build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Дипломатски претставништва во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Дипломатски претставништва во Македонија (општо)
    Posted: 26-Jan-2009 at 16:18
Амбасада на Кина во Аеродром



Скопје
Донг Чуенгфенг, амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, бил заинтересиран за можностите да се изгради зграда за неговата амбасада во општината Аеродром, информираат општинарите. Тој му го соопштил ова на градоначалникот Кирил Тодоровски за време на неговата неодамнешна посета во оваа општина.

Тодоровски на Чуенгфенг му ја претставил својата општина и сите нејзини потенцијали, ресурси и капацитети. Тој го запознал амбасадорот и со огромните можности за инвестирање во Аеродром, но и со проблемите со кои се соочува општината, а притоа размениле различни мислења и искуства. Како главен проблем на сите општини градоначалникот ја истакнал нивната неможност да располагаат со државното градежно земјиште, што би им овозможило и самите да привлекуваат инвестиции.

Амбасадорот Чуенгфенг, пак, бил заинтересиран за поголема соработка со Аеродром во повеќе области, како во културата, образованието, локалната самоуправа и друго. Тој се заложил и дека ќе и помогне и ќе ја поддржи општината во нејзиното промовирање пред кинеските инвеститори.

Поради средбата со кинескиот амбасадор, Тодоровски ја пропушти последната седница на општинскиот совет, на која требаше да се расправа за буџетот за оваа година. Советниците ја симнаа точката за буџетот од дневниот ред и ја усвоија само таа за привремено финансирање, а како една од причините го посочија отсуството на градоначалникот, кој е предлагач на општинската каса и на распределбата на парите во неа.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=299&ArticleID=16478
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Sep-2009 at 13:34
Добра вест од повеќе аспекти Thumbs%20Up

Русија и Кина ќе градат амбасади во касарната „Илинден“


Двете амбасади не се задоволни од изнајмените објекти, па затоа бараат поголем простор, кој ќе ги задоволи нивните потреби




Откако американската амбасада изгради свој објект во близината на скопската тврдина Кале, сега и амбасадите на Русија и на Кина побарале од Владата да им додели земјиште во просторот на касарната „Илинден“, за таму да направат свои објекти. Тоа би значело дека амбасадите на трите светски суперсили во Скопје ќе бидат оддалечени меѓусебе само неколку километри и сместени на стратегиски позиции. Досега касарните во Деталните урбанистички зони беа вцртувани како сиви зони и не беше прецизирано колку објекти имаат. Министерството за одбрана во јуни оваа година повторно им ги предаде касарните на општините.

Од Владата велат дека кинеската и руската амбасада доставиле барање да им се додели земјиште за изградба на нивни објекти во просторот кај касарната „Илинден“.

- Испративме указ до Агенцијата за просторно планирање со кој наложуваме при изработката на деталниот урбанистички план за делот од локалитетот на касарната „Илинден“ да се предвиди изградба на објекти во кои би се сместиле амбасадите на Русија и на Кина. Истовремено е испратена и иницијатива до општините Бутел и Карпош во најкраток можен рок да ја спроведат постапката за урбанистичко-планска документација за овој дел од касарната - објасни Мартин Мартиновски, портпаролот на Владата.

Советот на општината Бутел на вчерашната седница ја прифати иницијативата на Владата за изработка на Детален урбанистички план за делот од касарната „Илинден“, односно за двете парцели што се протегаат од булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, улицата Македонско-косовска бригада до фабриката „Типо“.

- На 25 август оваа година добивме писмо од Владата со барање да ја почнеме постапката за донесување детален урбанистички план за делот од касарната „Илинден“, кој е под наша надлежност, со цел таму да се сместат амбасадите на Русија и на Кина. Истото барање е доставено и до општината Карпош. Агенцијата за просторно планирање има рок до 28 септември да го исцрта опфатот, да го испланира просторот и да каже колкава површина зафаќаат парцелите, како и да ги вцрта границите на земјиштето - истакнаа од одделението за урбанизам во општината Бутел.

