build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-Dec-2014 at 16:40
Градот бара идејно решение за новиот забавен парк



Градските власти распишаа конкурс за избор на идејно решение за забавен парк, кој ќе се гради на местото на постојниот и застарен Луна парк. Откако лани пропадна и третиот обид да се најде приватен партнер и забавниот парк да се гради со концесија, градоначалникот Kоце Трајановски вети дека Градот сам ќе го изгради овој објект, во неколку фази.

Во буџетот на Градот за 2015 година се 3,24 милиони денари за почеток на овој проект. Според Студијата што ја изработи фирмата „ИДОМ консалтинг“ од Шпанија, обновата на Луна паркот ќе чини околу 7 милиони евра. Во неа како делови од идниот парк се наведени влез со соодветни придружни објекти, административни и објекти за служење храна и пијалаци, нови реквизити за возење, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, тематизација на паркот итн.

За најдобрите трудови на конкурсот за идејно решение се предвидени три награди - првата во висина од 200.000 денари, втората 100.000 денари и третата 80.000 денари.
Заинтересираните проектите треба да ги достават најдоцна до 23 февруари 2015 година.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=75D5A0F7970C284186CD1C2D76522AE2
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10507
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 26-Dec-2014 at 18:52
Додека градот бара идејно решение за новиот забавен парк, да се потсетиме како изгледа стариот:

DSC06783 by george k. 1981, on Flickr

DSC06784 by george k. 1981, on Flickr

DSC06786 by george k. 1981, on Flickr

DSC06812 by george k. 1981, on Flickr

DSC06787 by george k. 1981, on Flickr

DSC06785 by george k. 1981, on Flickr

DSC06788 by george k. 1981, on Flickr

DSC06789 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10507
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 26-Dec-2014 at 18:52
DSC06792 by george k. 1981, on Flickr

DSC06793 by george k. 1981, on Flickr

DSC06794 by george k. 1981, on Flickr

DSC06795 by george k. 1981, on Flickr

DSC06796 by george k. 1981, on Flickr

DSC06797 by george k. 1981, on Flickr

DSC06798 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10507
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 26-Dec-2014 at 18:53
DSC06799 by george k. 1981, on Flickr

DSC06800 by george k. 1981, on Flickr

DSC06801 by george k. 1981, on Flickr

DSC06802 by george k. 1981, on Flickr

DSC06806 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10507
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 26-Dec-2014 at 18:53
DSC06803 by george k. 1981, on Flickr

DSC06804 by george k. 1981, on Flickr

DSC06808 by george k. 1981, on Flickr

DSC06809 by george k. 1981, on Flickr

DSC06810 by george k. 1981, on Flickr

DSC06811 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1222
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 26-Dec-2014 at 19:14
Добра фотосесија.

Инаку, уште пробувам да пресметам каде ги имаат најдено оние 40 илјади м2 за градба во градскиот парк, бидејќи моменталниот Луна Парк со се' сите дискотеки што се во негов склоп зафаќа површина од околу 27 илјади м2.

Ова чудо очигледно се планира да биде огромно и паркот да го забетонира и претвори во голем паркинг, бидејќи многу зеленило и паркови останаа во Скопје па можеме и во паркот да се шириме со бетон. Не ми се допаѓа.

Edited by HugoGoulding - 26-Dec-2014 at 19:15
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2312
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 26-Dec-2014 at 22:32
Шо ќе ни е Луна Парк? Плоштадов со околината не ли ни е доволен?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6967
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 28-Dec-2014 at 17:10
ако некогаш се направи нов луна-парк на местото на стариот, моја детска желба е да ги зачуваат и реновираат вовчето и стариот рингишпил Big%20smile


Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3779
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 29-Dec-2014 at 00:42
Забеган не е лоша идеата барем дел од реквизитите да се зачува па ако треба нека се направи и еден дел од парко кој би бил во ретро стил.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2312
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 29-Dec-2014 at 13:56
Нека побараат од некогашниот спонзор (unlikely).
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 28-Mar-2015 at 22:41
ДВЕ ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА НОВИОТ ЛУНАПАРК

Од Градот велат дека во моментов комисија ги разгледува трудовите, по што ќе се одлучи дали еден од двата пристигнати проекта ги задоволува барањата кои се пропишани во тендерската документација.

