Универзитет Гоце Делчев |
Post Reply | Page 12> |
Author | |||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply
#1 Topic: Универзитет Гоце Делчев Posted: 16-May-2010 at 08:57 |
||||||||||
Ги пренесов сликите овде, бидејки се работи и сигурно ке има још материали.
|
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #2 Posted: 16-May-2010 at 09:03 | ||||||||||
Ректоратот:
Uploaded with ImageShack.us На ректоратот пред 1.мај се работеше внатре. Ако може некој админ или мод, нека ја среди нишката по правилно. Фала. Edited by Makedonij - 16-May-2010 at 09:07 |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #3 Posted: 16-May-2010 at 13:44 | ||||||||||
Македониј ! А браво и за ректоратов, веќе почнала реконструкцијата на објектот. Ќе не известуваш редовно.
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #4 Posted: 09-Jun-2010 at 19:39 | ||||||||||
ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ ЗА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТСо еден воздржан глас помина предлог- одлуката за покренување постапка за изготвување на Државна урбанистичка планска документација за гимназијата „Ванчо Прќе“ во КО– Виница на државно земјиште кое претставува јавен интерес за Општина Виница. Вкупната површина на предвидениот опфат изнесува 18.293 m2 или 1,83 ха, а истиот ќе биде наменет за изградба на високообразовна институција (Машински факултет). Како што беше наведено во предлог- одлуката, трошоците за изработка на изготвувањето на документацијата ќе ги сноси Универзитетот “Гоце Делчев“.http://www.opstinavinica.gov.mk |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #5 Posted: 22-Jun-2010 at 19:20 | ||||||||||
Реконструкција на објектот Факултет за музичка уметност |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #6 Posted: 22-Jun-2010 at 19:21 | ||||||||||
Простории на Ректоратот
|
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #7 Posted: 22-Jun-2010 at 19:22 | ||||||||||
Реконструкција Факултет за информатика
|
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #8 Posted: 22-Jun-2010 at 19:22 | ||||||||||
Реконструкција на објектот во Кампус 2 ( ФРГП, Педагошки факултет и Земјоделски факултет - Штип)
|
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #9 Posted: 22-Jun-2010 at 19:22 | ||||||||||
Реконструкција на Економскиот факултет
|
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #10 Posted: 22-Jun-2010 at 20:14 | ||||||||||
Јас мислам дека ова паркетов е тотална грешка во таков објект како што е факултетот,подобро би било да биде поплочено,иначе еден мал дожд може скроз да го уништи целиот паркет.
|
|||||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #11 Posted: 29-Sep-2010 at 10:51 | ||||||||||
Веќе неколку месеци ништо не се работи. Реконструкцијата на ректоратот
на Универзитетот ,,Гоце Делчев,,во Штипско Ново Село стагнира.
Некогашното училиште каде што учеа децата од оваа урбана заедница и околните села и каде што некогаш учителствуваа Гоце Делчев и Даме Груев во моментов се наоѓа во очајна состојба. Освен што не се работи на зградата, не се води ни сметка ни за одстранување на депонијата која што тука стои веќе два месеци, а која што ја направи фирмата изведувач на реконструкцијата. Каде е инспекцијата?! И кој треба да се казни ? Универзитетот или фирмата изведувач. http://kanal77.com.mk |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #12 Posted: 29-Sep-2010 at 19:58 | ||||||||||
Пред некој месец бев ваму, имаше работници, ама ништо не работеа... може ги фатив на пауза, ама сепак уште од првите слики кои ги имаме од објектот, нема никаков напредок. Денешна вест на друга тема:
|
|||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #13 Posted: 17-Feb-2011 at 02:12 | ||||||||||
Штипскиот универзитет го реконструира објектот, во кој настава ќе следат 2 500 студенти
Штип, 16 февруари 2011 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ почна со реконструкција на објектот, каде ќе бидат лоцирани Педагошкиот и Филолошкиот факултет и дисперзираните студии на факултетот за Бизнис и логистика и на Правниот факултет. Портпаролот на универзитетот „Гоце Делчев“, Кирил Барбареев вели дека в тек е уредувањето на просторот, во кој 2 500 студенти ќе можат непречено да ја следат наставата. Тој изрази надеж дека целосната преадаптација ќе биде завршена на 27 март годинава. Барбареев потенцира дека поради одалеченоста на новиот кампус, кој се наоѓа во близина на Железничката станица, планирано е со помош на мини автобуси да се транспортираат студентите од една на друга локација. Мини автобусите ќе ги превезуваат студентите на секој час, а на одредени локации во градот ќе можат да застануваат. вдј/цр/15:01 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81229650&lId=1&pmId= |
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #14 Posted: 06-Apr-2011 at 20:43 | ||||||||||
Штипскиот Универзитет Гоце Делчев наскоро со нов ректорат14 февруари, 2011 ·09:22Штип- Училиштето „Гоце Делчев“ во Ново Село е во завршна фаза. Проектот е предвиден на повеќе од 50 милиони денари, а се финализираат последните детали. Во него ќе биде сместен ректоратот на штипскиот универзитет.