Оттаму додаваат дека не се запознаени со деталите за тоа на која локација во касарната би се изградиле амбасадите и велат дека при изградбата на објектите ќе се земат предвид близината и заштитата на Аквадуктот, кој е споменик на културата.

Во општината Карпош се очекува наскоро да почне да се разгледува оваа иницијатива на Владата и да се стави на дневен ред на седниците на советот.

Од руската амбасада во Скопје велат дека нова локација за амбасада барале уште од 1998 година, но за некаква одлука од Владата не биле известени.

- Имаме потреба од објект за амбасада, бидејќи сега сме сместени под кирија во мала куќа, која не ни одговара на потребите - вели Константин Берсењов, советник во руската амбасада.

Оттаму наведуваат дека во иста ситуација биле и македонските дипломати во Москва, кои сега се сместени во трисобен стан и со години бараат нова локација за амбасада.

Кинеската амбасада се наоѓа во населбата Црниче, исто така во мала изнајмена куќа, и се претпоставува дека и Кина од истите причини како и Русија бара локација за нов и поголем објект. Руската амбасада сега е во близина на хотелот „Амбасадор“ во центарот на градот.
 
   
Автор: Радмила Заревска; Александар Божиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9169105517&id=9&setIzdanie=21789

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Sep-2009 at 16:12
Ми се допаѓа каде тргнала работава, уште малце и субфорум за амбасади ќе отвориме. Само чекам да се јават ОАЕ и да изградат еден Бурж Ал Скопје и 2 стокатници, онака за ќеиф на шеикот Big%20smile



И холандската амбасада бара нова локација

Амбасадата на Кина побарала хектар земјиште, а руската амбасада еден и пол хектар во касарната „Илинден“


И амбасадата на Кралството Холандија по примерот на амбасадите на Кина и Русија, кои ќе градат објекти во просторот на касарната „Илинден“, побарала од Министерството за транспорт и врски да им додели нова локација за сместување, велат во ресорното министерство. Ова го отвора прашањето дали дел од касарната „Илинден“ ќе стане резиденција на повеќе дипломатски претставништва во земјата или само двете светски сили ќе имаат привилегија на таа стратегиска позиција да изградат свои амбасади. Од Владата велат дека покрај изградбата на амбасади, на земјиштето на касарната „Илинден“ е предвидено да се направат и други содржина, како станбени објекти.

Од амбасадата на кралството Холандија не беа запознаени дека имало какво било барање за да им се додели земјиште за изградба на нов објект.

- Пред две години испративме допис до Министерството за транспорт и врски со кој баравме да го откупиме земјиштето на зградата на улицата Ленинова, каде сме сместени. Тоа ни беше одобрено и сега објектот е во сопственост на Холандија - велат во Амбасадата на Кралството Холандија.

Од американската амбасада, која пред два месеци се смести во нов објект во близина на скопската тврдина, сметаат дека не се засегнати со тоа што на неколку километри раздалеченост за први соседи ќе ги имаат амбасадите на Кина и на Русија.

- Ќе бидеме задоволни ако во овој крај се сместат и други дипломатски мисии. Ние немаме забелешки за нашата локација - истакнуваат од канцеларијата за односи со јавноста во американската амбасада во Скопје.

Според Министерството за транспорт и врски, амбасадата на Кина побарала земјиште од еден хектар, а Руската амбасада од еден и пол хектар во дел од локалитетот на касарната „Илинден“, односно земјиште со површина од вкупно две и пол хектари, кои се под надлежност на општините Карпош и Бутел.

Се претпоставува дека поради малите објекти, кои не ги задоволуваат нивните потреби, и руската и кинеската амбасада се одлучиле да бараат нова локација. Но, вчера вработените во кинеската амбасада првпат слушнаа дека амбасадата побарала земјиште во касарната „Илинден“, како и тоа оти нема кој да ја потврди таа информација.

