build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Куќни совети и Закон за домување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 03-Jul-2011 at 19:48
Originally posted by Baze



Да не правиме реклама, ќе може да ми ги кажеш фирмите, телфонски број, адреса или веб страна, едната претпоставувам дека е таа хрватската станбен сервис-бизнис центар, но не успеав друга да најдам.


Имињата на двете фирми ги имам напишано во оваа нишка од порано (види во погорните постови). Двете фирми ги има во Златна книга, па можеш да им најдеш телефон за контакт.
Back to Top
kokokrusevo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Sep-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kokokrusevo Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 14-Sep-2011 at 19:47
eve vi broj do stanben servis biznis centar 078/364 710 od direktorot, a od vas eko dom eve br: 077 805 302, 078 358 145!!! Prvite imaat ponuda od 5% od uplatata, no mora da se osigura objektot toa vi e dodatno 30-40 denari mesecno od sekoj stanar, no redovno gi tuzat i opomenuvaat neplakacite i preku advokatska kancelarija POLENAK redovno se sobiraat sredstva od site stanari! A od vtorata firma nemam uste ponuda seuste ja ocekuvame!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-Feb-2012 at 05:18
Регистрирање на Заедници на сопственици на станари до први април годинава - 17.2.2012
 
Од стапувањето во сила на Законот за домување до денеска регистрирани се 2.086 заедници на сопственици на станови и издадени се шест лиценци за управител, а за едно барање во тек е постапка за одлучување, објави Министерството за транспорт и врски.
Станарите се должни до 1 април годинава да регистрираат заедница на сопственици или да определат управител, а регистрацијата на заедницата на станари во Централниот регистар чини 2.452 денари.
Оваа обврска важи за станбените згради со повеќе од двајца сопственици или повеќе од осум станови.
Доколку до овој рок станарите не определат управител или не регистрираат заедница на станари тогаш на барање на овластениот инспектор ќе биде определен управител од страна на судот во вонпарнична постапка.
- Доколку сопствениците на посебните делови не определета управител или не регистрираат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегувањето на законот во сила, на барање на овластениот инспектор за домување во соодветната општина, управителот го определува судот во вонпарична постапка, избран од регистарот на управители на станбени згради, рече на денешната прес-конференција  портпаролот Драган Симоновски.
За регистрирање на заедница на сопственици потребни се следните документи:Одлука за формирање заедница на сопственици, Одлука за донесување на статус, Статут на заедницата на станари, Одлука за избор на претседател, План за одржување на станбената зграда, Договор за заемни односи меѓу сопствениците на посебните делови на зградата, Куќен ред согласно правилникот и станрадите за домување и Записник од конститутивниот состанок на собирот на сопственици.
Пример како треба да изгледаат овие документи може да се најдат на веб страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Симоновски апелираше до општините во најкус можен рок да назначат инспектори за домување бидејќи, како што рече, мал е бројот на општините што досега назначиле вакви инспектори.
За непочитување на одредбите од Законот се пропишани глоби во износ од 300 до 800 евра во денарска противвредност.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3610
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 19-Mar-2012 at 02:03
Јавен повик - 18.3.2012

 

Со доследно почитување на одредбите од Законот за домување, никогаш повеќе нема да ви се случи...

 

... да се качувате пешки до седми кат, зашто лифтот пак не работи,

... да ги осветлувате скалите во зградата со запалка или со мобилен телефон, зашто никој не ја платил заедничката струја,

... да падне дел од фасадата врз случаен минувач или паркиран автомобил, зашто не може да се договорите со соседите кој да ја поправи,

... да се сопнете на кеса ѓубре пред влезот, зашто немало кој да исчисти,

... да го стиснете бројот на вашиот кат во лифтот со пенкало, зашто копчето паднало,

... да се расправате со соседот зашто со месеци само тој не плаќа за хигиеничар,

... да се исплашите од мачка која влегла во влезот и создала потомство зашто влезната врата нема кој да ја поправи со години

 

Со регистрирањето на Заедница на сопственици на посебните делови или определувањето на управител за вршење на дејностите на управување со станбената зграда, на правен и европски начин се регулираат обврските на сите кои живеат во една станбена зграда.

