build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Луна Парк - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Луна Парк - Скопје
    Posted: 10-Aug-2017 at 15:10
Многу ме интересира како ќе го решат проблемот со ѓубре односно со контенјнери за Луна Парков. Луна парк со вакви огромни димензии и со бројот на посетители ќе има и носи и многу ѓубре и смет, и доколку тоа се реши со поставување на контејнери околу неговиот периметар и ограда, како што е сега слично со дискотеките тоа ќе значи смрдеа и смет во внатрешноста на Паркот односно непосредната околина каде што е.

Дискотеките кои сеуште се таму имаат контејнери кои смрдат на 10-15 метри радиус и тоа се поставени на две места. Дискотеките не се ни 20% во површина од планираниот Луна Парк. Осеќам дека околината односно Градскиот Парк ќе се претвори во место каде што ќе се стационираат големи контејнери покрај Луна Паркот и ќе го пратат тој дел на паркот и зеленилото во историја засекогаш. Се надевам дека тоа нема да биде така, но од друга старана чисто се сомневам дека ќе остане само на мали мини канти за ѓубре во внатрешноста на Луна Паркот.

Edited by HugoGoulding - 10-Aug-2017 at 15:13
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6990
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Apr-2017 at 03:35
ќе отиде во неповрат забавен парк во кој израснале неколку генерациии во кој имаше барем неколку карактеристични реквизити... ова се ствари во кои се состои културата на една урбана средина, и не знам зошто кај нас тоа мора упорно да се уништува
...затоа немаме историја и традиција со која може да се гордееме

се што требаше е да се реновира паркот и да се збогати со нешто ново, чисто колку да му се избрише чернобилскиот лик
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Apr-2017 at 08:46

КОЦЕ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ДА УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛО ВО ГРАДСКИ ПАРК, НЕ ЈА КОМЕНТИРА СЕЧАТА НА ДРВЈА ВО ЛУНА ПАРК

Од градежни активности во Луна паркот може да видат само сеча на дрвјата во делот каде што се малиот и големиот автодрoм. Исечени се десетина дрвја, а трупците и гранките стојат околу корењата кои се уште не се извадени од земја


Повеќе на
http://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/kotse-tvrdi-deka-nema-da-unishtuva-zelenilo-vo-gradski-park-ne-ja-komentira-sechata-na-drvja-vo-luna-park/

-
Инаку, во Градскиот парк односно во внатрешноста на Луна паркот по неговата перифиерија непосредно до оградата е исечен дрворед со 10ина дрва кои беа децениски стари, високи и убави дрва! Браво! Се извинувам на експлицитноста но, главата да им ја исечат на овие морони.

Edited by HugoGoulding - 24-Apr-2017 at 08:47
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10743
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Apr-2017 at 17:45
Originally posted by HugoGoulding


Инаку, Луна Паркот според мене е промашена инвестиција и комплетно непотребен, поготово сега, во оваа политичка, економска и социјална ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, па и градот а и останатите градови во Мк! Луна Парк не треба да биде приоритет, исто како што не треба да биде приоритет ни Панорамско тркало. Има многу многу поважни работи сега во кои треба да бидат насочени инвестициите и вниманието на градот и државата.


Јас, пак, мислам дека Луна паркот е повеќе од потребен (не мора да остане на старата локација, празниот простор кај Водениот парк е една добра потенцијална местоположба). Ако подобро размислиме, за децата не останаа речиси никакви забавни содржини (трговските центри како Сити мол не ги сметам за такви). Се согласувам со тебе кога велиш дека има и други приоритети, но во случајов и Луна паркот претставува еден од нив. Најважно е што во новиот Луна парк децата ќе се возат во нови и безбедни реквизити, а сигурно и содржините ќе бидат разновидни. Исто така, се надевам дека со новиот Луна парк ќе ги отстранат вртелешката и останатите панаѓурски глупости од кеј, па тој дел ќе заличи на нешто попристојно.

Што се однесува до вниманието на градот и на државата... мислам дека видовме кои им се приоритетите последниве години, така што најдобро е да не се очекува ништо паметно од нив.
За сè има вторпат
Back to Top
maximus_001 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Apr-2017
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote maximus_001 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Apr-2017 at 17:24
Originally posted by HugoGoulding

Насловот е претеран но текстот е реален. Еве на што мислев.

http://sdk.mk/index.php/uncategorized/noviot-luna-park-so-barok-ke-go-izede-gradski-park/

ЗА БАРОК ВО НОВИОТ ЛУНА ПАРК ЌЕ СЕ ИСЕЧАТ ПОЛА ОД ДРВЈАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК

Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот Коце Трајановски најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини.

Новиот Луна парк ќе уништи дел од зеленилото во вториот дел од Градски парк, сегашните улички кои водат до него ќе ги претвори во сообраќајници и на голема врата ќе овозможи ширење на барокот дури и во паркот. Ова се накусо реакциите на скопјани откако вчера градоначалникот на Скопје Коце Трајановски првпат јавно го покажа планот за изгледот на новиот Луна парк.Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини.

Иако во паркот веќе е почната сечата на дрвјата, градоначалникот воопшто не даде објаснување за намалувањето на зеленилото но детално објасни дека ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити и дека во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави.

Градскиот парк во Скопје, кој е во строгиот центар на градот, е стар 200 години, и изминативе години е постојно на удар на градежната експанзија.

Голем број граѓани и граѓански еко иницијативи реагираат дека градење нов Луна парк на сметка на зеленилото и среде центар е криминална катастрофа за град кој има голем проблем со загадувањето на воздухот. Ист така, повеќе граѓански иницијативи ја оспоруваат одлуката на градот да потроши 6,5 милиони евра за Луна парк, а има огормни и горливи нерешени инфраструктурни проблеми кои сериозно го загрозуваат квалитетот на живот.

Новиот Луна парк ќе се гради по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје. Ќе го гради фирмата „Жикол“ одбрана на јавен оглас минатата година. „Жикол“ доби рок од 22 месеци за завршување на градежните работи за 1,6 милиони евра. Реквизитите ќе ги набават и ќе ги монтираат фирмите „Боминг Оливер“ и „Ивама трејд“ за вкупна цена од 130.485.698 денари со ДДВ, односно 2,1 милиони евра.

За шест месеци треба да бидат монтирани првите седум реквизити во новиот забавен парк. Во текот на реконструкцијата, во интерес на безбедна и квалитетна изведба на градежните работи и инсталацијата на новите реквизити, од Град Скопје најавуваат дека останатите содржини нема да бидат во функција на надворешните корисници.

Проектот кој вчера го презентираа градските власти не е прв проект за нов изглед на скопскиот Луна парк. Во 2011 шпанската фирма „Идом“ изработи два проекти, едниот предвидуваше нови содржини на сегашната локација од 25.000 квадратни метри и како поевтина варијанта претпоставка беше дека ќе чини 12 милиони евра и ќе има 40 детски реквизити, а вториот предлог бил да се гради на површина од 40.000 квадратни метри за што би биле потребни 18 милиони евра. Градот, во тој период, се одлучи за варијантата на поголема површина, но по неколку неуспешни меѓународни тендери за јавно-приватни партнерство, одлучи од сопствениот буџет да го обнови Луна паркот, а за тоа направи и нов проект, оној што вчера беше презентиран.

Повеќе на горенаведениот линк.


Мислам дека посочениот новинар е поприлично политички обоен и претпоставува што би било кога би било. Фактите пак кои ги изнесува велат: луна паркот останува во постоечката ограда и нема дополнителни паркинзи ни други предвидени активности надвор од постоечката ограда.
Ако е така, добро е.
Се уште останува да видиме што ќе се прави.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Apr-2017 at 13:37
Насловот е претеран но текстот е реален. Еве на што мислев.

http://sdk.mk/index.php/uncategorized/noviot-luna-park-so-barok-ke-go-izede-gradski-park/

ЗА БАРОК ВО НОВИОТ ЛУНА ПАРК ЌЕ СЕ ИСЕЧАТ ПОЛА ОД ДРВЈАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК

Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот Коце Трајановски најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини.

Новиот Луна парк ќе уништи дел од зеленилото во вториот дел од Градски парк, сегашните улички кои водат до него ќе ги претвори во сообраќајници и на голема врата ќе овозможи ширење на барокот дури и во паркот. Ова се накусо реакциите на скопјани откако вчера градоначалникот на Скопје Коце Трајановски првпат јавно го покажа планот за изгледот на новиот Луна парк.Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини.