- Советникот што е надлежен за овие податоци е на пат, како и амбасадорот - кратко изјавија оттаму.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=917994097&id=9&prilog=0&setIzdanie=21790
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Sep-2009 at 16:31

на холанѓаните нека им дадат во топана, да биде малку дисперзирано, а и да се врзе некаква амбасадорска улица, но со пространи плацови! нели сакаа америте да ги кешираат топаанчани за да го ичистеле пред себе тоа видиковецот, што стана со тоа  http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=124&PID=5861#5861

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Sep-2009 at 17:20
Дипломатска ареа не е нишпто ново во нормален свет. Има земји како например Кина кои амабасдадите ги сместуваат во исклучиво такви квартови.

А може и Гадафи да се јави и да побара земјиште за шатор да постави!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-May-2010 at 16:09
ЖИТЕЛИТЕ ОД КАЛЕ СТАВЕНИ ПРЕД СВРШЕН ЧИН
Ќе се уриваат куќи за нови амбасади

Роза Петкова

Три од новите пет амбасади што се планираат на Кале, во продолжение на американската амбасада, ќе се градат ако тамошните жители ги продадат куќите. Според тоа што беше кажано на јавната презентација на ДУП „Тетовска трошарина“, која вчера се одржа во Месната заедница „Мирче Ацев“, странските дипломати сами ќе треба да преговараат со жителите и да ги расчистат имотно - правните односи со нив, односно да им понудат пари за откуп на земјиштето ако се заинтересирани да градат. Делот од локацијата што е расчистен, ќе се употреби за две поголеми дипломатски претставништва, а таму каде што има градби, земјиштето намерно е расцепкано за помали објекти, за да можат потоа инвеститорите полесно да се договорат со еден или со двајца сопственици и да го откупат. Жителите што беа присутни на презентацијата побараа куќите да им се внесат во планот затоа што на локацијата живеат повеќе од 50 години. Истата судбина ќе ги снајде и другите градби, затоа што, според објаснувањето од проектантската куќа „Инпума“, целиот потег, се до Музеј на современа уметност, е планиран за амбасади. - Освен едно семејство, ниту еден од соседите не сака да се сели. Има дваесетина куќи со семејства што живеат тука од 50 до 60 години. Повеќето немаат решен статус, кој не можевме да го обезбедиме бидејќи досега ни велеа дека се наоѓаме во зона на зеленило - рече еден од присутните граѓани. Проектантот од „Инпума“, Благоја Тагасовски, објасни дека намената на просторот на Кале е преземена од валидниот Генерален урбанистички план, каде што стои дека овој дел од локалитетот е предвиден за амбасади. На граѓаните им беше кажано дека ако имаат документи за сопственост, доколку не сакаат да го продадат земјиштето, нема да се гради амбасада на нивното место, но ни сегашниот статус нема да им се смени, односно нема да можат да си ги реновираат куќите.
Деталниот план предвидува четири од амбасадите да бидат со висина до десет метри односно на приземје и два ката, а една ќе биде висока 16,5 метри, што значи ќе добие плус уште еден кат. Две од нив ќе се градат на површина од 2.078 квадратни метри и на 875 квадратни метри, а другите се на земјиште до 300 квадратни метри.


До МРТВ катна гаража

Во ДУП „Судска палата“ се планира нова катна гаража за 400 возила, која ќе ја опслужува зградата на МРТВ. Објектот ќе биде на три нивоа и приземје и ќе се наоѓа во кругот на телевизијата. Покрај неа, планот предвидува и четири нови деловни објекти во зеленилото кај бензинската пумпа на “Макпетрол”, од кои и еден четириесетметарски.


