build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-May-2020 at 03:12

Вуна Инка или Магла Парк бидна работава, што сторија бе, да го оставеја онака олдскул и ден денес Деца ќе си играа Голфче возеа Вовче вртеа на Тркалце Рингишпил и Карусел уживанција ќе тераа, ко Дете не се сеќавам ама за убo неделата да тргне секој прв понеделник во месецот Дедо ми сигурно ме носел на сеградското забавишче ...

20.05.2020 ~ Ќе кажaт ли што „ќе“ се случува со Луна-парк, или да чекаме нова најава?


ако види Чоек поубо како ет во Дизни-Ворлд особено колку зеленилото налето им е едвај живо и несредено пр. во споредба зимското ескот Ф&в-шоу [1] нек се чуди споредувајќи колку кај нас во склоп на Градскио Парк шетњата која ја имаа нашите Деца била каде каде попејсажна, недостасуеше само редовно ротирање на свежи Кардбоард Павиљони Скулптури и Знаци евентуално тро отпојќе што бевме мањак Маскоти, но едно време почнаа да шетаат Кловнои бар оние кои испозаспале во летните дискотеки до самио Луна Парк, а сигурно за натака ги беа спремиле груевци то античките аниматори, но еве сеуште стои муабето на почетна срушена фазла локација ... навистина е греота , та да земат само Факултетите да ги запнат чудесии ќе сторат за Децата од парковски атракции и тоа не само во Скопје туку за во сите Градои, нормал една CNC-Машина за принтање Пластика да пушти Микросам и тоа е тоа ... што толку се фураа на јавно-приватно партнерство порано градскиве очуви навистина незнам, а и Кредит да земеа поубо ќе беше тие пари да ги инвестираа во ноу-хау по факултетските лабоси а за сметка на тоа тие редовно да ги одржуваа старите и да склепуваа нови реквизити! конечно сите странски инвеститори можат да донираат по нешто, а зошто не и сите оние компании кои добиваат мрсни државни тендери па макар биле кинези амери грци турци руси итн.

https://en.wikipedia.org/wiki/Morgan's_Wonderland#Sponsorships


ех Мицко во тој случај би сторил сигурно Тобоган од скрап-јард скулптури на кој децатата би скејтале по магнети ... Зајко пак би им пуштил сигурно Баунти придвижувано на батерии од чушки и лубеинци ... мајтапо на страна, но нек си чукнат глаите сега плус и заради тоа паранојата од ковид-от нека распалат со нешто помасивно пр. на Езеро Треска каде на поголемо растојание би можеле да уживаат девата, ем сето тоа нека го врзат и со СРЦ Сарај рекреативно та и Матка природно-научно ... но и на старата локација можат да направат некаков спој со Зоолошка налик забавно катче со Арпаџик Лулашки во форма на Животни ...

едно време комшииве шетаа и кај нас по населби



https://en.wikipedia.org/wiki/Incidents_at_European_amusement_parks

https://en.wikipedia.org/wiki/Amusement_park_accidents

[1] https://edition.cnn.com/2018/03/29/health/amusement-park-incidents/index.html



https://boundlessadventures.net/adventure-parks-vs-amusement-parks/

http://www.raapa.ru/en/calendar

https://www.azom.com/article.aspx?ArticleID=11958




Edited by Zelenikovo - 22-May-2020 at 04:12
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Apr-2020 at 13:30
Не гледам што има лошо во тоа да се одложи паркот за подобри времиња и каде е лажењето. Инвестиции на јавните средства во инфраструктура се единствен начин да се крени економијата во економска криза, во спортивно ќе се продолжи во стилот на претходната гарнитура каде "немавме за леб, а трошевме на чоколадо".
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 03-Apr-2020 at 13:11
Тууу абе таман сакавме да средиме се и оп криза 30 години криза,се за малце кај нас...