Иако во паркот веќе е почната сечата на дрвјата, градоначалникот воопшто не даде објаснување за намалувањето на зеленилото но детално објасни дека ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити и дека во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави.

Градскиот парк во Скопје, кој е во строгиот центар на градот, е стар 200 години, и изминативе години е постојно на удар на градежната експанзија.

Голем број граѓани и граѓански еко иницијативи реагираат дека градење нов Луна парк на сметка на зеленилото и среде центар е криминална катастрофа за град кој има голем проблем со загадувањето на воздухот. Ист така, повеќе граѓански иницијативи ја оспоруваат одлуката на градот да потроши 6,5 милиони евра за Луна парк, а има огормни и горливи нерешени инфраструктурни проблеми кои сериозно го загрозуваат квалитетот на живот.

Новиот Луна парк ќе се гради по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје. Ќе го гради фирмата „Жикол“ одбрана на јавен оглас минатата година. „Жикол“ доби рок од 22 месеци за завршување на градежните работи за 1,6 милиони евра. Реквизитите ќе ги набават и ќе ги монтираат фирмите „Боминг Оливер“ и „Ивама трејд“ за вкупна цена од 130.485.698 денари со ДДВ, односно 2,1 милиони евра.

За шест месеци треба да бидат монтирани првите седум реквизити во новиот забавен парк. Во текот на реконструкцијата, во интерес на безбедна и квалитетна изведба на градежните работи и инсталацијата на новите реквизити, од Град Скопје најавуваат дека останатите содржини нема да бидат во функција на надворешните корисници.

Проектот кој вчера го презентираа градските власти не е прв проект за нов изглед на скопскиот Луна парк. Во 2011 шпанската фирма „Идом“ изработи два проекти, едниот предвидуваше нови содржини на сегашната локација од 25.000 квадратни метри и како поевтина варијанта претпоставка беше дека ќе чини 12 милиони евра и ќе има 40 детски реквизити, а вториот предлог бил да се гради на површина од 40.000 квадратни метри за што би биле потребни 18 милиони евра. Градот, во тој период, се одлучи за варијантата на поголема површина, но по неколку неуспешни меѓународни тендери за јавно-приватни партнерство, одлучи од сопствениот буџет да го обнови Луна паркот, а за тоа направи и нов проект, оној што вчера беше презентиран.

Повеќе на горенаведениот линк.


Edited by HugoGoulding - 23-Apr-2017 at 13:37
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4673
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Apr-2017 at 11:55
Јас ќе кажам нешто само... Не треба да го прават во парк, а треба да го изградат кај Аква паркот и СЦ Борис Трајковски, таму има широк простор... и искрено мило ќе ми биде кога ќе му залепат Луна парк на Тодоровиќ, фраерот на кој му текнало да изгради куќа (која во ДУП се води како викендица) во сред град што се вика...

Edited by FoSsiL - 23-Apr-2017 at 11:56
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Apr-2017 at 11:36
Originally posted by maximus_001

Се изначекав да видам што ќе се прави, пасвордот го забораив у меѓувреме, но како и да е еве ме пак со коментар. Рендериве се очај, така да не знаеме што ќе се прави, некој морал за 2 саата да ги направи, но се надевам(е) дека овие 2 години исто така „некој“ правел проекти, па лошиов рендер е само лоша организација на термини.

Зборот ми е:
1. Чувствувам разочараност во другите коментари, демек ова не е првонаграденото. Како што искоментирав пред 2 години првонаградениот труд требало да биде дисквалификуван, а не награден.
Така да разочарувањето треба да е од тоа што е избрано и фактот дека тоа не може и не треба да се изгради. Зашто им требало 2 години исто не знаеме: политички одбран тајминг, проблеми со првонаградениот т.н. архитектонски труд или нешто трето, или 4-то и 5-то.
2. Фамата околу проширувањето. Проширување нема, тоа е видливо и од првонаградениот т.н. труд, а и од овие несреќни рендери. Мислам дека фамата се шири намерно од политичари и нивни гласноговорници, а претпоставувам и дека знам од каде го црпат тоа. Претпоставувам дека урбанистичката парцела на луна паркот е заедно со воените игралишта или пак со тениските и одеднаш тоа ставува 9 или колку беше хектари. Отворете гугл и измерете 2.5 ха е стариот а и новиот луна парк.
3.Hugo Goulding ... колку што јас ги гледам несреќниве рендери сивата поврпина околу тоа замокот е внатре, (таму е веројатно сега киното и некои други руини) и како и се останато, нема ништо надвор од постоечката ограда
4. Држи дека самата изградба е еколошки проблем од повеќе аспекти, но исто е еколошки проблем било која изградба и во дебар маало и во аеродром, се изнаг'тавме прашина од шут и нафта од не second туку third hand градежната механизација .. за бука па да не праиме моабет
5. Ако Град Скопје мисли дека со ова смејуријава нешто презентирал или го смета народот за глуп или се самите тие глупи. Еве политичково добро ви е супер ви е, праите проекти, алал да ви е, крај. Напрајте една презентација како што треба, сите сме израснале со луна паркот и не интересира како ќе биде.



Прашањето е дали е планиран паркинг за Луна Паркот или ќе биде опслужен со веќе постоечките во околината, бидејќи ако е планиран и паркинг претпоставувам дека тој би бил во непосредна негова близина, што значи зголемување на автомобилскиот сообраќајот и метеж внатре во Паркот, што значи зголемено загадување, бучава и пејзаж од гужва на паркирани автомобили околу Луна Паркот односно во внатрешноста на Градскиот парк, а не дај боже и сечење на дрва и асфалтирање на зелени површини со цел да се добие тоа во неговата внатрешност или непосредна околина!

Инаку, Луна Паркот според мене е промашена инвестиција и комплетно непотребен, поготово сега, во оваа политичка, економска и социјална ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, па и градот а и останатите градови во Мк! Луна Парк не треба да биде приоритет, исто како што не треба да биде приоритет ни Панорамско тркало. Има многу многу поважни работи сега во кои треба да бидат насочени инвестициите и вниманието на градот и државата.

Edited by HugoGoulding - 23-Apr-2017 at 11:36
Back to Top
maximus_001 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Apr-2017
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote maximus_001 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Apr-2017 at 00:02
Се изначекав да видам што ќе се прави, пасвордот го забораив у меѓувреме, но како и да е еве ме пак со коментар. Рендериве се очај, така да не знаеме што ќе се прави, некој морал за 2 саата да ги направи, но се надевам(е) дека овие 2 години исто така „некој“ правел проекти, па лошиов рендер е само лоша организација на термини.

Зборот ми е:
1. Чувствувам разочараност во другите коментари, демек ова не е првонаграденото. Како што искоментирав пред 2 години првонаградениот труд требало да биде дисквалификуван, а не награден.
Така да разочарувањето треба да е од тоа што е избрано и фактот дека тоа не може и не треба да се изгради. Зашто им требало 2 години исто не знаеме: политички одбран тајминг, проблеми со првонаградениот т.н. архитектонски труд или нешто трето, или 4-то и 5-то.
2. Фамата околу проширувањето. Проширување нема, тоа е видливо и од првонаградениот т.н. труд, а и од овие несреќни рендери. Мислам дека фамата се шири намерно од политичари и нивни гласноговорници, а претпоставувам и дека знам од каде го црпат тоа. Претпоставувам дека урбанистичката парцела на луна паркот е заедно со воените игралишта или пак со тениските и одеднаш тоа ставува 9 или колку беше хектари. Отворете гугл и измерете 2.5 ха е стариот а и новиот луна парк.
3.Hugo Goulding ... колку што јас ги гледам несреќниве рендери сивата поврпина околу тоа замокот е внатре, (таму е веројатно сега киното и некои други руини) и како и се останато, нема ништо надвор од постоечката ограда
4. Држи дека самата изградба е еколошки проблем од повеќе аспекти, но исто е еколошки проблем било која изградба и во дебар маало и во аеродром, се изнаг'тавме прашина од шут и нафта од не second туку third hand градежната механизација .. за бука па да не праиме моабет
5. Ако Град Скопје мисли дека со ова смејуријава нешто презентирал или го смета народот за глуп или се самите тие глупи. Еве политичково добро ви е супер ви е, праите проекти, алал да ви е, крај. Напрајте една презентација како што треба, сите сме израснале со луна паркот и не интересира како ќе биде.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Apr-2017 at 10:48
"Бевте викендов во парк? Се чудевте колку е најразлистан, цветен и убав...епа нема уште долго. Планираат да ни го земат паркот, а да ни дадат голем, бучен и грд фејк Дизниленд!" Ова е цитат од еден биолог-еколог кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија.

Редовно го читам форумот, по подолго време решив да дадам мое мислење за темава.

Скопје од ден на ден станува се поасфалтиран и поодвратен, каде и да се свртиш целиот урбан пејсаж на Скопје почна да наликува на еден голем плац на паркирани автомобили!

Во мои претходни постови бев против изградба на нов и голем Луна Парк во сред Градскиот Парк на Скопје. Поддржував Луна Паркот да се дислоцира и да биде изграден во склоп на СЦ Борис Трајковски или било каде на друго место каде што би бил посоодветен.

Другата идеја која ја мислев и ја поддржував е Луна Паркот да си остане на истата локација но со ист или идентитчен изглед како што е сегашниот и само да се интервенира околу замена и обнова на старите реквизити со нови, да се додадат некои нови и хортикултурно да се среди. Тоа ќе беше идеално. Луна Паркот во Градскиот парк е замислен да биде дел од него, да биде едно симболично катче кое е дел од него, не засебен простор и засебен идентитет, туку негова екстензија/продолжување! Затоа ако погледнете и во самиот Луна Парк внатре има многу дрвја и зелени површини! Луна Паркот во Градскиот парк никогаш не бил замислен да биде голем адреналински парк со огромни механички машини во него кои ќе бидат и од визуелен и од звучен аспект гласни и доминантни во просторот, односно ќе ја нарушува атмосферата и идентитетот на паркот!

Основната функција на паркот е простор за мир, релаксација и рекреација! Според Меѓународната федерација за паркови и рекреација, урбан парк се дефинира како отворен јавен простор на кој доминира вегетација и/или вода и е наменет за општо користење.

Сега, во врска со избраниот проект. Прво не ми е јасно од каде испадна овој проект, бидејќи долги години беше во најава друг. Овој проект иако е похуман во споредба со претходниот во однос на тоа што не предвидува воз на мост кои ќе излегува и поминува низ целиот парк, педалински сообраќај?? што ќе беше комплетно уништување на паркот а и огромен ролеркостер по цел периметар на локацијата, огромни кули итн. Такви мегаломански зафати и реквизити ќе го пратеа паркот во историја!, сепак мислам дека и овој нов проект не е добар, но не можат да дадам вистинска оценка, мислење и критика бидејќи не е доволно транспарентен а веќе е почната изградбата!

Прво, не ги знаеме ниту авторите на проектот, но ајде. Друго, нема никакво објаснување за влезот и излезот на Луна Паркот, дали влезот ќе претставува и излез или ќе бидат одвоени што мислам дека е важно да биде објаснето.
Потоа, нема никаква легенда, што е што, особено во делот со објекти. Ќе има театар(??), ресторани и други објекти. Кои се тие други објекти, музеј ќе има?

Искрено, мислам дека Луна Паркот ќе го претворат во ново градилиште чиј дел ќе има привремена функција, и подоцна ќе се претвори во нешто сосема трето, нешто слично како со плажите на кејот, кои сега се оградени објекти кои станаа приватни Кафулиња!

Друга работа, Коце и град Скопје тврдат дека Луна Паркот нема да излегувал ниту метар и сантим во моменталното зеленило во Паркот (за мене зеленило во паркот спаѓаат и оние 10тина дрва кои веќе се исечени во оваа фаза на подготовка за новиот Луна Парк!), но мислам дека повторно транспаретноста е на ниско ниво и се манупулира со јавноста бидејќи никаде во проектот не видовме како и дали Луна Паркот ќе има сопствен паркинг или пак ќе се служи со веќе постоечките кои се во непостредна близина на Градскиот стадион и оние на влезот од паркот непосредно до Зоолошката?! Бидејќи ако има паркинг, каде би бил тој, и дали тој би навлегол во вториот дел од Градскиот парк, без разлика дали тоа би било на мала или голема површина, и дали тоа ќе значи сечење на нови дрва и асфалтирање на нови зелени површини, без разлика дали се тие мали, средни, големи, важни или не, на почеток на Паркот или не!

Значи едно од важните прашањето е, ќе има паркинг или не? Ако има каде ќе биде и дали тоа значи ново сечење на дрва и аслфатирање на зелени површини и правење на нов плац за коли во било кој дел од Градскиот парк?

Ако добро го погледнете видеото и рендерите ќе забележите дека на делот каде што е објектот што наликува на средовековен замок, во неговата позадина целата површина е претставена како сива улица односно асфалтирана површина, а моментално тоа е дел од паркот со зеленило и со дрва, па ме интересира дали се работи чисто грешка на рендериот или таму е планирано асфлатирање бидејќи и тоа е дел од паркот,а тоа би значело сечење на убави и високи дрва и навлегување во вториот дел на паркот, без разлика дали се работи за мала или голема површина и навлегување на коли уште подлабоко во паркот??!

И уште една работа, овој парк ќе работи цело време. Со неговата изградба, паркот ги губи мирот и тишината поради кои е посетуван. Не само што ќе ги изгуби посетителите, туку бучавата, метежот и новите инсталации ќе влијаат и врз животот на биодиверзитетот во паркот. Тоа веќе нема да биде урбан зелен парк, туку забавен парк на отворено. Освен тоа, колку и планот за негова изградба се промовира како еколошки или безбеден за природата и самата изградба на новиот парк, присуството на тешка машинерија негативно ќе влијае врз паркот!

Ќе повторам, најдобрата варијанта ќе беше Луна паркот да се третира како "екстензија" односно продолжување на Градскиот парк, со многу дрва и зелени површини и во самата негова парцела и со пропратни нови забавни реквизити а не засебен ентитет!

Еве многу добар текст од еден биолог-еколог што е за темата,
http://respublica.edu.mk/blog/2017-04-12-08-48-00

Edited by HugoGoulding - 22-Apr-2017 at 11:13
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3153
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Apr-2017 at 14:10
Градот Скопје нуди „данајски дар“ на граѓаните на Скопје. Откако го решија центарот со „Скопје 2014“, нафрлаа објекти околу општина Центар, како што е новиот објект на ФЛУ, Архитектот се одлучи да интервенира и во Градскиот парк. Јас навистина мислев дека младата група на архитекти, предводена од Филип Коневски, ќе се избори да им се реализира идејното решение, кое ЕДИНСТВЕНО БЕШЕ ОБРАЗЛОЖЕНО со статија пред македонската јавност.

Но, по се изгледа, Градот Скопје уште игра по директивите на владата. Ова што денес е најавено дека ќе се гради е уште еден сталинистички подарок за главниот град од Архитектот.

Па сепак, локални избори ќе мора да има во многу брзо време. Очекувам од новите власти овој „подарок“ за Скопје да го лансираат во историјата во книгите што ја изучуваат архитектурата на тоталитарните режими!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8762
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Apr-2017 at 13:59


Не се работи за задржување на вовчето и трасата бидејќи тие беа спектакуларни, туку поради некој континуитет/култура на живеење, задржување на елементи од она што било и нивно вклопување во новото. На тоа вовче имам пораснато и јас, на него се возеше и мојот син до вчера. Не е некоја спектакуларна загуба што го нема (за разлика од многу други маркери на современо Скопје кои се збришаа), но мислам дека беше ОК да се задржи. Се работеше за една убава семејна содржина која со мала обнова беше сосема во ред баш таква каква што беше.

Што се однесува до другото вовче кое го спомнуваш тоа е сосема ОК идеја, нема зијан. Во моментов мислам дека работи само вовчето низ зоолошката градина.


Edited by pbanks - 21-Apr-2017 at 13:59
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Apr-2017 at 13:34
Originally posted by pbanks

Секако дека е ОК изградба на нов луна парк. Стариот е навистина раскантан. Сепак мислам дека вовчето требаше да се задржи како некоја нишка од стариот парк (зборувам пред се за трасата и форматот, вовчето секако можеше да се модернизира, пред се локомотивата).



Незнам како функционирало тоа вовче и каде му била трасата но може да има вовче кое ќе вози од луна паркот па во паркот се до ботаничката градина и назад.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8762
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Apr-2017 at 12:30


Секако дека е ОК изградба на нов луна парк. Стариот е навистина раскантан. Сепак мислам дека вовчето требаше да се задржи како некоја нишка од стариот парк (зборувам пред се за трасата и форматот, вовчето секако можеше да се модернизира, пред се локомотивата).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10743
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Apr-2017 at 12:22
Ова...



