изработен уште во 1996 година, а главниот проект во 2003 година и со истите се предвидува изградба на клучки во близина на населените места Радичево и Калуѓерица, односно на растојание од приближно 7 километри, а Јаргулица е оддалечено од овие клучки 3,5 километри, со што се поврзува до новиот пат. Во тек се градежни активности за изградба на натпатник (мост) преку кој жителите од Јаргулица се поврзуваат директно на стариот пат Штип - Струмица и притоа им е овозможен пристап до нивите, а преку овој пат им е овозможено и поврзување со новиот пат преку клучките кај Радичево и Калуѓерица - велат од Транспорт.

Досега жителите на ова населено место преку земјен пат се приклучувале на патниот правец М-6. Преку проектот кој се изведува во соработка со ЕБОР, Општина Радовиш има аплицирано за реконструкција на земјениот пат од М-6 до Јаргулица во должина од 2,1 км, кој Агенцијата за државни патишта планира да го реконструира во текот на следната година.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6E6E8A6EC4B39F4CAE35A8F5F0B90C7D


Не дека може кој кога каде му текне да се прават клучки, но не сваќам зашто не би можело кога и така го има натпатникот. Би требало само четири рампи да се доизградат и да се добие некоја дијамант раскрница. Секако дека би повлекло тоа во експропријавција на ниви, само што проблем ни е некако што ич не баратаме со бројки туку се сведува на само дигање галама. Стварно да споредиме па да знаеме колку тоа чини и зашто да и зашто не. И па незнам зашто се доведуваат до степен на штрајк, па клучката Калуѓерица и така не евоопшто далеку.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 03-Dec-2010 at 03:35


Дијамант клучка би била непотребен трошок за тоа место. Мало дво-квадрантско паркло би било сосема прикладно.

Edited by Cloverstack - 03-Dec-2010 at 03:36
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 09-Dec-2010 at 15:54

Јаргулица протестира, надлежните ветуваат изградба на патот

Со блокада, жителите од радовишкото село Јаргулица, се надеваат дека ќе ги убедат надлежните и тие да имаат сообраќаен приклучок на магистралата Радовиш- Струмица. Сметаат, новата делница која е во градба потполно ќе им ги затвори врските со светот.

-Апелирам до сите надлежни државни институции, најитно нашиот проблем да го земат во предвид, за оваа нервоза кај луѓето не вроди со несакани последици, предупреди претседателот на месната заедница Јаргулица, Горги Атанасовски, потсетувајќи дека за неполн месец три пати со протест ја стопирале градежната механизација на новата делница во градба.

Незадоволните мештани, ги повикаа надлежните да дојдат тука на лице место за да им го слушнат и решат проблемот.

-Ние не бараме кој знае колку- само обичен влез и излез за нашето село, кој ќе биде споен со новата магистрала, вели Љупчо Аврамов- жител на Јаргулица.

За Аврамов тоа се само 40-тина метри асфалтиран пат. Министерот Јанакиевски смирува. Пат - сепак ќе има.

-Јаргуличани ќе добијат пат, смири министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Со средства од Европската банка за развој, ќе се асфалтира патот до старата делница, која пак ќе има приклучок со новиот пат, објасни Јанакиевски.

Јаргуличани не попуштаат, ги чекаат надлежните. Доколку не дојдат, блокадата на магистралниот пат Радовиш- Струмица во наредните денови ќе ја повтореле.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=68260
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 22-Feb-2011 at 11:53
Новата делница на магистралниот пат М-6, помеѓу Радовиш и Струмица, во должина од 10 километри ќе биде завршена до крајот на септември годинава, вели за „Макфакс“, директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска.
 
„Оваа делница која се протега помеѓу селата Сурдулци и Радичево треба да го замени стариот пат со фамозната коцка, со што Радовиш и Струмица конечно ќе бидат поврзани со современ пат по целата должина“, вели Валкановска.

Трасата е пробиена, а завршени се поголемиот дел од земјените работи. Исто така изведени се сите потпатници, натпатници и мостови, како и каналите за одводнување.

Вредноста на овој проект е околу 424 милиони денари, (околу 7 милиони евра), средства обезбедени од државниот буџет.