 

Согласно Законот за домување, сопствениците на посебните делови се должни до 01 април 2012 година да определат управител кој има лиценца за вршење на дејноста на управување со станбена зграда или да регистрираат заедница на сопственици како правно лице во Централниот регистар на Република Македонија.

 

Ова важи за секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови (станови или деловен простор).

 

Регистрација на заедница на сопственици може да иницира било кој од сопствениците на становите, а пример како треба да изгледаат потребните акти има на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk

 

Листа на сите лиценцирани компании за вршење на дејностите на управување со станбени згради е објавена на интернет страницата на Регулаторната комисија за домување –rdk.gov.mk

Лице за контакт од Министерство за транспорт и врски: Сузана Камческа, тел. 02/3145-506, e-mail: suzana.kamceska@mtc.gov.mk

Лице за контакт од Регулаторна комисија за домување: Јасмина Петреска, тел. 02/307-0746, e-mail: info@rkd.gov.mk

Лице за контакт од Централен регистар: Жаклина Танушевска, тел. 02/3290-241, лок.130, e-mail: marketing@crm.org.mk

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 01-Apr-2012 at 13:02
Зградите по судски пат ќе добијат управител доколку самите не го изберат
Недела, 01 Април 2012 12:10
Сподели

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Истече рокот на станарите во зградите за определување управител или регистрирање заедници на сопственици. Согласно измените на Законот за домување оние згради каде нема определен управител или регистрирана заедница на сопственици, на барање на овластениот инспектор за домување во соодветната општина ќе биде назначен управител од страна на судот во вонпарнична постапка, избран од регистерот на управители на станбените згради.


Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во следниот период, од страна на општините и инспекторите за домување потребно е да се врши соодветен надзор на станбените згради и доколку се констатира дека определена зграда ги нема регулирано своите обврски во однос на Законот за домување ќе биде определен управител кој ќе одговара за управувањето со таа станбена зграда.

Со определувањето управител за вршење на дејностите на управување со станбената зграда или регистрирањето на Заедница на сопственици на посебните делови, на правен и европски начин се регулираат обврските на сите кои живеат во една станбена зграда.

- Ова подразбира, стои во соопштението, правно регулирање на сите права и обврски кои ги имаат станарите и во пракса се овозможува многу подобар начин на одржување на заедничките делови во зградата со што се елиминира можноста за дефекти односно нефункционирање на заедничките системи, како што е лифтот, осветлувањето, хигиената итн.

Управител или регистрирана заедница на сопствените согласност Законот треба да има секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сметајќи ги и становите и деловните простории, односно дуќаните.

Управувањето со станбените згради претставува следење и спроведување на одлуките на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски согласно информациите добиени од Централен регистар на Република Македонија заклучно со крајниот рок се регистрирани вкупно 2.242 заедници на сопственици на станови, а за 230 субјекти кои поднеле документи, во тек е постапката за регистрирање.

Од податоците добиени од Регулаторната комисија за домување до сега се издадени вкупно 10 лиценци за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, а по едно барање во тек е постапката на одлучување и во овој период се определени 467 управители на станбени згради.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/66285-Zgradite-po-sudski-pat-ke-dobijat-upravitel-dokolku-samite-ne-go-izberat
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 27-Sep-2012 at 07:53
Може ли да споделите искуство со фирмите управители? Никнаа како печурки после дожд, но верувам дека сите работат на истиот принцип - живеат од провизија од собрани пари (некои и со фиксен надоместок за управител), а никој не се замара за подобрување на квалитетот на живот...

Според мене, не се исполнети целите на Законот за домување... Можеби е сеуште рано за да се даде оценка, но ајде да видиме...
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 08-Nov-2012 at 23:11
Во кои периоди од денот е дозволено бучно реновирање според Законот за домување (или некој друг)? Од мајстори чув дека смеат да работат од 09 до 16 (или нешто слично), но би сакал да знам каде го има тоа на писмено.
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12071
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Nov-2012 at 23:46


Баш ме заинтересира оваа тема што ја покренуваш. Разлистав во законот за домување (и сите негови измени и дополнуваења) и не забележав дека ова прашање е регулирано. Но не бев баш многу темелен, па ако имаш повеќе време и трпение обиди се и ти:

http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=4647



Сепак успеав да најдам нешто во законот за Бучава, мислам дека е релевантно во случајов:

http://www.zim.com.mk/modules/tinymce/uploaded/zakoni/Zastita_od_bucava_vo_zivotnata_sredina.pdf