Улици ќе правел со кредит за Луна Парк(че),па ти мајсторе улиците секоја година ќе ги правиш со оваа возачка култура кај нас,и со таа неизживеаност на копита од Чаир и Студеничани што не им земате возачки и ги оставате да дивеат по улици,и со шлепери од не знам колку тони низ главен град.....цел буџет на градот секоја година за асвалтирање улици иде,врв.

Мада,кога ќе видиш дека требаше паркче да излезе место парк,може и подобро,Коце бар го планираше 84.000м2,овој 47.000м2........ако се лажи да се лажи.

Редно е да се затори темава,"џабе веземе".



Edited by David - 03-Apr-2020 at 13:17
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Apr-2020 at 12:50
Помали фирмарини, поволни комуналии и кирии, Луна паркот за догодина: Кризни мерки на Град Скопје

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница под ведро небо усвои неколку одлуки како сет на мерки за олеснување на економската состојба на граѓаните во време на епидемијата на корона-вирусот. Без дискусија и во рекордно време, Советот усвои повеќе одлуки меѓу кои и одлуката со која комуналната такса за закуп на јавен простор се намалува од 15 на 5 денари по квадратен метар, колкава што е минималната цена дозволена со закон за цела 2020 година.

„Ја намалуваме и фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020“, појасни пред Советот Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. Шилегов, исто така соопшти и дека комуналиите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати и дека ова се однесува за градби со комуналии чиј износ надминува 1 милион евра.

Градот им препорача на училишните одбори закупувачите на простор во средните училишта да бидат ослободени од месечните кирии за целокупното времетраење на вонредната состојба.

„Во овие тешки моменти за сите, одржавме седница на Советот на која преземавме конкретни чекори со кои во голема мера ја помагаме домашната економија, а со тоа создаваме услови за сите граѓани да можат полесно да ги пребродат последиците од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот“, рече Шилегов по седницата, додавајќи дека ова беше неопходно бидејќи Град Скопје е најголем чинител во македонската економија, каде се остварува најголемиот дел од домашниот БДП и каде што се најголемиот број на работни места.

Советот ја усвои и одлуката со која ќе се откаже кредитот за изградбата на новиот Луна парк, за чиешто завршување денес Шилегов рече дека нема да се случи годинава, како и одлуката Град Скопје да се задолжи за нов кредит на иста вредност за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура.

Фокусирани сме, рече Шилегов, на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции како Луна паркот.

Скопскиот градоначалник со порака до Скопјани дека ова лето улиците во Скопје ќе продолжат да се градат, а ќе продолжат да се прават големите паркови кои беа започнати, мостовите, како и реновирањето на јавниот превоз.

https://meta.mk/pomali-firmarini-povolni-komunalii-i-kirii-luna-parkot-za-dogodina-krizni-merki-na-grad-skopјe/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 15-Jan-2020 at 08:08


http://samoprasaj.mk/naacik/1532-2020-2?fbclid=IwAR3m4-BnnYgqROAE5GM50M8mqsN2Av_Dy0sJgXS0SZ54qlNtG8wQ2JYbL_4
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 27-Nov-2019 at 18:28
Летечки велосипеди, тајфун, сафари турнеја… ќе го креваат адреналинот

Изградбата на нов тематски Забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда, нови објекти, а во исто време и ќе овозможи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика, според градските власти е една од нивните долгорочни цели, со цел дополнително да се поттикне визијата за Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар



Летечки велосипеди, тајфун, сафари турнеја, антички авантуристички автомобили, семеен ролеркостер, панорамско тркало се дел од авантуристичките, но и адреналински реквизити што ќе се најдат во новиот скопски Луна парк.

Освен овие ќе има и други реквизити и содржини на кои ќе можат да се забавуваат помалите, но и повозрасните кои сакаат да почувствуваат возбуда.