Водовод во кружна зграда

Најавената нова административна зграда за „Водовод и канализација“, ќе биде со кружна форма. Вака ја проектирале архитектите од планерската куќа „Инпума“, во новиот ДУП за дел од СРЦ „Кале“, затоа што таа форма била најсоодветна за да се искористи најголем простор. Зградата петкатница, која ќе се наоѓа на местото на сегашните бараки на претпријатието, ќе биде висока 21 метар, а надградба ќе добијат и објектите до неа, меѓу кои се наоѓа и дирекцијата на Царинската управа.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=140831&EditionID=2022
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-May-2010 at 17:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-May-2010 at 17:38
Јас некако ова би го искомбинирал со паркче кое ќе проаѓа покрај амбасадите и ќе ги поврзува француски гробишта со музејот на современа уметност и кале. Во спротивно, фрнацуските гробишта ќе си останат отсечени како и досега а цел тој убав простор ќе се изгуби неповратно. Значи амбасадите може да се кон улицата а паркчето (со видиковец на Вардар и градскиот парк) од позади се гледа и патеката од Кале до современ преку која би одело поврзувањето иако истата треба да се прошири и уреди.

Претпоставувам дека и новите амбасади ќе сакаат да се оградат, да се надевам дека нема да забегаат со ѕидина како американците.


Edited by pbanks - 16-May-2010 at 17:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-May-2010 at 21:29
Штознам, јас некако не гледам потреба да се поврзат музеј на современа уметност со гробишта од прва светска војна. Никаква корелација на содржини, а па дипломатските преставништа уште толку.

Тука би сместил еден вертикален ископ за булеварот наместо тунел и едно паркло (со двата крака прв ридот, практично и тие делумно вертикален ископ) за со Самоилова (зашто мислам дека има потреба). Горе и онака нема што друго, па зеленило само по себе се наметнува.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-May-2010 at 21:37
Originally posted by lslcrew

Штознам, јас некако не гледам потреба да се поврзат музеј на современа уметност со гробишта од прва светска војна. Никаква корелација на содржини, а па дипломатските преставништа уште толку.

Тука би сместил еден вертикален ископ за булеварот наместо тунел и едно паркло (со двата крака прв ридот, практично и тие делумно вертикален ископ) за со Самоилова (зашто мислам дека има потреба). Горе и онака нема што друго, па зеленило само по себе се наметнува.


Гробиштата од ваков тип се еден вид на историски споменик. Фактот што досега биле зафрлени не кажува ништо. Не дека ќе биде крај на свет ако останат збиени помеѓу амбасадите но не гледам зошто свесно би го направиле тоа доколну не би можело подобро. Воопшто не би правел таква сакаламуција со булеварот, тунелот не е научна фантастика (не е долг) и е многу поприкладен.

Паркот пак кој што го предлага немора одма да ти асоцира на шетање на фамилии цели и правење пикници. Немора ниту да се вика парк, нека биде едноставно убаво уредена зелена површина каде би можело да има и видиковец. Значи не би сакал да се монополизира целиот тој потег од амбасади, тоа ми е зборот. Во секој случај парк/зеленило и амбасади не е дека не идат едно со друго.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Jun-2010 at 05:35
Турската амбасада во Македонија наскоро во нов објект

На падините на Водно, во близина на некогашното Олимписко село, привршува изградбата на новата турска амбасада во Македонија. Објектот со приземје и два ката има вкупна површина од 3.500 метри квадратни, додека  површината на парцелата изнесува 6.500 метри квадратни. Изградбата започна на 24 октомври 2007 година, а изведувач на градежните работи е македонската подружница на турската компанија „Рена Иншаат“ (Rena İnşaat) која работи и на реконструкцијата на Мустафа-пашината џамија во Скопје.


http://www.build.com.mk/?p=3675


1


2

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Jun-2010 at 01:21

Катар бара 10 000 квадрати за амбасада во Македонија

Изградба на амбасадата на Катар треба да обезбеди логистика за катарските инвестиции во земјава. Македонија за возврат ќе добие бесплатна ново изградена лускузна резиденција во центарот на Доха.

Здрава храна,чиста вода, туристички капацитети со поволна клима се предностите кои ги нуди Македонија. Малиот емират со годишен инвестициски фонд од 65 милијарди долари нуди големи можности за соработка. Претседелот Иванов неодамна доби гаранции дека дел од приходите што земјата ги добива од нафта и гас ќе бидат инвестирани и кај нас.