„Овој објект сакаме да биде репрезентативен објект на Универзитетот, затоа не ја брзаме неговата изградба“- изјави ректорот на Универзитетот, проф. д-р Саша Митрев. Во објектот меѓу другото ќе биде направена и спомен соба на големиот револуционер Гоце Делчев кој учителствувал во ова школо. http://efakt.com.mk/archives/1290 |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #15 Posted: 27-Oct-2011 at 15:10 | ||||||||||
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #16 Posted: 30-Oct-2011 at 21:38 | ||||||||||
Споменик на големиот револуционер и учител Гоце Делчев , висок 3 метри ќе биде поставен пред новата зграда на ректоратот на штипскиот универзитет.Ректоратот ќе биде сместен во училиштето во Ново село во кое пред повеќе од еден век учителствуваше Делчев , кој воедно е и патрон на универзитетот. - Споменикот се изготвува и е во завршна фаза. Тоа ќе биде момент многу значаен за нас како универзитет, но и за градот, зошто тоа ќе биде местото со кое ќе се гордееме сите- изјави Кирил Барбареев, проректор за развој и инвестиции - УГД-Штип Покрај него ќе бидат поставени и други помали споменици на истакнати културни дејци од источниот регион. Во моментот привршува реставрацијата на фасадата на зградата која ќе биде идентична со автентичниот изглед од 19 век, а кон крајот на годината ќе се започне и со уредување на ентериерот на ректоратот. VIDEO: Изгледот на ректоратот http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ke-se-gradi-spomenik-na-goce-delchev-vo-shtipEdited by Makedonij - 30-Oct-2011 at 21:50 |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Petar
Senior Member Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 269 |
Quote Reply #17 Posted: 22-Nov-2011 at 16:12 | ||||||||||
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #18 Posted: 08-Apr-2012 at 18:47 | ||||||||||
Гоцевото училиште во Штип со нов ликОсвен објектот е предвидено и уредување на дворот. Тоа е втора фаза во која ќе биде вклучено поплочување на површините со гранит, уредување со парковско зеленило, поставување на канделабри и клупи, како и изработка на фонтана. Во самиот двор е предвидено да биде поставена и скулптура на Гоце Делчев. Беше потребна одлука училиштето во Ново Село во Штип да биде ново седиште на Ректоратот при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип, за да се запре неговото пропаѓање. Потсетникот на автентичната македонска архитектура од славното штипско Ново Село, дополнително засилено со фактот што таму своевремено учителствувал и македонскиот револуционер Гоце Делчев, беше оставен на немилост на времето. Типична руина, која ниту оддалеку не се вклопуваше во заедничкиот двор со црквата "Пресвета Богодорица". Напротив, со мини игралиштето и поставените руинирани и дотраени кошови, тоа беше повеќе глетка на буниште отколку на локација достојна за своевиден историски монумент во спомен на легендата на македонскиот непокор. Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип ја препозна важноста на овој објект и одлучно презеде активности со кои ги спои во едно модерното, практичното и историската оставштина. Најверојатно до крајот на оваа година, по завршување и уредување на внатрешноста на објектот, Ректоратот на Универзитетот ќе се пресели во ова училиште, со што на веќе реконструираното и импозантно обновено Гоцево училиште ќе му дадат и своевидна живост. Замислено е во спомен собата да бидат изложени документи кои се пронајдени, а кои се со потпис на Гоце Делчев, како и други предмети кои директно или индиректно зборуваат за периодот во кој тој бил учител во Штип. На новата фасада доминираат новите дрвени прозорци, со што е зачувана автентичноста, а и главниот влез, чии потпорни столбови со настрешница