Изведувач е хрватската „Ингра“, подизведувач е „Маврово инжинеринг“, а надзорот го врши Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии. Изработувач на техничката документација е „Балкан консалтинг“ од Скопје.

Со пуштање во употреба на новиот магистрален пат, стариот ќе продолжи да се користи како регионален.

Претходно, во 2006 година беше пуштена во сообраќај новата делница Радовиш – Сурдулци долга 4,56 километри, која исто така претставуваше проблематичен сегмент на магистралниот пат. Градежните работи на тој проект ги изведе градежното претпријатие „Пелагонија“.

Просечниот сообраќај на патот Радовиш – Струмица лани изнесуваше 2.923 возила дневно.

http://daily.mk/cluster3/8487f9a20305926376494f3964c342dd/608037
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 03-Apr-2011 at 13:40
Еве тазе слики. Освен 5 работници, 2-3 камиона и 5-6 багери, се друго статус-кво.

1.


2.


Иако иам повеќе пати патувано до Струмица, овој дел никогаш детално не сум го приметил. Но после вчерашното возење, НЕ МИ Е ЈАСНО ШТО ПРАВЕЛА ДРЖАВАТА ВО ЗАДЊИТЕ 20 ГОДИНИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА СО СКОПЈЕ. ПА У 21 ВЕК ДА СЕ ВОЗИ НА КАЛДРМА?!?!?!?!??!? УЖАС!
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 15-May-2011 at 18:05

Eve sto ke se gradi detalno vo kratki crti napisano.

Изградба на автопати: Табановце –Куманово, Демир Капија – Смоквица, Куманово - Крива Паланка, Гостивар- Охрид со крак кон Албанија, Скопје  - Штип  -Кочани , Скопје – Блаце, и реконструкција на автопатот  Скопје-Велес

Изградба или реконструкција и проширување на експресни, магистрални и регионални патишта: Градско- Прилеп-Битола, Штип – Струмица , Кочани –Виница - Делчево – граница со Бугарија, Кичево -  Дебар, Свети Николе – Пробиштип, Скопје-Сончев Град, Таор –Катланово, Тетово – Јажинце, Косел – Охрид – Св.Наум, Скопје-Македонски Брод

Ete ke gi pravat patistata Gradsko-Prilep-Bitola ne znam zosto se digna tolku mnogu panika.

Недела, 15 Мај 2011

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој како носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, изјави дека ќе се гради експресен пат меѓу Струмица и Штип.

stavreski-patstr-500

Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Манифест за реформи и развој“ е предвидено не само довршување на патот Струмица-Радовиш, туку и изградба на нов експресен пат меѓу Струмица и Штип кој ќе има четири ленти, од кои две побрзи со по 3,75 метри и две побавни со широчина од по 2,5 метри. За овој проект ќе бидат инвестирани околу 250 милиони евра, а со оглед на тоа што се предвидува и изградба на автопат меѓу Штип и Скопје, значително ќе биде скратено растојанието и времето на пристигнување од Струмица и другите градови во југоисточна Македонија до метрополата и обратно, изјави Ставрески.

- Во делот на инфраструктурата предвидуваме да биде завршена реконструкцијата на регионалниот пат Струмица-Дојран и на другите започнати патишта

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/29584-Ke-se-gradi-ekspresen-pat-megu-Strumica-i-Stip
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 15-May-2011 at 20:58
Мене ништо не ми е јасно од изјавава на Ставрески! Каков е тој профил на пат со четири ленти од кои две се "побрзи" со 3,75 метри и уште две "побавни" со широчина од 2,5 метри !?!?
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 15-May-2011 at 21:26
Тоа е експресен пат. Ако си одел накај Солун, од македонска граница до Солун најголемиот дел од патот е од ваков тип. Тоа е сосема солидно патно решение и баш сум зачуден зошто до сега не се правеле вакви типови на патишта кај нас. Ограничувањата на брзината се обично 110 километри на час.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 15-May-2011 at 21:48
Originally posted by nylon

Тоа е експресен пат. Ако си одел накај Солун, од македонска граница до Солун најголемиот дел од патот е од ваков тип. Тоа е сосема солидно патно решение и баш сум зачуден зошто до сега не се правеле вакви типови на патишта кај нас. Ограничувањата на брзината се обично 110 километри на час.