Станува збор и за мини тркало, воздушен балон, туркање со тркалезни автомобилчиња (Round Bumper cars), мини-пирати, семеен ролеркостер, ролеркостер, пиратски брод, возење на тобоган, акваманија, твистер ролеркостер, туркање со автомобилчиња, рингишпил, скај флаер. Ќе има и различни игри и комплекс игралиште.

Освен овие реквизити во новиот Луна парк ќе бидат поставени и плус седум претходно набавени реквизити: небесен пад, сајбер скок, воз „Ел Пасо“, конвој, скокај наоколу 6, happy swing и coffee cup.

Реализацијата на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање која беше на дневен ред на вчерашната седница на Советот на Град Скопје предвидено е да се одвива фазно во периодот од 2019-2021 година. Проектирањето ќе биде 2019 – 2020 година, изградбата на инфраструктурата, супраструктура и објектите е 2020 – 2021 година, а набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање, 2019 – 2021 година.

Изградбата на нов тематски Забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда, нови објекти, а во исто време и ќе овозможи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика, според градските власти е една од нивните долгорочни цели, со цел дополнително да се поттикне визијата за Скопје како развиен културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар.

-Врз основа на новата Студијата за новиот тематски Забавен парк во Скопје изработена од „Бауса“ од Италија, направен е нов концепт, кој економски е поисплатлив – сметаат од Градот.

Проектирањето, изградбата, набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање ќе се изврши на градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, доделено на трајно користење на Град Скопје со одлука на Владата од 25.12.2015 година, за урбанистичка парцела 3.1, со површина од 84.040 квадратни метри, со намена парковско зеленило, како и спорт и рекреација.

Носител на инвестицијата за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање е Град Скопје.

Проектот е соодветен за Македонија и се предвидува да има околу 300.000 посети годишно и тоа само од домашни луѓе, односно 3.000 на ден и 1.300 во еден момент, а ќе овозможи 100 директни и 500 индиректни вработувања.

Паркот ќе биде со површина од 26.000 квадратни метри“.

Паркот ќе има 24 реквизити, кои тематски ќе бидат поделени по држави, па оттука и името „Светот“.

Забавниот парк кој треба да стане туристичка атракција ќе има и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, фонтани и театар со 200 седишта.

При изградбата на паркот нема да се урива ниту еден објект од некогашниот луна парк, а ќе се зачуваат и сите дрвја и зелени површини.

Вкупната проценета вредност за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање, изнесува 720.000.000,00 денари без ДДВ.

(А.П.) Фото: (П.С.)

https://www.vecer.press/летечки-велосипеди-тајфун-сафари-тур/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 27-Nov-2019 at 18:25
Град Скопје ќе гради панорамско тркало во новиот Луна парк

По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, за оваа одлука раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот при Градот Скопје Никола Гаџовски рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар.

– Станува збор за тематски забавен парк кој ќе привлече многу туристи. Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар. Во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што беа претходно набавени, рече Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам.

Тој додаде дека за потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки.

Расправата беше по точките од дневниот ред Предлог – одлуката за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање и Предлог – одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање.

Советниците на Град Скопје денеска меѓудругото расправаа и за Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година.

Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека Извештајот, за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година содржи и податоци по поединечни сметки, програми и потпрограми кои ги покриваат областите за кои Градот е надлежен, посочувајќи дека податоците од минатото покажуваат дека извршувањето на Буџетот во овој период од годината го задржува релативно истото ниво на остварување во споредба со последните четири до пет години во приходниот дел, додека во расходниот дел бележи зголемување.

– Во периодот јануари – септември 2019 година вкупните приходи се остварени во износ од 3,37 милијарди денари, што претставува остварување од 51,7 отсто во однос на планот за 2019 година. Приходите и понатаму ја одржуваат благо растечката динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата година, бележат зголемување од 2,1 отсто. Во структура на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат: – даночните приходи 47 отсто, приходите од трансфери и донации 39 отсто, капиталните приходи 5,1 отсто и неданочни приходи со 8,7 отсто, рече Шилегов.

Шилегов најави дека во претстојниот период, ќе продолжат да вложуваат максимален труд, желба и напор да ги реализираат проектите за кои се заложиле и кои се од интерес на граѓаните, а во насока на развој на квалитетни и сеопфатни услуги за сите нас. /MИА

https://www.kanal5.com.mk/articles/399074/grad-skopje-kje-gradi-panoramsko-trkalo-vo-noviot-luna-park
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 25-Nov-2019 at 07:52
Шилегов на мускули го бутка проектот за забавен парк



Од Градот засега не сакаат да дадат повеќе детали околу почетокот на изградбата и набавката на новите реквизити, со образложение дека материјалите сè уште не се подготвени и дека не е во ред да се каже претходно, кога за тоа ќе има расправа на седницата што ќе се одржи в среда



Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е решен да го истера забавниот парк. За таа цел, на седницата на Советот на Град Скопје, што ќе се одржи в среда, ќе побара да ја одобрат Програмата и одлуките со роковите за изградба на забавниот парк, како и набавка на новите реквизити.

Но, од Градот засега не сакаат да дадат повеќе детали околу почетокот на изградбата и набавката на новите реквизити, со образложение дека материјалите сè уште не се подготвени и дека не е во ред да се каже претходно, кога за тоа ќе има расправа на седницата.

Со овие одлуки, всушност се презема досега изградената инфраструктура и претходно набавените седум реквизити во 2015 година (небесен пад, сајбер скок, воз „ел пасо“, конвој „скокај наоколу6“, хепи свинг, кофи кап), кои во моментов не се монтирани, и истите се вклопуваат во концептот на новиот забавен парк, а се носат и одлуки за преостанатите позиции и реквизити. Средства за изградбата на новиот забавен парк ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, во текот на 2019, 2020 и 2021 година, бидејќи и динамиката за реализација на проектот ќе биде фазна – објаснија градските власти.

Инаку, на 28 мај годинава, италијанската архитектонска фирма „Бауса“ го презентираше проектот наречен „Светот“ за тематскиот забавен парк во Градски парк во Скопје, што треба да биде завршен до средината на наредната година.

Тој беше најавен како најголем во регионот.

Тогаш скопскиот градоначалник Петре Шилегов информираше дека проектот е соодветен за Македонија и се предвидува да има околу 300.000 посети годишно и тоа само од домашни луѓе, односно 3.000 на ден и 1.300 во еден момент, а ќе овозможи 100 директни и 500 индиректни вработувања.

Паркот ќе биде со површина од 26.000 квадратни метри“, објасни Франко Бараѕони, кој во името на „Бауса“ го презентираше проектот насловен „Светот“.

Забавниот парк во Скопје ќе има различни содржини и реквизити, а е замислен да има три области: детска, семејна и адреналинска, со тоа што првите две заедно зафаќаат 80 проценти од просторот. Третата е за оние кои бараат поголема возбуда.

Паркот ќе има 24 реквизити, кои тематски ќе бидат поделени по држави, па оттука и името „Светот“.

Забавниот парк кој треба да стане туристичка атракција ќе има и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, фонтани и театар со 200 седишта.

Воедно беше нагласено дека при изградбата на паркот нема да се урива ниту еден објект од некогашниот луна парк, а ќе се зачуваат и сите дрвја и зелени површини.

(А.П.) Фото: (П.С.)

https://www.vecer.press/шилегов-на-мускули-го-бутка-проектот-з/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15038
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Sep-2019 at 14:21
Влезот...



...и нужниците:

За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 992
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-May-2019 at 22:25
Не дека нешто од ова ќе се изгради ама добро е кога човек си ги знае приоритетите...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-May-2019 at 17:44
Скопје конечно ќе добие забавен парк, како ќе изгледа тој?

Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри.

Денеска во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба.

Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст.

Заради тоа, проектирано е во паркот да има три зони, детска, фамилијарна и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини.

Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк, а во паркот нема да биде исечено ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата.

Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања.

http://skopjeinfo.mk/skopje-konechno-kje-dobie-zabaven-park-kako-kje-izgleda-toj
------------------------------------------------------------------------------
Од фб







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-May-2019 at 07:26
Што се случува со Луна паркот во Скопје?

На местото на некогашниот Лина парк, во срцето на скопскиот Градски парк, сега има само ѓубре и едвај започнати градби. За време на нашата посета на ова место се врткаа неколку работници кои чистеа во околниот простор. Старите објекти се веќе срушени, а започната е изградбата на нови, но очигледно е дека има застој во активностите. Единствено што се забележува се новите пешачки патеки, дел од новото осветлување и една барокна карабина.



Со појавата на новиот забавен парк во градов, во близина на салата „Борис Трајковски“ се актуелизираше проблемот со изградбата на новиот Луна парк во Скопје. Градежните работи беа започнати пред повеќе од 2 години. Тој требаше да го замени стариот, дотраен и веќе нефункционален забавен парк.

На прашањето до каде е изградбата на Луна паркот, од Град Скопје велат дека работат на тоа граѓаните да добијат модерен парк во кој треба да се инкорпорираат идеите од стариот проект, но и да се направат одредени исправки.

„ Со новиот концепт, покрај реквизити за најмладите, треба да има и места за забава за сите генерации (целото семејство), во вид на посебни јавни површини и ресторани, поточно да се прави во вид на тематски забавен парк, кој не постои во нашиот регион освен во Солун и со тоа на еден начин ќе го стави Скопје на туристичката мапа. Во моментот кога ќе се финализира идејниот проект, ќе се прејде на наредната фаза и ќе се има целосна слика за тоа како ќе изгледа забавниот парк, како и за роковите за негово завршување“, стои во одговорот на Град Скопје за Радио МОФ.

Не прецизираат кога е во план да се отвори новиот забавен парк, колкави средства се потрошени за досегашните градежни работи, како и колку пари планираат да се одвојат за целиот проект.



По распишаниот тендер од страна на Град Скопје и поранешниот градоначалник Коце Трајановски, пред повеќе од 2 години започна отстранувањето на старите реквизти и градење инфраструктурата за нови, модерни содржини. Стариот проект беше прекинат веднаш по смената на градоначалниците, кога на местото на Коце Трајановски, дојде новиот татко на градот Петре Шилегов. На негова иницијатива изградбата беше прекината, постоечкиот договор беше раскинат и се распиша нов тендер за наоѓање на фирма која ќе ја доврши реконструкцијата. Според првичните најави, забавниот парк требаше да биде отворен уште пред една година.



Според досегашните информации за јавните набавки и изјави од страна на Град Скопје, проектот за новиот парк беше изработен од страна на фирмата „Билд Урбан“ д.о.о.е.л., а градежните работи требаше да ги изведува фирмата „Жикол“. Тој проект требаше да чини од 6.5 милиони евра.

Луна паркот во Скопје беше единствено место од ваков тип кое го посетуваа огромен број луѓе од сите возрасти. Беше изграден во 1973 година. Идејата за негово реновирање во модерен забавен парк со повеќе реквизити беше примена со огромно задоволство од граѓаните, кои освен празни ветувања, се уште не го добија својот Луна парк.

Георги Божиновски

https://www.radiomof.mk/shto-se-sluchuva-so-luna-parkot-vo-skopje/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 06-May-2019 at 12:15
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 28-Feb-2019 at 15:46
Меџик паркот во Солун е 7.41 хектари и нема можност да се изведе на местото на Луна паркот во Скопје без да се искасапи природното. Мислам дека многу подобро би било да го направат кај Борис Трајковски или Ново Лисиче, а сегашниот Луна парк да се реновира и да си остане старомоден како спомен на едно време.
Во меѓувреме да се испита како Тодоровиќ (?) изградил куќа онаму каде што треба да има јавни рекреативни содржини.