-Ние сме две мали земји, но може да постигнеме добра соработка- Хамад бин Калифа Ал Тани, емир на Катар

Во време на економска неизвесност во Европа и падот на еврото, алтернативните пазари од блискиот Исток и Азија се најпосакуваниот избор. Претседателот Иванов во Доха вети дека за еден месец македонската влада ќе достави 20 проекти на потенцијалните инвеститори од Катар. Хотели, трговски центри, бензиски пумпи и депо за складирање бензин во Македонија ќе бидат дел од нив.

Трговската размена со оваа блискоисточна земја може да се прошири и на пласманот на јагнешко месо, градежништво, вода за пиење. Сериозноста на Катар ја потврдува и директната авио линија Доха – Скопје.

За најавени инвестиции да станат реалност, останува Скопје да ги олесни визните и административни бариери за поуспешна трговија меѓу двете земји.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=61339



Edited by SkyBoy - 07-Jun-2010 at 01:27
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4440
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Jun-2010 at 22:45
Прво во Катар за договор за цивилна воздушна пловидба, сега амбасада? Некој знае нешто што не знаеме?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Jul-2011 at 14:40
Со заедничка визија работите се поедноставни zaednicka-vizija-thumb.jpgСакавме да направиме транспарентна зграда, светла, модерна, но со топла атмосфера и соодветна на 21 век. Во суштина, тоа ги рефлектира пораките што ние ги праќаме, атмосферата и одредените вредности во смисла на тоа кои сме ние Холанѓаните и што застапуваме.

По четиригодишен престој, Нејзината Екселенција Симоне Филипини, амбасадорка на Кралството Холандија во Република Македонија, замина од нашата земја. Го искористивме нејзиниот последен работен ден да поразговараме за еден зафат, кој од корен го промени изгледот, особено внатрешниот, на зградата на амбасадата. Ова не е прво интервју на амбасадорката Филипини за Порта3. Како тогаш така и сега поминавме пријатни мигови во раговор за убави нешта далечни од политиката.

zaednicka-vizija-1.jpg 

За почеток, сакаме да ве прашаме зошто се одлучивте за целосно реновирање на зградата на амбасадата, која од пред неколку години е во сопственост на Кралството Холандија?

 

Кога дојдов овде зградата штотуку беше купена. Според мене, зградата не изгледаше така како што јас мислев дека треба да изгледа. Јас сакав да ѝ ја презентирам на Македонија модерната Холандија од 21 век. Сметам дека зградата беше старомодна, изградена како станбена, а претворена во кацелариска со многу мали соби, купатила, и навистина не беше во ред. Имавме проблеми со каблите, климата, санитариите, и сметав дека тоа не е прифатливо ни за изгледот ни за чувството. И според тоа какви беа ѕидовите, не се совпаѓаше со мојата замисла за зграда на холандска амбасада од 21 век, која треба да го претставува тоа што Холандија го застапува.

 

Кои се автори на проектот за целосно реновирање на амбасадата?

 

Автори сме јас и еден од моите вработени. Јас сакав, заедно со мојот вработен, да го направиме реновирањето. Поставивме некои принципи на хартија, значи, сакавме да направиме транспарентна зграда, светла, модерна, но со топла атмосфера и соодветна на векот што го живееме. Во суштина, тоа ги рефлектира пораките што ние ги праќаме, атмосферата и одредените вредности во смисла на тоа кои сме ние Холанѓаните и што застапуваме. Во принцип, ние сме авторите на реновирањето, изведувач на работите „Пера- Констракшнс“ од Скопје, а архитект беше Џанер Асимов.

zaednicka-vizija-2.jpg 

Со какви предизвици се соочивте за време на ова адаптирање и реновирање?