се обновени. На левата страна на објектот, останува само споменик-релјефот на Гоце Делчев, каде бројни делегации му оддаваат почит одбележувајќи го денот на неговото раѓање и на неговата смрт. Освен објектот, е предвидено и уредување на дворот. Тоа е втора фаза во која ќе биде вклучено поплочување на површините со гранит, уредување со парковско зеленило, поставување на канделабри и клупи, како и изработка на фонтана. Во самиот двор е предвидено да биде поставена и скулптура на Гоце Делчев. Со оглед на тоа што објектот дели заеднички двор со црквата "Пресвета Богородица" во кој најкарактеристична е малата и трошна куќарка во сопственост на Брегалничката епархија, е планирано да се уреди и комплексот со црквата, односно старата куќичка на црквата да биде обновена во традиционален македонски стил, со претходно одобрување од страна на Епархијата, во фазата кога ќе се уредува надворешниот дел на објектот. Со оглед на тоа што дел од црквата веќе беше обновен, на овој начин, целиот комплекс ќе биде уреден и обновен со што ќе добие препознатлив белег, достоен за посета и престој. http://porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3250&Itemid=74 |
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply #19 Posted: 03-Aug-2013 at 09:16 | ||||||||||
Ректорат Штип-Дворно уредување
|
|||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #20 Posted: 26-Sep-2013 at 10:57 | ||||||||||
ТУРСКИ СТУДЕНТИ МАСОВНО СТУДИРААТ ВО ШТИП
Бурак, Емине и Гизам од Турција крснозе седеа во паркот пред ректоратот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Се топлеа на сонцето, си муабетеа и појадуваа. Кога ги здогледавме оддалеку, за миг нѐ потсетија на нивните колеги од големите европски и светски универзитети, кои, како и тие, одмораат во парковите на паузите меѓу предавањата. Им пријдовме. Им кажавме дека сме новинари во весникот „Нова Македонија“. Им подаривме и еден примерок. Почнаа да ни се смешкаат, а дваесетгодишната Гизам Бајдоган збунето извади речник од чантата за да види што значи зборот „весник“. Си помисливме, одлично, овие млади луѓе се љубезни и сигурно ќе бидат расположени за разговор. Македонците се како нас Ве молиме, не ни зборувајте на англиски. Да зборуваме на македонски, ни рекоа. Се согласивме, седнавме до нив. Овие студенти од Анкара, Истанбул и од Измир веднаш почнаа да ни раскажуваат за животот во Штип. Разговаравме за тоа, зошто ја избрале токму Македонија како земја во која сакаат да се стекнат со високо образование. - На Државниот медицински факултет во Истанбул многу тешко се совладуваат испитите. Но освен тоа, откако ќе завршиш средно училиште, мора да полагаш испит. Ако не го положиш, немаш право да се запишеш во државното високо образование. Студии, пак, на приватен турски универзитет чинат 10.000 евра за една година, што за мене лично е премногу. Малку истражував, се распрашав и го избрав Медицинскиот факултет во Штип. Овде е одлично, Македонците се слични на нас, има дружба - вели Гизам. Студирањето на штипскиот универзитет за странски студенти чини 1.500 евра годишно, што е неколкукратно поевтино. Сите тројца мора прво да завршат курсеви по македонски јазик. Ако го положат испитот, ќе добијат сертификат со кој може да се запишат на факултет. Потоа треба паралелно со студиите да одат на дополнителен курс, за да можат полесно да го совладуваат материјалот што се предава. Студира фармација и е газда на „Хурем-султан“ Пред да појдеме за Штип ни препорачаа да ги посетиме неколкуте локали што ги држат Турци. Така, без многу талкање стигнавме до „Хурем-султан“, турскиот ресторан чиј сопственик е Булент Ѓузел, кој е родум од Адијаман. Млади Турци и Македонци седат на ниски фотелји, пушат наргиле и пијат турски