Две идејни решенија стигнале на огласот кој го распиша Град Скопје за изградба на нов лунапарк. Од Градот велат дека во моментов комисија ги разгледува трудовите, по што ќе се одлучи дали еден од двата пристигнати проекта ги задоволува барањата кои се пропишани во тендерската документација.
За првонаградениот труд на конкурсот наградата е 200.000 денари, за второнаградениот 100.000 денари
Град Скопје, пред неколку месеци реши да прави нов проект за лунапаркот. Иако Градот веќе и плати 190.000 евра на шпанската консултантска куќа "Идом" за изработка на проект, реши да се прави нов.



Од Град Скопје не кажуваат зошто бараат нов проект кога веќе имаат еден ниту, пак, детали на колкава површина ќе се гради паркот и кои содржини ќе ги има во него. Градоначалникот Коце Трајановски само најави дека лунапаркот ќе се гради со пари од буџетот на Град Скопје и со помош од Владата, бидејќи немало заинтересирани инвеститори.
"Градот Скопје не се откажува од плановите за изградба на лунапаркот. Во тек е јавен повик за избор на идејно решение и, во зависност од идејното решение, ќе бидат утврдени натамошните активности за реализацијата на овој проект", објаснија кусо од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, кога го распишаа тендерот.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=F31E15FD221AEF4EA4446FD0EB5A0686
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10507
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 25-Apr-2015 at 08:23
Се плашам дека некој му фрлил око на овој простор и намерно го минира секој тендер за евтино да го „лапне“ и да си изгради нешто по свој мерак, а не Луна парк.

ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ ЗА НОВ ЛУНА-ПАРК

Скопје нема брзо да добие нов Забавен парк. Најмладите скопјани се' уште ќе се забавуваат во стариот Луна-парк, во кој се забавувале и нивните родители кога биле деца. Тендерските постапки во Градот ја одолжија изградбата на нов забавен парк, а пропадна и последниот конкурс за избор на идејно решение. Тоа значи дека допрва ќе се одлучува за постапката според која треба да се изработи идејно решение, а потоа и за изградба на нов луна парк. Кога конечно ќе почне да се менува ликот на Забавниот парк, стар речиси половина век ќе зависи од тендерските тeкови.

„Постапката за прием и отворање на пристигнатите понуди заврши и конкурсната комисија по спроведената евалуација го поништи конкурсот, бидејќи ниту еден конкурсен труд не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. Град Скопје дополнително ќе донесе одлука како ќе продолжи постапката за изработка на идејно решение, а потоа и за изградба на нов забавен парк“, објаснија од канцеларијата за информирање во Градот.

Луна-паркот во Градскиот парк е најстар во земјава и е единствен од ваков тип. Располага со повеќе реквизити, како што се мал и голем автодром, рингишпил, ракети, потоа робот, мини вртелешка, воз на шини, мини воз, трамбулина, банџи, игротека, пеинтбол и мал туристички воз за патување околу Луна-паркот. (Сн.К)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5CA8CF22BFEE8D498CDC388C5FE8FC7D
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 27-Apr-2015 at 01:04
Пропадна архитектонскиот Конкурс за нов Луна парк во Скопје

Градот Скопје не избра архитектонски труд за новиот Луна парк што е предвидено да се гради во Градскиот парк. На Конкурсот пристигнаа две идејни решенија, но градските власти одлучија дека ниту еден од нив не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. Во изјава за „Утрински весник“, од Градот Скопје велат дека дополнително ќе донесат одлука како ќе продолжи постапката за изработка на идејно решение.



Новиот забавен парк треба да се гради на местото на постоечкиот Луна парк и да се простира на површина од 40.000 метри квадратни. Градот Скопје безуспешно се обидува да ја стартува постапката за изградба на новиот Луна парк уште од 2011 година, трагајќи по приватни компании заинтересирани за овој бизнис. Во потрага по нов модел за реализација на проектот, градската власт на крајот од декември минатата година распиша Конкурс за идејно решение на Луна паркот.

http://www.build.mk/?p=44181
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 06-May-2015 at 23:36
Градот Скопје со нов архитектонски конкурс за Луна паркот

По неуспешниот завршеток на првиот архитектонски Конкурс, градската власт денеска го распиша вториот по ред повик до архитектонската јавност за доставување идејни решенија за идниот Забавен парк што би се градел во Градскиот парк во Скопје. Од авторите се бара економичност на решението, инвентивност во пристапот на обликувањето, изводливост и одржливост на проектот и целосно почитување на програмските барања. Архитектонските трудови треба да се достават до Градот Скопје најдоцна до 9 јуни.



На авторот што ќе го изготви најуспешното идејно решение е предвидено да му се додели прва награда во вредност од 200.000 денари, втората награда е во висина од 100.000 денари, додека третонаградениот труд ќе се стекне со 80.000 денари. На првичниот Конкурс од декември минатата година пристигнаа две идејни решенија, но градските власти одлучија дека ниту еден од нив не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација.

http://www.build.mk/?p=44313
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4185
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 20-Jun-2015 at 09:46
Избрано идејно решение за новиот Луна парк во Скопје

Архитектите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев ќе ја поделат првата награда од 200.000 денари на Конкурсот за избор на идејно решение за новиот Луна парк во Скопје. Овие автори со понуденото решение за просторот во Градскиот парк се победници помеѓу четирите пристигнати конкурсни трудови од домашни и од странски архитекти. Со втората награда во висина од 100.000 денари се стекнаа Бојан Муличковски, Кели Романалди, Горан Милевски, Душко Кузманов, Драгана Матова и Марко Ицев.



Жири – комисијата формирана од Град Скопје одлучи третата награда во износ од 80.000 денари да му ја додели на архитектот Мишко Самарџиевски. Успешно реализираниот избор значи дека идејата за изградба на Луна парк влегува во нова фаза, во која е неопходно да се изготви основен проект и целокупната преостаната документација. Новиот забавен парк во главниот град е најавено дека ќе се гради со финансиски средства од буџетот на Град Скопје и со помош на владата. Во претстојниот период треба да се соопштат детали околу идниот изглед на паркот, површината што ќе ја зазема, содржините на истиот и вкупниот буџет на проектот.

http://www.build.mk/?p=45009
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 712
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 16-Sep-2015 at 12:33
Победничкото идејно решение за „Луна парк” /Група автори 2015


Конкурс за избор на идејно решение за изглед на ЛУНА ПАРК -Скопје

Освоена награда: 1

Шифра: „ЛУНАР”

Година: 2015

Автори: Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски, Борко Георгиев

По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Луна парк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет портали, победничкиот тим „Лунар”, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд.

Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд Урбан“, која во последната информација беше спомната дека ќе работи основен проект – компилација од трите наградени решенија.

Конкурсот претставуваше повик за идејно решение, што значи фаза пред идеен проект, со релативно краток временски рок за негова изработка. Тоа овозможи послободен пристап во презентацијата на идејата, за која тимот изработи и насока за брендирање на паркот (постер, лого, карти, флаери), земајќи в предвид дека на сето тоа во иднина следи доработка и прецизирање.

Текстуалното образложение го споделуваме во оригиналната форма, како и панелите приложени на конкурсот.



Голем број на генерации низ годините, пораснале со игра во забавниот парк, длабоко врежан во сеќавањата на граѓаните на Скопје.

Луна Парк е место кое сеуште се прераскажува во моменти кога се навраќаме на забавните денови поминати во детството, сеќавања исполнети со возбуда , тема на разговор секогаш исполнета со позитивна енергија .

Зборот ЛУНА е коренот на целосната инспирација во ова решение на забавниот парк. Всушност, футуристичкиот поглед прераскажан во минатото е базата од која новото решение е добиено при процесот на размислување.



Во овој проект, главен симбол врз кој се темели неговата изработка е месечината. Сета нејзина симболика и фигура како космички објект е обликовно употребена. Месечината претставува наративно средство, лебдечки сигнал над локацијата во текот на работните часови на забавниот парк. Лоцирана над едукативниот центар, илуминирана, доминира физички над паркот. Нејзината поставеност, го потенцира дополнителното информирање, упатено кон заинтересираната публика.



Месечината овозможува брендирање на забавниот парк, правејќи го комерцијално интересен, лесно вклоплива во графичките помошни средства (лого, мапирање, билети, флаери и постери).



Природниот изглед на Месечината, учествува во обликовното уредување, партерното решение и организација на сите објекти, реквизити и помошни елементи. Притоа се внимава на функционалниот аспект на обликувањето.