Член 41 - Бучава во животната средина предизвикана од соседство

(1) Како посебен извор на бучава во животната средина се сметаат активностите на соседите, вклучувајќи ги и градежните активности во соседството, како и активностите, уредите, средствата и апаратите кои се спроведуваат, односно употребуваат во соседството за професионални цели.
(2) Поблиските видови на посебни извори на бучава од ставот (1) на овој член, условите за заштита од бучавата предизвикана од посебните извори од ставот (1) на овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на транспортот и врските и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството.
(3) Градежни активности во станбени згради можат да се вршат само во текот на денот.
(4) Извршителот на градежните активности е должен работите да ги извршува во најкраток можен период и на начин кој предизвикува најмала можна бучава. Извршителот на градежни активности е должен да обезбеди во текот на денот најмалку два часа за одмор, чие време го уредува во договор со куќниот совет на станбената зграда.
(5) По исклучок од ставот (3) на овој член извршителот на градежните активности во случај на опасност или да спречи некоја друга опасност може градежните активности да ги врши и подолго за што задолжително го информира куќниот совет.
(6) Куќниот совет е должен да му овозможи на извршителот 10 работни часа во текот на денот во кои ќе се извршуваат градежните активности.
(7) Во станбените згради каде што не постои куќен совет извршувањето на градежните активности се уредува со меѓусебен договор со станарите, при што соодветно се применуваат одредбите од овој член.



Член 20
- Времетраење на деноноќие

Заштитата од бучава се спроведува деноноќно, при што за потребите на овој закон се смета дека денот трае 12 часа од 7,00 до 19,00 часот, вечерта трае 4 часа од 19,00 до 23,00 часот и ноќта трае 8 часа од 23,00 до 7,00 часот.


... Би било добро ако прочита OCB или некој друг правник, сепак постручно да се осврне на ова прашање.
Back to Top
МАРИНА View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 19-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote МАРИНА Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 19-Dec-2012 at 21:22
Potstanar sum vo zgrada ,i imame upravitel.Upravitelot e DOM SERVIS licecirana firma i sme super zadovolni. eve vi tel broj ako nekogo e zainteresiran za firma upravitel 02 609 15 14 
Back to Top
roliver View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote roliver Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 09-Jan-2013 at 18:30
Stanar sum na zgrada Vo Prilep, ziveam na prizemje i imame problemi so odvodod koj e zatnat nekade vo vizbite i kako prva najniska tocka kade moze da se vraka otpadnata voda od site stanovi nad mene e vo mojot stan.

Zgradata ima upravitel.

Dali upravitelot e dolzen da izvrsi odzatnuvanje na odvodot bidejki e zaednicki za 1/4 od zgradata (za sto i plakam sekoj mesec nadomes na firmata od upravitelot), napomenunuvam deka dosega na moe baranje toa go vrsese vodovod i kanalizacija od Prilep pri sto nebarase nikakva materijalna nadohnada, no denes koga dojdoa da go odzatnat rekoa deka veke ne e taka i deka baraat 1500 denari (sto e mnogu pari za mene licno).

Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Jan-2013 at 20:50


Обврска е на управителот да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови во станбените згради. Извршувањето на поправки од помал обем управителот го врши според настанатите потреби и по свое наоѓање и за извршените работи е должен во рок од 15 дена да состави писмен извештај и да го достави на собирот на сопственици. Значи управителот треба да го реши овој проблем па да подготви пресметка на трошоците и да ги распоредели меѓу сопствениците на посебните делови.

Извор: Закон за домување (пречистен текст) (види членови 19 и 20)

Originally posted by kenzo_fan

Во кои периоди од денот е дозволено бучно реновирање според Законот за домување (или некој друг)? Од мајстори чув дека смеат да работат од 09 до 16 (или нешто слично), но би сакал да знам каде го има тоа на писмено.