Edited by Staro Skopje - 28-Feb-2019 at 15:47
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 27-Feb-2019 at 03:01
Таа локација кај градски парк е соодветна за забавен парк од помал калибар и без големи и грандиозни реквизити, затоа што е премногу во центар на град. Сите прописни и големи забавни/ тематски парков и се на периферија односно надвор од градови.
Треба да се решат или ќе прават постаромоден тип на тематски парк или тоа ќе се преобрази во регуларен парк кој навистина физички ќе ги поврзува стариот и новиот дел од градски парк, а ќе се обезбеди простор некаде на страна за забавен парк со поголем капацитет, каде што ќе им доволно паркинг простор за фамилиите да го посетуваат.
Истиот проблем со сообраќајно решение што го има клиника на водно, го има и таа локација на бившиот Луна Парк.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Feb-2019 at 17:44
Originally posted by pbanks

Ohno поголема површина на таа локација....

Originally posted by stef4o

Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун

Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун.

...



Треба да излезат од Град Скопје и да објаснат на која површина планираат да го градат Луна паркот. Јас жалам што сум „под ембарго“ за информации од Град Скопје во моментов, но ете нека биде некој нивен медиум каде што ќе го кажат овој податок.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Feb-2019 at 16:41
Ohno поголема површина на таа локација....

Originally posted by stef4o

Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун
Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун.

...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Feb-2019 at 16:35
Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун

Скопје е современ град и граѓаните мора да живеат согласно најсовремените европски стандарди. Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината, појасни градоначалникот Петре Шилегов.

Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун.

– Скопје е современ град и граѓаните мора да живеат согласно најсовремените европски стандарди. Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината – појасни Шилегов.

Во градската каса за оваа намена за 2019 година се предвидени вкупно 1,3 милиони денари од кои 4 милиони денари за изработка на проектот, 26 милиони денари за набавка на реквизити и нивно монтирање и 50 милиони денари за изградба на паркот.

– Тематските забавни паркови сами по себе позразбираат дека надвор од забавните содржини треба да има и постоење на поинакви места, како ресторани и други забавни содржини за сите возрасти. Тоа се места каде семејството може пријатно да си помине. Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – рече Шилегов.

Пред една година Шилегов ја стопираше изградбата на Луна паркот според проектот на неговиот претходник Коце Трајановски. Шилегов тогаш рече дека се стопираат градежните работи додека не се одлучи како ќе се продолжи бидејќи новото раководство имало нов концепт за изгледот и содржините.

Според проектот на Коце Трајановски, во паркот требаше да се постават вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити, како и разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави.
Граѓаните бараат забавниот парк да биде завршен побрзо, бидејќи децата и возрасните имаат потреба од забава. Стариот Луна парк не беше реновиран цели 45 години, односно од времето кога бил изграден, во 1973 година.
(С.Бл.)

https://vecer.press/во-скопје-ќе-се-гради-меџик-парк-како-о/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15038
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 27-Jan-2019 at 15:55




Edited by Џоле - 27-Jan-2019 at 15:55
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Jul-2018 at 10:00

кој вели дека не мислат надлежните и при стагнација за дечињата, бар вака може да се доживее оследната интервенција со урбана опрема во влезот на Градски Парк [1]

интересно е дека и од граѓаните и овој дел од паркот се доживува неформално, каде и помлади и постари си играатвака или онака, бреј колку ко Дете фонтатаната Лотосов Цвет ја доживував како рингишпил со вселенски авиончина но неможев т.е. не смеев да се испентарам на листовите, што сигурно е и денес мотивација на многу дечиња, а ќе беше убо ако ова од време на време некако им го дозволуваа доколку ја гуменизираат како лизгалка понекогаш ...