Мммм до Солун мислам дека не е така „замислен“ патот, ама така испаднал во пракса. Лентата што е десно, ја користат автомобили и камиони, ама таа е обележана со полна линија цело време, и веројатно замислата е да служи за застанување.
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 15-May-2011 at 21:54
a neli e podobro namesto da gradat nov pat , da go prosirat postoeckiot koj od Bucim do Strumica koj e vo odlicna sostojba (osven delot so kockata koj momentalno se gradi) da se nadgradi na nivo na avtopat
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 15-May-2011 at 22:23
Originally posted by MileX

a neli e podobro namesto da gradat nov pat , da go prosirat postoeckiot koj od Bucim do Strumica koj e vo odlicna sostojba (osven delot so kockata koj momentalno se gradi) da se nadgradi na nivo na avtopat


Нема потреба од автопат, паралелно со него се наоѓа меѓународен коридор и веќе постоечки автопат (Е-75), доволно е само пат од ваков тип и добра комуникација со Е-75 кон Неготино, односно Велес.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-May-2011 at 23:05
Каков експресен пат какви бакрачи. Ова е чисто безобразие. Сеуште незавршен постоечкиот обичен магистрален пат кој се гради сто години и проби неброени рокови, а сега и експресен ќе ни изграделе. Којзнае, со вакво темпо можеби експресниот ќе го изградат и пред да го отворат постоечкиот кој се гради. Предизборна кампања и се е можно...
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 15-May-2011 at 23:08
sakav da kazam , veke koga gradat nov pat da go izgradat paralelno do "stariot" (izgraden pred 10-tina godini) i da se dobie nesto slicno na avtopat . Nema potreba da se gradi odvoeno bidejki veke ima lokalen i magistralen pat Strumica-Radovis (vo blizina na Bucim Magistralata se pretopuva vo stariot pat pred prevojot Pilav Tepe) , najdobro ke e da se duplira i da se resi problemot so povrzuvanjeto na Strumicko-Radoviskiot region . Toa vazi samo za SR-RA , za RA-ST definitivno ke treba nova trasa ,bidejki patot 80% e uzas

no najverojatno nema da bide nisto od ovaa rabota


Edited by MileX - 15-May-2011 at 23:10
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 16-May-2011 at 00:36
Чекај малце и мене не ми е јасно, што значи ова две или четри ленти по правец???
Па ќе коштало 250 милиони, каде и до кога со вакви мачканици само тоа не знам.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 16-May-2011 at 01:42
Ајде вака прво објаснување за да нема забуни. Постојат локални регионални и магистрални патишта како поделба. Магистралните патишта можат да бидат од профил две ленти, три ленти, експресен или автопат. Досега профилот експресен не се користел во Македониј аи прв пат каде што воопшто се споменува е оваа програма. Така да како што можам да приметам се користи на оние места каде што државава има потреба од пат поголем од обичен магистрален две или три ленти, но тие правци не се дел од ниеден меѓународен коридор. Така да автопатни решенија се коридорите осум и десет, а помеѓу за Штип, за Струмица, Битола-Охрид и слични се од овој профил, со исклучов веројатно на Прилеп Велес Битола кој исто така е крак од коридор нормално и тука е автопат. Кога истите тие што сега реагирате на ова и не убедувавте дека не треба автопат за Штип сега би било чесно да дадете поддршка на ваквиот избор на патишта зашто и сами ги знаеме потребите. Грција овој профил на дел од коридор десет го користи. Досега воопшто кога сме разговарале на овие теми воопшто и не сме го имале овој профил за да баратаме со него па сме се тегнеле меѓу автопат и обичен магистрале со две или три членти, е ова е сега магистрален со четири ленти ништо различно.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 16-May-2011 at 02:02
Не ми е јасно како може да се залетувате сериозно да го разглабате предизборниот „експресен“ пат, кога гледате што се случува со изградбата на 10 километри обичен пат со две ленти, на истата релација, поради што помеѓу Радовиш и Струмица сеуште се вози по калдрма.

Некој политичар на две недели пред избори ќе извади инстант проект од газот и ние после ќе теоретизираме за хипотетичките детали? Не знам само со што ја заслужиле таквата доверба.