Clover добро истражил, треба да зе земе во предвид уште и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој утврдува време за одмор помеѓу 15:00 и 18:00. Па доколку резимираме реновирање на стан, по претходно известување на куќниот совет, може да се врши во периодите

07:00 - 15:00 и
18:00 - 19:00

Приметувате постои мала колизија помеѓу Законот за заштита од бучава во животна средина и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кога се читаат напоредно. Првиот дава можност за 10 часа работа на реконструкција, додека вториот предвидува 9 часа во текот на денот.

Edited by OCB - 09-Jan-2013 at 20:51
Back to Top
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Feb-2013 at 11:41
Eve jas pak da se javam so mojot problem od pred nekolku godini. Znaci komsijata nad mene i po nekolku opomeni ne prestana da maltretira so bucava, tropanje, treskanje, vlecenje masi, stolovi i sl. sekoja nok otkako ke se pribire najrano vo 1h posle polnok. moze da zamislite kako izlgeda vo svoj stan konstantno nekoj da te terorizira so svoeto ulicarsko odnesuvanje, da nemas son, deca da se voznemiruvaat i slicno. ukazano mu e, nisto. kukniot sovet ne saka da se zameruva. imate li nekoj sovet da mi dadete sto da pravam? da go oglasam stanot za prodazba ne e opcija.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Feb-2013 at 12:38

значи ништо од контрамерките дали абе не секогаш најдобра одбрана е напад особено не ако си испод

е сега чар пријава постојано во полиција,а после одредено време со се сите пријави вклучително и овие,логично е да спакуваш една притужба,па дете да ми страда а да неможам да го заштитам лично тогај дефинитивно барам до крај државна помош,кроце кроце секој може да си промени табиетот

може полесно ќе поминеш доколку му укажеш на комшијата дека за секое вознемирување во иднина со испринтана слика (залепено флаерче во/пред влез) јавно ќе го омаловажуваш,но и тоа да почнеш да го правиш,само гледај биди со покреативен пристап за да не предизвикаш омраза пр. измонтирај му сцена од пајтоно на монти ил к-16



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Feb-2013 at 13:57
контрамерки не применував од што ми е незгодно од другите комшии. лепев фаери во влез, не со директно укажување на него туку поописно. ама константно некој одлепува, а не е он (пошто одлепувањето е денски, кога он не е тука). значи уште некој се пронашол во описот. и дефинитивно е ѓон човекот, да не беше ќе се корегираше од одма, така да тоа со омаловажувањето мислам дека е губење време.
дали знаете инспекција за домување дали функционира, да дадам таму допис во општина? мада од друга страна ми е шубе, може е насилен тип па му текне да се реваншира па да настрадаме. ама стварно ми е прекипено-кај цел живот од уста делиш, на крај во свој стан да немаш раат и некој друг да ти одредува ритам на (не)спиење! 
ајде ако има некој друга идеја (или искуство) што да правам.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 04-Feb-2013 at 14:13

чим неможеш да се одважиш за контра и гледаш ако може да пројде ниваму-нитаму,тогај пробај спријатели се па да имаш прилика и опуштено да интервенираш!

бреј понекогаш е доволно само убава насмевка,ок ако е ѓон и парче торта,кои по можност дете за свој роденден да му ги однесе,со потсетник бар тој ден славеничето ако може кое чоек да се наспиее

како и да е опуштено бар теши се што немате пострашни девијации во комшилук,а пошто сум бил сведок на многу што ова е лесна фрустрација!






Edited by +Protagorist - 04-Feb-2013 at 14:14
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Feb-2013 at 17:33

упорноста секогаш се исплати во која и крајност да прибегнеш,иако најдобро решение е да се иселиш доколку сакаш целосен мир,оди еден влез потак,трампај стан,населба,место и сл. промената секогаш знае да дојде поослободувачки него закопаната секира,јасно зависи дали со свои раце сте си кренале домот ил просто сте го купиле,откупувале и сл.,патем имај наум дека ништо не е случајно!

сепак има и други осетливи на правда во заедничкото домување,кое колку што се сеќавам порано беше условено со огласна табла со упатства во секоја новоизградена социјалистичка зграда,додека во транзицијата побрзавме што поскоро да ги искинеме истите,а јасно потоа дојдоа и скратените-ослабените-ефтините материјали кои гарантираат искрено заедништво меѓу соседите!