кафе и чај. Преполно е. Наоѓаме слободна маса внатре. На телевизорот е вклучена турска програма, а на радио се слуша пријатна турска музика. Се служат донер-ќебап, шиш-ќебап, адана-ќебап, ѓунефе, баклава... Автентична турска кујна среде Штип. Сѐ се готви на ќумур, па јадењата се уште повкусни. Гостопримливиот Булент седнува со нас на маса. Добро научил да зборува македонски во период од три години, колку што престојува во државава. Вљубен сум во Македонка Булент е трета година на штипскиот медицински факултет. - Студирам фармација. Дома, во Адијаман, имаме наша семејна аптека, но нема кој да работи во неа. Затоа дојдов да студирам овде фармација. Без диплома од овој факултет во Турција нема шанси да работиш во аптека. А македонската диплома таму ќе ми ја признаат - почнува да ни раскажува Булент. Во меѓувреме, додека студирал, решил да вложи во сопствен бизнис и, како што вели, не жали поради тоа. - Гледате, има народ. Ми доаѓаат гости Македонци и Турци. Добро ми оди работата. Имам другари-Македонци, кои, верувајте, како браќа ми се. Си помагаме меѓусебно. Им помагам и на моите колеги-Турци, на пример, ако имаат некоја мака на факултет, помагам колку што можам. Факултетот ми е приоритет, бизнисов ми е на второ место. Дали ќе се вратам во Адијаман или ќе живеам во Македонија, не знам. Имам девојка-Македонка, која е од Скопје, многу се сакаме. Не знам што ќе се случува и каде ќе ме одведе животот - подзамислено ни раскажува Булент. Околу 250 Турци студираат во Штип Само годинава на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ се запишале околу 80 нови студенти од Турција. На сите факултети во сите години се запишани околу 250 турски студенти, информираат во ректоратот. Освен нив, има студенти и од Грција, Бугарија, Германија. Турците главно се запишани на медицина, на градежен факултет и на англиски јазик. Од „Гоце Делчев“ учете како треба да изгледа универзитет Студентите и професорите прават истражувања во 11 нови лаборатории На штипскиот универзитет има околу 20.000 студенти. Распределен е во повеќе објекти во градот. Има 11 нови лаборатории со апликативна дејност во кои се вршат различни видови истражувања. Единствено овој универзитет поседува и електронски микроскоп што го набавила државата, а кој чини околу еден милион евра. Во лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина, на пример, се испитува присуството на пестициди во зеленчукот и во овошјето. - Странка ни носи еден килограм домати за да го испитаме присуството на пестициди. Сето тоа го мелеме во блендер, а потоа земаме мостра околу 10 грама што ја испитуваме. Имаме и машина за испитување присуство на тешки метали. Така, кој сака си носи примероци што ние овде ги испитуваме - ни објасни Билјана Ковачевиќ, аналитичарка. Во близина на ректоратот се наоѓа инфоцентар наменет за студентите, во кој секој од нив може на компјутер да си го провери електронскиот индекс, распоредот на предавањата. Ако нешто не им е јасно, можат да ги консултираат вработените во центарот, кои веднаш им ги разјаснуваат нејаснотиите. - Ако студентот е од Скопје, не мора да доаѓа овде, туку испитот го пријавува од дома. Овде водиме електронска евиденција за секој студент, се знае точно каков статус има, оценките. Сите активности за студиите ги прават електронски, што многу им олеснува. Овде се гледа и дали студентот платил за студии. Со системот што го имаме ние не може да се случи, на пример, откако студентот ќе заврши со студиите, да му фалат пријави, уплатници и да не може да дипломира - информираат во инфоцентарот. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9261384811&id=9&setIzdanie=22987 |
|||||||||||
Post Reply | Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |