build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 23-Apr-2017 at 11:36
Originally posted by maximus_001

Се изначекав да видам што ќе се прави, пасвордот го забораив у меѓувреме, но како и да е еве ме пак со коментар. Рендериве се очај, така да не знаеме што ќе се прави, некој морал за 2 саата да ги направи, но се надевам(е) дека овие 2 години исто така „некој“ правел проекти, па лошиов рендер е само лоша организација на термини.

Зборот ми е:
1. Чувствувам разочараност во другите коментари, демек ова не е првонаграденото. Како што искоментирав пред 2 години првонаградениот труд требало да биде дисквалификуван, а не награден.
Така да разочарувањето треба да е од тоа што е избрано и фактот дека тоа не може и не треба да се изгради. Зашто им требало 2 години исто не знаеме: политички одбран тајминг, проблеми со првонаградениот т.н. архитектонски труд или нешто трето, или 4-то и 5-то.
2. Фамата околу проширувањето. Проширување нема, тоа е видливо и од првонаградениот т.н. труд, а и од овие несреќни рендери. Мислам дека фамата се шири намерно од политичари и нивни гласноговорници, а претпоставувам и дека знам од каде го црпат тоа. Претпоставувам дека урбанистичката парцела на луна паркот е заедно со воените игралишта или пак со тениските и одеднаш тоа ставува 9 или колку беше хектари. Отворете гугл и измерете 2.5 ха е стариот а и новиот луна парк.
3.Hugo Goulding ... колку што јас ги гледам несреќниве рендери сивата поврпина околу тоа замокот е внатре, (таму е веројатно сега киното и некои други руини) и како и се останато, нема ништо надвор од постоечката ограда
4. Држи дека самата изградба е еколошки проблем од повеќе аспекти, но исто е еколошки проблем било која изградба и во дебар маало и во аеродром, се изнаг'тавме прашина од шут и нафта од не second туку third hand градежната механизација .. за бука па да не праиме моабет
5. Ако Град Скопје мисли дека со ова смејуријава нешто презентирал или го смета народот за глуп или се самите тие глупи. Еве политичково добро ви е супер ви е, праите проекти, алал да ви е, крај. Напрајте една презентација како што треба, сите сме израснале со луна паркот и не интересира како ќе биде.

Прашањето е дали е планиран паркинг за Луна Паркот или ќе биде опслужен со веќе постоечките во околината, бидејќи ако е планиран и паркинг претпоставувам дека тој би бил во непосредна негова близина, што значи зголемување на автомобилскиот сообраќајот и метеж внатре во Паркот, што значи зголемено загадување, бучава и пејзаж од гужва на паркирани автомобили околу Луна Паркот односно во внатрешноста на Градскиот парк, а не дај боже и сечење на дрва и асфалтирање на зелени површини со цел да се добие тоа во неговата внатрешност или непосредна околина!

Инаку, Луна Паркот според мене е промашена инвестиција и комплетно непотребен, поготово сега, во оваа политичка, економска и социјална ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, па и градот а и останатите градови во Мк! Луна Парк не треба да биде приоритет, исто како што не треба да биде приоритет ни Панорамско тркало. Има многу многу поважни работи сега во кои треба да бидат насочени инвестициите и вниманието на градот и државата.

Edited by HugoGoulding - 23-Apr-2017 at 11:36
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 23-Apr-2017 at 11:55
Јас ќе кажам нешто само... Не треба да го прават во парк, а треба да го изградат кај Аква паркот и СЦ Борис Трајковски, таму има широк простор... и искрено мило ќе ми биде кога ќе му залепат Луна парк на Тодоровиќ, фраерот на кој му текнало да изгради куќа (која во ДУП се води како викендица) во сред град што се вика...

Edited by FoSsiL - 23-Apr-2017 at 11:56
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 23-Apr-2017 at 13:37
Насловот е претеран но текстот е реален. Еве на што мислев.

http://sdk.mk/index.php/uncategorized/noviot-luna-park-so-barok-ke-go-izede-gradski-park/

ЗА БАРОК ВО НОВИОТ ЛУНА ПАРК ЌЕ СЕ ИСЕЧАТ ПОЛА ОД ДРВЈАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК

Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот Коце Трајановски најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини.

Новиот Луна парк ќе уништи дел од зеленилото во вториот дел од Градски парк, сегашните улички кои водат до него ќе ги претвори во сообраќајници и на голема врата ќе овозможи ширење на барокот дури и во паркот. Ова се накусо реакциите на скопјани откако вчера градоначалникот на Скопје Коце Трајановски првпат јавно го покажа планот за изгледот на новиот Луна парк.Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини.

Иако во паркот веќе е почната сечата на дрвјата, градоначалникот воопшто не даде објаснување за намалувањето на зеленилото но детално објасни дека ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити и дека во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави.

Градскиот парк во Скопје, кој е во строгиот центар на градот, е стар 200 години, и изминативе години е постојно на удар на градежната експанзија.

Голем број граѓани и граѓански еко иницијативи реагираат дека градење нов Луна парк на сметка на зеленилото и среде центар е криминална катастрофа за град кој има голем проблем со загадувањето на воздухот. Ист така, повеќе граѓански иницијативи ја оспоруваат одлуката на градот да потроши 6,5 милиони евра за Луна парк, а има огормни и горливи нерешени инфраструктурни проблеми кои сериозно го загрозуваат квалитетот на живот.

Новиот Луна парк ќе се гради по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје. Ќе го гради фирмата „Жикол“ одбрана на јавен оглас минатата година. „Жикол“ доби рок од 22 месеци за завршување на градежните работи за 1,6 милиони евра. Реквизитите ќе ги набават и ќе ги монтираат фирмите „Боминг Оливер“ и „Ивама трејд“ за вкупна цена од 130.485.698 денари со ДДВ, односно 2,1 милиони евра.

За шест месеци треба да бидат монтирани првите седум реквизити во новиот забавен парк. Во текот на реконструкцијата, во интерес на безбедна и квалитетна изведба на градежните работи и инсталацијата на новите реквизити, од Град Скопје најавуваат дека останатите содржини нема да бидат во функција на надворешните корисници.

Проектот кој вчера го презентираа градските власти не е прв проект за нов изглед на скопскиот Луна парк. Во 2011 шпанската фирма „Идом“ изработи два проекти, едниот предвидуваше нови содржини на сегашната локација од 25.000 квадратни метри и како поевтина варијанта претпоставка беше дека ќе чини 12 милиони евра и ќе има 40 детски реквизити, а вториот предлог бил да се гради на површина од 40.000 квадратни метри за што би биле потребни 18 милиони евра. Градот, во тој период, се одлучи за варијантата на поголема површина, но по неколку неуспешни меѓународни тендери за јавно-приватни партнерство, одлучи од сопствениот буџет да го обнови Луна паркот, а за тоа направи и нов проект, оној што вчера беше презентиран.

Повеќе на горенаведениот линк.

Edited by HugoGoulding - 23-Apr-2017 at 13:37
Back to Top
maximus_001 View Drop Down
Newbiе
Newbiе

Joined: 22-Apr-2017
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maximus_001 Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 23-Apr-2017 at 17:24
Originally posted by HugoGoulding

Мислам дека посочениот новинар е поприлично политички обоен и претпоставува што би било кога би било. Фактите пак кои ги изнесува велат: луна паркот останува во постоечката ограда и нема дополнителни паркинзи ни други предвидени активности надвор од постоечката ограда.
Ако е така, добро е.
Се уште останува да видиме што ќе се прави.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11902
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 23-Apr-2017 at 17:45
Originally posted by HugoGoulding

Инаку, Луна Паркот според мене е промашена инвестиција и комплетно непотребен, поготово сега, во оваа политичка, економска и социјална ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, па и градот а и останатите градови во Мк! Луна Парк не треба да биде приоритет, исто како што не треба да биде приоритет ни Панорамско тркало. Има многу многу поважни работи сега во кои треба да бидат насочени инвестициите и вниманието на градот и државата.