 

Што се однесува до предизвиците со кои се соочивме во преадаптацијата на просторот, ние имавме многу ограничен буџет за тоа што планиравме да го направиме. Во суштина, целата зграда се распаѓаше, затоа и требаше серизно да се реновира, но и да се реорганзира. Знаете, ние целосно ја реорганизиравме зградата. Тоалетите беа на друго место, потоа немавме соба за прием на гости. Тоа беше чудно - немавме соодветна соба за дочек на моите гости, па затоа луѓето мораа или да чекаат пред бирото на секретарката или на мало столче во ходникот. Немаше соодветен простор за рецепција и изгледаше ужасно. Најголемиот предизвик беше дали можеме да продложиме да работиме за време на реновирањето, бидејќи моравме да останеме во истата зграда за да заштедиме пари. Сите варботени останавме во зградата, поточно на приземјето и во подрумот. Јас ја делев мојата соба со уште двајца колеги, и кога ѝ бев потребна на секретарката таа ќе влезеше и со тоа бевме веќе четворица во една соба, па и уште некој кога ќе влезеше ќе станевме пет итн. И со другите вработени беше исто, така што моравме да го истрпиме сето тоа.

 

Ја знам оваа зграда. Овде бев пред 2-3 години. Имав состанок со Вас.

 

Значи ја гледате разликата, се надевам? Да... изгледа многу убаво, а каква беше! Не само тотално несоодветна за 21 век туку и немаше никаков стил. Преадаптацијата беше направена со намера да се добие максимумот за тие средства, така што постојано размислувавме како да го подобриме изгледот на зградата на начин кој би одговарал на нашите критериуми, а во исто време да останеме во рамките на буџетот. Мислам дека добро ја изведовме работата.

  zaednicka-vizija-3.jpg

На кој начин работевте?

 

Работевме на следниов начин: имавме концепт, а првото нешто што го направив беше водење разговори со архитектот Џанер, сè додека не постигнавме заедничка замисла, бидејќи можете да му верувате некому во изведувањето единствено ако делите иста визија. Понекогаш изведувањето може да биде поинакво од тоа што вие би сакале да го направите, но кога имате заедничка визија тоа ги прави работите многу поедноставни. На таков начин работевме, си разменувавме идеи и на тој начин еден со друг си ја надополнувавме својата замисла. Мислам дека тоа беше позитивен пример како може да се реновира, бидејќи јас имав многу јасна замисла за тоа како сакам да изгледаат работите, и секако Џанер на некој начин беше локалната потпора и нè потсетуваше како стојат можностите тука на пазарот. Тој истапи со некои одредени предлози ограничени од понудата во Македонија, а јас предложив да порачаме преку интернет. И така наоѓавме работи на интернет и ги увезовме, а во некои случаи, пак, излегуваше дека има локални претставници кои ги носат тие материјали овде во Македонија. Затоа сметам дека научивме многу еден од друг, што беше навистина супер.

 

Почитувач сте на традиционалната архитектура во Македонија. Дали во рамките на овој зафат искористивте нешто од ова автентично богатство?

 

Јас многу ја почитувам македонската традиционална архитектура, но сметам дека ова не беше пример за македонска традиционална архитектура и сметам дека треба ја претставува Холандија. Традиционалната македонска архитектура треба повеќе да се почитува, отколку што се почитува во моментов, но преку нејзино соодветно реновирање и унапредување. Но, сметам дека ова е различно од реновирањето на зградата на амбасадата, бидејќи ова нема никаква допирна точка со македонската традиционална архитектура; ова беше само зграда, модерна зграда, но за нас не многу соодветна зграда. И тоа што го направив за да покажам почит кон холандско - македонскиот концепт е дека во просторијата за конзуларното одделение имаме масичка од Хиспен, кој е холандски бренд, а е дизајн на Ритвелд. Таму имаме 6 столчиња, на едната страна имаме бела, црвна, сина, а на другата страна имаме црвена и жолта како македонското знаме. Така што тоа беше свесен избор за да се истакне позитивна и добра релација и да се покаже дека ние сме тука заедно.

 

Дали најдовте допирни точки помеѓу македонската и холандската архитектура, иако прашањето на прв поглед изгледа контрадикторно?