Забавниот парк е подолго време во запуштена состојба, со дотраени реквизити кои претставуваат безбедносна опасност и со содржина која не ги задоволува потребите на современото општество губејќи го чекорот на времето. Истовремено, поширокиот регион не поседува забавен парк кој е туристички привлечен. Токму ова и регионалната локација на Скопје, не насочи кон смело решение- Забавен парк кој ќе понуди содржини привлечни за сите генерации и посетители на градот. Тоа значи сегменти на забава од лежерен до адреналински тип.



Поради недостатоците на постоечкото решение, на пр. реквизитот „Воз” кој зафаќа половина корисна површина од забавниот парк, дотраени реквизити со мал капацитет, запуштено и дотраено кино, администрација сместена во несоодветен објект, одлучивме да направиме целосно ново решение.

Новото решение е поставено слободно во просторот, нагласувајќи ги двете дијагонали „Југоисток-Северозапад” и „Североисток- Југозапад”. Низ првата го усмеруваме движењето, влезот и излезот, додека на втората ги поставуваме вертикалите. Целата површина е дефинирана со смелиот потег на „Лудата Железница„ создавајќи единствена атмосфера во внатрешноста (инспирација- силуета на природен пејзаж), комплетирајќи ја сликата со присуството на светлечката месечина. Конструктивното јадро на roller coaster-от претставува површина со можност за различно обликување (аквадукт, исполнета површина-подлога за проекции и цртежи, интегрирање на функционален простор и др. можности кои се тема на дефинирање во следните фази)



Административниот објект е поставен аголно во Југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно-собирен плоштад на влезот. Од тука движењето се усмерува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ посторот асоцирајќи не на месечевото обликување.





Реквизитите се организирани зависно од тоа дали се од детски, едукативен, фамилијарен или адреналински тип. Користејќи го негативното искуства на возот од досегашното решение со цел ослободување површина за дополнителни содржини, го подигнуваме на столбови.



Покрај содржините и реквизитите кои се во пракса во поголемите забавни паркови, во скопскиот „Луна Парк„ предвидуваме едукативен и мултимедијален центар. Во него може да дознаеме повеќе за Месечината, небесните тела, астрономијата, низ активностите во мултифункционалниот простор, интерактивниот простор наменет за холограмски и 3D проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања, и кино-салата.



ИЗВОР
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10507
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 16-Sep-2015 at 14:03
Сепак, пред да се израдувате, победила фирмата што го освоила второто место. Значи, ова е само предлог за Луна паркот.



Edited by Џоле - 16-Sep-2015 at 14:07
За сè има вторпат
Back to Top
maximus View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Sep-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maximus Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 16-Sep-2015 at 17:13
предлог и тоа лош. овде дизајн и идеја не гледаме. веројатно на време им текнало дека треба на друг да го дадат основниот проект. Е сега ако не знаеме (барем јас не знам) какво решение е втората награда. да не е уште полоша.
Back to Top
maximus View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Sep-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maximus Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 16-Sep-2015 at 17:23
а и рендериве прилично лоши ... има ли некој да го видиме второ и трето наградениот труд
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1222
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 17-Sep-2015 at 02:43
Решението е одлично, многу ми се допаѓа. Многу ми се допаѓа што архитектите решиле да направат нешто ново и оргинално, модерно и нетипично. Ми се допаѓа што не тргнале со идеа да создадат типичен Луна парк, односно панаѓур.

Е сега, како тоа ова е победнички првонаграден труд, но проектот ќе биде компилација од три труда? Зарем пак ли ќе прават квази-архитектура и ќе лепат стилови и идеји една врз друга. Или ги правиш работите по една идеја, замисла и сопствен унифициран јазик или не ги прави воопшто. Пак ли ќе гледаме импровизации и мешање на стилови и идеји? Доста со овој Франкенштајн пристап кон дизајнот, аман веќе!

Инаку, за поздрав и пофалба е што Луна паркот останува во рамките на својата сопствената парцела, вклучувајќи ги тука само дискотеките, киното и бараките, не задирајќи во идентитетот на паркот и не нарушувајќи го постојниот и препознатлив изглед и зелен пејсаж на паркот со сите негови зелените површини, дрва, патеки, клупи итн. Најголем страв и револт ми беше дека ќе почнат и во паркот да сечат дрва, без разлика дали тоа биле 2, 5, 10 или 100, и да бетонираат и оградуваат зелени површини кои и онака се помалку ги има низ градот па сега уште и во паркот да почне да ги снемува што е повеќе од неприфатливо.



Edited by HugoGoulding - 17-Sep-2015 at 02:44
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.