Јас, пак, мислам дека Луна паркот е повеќе од потребен (не мора да остане на старата локација, празниот простор кај Водениот парк е една добра потенцијална местоположба). Ако подобро размислиме, за децата не останаа речиси никакви забавни содржини (трговските центри како Сити мол не ги сметам за такви). Се согласувам со тебе кога велиш дека има и други приоритети, но во случајов и Луна паркот претставува еден од нив. Најважно е што во новиот Луна парк децата ќе се возат во нови и безбедни реквизити, а сигурно и содржините ќе бидат разновидни. Исто така, се надевам дека со новиот Луна парк ќе ги отстранат вртелешката и останатите панаѓурски глупости од кеј, па тој дел ќе заличи на нешто попристојно.

Што се однесува до вниманието на градот и на државата... мислам дека видовме кои им се приоритетите последниве години, така што најдобро е да не се очекува ништо паметно од нив.
За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 24-Apr-2017 at 08:46

КОЦЕ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ДА УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛО ВО ГРАДСКИ ПАРК, НЕ ЈА КОМЕНТИРА СЕЧАТА НА ДРВЈА ВО ЛУНА ПАРК

Од градежни активности во Луна паркот може да видат само сеча на дрвјата во делот каде што се малиот и големиот автодрoм. Исечени се десетина дрвја, а трупците и гранките стојат околу корењата кои се уште не се извадени од земја

Повеќе на
http://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/kotse-tvrdi-deka-nema-da-unishtuva-zelenilo-vo-gradski-park-ne-ja-komentira-sechata-na-drvja-vo-luna-park/

-
Инаку, во Градскиот парк односно во внатрешноста на Луна паркот по неговата перифиерија непосредно до оградата е исечен дрворед со 10ина дрва кои беа децениски стари, високи и убави дрва! Браво! Се извинувам на експлицитноста но, главата да им ја исечат на овие морони.

Edited by HugoGoulding - 24-Apr-2017 at 08:47
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 29-Apr-2017 at 03:35
ќе отиде во неповрат забавен парк во кој израснале неколку генерациии во кој имаше барем неколку карактеристични реквизити... ова се ствари во кои се состои културата на една урбана средина, и не знам зошто кај нас тоа мора упорно да се уништува
...затоа немаме историја и традиција со која може да се гордееме

се што требаше е да се реновира паркот и да се збогати со нешто ново, чисто колку да му се избрише чернобилскиот лик
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 10-Aug-2017 at 15:10
Многу ме интересира како ќе го решат проблемот со ѓубре односно со контенјнери за Луна Парков. Луна парк со вакви огромни димензии и со бројот на посетители ќе има и носи и многу ѓубре и смет, и доколку тоа се реши со поставување на контејнери околу неговиот периметар и ограда, како што е сега слично со дискотеките тоа ќе значи смрдеа и смет во внатрешноста на Паркот односно непосредната околина каде што е.

Дискотеките кои сеуште се таму имаат контејнери кои смрдат на 10-15 метри радиус и тоа се поставени на две места. Дискотеките не се ни 20% во површина од планираниот Луна Парк. Осеќам дека околината односно Градскиот Парк ќе се претвори во место каде што ќе се стационираат големи контејнери покрај Луна Паркот и ќе го пратат тој дел на паркот и зеленилото во историја засекогаш. Се надевам дека тоа нема да биде така, но од друга старана чисто се сомневам дека ќе остане само на мали мини канти за ѓубре во внатрешноста на Луна Паркот.

Edited by HugoGoulding - 10-Aug-2017 at 15:13
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1652
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 02-Sep-2017 at 17:46
Фотките се превземени од фејсбук

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11902
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 10-Dec-2017 at 19:37
Ова е некаде кај влезот...