 

Допирната точка не беше толку во традиционалното, а се надевам дека посетителите што доаѓаат тука го гледаат тоа и зградата не ја доживуваат како македонска туку како холандска, која зрачи со нешто различно, бидејќи можеме да се обидеме да бидеме исти, но зошто да бидеме? Ова е холандски дизајн и ми се допаѓа многу. Но, интересно е тоа што го претставува холандскиот пејзаж. Ако летате над Холандија ќе забележите зелени слоеви во различни бои, како троседот на кој седам јас во моментов. Холандскиот пејзаж се состои само од хоризонтални линии, бидејќи нашата земја е рамна, и се шегуваме дека е како палачинка. Зелениот тапет го претставува холандскиот пејзаж, додека кафениот тепих ја претставува почвата и всушност тоа беше и концептот на оваа соба.

zaednicka-vizija-4.jpg 

Во смисла на ентериерско решавање на амбасадата, дали има спој на старо и ново, каде завршува, а каде започнува македонската архитектура и холандскиот дизајн?

 

Да, постои спој меѓу старото и новото до одреден степен, бидејќи немавме доволно средства сè да биде ново. Спојот е и во тоа што подрумот сè уште не е реновиран (се смее). Што се однесува на останатото, се е ново освен бироата. Моето биро е ново и е холандски дизајн, но останатите бироа допрва ќе се заменат.

 

Дали постојат определени стандарди во архитектонското и ентериерското уредување на дипломатските претставништва на Кралството Холандија во светот?

 

Искрено, има многу технички стандарди, но од министерството не нѝ наложија дополнителни стандарди. Стандардот за една амбасада е да изгледа соодветно, претставително, да не изгледа многу скапо, но сепак да зрачи со топлина. Исто така, треба да изгледа приземно. Во економски тешки времиња сме и би било несоодветно во земја како Македонија, каде што имаме мала амбасада да трошиме многу средства на луксузни нешта. Затоа сакавме да имаме приземна, ефикасна и соодветна зграда. Овие се стандарди кои и самата ги почитувам. Тие не ни беа наложени од министерството, но имаме доста технички стандарди како што е безбедносниот итн. Но, да бидам искрена, немавме стандарди во врска со дизајнот или архитектурата. Не добив информации од Министерството за надворешни работи и во врска со внатрешното уредување - сè направивме сами тука. Имавме заедничка замисла, ја разработивме и таа резултираше со тоа што може да се види сега.

 

Според Вас, што е тоа што можете да го истакнете како посебно интересно од целиот нов амбиент на амбасадата за секој посетител што доаѓа?

 

Не знам што им се допаѓа најмногу на посетителите. Би било најдобро да ги прашате нив. Сепак, мислам дека просторијата за прием на гости зрачи со топлина, пријателска атмосфера, а истовремено е и практична. Но, исто така нема ништо претерано во неа, нема непотребен луксуз. Мислам дека е многу добра и соодветна за работа, а доволна за тоа што ни треба. Сметам дека направивме добар избор. Секогаш велам дека во внатрешното уредување можете да направите 100 избори и секој од нив може да биде вистинскиот. Исто така, завесите во канцелариите се проѕирни за да не се чувствувате како заробени во зградата и за да не се попречи погледот кон надвор. Во зградата немаме многу врати, а не сакав да имаме мали работни простории. Сакам луѓето да бидат во контакт едни со други, да комуницираат. Вратите се најчесто алатки кои се користат за да не се комуницира. Во основа, нема причина секоја канцеларија да има врата. Ако сакаат да се повлечат, луѓето можат да седнат во просторијата за прием на гости или горе во салата за состаноци. Немаме што да криеме еден од друг - луѓето се слушаат еден со друг и учат од другите. Мислам дека тоа е идејата. Се трудевме да направиме полуотворен работен простор. Ние го направивме овој избор и во основа мислам дека на луѓето што доаѓаат им се допаѓа - мала е и ефикасна.

 

Можеби новата амбасадорка ќе ги добие средствата од Министерството?

 

Во моментов нема повеќе средства. Да не ги добиевме парите за реновирање пред финансиската криза, немаше воопшто да ги добиеме. Сепак, имавме среќа што ја добивме оваа битка пред да настапи кризата. Но, тие веќе имаа дадено зелено светло, па не можеа да ја повлечат одлуката.