...наспроти ова:











фото: миа.мк
За сè има вторпат
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Apr-2017 at 12:19


Ова нема врска со победничкото решение од конкурсот.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10743
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Aug-2016 at 09:17
СТРУМИЧАНИ ЌЕ ГО ГРАДАТ ЛУНА ПАРКОТ ЗА 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА

Во меѓувреме е распишан оглас за набавка на реквизити. Проценето е дека тие ќе чинат околу 1,7 милиони евра

Деспина Трајковска-Димова

По неколкугодишни најави, одлагања, промени во плановите, Град Скопје конечно одлучи кој ќе го гради новиот Луна парк. Минатата недела градските власти потпишаа договор со струмичката фирма „Жикол“. Според објавениот договор, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра, а во документот е наведено дека изведувачот има обврска да ги заврши градежните зафати во рок од 22 месеци.

Во меѓувреме, надлежните распишаа нов тендер за купување на потребните реквизити. Иако пред неколку месеци имаше идентичен оглас, тој не заврши успешно. Во случајов е проценето дека за реквизитите ќе се потрошат околу 1,7 милиони евра. Градот бара да купи два адреналински реквизита, шест парчиња семејни и 18 детски реквизити.

По последните случувања, извесно е дека паркот ќе почне да се гради до крајот на годинава, евентуално на почетокот од идната градежна сезона. Готовиот проект предвидува новиот Луна парк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг... Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.

Засега е сигурно дека за новиот парк ќе се трошат пари само од градскиот буџет. Сепак, не е исклучена можноста изведбата на проектот да го помогне и Владата.

„Средствата за изградба на забавниот парк ќе се обезбедат од буџетот. Од причини што проценетата вкупна вредност не може да биде обезбедена во текот на една година, изведбата ќе се одвива во фази, при што и финансиските средства за изградбата на паркот се планира да бидат обезбедени од буџетите на Град Скопје во текот на 2016, 2017 и 2018 година“, стоеше во одлуката за изградба на Луна паркот, што неодамна ја донесе Советот на Град Скопје.

Инаку, во изминативе речиси пет години, колку што се најавува проектот, беше планирано Градот да најде фирма која ќе го финансира, дизајнира и изгради паркот, а за возврат требаше да добие можност да стопанисува со него 35 години. Но, надлежните се откажаа од тоа, бидејќи немаше заинтересирани и по неколкуте повици. Се потроши време и на измена на првичниот проект, како и на неколку неуспешни тендери, како за изработка на проектот, така и за избор на изведувач.

http://utrinski.mk/?ItemID=6718C32700F41A449E470824A0D67200
За сè има вторпат
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-Feb-2016 at 09:13
Најверојатно во неколку фази ќе ги набавуваат реквизитетите, па затоа сега е толкава сумата. Кога ќе се собере вкупната цена на сите фази ќе видиме колку ќе чини
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10743
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Feb-2016 at 09:01
Ултра-мега-гига-ектра модерен парк со 1,8 милиони евра? Тешко.

ЗА РЕКВИЗИТИ ЗА ЛУНА-ПАРК 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА

Градот планира да потроши речиси два милиони евра за нови реквизити во Луна- паркот. Деновиве Град Скопје распиша оглас за набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје. Според огласот, проценетата вредност на договорот без ДДВ е 109.217.850 денари, односно околу 1,8 милиони евра. Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=7B929A4829587B479F9E808217EE141F
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6990
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-Oct-2015 at 18:48
Originally posted by Џоле

Политичарите: пишете „ултра модерен“.

Медиумите: Скопје ќе добие „ултра модерен“ Лунапарк.

Јавноста: нема поим како ќе изгледа паркот.

па ако е Ќултра модерен“, „Европски“, и со префикс „нај“, легитимно по автоматизам значи дека се е во ред и не смееш тука да се распрашуваш за све

плус гледаш дека медиумите све убаво и сликовито ти имаат објаснето? па ти замисли си како изгледа... и онака сите викаат дека било подобро да прочиташ книга отколку да гледаш филм
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.