За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 916
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 17-Jul-2018 at 10:00

кој вели дека не мислат надлежните и при стагнација за дечињата, бар вака може да се доживее оследната интервенција со урбана опрема во влезот на Градски Парк [1]

интересно е дека и од граѓаните и овој дел од паркот се доживува неформално, каде и помлади и постари си играатвака или онака, бреј колку ко Дете фонтатаната Лотосов Цвет ја доживував како рингишпил со вселенски авиончина но неможев т.е. не смеев да се испентарам на листовите, што сигурно е и денес мотивација на многу дечиња, а ќе беше убо ако ова од време на време некако им го дозволуваа доколку ја гуменизираат како лизгалка понекогаш ...

вака видено цел Градски Парк, а не само Луна Парк затворено, може да биде осмислен ко отворено детско катче во посебни прилики, ете лани во вториот дел имаше Балансирачки Јажиња за то ивентот Скопје Балансира, сигурно за некој Детски КУД е шанса така некаде кај Гоце и да си промовира репертоарот како би бил привлечен изворниот танц и за други Деца, а потем и интермецо музичко катче може да има каде ќе поднаучат и некој акустичен инструмент да свират ...

но културно што е забораен паркот е едно, а бар околу хортикултирата да можеа да впрегнат максимум сили за сите да се радуваат и без ништо, што се' додека не се направи озбилна Ботаничка Градина после золошка, а не индустриски расадник на јпПЗ, нема ни да се случи, а не пак да размислуваме за некакво Поубаво Детско Катче како интегрирана маршута за една влезна карта и за Луна Парк и за Золошка и за Ботанички Епицентар ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196477#196477

само вака може да се надеваме дека и понудата и безбедноста на Градски Парк ќе бидат оптимални, но во кој случај ќе се наметне гајрет за озбилен паркинг, а за што треба час поскоро градските татковци да фатат од то бараките штрафта, и така имаат нели нова зграда, а кај старите бараки да кренат голема подземна гаража која би угостувала и автобуси, а како катниот дел од неа бидне место за БиоСлаткарници и ЕкоСендвичарници а зошто не и МакСувенирници ...

Луна Паркот мислам сам по себе е интересен, но со тоа мултипрактик пристапот, мотивира инстант деца и на дискотека вајб, она минувајќи редовно крај тие со катанци затворени чудни врати уште од мали љубопитноста да им завози повеќе таму него онаму каде им е отворено, а заради што би требало Град Скопје да размисли некако да ги префрли сите нив кај Лизгалиште под Кале јасно уредувајќи го тој дел парковски и отповеќе за да не приплакуваат ѕенѕаџиите дека немале дебела сенка, бидејќи реално сега таму се' е тепсија, ем така паралелно од време на време ќе ги закачует Благодат од Манастирот Свети Ѓорѓија та и младите нема скроз да се аздисуваат, иако ко што треба и духовна заштита, треба и земна а за која добро ќе биде онаа зградата на Водовод пола да му ја дадат на МВР како чекпоинт за интервентните единици, можеби то куполата на кровот за да можат се на дланка да имаат ем креативни да бидат така ко комшии на голем македонски сликар, а може и по некоја соба да им пуштат во МСУ за да имаат надзор и на Градскиот Парк освен под калето, што ќе биде особено неопходно доколку навистина скопјани сконтаат дека почетна станица за Жичницата треба да биде токму кај ваква монументална Тврдина ...

... во тој случај може некому ќе му текне и за Zip траса за спуштање по јажиња од Кале до Луна Парк, но што би било интересно единствено за на Козјак [1] но нели бидејќи мора да го пробаме ефектот и на мало ем немаме многу пари, та и со ова може ќе си поиграат без компас во однос урбаните визури, синкир им треба и во Влада вакво нешто за да имаат повеќе начини за евакуација во зорт прилики но зошто да не, бар од време на време пример за викендите вака деца да не можат да се развеселат од МСУ до Луна Парк, и така ако има почетна за Жичницата таму некаде кабли ќе реметат некако визура, та тро потака и нема да бодат очи евентуални кабли од зип-линија, а дури и оделе ниско ж.кабините така речи приземно од Кале преку Вардар за потем кај Влада да се креваат на столбови и продолжат гондолите високо кон Водно пак ваква зип линија нема толку да штрчи бидејќи се оптегнати само сајли ... но во тој случај проблем ќе биде пребукираност, а заради што паметно е таква зип линија да биде дозволива само за деца кои на два краја ги испраќа и чека придружба а сето тоа да е во склоп со некој бонус училишен програм, може неправедно за туристи, но тие нека се прошетаат до Козјак за да не досаѓаат ако им гребнало некое дете нивно експонатче ...