 

Позната сте како поборник за заштита на природата. Дали при реновирањето на амбасадата водевте сметка и за еколошките аспекти, во смисла на употреба на материјали, заштита на околината, обновливи извори на енергија, ергономичност...?

 

Во однос на заштитата на природата, би сакала да можевме да направиме повеќе, а можеби би можеле да направиме во иднина кога би имале буџет, но барем се потрудивме да ставиме прозорци со двојно стакло, секаде добро да ја заштитиме надворешноста на зградата за да не трошиме многу енергија. Ме прашавте и за одговорноста за зачувување на средината. Се обидовме колку е можно повеќе да бидеме одговорни за животната средина. Немавме средства да поставиме соларна инсталација, но да можевме, ќе го сторевме тоа. За жал, понекогаш нашите постапки не ги следат нашите ставови. Во Холандија имаме строги политики за зачувување на средината, но не го добивме буџетот за да можеме да ги имплементираме. Сепак, во рамките на возможното се обидовме да бидеме одговорни кон животната средина и да користиме природни материјали.

 

Од естетски аспект, како гледате на градежната и архитектонската експанзија во Скопје?

 

Не знам дали има концепт, но делумно има во строгиот центар околу плоштадот. Мислам дека зградите што се таму имаат концепт, без разлика дали ви се допаѓа стилот или не. Луѓето размислувале каков стил да постават таму, што да претстават со него. За останатото, не чувствувам дека има архитектонски концепт или урбано уредување. Да, постојат урбанистички планови на општинско ниво. За некое време би требало и тоа да се види кога ќе се имплементира. Работите се движат. Има подобрување во Скопје во смисла на организација - сега е подобро организирано отколку пред неколку години. Не сум архитект, но знам дека неодамна имаше средба на архитекти (Скопска недела на архитектура) и дека таму се зборувало за урбанистичкиот концепт на Скопје и јас ги поддржувам таквите настани.

zaednicka-vizija-5.jpg 

На заминување сте од вашата функција амбасадор на Кралството Холандија во нашата земја. Што ќе им препорачате на вашите сограѓани во Холандија од културното и архитектонското наследство на Македонија?

 

Сосема е јасно дека имате богато културно наследство, богато архитектонско наследство ако се гледа во далечното минато: манастири и џамии... Старата скопска чаршија многу ми се допаѓа како архитектонски концепт. Викендов бев во Берово. Природата е фантастична. Имате многу убави места кои малку потешко се откриваат, недоволно се истражени и недоволно се развиени. Берово е едно од тие места. Сè уште има убави стари куќи, но погледнете како изгледаат и што се случува со нив. Можам да ви кажам дека кај холандските туристи не би имало интерес за Берово, но кога старите куќи би се замениле со нови градби можеби би имало интерес само да се прошетаат околу езерото и да ги посетат манастирските конаци, сè друго останува да се доправи. Би им препорачала на одговорните власти да направат план со приоритети. На пример да се определат приоритетни градови и села од различни региони на Македонија и да се реконструираат фасадите со владини средства во наредните две-три години. Откако тоа ќе се направи, може да се продолжи со други села и градови, како и да се воведе систем за субвенционирање на оние што треба да ги реновираат куќите, а немаат пари за тоа. А соодветно реновирање чини повеќе отколку градење нова куќа од бетон. Затоа, ако како влада сметате дека тоа е значајно, треба да им обезбедите инструменти на вашите граѓани за да го остварите тоа, бидејќи во спротивно, тоа нема да се случи. Не можете да очекувате дека сите граѓани можат да ги реновираат куќите на автентичен начин или дека имаат доволно средства за тоа. Сепак, постојат луѓе кои го прават тоа, како на пример Тефик Тефиковски од с. Јанче

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3090&Itemid=74
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Jul-2011 at 13:57
Se gordeam so mojata vtora tatkovina! Holandski minimalizam i funkcionalnost.
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.