додуша ситуацијата овде е обратна но исто толку весела,сепак поискрена сепак мора некој да пријавува полицијата тоа да гоутврди а потоа доколку таа не му стегне прекршочна пријава тоа треба преку граќанска парница да го поведе засегнатиот,но ко што реков најефтино е со тортa ил флаер компромис http://www.telegraph.co.uk/property/3360222/Problem-neighbours-Love-and-negotiate-with-thy-neighbour.html

Денес дефинитивно ми пукна филмот со таканаречени комшии инаку би ги именовала животни над мене…

безобразни деца од комбинација на татко мајмун и мајка кенгур за да бидат сите општо најскокачки животни што поостојат …

но не само тоа нека ми простат животните соодветни со нивна споредба …

туку безобразно ми велат јас да одам во шума оти тие биле во сопствен стан па ќе правеле што сакаат … децата им легнуваат секогаш после полноќ …нонстоп све нешто трчаат , секојдневно имаат гости со по пет деца како на фудбалски терен рипаат трчаат а родителите само муабет и алокохол уживање…и апосолутно штикла не ги боли за никого ниту работаат нешто ниту се секираат за нешто живеат кобајаги од социјална помош а едно чудо евра добиваат којзнае од каде и како… националноста нека остане тајна…

а јас тоа треба све да трпам или да се иселам… е па малку морген од понеделник го штампам законот за домување ќе го бабнам на секоја кривина , стан на зградата… со превод на сто јазици… и ќе почне моето време на средување на зградата или ќе ја средам или ќе го шитнам станот …

новиот Закон за домување кој стапи на сила забранува панталони, гаќи, маици да висат на жица на балкон кои се видливи од страна на улицата или друга јавна површина…

на лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив …

при користење на станот и заедничките простории во зградата забрането е со викање, бука, скокање, играње со топка и слични постапки да се вознемируваат другите станари во мирно користење на станот. ..користење на разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приоемник, како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 13.00 до 17.00 часот и од 22.00 до 5.00 часот…

се забранува тресење на теписи, постелнина и други работи од прозори, балкони и лоџии…

со новите правила се забранува и фрлање или оставање на отпадоци, губре и нечистотија на скалите или други заеднички простории, пушење во лифт, на “степениште“ и ходник …



сопствениците треба да внимаваат кучињата да не лаат, мачките да не мјаукаат ,птици затворени во кафез и поставени пред прозори и балкони да не пеат во ниедно време за да се зачува мирот и тишината во зградата…

Изведување градежни работи на полноќ, сечење дрва со моторна пила, пуштање гласна музика до раните утрински часови…неретко се случува и преку цела ноќ од некои станови да се слуша прегласна музика, затоа што домаќинот бил во такво расположение- да слуша гласна музика, при тоа не грижејќи се за останатите во станбената зграда… очигледно е дека станува збор на ниска свест на поединци, кои воопшто немаат чувство дека живеат во градско, населено место, во кое мора да се почитуваат одредени правила…

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, предвидува казна за секој кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио, телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева, во периодот од 15 до 18 часот попладне и по 23 часот до 6 часот наутро… полицијата е должна да го спречи и да му изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност…

http://bijonse.blog.mk/2011/01/15/pravilnik-za-domuvanje-police-help/


Edited by +Protagorist - 04-Feb-2013 at 18:33
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 07-Feb-2013 at 17:08

There is an old saying that we get the neighbours that we deserve. I have had some lovely neighbours over the years, but there have been a few strange ones, which have left me wondering what I have done to deserve them!


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Feb-2013 at 08:53
јас ја знам поговорката дека комшиите не можеш да ги бираш. додуше ако имаш многу пари може и можеш.
како и да е, добрата вест е дека во некои општини веќе постои овластен инспектор за домување согласно Законот за домување, па во краен случај таму ќе се обратам.  


Edited by edikojsi - 08-Feb-2013 at 08:56
Back to Top
МАРИНА View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 19-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote МАРИНА Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 28-Feb-2013 at 18:15
Treba da go prijavis vo policija, zaradi narusuvanje na javniot red i mir.Ili obrati se vo opstinata vo koja sto zivees.
Back to Top
edikojsi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote edikojsi Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 01-Mar-2013 at 10:54
е Марина и јас така размислував додека не дознав некои работи.

Edited by edikojsi - 01-Mar-2013 at 19:24
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.