Edited by Zelenikovo - 17-Jul-2018 at 10:10
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11902
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 27-Jan-2019 at 15:55

Edited by Џоле - 27-Jan-2019 at 15:55
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1652
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 26-Feb-2019 at 16:35
Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун

Скопје е современ град и граѓаните мора да живеат согласно најсовремените европски стандарди. Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината, појасни градоначалникот Петре Шилегов.

Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун.

– Скопје е современ град и граѓаните мора да живеат согласно најсовремените европски стандарди. Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината – појасни Шилегов.

Во градската каса за оваа намена за 2019 година се предвидени вкупно 1,3 милиони денари од кои 4 милиони денари за изработка на проектот, 26 милиони денари за набавка на реквизити и нивно монтирање и 50 милиони денари за изградба на паркот.

– Тематските забавни паркови сами по себе позразбираат дека надвор од забавните содржини треба да има и постоење на поинакви места, како ресторани и други забавни содржини за сите возрасти. Тоа се места каде семејството може пријатно да си помине. Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – рече Шилегов.

Пред една година Шилегов ја стопираше изградбата на Луна паркот според проектот на неговиот претходник Коце Трајановски. Шилегов тогаш рече дека се стопираат градежните работи додека не се одлучи како ќе се продолжи бидејќи новото раководство имало нов концепт за изгледот и содржините.

Според проектот на Коце Трајановски, во паркот требаше да се постават вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити, како и разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави.
Граѓаните бараат забавниот парк да биде завршен побрзо, бидејќи децата и возрасните имаат потреба од забава. Стариот Луна парк не беше реновиран цели 45 години, односно од времето кога бил изграден, во 1973 година.
(С.Бл.)

https://vecer.press/во-скопје-ќе-се-гради-меџик-парк-како-о/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9017
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 26-Feb-2019 at 16:41
Ohno поголема површина на таа локација....

Originally posted by stef4o

Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун
Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун.

...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 26-Feb-2019 at 17:44
Originally posted by pbanks

Ohno поголема површина на таа локација....

Originally posted by stef4o

Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун

Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун.

...

Треба да излезат од Град Скопје и да објаснат на која површина планираат да го градат Луна паркот. Јас жалам што сум „под ембарго“ за информации од Град Скопје во моментов, но ете нека биде некој нивен медиум каде што ќе го кажат овој податок.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 790
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 27-Feb-2019 at 03:01
Таа локација кај градски парк е соодветна за забавен парк од помал калибар и без големи и грандиозни реквизити, затоа што е премногу во центар на град. Сите прописни и големи забавни/ тематски парков и се на периферија односно надвор од градови.
Треба да се решат или ќе прават постаромоден тип на тематски парк или тоа ќе се преобрази во регуларен парк кој навистина физички ќе ги поврзува стариот и новиот дел од градски парк, а ќе се обезбеди простор некаде на страна за забавен парк со поголем капацитет, каде што ќе им доволно паркинг простор за фамилиите да го посетуваат.
Истиот проблем со сообраќајно решение што го има клиника на водно, го има и таа локација на бившиот Луна Парк.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1437
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 28-Feb-2019 at 15:46
Меџик паркот во Солун е 7.41 хектари и нема можност да се изведе на местото на Луна паркот во Скопје без да се искасапи природното. Мислам дека многу подобро би било да го направат кај Борис Трајковски или Ново Лисиче, а сегашниот Луна парк да се реновира и да си остане старомоден како спомен на едно време.
Во меѓувреме да се испита како Тодоровиќ (?) изградил куќа онаму каде што треба да има јавни рекреативни содржини.

Edited by Staro Skopje - 28-Feb-2019 at 15:47
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.