Ај барем конечно нека го довршат оној 10-километарски сегмент, па после нека ни шиткаат експресни патишта... нека се воздржат барем до тогаш...




Edited by Cloverstack - 16-May-2011 at 02:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 16-May-2011 at 02:11
Добро сега чуварите на аполитичноста на форумопв ќе треба за политика да збориме, дали ги извадил или не, се рабоптио за програма што утре ќе треба да се изведува. Треба или не треба експресен пат? Идејата мене ми се допадна на оние деловикои сакаме да ги врземе со поширок профил на пат, а не се дел од меѓународен коридор, релативно компромисно решение е ова со четири ленти. Тоа што ни се слчучува во друга нишка каде за обично реновирање улица се извади теорија за загрозување на јужен, сега тука ќе го правиме наново со тоа што се предвидени патишта со четири ленти.

Edited by lslcrew - 16-May-2011 at 02:14
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 16-May-2011 at 02:24
Originally posted by lslcrew

Ајде вака прво објаснување за да нема забуни. Постојат локални регионални и магистрални патишта како поделба. Магистралните патишта можат да бидат од профил две ленти, три ленти, експресен или автопат. Досега профилот експресен не се користел во Македониј аи прв пат каде што воопшто се споменува е оваа програма. Така да како што можам да приметам се користи на оние места каде што државава има потреба од пат поголем од обичен магистрален две или три ленти, но тие правци не се дел од ниеден меѓународен коридор. Така да автопатни решенија се коридорите осум и десет, а помеѓу за Штип, за Струмица, Битола-Охрид и слични се од овој профил, со исклучов веројатно на Прилеп Велес Битола кој исто така е крак од коридор нормално и тука е автопат. Кога истите тие што сега реагирате на ова и не убедувавте дека не треба автопат за Штип сега би било чесно да дадете поддршка на ваквиот избор на патишта зашто и сами ги знаеме потребите. Грција овој профил на дел од коридор десет го користи. Досега воопшто кога сме разговарале на овие теми воопшто и не сме го имале овој профил за да баратаме со него па сме се тегнеле меѓу автопат и обичен магистрале со две или три членти, е ова е сега магистрален со четири ленти ништо различно.
Јасно ми е сето тоа, меѓутоа реков дека изјавата на Ставрески е збунувачка поради тоа што она што го гледам како експресен пат, или expressway низ Европа се разликува од она што го кажува тој. Од толку колку што сум запознаен обично овие типови на патишта се со по две ленти во еден правец, без помошна лента за застанување, и со многу по "лабави" стандарди во поглед на нагиби, ширина и слично. Односно, нешто како Тетово-Гостивар. Ако министерот мисли на ваков тип, тогаш ок, но мене не ми изгледа така. Макар што, како што вели Кловер, сепак е само предизборен маркетинг, кога еден обичен пат со две ленти од Радовиш до Струмица се гради толку долго време.

Edited by Мартин - 16-May-2011 at 02:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 16-May-2011 at 02:32
Originally posted by lslcrew

се рабоптио за програма што утре ќе треба да се изведува.
Се работи за реалност vs. предизборие.

Нема потреба да се навлегува во политика, само препознавање на очигледен предизборен булшит...

А ова што го вмеша и јужен булевар е булшит од твоја страна.


Edited by Cloverstack - 16-May-2011 at 02:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-May-2011 at 02:41
Како така буилшит, се работи за обична лента додавање во овој случај на класичните м патишта, и од тоа сега се дига прашина, што стварно нема потреба.Грешно е што вака покрај сувото го палите и сировото. Документи се тоа од кајшто како буилд можеме да влечеме информации што е планирано. Предизборие е да тврдат дека утре ќе го прават, ама тоа не го менува профилот кога ќе му дојде ред, затоа ти зборам што треба да ни биде интерес. Да го стават и јужен булевар како што го збориме во полн профил, нема да ме изненади и тоа да падне во налетот на критизерство. Ќе биде ли конечно дискусијава во правец да дискутираме на кој пат колкав профил му е потребен или ќе тераме уште со партии и политики како што всушност и не може друго да се прочита во последниве страни на темава?

Edited by lslcrew - 16-May-2011 at 02:42
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.