вака видено цел Градски Парк, а не само Луна Парк затворено, може да биде осмислен ко отворено детско катче во посебни прилики, ете лани во вториот дел имаше Балансирачки Јажиња за то ивентот Скопје Балансира, сигурно за некој Детски КУД е шанса така некаде кај Гоце и да си промовира репертоарот како би бил привлечен изворниот танц и за други Деца, а потем и интермецо музичко катче може да има каде ќе поднаучат и некој акустичен инструмент да свират ...

но културно што е забораен паркот е едно, а бар околу хортикултирата да можеа да впрегнат максимум сили за сите да се радуваат и без ништо, што се' додека не се направи озбилна Ботаничка Градина после золошка, а не индустриски расадник на јпПЗ, нема ни да се случи, а не пак да размислуваме за некакво Поубаво Детско Катче како интегрирана маршута за една влезна карта и за Луна Парк и за Золошка и за Ботанички Епицентар ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196477#196477

само вака може да се надеваме дека и понудата и безбедноста на Градски Парк ќе бидат оптимални, но во кој случај ќе се наметне гајрет за озбилен паркинг, а за што треба час поскоро градските татковци да фатат од то бараките штрафта, и така имаат нели нова зграда, а кај старите бараки да кренат голема подземна гаража која би угостувала и автобуси, а како катниот дел од неа бидне место за БиоСлаткарници и ЕкоСендвичарници а зошто не и МакСувенирници ...

Луна Паркот мислам сам по себе е интересен, но со тоа мултипрактик пристапот, мотивира инстант деца и на дискотека вајб, она минувајќи редовно крај тие со катанци затворени чудни врати уште од мали љубопитноста да им завози повеќе таму него онаму каде им е отворено, а заради што би требало Град Скопје да размисли некако да ги префрли сите нив кај Лизгалиште под Кале јасно уредувајќи го тој дел парковски и отповеќе за да не приплакуваат ѕенѕаџиите дека немале дебела сенка, бидејќи реално сега таму се' е тепсија, ем така паралелно од време на време ќе ги закачует Благодат од Манастирот Свети Ѓорѓија та и младите нема скроз да се аздисуваат, иако ко што треба и духовна заштита, треба и земна а за која добро ќе биде онаа зградата на Водовод пола да му ја дадат на МВР како чекпоинт за интервентните единици, можеби то куполата на кровот за да можат се на дланка да имаат ем креативни да бидат така ко комшии на голем македонски сликар, а може и по некоја соба да им пуштат во МСУ за да имаат надзор и на Градскиот Парк освен под калето, што ќе биде особено неопходно доколку навистина скопјани сконтаат дека почетна станица за Жичницата треба да биде токму кај ваква монументална Тврдина ...

... во тој случај може некому ќе му текне и за Zip траса за спуштање по јажиња од Кале до Луна Парк, но што би било интересно единствено за на Козјак [1] но нели бидејќи мора да го пробаме ефектот и на мало ем немаме многу пари, та и со ова може ќе си поиграат без компас во однос урбаните визури, синкир им треба и во Влада вакво нешто за да имаат повеќе начини за евакуација во зорт прилики но зошто да не, бар од време на време пример за викендите вака деца да не можат да се развеселат од МСУ до Луна Парк, и така ако има почетна за Жичницата таму некаде кабли ќе реметат некако визура, та тро потака и нема да бодат очи евентуални кабли од зип-линија, а дури и оделе ниско ж.кабините така речи приземно од Кале преку Вардар за потем кај Влада да се креваат на столбови и продолжат гондолите високо кон Водно пак ваква зип линија нема толку да штрчи бидејќи се оптегнати само сајли ... но во тој случај проблем ќе биде пребукираност, а заради што паметно е таква зип линија да биде дозволива само за деца кои на два краја ги испраќа и чека придружба а сето тоа да е во склоп со некој бонус училишен програм, може неправедно за туристи, но тие нека се прошетаат до Козјак за да не досаѓаат ако им гребнало некое дете нивно експонатче ...



Edited by Zelenikovo - 17-Jul-2018 at 10:10
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.126 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.